Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library1s046moi1erf4lvbuAl

СДСМ со обвинувања: Прославата била „бинго“ од 5,5 милиони евра за власта

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветаноски, ја обвини Владата дека потрошила 5,5 милиони евра за прославата и побара целосна транспарентност за начинот на кој биле доделени средствата.„Бинго од 5,5 милиони евра за Мицкоски и неговата организирана криминална група со прославата, а за граѓаните празни џебови“, изјави Цветаноски.Таа оцени дека станува збор за огромна сума пари и посочи дека граѓаните имаат право да знаат каде завршил секој денар.„Парите се на граѓаните и граѓаните имаат

Македонија | пред 1 месец

media-library4bt49oa1ahj7cX7kavA

Љубчо Георгиевски: Македонскиот јазик откако ќе биде дијалект на бугарскиот јазик, да биде прогласен и за официјален

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше на иницијативата на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, според која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот, оценувајќи дека тоа може да биде основа во следна фаза македонскиот да биде прогласен за официјален јазик во Бугарија.„Пратеникот Костадинов дал иницијатива со која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик“, напиша Георгиевски.Тој иниц

Коментари | пред 1 месец

media-library0aagao4f19jceFM2dfr

Николоски: Ветерни паркови, нов аеродром и когенеративни централи – храбро грабиме во 21 век

Владата е рамноправен партнер на домашните компании кои инвестираат во зелената транзиција и придонесуваат за енергетската независност на државата, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на отворањето на новите капацитети за производство на електрична и топлинска енергија на компанијата „Теса Енерџи“ во Скопје.Николоски оцени дека инвестицијата покажува оти домашните компании и домашниот капитал можат да ги следат современите светски трендови во енергетиката.„Би сакал

Македонија | пред 1 месец

media-librarylur8gk2jim4afhL6VmX

Илинден ја зголеми помошта за новороденчиња на 6.000 денари, по 3.000 денари добива и секое прваче

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, направи пресек на првата година од својот нов мандат, посочувајќи ги инвестициите во патната и комуналната инфраструктура, образованието, спортот и поддршката за семејствата. Меѓу новите мерки е зголемувањето на еднократната финансиска поддршка за новороденчиња на 6.000 денари.Според Георгиевски, меѓу приоритетите останува патната инфраструктура. Целосно е реконструиран локалниот пат Мршевци–Дељадровци во должина од околу 1.900 метри, в

Скопје | пред 1 месец

media-library20225je0borsastmZh7

Нова приватна инвестиција во енергетиката, Мицкоски: Особено значајна пред предизвикувачката зима

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува приватните инвестиции во енергетиката кои истовремено придонесуваат за зголемување на производството на енергија и намалување на штетните емисии во воздухот.Изјавата ја даде при пуштањето во употреба на нова приватна когенеративна централа, која истовремено ќе произведува топлинска и електрична енергија.„Што значи когенеративна централа? Дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr7kofeu8vikje0fiy3U

На „нишан“ се уште неколку лица од по институциите кои побарале мито - се чека и да го земат, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се следат уште неколку случаи на сомнежи за корупција во институциите и ги повика граѓаните да пријавуваат доколку од нив се бара мито.Прашан за случаите со побарано мито кои беа обелоденети во изминатиот период, Мицкоски рече дека веќе има пријави за уште неколку случаи.„Следиме уште неколку случаи на корупција во институциите и чекаме и тоа, да го земат тоа што го побарале од граѓаните. Ги повикувам граѓаните да пријавуваат! Има пријави на неколку случа

Македонија | пред 1 месец

media-library3askkk708lrr8c7vJNR

Судството е под контрола на власта, да беше независно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаше да бидат слободни, вели СДСМ

Судството и обвинителството се ставени под контрола на власта, а доколку правосудниот систем навистина бил слободен и независен, премиерот Христијан Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ немало да бидат на слобода, обвини Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ.Поповиќ тврди дека во изминатите две и пол години власта воспоставила контрола врз институциите, а ги партизирала полицијата и Агенцијата за национална безбедност.„Го сменија јавниот обвинител, сопруга на ексградоначалник на ВМРО

Македонија | пред 1 месец

media-library8h42tf1tr33u89mWcw6

(Видео) Русија со нов бран напади врз Украина: Најмалку тројца загинати, меѓу повредените и петмесечно бебе

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во нови руски напади врз повеќе украински региони во текот на ноќта, соопштија локалните власти. Меѓу погодените се и станбени населби, а меѓу повредените има и петмесечно бебе.Во Запорожје, жена и маж загинале при напад со дрон врз станбено подрачје, додека најмалку уште едно лице е повредено.Тешки последици има и во Одеса, на брегот на Црното Море, каде локалната воена управа соопшти дека се повредени најмалку 17 лица. Меѓу нив е и петмесе

Македонија | пред 1 месец

media-library7bcmsdhptdi57RalZXo

(Видео) Мицкоски вчудовиден од дебатата за химната: Таа треба да биде света за сите граѓани

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитувањето на државната химна треба да биде „свето“ за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, откако новинар го праша дали, по одлуката на Гази Баба за интонирање на македонската химна во училиштата, би било во ред општини со мнозинско албанско население да побараат интонирање на албанската химна.„Добро, понекогаш треба човек и да не одговара на некои прашања, но ајде, сепак сте медиум и треба да дадам одговор и на ова прашање“, рече М

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhnrtpj8ilrk84jMdTZJ

Јовица Радески е кандидат на СДСМ за градоначалник на Брвеница

СДСМ го објави Јовица Радески за свој кандидат за градоначалник на Општина Брвеница.Од партијата наведуваат дека Радески доаѓа од приватниот сектор, по професија е ветеринар, а политички е ангажиран како актуелен советник во општината и носител на советничката листа на СДСМ.Според СДСМ, преку досегашниот ангажман во Советот, Радески одблиску се запознал со проблемите и потребите на жителите на Брвеница.„Чесен и вреден човек, кој секојдневно е меѓу граѓаните, во секое село и во секој дом во општи

Македонија | пред 1 месец

media-librarymtfs63b8g89j15Q3iOA

Од 340 на 560 милиони евра – Обвинителството да го истражи поскапувањето на пругата кон Бугарија, бара Велјановски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, побара Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за железничкиот Коридор 8, посочувајќи дека проценетата вредност на третата фаза, пругата Крива Паланка – граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра.Според Велјановски, ДЗР утврдил дека проценетата вредност на оваа делница се зголемила од 340 на 560 милиони евра.„Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ биле само провизии,

Македонија | пред 1 месец

gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Движењето ЗНАМ го обвини градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за цензура при објавувањето на официјалната снимка од седницата на Советот, тврдејќи дека видеото прекинува токму во делот во кој нивната советничка Александра Цветановска зборува за спорниот Нацрт-ДУП „Барутана“, слободата на изразување и наводните притисоци врз советниците.„Покрај бетонирањето на Центар, Горан Герасимовски сега ја бетонира и цензурата“, велат од ЗНАМ.Според партијата, на официјалната снимка од седн

Скопје | пред 1 месец

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

Трагедија кај скопскиот аеродром: Татко и 18-годишен син загинаа во директен судир, тројца млади тешко повредени

Две лица загинаа, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што околу 2 часот по полноќ се случила на општинскиот пат Илинден – Миладиновци, кај полициската база Брест, која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје.Според Основното јавно обвинителство Скопје, директно се судриле „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувана од 19-годишен кумановец, и „хјундаи и30“, управуван од 51-годишен жител на Марино.Во несреќата на самото место починале 51-годишниот возач на „хју

Македонија | пред 1 месец

danok

Над 221 милион евра даночен долг кон државата – три скопски фирми на врвот на листата на УЈП

Управата за јавни приходи ја објави септемвриската листа на најголеми должници, на која се вкупно 5.240 правни и физички лица со ненамирени обврски од над 13,64 милијарди денари, односно околу 221,8 милиони евра.На врвот на листата се три компании од Скопје, а најголем должник е „Хант осој трејд“, со долг од над 900 милиони денари, односно околу 14,87 милиони евра.Според информациите на УЈП, компанијата нема имот од кој долгот би можел директно да се наплати.„Не поседува движен и недвижен имот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb9cbem0k1hdb4IVm6Aq

СДСМ од Валандово: Пет милиони евра за концерти, а за лозарите нема ниту една мерка

Општинската организација на СДСМ во Валандово бара итен интервентен откуп на грозјето и конкретни мерки за лозарите, обвинувајќи ја власта дека издвојува милионски суми за концерти и манифестации, додека земјоделците се соочуваат со проблеми со пласманот на производите.Претседателката на валандовската организација на СДСМ, Еми Заева-Костова, на прес-конференција тврдеше дека лозарите го нудат грозјето по цена од 14 денари за килограм, но дека и по таа цена имаат проблем да го продадат.„Силно све

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeqpi3p374lp0e3TtA7y

Путин: Мислам дека луѓето во Европа разбираат што се случува

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека политичките промени во Европа, вклучително и изборниот успех на Алтернатива за Германија (АфД), се последица на, како што рече, „системски грешки“ на западните глобалистички елити во политиката, безбедноста и економијата.Путин говореше пред новинарите во текот на првиот ден од посетата на Индија, каде што пристигна за самитот на БРИКС.„Мислам дека сè што сега се случува во Европа, во суштина, е резултат на системските грешки на таканаречениот Запад,

Свет | пред 1 месец

media-library16nfgshmp6mo4dLSQX5

Северна Кореја истрела балистички ракети кон морето, итен безбедносен состанок во Сеул

Северна Кореја истрела неколку балистички ракети со краток дострел кон морето покрај својот источен брег, по што Јужна Кореја свика итен безбедносен состанок.Според Здружениот генералштаб на јужнокорејските вооружени сили, проектилите биле лансирани од подрачјето на Вонсан околу 5:20 часот по локално време и прелетале приближно 250 километри.Јужнокорејските и американските власти спроведуваат детална анализа на карактеристиките на проектилите.„Јужнокорејските и американските разузнавачки служби

Свет | пред 1 месец

media-libraryagnb1p2qks9i2dahmpI

Трамп: Немам ништо против Кина да произведува автомобили во САД, важно е да вработува Американци

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема ништо против кинески компании да отворат фабрики и да произведуваат автомобили во САД, под услов производството да биде на американска територија и да вработува американски работници.Ставот доаѓа во време на силен притисок од дел од американските законодавци и автомобилската индустрија трајно да се ограничи пристапот на кинеските производители до американскиот пазар.„Ако Кина сака да дојде и да отвори фабрика за тука да ги произведува своит

Свет | пред 1 месец

media-library5t7ut3orh5jv8wuLy6F

Трагедија на Филипините: Изгоре траект, најмалку 35 загинати и над 50 исчезнати

Најмалку 35 лица загинаа во пожар на траект на Филипините, откако спасувачките екипи извлекоа уште 30 тела од остатоците на бродот. Повеќе од 50 лица сè уште се водат како исчезнати, а потрагата продолжува.Траектот „MV June Aster“, кој пловел од Манила, се запалил во средата непосредно пред пристигнувањето во туристичкиот центар Корон. На бродот имало повеќе од 130 патници и членови на екипажот.Досега се спасени 43 лица, од кои повеќето биле пренесени во болница. Спасувачките екипи успеале да на

Свет | пред 1 месец

media-library98c7ddga5hd0dtWnFAq

(Видео) Украински дронови стигнаа 900 километри во Русија – пријавени удари врз фабрики и аеродром

Украински беспилотни летала во текот на ноќта наводно погодиле повеќе индустриски и воени цели во руските градови Тољати и Таганрог, а по нападите биле регистрирани големи пожари и густ чад.Информациите првично ги објавија руски канали на „Телеграм“, додека украинската војска во моментот на објавувањето сè уште немаше официјално преземено одговорност за нападите. Нема ниту независна потврда за целосниот обем на штетата.Во Тољати, во Самарската област, на околу 900 километри од украинската границ

Свет | пред 1 месец

media-libraryli93ib1bjrtm5KDGOP6

Силна експлозија во магацин за оружје во Бугарија, огнот го осветли ноќното небо

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за оружје во централниот дел на Бугарија во текот на ноќта, а огнот бил толку силен што го осветлил ноќното небо. Засега нема информации за повредени.Пожарот избувнал во близина на селото Царева Ливада, а снимките објавени од локалните медиуми покажуваат голем пламен над објектот.„Во овој момент пожарот го зафати магацинскиот дел од фабриката и се шири од магацин до магацин“, изјави регионалната гувернерка на Габрово, Кристина Сидорова.Според бугарски

Свет | пред 1 месец

media-libraryth7uk4ukcrrv287XiEa

Септември е врвот на сезоната, а на Атлантикот сè уште нема ураган – што се случува?

Во период од годината кога Атлантикот вообичаено веќе би имал неколку урагани, сезонава сликата е сосема поинаква. Досега се формирале пет тропски бури – Артур, Берта, Кристобал, Доли и Едуард – но ниту една не достигнала сила на ураган.Вообичаено, до овој период од сезоната веќе би биле регистрирани околу осум тропски бури, од кои три би прераснале во урагани. Септември, притоа, е периодот кога активноста на Атлантикот најчесто го достигнува својот врв.Атлантската сезона на урагани трае од 1 ју

Свет | пред 1 месец

media-librarytclh872fm1hu29ZIy2v

Јане Ченто: „27 Април“ нема да исчезне со молчење, ќе бараме правда додека не ја добиеме

Јане Ченто, еден од осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, повторно се огласи со порака дека нема да се откажат од барањето правда за случајот.Во кусата објава, Ченто порачува дека случајот нема да биде заборавен и дека молчењето нема да стави крај на прашањата поврзани со пресудите за „27 Април“.„‘27 Април’ нема да исчезне со молчење. Нема да се заборави. Ќе бараме правда додека не ја добиеме!“, порача Ченто.Тој и во изминатиот период јавно бараше преиспитување на случајо

Коментари | пред 1 месец

media-librarysfj2m7ihsafrc6ME561

Ивановска до Герасимовски за ДУП-от на Водно: „До кога, Горане, има ли крај твојот бетон?“

Нова реакција околу Нацрт-ДУП Ј 05 – Барутана доаѓа од Билјана Ивановска, жителка на Центар и поранешна кандидатка за градоначалничка на општината, која директно му одговори на градоначалникот Горан Герасимовски откако тој побара јавно извинување од советничката група „Шанса за Центар“ за однесувањето за време на јавната презентација на планот.Ивановска го критикува Герасимовски дека при планирањето на просторот треба да се има предвид историјата на Водно и причините поради кои планината била по

Скопје | пред 1 месец

vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите – Карбинци се развива со конкретни инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ ги презентира резултатите од работата во Општина Карбинци во изминатата година, посочувајќи на инвестиции во образованието и инфраструктурата, како и на финансиска поддршка за деца, млади и семејства.Од партијата велат дека во Радање е изградена нова училишна зграда, додека со доградбата на градинката „Кокичиња“ се обезбедува простор за околу 100 дополнителни деца.Меѓу инфраструктурните проекти го издвојуваат и изградениот пешачки потег меѓу Таринци и Карбинци во должина од 1,5 киломе

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања