Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Скопје1.мк

media-libraryaommr7i8gg9ubxGSHRq

Американците бесни на Инфантино: Градови домаќини тврдат дека ФИФА им должи милиони

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со нови критики откако неколку американски градови домаќини на Светското првенство тврдат дека не ја добиле ветената финансиска помош од по еден милион долари за организациските трошоци.Според американските медиуми, средствата биле усно ветени за време на подготовките за Мундијалот, но до денес не биле исплатени, поради што локалните организациски комитети бараат објаснување од ФИФА.Ова се случува во период кога Инфантино веќе е изложен на критик

Спорт | пред 3 месеци

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Приведени четворица македонски и еден швајцарски државјанин поради марихуана

Пет лица се лишени од слобода во одделни полициски акции во Скопје, на граничниот премин Табановце и во Прилеп, откако кај нив била пронајдена марихуана.Во Скопје биле приведени А.А. (41), С.В. (20), двајцата од Скопје, како и Д.М., државјанин на Турција, кај кои полицијата пронашла и одзела марихуана.На граничниот премин Табановце, при контрола на патничко возило со швајцарски регистарски таблички, марихуана била пронајдена кај Е.К. (54) од Швајцарија, кој изјавил дека дрогата е негова.Во Приле

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Полицијата приведе 19-годишник, возел без возачка дозвола

Деветнаесетгодишен прилепчанец е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил без возачка дозвола.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 5 август околу 02:20 часот на улицата „Круме Волнароски“ во Прилеп, полициски службеници запреле автомобил „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.И. (19).При контролата било утврдено дека возачот не поседува возачка дозвола. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya3k70v46dg3jct1E5RF

Жители на Аеродром алармираат за голема дупка на булеварот „Видое Смилевски-Бато“

Жители на скопската општина Аеродром преку Фејсбук групата „Општина Аеродром – Пријави проблем“ предупредуваат на голема дупка на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, кај број 13, во близина на „Кам маркет“.Според објавата, станува збор за кратер кој претставува сериозна опасност за безбедноста на пешаците и возачите.Граѓаните апелираат до надлежните служби што поскоро да интервенираат и да ја санираат оштетената коловозна површина за да се спречат евентуални несреќи.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryt38ap4v3jktjdjinEwG

Бугарски пратеници со забрана за влез сепак присуствувале на судењето во Кочани за Ива Михајлова

Двајца пратеници од бугарската партија „Преродба“ објавија фотографии со кои потврдија дека присуствувале на судското рочиште во Кочани за 23-годишната Ива Михајлова, која има македонско и бугарско државјанство.Според телевизија Телма, станува збор за Крсто Врачев и Ангел Георгиев, иако, како што наведува медиумот, тие имаат важечка забрана за влез во Македонија врз основа на судска одлука.За време на судењето, двајцата упатија критики за, како што рекоа, состојбата со владеењето на правото во М

Македонија | пред 3 месеци

Kovacki-02.04.2022

Ковачки: Никој не ги спомна со име, ама сами се препознаа како „талогот“

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон политичките противници, наведувајќи дека никого не именувал, но дека „сами се препознале како талогот“.Тој ги обвини дека со години ја влечат државата и општеството назад и дека никогаш не работеле надвор од политиката.„Вчера клечеле пред Софија, утре пред Белград, задутре пред Москва… адресата се менува, ама држењето не“, напиша Ковачки.Според него, измеќарството не може да биде политич

Македонија | пред 3 месеци

272044975_7325265100824619_7909443333828817716_n-1

На скопскиот аеродром уапсен државјанин на Словачка баран од Интерпол Германија

Дваесет и двегодишен државјанин на Словачка е уапсен на Граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, откако при пасошка контрола било утврдено дека е баран по меѓународна потерница распишана од Интерпол Германија.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за Б.Ф. (22), кој бил приведен на 4 август во 21:00 часот при влез во државата.Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhgjkj3l9q04h69tdZvd

Италијански државјанин уапсен на скопскиот аеродром, во багажот му пронашле два ловечки патрони

Италијански државјанин е уапсен на Граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, откако при пасошка контрола во неговиот личен багаж биле пронајдени два ловечки патрони.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за М.П.М. (48), кој бил приведен на 4 август околу 18:40 часот при обид да ја напушти државата.Пронајдените патрони биле одземени, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Уапсен 62-годишник, подолг период ја малтретирал и тепал сопругата

Шеесет и двегодишен жител на делчевско село е лишен од слобода по пријава дека подолг период агресивно се однесувал, ѝ се заканувал и физички ја напаѓал својата сопруга, соопшти Министерството за внатрешни работи.Полициски службеници го привеле мажот на 4 август околу 15:10 часот во Македонска Каменица, по што бил задржан во полициска станица.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryh5l2ac64muikevdhNVC

Тешко повреден 83-годишен пешак по судир со мопед во Скопје

Осумдесет и тригодишен пешак е тешко повреден откако во него удрил мопед на улицата „Јустинијан Први“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 4 август околу 07:55 часот, кога мопед управуван од 22-годишниот А.Ј., двајцата од Скопје, удрил во пешакот Ц.Н. (83).Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во болницата „Св. Наум Охридски“ и во Ургентниот центар при К

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав ќе ги посети Уругвај, Аргентина и Перу

Ватикан соопшти дека папата Лав од 6 до 17 ноември ќе престојува во Уругвај, Аргентина и Перу, во рамките на неговата прва голема турнеја низ Јужна Америка.Според објавениот распоред, од 6 до 8 ноември ќе престојува во Уругвај, од 8 до 11 ноември во Аргентина, а од 11 до 17 ноември во Перу.Папата Лав, првиот поглавар на Римокатоличката црква роден во САД, е и државјанин на Перу, каде што од 2015 до 2023 година служеше како бискуп во Чиклајо.За време на посетата на Перу ќе ги посети Чиклајо, Лима

Свет | пред 3 месеци

izbori-germanija

Берлин обвинува: Русија шири дезинформации за да влијае врз изборите

Германските безбедносни служби тврдат дека Русија ги интензивирала кампањите за ширење дезинформации во пресрет на покраинските избори во септември, на кои се очекува добар резултат на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД).Според извори на Ројтерс, целта на кампањите е да се продлабочи политичката поларизација и да се наруши угледот на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ), нејзиниот коалициски партнер Социјалдемократската партија, како и на Зелените и Слободната демокра

Свет | пред 3 месеци

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: Дизелот поскапе за над 20% за помалку од еден месец - Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвини дека Владата ги оставила граѓаните сами да се справуваат со, како што велат, најголемото поскапување на дизелот во последните години.Од партијата наведуваат дека за помалку од еден месец цената на дизелот се зголемила од 82,5 на 99,5 денари за литар, што претставува раст од 20,6 проценти. Според ДУИ, тоа е речиси четирипати поголемо зголемување од просекот во земјите на Европската Унија во истиот период.„Ова поскапување ќе значи повисоки трошоци за

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог

Министерството за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата подготвува прифаќање на францускиот предлог, оценувајќи дека станува збор за обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста.Во реакцијата се наведува дека тврдењата за таен договор или тајни преговори се невистинити и претставуваат, како што велат, уште една конструкција пласирана во јавноста.Од Министерството посочуваат дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, европскит

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryouvhc324vipq1OWfdYz

„Владата на Мицкоски веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог“, вели Жерновски

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и секретар за меѓународна соработка, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференцијата изјави дека Владата веќе договорила прифаќање на францускиот предлог и дека во моментов ја подготвува јавноста за таквиот потег.Според него, СДСМ располага со информации од Брисел дека договорот е веќе постигнат, а, како што рече, сигнали за тоа пристигнале и од Берлин и од Париз.Жерновски оцени дека се пропаднати сите обиди на Владата да ја прикрие вистината, наведувајќи дека

Македонија | пред 3 месеци

media-library91ao9meerju69DKSvnn

Србинот кој за малку ќе испаднеше од авион ќе ги тужи „Рајанер“, „Боинг“ и „Џенерал електрик“

Српскиот државјанин Љубиша Каровиќ, кој за малку ќе испаднеше од авион на „Рајанер“ поради пукање на прозорецот за време на летот, ќе поднесе тужби против три компании – „Рајанер“, „Боинг“ и „Џенерал електрик“.Според српските медиуми, Каровиќ и неговиот правен тим, предводен од грчки адвокат, веќе ангажирале и американска адвокатска канцеларија специјализирана за авионски несреќи. Постапките против „Боинг“ и „Џенерал електрик“ ќе се водат во САД, додека сè уште не е познато каде ќе се води споро

Свет | пред 3 месеци

media-library4o999ihochdp6ck2Y4o

(Видео) Експлозијата во московски ресторан однесе уште една жртва, загинал зетот на руски генерал

Зетот на командантот на руските Воздушно-космички сили, Александар Чајка, загинал во експлозијата што се случи на 1 август во ресторанот „Балзи Роси“ во центарот на Москва, објави рускиот портал „Агентство“.Според порталот, смртта на Данил Передриј е потврдена откако еден од неговите лични документи бил прогласен за неважечки истиот ден, а информацијата е евидентирана и во рускиот регистар на правни лица.Експлозијата се случила за време на приватен настан во ресторанот, а според проруски блогери

Свет | пред 3 месеци

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Недостигот од вода го загрози нуклеарниот реактор: Романија презема вонредни мерки

Романија денеска ќе потопи четири баржи натоварени со камења во Дунав во обид да го зголеми протокот на вода кон нуклеарната централа Чернавода, откако еден од реакторите беше исклучен поради недостиг на вода.Според романските власти, потопувањето на баржите треба да започне по 14 часот. Претходно, армијата со експлозив ја урна карпата Паржоаја за да го пренасочи текот на Дунав кон ракавецот Стар Дунав и да обезбеди поголем доток на вода до електраната.Експертите соопштија дека по интервенцијата

Свет | пред 3 месеци

ebola

СЗО ја засилува помошта за Конго: Речиси 4.000 заразени од ебола

Светската здравствена организација (СЗО) ја засилува поддршката за Демократска Република Конго, каде што се потврдени речиси 4.000 случаи на ебола. Поради сериозноста на состојбата, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пристигна во Киншаса на разговори со здравствените власти и со претседателот Феликс Чисекеди.Според Министерството за здравство на Конго, до понеделникот биле регистрирани 3.874 случаи на ебола, од кои 1.751 завршиле со смртен исход.Актуелната епидемија, предизви

Свет | пред 3 месеци

media-libraryhgevo332isba8jXMWHR

Активни пет пожари на отворено, два се ставени под контрола

До 13:00 часот денеска во земјава се регистрирани седум пожари на отворен простор, од кои пет се активни, а два се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни се пожарите во близина на Ѓоновички Мост во Општина Гостивар, кај селото Ранковце во Општина Ранковце, кај селото Кетеново во Општина Кратово, во селото Логоварди во Општина Битола и кај селото Руѓинце во Општина Старо Нагоричане.Под контрола се пожарот меѓу селата Зрновци и Лески во општините Зрновци и Ви

Македонија | пред 3 месеци

netanjahu

Нетанјаху: Израел нема да се повлече од Газа додека Хамас не биде целосно разоружан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не го прифаќа предлогот на Одборот за мир за Газа, поддржан од САД, нагласувајќи дека единствениот услов за какво било повлекување е целосно разоружување на Хамас.Во видео објавено на Фејсбук, Нетанјаху рече дека тимот на американскиот претседател Доналд Трамп смета дека може да обезбеди разоружување на Хамас и демилитаризација на Појасот Газа, но дека израелската страна не се согласила со доставениот нацрт.„Го разгледавме предлогот, но т

Свет | пред 3 месеци

media-libraryf6q77d8pmsbd3qHJ2EC

Во прекин сообраќајот на патот Битола–Прилеп поради сообраќајна несреќа

Сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола–Прилеп е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ.Според информацијата објавена во 12:00 часот, прекинот е на делницата кај мостот на реката Шемница и трае од 09:00 часот.Од АМСМ апелираат возачите да ги следат информациите за состојбата на патиштата и да користат алтернативни патни правци доколку е можно.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

Тетка го нападнала внукот со остар предмет во Могила

Триесет и петгодишен жител на општина Новаци пријавил во полиција дека бил нападнат со остар предмет од својата тетка, при што се здобил со повреди.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 август 2026 година, во 23:00 часот, во Полициското одделение Новаци, Н.П. (35) од селото Добромири пријавил дека во селото Добрушево, општина Могила, бил нападнат со остар предмет од неговата тетка М.А.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library85vudhb1nc1378KgpZb

„Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“

Со вокален раскош,  пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна енергија и уметничка емоција на фестивалската сцена.-Роденденот на „Охридско лето“ секогаш е посебен момент за

Охрид | пред 3 месеци

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Маж ја нападнал својата 20-годишна девојка во Кичево

Дваесетгодишна девојка била физички нападната од својот партнер во Кичево, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 5 август 2026 година, во 00:20 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека на булеварот „Ослободување“ во градот, Ф.Н. физички ја нападнал својата 20-годишна девојка.Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања