Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

uciliste-skolo-klup-2

Два случаи на туберкулоза: Затворени училишта во Волос, Грција

Властите привремено затворија основно и средно училиште во Волос, во централна Грција, кои ги посетуваат и ученици од блискиот специјален рурален воспитно-поправен дом за млади сторители, откако во установата беа потврдени два случаи на туберкулоза.Затворањето ќе остане на сила до петок, додека надлежните институции ги проценуваат дополнителните мерки за заштита на учениците и на вработените.

Свет | пред 9 месеци

media-libraryub33bq4rtoa22tYMlPX

Америка го подготвува теренот за влез на нафтените компании во Венецуела

Американски претставници работат на брзо издавање општа дозвола со која би се укинале дел од санкциите врз енергетскиот сектор на Венецуела, што укажува на промена на досегашната практика на поединечни изземања. Соединетите Американски Држави со месеци го блокираа извозот на венецуелска нафта, распоредувајќи воени бродови во Карипскиот регион. На почетокот на јануари американските сили го приведоа венецуелскиот претседател Николас Мадуро, наведувајќи дека треба да биде изведен пред американски с

Свет | пред 9 месеци

media-librarys1e9gft6upggfAq42Jr

Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешното обраќање во Собранието,  на настанот „Анализа на јавното мислење за процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ во 2025 година", наведе неколку причини кои упатуваат на тоа дека власта има антиевропски манири, кои се загрижувачки и државата ја ставаат во фаза на  стагнација и изолација.„Влошувањето на односите со соседите не е во духот на пристапувањето кон Европа. Не може да се каже го реши

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryrrboo0mre2qufAETiWB

Тошковски – Кочиу: Зајакнување на билатералната соработка, One Stop систем и со Албанија и нов Центар за полициска и царинска соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Министерството за внатрешни работи оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу, која престојува во официјална посета на земјава.На средбата беа разгледани повеќе значајни прашања од заеднички интерес, со акцент на унапредување на општата соработка меѓу двете министерства, планот до почетокот на туристичката сезона да се имплементира One Stop системот и со Република Албанија, можноста

Македонија | пред 9 месеци

media-librarylug0qgcf722qayucQaY

Две фирми ќе бидат гонети за трагедијата со лифтот во Охрид каде загина младиот охриѓанец, градилиштето било небезбедно

Трудовиот инспекторат ќе поднесе кривични пријави против две фирми поради стравичната трагедија во која при пад во отвор за лифт животот го загуби 28-годишниот охриѓанец Кристијан Љушев, објави ТВ Алфа.По двонеделна темелна контрола на околностите под кои се случи несреќата, трудовите инспектори утврдиле дека двете фирми не ги исполнувале законските прописи за безбедност и здравје при работа на градилиште. Во интерес на истрагата, засега не се соопштува за кои компании станува збор.Според утврде

Охрид | пред 9 месеци

zaev-filipce-1

Оформен предмет: Обвинител ќе истражува дали Филипче и Заев го принудувале Жан Митрев да им ги продаде неговите удели

Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема конкретни дејствија на проверки во предмет оформен по допрен глас на 21 јануари 2026 година, по однос на јавно изнесените наводи од Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“.Како што соопштија од Обвинителството, предметот е отворен поради тврдењата дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство наводно се обиделе да го принудат Митрев да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката.„Во предметот се в

Македонија | пред 9 месеци

media-library78tcj4ve56c0d0p5QYs

Преживеан од трагедијата во Романија тврди дека „lane assist“ го блокирал воланот, во несреќата загинаа седум лица

Еден од преживеаните во сообраќајната несреќа со минибусот во Романија, во која загинаа седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК, а тројца беа повредени, тврди дека системот за асистенција на лента можеби придонел за трагедијата, изјави во средата еден од лекарите што го лекуваат.Несреќата се случила во вторникот во близина на Темишвар. Навивачите патувале кон Лион, Франција, каде требало да присуствуваат на натпревар од Лига Европа. Засега не е познато на кое место во минибусот седел сведо

Свет | пред 9 месеци

media-libraryrjgsl8u60418dvZIqo6

Построги казни, одземање возила и конфискација имот: што се менува во Кривичниот законик

Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик се предвидува значително заострување на казнената политика, проширување на можностите за конфискација на имот, воведување нови кривични дела и построги санкции за сообраќајни, коруптивни и организирани криминални дејствија. Дел од одредбите ќе започнат да се применуваат од 1 февруари 2026 година, додека останатите осмиот ден од објавувањето во „Службен весник“.Со законските измени се проширува институтот на проширена конфискација, при што судот ќ

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryqmhsc6a444o5aOEgpvH

Евроинтеграциите повторно приоритет: Расте довербата во ЕУ, се бара консензус дома

По долг период на стагнација и скепса, поддршката за членство на Македонија во Европската Унија повторно бележи значителен раст. Според најновото истражување на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, дури 71 отсто од граѓаните го поддржуваат приклучувањето кон ЕУ, што претставува зголемување од речиси 10 проценти во однос на минатата година.На презентацијата на истражувањата „Анализа на јавното мислење за пристапување во ЕУ (2014–2025)“ и „Нови глобални неизвесности, стари европски обврск

Македонија | пред 9 месеци

media-librarym34l4jnhr0cr4Y6MGhf

Критика од Калајџиев за Маричиќ и СДСМ: Ако вредеа, немаше вака да завршат

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев со остра критика се огласи по изборот на Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија, оценувајќи дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со ваквите потези „си пука во нога“.„СДСМ си пука во нога; ако Бојан Маричиќ и сличните нешто вредеа, немаше да завршат вака!“, порачува Калајџиев.Изборот на Маричиќ за претседател на ДИК следи по неговата активна политичка кариера во рамки на СДСМ. Тој беше еден од клучните луѓе во периодот по

Коментари | пред 9 месеци

media-libraryt77ev5v0d7d59kRp06P

Манасиевски тврди дека синдикатите блокирале значајно покачување на платите во администрацијата

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе обвинувања на сметка на Сојузот на синдикатите на Македонија и неговиот претседател Слободан Трендафилов, тврдејќи дека тие одбиле предлог за зголемување на платите во администрацијата за 40 отсто во период од две години, на штета на работниците.Според Манасиевски, предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидувал значително зголемување на платите за административните службеници преку нов колективен договор

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Разбојништво во Штип: 82-годишна жена тешко повредена во напад во сопствениот дом

82-годишна жена од Штип пријавила дека била жртва на брутален напад и разбојништво во својот дом, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена на 27 јануари 2026 година во 08:27 часот во СВР Штип, настанот се случил претходната вечер, на 26 јануари, околу 21:00 часот. Непознато лице, со употреба на физичка сила и подесен алат, насилно влегло во домот на жената и физички ја нападнало.Како последица на нападот, таа се здобила со тешки телесни повреди, кои ѝ биле кон

Македонија | пред 9 месеци

media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

Бизнис агентка вработена во мобилен оператор присвоила мобилни телефони и оштетила компанија за околу 600 илјади денари

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б. (36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „проневера во службата“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавената во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент, свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои ѝ биле доверени во рамки на службените обврски.Таа, како што информира МВР, на менаџерот во Гевгелија

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Тројца осомничени за изборни фалсификати и злоупотреба на лични податоци во Богданци

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш. (40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „фалсификување исправа“. Кривична пријава е поднесена и против Д.Л. (33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“, како и против Б.З. (45) од Скопје за „фалсификување исправа“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во септември 2025 година првоприја

Македонија | пред 9 месеци

media-library9hgvvo1eq8ub52ZiCEb

20-годишник се заканувал на полицајци и се обидел да запали незаконски исечена дрвна маса

ОВР Берово поднесе кривична пријава против М.Г. (20) од селото Црник, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ и „спречување на докажување“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 декември 2025 година во селото Црник, пријавениот се однесувал агресивно и упатувал закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија на терен.Откако полицијата к

Македонија | пред 9 месеци

kidnapiranje

21-годишник од Штип осомничен за насилство и киднапирање на ќерка си

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Е.Д. (21) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „одземање на дете“.Според информациите од МВР, на 17 ноември 2025 година во Штип, пријавениот, заедно со уште две лица, физички ја нападнал својата поранешна сопруга на возраст од 23 години. По нападот, со помош на едно од присутните лица, тој ја одзел нивната малолетна ќерка.Случајот е пријавен и документиран, а кривичната пријава е

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Радовишанци и жители на Конче пријавени за насилство, едно лице и за напад врз деца

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Н.З. (19), М.И. (20) и С.К. (19), сите од Радовиш, како и против И.Р. (18) и А.Н. (20) од село Конче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.Дополнително, против Н.З. е поднесена и кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“.Според информациите од МВР, на 31 декември 2025 година, пред угостителски објект во Радовиш, пријавените физички го нападнале Д.К., додека Н.З. физички нападна

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryf92q9lus3vhj7rjyoDi

(Видео) МВР разби ланец за транспорт на дрога: марихуаната пренесувана со шлепувано возило

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против М.З. (37), И.Б. (61) и Г.Б. (59), сите од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според информациите од МВР, на 26

Настани | пред 9 месеци

media-libraryr6q0vvfh2i8g33zSds1

Инвестирањето не е само раст, туку и управување со ризик

Во рамки на конференцијата „Инвестирањето во 2026“, организиран од Prime Class на тема „Инвестициски ризик и осигурителни стратегии за финансиска стабилност“, зборуваше  генералната директорка на Сава осигурување а.д. Скопје, Мелита Гугуловска.Фокусот на дискусијата беше ставен на потребата инвестирањето да се гледа како дел од поширок систем за финансиска стабилност, а не исклучиво низ призмата на приносот. Беше нагласено дека најголемите финансиски загуби ретко доаѓаат само од пазарни движења,

Македонија | пред 9 месеци

paridenari1

СДСМ со поддршка за барањата на синдикатите: Партијата нема да организира учество на протестот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека целосно ги поддржува денешниот протест на работниците и барањата на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на платите, нагласувајќи дека протестите мора да останат автентичен и независен израз на незадоволството на работниците.Од СДСМ посочуваат дека партијата принципиелно ќе продолжи да ги поддржува барањата на секоја група граѓани на кои им е потребна помош, но дека нема и нема да даде организирана, партиска поддршка за протестот

Македонија | пред 9 месеци

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Камбовски не се сеќава на претставки за мито против судијата Ристов познат по соѕиданите пари, ќе провери па ќе каже

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница, изјави дека не располага со точен податок колку пријави биле поднесени против судијата Ѓоко Ристов, кај кого во домот на неговите родители беа пронајдени заѕидани 350.000 евра, но нагласи дека досега немало пријави од негови колеги – судии од Апелациониот суд.Камбовски посочи дека во Судскиот совет постојано пристигнуваат голем број претставки, но дека не се сеќава на конкретна прет

Македонија | пред 9 месеци

media-librarybbvpcdu9bmntc5SCimx

(Фото) Претреси во Брвеница: Пронајдени дрога, оружје и над 30.000 евра, приведени пет лица

Полициски службеници од СВР Тетово – Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје, утрово извршија координирана акција во тетовското село Брвеница, при што беа лишени од слобода пет лица и беа пронајдени дрога, оружје и поголема сума пари.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 28 јануари 2026 година во 06:40 часот биле приведени И.Ј. (43), С.З. (36), Д.П. (69), Д.П. (65) и С.З. (42), сите од село Брвеница. Врз основа на претходно издадена судска наредба, извршени биле

Македонија | пред 9 месеци

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

„Каде е д-р Жан?“ – СДСМ обвинува за организирана кампања и селективна правда

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска реагираше на, како што наведуваат, континуираната лажна кампања и јавен линч насочен кон претседателот на партијата, Венко Филипче, при што, според нив, клучниот актер во обвинувањата – Жан Митрев – целосно исчезнал од јавноста.Од СДСМ посочуваат дека по неговото гостување на Алфа телевизија, каде што, како што велат, биле изнесени невистини и неосновани обвинувања на сметка на Филипче, д-р Митрев повеќе не се појавил во јавноста, ниту пак

Македонија | пред 9 месеци

media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Филипче: Наместо да најдат решение за транспортот, ја обвинуваат ЕУ – цехот го плаќа бизнисот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека најзагрижувачка е сè поизразената антиевропска реторика на Владата и постојаното префрлање на вината кон Европската Унија, додека клучните обврски во државата остануваат несработени, а последиците ги трпи бизнисот.„Знаевме дека во 2025-та година таква одлука донесе Европската Унија, се поставува прашањето што Владата направи на тоа поле? Ако Европската Унија јасно кажала дека ги менува плановите, регулативите з

Македонија | пред 9 месеци

Oliver-Spasovski

Спасовски: Барањето за минимална плата од 600 евра е оправдано и неопходно

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, изрази целосна поддршка за протестот на работниците и за активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија, нагласувајќи дека борбата за достоинствени плати е легитимна и неопходна во услови на растечка инфлација и поскапувања.Според Спасовски, граѓаните живеат сѐ потешко, бидејќи зголемените цени директно го намалуваат животниот стандард, додека платите не го следат растот на трошоците за живот. Во таа насока, тој оцени дека барањето за зголемување на ми

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања