Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Скопје1.мк

media-libraryp34a6q95puntf3E92gM

Уапсена „газдарицата“ на „Камени кукли“: Нападнала посетители на локалитетот

Стојна Димитровска Бут (41) од Кратово, позната во јавноста по случувањата на локалитетот „Камени кукли“ во Куклица, е приведена откако, според полицијата, физички нападнала повеќе посетители.Од СВР Куманово соопштија дека вчера, околу 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода, постапувајќи по пријава дека на 2 август, околу 18 часот, физички нападнала повеќе лица кои го посетувале археолошкиот локалитет „Куклица“.„По насоки на јавен обвинител, С.Д. е приведена во пол

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryt58lfvb84vqv83eXYjh

(Видео) Се запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово–Гостивар

Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запали додека се движел по автопатот Тетово–Гостивар.На социјалните мрежи и во медиумите се појави видео од инцидентот, на кое се гледа автобусот целосно зафатен од пламен.Поради интервенцијата, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар во изминатите часови се одвивал отежнато.Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот, ниту дали има повредени лица.Повеќе информации од надлежните институции се очекуваат во текот на денот.

Македонија | пред 3 месеци

toplo-vreme-768x556

Жештините продолжуваат: Попладнево сончево и топло

Времето попладнево ќе се задржи сончево и многу топло, со мала локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а во текот на ноќта ќе преовладува ведро време.Во текот на денот времето беше сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер, претежно од западен и северозападен правец.Максималната дневна температура достигна до 39 степени, а и во наредните часови ќе се задржи топло време.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryoclb9eme12711lA8V4D

Гужви на границите: На „Богородица“ и „Дојран“ се чека до три часа

Поради зголемена фреквенција на возила, на повеќе гранични премини во земјава се бележат подолги задржувања, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).Според последните информации, на граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу 30 минути, додека на „Богородица“ за излез од државата задржувањето е околу три часа, а за влез околу еден час. На граничниот премин „Дојран“ за излез од државата, исто така, се чека околу три часа.„На останатите гранични премини од маке

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Иран го демантираше Трамп: Нема нови преговори со САД

Иран ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека во понеделник ќе започнат нови преговори меѓу Техеран и Вашингтон, јавува Би-би-си.Трамп, говорејќи во претседателскиот авион „Ер Форс 1“, изјави дека Иран бил запознаен со подготовките за, како што рече, „масовен напад“, кој подоцна бил откажан.„Разговараме со нив во форма на преговори. Тие започнуваат утре попладне“, изјави Трамп.Претходно, на својата платформа Truth Social, американскиот претседател тврдеше дека Иран и ам

Свет | пред 3 месеци

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Опасната бактерија сè уште е во водата во Гостивар: Пријавени нови 84 пациенти, вкупно 4.684

Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и употреба, бидејќи во неа е утврдено присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa, која претставува ризик по здравјето на луѓето. Ова денес го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Постои присуство на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање, бидејќи се опасни за здравјето, особено за лицата со ослабен имунитет“, изјави

Македонија | пред 3 месеци

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп му даде поддршка на републиканецот што гласаше против неговата политика кон Иран

Републиканскиот конгресмен Том Барет, кој трипати гласаше за ограничување на воените овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со војната против Иран, само неколку дена подоцна доби јавна поддршка од самиот претседател на предизборен митинг во Мичиген.„Го очекува тешка изборна трка. Мора да му помогнете“, им порача Трамп на присутните, повикувајќи го Барет на сцената.„Горд сум што денес стојам покрај вас“, му возврати Барет.Според анализата на CNN, ваквиот однос е редок во д

Свет | пред 3 месеци

media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Шпанскиот министер: Мароко помогна најголем дел од мигрантите да бидат вратени

Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави дека масовниот влез на мигранти во Сеута во изминатите денови е „исклучително невообичаен настан“, но нагласи дека Мароко од самиот почеток соработувал со шпанските власти за да го запре мигрантскиот бран и да овозможи брзо враќање на мигрантите.„Големо мнозинство од оние што влегоа веќе се вратени во Мароко, а Мароко и понатаму соработува за да се врати и последното лице што влегло“, изјави Албарес во интервју за шпанската јавна

Свет | пред 3 месеци

media-libraryf5or6hnqc4pb4mDv6Vn

Русија и Северна Кореја градат нов мост, Киев стравува од префрлање војници

Русија и Северна Кореја привршуваат со изградбата на нов патен мост што ќе ги поврзува двете земји, а проектот предизвикува загриженост во Украина поради стравувањата дека би можел да се користи за транспорт на севернокорејски војници и воена опрема.Мостот се гради во близина на руското населено место Хасан, каде што веќе постои железничка врска меѓу двете држави. Иако Москва официјално наведува дека проектот има за цел да ги зајакне трговијата, логистиката и економската соработка, украински и з

Свет | пред 3 месеци

media-library5ooslbfdot699LRK6sW

Најмалку 13 загинати во новите руски и украински напади

Најмалку 13 лица загинаа во новите руски и украински напади, соопштија властите на двете земји. Во украинските напади врз Крим и руската Краснодарска област животот го загубиле 10 лица, додека во руски напад во централна Украина загинале уште три лица.Најтежок бил нападот во Архипо-Осиповка, туристичко место на брегот на Црното Море во Краснодарската област, каде што украински дрон паднал на плажа. Според гувернерот Венијамин Кондратјев, загинале шест лица, меѓу кои три деца, а околу 40 луѓе се

Свет | пред 3 месеци

media-libraryr4k604fomqlt2xPi5kC

Ријана повторно ги воодушеви фановите со новата кампања за долна облека

Ријана повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, претставувајќи ја најновата колекција на својот бренд за долна облека „Savage X Fenty“.Популарната пејачка, која во последните години е повеќе посветена на модниот и бизнис-светот отколку на музиката, позираше во чипкана долна облека, комбинирана со подвезици и проѕирни чорапи. Изгледот го надополни со впечатлив накит, вклучувајќи огрлица и прстени.Фотографиите за само неколку часа собраа повеќе од еден милион лајкови, а обожаватели

Магазин | пред 3 месеци

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Нафтените компании со рекордна добивка по кризата во Ормускиот Теснец

Големите светски нафтени и гасни компании остварија рекордни финансиски резултати во вториот квартал од годината, благодарение на наглиот раст на цените на енергенсите предизвикан од конфликтот меѓу САД и Иран и нарушувањата во испораките преку Ормускиот Теснец.Шестмесечниот конфликт сериозно го наруши поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, низ кој претходно се транспортираше околу една петтина од светската нафта и природен гас. Намалената понуда ја зголеми цената на суровата нафта „Брент“ о

Свет | пред 3 месеци

media-libraryr0n056rc8kp89TeyOJ5

„Уште една недела - Владата не е способна ни за вода“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата не успева да го реши проблемот со водоснабдувањето во Гостивар, посочувајќи дека водата сè уште не смее да се користи за пиење и подготовка на храна поради присуството на бактеријата Pseudomonas aeruginosa.Од партијата велат дека надлежните повторно најавуваат стабилизација на состојбата „следната недела“, оценувајќи дека граѓаните повторно остануваат без конкретно решение.СДСМ тврди дека сè уште не постои официјален документ со кој се потврдува дека вод

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymbv4bsofplgr8TBXYVf

(Видео) Пожарот кај Кавадарци повторно се разгоре, интервенираат два ер-трактори

Пожарот во кавадаречкиот регион повторно е реактивиран и се проширил на тешко пристапен терен, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Според Ангелов, во гаснењето веќе се вклучени два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во обид да го стават пожарот под контрола.На терен е и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој ја следи состојбата и координацијата на активностите за справување со пожарот.

Настани | пред 3 месеци

media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b

Британец го чувал телото на мајка си во замрзнувач речиси три години за да ѝ ја зема пензијата

Британец на возраст од 60 години е осуден на две години и четири месеци затвор откако речиси три години го криел телото на својата мајка во замрзнувач, а во меѓувреме незаконски ги примал нејзината пензија и социјалните надоместоци, со што се стекнал со околу 78.000 фунти.Кристофер Филипс на суд признал дека не овозможил достоинствен погреб на својата 89-годишна мајка Силвија, која починала во март 2023 година. Тој ја признал и измамата, бидејќи по нејзината смрт продолжил да ги прима исплатите

Свет | пред 3 месеци

avtopat

Со 1,65 промили алкохол се движел пеш по автопат среде ноќ

Педесетгодишен маж од селото Неготино бил приведен откако бил затекнат како пеш се движи по автопатот Гостивар–Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 3 август околу 2:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го забележале лицето О.А. кај клучката „Тучевиште“ како се движи по коловозот.Кај него било извршено алкотестирање, при што било утврдено присуство на 1,65 промили алкохол во крвта. Од МВР додаваат д

Македонија | пред 3 месеци

media-library504h3sor75i1c1zwuYt

Кражба во црква кај Крива Паланка, украдени пари и бакарен котел

Непознат сторител провалил во црква во селото Трново, кривопаланечко, од каде одзел пари и бакарен котел, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, кражбата била пријавена на 2 август во 7:54 часот, а се случила во периодот меѓу 1 и 2 август. Сторителот влегол во црквата со употреба на сила, по што ги одзел парите и бакарниот котел.Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Автомобил изгоре во Кочани

Патничко возило „форд фокус“ со кочански регистарски ознаки било опожарено во Кочани, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, случајот бил пријавен на 2 август во 10:45 часот во ОВР Кочани. Возилото е сопственост на 54-годишниот З.Д.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, а во настанот нема повредени лица.Полициски екипи извршиле увид на местото, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија која станала недостапна по влезот во земјава

Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија, чие исчезнување било пријавено во СВР Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 2 август околу 17:15 часот. Жената, со иницијали К.К., на 1 август влегла во Македонија преку граничниот премин Табановце, по што станала недостапна на телефонските повици.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

Македонија | пред 3 месеци

kursum

Заталкан куршум оштетил автомобил во Гази Баба

Шофершајбната на патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки била оштетена од заталкано зрно од огнено оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, случајот бил пријавен на 2 август околу 16:20 часот во СВР Скопје од 40-годишниот Д.М. од Скопје. Инцидентот се случил на подрачјето на општина Гази Баба.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до оштетувањето на возилото.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryuv02ob277vl9cvGB1hd

Полициски службеник приведен поради напад врз партнерката и нејзиниот малолетен син

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија денеска околу 4:00 часот во Стар Дојран лишиле од слобода 35-годишен полициски службеник од Ресен, осомничен дека физички нападнал жена со која бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, постапено е по претходна пријава дека на 1 и 2 август во Стар Дојран тој физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп и нејзиниот малолетен син.За случајот бил известен јавен обвинител од Основното ј

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Жена пријавила дека била претепана од сопругот во Центар

Четириесет и четиригодишна жена пријавила во полиција дека била физички нападната од својот сопруг во семејниот дом на подрачјето на скопската населба Центар.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била поднесена на 3 август околу 4:00 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, жената била нападната од нејзиниот 42-годишен сопруг А.С.Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

ambulanta

Автомобил со швајцарски таблички удри во четиригодишно дете во Гостивар

Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на 2 август околу 16:00 часот на улицата „Железничка“ во Гостивар.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во детето удрило патничко моторно возило „Форд Куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 35-годишниот Г.Џ. од селото Чегране.По укажаната лекарска помош, повреденото дете било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е продолжено лекува

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

„Во водата во Гостивар е откриена опасна бактерија, се доставува питка вода со цистерни“, вели Ангелов

Водата од градскиот водовод во Гостивар е микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање поради присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Според Ангелов, оваа бактерија претставува ризик за здравјето, особено за лицата со ослабен имунолошки систем. Таа може да предизвика инфекции на кожата, очите и ушите, а кај почувствителни лица и инфекции на уринарниот тракт и белите дробови. Дополнителен проблем, како што

Македонија | пред 3 месеци

media-librarys7jdl9b7ps7j3SSg3my

Едно лице тешко повредено во судир на „опел“ и „фолксваген шаран“ во Скопје

Во сообраќајна несреќа што се случила на 2 август околу 15:40 часот на крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, едно лице се здобило со тешки, а едно со телесни повреди.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот П.Б. од Скопје, и патничко возило „фолксваген шаран“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 41-годишниот М.Ј. о

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања