Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library5lbq3l1baqte2CC4fFw

(Видео) Се појавија потресни снимки од Иран: стотици вреќи со тела пред мртовечница јужно од Техеран

На социјалните мрежи се шират вознемирувачки и потресни снимки од Иран, на кои, според достапните информации, се прикажуваат сцени пред мртовечница во местото Хризак, јужно од Техеран. Снимките ги објави турскиот новинар Рагип Сојлу, кој наведува дека на нив може да се видат стотици вреќи со тела.Според описот, видеата прикажуваат десетици, па и стотици семејства собрани пред објектот, во очај и солзи, додека се обидуваат да ги идентификуваат своите најблиски кои, како што се тврди, биле убиени

Свет | пред 10 месеци

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Сѐ повеќе протекуваат информации за опциите на Трамп против иранскиот режим

Сѐ повеќе информации излегуваат во јавноста за можните чекори што ги разгледува американскиот претседател Доналд Трамп во однос на иранскиот режим, во услови на ескалација на протестите и насилството во земјата. Британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите во Вашингтон, објавува дека меѓу опциите на маса се наоѓа и можноста за воена акција против Иран.Според истите извори, на Трамп му биле презентирани и потенцијални цели кои опфаќаат делови од иранските безбе

Свет | пред 10 месеци

media-librarylfpebmm7mdi6ciCPjv6

Американски сенатор до Иранците: Помошта пристугнува

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека помошта за иранските демонстранти „е на пат“, само неколку часа откако Трамп јавно порача дека Соединетите Американски Држави се подготвени да им помогнат на граѓаните на Иран во нивната борба за слобода.Во објава на социјалната мрежа Икс, Греам се обрати директно до иранскиот народ, наведувајќи дека „долгата ноќна мора наскоро се приближува кон својот крај“. Тој порача дека претседателот

Свет | пред 10 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Според досега пребројаните гласови од повторените избори за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани има убедливо водство пред противкандидатот Невзат Бејта, покажуваат податоците објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија.Иако резултатите сѐ уште не се конечни, од изборниот брифинг, како и од увидот во податоците на ДИК, може да се заклучи дека кандидатот Валбон Лимани, кој настапува со поддршка на коалицијата поврзана со Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција,

Македонија | пред 10 месеци

media-librarye80rui390l4d3MLykPS

Жесток судир на СДСМ и Стоилковиќ: „Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат“

СДСМ јавно го обвини вицепремиерот во Владата предводена од Христијан Мицкоски, Иван Стоилковиќ, дека има блиски врски со Српската напредна странка и со руската националистичка група „Ноќни волци“, откако тој присуствувал на настан во Република Српска. Од опозициската партија тврдат дека ваквото присуство не е случајно и дека, според нив, претставува доказ за политичка и идеолошка поврзаност меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СНС и структури блиски до Кремљ.СДСМ реагира дека Стоилковиќ јавно се пофалил со своето

Македонија | пред 10 месеци

media-librarypvjl3n2k6p8i0ACh448

(Видео) Снимка открива детали за оштетувањето на објектот на Бугарската амбасада во Скопје

Снимките од видео-надзорот поставен на објектот на Бугарската амбасада во Скопје го документираат моментот на оштетување на стаклото од влезната врата на дипломатското претставништво. На видеото се гледа лице со капа и бела маска на лицето, кое во едната рака држи стап, додека со другата рака замавнува кон стаклената површина на влезната врата, по што се оддалечува од местото на настанот.Инцидентот беше пријавен денеска, 11 јануари 2026 година, во 15:55 часот, кога офицер за безбедност на Амбаса

Скопје | пред 10 месеци

media-libraryas06l1tddm73bNDOdNr

МВР трага по лицето кое искрши стакло од амбасадата на Бугарија во Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска, 11 јануари 2026 година, во 15:55 часот, во СВР Скопје бил пријавен инцидент во објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.Според МВР, пријавата била доставена од Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при МВР, откако офицерот за безбедност на амбасадата, преку системот за видео-надзор, забележал дека едно лице оштетило стакло на влезната врата од дипломатското претставништво.Од Министерството наведуваат де

Македонија | пред 10 месеци

media-librarygfr51l0lud7p26M1rOU

Бугарското МНР тврди дека била нападната амбасадата во Скопје

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека на денеска непознато лице извршило напад врз објектот на Бугарската амбасада во Скопје, оценувајќи го настанот како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи, пренесува агенцијата БГНЕС. Тие не посочуваат за каков напад станува збор, а амкедонските медиуми објавија дека било пукнато стакло на влезната врата. Според бугарскот амбасадор, камерите регистрирале како лиц

Македонија | пред 10 месеци

media-librarystgi4tu0tsqr3HEbMzZ

(Видео) Пет лица повредени во сообраќајната несреќа на патот Тетово–Скопје

Пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила денеска попладне на патниот правец Тетово–Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“Несреќата била пријавена во 15:50 часот во СВР Тетово, а во неа учествувале патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ. (35) од Струга, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (46) од селото Долна Лешница.Во судирот телесни повреди добиле воз

Настани | пред 10 месеци

media-libraryd16tjdjdjnkse6FddNx

(Фото) Аца Лукас тврди дека се обиделе да го ликвидираат по настапот кој го имал ноќеска: Едвај извлековме живи глави

Српскиот пејач Аца Лукас преку објава на социјалните мрежи тврди дека бил цел на обид за убиство по настап на Јахорина (БиХ), заедно со неговиот возач, наведувајќи дека само за малку избегнале смрт.Во објавата, споделена на неговиот официјален профил, Лукас напиша дека нападот се случил ноќта по настапот и дека тој и неговиот возач „едвај извлекле живи глави“. Тој дополнително тврди дека обидот за убиство бил извршен „по налог на Недељко Елек“, без да изнесе дополнителни детали за наводниот моти

Свет | пред 10 месеци

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Вонредна состојба по врнежите: одрони кај Тетово и Гостивар, поплавави во Охридско и Струшко

Обилните врнежи што ја зафатија територијата на Република Северна Македонија предизвикаа одрони, поплави и отежнато одвивање на сообраќајот во повеќе региони, но според вонредната информација од Центарот за управување со кризи, состојбата до 18:30 часот е под контрола и надлежните служби се постојано на терен.Во тетовскиот регион, на патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, падната е голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетов

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynmmk7lv8h7ggct7J0EU

(Видео) Гужви и застој пред наплатната станица за излез од Тетово, сообраќајка на автопатот го парализираше сообраќајот

Сообраќајна несреќа кај наплатната рампа Желино, во правец од Тетово кон Скопје се случи вечерва, но засега нема информација за состојбата на возачите и евентуалните патници.Од снимките на „Скопје1“ може да се види дека предниот дел на еден од автомобилите е целосно уништен, а две од лентите беа затворени бидејќи се правеше увид.На терен беа присутни и две шлеп-служби, додека пак, останатите возачи, возеа пополека, поради состојбата на автопатот.Од МВР најавија детали за подоцна.

Македонија | пред 10 месеци

IMG_5646

Не е екологија, туку живот и смрт: алармантни податоци за аерозагадувањето во земјава од „О2 иницијатива“

Аерозагадувањето во Македонија одамна го надмина прагот на еколошки проблем и прерасна во сериозна и долготрајна здравствена криза, предупредуваат од О2 иницијативата. Според нив, загадувачите како ПМ честичките, издувните гасови од дизел возилата, бензенот, полицикличните ароматични јаглеводороди, одредени тешки метали од индустријата и соединенијата што настануваат при согорување на дрва, јаглен и нафта, се класифицирани како канцерогени од прва група. Тоа значи дека, според Меѓународната аген

Македонија | пред 10 месеци

media-library9arb689eolvd77EsFTi

Белата куќа со „сите опции на маса“ додека Иран тоне во насилство и блокада

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува низа можности за поддршка на антивладините протести во Иран и за слабеење на тамошниот режим, во услови на ескалација на насилството и сѐ поголем број жртви. Според информации на порталот „Аксиос“, повикувајќи се на двајца американски функционери, во Вашингтон се водат интензивни разговори откако Трамп јавно порача дека е подготвен да употреби и воена сила доколку иранските власти продолжат со убивање на демонстранти.Масовните протести продолжија

Свет | пред 10 месеци

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Откриено кои опции Трамп ги разгледува за поддршка на демонстрантите во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува низа опции со кои би им дал поддршка на демонстрантите во Иран и би го ослабнал тамошниот режим, во услови на ескалација на насилството и сè поголем број жртви. Како што дознава „Аксиос“ од двајца американски официјални претставници, разговорите во Вашингтон се одвиваат во сенка на јавната закана на Трамп дека е подготвен да употреби воена сила доколку иранските власти продолжат со убивање на демонстранти.Гушење на протестите и „црни бројки“Масов

Свет | пред 10 месеци

skopje-sneg-2022-2

Зимата покажува заби: минусни утра, ветер и променливо време

Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на изразен зимски бран, со студено и променливо облачно време, повремени локални врнежи од снег и засилен северен ветер. Денеска времето е студено и променливо облачно, со појава на локални снежни врнежи кои во текот на попладнето постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во делови од земјата повремено засилен северен ветер, со налети над 60 километри на час. Во Скопје времето ќе биде студено и променливо облачно, со умер

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryano34m249etg6EultSm

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ангажирани на одржување јавна чистота по снежните врнежи

Од раните утрински часови, сите расположиви екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се ангажирани на критичните точки во градот за одржување на јавна чистота. Покрај дежурните тимови кои интервенираа со абразивни средства со специјална механизација, рачно се нанесуваат абразивни средства на тесни улици, скали во стариот дел од градот, тротоари и други јавни површини за непречено движење на пешаците.Исто така, екипите го расчистија кејот, каде што брановите натрупаа големи количини разновиден отпад.ЈП „

ОО | пред 10 месеци

media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

„Дејли мејл“: Трамп наводно побарал план за инвазија на Гренланд, генерали остро се спротивставиле

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно им наредил на командантите на американските специјални сили да изработат план за можна инвазија на Гренланд, но ваквата идеја наишла на остро противење од највисоките структури во воениот врв, објави британскиот таблоид Daily Mail.Според написот, станува збор за исклучително чувствителен и контроверзен предлог кој, доколку би бил реализиран, би можел да доведе до сериозно нарушување на односите во НАТО и до длабока геополитичка криза. Извори блиски

Свет | пред 10 месеци

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иранските медиуми тврдат: Во немирите убиени најмалку 109 припадници на безбедносните сили

Најмалку 109 припадници на иранските безбедносни сили загинале во немирите што во изминатите денови зафатија повеќе делови од земјата, објави иранската новинска агенција Тасним. Во објавата не се наведува колку лица од редовите на демонстрантите го загубиле животот.Протестите започнаа на 28 декември на Големиот базар во Техеран, поттикнати од наглиот пад на вредноста на иранскиот ријал и влошените економски услови, по што брзо се проширија и во други градови низ државата.Надлежните институции до

Свет | пред 10 месеци

media-libraryiga48gdu3ujde574MpB

Македонија никогаш не ги заборава своите храбри синови: 26 години од убиството на полицајците во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година беа убиени при извршување на редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново.По тој повод, беше положено свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба, оддавајќи почит кон нивната жртва и херојство.Во знак на трајно сеќавање и почит, беше истакнато дека паднатите полицајци ќе останат симбол на храброст, че

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-08-27-at-10.05.12

Изгорел „мерцедес“ во Ѓорче Петров, запален во три часот по полноќ

Пожар зафатил патничко возило во скопската општина Ѓорче Петров, при што нема повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 11 јануари 2025 година во 02:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Б. (27) од Скопје.На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го изгаснала пожарот. Како што соопштуваат од

Скопје | пред 10 месеци

zena-apsenje-lisici-700x465

Дошла пред полициска станица и натепала полицаец: уапсена скопјанка во Гази Баба

Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.Според соопштението на МВР, на 10 јануари 2026 година во 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Е.Д. (52) од Скопје. Инцидентот се случил пред Полициската станица Гази Баба, каде таа нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија, при што му упатувала и закани.По целосно докуме

Скопје | пред 10 месеци

bebe

Починато бебе во Шуто Оризари, наредена обдукција

Бебе било пронајдено починато во семеен дом на подрачјето на Шуто Оризари, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 10 јануари 2026 година околу 08:00 часот, во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во дом на ова подрачје има починато бебе. На местото на настанот излегол лекар кој констатирал смрт без видливи траги на насилство.Полициски екипи извршиле увид, а по наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено н

Скопје | пред 10 месеци

media-libraryip5r3vut0r7n0L3AAZk

(Видео)Реза Пахлави: Не ги напуштајте улиците, моето срце е со вас

Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах, кој долги години е во егзил, сѐ поотворено се обидува да се наметне како политичка алтернатива на актуелниот ирански режим.Со последната порака до демонстрантите: „Не ги напуштајте улиците. Моето срце е со вас“, тој директно ја презема улогата на симболичен лидер на антивладиното движење во Иран. Тој повторно повика на нови протести, кои треба да се одржат вечерва во 18 часот.Неговата реторика е внимателно насочена кон охрабрување на масовноста и ко

Свет | пред 10 месеци

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

Целта на Законот за пушење со забраните и казните е исправна, но пристапот е погрешен?

Влатко Васиљ, познат по своите јавни настапи и пораки на социјалните мрежи, јавно се вклучи во дебатата за новиот закон за заштита од пушење, изнесувајќи став кој комбинира поддршка за целта, но сериозна резерва кон начинот на нејзино спроведување.Васиљ, посочува дека пушењето не претставува граѓанско право, ниту уставно загарантирана слобода и дека не може да се говори за дискриминација кога државата го ограничува во јавен простор. Според него, станува збор за навика и зависност со сериозни зд

Коментари | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања