Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryuh8iq91pp6mpcZBdutJ

Трагична вест од Тетово: Загина младиот фудбалер Даниел Николовски

Фудбалскиот клуб Тетекс соопшти трагична вест – во сообраќајна несреќа во раните утрински часови загинал 21-годишниот Даниел Николовски, поранешен фудбалер на тетовскиот клуб.Николовски бил дел од младинските категории на Тетекс, а потоа настапувал и за сениорскиот тим. До февруари годинава бил член на тетовскиот второлигаш.„Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел“, соопштија од Тетекс.Од клубот велат дека младиот фудбалер ќе остане

Македонија | пред 1 месец

media-libraryatm6crl439bqfhHiFHJ

(Видео) Најмалку 76 загинати во пожар на траект на Филипините, 13 лица се водат како исчезнати

Бројот на загинати во пожарот на патничкиот траект „Ем-Ви Џун Астер“ на Филипините се искачи на најмалку 76, откако спасувачките екипи извлекоа уште неколку јагленосани тела од внатрешноста на пловилото. Уште 13 лица се водат како исчезнати, соопшти филипинската крајбрежна стража, пренесе ДПА.Телата се пренесуваат во пристаништето во Корон, каде што се поставени привремени шатори во кои форензичките екипи работат на обработка и идентификација на жртвите. Во петокот во пристаништето беа донесени

Свет | пред 1 месец

media-library0eq82ofsc8tt6ZEVG7e

(Видео) Доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат – снимка од палењето на објектите на пазарот во Шутка

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат пожарот и веднаш бегаат од местото на настанот.На видеоснимката се гледа како момчињата се приближуваат до дуќаните, по што избувнува пожар и тие го напуштаат местото.Во пожарот комплетно изгореа неколку дуќани, а материјалната штета за сопствениците е голема.Засега нема официјална информација од МВР дали лицата од снимката се идентификувани и дали се п

Скопје | пред 1 месец

media-librarykbd6gibhmock0GLdjUB

Норис најбрз во квалификациите во Мадрид, ќе стартува од пол-позицијата

Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата на првата Формула 1 трка на новата градска патека во Мадрид, откако актуелниот светски шампион беше најбрз во квалификациите.Норис до првото стартно место стигна пред Кими Антонели и Макс Ферстапен, кои ќе стартуваат од втората и третата позиција.Во возбудливата завршница на квалификациите, Луис Хамилтон накратко го презеде првото место со време од 1:32.079, но Антонели потоа беше побрз. Сепак, Норис во последните моменти постави најбрзо време и ја освои

Спорт | пред 1 месец

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Михаилов: Штетата од пожарите досега изнесува над 4 милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега регистрирало 138 шумски пожари, а според првичните проценки, до крајот на јули штетите надминале четири милиони евра. Заменик-директорот на претпријатието, Кире Михаилов, вели дека иако огнените стихии зафатиле стотици хектари шума, бројот на пожарите е во рамките на просекот од изминатите години.„Заклучно со месец јули, штетите се движат некаде околу 4 милиони евра. Тоа е голема штета, меѓутоа во однос на она што го имавме во текот на изминатите год

Македонија | пред 1 месец

media-libraryujpsv7ro50dudbAhNfv

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, на кој учествувале членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, министри и заменици-министри од редовите на партијата.Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изрази благодарност до Фондацијата „Конрад Аденауер“ за организацијата на настанот, нагласувајќи дека ефективната комуник

Македонија | пред 1 месец

dragan-kovacki

(Видео) Ковачки: Стојанчо Радичевски ќе биде идниот градоначалник на Брвеница

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска соопшти дека кандидатурата на Стојанчо Радичевски за градоначалник на Општина Брвеница е официјално поднесена. Радичевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за претстојните вонредни локални избори.Ковачки го оцени Радичевски како одличен кандидат и истакна дека очекува тој да биде продолжение на работата на поранешниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина предвреме.„Верувам дека нашиот кандидат е убедливо најдобриот кандидат, кандидат ко

Свет | пред 1 месец

media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Трамп бара Музејот на американската историја да постави огромни статуи на Џорџ Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп побара пред и во Националниот музеј на американската историја во Вашингтон да бидат поставени огромни статуи на Џорџ Вашингтон, во рамки на неговите напори да влијае врз федералните културни институции.Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ побара пред музејот да биде поставена „колосална статуа“ на Вашингтон, висока девет метри.Тој исто така предложи во централниот дел на музејот, познат како „Flag Hall“, да биде поставена уште една стат

Свет | пред 1 месец

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп за обединета Ирска: „Би сакал да го видам тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да види обединета Ирска, оценувајќи дека такво нешто „на крајот ќе се случи“.За време на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин во Даблин, Трамп беше прашан што мисли за обединувањето на Ирска. Тој одговори дека тоа би било „фантастична работа“ и дека би претставувало големо признание за сите.„Би сакал да видам обединета Ирска. Како би можело тоа да биде лошо?“, изјави Трамп.Американскиот претседател, осврнувајќи се на Мартин, кој сед

Свет | пред 1 месец

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Кремљ: Сè уште не е одлучено дали Путин ќе оди на самитот на Г20 во Мајами

Москва сè уште нема одлучено дали рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во Мајами на самитот на Г20 што ќе се одржи во декември, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Сè уште не знаеме дали ќе одиме во Мајами“, изјави Песков.Претходно денеска, советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека во Москва воопшто не се разговарало за можноста Путин да учествува на самитот.Информациите за можно учество на рускиот претседател се појав

Свет | пред 1 месец

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: Иран веројатно е одговорен за нападот врз клучниот нафтовод во Саудиска Арабија

Нафтената инфраструктура на Саудиска Арабија претрпе прекин откако беше затворен нафтоводот Исток–Запад, една од клучните извозни рути на кралството, која овозможува транспорт на сурова нафта без користење на Ормускиот Теснец.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран веројатно стои зад воздушниот напад врз Саудиска Арабија по кој нафтоводот бил затворен.„Мислам дека се тие, веројатно се тие“, им изјави Трамп на новинарите во Даблин, одговарајќи на прашањето дали Иран е одговорен за

Свет | пред 1 месец

svedska

Шведска утре гласа: Избори што ќе одлучат дали крајната десница влегува во владата

Шведска утре гласа на парламентарни избори кои се очекува да имаат големо влијание врз идниот политички курс на земјата, особено околу прашањето дали крајнодесничарските Шведски демократи ќе станат дел од владата.Според најновите анкети, Шведските демократи имаат поддршка од околу 19 отсто од гласачите. Партијата, која има корени во неонацистички кругови, во последните години постепено го зацврсти своето место на политичката сцена и од изолирана сила стана важен партнер на десноцентристичкиот бл

Свет | пред 1 месец

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин на Г20: „Мора да се сретнеме и да разговараме“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку двајцата бидат поканети на собирот во декември.Во интервју за „Дојче веле“, Зеленски беше прашан дали би се сретнал со Путин доколку и двајцата лидери добијат покана за самитот. Тој одговори потврдно.„Да, секако. Мора да дојдеме. Мора да се сретнеме, да разговараме и да донесуваме одлуки“, изјави Зеленски.Украинскиот претседател нагласи дека з

Свет | пред 1 месец

media-librarysvm5e2qtaoq66nuSAeH

Бране Петрушевски гостин на шведскиот изборен процес во Стокхолм

Пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов престојува во Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Петрушевски во Шведска престојува на покана на Moderaterna и Фондацијата „Јарл Хјалмарсон“, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи во рамки на европското семејство на сестрински и партнерски партии.Во текот на дводневната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh1kupeguu06ub6wArzg

Три физички пресметки во Скопје во текот на ноќта, нападнати и двајца малолетници

На подрачјето на Скопје во текот на ноќта се регистрирани три случаи на физички пресметки и напади, соопшти МВР.На 11 септември околу 16:50 часот во село Кондово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу С.А. (43) и Х.А. (41). По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Два часа по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Пат за Китка“, по претходна расправија, Ф.А. и Д.А. биле физички нападнати од Е.М., Ф.М., И.М. и И

Скопје | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

51-годишен маж од Раковец физички нападнал жена во стан во Тетово

51-годишен маж од село Раковец е лишен од слобода по пријава дека физички нападнал жена со која бил во заеднички стан во Тетово, соопшти МВР.Според информациите од МВР, на 11 септември во 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А. (51) од село Раковец.Претходно, 46-годишната Р.А. од Филипини, која привремено престојува во Крушево, пријавила дека на 1 септември, во нивниот заеднички стан во Тетово, по кратка расправија, Ш.А. физички ја нападнал и ѝ нанел телесна пов

Македонија | пред 1 месец

media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

68-годишен маж од Гостивар ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал

Шеесет и осумгодишен гостиварец е лишен од слобода по пријава од неговата сопруга дека ја нападнал и ѝ се заканувал, соопшти МВР.Според информациите од МВР, на 11 септември во 18:30 часот, на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода И.П. (68) од Гостивар.Неговата 65-годишна сопруга пријавила дека истиот ден околу 15 часот, во нивниот семеен дом, тој физички ја нападнал и ѝ го оштетил мобилниот телефон. Таа пријавила и дека ѝ упатил вербални закани во моментот к

Македонија | пред 1 месец

media-library152ihem7tg9ueVgKyF8

Четворица лишени од слобода во Тетово, полицијата пронашла дрога

На подрачјето на Тетово и околните населени места, во текот на ноќта биле лишени од слобода четири лица кај кои полициски службеници пронашле марихуана и различни прашкасти материи, соопшти МВР.На 11 септември во 20:45 часот, во село Боговиње, полициски службеници сопреле автомобил „голф“ управуван од 24-годишниот А.Д. од село Челопек. При прегледот кај него била пронајдена и одземена марихуана, по што бил лишен од слобода.Два часа подоцна, во 22:00 часот, во Тетово бил лишен од слобода 44-годиш

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfnhsl8qe7upnfYXDoa3

Приведен 40-годишен кратовец, со остар предмет нападнал полицаец

Во Кратово, 40-годишен маж со остар предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, соопшти МВР.Според информациите од МВР, на 11 септември во 19 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода П.Ј. (40) од Кратово поради нападот.Случајот се расчистува и се преземаат дополнителни мерки.

Македонија | пред 1 месец

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Малолетен син ја нападнал мајка си и ѝ се заканувал

Четириесетгодишна велешанка пријавила дека била физички нападната и дека ѝ било заканувано од страна на нејзиниот малолетен син, соопшти МВР.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 11 септември во 20:50 часот во СВР Велес. Жената пријавила дека нападот се случил во нејзиниот дом.За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 месец

soobrakajka-634

Едно лице загина, три се повредени во тешка сообраќајка на патот Гостивар–Стража

Едно лице загина, а три се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Гостивар–Стража, соопшти МВР.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 22:55 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале две патнички возила „голф“.Едниот „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, бил управуван од 34-годишниот А.И. од село Чегране, а негов сопатник бил 28-годишниот Х.К. од Гостивар. Со второто возило, со тетовски регистарски ознаки, управувал 21-годишниот Д.Н.

Македонија | пред 1 месец

media-library6mqc0onrapse9uiSmlP

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Прилеп

Во сообраќајна несреќа што се случила вчераутро во Прилеп, тешко е повредена 51-годишна велосипедистка, соопшти МВР.Според информациите на МВР, во 08:25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Мирче Ацев“ и „Трајко Тарцан“, патничко возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот В.Т. од Прилеп, удрило во велосипедистката К.Д. (51) од Прилеп.По несреќата, велосипедистката била пренесена во Градската болница во Прилеп, каде што лекар констат

Македонија | пред 1 месец

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: ВМОР-ДПМНЕ мисли дека народот е идиот - итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари

Левица ја обвини Владата за нетранспарентност и недоследности во постапката за организација на прославата по повод јубилејот од независноста, оценувајќи дека дополнителните објаснувања околу настанот отвораат нови прашања.Од партијата посочуваат дека рокот за доставување понуди истекол на 8 мај во 12 часот, при што, според нив, била доставена само една понуда од околу сто страници. Само четири дена подоцна, на 12 мај, Владата и „Авалон“ ја најавиле програмата и настапот на Дејвид Гета.Левица пра

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од НАТО-фестот и ОБСЕ-самитот, денес има целосна транспарентност

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ во периодот кога била на власт не била транспарентна во однос на трошењето на средствата за повеќе државни настани, меѓу кои НАТО-фестот, прославата за промената на името и самитот на ОБСЕ.„СДС молчеше за тоа каде завршиле парите од организацијата на НАТО-фестот, прославата за промена на името и ОБСЕ-самитот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека, за разлика од претходната власт, актуелната Влада, според нив, обезбедува целосна транспарентност и отчетност.Од партијата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема откуп, грозјето скапува, лозарите ги уништуваат насадите

СДСМ обвини дека во Неготинско и Тиквешијата лозарите се соочуваат со сериозен проблем поради отсуство на откуп на грозјето, при што дел од родот скапува на лозјата, а некои лозари почнале да ги уништуваат лозовите насади.Од партијата велат дека лозарите се оставени без соодветна поддршка и се соочуваат со високи производствени трошоци, додека за грозјето нема сигурен пласман. Според СДСМ, ситуацијата не е проблем само за актуелната реколта, туку претставува закана и за иднината на лозарството в

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања