Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Нов топлотен бран ја зафаќа Шпанија, температурите ќе достигнат и до 45 степени

Шпанија од денеска влегува во третиот топлотен бран ова лето, а метеоролозите предупредуваат дека температурите во поголем дел од земјата ќе надминат 40 Целзиусови степени, додека во одделни подрачја се очекува да достигнат и до 45 степени.Шпанската метеоролошка агенција (AEMET) соопшти дека екстремните горештини ќе бидат предизвикани од антициклон кој неколку дена ќе задржува сув и многу топол воздух од Северна Африка над земјата.Според прогнозите, најкритичен ќе биде четврток, кога се очекува

Свет | пред 3 месеци

media-libraryivvmaj7g2c9fcuyqGQf

Маѓар ги укинува клучните механизми на Орбан, претседателот заминува од функцијата

Новата унгарска влада, предводена од премиерот Петер Маѓар, започна со демонтирање на политичкиот систем што го воспостави Виктор Орбан, откако парламентот усвои обемни уставни измени со двотретинско мнозинство.Измените следуваат само два месеца по преземањето на власта од страна на партијата Тиса, која на изборите освои убедливо мнозинство, овозможувајќи ѝ брзо да ги спроведе најавените реформи.Со уставните измени предвреме престануваат мандатите на повеќе високи функционери именувани за време

Свет | пред 3 месеци

media-library932j0oal50np1cz5Fgd

(Видео) Ескалација во Јордан: Загинаа двајца американски војници во ирански напад

Американската централна команда (CENTCOM) потврди дека двајца американски војници го загубија животот, а еден се води како исчезнат по иранскиот напад врз американските сили во Јордан. Овој трагичен настан означува први жртви на американската војска во директен судир со Иран од март годинава, што дополнително ги интензивира тензиите меѓу двете држави.Американските сили и нивните партнери биле мета на масовен напад со балистички проектили и беспилотни летала.Имињата на жртвите ќе останат доверлив

Свет | пред 3 месеци

media-libraryk0bssv3bg2og0ecsKgH

(Фото) Ако една фотографија вреди илјада зборови, тогаш целата приказна за Истанбул изгледа вака: Од појадок покрај Босфорот до ручек во Кадикој

Истанбул најчесто се претставува преку куполите, минарињата и монументалните градби што со векови ја обликуваат неговата силуета. Света Софија, Сината џамија, палатите, Големиот базар и тесните улици на Султанахмет се неизбежен дел од секое прво запознавање со градот. Но Истанбул не може да се разбере само преку знаменитостите.Неговата убавина е и во бродовите што секојдневно го сечат Босфорот, во малите чајџилници, во пазарите преполни со риба, зеленчук и зачини, во маалските пекарници, во прод

Свет | пред 3 месеци

media-librarymqhtf5bfn42r2u0hrNR

Шпанците масовно купуваат знамиња пред финалето со Аргентина

Пласманот на шпанската фудбалска репрезентација во финалето на Светското првенство предизвика нагло зголемување на побарувачката за државни знамиња, поради што дел од производителите морале повеќе од двојно да го зголемат производството.Шпанија в недела ќе игра против Аргентина во финалето на Мундијалот, а на бројни згради низ земјата веќе се истакнати црвено-жолтите знамиња.Карлос Каселс, директор за маркетинг во компанијата „Screen and Digital Printing“, изјави дека во последните неколку недел

Магазин | пред 3 месеци

panovski

Микробиологот Пановски: Во Гостивар има епидемија, а никој не ја прогласува

Микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис и упати критики до епидемиолошките служби поради, како што наведува, непостапување во ситуација со голем број заболени.Во објава на социјалните мрежи, Пановски наведува дека според негова проценка околу 1.500 лица се регистрирани со исти симптоми, а уште најмалку 5.000 граѓани не побарале лекарска помош.„Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои

Македонија | пред 3 месеци

media-library6pkjcccrqrtraC6WfUH

СДСМ: Мицкоски повторно ветува „наскоро ќе се знае“ - додека во Гостивар се шири сериозна здравствена криза

Опозициската СДСМ реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „наскоро ќе се знае кој наредил што се случило во Гостивар“ и дека ќе има одговорност, оценувајќи дека станува збор за уште едно, како што велат, празно ветување.Од партијата тврдат дека Мицкоски и претходно најавувал дека јавноста „наскоро ќе дознае“ информации поврзани со повеќе случаи, но, според нив, без конкретен епилог.Во соопштението СДСМ ги отфрла обвинувањата дека има одговорност за состојбата во Гостивар, посо

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryb8690ip8obc52F8KSeZ

„Што сакаат и за петлите наутро да наплатат?“, Сопственик на апартмани од Струга реагира по фактура од ЗАМП од 16.650 денари

Сопственикот на „Апартмани Шабан Адемоски“ од струшкото село Подгорци јавно реагираше откако добил фактура од Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) во износ од 16.650 денари.На социјалните мрежи тој објави фотографии од фактурата и писмото што ги добил од ЗАМП, прашувајќи по кој основ треба да плати авторски надомест.„Кој може да ми објасни? Веројатно и тие ме следат што го пратат овој профил. Кои авторски права ги имам користено? Кое е тоа здружение за наплата, што сакаат – и

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryp5bkvlfgsfid72gPJ8J

Имало 12 пожари на отворено, активен остана само пожарот кај Кочани

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 18:00 часот денес во државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои еден е сè уште активен, додека 11 се изгаснати.Според информациите на ЦУК, активен останува пожарот во Општина Кочани, кај селото Рајчани, во близина на црквата „Света Троица“, каде што гори ниска вегетација.Во текот на денот изгаснати се пожарите во:* Струмица, кај селото Добрејци (ниска вегетација и ѓубре);* Кратово, кај селото Железница (депонија);* Н

Македонија | пред 3 месеци

media-library7c2ld01kaln59hngLQQ

Османи со нова “драма”, сега му пречи натписот пред влез на Скопје

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, остро реагираше на новото обележје поставено на влезот во Скопје, оценувајќи дека главниот град е претставен еднострано и без албанската заедница.Во објава на социјалните мрежи, Османи наведува дека на билбордот со кој Скопје ги пречекува посетителите воопшто не е застапен албанскиот јазик, иако, како што посочува, главниот град е двојазичен.„На билбордот со кој Скопје ги пречекува посетителите целосно недостига албанскиот јазик, иако главниот град е двојаз

Скопје | пред 3 месеци

media-library8cb5ov200kkpddoTBOD

Франција ја блокира платформата „Полимаркет“

Француската Национална управа за игри на среќа (ANJ) соопшти дека наредила блокирање на пристапот до платформата „Полимаркет“ од територијата на Франција, оценувајќи дека начинот на кој ги прикажува коефициентите претставува рекламирање на неовластена дејност за обложување.Според регулаторот, почетната страница на платформата во реално време прикажува коефициенти за различни настани на кои корисниците можат да се обложуваат, што според француското законодавство се смета за промоција на нелегално

Свет | пред 3 месеци

media-libraryei470e6nhq277knADVN

Автомобилските производители стравуваат од нов недостиг на чипови поради вештачката интелигенција

Забрзаниот развој на вештачката интелигенција создава нов притисок врз автомобилската индустрија, бидејќи побарувачката за мемориски чипови значително ги зголеми нивните цени.Според анализа на консултантската компанија „Керни“, цената на DRAM мемориските чипови на спот-пазарот пораснала за дури 450 отсто во периодот од септември 2025 до јануари 2026 година. Причината е огромната побарувачка од технолошките компании, кои набавуваат големи количини чипови за центрите за податоци што ги користат си

Свет | пред 3 месеци

media-libraryj2cmd8k3evp8bIVTX5c

(Видео) Протести во Венеција поради суперјахтата на американскиот амбасадор

Неколку стотици демонстранти протестираа во Венеција поради пристигнувањето на луксузната јахта на американскиот амбасадор во Италија и милијардер Тилман Фертита, при што накратко дојде до судир со интервентната полиција.Активистите оценија дека посетата на Фертита претставува непотребно демонстрирање на американското богатство и влијание. Тие истовремено ја критикуваа и политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.Демонстрантите се движеа зад транспарент со натпис „В

Свет | пред 3 месеци

sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека Владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Опозициската СДСМ упати низа прашања до министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во врска со неговата посета на Вашингтон, каде што, според партијата, зборувал за определбата на Македонија за соработка со Соединетите Американски Држави.Од СДСМ прашуваат дали Муцунски на американските претставници им ја пренел, како што тврдат, „целата вистина“ за состојбите во Владата, наведувајќи дека во неа има функционери кои, според нивните обвинувања, промовираат соработка со организации и политички с

Македонија | пред 3 месеци

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски најавува намалување на акцизи, а со месеци одбива да преземе мерки

Опозициската СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски предоцна најавува намалување на акцизите на горивата, оценувајќи дека Владата со месеци не преземала мерки за заштита на граѓаните од растот на цените.Од СДСМ тврдат дека со месеци повикувале на конкретни мерки за ублажување на последиците од поскапувањата, но дека Владата не реагирала навреме.„Сега, кога цените повторно скокнаа, премиерот излегува со најава како да е нешто ново и храбро“, наведуваат од партијата.Според СДСМ, граѓаните в

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран повлече црвена линија: „Договорот со Америка повеќе не постои“

Иран нема да ги исполнува обврските ниту ќе го спроведува меморандумот за разбирање со Соединетите Американски Држави, бидејќи, според Техеран, Вашингтон ги прекршил своите обврски од договорот.Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека САД ги прекршиле и ги суспендирале сите свои обврски од Меморандумот за разбирање потпишан во Исламабад.„САД ги прекршија и ги суспендираа сите свои обврски во рамките на Меморандумот за разбирање од Исламабад“, изјави Гарибаба

Свет | пред 3 месеци

media-libraryke2p5avbisvvc0v9a6l

Кукуреља даде необично ветување: Ако Шпанија стане светски првак, на бицепсот ќе го истетовира лицето на селекторот

Шпанија и Аргентина в недела од 21 часот во Њујорк ќе се борат за титулата светски првак, а евентуалниот триумф на „црвената фурија“ би можел да донесе и едно необично исполнување на ветување од Марк Кукуреља.Левиот бек на шпанската репрезентација пред почетокот на Светското првенство изјави дека ќе го истетовира ликот на селекторот Луис де ла Фуенте доколку Шпанија ја освои титулата.„Доколку Шпанија го освои Светското првенство, ќе го истетовирам лицето на селекторот Луис де ла Фуенте“, изјави

Спорт | пред 3 месеци

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Големо враќање на занаетите: ТикТок го менува изборот на младите

Соединетите Американски Држави се соочуваат со сериозен недостиг од работници во занаетчиските и техничките професии, но интересот кај младите за овие занимања повторно расте, поттикнат и од влијанието на социјалните мрежи.Како што пренесува „Блумберг“, нова генерација инфлуенсери настојува да ја промени перцепцијата за професиите како што се заварувач, електричар, водоводџија, возач на камион и градежен работник, претставувајќи ги како добро платени и перспективни кариери.Линдзи Ховер, позната

Свет | пред 3 месеци

media-libraryspegdep6oho54iAO49Y

Кина го претстави Kimi K3, најголемиот AI модел со отворен код досега

Кинескиот стартап за вештачка интелигенција Moonshot го претстави својот нов модел Kimi K3, кој со 2,8 билиони параметри, според компанијата, е најголемиот модел со отворен код во светот и по своите перформанси се доближува до најнапредните американски системи за вештачка интелигенција.Како што пренесува Ројтерс, од компанијата наведуваат дека Kimi K3 е првиот модел со отворен код што се приближува до границата од три билиони параметри. Тој е наменет за сложено логичко расудување, долготрајни пр

Свет | пред 3 месеци

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Европската комисија го разобличи Мицкоски, кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Левица реагираше на најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото, оценувајќи дека документот претставува сериозна критика за, како што наведуваат, начинот на кој Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, се справува со корупцијата и со функционирањето на институциите.Од партијата тврдат дека Европската комисија констатира оти корупцијата и натаму е широко распространета, дека високопрофилните случаи ретко завршуваат со правосилни пресуди и дека постојат слабости

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf6pkd5m1jibhbEudze2

(Фото) Двоен руски напад врз патнички воз во Украина

Руските сили извршиле двоен напад врз локомотива и патнички вагони во Запорошката област, соопшти украинскиот министер за обнова, инфраструктура и транспорт, Микола Калашник.Според неговите првични информации, во нападот нема повредени, а сите патници и членови на железничкиот персонал се безбедни благодарение на навремената реакција на надлежните служби и вработените во железницата.Калашник изјави дека Русија продолжува намерно да ја напаѓа цивилната железничка инфраструктура во Украина, но наг

Свет | пред 3 месеци

media-libraryh0o9tmbd8jk52eLmtUC

(Фото) Се запали летна кујна во радовишко: брзата реакција на пожарникарите спаси куќа од огнот

Помошен објект – летна кујна, се запалил денеска попладне во селото Ораовица, при што брзата интервенција на пожарникарите спречила огнот да се прошири на соседната куќа.До Центарот за управување со кризи (ЦУК) пријавата била примена во 14:01 часот, по што екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш веднаш излегла на терен со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.Пожарот бил во почетна фаза, а благодарение на навремената реакција на пожарникарите било спречено огнот да ја заф

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Жртва на Епстин откри како ги претворал жените во зависни асистентки

Жена која со години била дел од најтесниот круг на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин јавно проговори за начинот на кој, според нејзините тврдења, тој ги регрутирал, контролирал и сексуално злоупотребувал жените околу себе.Во разговор за Би-би-си, жената, која користи псевдоним Ања за да го заштити својот идентитет, изјави дека живеела во стан на Менхетен што го користел Епстин за сместување на жени кои, според неа, биле негови жртви. Таа вели дека само една седмица по неговата смрт во

Свет | пред 3 месеци

media-library8f8pvkckrk5h6Pb4GBy

25-годишник возел без возачка и направил сообраќајка: повредено 4-годишно дете

Возач (25) од тетовско Требош е уапсен откако без возачка дозвола управувал автомобил и предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат кон селото.Несреќата се случи синоќа околу 22 часот, а учествувале патничко возило „голф“, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, и патничко возило „мерцедес“, управувано од Т.С. (80) од село Палатица.Според информациите од СВР Тетово, С.Г. го управувал возилото без возачка дозвола, со што сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, поради што в

Македонија | пред 3 месеци

pistol_001

Уапсени три лица за тепачка во Куманово: пронајдени нож и пиштол на дијаболи

На 17.07.2026 во 22:50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода  У.З.(43) од Куманово, Џ.С. (43) од Штип и Т.С. (49) од Штип, по претходна пријава дека на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“  дошло до физичка пресметка помеѓу нив.Кај нив се пронајдени остар предмет и пиштол на дијаболи. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања