Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Сѐ повеќе протекуваат информации за опциите на Трамп против иранскиот режим

Сѐ повеќе информации излегуваат во јавноста за можните чекори што ги разгледува американскиот претседател Доналд Трамп во однос на иранскиот режим, во услови на ескалација на протестите и насилството во земјата. Британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите во Вашингтон, објавува дека меѓу опциите на маса се наоѓа и можноста за воена акција против Иран.Според истите извори, на Трамп му биле презентирани и потенцијални цели кои опфаќаат делови од иранските безбедносни служби, за кои се смета дека се директно одговорни за насилните пресметки со демонстрантите. Во тие судири, како што наведуваат повеќе меѓународни извештаи, низ Иран загинале стотици луѓе.Истовремено, американските воени команданти, според информациите на „Телеграф“, го предупредиле политичкиот врв дека е потребно дополнително време за консолидирање на американските воени бази во регионот. Тие укажале и на неопходноста од подготовка на соодветни одбранбени мерки пред евентуални удари, со оглед на ризикот од сериозна иранска одмазда која би можела да следи.Извештајот доаѓа во период кога администрацијата во Вашингтон јавно испраќа пораки за поддршка на иранските демонстранти, додека зад затворени врати, според медиумските наводи, се водат интензивни разговори за тоа колку далеку САД се подготвени да одат во притисокот врз властите во Техеран.

Свет | пред 2 месеци

media-librarylfpebmm7mdi6ciCPjv6

Американски сенатор до Иранците: Помошта пристугнува

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека помошта за иранските демонстранти „е на пат“, само неколку часа откако Трамп јавно порача дека Соединетите Американски Држави се подготвени да им помогнат на граѓаните на Иран во нивната борба за слобода.Во објава на социјалната мрежа Икс, Греам се обрати директно до иранскиот народ, наведувајќи дека „долгата ноќна мора наскоро се приближува кон својот крај“. Тој порача дека претседателот на САД, како и сите кои ја поддржуваат слободата, ја забележале храброста и решителноста на демонстрантите да стават крај на, како што наведе, угнетувањето во земјата.Сенаторот додаде дека пораката на Трамп „Да го направиме Иран повторно голем“ претставува јасен повик иранските демонстранти да надвладеат над исламските водачи. Според Греам, ова е најјасниот сигнал досега дека американскиот претседател разбира оти Иран не може да биде просперитетна држава сѐ додека, како што рече, ајатоласите и нивните следбеници се на власт.На крајот од пораката, Греам упати поддршка до сите кои учествуваат во протестите, порачувајќи дека нивната жртва нема да остане незабележана и дека помошта е веќе во движење.Изјавата на Греам доаѓа неколку дена откако тој се појави во јавноста заедно со Доналд Трамп, при што вниманието го привлече капа со натпис „Make Iran Great Again“, која ја носеше американскиот претседател. Дел од аналитичарите овој гест го протолкуваа како симболичен сигнал за можна поинтензивна американска поддршка на протестите во Иран.

Свет | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Според досега пребројаните гласови од повторените избори за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани има убедливо водство пред противкандидатот Невзат Бејта, покажуваат податоците објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија.Иако резултатите сѐ уште не се конечни, од изборниот брифинг, како и од увидот во податоците на ДИК, може да се заклучи дека кандидатот Валбон Лимани, кој настапува со поддршка на коалицијата поврзана со Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција, има значајна предност во однос на Невзат Бејта, кандидат на коалицијата ВРЕДИ.Според последните објавени бројки, при обработени над две третини од избирачките места, Лимани освојува над 60 проценти од гласовите, додека Бејта останува на околу 30 проценти поддршка. Во Гостивар досега се преброени гласовите од 100, од вкупно 121 избирачко место, со излезност од над 71 илјада гласачи.Валбон Лимани по професија е доктор, а во минатото ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Гостивар во периодот кога Арбен Таравари беше градоначалник. Подоцна, по заминувањето на Таравари во извршната власт, Лимани ја презеде и функцијата вршител на должност градоначалник. На редовните локални избори во октомври минатата година, Лимани не успеа да обезбеди победа, откако му недостигаа само 21 глас за да го помине потребниот цензус, иако освои значително повеќе гласови од кандидатот на тогашната коалиција ВРЕДИ.Неговиот противкандидат Невзат Бејта е долгогодишна политичка фигура во Гостивар. Тој беше градоначалник на општината во два мандати како кандидат на ДУИ, а се обиде да освои и трет мандат, но на тие избори загуби од Арбен Таравари. Бејта во минатото ја извршуваше и функцијата пратеник во Собранието како кандидат на ДУИ.Од Државната изборна комисија најавуваат дека конечните резултати ќе бидат соопштени по целосното пребројување на сите гласачки места, по што ќе биде јасно дали водството на Лимани ќе се претвори и во официјална победа на повторените избори за градоначалник на Гостивар.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarye80rui390l4d3MLykPS

Жесток судир на СДСМ и Стоилковиќ: „Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат“

СДСМ јавно го обвини вицепремиерот во Владата предводена од Христијан Мицкоски, Иван Стоилковиќ, дека има блиски врски со Српската напредна странка и со руската националистичка група „Ноќни волци“, откако тој присуствувал на настан во Република Српска. Од опозициската партија тврдат дека ваквото присуство не е случајно и дека, според нив, претставува доказ за политичка и идеолошка поврзаност меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СНС и структури блиски до Кремљ.СДСМ реагира дека Стоилковиќ јавно се пофалил со своето присуство на настаните во Бања Лука, наведувајќи дека на нив бил присутен почесто дури и од српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, кој во Србија се соочува со обвиненија поврзани со аферата за Генералштабот и за кого е закажано судско рочиште. Во партиското соопштение се прави и паралела со најавеното повлекување на фирмата поврзана со Џаред Кушнер од проект во Белград, што, според СДСМ, е резултат на корупција и криминал.Опозицијата дополнително прашува дали Стоилковиќ дејствува како неформален офицер за врски меѓу владата на Мицкоски, српските власти и руските интереси, и дали, како што наведуваат, антиeвропската реторика и политиките на актуелната влада се дел од поширок план за изолација и продолжување на сомнителни тендерски практики.На овие обвинувања остро возврати самиот Иван Стоилковиќ, кој ги отфрли како неосновани и навредливи. Во јавна реакција, тој истакна дека присуството на одбележувањето на Денот на Република Српска во Бања Лука е практика што ја следи со години и дека тоа никогаш не било на штета на интересите на македонската држава и народ. Стоилковиќ нагласи дека, напротив, секогаш се водел од обврската да ги штити државните и националните интереси, без оглед на политичките напади.Тој наведе дека на истиот настан присуствувале и меѓународно познати личности, меѓу кои и Род Благојевиќ, поранешен американски гувернер и соработник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како и универзитетски професори и геополитички аналитичари. Според Стоилковиќ, контактите остварени на вакви собири имаат конкретни и долгорочни придобивки за Македонија, и видливи и невидливи.Во својот одговор, вицепремиерот употреби исклучително остра реторика кон СДСМ, оценувајќи дека нападите се мотивирани од политичка немоќ и обид за привлекување внимание, додавајќи дека, како што рече, „туѓиот срам“ е посилен од секоја партиска конструкција.„Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат на моето родољубие, напаѓајќи го мојот народ и мене без причина, не го разбирам безбожништвото со кое го прават тоа. Но, веројатно е така кога Сонцето го гледате од Пеколот во кој самите сте се вовлекле и каде што не ви преостанува ништо друго освен да истурате салви гнасотии врз подобрите од себе и врз оние помили на народот. А што се однесува до придобивките од мојата посета на Бања Лука, цела Македонија има корист што видлива што невидлива од овие контакти вклучително и вие, кутри, мизерни , “Сироти мали (профитерски) хрчки”“, напиша Стоилковиќ.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypvjl3n2k6p8i0ACh448

(Видео) Снимка открива детали за оштетувањето на објектот на Бугарската амбасада во Скопје

Снимките од видео-надзорот поставен на објектот на Бугарската амбасада во Скопје го документираат моментот на оштетување на стаклото од влезната врата на дипломатското претставништво. На видеото се гледа лице со капа и бела маска на лицето, кое во едната рака држи стап, додека со другата рака замавнува кон стаклената површина на влезната врата, по што се оддалечува од местото на настанот.Инцидентот беше пријавен денеска, 11 јануари 2026 година, во 15:55 часот, кога офицер за безбедност на Амбасадата на Република Бугарија, преку системот за видео-надзор, забележал дека едно лице извршило оштетување на објектот. Пријавата била доставена до СВР Скопје од Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, по што биле преземени мерки за расчистување на случајот.По настанот реагираше и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, кое соопшти дека го осудува инцидентот, оценувајќи го како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи. Од Софија наведоа дека станува збор за напад врз објект кој го сметаат за симбол на државноста и официјалното присуство на Бугарија во Република Македонија.Во реакцијата, бугарската дипломатија изрази загриженост дека ваквиот инцидент е последица на, како што наведуваат, недоволна и навремена реакција на надлежните институции во земјава при претходни случаи на вандализам и напади врз објекти и лица поврзани со бугарската заедница. Дополнително, се посочува дека институционалната неактивност, заедно со толерирањето на говор на омраза, создава средина во која ваквите дејствија се повторуваат.Од Министерството за надворешни работи на Бугарија побараа итно идентификување и санкционирање на сторителот, како и преземање мерки за гарантирање на безбедноста на дипломатските и конзуларните претставништва, нивниот персонал и имот. Воедно, најавија дека внимателно ќе го следат развојот на случајот и дека го задржуваат правото на дополнителни дипломатски чекори, во рамки на меѓународното право.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryas06l1tddm73bNDOdNr

МВР трага по лицето кое искрши стакло од амбасадата на Бугарија во Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска, 11 јануари 2026 година, во 15:55 часот, во СВР Скопје бил пријавен инцидент во објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.Според МВР, пријавата била доставена од Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при МВР, откако офицерот за безбедност на амбасадата, преку системот за видео-надзор, забележал дека едно лице оштетило стакло на влезната врата од дипломатското претставништво.Од Министерството наведуваат дека веднаш се преземени мерки и активности за целосно расчистување на случајот, при што се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и на сите околности поврзани со настанот.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygfr51l0lud7p26M1rOU

Бугарското МНР тврди дека била нападната амбасадата во Скопје

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека на денеска непознато лице извршило напад врз објектот на Бугарската амбасада во Скопје, оценувајќи го настанот како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи, пренесува агенцијата БГНЕС. Тие не посочуваат за каков напад станува збор, а амкедонските медиуми објавија дека било пукнато стакло на влезната врата. Според бугарскот амбасадор, камерите регистрирале како лице се доближило и потоа го пукнало стаклото.Во реакцијата се наведува дека станува збор за напад врз објект кој, како што посочуваат од Софија, претставува симбол на државноста и официјалното присуство на Република Бугарија во Република Северна Македонија. Бугарското МНР изрази длабока загриженост дека ваквиот инцидент е резултат на, како што наведуваат, недоволна и навремена реакција на надлежните институции во земјава при претходни случаи на вандализам и инциденти поврзани со објекти и лица кои Софија ги поврзува со бугарската заедница.Во соопштението се истакнува дека институционалната неактивност, во комбинација со говор на омраза, според нив, создава атмосфера во која ваквите дејствија се повторуваат и ескалираат. Бугарската дипломатија побара од надлежните органи во Северна Македонија итно да преземат мерки за идентификување на сторителот, негово соодветно санкционирање и обезбедување целосна безбедност на дипломатските и конзуларните претставништва, нивниот персонал и имот.Од Министерството за надворешни работи на Бугарија очекуваат јасно и недвосмислено дистанцирање на институциите во Македонија од сите форми на омраза, поефикасна борба против ваквите инциденти и доследно почитување на меѓународните обврски. Воедно, најавуваат дека внимателно ќе го следат развојот на случајот и дека го задржуваат правото на дополнителни дипломатски чекори во заштита на, како што наведуваат, бугарските интереси.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarystgi4tu0tsqr3HEbMzZ

(Видео) Пет лица повредени во сообраќајната несреќа на патот Тетово–Скопје

Пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила денеска попладне на патниот правец Тетово–Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“Несреќата била пријавена во 15:50 часот во СВР Тетово, а во неа учествувале патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ. (35) од Струга, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (46) од селото Долна Лешница.Во судирот телесни повреди добиле возачот на „мерцедесот“ и еден сопатник од истото возило, како и тројца сопатници кои се превезувале во „голфот“. Повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.На местото на настанот извршен бил увид од страна на екипа на СВР Тетово, а причините за сообраќајната незгода се утврдуваат.

Настани | пред 2 месеци

media-libraryd16tjdjdjnkse6FddNx

(Фото) Аца Лукас тврди дека се обиделе да го ликвидираат по настапот кој го имал ноќеска: Едвај извлековме живи глави

Српскиот пејач Аца Лукас преку објава на социјалните мрежи тврди дека бил цел на обид за убиство по настап на Јахорина (БиХ), заедно со неговиот возач, наведувајќи дека само за малку избегнале смрт.Во објавата, споделена на неговиот официјален профил, Лукас напиша дека нападот се случил ноќта по настапот и дека тој и неговиот возач „едвај извлекле живи глави“. Тој дополнително тврди дека обидот за убиство бил извршен „по налог на Недељко Елек“, без да изнесе дополнителни детали за наводниот мотив или за лицата кои, како што вели, стојат зад настанот.„По настапот на Јахорина, ноќеска се обидоа да ме убијат мене и мојот возач. Едвај извлековме живи глави. Се обидоа да нè убијат по налог на Недељко Елек“, напиша Лукас, најавувајќи дека повеќе информации ќе соопшти на прес-конференција.Засега нема официјална потврда од институциите, ниту информации дали случајот е пријавен во полицијата во Босна и Херцеговина. Надлежните служби во БиХ сè уште не се огласија во врска со овие тврдења, а не е познато ниту дали е покрената истрага.Јавноста очекува дополнителни појаснувања од самиот пејач, како и официјален став од безбедносните органи, со оглед на сериозноста на обвинувањата што ги изнесе.

Свет | пред 2 месеци

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Вонредна состојба по врнежите: одрони кај Тетово и Гостивар, поплавави во Охридско и Струшко

Обилните врнежи што ја зафатија територијата на Република Северна Македонија предизвикаа одрони, поплави и отежнато одвивање на сообраќајот во повеќе региони, но според вонредната информација од Центарот за управување со кризи, состојбата до 18:30 часот е под контрола и надлежните служби се постојано на терен.Во тетовскиот регион, на патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, падната е голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и Дирекцијата за заштита и спасување, кои преземаат мерки согласно своите надлежности. Во градот Тетово и околината состојбата е стабилна, патната инфраструктура е проодна, а коловозите се претежно влажни. На патниот правец Гостивар – Маврово, кај каменоломот, е евидентиран одрон, при што е најавено расчистување и обезбедување на сообраќајот.Во тиквешкиот регион, во ридско-планинските делови околу Кавадарци се интервенира со два камиона на повеќе патни правци, при што сите патишта се проодни во зимски услови, а снежната покривка изнесува до 15 сантиметри. Во останатите населени места нема снег.Североисточниот регион е без поголеми проблеми. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а водостоите се во опаѓање. Патот од селото Пелинце до граничниот премин Пелинце беше подмрзнат и небезбеден, но по интервенција е расчистен. Во Крива Паланка сите патни правци се проодни, а интервенирано е и на патот кон манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ поради одрон. Во Ранковце патот од селото Пклиште до селото Герман е затрупан со снег и е испратена механизација за расчистување, додека во Кратово сите локални патишта се проодни и водостоите не претставуваат опасност.Во источниот регион, во Штип нема активни врнежи. Водостоите се зголемени, но без опасност од поплавување, а на неколку патни правци има помали одрони кои редовно се расчистуваат.Југозападниот регион и понатаму се соочува со последици од врнежите. Во Охрид реката Сушица е ставена под контрола со насип, но на повеќе локации сè уште има поплавени подруми и дворови. Во Струга, во селата Мислешево и Калишта, поплавени се дворови, а санирањето е отежнато поради непречено истекување на водата. Во Дебар реката Радика има зголемен водостој, но без опасност од излевање, додека помалите одрони на патните правци Жировница – Дебар и Дебар – Струга редовно се расчистуваат. Во Кичево водостоите на Зајашка Река и Треска се намалени и нема опасност од нови поплави, а општинскиот кризен штаб одржува состанок за проценка на штетите и планирање на санација.Во пелагонискиот регион, поради оштетување на мостот на Боишка Река, локалниот пат кон селото Мренога кај Демир Хисар е затворен за сообраќај. Во Битола состојбата е нормализирана, а водата постепено се повлекува од поплавените површини во околните места. Во Крушево сите локални и регионални патни правци се исчистени, посолени и проодни, додека во Ресен поплавените земјоделски површини се ослободуваат од вода и се интервенира со механизација на коритото на Голема Река. Во Новаци, нивото на реката Црна изнесува 320 сантиметри и се следи континуирано.Од Центарот за управување со кризи апелираат на внимателно движење, особено на планинските и ридските патни правци, и најавуваат дека состојбата и понатаму ќе се следи со засилено присуство на терен.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynmmk7lv8h7ggct7J0EU

(Видео) Гужви и застој пред наплатната станица за излез од Тетово, сообраќајка на автопатот го парализираше сообраќајот

Сообраќајна несреќа кај наплатната рампа Желино, во правец од Тетово кон Скопје се случи вечерва, но засега нема информација за состојбата на возачите и евентуалните патници.Од снимките на „Скопје1“ може да се види дека предниот дел на еден од автомобилите е целосно уништен, а две од лентите беа затворени бидејќи се правеше увид.На терен беа присутни и две шлеп-служби, додека пак, останатите возачи, возеа пополека, поради состојбата на автопатот.Од МВР најавија детали за подоцна.

Македонија | пред 2 месеци

IMG_5646

Не е екологија, туку живот и смрт: алармантни податоци за аерозагадувањето во земјава од „О2 иницијатива“

Аерозагадувањето во Македонија одамна го надмина прагот на еколошки проблем и прерасна во сериозна и долготрајна здравствена криза, предупредуваат од О2 иницијативата. Според нив, загадувачите како ПМ честичките, издувните гасови од дизел возилата, бензенот, полицикличните ароматични јаглеводороди, одредени тешки метали од индустријата и соединенијата што настануваат при согорување на дрва, јаглен и нафта, се класифицирани како канцерогени од прва група. Тоа значи дека, според Меѓународната агенција за истражување на ракот, станува збор за супстанции за кои е докажано дека предизвикуваат рак кај луѓето.Оттука, според О2 иницијативата, прашањето за загадениот воздух не смее повеќе да се третира како споредна еколошка тема, туку како итна здравствена состојба што бара брзи, системски и решителни мерки. Наместо тоа, проблемот со години се одолговлекува, а неопходните решенија се предмет на политички калкулации.Македонија со години се наоѓа на самиот врв во Европа според бројот на починати поврзани со изложеност на ПМ2,5 честички. Само во 2023 година, оваа бројка изнесувала 222 лица на 100.000 жители во ризик, што ја става земјата меѓу најпогодените на континентот.Податоците за 2025 година, според О2 иницијативата, покажуваат дека состојбата не само што не се подобрува, туку останува хронично запоставена. И понатаму дел од мерните станици со години не функционираат, а резервните делови за нефункционалните инструменти не се набавуваат навреме. Во моментот, според нив, не работат 39 инструменти, што претставува околу 30 проценти од вкупниот број.Дополнително, предупредуваат дека и понатаму не се мерат тешките метали, бензенот, бензо(а)пиренот, хемискиот состав на ПМ2,5 и прекурсорските супстанции на озонот на доволен број мерни места, иако тоа е законска обврска. Како последица, јавноста и институциите немаат јасна слика на какви концентрации на опасни и канцерогени супстанции се изложени граѓаните. Од О2 иницијативата потенцираат дека на ова поле ништо суштински не е сменето ниту со актуелната власт, иако додека била во опозиција јавно барала буџетски средства за оваа намена.Тие укажуваат и дека максимално дозволените дневни и годишни концентрации на загадувачките супстанции, утврдени и кај нас и во Европската Унија, не се базирани на заштита на здравјето, туку се резултат на политичко-економски компромиси, поради што се значително повисоки од вредностите што реално би го штителе човечкото здравје.Особено загрижувачки, споре „О2“, е загадувањето со ПМ2,5 честичките, кои се сметаат за најопасни. Во последните пет години не е забележана суштинска промена, а сезонските варијации главно се должат на климатските услови. Во зима, концентрациите достигнуваат и до 18 пати повисоки вредности од здравствено прифатливите, додека надвор од грејната сезона тие се и до 3,5 пати повисоки. Поразителен е податокот дека ниту Лазарополе, кое се смета за референтно чисто подрачје, не ги исполнува здравствените граници за ПМ2,5.Слична е состојбата и со ПМ10 честичките, кај кои зимските концентрации достигнуваат и до 7,5 пати повисоки вредности, а летните до 2,5 пати. Единствено Лазарополе бележи вредности во рамки на границите за заштита на здравјето.Посебно се потенцира и загадувањето со азотен диоксид, кое најчесто се поврзува со сообраќајот и согорувањето фосилни горива, а за кое ретко се зборува во јавноста. Во зима, концентрациите се и до 4,5 пати повисоки, а во лето до четири пати. Скопје е на врвот, но високи вредности се регистрираат и во Тетово, Кавадарци, Кичево и Охрид, особено на мерни места во близина на фреквентни сообраќајници. И тука, според податоците, Лазарополе повторно изненадува со повисоки концентрации од неколку други градови.Од О2 иницијативата оценуваат дека ниту централната, ниту локалната власт не презеле системски мерки за намалување на загадувањето во текот на целата година. Нема сериозен пристап кон проблемот со греењето, сообраќајот, индустријата и градежништвото, туку само декларативни ветувања.Како особено симптоматично се посочува дозволувањето да чадат оџаци без филтри, иако тие можат релативно брзо и по прифатлива цена да се инсталираат, продолжената употреба на петрол-кокс во индустриски погони, користењето јаглен и мазут наместо гас, греењето на училишта и болници на нафта, како и сообраќајот со возила без катализатори и филтри. Дополнително, градилиштата и каменоломите често работат без обврска да мерат ПМ честички, иако тоа лесно може да се регулира со законски измени.Во однос на Скопје, О2 иницијативата оценува дека субвенциите се користат како алиби, а не како реална мерка. Во град со десетици илјади домаќинства што се греат на дрва, субвенционирањето на неколку стотици инвертери и филтри не може да донесе суштинска промена. Со сегашното темпо, проблемот би се решавал со децении. Дополнително, без забрани и строга контрола, мерките остануваат само на хартија.Податоците покажуваат дека од 2019 година наваму во Скопје се субвенционирани околу 10.000 инвертери, додека според пописот од 2021 година, меѓу 40.000 и 55.000 домаќинства во градот сè уште се греат на дрва. На државно ниво, во 2024 година биле регистрирани над 684.000 возила, од кои две третини се дизел, две третини се постари од 15 години, а околу една третина се во Скопје. И покрај најавите, не е воведена забрана за увоз на постари возила под ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандардите.Заклучокот на О2 иницијативата е јасен: дозволувањето на вакви практики значи свесно откажување од заштита на здравјето на граѓаните и прифаќање на аерозагадувањето како нормална, иако смртоносна состојба.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9arb689eolvd77EsFTi

Белата куќа со „сите опции на маса“ додека Иран тоне во насилство и блокада

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува низа можности за поддршка на антивладините протести во Иран и за слабеење на тамошниот режим, во услови на ескалација на насилството и сѐ поголем број жртви. Според информации на порталот „Аксиос“, повикувајќи се на двајца американски функционери, во Вашингтон се водат интензивни разговори откако Трамп јавно порача дека е подготвен да употреби и воена сила доколку иранските власти продолжат со убивање на демонстранти.Масовните протести продолжија и трета ноќ по ред, и покрај речиси целосната интернет-блокада во земјата. Според извештаи од Техеран, како и проценки на американски и израелски извори, безбедносните сили сѐ поагресивно ги задушуваат протестите. Израелски одбранбен функционер изјавил дека во последните денови на улиците излегле стотици илјади луѓе.Податоците за бројот на жртвите значително се разликуваат и засега нема официјална потврда. Организацијата за човекови права ХРАНА во саботата објави дека се убиени 116 лица, додека американски и израелски извори тврдат дека вистинската бројка е далеку поголема. Иранскиот опозициски телевизиски канал „Иран интернешнл“ дури објави дека во последните 48 часа биле убиени околу 2.000 демонстранти, а израелски функционер спомена бројка поголема од 1.000. Еден американски претставник кратко изјавил дека бројот на загинати е „висок“.Во саботата, Трамп преку социјалните мрежи испрати порака со која ја засили реториката за можна американска интервенција, наведувајќи дека Иран „ја гледа слободата, можеби како никогаш досега“ и дека САД се подготвени да помогнат. Истовремено, американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Иран. Американски извори наведуваат дека разговорот бил претставен како рутински, при што биле допрени и теми поврзани со Газа и Сирија.Од другата страна, иранските власти го обвинија Трамп за поттикнување немири, а САД и Израел за вмешување и за испраќање, како што тврдат, „изгредници“ меѓу демонстрантите. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упати остро предупредување дека секој американски напад ќе биде возвратен со удари врз американски бази во регионот и врз Израел, додавајќи дека неговата влада е решена да ги реши економските проблеми што ги поттикнаа протестите.Зад затворени врати, администрацијата на Трамп одржува состаноци на кои се разгледуваат конкретни чекори. Американски функционер изјавил дека „сите опции се на маса“, но дека конечна одлука сѐ уште не е донесена. Друг извор појаснил дека иако се разговарало и за воени удари, најголемиот дел од опциите во моментов се невоени, поради стравувањата дека директна воена акција би можела да го поткопа легитимитетот на протестите.Меѓу мерките што се разгледуваат се чекори на одвраќање, како распоредување ударна група носачи на авиони во регионот, како и кибер-напади и информативни операции насочени против иранскиот режим.Израелски извори тврдат дека иранските власти и безбедносните структури биле затекнати од брзината и интензитетот на протестите што започнаа во четвртокот. Според нив, по првичниот шок следувала сериозна повторна проценка на состојбата, а постојат и индиции за несогласувања во рамки на безбедносните сили. Сепак, и американските и израелските функционери оценуваат дека, и покрај сериозната криза, режимот во Техеран засега не е пред непосреден колапс.

Свет | пред 2 месеци

skopje-sneg-2022-2

Зимата покажува заби: минусни утра, ветер и променливо време

Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на изразен зимски бран, со студено и променливо облачно време, повремени локални врнежи од снег и засилен северен ветер. Денеска времето е студено и променливо облачно, со појава на локални снежни врнежи кои во текот на попладнето постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во делови од земјата повремено засилен северен ветер, со налети над 60 километри на час. Во Скопје времето ќе биде студено и променливо облачно, со умерен до засилен северен ветер и температура околу 2 степени.Утре следува уште постудено утро, со изразени минусни температури, особено во западните, северните и планинските предели, каде минималните вредности ќе се спуштат и под минус 10 степени. Во текот на денот ќе има променлива облачност со сончеви периоди, а ветерот ќе биде слаб до умерен, повремено засилен од северен правец, најизразен во источните делови и долж Повардарието.Од вторник започнува стабилизација на времето. Ќе преовладува променливо облачно време со почести сончеви периоди и без врнежи. Утрините и понатаму ќе бидат многу студени, со минимални температури од минус 14 до минус 6 степени, додека дневните ќе се движат од минус 1 до околу 7 степени.Во среда и четврток ќе продолжи постепено затоплување. Минималните температури ќе растат, а дневните ќе достигнуваат од 2 до 9 степени во среда и од 3 до 10 степени во четврток. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност, особено во утринските часови поради појава на мраз и голомразица, како и на прилагодување на движењето и сообраќајот на зимските услови.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

„Дејли мејл“: Трамп наводно побарал план за инвазија на Гренланд, генерали остро се спротивставиле

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно им наредил на командантите на американските специјални сили да изработат план за можна инвазија на Гренланд, но ваквата идеја наишла на остро противење од највисоките структури во воениот врв, објави британскиот таблоид Daily Mail.Според написот, станува збор за исклучително чувствителен и контроверзен предлог кој, доколку би бил реализиран, би можел да доведе до сериозно нарушување на односите во НАТО и до длабока геополитичка криза. Извори блиски до британската дипломатија тврдат дека ваквите идеи доаѓаат во период на зголемени глобални тензии и растечка конкуренција меѓу големите сили за контрола на стратешки важни региони.Истите извори наведуваат дека дел од политичкиот круг околу Трамп, меѓу кои и неговиот советник Стивен Милер, биле охрабрени од неодамнешната американска операција за приведување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по што сметале дека САД треба брзо да дејствуваат и да го зацврстат своето влијание врз Гренланд, пред тоа да го сторат Русија или Кина.Во написот се посочува и дека Трамп можеби бил мотивиран од внатрешно-политички причини, односно од обид да го пренасочи вниманието на американската јавност од економските проблеми во земјата, во пресрет на претстојните меѓуизбори, на кои неговата партија би можела да ја загуби контролата врз Конгресот.Наводно, претседателот побарал од Заедничката команда за специјални операции да подготви конкретен оперативен план, но Здружениот штаб на американската војска го одбил тоа барање, оценувајќи дека станува збор за потег без законска основа и без поддршка од Конгресот. Според дипломатски извори, воените лидери сметале дека таков план би бил и политички и правно неодржлив, поради што се обидувале да го одвратат Трамп нудејќи други, помалку контроверзни опции.Меѓу нив, наводно, биле идеи за засилени акции против руската „флота во сенка“, која Москва ја користи за заобиколување на западните санкции, како и други безбедносни операции на Блискиот Исток. Еден извор за „Дејли мејл“ изјавил дека генералот врв го сметал планот за Гренланд за „луд и незаконски“, опишувајќи ја комуникацијата со претседателот како исклучително тешка и напната.Иако станува збор за тврдења на таблоид и за информации кои официјално не се потврдени, објавата предизвика бурни реакции и отвори сериозни прашања за насоката на американската надворешна и безбедносна политика во услови на зголемена глобална нестабилност.

Свет | пред 2 месеци

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иранските медиуми тврдат: Во немирите убиени најмалку 109 припадници на безбедносните сили

Најмалку 109 припадници на иранските безбедносни сили загинале во немирите што во изминатите денови зафатија повеќе делови од земјата, објави иранската новинска агенција Тасним. Во објавата не се наведува колку лица од редовите на демонстрантите го загубиле животот.Протестите започнаа на 28 декември на Големиот базар во Техеран, поттикнати од наглиот пад на вредноста на иранскиот ријал и влошените економски услови, по што брзо се проширија и во други градови низ државата.Надлежните институции досега немаат објавено официјални податоци за вкупниот број на загинати. Американската организација за човекови права Human Rights Activists News Agency соопшти дека во немирите биле убиени најмалку 116 лица, а повеќе од 2.600 биле приведени.Во меѓувреме, лекар од Техеран, кој зборувал анонимно за списанието Тајм, изјавил дека шест болници во главниот град регистрирале „најмалку 217 смртни случаи меѓу демонстрантите“, при што најголем дел од жртвите, според неговите тврдења, настрадале од употреба на боево оружје.Спротивставените податоци и ограничениот пристап до независни извори дополнително ја отежнуваат проценката на реалните размери на насилството, додека состојбата во Иран и натаму останува напната и неизвесна.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryiga48gdu3ujde574MpB

Македонија никогаш не ги заборава своите храбри синови: 26 години од убиството на полицајците во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година беа убиени при извршување на редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново.По тој повод, беше положено свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба, оддавајќи почит кон нивната жртва и херојство.Во знак на трајно сеќавање и почит, беше истакнато дека паднатите полицајци ќе останат симбол на храброст, чест и должност кон државата. Нивната жртва, како што беше нагласено, претставува силна порака за значењето на мирот, безбедноста и одговорноста кон заедницата.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-27-at-10.05.12

Изгорел „мерцедес“ во Ѓорче Петров, запален во три часот по полноќ

Пожар зафатил патничко возило во скопската општина Ѓорче Петров, при што нема повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 11 јануари 2025 година во 02:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Б. (27) од Скопје.На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го изгаснала пожарот. Како што соопштуваат од МВР, во инцидентот нема повредени лица.Извршен е увид од надлежните служби, а се преземаат мерки за утврдување на причините за настанувањето на пожарот.

Скопје | пред 2 месеци

zena-apsenje-lisici-700x465

Дошла пред полициска станица и натепала полицаец: уапсена скопјанка во Гази Баба

Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.Според соопштението на МВР, на 10 јануари 2026 година во 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Е.Д. (52) од Скопје. Инцидентот се случил пред Полициската станица Гази Баба, каде таа нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија, при што му упатувала и закани.По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 2 месеци

bebe

Починато бебе во Шуто Оризари, наредена обдукција

Бебе било пронајдено починато во семеен дом на подрачјето на Шуто Оризари, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 10 јануари 2026 година околу 08:00 часот, во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во дом на ова подрачје има починато бебе. На местото на настанот излегол лекар кој констатирал смрт без видливи траги на насилство.Полициски екипи извршиле увид, а по наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.Надлежните институции продолжуваат со постапување по случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

Целта на Законот за пушење со забраните и казните е исправна, но пристапот е погрешен?

Влатко Васиљ, познат по своите јавни настапи и пораки на социјалните мрежи, јавно се вклучи во дебатата за новиот закон за заштита од пушење, изнесувајќи став кој комбинира поддршка за целта, но сериозна резерва кон начинот на нејзино спроведување.Васиљ, посочува дека пушењето не претставува граѓанско право, ниту уставно загарантирана слобода и дека не може да се говори за дискриминација кога државата го ограничува во јавен простор. Според него, станува збор за навика и зависност со сериозни здравствени последици, не само за пушачите, туку и за сите околу нив.Сепак, како што нагласува, поддршката за целта на законот не значи автоматска поддршка за начинот на негово спроведување. Тој предупредува дека законското решение оди премногу нагло и ригорозно, без соодветен транзициски период, што наместо постепена промена на навиките може да произведе отпор кај граѓаните и деловната заедница.Според Васиљ, директното воведување строги забрани, високи казни и можност за затворање објекти носи ризик законот да се доживее како репресивен, наместо како инструмент за подобрување на јавното здравје. Тој смета дека се неопходни јасно дефинирани и човечки решенија, со контролирани надворешни зони за пушење, фазна имплементација и вистинска поддршка за откажување од цигари.Во својот став, Васиљ истакнува дека законот треба да има воспитна и насочувачка улога, а не да се сведува исклучиво на казнување. Тој нагласува дека е за чисти и здрави јавни простори, за заштита на децата и непушачите и за системско намалување на пушењето како општествен проблем, но и за политики што признаваат дека навиките не се менуваат преку ноќ.Пред воведување строги забрани и санкции, според него, државата и Министерството за здравство треба да понудат реални и достапни програми, стручни советувалишта и системска поддршка за откажување од пушење, со цел граѓаните да имаат вистинска помош во преминот кон поздрав начин на живот.На крајот, со доза на иронија, Васиљ додава дека му причинува посебно задоволство помислата дека ќе исчезне сцената со пури на неформалните деловни забави, саркастично додавајќи дека би поддржал и идна „забрана“ за тесни фармерки, како симбол на претенциозна урбана поза.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryluvqeq3767d25hroIP9

Прва порака од Мадуро по приведувањето: Не тагувајте, издржуваме

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој се наоѓа во притвор во Соединетите Американски Држави, преку својот син им испратил порака на поддржувачите дека е „добро“ и дека останува борбен.Пораката ја пренесе неговиот син, Николас Мадуро Гера, кој изјави дека неговиот татко од ќелијата во САД порачал: „Се справуваме добро. Ние сме борци“, мислејќи на себе и на сопругата, првата дама Силија Флорес.Според истиот извор, Мадуро им порачал и на своите адвокати да не тагуваат и да останат истрајни. Венецуелскиот претседател беше приведен и префрлен во САД за време на американската воена операција во Каракас, спроведена на 3 јануари.Во понеделникот, Мадуро и неговата сопруга за првпат се појавија пред федерален суд во Менхетен, Њујорк, каде што се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за нарко-тероризам и трговија со кокаин.Изјавите на Мадуро беа пренесени од неговиот син за време на состанок на владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела, пред партиски функционери и поддржувачи.

Свет | пред 2 месеци

media-library2m7k45smt8iu1XctHUG

Продолжуваат судирите во Иран: Загинати припадници на безбедносни сили, стотици приведени

Најмалку шест припадници на безбедносните сили се убиени, а десетици демонстранти се приведени во судири поврзани со антивладините протести што и натаму го потресуваат Иран, јавуваат локалните медиуми. Протестите се поттикнати од влошените економски услови, растечката инфлација и наглиот пад на вредноста на иранскиот ријал.Државната телевизија IRIB, повикувајќи се на главниот државен обвинител Мохамад Моваеди-Азад, објави дека шест припадници на безбедносните сили загинале за време на немирите во западната иранска покраина Керманшах.Телевизијата Press TV, пак, информира дека иранските безбедносни служби уапсиле околу 200 лица кои ги опишуваат како „водачи на протестите“, при што биле спроведени рации во нивните домови и било запленето оружје.Началникот на иранската полиција, Ахмад Реза Радан, изјави дека координацијата меѓу безбедносните и полициските структури значително е зајакната, што, според него, довело до поинтензивни операции против лицата кои властите ги квалификуваат како извршители на немири.Тој наведе дека „клучните елементи“ зад протестите биле приведени во текот на ноќта и дека по завршување на правните постапки ќе се соочат со соодветни санкции. Радан тврди дека, според наодите на судската медицина, најголем дел од жртвите во актуелниот бран протести починале од убодни рани со нож, а не од дејствување на безбедносните сили.„Растојанието од кое било пукано било многу мало, што укажува дека делата не ги извршиле безбедносните сили, туку обучени и насочени групи“, изјави Радан, без да изнесе дополнителни докази.Иран е зафатен од бран протести од крајот на минатиот месец, кои започнаа на 28 декември на Големиот базар во Техеран, како реакција на економската криза и падот на животниот стандард. Демонстрациите брзо се проширија и во други градови низ земјата.Иако нема официјална бројка за вкупниот број на жртви, медицински извори од Иран во саботата пријавија стотици починати. Еден лекар од Техеран, кој зборуваше анонимно за списанието Time, изјави дека најмалку шест болници во главниот град евидентирале „минимум 217 загинати демонстранти, најголем дел од нив погодени со боева муниција“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryev0roe6bc2tp5YrPPiz

„Полошо е отколку што можете да замислите“: Сведоштва од Иран за замор, насилство и страв од уште потежок бран репресија

Антивладините протести во Иран, кои траат повеќе од две недели, влегуваат во нова, уште понапрегната фаза, сведочат граѓани од терен за CNN. И покрај строгата интернет-блокада воведена од властите, информации за состојбата успеваат да стигнат до странските медиуми и укажуваат на растечко насилство, физичка исцрпеност и страв меѓу демонстрантите.Еден 35-годишен жител на Техеран, кој зборувал под услов на анонимност од безбедносни причини, изјавил дека демонстрантите се целосно исцрпени по ноќи поминати без сон, додека комуникацијата во земјата е сериозно ограничена.„Полошо е отколку што можете да замислите и ќе стане уште понасилно. Луѓето се уморни од борбата, не спијат и не можат повеќе да издржат“, изјавил тој за CNN.Според неговите зборови, мобилната мрежа и интернетот функционираат само неколку часа дневно, најчесто од пладне до вечерните часови, што дополнително ја отежнува организацијата и секојдневниот живот.Тој предупредува дека иднината на протестите ќе зависи од тоа колку долго граѓаните ќе можат да го издржат насилството и економскиот притисок.„Ако луѓето се исцрпат и ако веќе не можат да ги прехранат своите семејства затоа што не работат, протестите ќе згаснат. Веројатно токму на тоа сметаат властите“, додал соговорникот.Друго лице, кое исто така зборувало анонимно од Иран, ја опишало атмосферата како исклучително тешка.„Се чувствува мирис на солзавец насекаде, се слушаат истрели, има многу повредени“, изјавил соговорникот за CNN.Во меѓувреме, генералниот секретар на иранскиот Совет за национална безбедност, Али Лариџани, утрово изјави дека е „неопходно да се направи разлика меѓу легитимни протести и немири“.Тој оцени дека првичните демонстрации, предизвикани од растечките економски тешкотии, биле „целосно разбирливи“, но додаде дека подоцна се појавила „организирана и деструктивна струја“ која, според него, нема врска со економските барања на граѓаните.Лариџани порача дека правосудните органи треба „одлучно да постапат“ против оние кои, како што рече, создаваат несигурност во државата.Неговите изјави доаѓаат само ден откако иранскиот главен државен обвинител јавно се закани со смртна казна за дел од учесниците во протестите.Според иранската активистка Негин Ширагаеи, која зборуваше за Sky News, ваквите поумерени изјави од страна на Лариџани укажуваат на постоење внатрешни пукнатини во иранскиот режим, кој не е монолитен, туку составен од повеќе различни центри на моќ.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

До 9:00 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште е еден процентили гласале 272 лица, во општина Гостивар 0,93 проценти или 651 гласач, во Маврово – Ростуше 2,89 отсто или 306 лица, додека во општина Центар Жупа 0,75 проценти или гласале 57 избирачи, соопшти Државната изборна комисија.Според портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а избирачкото место 0782 во Ќафа не е воопшто отворено.,,Избирачкото место 0571 во Центар Жупа е отворено со задоцнување од 40 минути, а избирачките места 503, 512, 513, 529 и 533 во Гостиварско се отворени со задоцнување од повеќе од еден час. Гласањето почнало со задоцнување и во избирачките места 0478 во Сенче и 0496 во Орѓуш, општина Маврово – Ростуше. Како што е познато, според Изборниот законик, онаму каде што гласањето е прекинато и прекинот трае еден до три часа, гласањето ќе се продолжи колку што траел прекинот. Избирачкото место 0782 во Ќафа не е отворено и засега таму гласањето не се одвива. Ќе видиме што ќе се случува во текот на денот, изјави Тодоровска Алексовска.Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128 286 избирачи.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања