Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

СДСМ: Мицкоски вели дека реформите се исполнети, а ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата ги блокира, не може да им се верува

Христијан Мицкоски изјави дека Реформската агенда е исполнета. Во исто време, ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата ја блокира Реформската агенда и не дозволува да се завршат реформите, вели СДСМ.„Ова е уште еден пример на намерна кампања за збунување на граѓаните.Целта е јасна: да се создаде таков хаос во јавноста што никој повеќе нема да знае што е точно, а што е лага.Она што е сосема сигурно е дека Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја кочат Реформската агенда.Извештајот на Европската комисија за владеење на п

Македонија | пред 3 месеци

pistol-kursumi-noz

Претреси во Скопје: пронајдени дрога, пиштол и куршуми, приведени три лица

На 18 јули 2026 година, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Б. (21) и Е.А. (33), двајцата од Скопје.При претреси во нивните домови, извршени од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, со судска наредба биле пронајдени и одземени 58 кесички со бела прашкаста материја и дигитална вага.Истиот ден, во селото Сарај, скопско, бил лишен од слобода и М.А. (40) од селото Рад

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryj373t5172o3l0yPcJn8

Дутри утре резултати од испитувањата на водата во Гостивар, ќе се одлучува за понатамошната постапка

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод.„Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена.Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму

Македонија | пред 3 месеци

media-library2n2ma5fhmmcc2gsYh7g

Наумоски: Извештајот на ЕК покажува, „Чувствата“ на Мицкоски ги поклопија правото и правната држава

„Чувствата“ на премиерот Христијан Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава, вели Александар Наумоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.„Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци.Брисел директно алармира дека изјавите на претставници на власта, вклучително и на премиерот, с

Македонија | пред 3 месеци

police_457542992-1-1021x580

Пијан маж со автомобил ја урнал рампата влетал во воена база во Грција

Педесет и двегодишен маж е уапсен откако, управувајќи возило под дејство на алкохол, ја пробил главната влезна капија на воена база во Аргос Орестико, во северниот дел на Грција.Инцидентот се случил во саботата, а според надлежните, при несреќата немало повредени лица. Воениот персонал кој бил на должност на влезот во базата за малку избегнал да биде удрен од возилото.Според грчкиот државен радиодифузер ЕРТ, возачот не успеал навреме да намали со брзината, по што со автомобилот ја урнал безбедно

Свет | пред 3 месеци

policija-grcija

Куфер со човечки останки пронајден во напуштена зграда во центарот на Атина

Куфер со човечки останки е пронајден во саботата попладне во напуштена зграда на улицата „Евелпидон“ во центарот на Атина, по што полицијата започна истрага.Според првичните информации, куферот го пронашол бездомник кој престојувал во напуштениот објект, откако почувствувал силен и необичен мирис.Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот, каде вршат увид, собираат материјали и ги испитуваат околностите под кои се случил случајот.Засега нема официјални информации за идентитетот на жрт

Свет | пред 3 месеци

media-libraryqrk4hkoftgfkeazBL7v

СДСМ: Вака изгледа изолацијата на дело - граѓаните чекаат со часови на граница, а ВМРО-ОКГ патува низ посебен премин

Денес граѓаните кои тргнаа на одмор можат на своја кожа да осетат видат политиката на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ.„Додека точат гориво на пумпите и стојат во  редици со повеќе колони со часови на границата со Грција, јасно им станува дека зборот „изолација“ не е празна фраза.Ова е директна последица на политиката на ВМРО-ОКГ.Наместо да се отвори европскиот пат и да се олесни движењето на граѓаните, тие свесно ја држат Македонија во изолација.Резултатот е видлив секој летен ден - илјадници

Македонија | пред 3 месеци

pavle-trajanov

Демократски сојуз бара ограничување на мандатот на судиите и поголема одговорност во судството

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција.„Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. Сегашниот доживотен мандат не обезбедува доволна одгово

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Најмалку пет загинати во силниот земјотрес во Перу

Најмалку пет лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала што го погоди регионот Хунин во централниот дел на Перу, јавуваат локалните медиуми.Епицентарот на потресот бил во провинцијата Чупака, на длабочина од 22 километри. Првичните информации укажуваа на магнитуда од 5,6 степени, но подоцна беше прецизирано дека земјотресот бил со јачина од 5,1 степен.Според локалните власти, уништени се десетици куќи, а се урнал и историскиот крст „Господарот Каникруз“, стар ок

Свет | пред 3 месеци

media-libraryoclb9eme12711lA8V4D

(Видео) Хаос на границата со Грција: Седум ленти преполни, возачи велат дека со часови чекаат да поминат, застој има и во меѓуграничниот простор

Километарски колони од возила се создадени утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде што сите седум коловозни ленти се исполнети со автомобили кои чекаат за излез од државата.Според возачи кои се наоѓаат во колоните, чекањето трае со часови. Еден од нив за „Скопје1“ вели дека на граничниот премин чека веќе четири часа, додека и други возачи сведочат за долги застои и бавно одвивање на сообраќајот.Од друга страна, последниот извештај на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), обја

Македонија | пред 3 месеци

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

Русија предупреди Јапонија: Распоредувањето американски ракети нема да остане без одговор

Русија предупреди дека евентуалното распоредување на американските ракетни системи „Тајфон“ (Typhon) на територијата на Јапонија претставува директна закана за нејзините граници на Далечниот Исток и најави дека ќе преземе соодветни контрамерки.Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко, изјави дека Москва внимателно ги следи напорите на Јапонија за проширување на воените активности.„Сметаме дека отстапувањето на јапонска територија за распоредување американски ракетни сист

Свет | пред 3 месеци

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

СДСМ: Мицкоски најави намалување на акцизите, а горивата повторно поскапуваат

СДСМ ја обвини Владата дека доцни со економските мерки, откако премиерот Христијан Мицкоски најави можност за намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата, а во меѓувреме се очекува ново поскапување на горивата.Од опозициската партија оценуваат дека најавите за намалување на акцизите доаѓаат предоцна и нема да ги ублажат последиците од растот на цените.„Христијан Мицкоски вчера најави намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. Веќе денеска се очекува ново поскапување

Македонија | пред 3 месеци

media-library0blen8rjpkeg8JSUeWa

Срам за Скопје – Букефал со пет нозе на билбордот на Орце Ѓорѓиевски, велат од СДСМ

СДСМ остро реагираше на новото обележје на влезот во Скопје, обвинувајќи ги ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека наместо достоинствено претставување на главниот град, поставиле визуелно решение кое, според партијата, претставува „симбол на аматеризам и срам“.Од СДСМ посочуваат дека на билбордот Букефал е прикажан со пет нозе, а ликот на воинот, според нив, наликува на цртан лик.„Резултатот е срамен: коњот Букефал е насликан со пет нозе, воинот наликува на лик од цртан филм, а целата

Македонија | пред 3 месеци

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата не сака подобар Изборен законик, туку политичка криза

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, ДУИ и Левица се повлекле од претходно постигнатиот договор за измените на Изборниот законик и оценува дека нивната цел не е подобрување на изборните правила, туку блокирање на реформските процеси.Од владејачката партија велат дека измените на Изборниот законик се подготвувале со месеци преку работна група и бројни состаноци, во кои активно учествувале претставници и на опозициските партии.„Измените се градеа постепено со широк политички и партиски консензус. Опозицис

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

Затворени 18 приватни високообразовни установи што не работеле согласно закон, потсетува ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата во изминатите две години реализирала најголеми инвестиции во образованието и науката, наведувајќи дека буџетот за оваа област во 2026 година достигнал рекордни 40 милијарди денари.Од партијата велат дека тоа претставува значително зголемување во однос на 2024 година, кога, според нив, буџетот за образование изнесувал 32 милијарди денари.„Веднаш откако СДС замина во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста да управува со институциите, се обезбедија дополните

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryj373t5172o3l0yPcJn8

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Зошто над 1.000 гостиварци пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, дека со несовесно и непрофесионално работење го довела градот до колапс и го загрозила здравјето на граѓаните.Од партијата посочуваат дека во изминатите денови повеќе од 1.000 жители на Гостивар, меѓу кои и деца, побарале лекарска помош со симптоми на труење, а како можна причина го наведуваат загадувањето на водата за пиење.„Според информациите, постои основано сомнение дека здравјето на г

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryj373t5172o3l0yPcJn8

СДСМ: Епидемијата во Гостивар постои - потребно е надлежните да ја прогласат

Пораките од експертите се јасни - епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не, велат од СДСМ.„Со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата.Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција од надлежните институции.Прогласувањето на епидемија не е политичко прашање, туку прашање на ја

Македонија | пред 3 месеци

media-library107ts2c0se5b4AgW4ik

СДСМ: Мицкоски мисли дека правосудството треба да функционираат како „juke box“, тој нарачува, а тие да свират

Христијан Мицкоски им порача на судиите „пари нема да добиете“. Оваа изјава е јасен сигнал за политичко влијание врз правосудниот систем, велат од опозициската СДСМ.„Мицкоски очигледно смета дека судството и обвинителството треба да функционираат како „juke box“, тој нарачува, а институциите треба да свират.Кога не свират според неговата желба, следува притисок, јавни најави за истраги и финансиски закани.Ова е истата пракса која ја користи со месеци: од собраниската говорница и преку медиумите

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја.Во фокусот на средбата беа разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство. На средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалните односи меѓу двата уставни суда преку интензивирање на меѓусе

Македонија | пред 3 месеци

media-library8ju6mmh5p3jofxZp8G3

(Видео) Земјотрес од 5,6 степени во Перу, по главниот удар следуваа уште два потреса

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди централната област на Перу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на потресот бил на длабочина од 22 километри. Американскиот геолошки институт (USGS) го оцени земјотресот како „значаен“ поради неговата умерена јачина и фактот што се случил во сеизмички многу активен регион, каде честите потреси се предизвикани од субдукцијата на плочата Наска.По главниот потрес биле регистрирани уште два послед

Свет | пред 3 месеци

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Поранешна асистентка на Епстајн: ги контролираше жените со манипулации, закани и финансиска зависност

Поранешна асистентка на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во интервју за Би-Би-Си изјави дека американскиот финансиер со години воспоставувал целосна контрола врз жените преку психолошка манипулација, финансиска зависност, закани и изолација.Жената, која зборува под псевдонимот Ања, го опиша системот што го изградил Епстајн како „култ“, во кој тој бил апсолутен лидер.Според нејзините тврдења, по пресудата во 2008 година, Епстајн го променил начинот на кој ги регрутирал жртвите и почна

Свет | пред 3 месеци

media-libraryrfuivc4dgq0e481OCGX

Дунав на историски минимум во Хрватска: нискиот водостој откри бомби од Втората светска војна

Водостојот на Дунав кај Батина во Хрватска достигна историски најниско ниво од -101 сантиметар, што е за 17 сантиметри пониско од досегашниот рекорд измерен во 2022 година. Поради повлекувањето на водата, на површината се појавија неексплодирани бомби од Втората светска војна.Според хрватските власти, поради екстремно нискиот водостој дошло и до промена на водниот режим, а експертите предупредуваат дека тоа има сериозни последици врз екосистемот, рибниот фонд, каналите за наводнување и пловниот

Свет | пред 3 месеци

sun-rays-cloudy-sky

Денес сончево и многу топло, температурата до 39 степени

Времето денес ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени.Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне во делови од котлината ќе има усл

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl1lfohl3rkc85QOr5OW

Која е Ешлин Кастро, девојката на Џуд Белингам?

Покрај мајката Дениз, која со години важи за најголема поддршка на англискиот репрезентативец Џуд Белингам, големо внимание за време на Светското првенство привлекува и неговата девојка, американската инфлуенсерка Ешлин Кастро.Дваесет и осмогодишната Кастро е во врска со фудбалерот на Реал Мадрид од крајот на 2024 година. Иако двајцата ретко зборуваат јавно за својата врска, Белингам неодамна ја нарече „својата љубов“, додека таа изјави дека тој е „највнимателната, најдобрата и највредната лично

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryr3cs3mf6i9mu4GVhQxR

(Видео) Татко на жртва од „Пулс“: Се радуваме на смртта, не на животот, што ќе ни е живот без нашите деца

Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче Стојанов во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, порача дека семејствата на жртвите нема да се откажат од барањето правда и покрај, како што рече, притисоците и заканите со кои се соочуваат.Тој истакна дека родителите ќе продолжат со својата борба и нема да дозволат да бидат замолчени.„Ќе продолжиме, ќе се бориме сè додека тече крв во нашите вени. Не можете да нè сопрете. Само ќе ве замолам, немојте да ни се заканувате, немојте да нè уценувате и навр

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања