Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

media-libraryok3ke1tsioq6aSai6R7

(ВО ЖИВО) Цветковска: Латас не ни е колега, не може некој поврзан со криминал да ни е колега

Случајот со пожарот во Пулс е злоупотребен, вели во Претрес со Ландов Сашка Цветковска, главен и одговорен уредник на Невладината организација-Истражувачка лабораторија ИРЛ.,, За несреќата нема емпатија, првите напади за објавените докази за комуникација меѓу инспектори од УЈП и обвинети дојдоа од провладините медиуми дека го штитиме министерот Панчо Тошковски, па ја штотиме Левица и на крај Бугарија ја штитиме”, вели Цветковска.За пишувањето за обвинителкатаЛенче Ристовска вели дека нема допир со доказите.,, Латас објави дека ИРЛ обработува со Ленче против вишиот обвинител Јове Цветановски за да има чист терен. Ова го вознемири Латас кој не е наш колега.Кога некој е поврзан со криминал не може да ни е колега. Во новиот филм ќе ги објавиме мотивите зошто имало поткуп на некои ликови од високо позиционирани политички и бизнис елити”, посочи Цветковска.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryil4l580lgmg445qbyBZ

(Видео) Цветковска: За разлика од Геровски ние ги имаме доказите за Пулс, ние не штитиме ни еден политичар

Сашка Цветковска, главен и одговорен уредник на Невладината организација-Истражувачка лабораторија ИРЛ, е гостинка во Претрес со Ландов.ИРЛ објави комуникација меѓу инспектори од УЈП и обвинети за пожарот во дискотеката Пулс, која предизвика внимание во јавноста.,,Имавме контакти со жртвите кои бараа помош. Стигнавме до информациите. Инспекторите од УЈП им посочиле на обвинетите од Пулс кога ќе дојдат во инспекција во дискотеката.Имаше пораки дека имало комуникации со ВМРО -ДПМНЕ, но ние мораше да провериме и немаше директни докази.Одговорно тврдиме дека го поседуваме целиот фајл со доказите за Пулс.Немаме доказ за комуникација на обвинетите со Оливер Спасовски”, вели Цветковска.ИРЛ вели, „беше цел на напад, за разлика од Геровски ние ги поседуваме доказите од Обвинителството“.,,Ние ги објавивме сите разговори и докази кои водат до кривично дело. Не сме штителе и никогаш нема да штитиме никој политичар”, вели Цветковска.Инспекторите сега се во предистрага.Не е прашање, посочува зошто ИРЛ ова го објави, прашање е зошто некои наводно големи новинари премолчеа за Кочани.

Скопје | пред 6 месеци

media-library0mra00ii2roj559iLoJ

(🔴Во живо) „Претрес“ на Сашка Цветковска: Што кријат пораките од „Пулс“, за олихархијата, платениците, матните-бизниси

„Платеници, нарачани, странски проекти, грантови...“ – епитети за тие кои ги објавија „скриените“ пораки за трагедијата „Пулс“ каде се договараат скапи поклони во замена дискотеката да работи. Како стигнаа до пораките, што друго има во нив, а не знаеме?Од модуларната болница во Тетово до Кочо Анѓушев и моќниците..  Гостинка е Сашка Цветковска, новинарка и главна уредничка на ИРЛ, медиум што многумина го нарекуваат „страшило на корупцијата“, а други – „опасна организација“.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Студио | пред 6 месеци

media-libraryu2pnokjlgncj1tjV6vH

Камчев: Општина Валандово заслужува промени и ќе стане енергетско ефикасна општина

На телевизија Алфа во дебатната емисија „За или Против“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина „Валандово“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев кој на самиот почеток истакна дека граѓаните веќе препознале кој може да направи многу повеќе за општината и кој ќе реализира повеќе проекти со што во вториот круг се очекува само да се потврди победата на ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните јасно ја изразија својата волја уште во првиот изборен круг и препознаа кој може да направи повеќе за нив, кој ќе реализира повеќе проекти, кој ќе биде поблиску до нив целиот нареден мандат, очекувам само да ја потврдиме победата“, рече Камчев.Камчев се обрати до неговиот противкандидат и сегашен градоначалник на општина Валандово кој исто така гостуваше во дебатната емисија, и истакна дека општината не се движи во правилна насока заради лошите локални политики а како последица на тоа во општина Валандово сега имало претпријатие кое е на работ на финансиска криза и посочи дека граѓаните ќе го казнат СДС заради ветените проекти, кои никогаш не биле реализирани.„Нивната борба беше единствено како да дојдат до одредени функции и сето останато да оди во заборав, граѓаните добро ги препознаваат тие политики, во Пирава наместо хлор ставија бензин и никој не понесе одговорност, секундарната водоводна мрежа е сериозна опасност, ние во овој момент имаме јавно претпријатие кое е на работ на финансиската пропаст, наместо да работат тие вработуваа партиски кадри во него и трошеа пари на граѓаните“, рече Камчев и додаде:„Немате отчет што имате направено до сега, реконструкцијата на детската градинка е обезбедена од претходната локална власт, секогаш кога доаѓа СДСМ на власт економијата ја фаќа цунами, спортот ни оди на најниски гранки. На вториот изборен круг ќе стигне казната за она што вие не го направивте, а го ветивте“.Камчев истакна дел од приоритетните проекти од изборната програма, со акцент за комплетно ново сообраќајно решение во сите населени места.„Им ветувам на граѓаните и се обврзувам пред нив дека во наредните четири години најголемиот дел од овие ветени проекти ќе бидат реализирани. Комплетно ново сообраќајно решение за сите населени места во општината, во секое населено место во општината ќе бидат реализирани проекти и во образованието и во екологијата, ќе реализираме проекти за изградба на забавни детски паркови, предвидена ни е зелена енергетски ефикасна општина, секаде кадешто имаме пумпни станици да поставиме фотоволтаици, максимално ќе ги намалиме трошоците за производство, за да граѓаните имаат извесна цена на комуналните услуги“, дециден е Камчев.

Македонија | пред 6 месеци

Dodik-1

Додик по укинувањето на санкциите: Благодарен сум на Трамп, вистината за Република Српска победи

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, се огласи откако Соединетите Американски Држави ги укинаа санкциите против него, изразувајќи благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за, како што рече, „исправување на големата неправда“. Одлуката ја нарече „морална рехабилитација на вистината за Република Српска“.Во објава на социјалните мрежи, Додик се заблагодари на Трамп и неговите соработници што „ја исправиле неправдата нанесена на Република Српска, нејзините претставници и нивните семејства“, обвинувајќи ги, притоа, администрациите на Барак Обама и Џо Бајден дека ја создале.„Одлуката за укинување на санкциите не е само правна, туку и морална рехабилитација на вистината за Република Српска и за сите кои ѝ служат чесно. Повторно се покажа дека сè што беше кажано против нас беше лага и пропаганда – основа врз која беше изграден нередот што го создаде Кристијан Шмит, неред што сега мора да се расчисти“, напиша Додик.Тој испрати и порака до, како што рече, „оние кои сите овие години ликуваа и веруваа во туѓи лаги“. „Можам да им простам сè, освен годините што ги изгубија верувајќи дека Република Српска ќе падне. Денес е јасно – таа никогаш нема да падне,“ порача Додик.

Свет | пред 6 месеци

kisev

Украина пред најтешка зима досега: нападите на Русија ја рушат енергетската мрежа

Руските сили систематски ги напаѓаат украинските термоелектрани на јаглен, складиштата за гас и трафостаниците, со цел – како што пишува германскиот весник Bild – „да ја замрзнат Украина оваа зима“. Секој нов напад, според извештаите, дополнително ги отежнува напорите на украинските власти да обезбедат доволно електрична енергија и топлина за населението во претстојниот студен период.Според податоците на Bild, оштетени се 55 до 60 проценти од украинската гасна инфраструктура. Весникот го цитира извршниот директор на државната енергетска компанија „Нафтогаз“ Сергиј Корецки кој предупредил дека „Русите нема да застанат“ и повикал граѓаните да ја сведат потрошувачката на енергија на минимум.Весникот дополнително наведува дека, во случај на целосен колапс на енергетската мрежа, Украина се соочува со „ладна катастрофа“. Неименувани украински функционери изјавиле дека „претстојната зима ќе биде најтешка досега“.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика западните сојузници да ја зголемат поддршката за Украина. Во исто време, германската министерка за економија Катерина Рајхе најави дополнителни средства за Фондот за енергетска поддршка на Украина. Германија досега придонела со 390 милиони евра, а се планираат уште 60 милиони евра помош.Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека грејната сезона во Украина започнала вчера, додека земјата активно бара дополнителна противвоздушна одбрана, енергетска опрема и финансии за увоз на гас. Според проценките, Украина мора да има најмалку 13,2 милијарди кубни метри гас во складиштата за да ја преживее зимата и разгледува можности за увоз од САД и Норвешка.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryfn4t5h0nscfv24pUFIE

Овој викенд без ‘Марш на ангелите’ – ден за молитва и почит кон жртвите од ‘Пулс’

Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ соопшти дека поради Задушница, оваа сабота, 1 ноември, нема да се одржи „Марш на ангелите“, традиционалниот собир во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“.„Овој ден е посветен да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде најавен дополнително“, стои во соопштението објавено на Фејсбук.Родителите на починатите млади минатата сабота го одржаа 28. „Марш на ангелите“, повикувајќи повторно на правда и вистина за случајот кој ја потресе целата земја. Тие потсетија дека институциите и натаму молчат, дека системот кој требаше да ги штити, не реагирал и дозволил пред нивните очи да се создаде „шупа однадвор, а замок на монструм внатре“.

Македонија | пред 6 месеци

media-library8482tdoin17172D29h0

(Видео) Доживотно суспендирани двајца играчи на Беса

Фудбалерите на Беса Слупчане, Орхан Демири и Ердин Арифи, добија доживотна суспензија поради инцидентот во кој физички го нападнаа голманот на Аеродром, веднаш по натпреварот од Третата лига – Север.Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе и дополнителни санкции кон клубот од Слупчане. Покрај доживотната забрана за настап на двајцата играчи, суспендиран е и домашниот терен на Беса, па клубот следните десет натпревари ќе мора да ги игра на неутрален стадион.Дополнително, клубот е задолжен да плати парична казна, чии износ не е официјално објавен.„Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на дисциплинските прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот“, стои во соопштението од ФФМ.

Спорт | пред 6 месеци

media-libraryvbeiv6jv3o2seOiV3dF

Ново бомбардирање во Газа – Израел тврди дека го гаѓале складиштето на Хамас

Израелската војска изврши нов воздушен напад врз појасот Газа, што повторно ја разгоре загриженоста околу кревкото примирје со Хамас. Според соопштението на Израелските одбранбени сили (IDF), мета на нападот била „терористичка инфраструктура“ во областа Бејт Лахија, на северот од Газа, објави Sky News.Од IDF соопштија дека локацијата служела како складиште за оружје „наменето за непосреден напад врз израелските војници“. „Нашите сили во јужното командно подрачје остануваат распоредени во согласност со договорот за прекин на огнот и ќе продолжат да делуваат против секоја закана што може да биде итна“, изјави портпаролот на израелската армија.Очевидци од градот Газа изјавиле дека чуле силна експлозија и виделе густ столб чад над областа. Според болничките извори, нападот се случил само неколку часа по претходните израелски воздушни удари, во кои загинале најмалку 104 лица, меѓу нив и 46 деца.Премиерот Бенјамин Нетанјаху ги наредил нападите откако израелски војници, според воени извори, биле нападнати со огнено оружје во градот Рафа на југот од Газа. Израелската армија потврди дека еден војник загинал од „непријателски оган“ во текот на вторникот попладне.Движењето Хамас ги отфрли израелските обвинувања, тврдејќи дека нема никаква вмешаност во пукањето во Рафа и повтори дека останува посветено на примирјето. Ескалацијата дојде само еден ден по предавањето на делови од телата што, според израелските власти, припаѓаат на заложник чијашто судбина се утврдуваше во изминатите месеци од конфликтот.По новите напади, израелската војска соопшти дека ќе продолжи да го почитува прекинот на огнот, но дека ќе „одговори со сила на секое негово прекршување“.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, и покрај новото насилство, прекинот на огнот и натаму е на сила и дека „ништо нема да го загрози“. Според него, Хамас ветил дека ќе се придржува кон договорот.

Свет | пред 6 месеци

putin-vojna

Американското разузнавање: Путин решен да ја доведе војната до крај

Според најновата проценка на американските разузнавачки служби, рускиот претседател Владимир Путин е решен повеќе од кога било да го продолжи војувањето во Украина и да постигне победа на бојното поле. Во анализата, која овој месец им била претставена на членовите на Конгресот, се наведува дека разузнавачките агенции не гледаат никакви знаци дека Русија е подготвена за компромис, и покрај напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во мировни преговори, пишува NBC News.Оваа проценка е во согласност со ставовите на американските и западните разузнавачки служби уште од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Сепак, високите американски функционери сега веруваат дека Путин е поцврст во своите ставови од кога било. И покрај огромните човечки загуби и економските проблеми во земјата, Путин, според процената, останува целосно посветен на освојувањето украински територии за да ги оправда жртвите што неговата држава веќе ги поднела.Како јасен знак на растечка фрустрација, претседателот Трамп минатата недела го откажа планираниот состанок со Путин во Будимпешта и првпат откако се врати на функцијата во јануари воведе санкции против Москва. Новите мерки се насочени кон двете најголеми руски нафтени компании. „Едноставно почувствував дека е време,“ изјави Трамп за новинарите, опишувајќи ги санкциите како „огромни“. Тој додаде дека „долго чекал“ за нивно воведување, но се надева дека „нема да траат долго“ и дека „војната ќе биде решена“.Белата куќа одби да ја коментира разузнавачката проценка, повикувајќи се на јавните изјави на Трамп. „Како што рече претседателот, ова се големи санкции против нивните две нафтени компании, со цел да се поттикне крај на војната,“ изјави еден американски функционер. „Тој јасно порача дека е време да престане убивањето и да се постигне договор за мир. Соединетите Држави ќе продолжат да се залагаат за мирно решение, но трајниот мир зависи од подготвеноста на Русија да преговара со добра волја.“Трамп одамна ветуваше дека ќе посредува во запирањето на конфликтот и во изборната кампања тврдеше дека може да постигне мир во рок од 24 часа по враќањето во Белата куќа. Но неговите досегашни обиди да ја убеди Москва на прекин на огнот и директни преговори не донесоа резултати. Последните месеци неговата реторика се промени, а фрустрацијата и нетрпеливоста кон Путин станаа поочигледни. „Секогаш кога разговарам со Владимир, имаме добри разговори, но тие никогаш не водат никаде,“ изјави Трамп минатата недела.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryehf3h2vbmp7o215OBUi

(Видео) Страотни снимки од урнатата зграда во Турција

Две лица загинаа, а три се повредени во уривањето на седумкатна зграда во градот Гебзе, во северозападниот дел на Турција. Според извештаите на Euronews, сите петмина настрадани биле членови на иста семејна фамилија.Државната телевизија ТРТ објави дека меѓу загинатите е 43-годишен маж, неговата 37-годишна сопруга и нивните тројца малолетни деца.Гувернерот на Гебзе, Илхами Акташ, потврди дека спасувачите под урнатините го пронашле телото на 12-годишниот Мухамед Емир Билир, додека идентитетот на втората жртва сè уште не е официјално објавен. На местото на трагедијата ангажирани се стотици припадници на Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).Според државната агенција Анадолу, причината за уривањето сè уште не е утврдена. Сепак, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, изјави дека можна причина може да биде изградбата на блиската метро-линија, која, според него, можеби ја нарушила стабилноста на земјиштето.Несреќата се случила само неколку дена по земјотресот со јачина од 6,1 степени по Рихтер, кој во понеделник ја погоди западна Турција. Во тој земјотрес беа урнати три згради и една двокатница во градот Синдрг‛и, но властите соопштија дека објектите биле ненаселени поради претходни оштетувања.Иако во тие згради немало жртви, 22 лица биле повредени поради паника и падови за време на потресот, потврди губернаторот на Баликесир, Исмаил Устаоглу. Земјотресот бил регистриран во 22:48 часот по локално време, на длабочина од речиси шест километри, и бил почувствуван и во Истанбул и во околните покраини.Експертите предупредуваат на непочитување на градежните стандардиСтручњаците повторно апелираа до турските власти да ги засилат контролите и почитувањето на современите градежни прописи, предупредувајќи дека недисциплината во градбите претставува сериозен ризик.Во јануари годинава, две лица загинаа при уривање на четирикатница во градот Коња, а сопствениците на дуќаните во приземјето се обвинети дека незаконски ги отстраниле потпорните столбови.

Свет | пред 6 месеци

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

САД ги укина санкциите против Милорад Додик

Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД ги тргна Милорад Додик, претседателот на Алијансата на независни социјалдемократи и Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на БиХ, од листата на санкции.Претходно санкционираните членови на семејството на Додик, нивните компании и блиски соработници исто така беа отстранети од листата. Додик, поради анти-Дејтонски активности два пати беше САД редовно ги преиспитуваат своите санкции за да се осигурат дека тие ги промовираат економските цели на САД, како и целите на националната безбедност и надворешната политика.„Конструктивната акција на Народното собрание на Република Српска во последните недели треба да го подобри нивото на стабилност во Босна и Херцеговина и ќе овозможи партнерство со Соединетите Американски Држави врз основа на заеднички интереси, економски потенцијал и заеднички просперитет. Ќе продолжиме тесно да соработуваме со политичките и другите актери од целиот политички спектар во Босна и Херцеговина со цел да промовираме заеднички приоритети“, се наведува во одлуката.

Свет | пред 6 месеци

kasami-2

Касами: Дехари на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро, не можам да поддржам таков кандидат

Кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Тетово, Билал Касами, во интервју за ТВ Алсат-М изјави дека нема намера да го поддржи кандидатот на ДУИ за Кичево, Фатмир Дехари, обвинувајќи го дека му нанел штета на градот и дека за време на неговото владеење немало ниту еден проект од корист за граѓаните.Тој потоа ја појасни позицијата на својата коалиција кон кандидатот на ДУИ:„Сите знаат за моралните вредности кои ги застапувам, а еден таков кандидат како Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ. Тој, додека владееше во Кичево, не им донесе ниту едно добро на кичевци. Напротив, е придружуван од снимки и прислушувања што се појавија на социјалните мрежи и покажуваат дека тој на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро. Иако во принцип би поддржале кандидат Албанец, бидејќи сметаме дека би бил подобар за сите граѓани, во овој случај не можеме да застанеме зад кандидат кој му наштети на градот. ДУИ, уште кога го извади Дехари, го извади за да го изгуби Кичево,“ изјави Касами.На прашањето дали неговата изјава е продолжение на онаа дадена во Албанија, тој одговори дека не се работи за тоа, туку за принципиелен став кон сите граѓани:„Не. Јас велам дека, додека сум градоначалник на Тетово, за мене сите граѓани се исти. Јас го побарав гласот и на Албанците, и на Македонците, Турците, Ромите – и работев за сите нив. Тетово е космополитски град, а сè што е реализирано во него го уживаат сите граѓани. Од таа позиција сметам дека Албанец може да биде добар градоначалник, исто како и било кој друг граѓанин, за било кој град – па и за Кичево. Тоа е принципиелен став. Но, конкретно за случајот со господинот Дехари – знаејќи што направил, или поточно што не направил за Кичево, и имајќи ги предвид прислушувањата за неговото минато во однос на моралот – не можеме да го поддржиме само затоа што е Албанец. Ќе беше подобро ДУИ да избере друг кандидат. Сакам да ѝ објаснам на јавноста дека Движењето Беса имаше свој кандидат, и Кичево и кичевци имаа можност да застанат зад човек кој жртвуваше сè за Кичево и за Албанците. Но, во првиот круг тие избраа поинаков кандидат, и знаат како ќе гласаат во вториот. Јас не можам да поддржам кандидат кој му наштети на Кичево – поради тоа денес половина од Кичево е надвор од градот и од општината,“ изјави Касами.Со оваа изјава, лидерот на Беса ја заостри реториката кон ДУИ и дополнително ги дефинираше линиите на поделба меѓу албанските политички партии во пресрет на вториот изборен круг.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryehf3h2vbmp7o215OBUi

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи

Во урнатините по уривањето на зградата во градот Гебзе загинаа две лица, а спасувачките екипи се обидуваат да стигнат по уште тројца заробени станари кои се уште се живи.Додека државната агенција Анадолија соопшти дека причината за уривањето не е позната, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, изјави дека тоа би можело да биде поврзано со работите на блиското градилиште на метрото, пренесе Бета.Според турските медиуми, само петчленото семејство било во зградата во моментот на уривањето, додека брачната двојка што живеела на средниот кат не била дома во моментот на инцидентот.Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, вели дека спасувачката операција ја координираат гувернерот и градоначалникот на Гебзе, а учествуваат 147 спасувачи, вклучувајќи 80 од AFAD, како и членови на волонтерски организации и општината. Се користат две обучени кучиња-трагачи, осум уреди за откривање на заробени лица, два дрона и 52 возила.

Скопје | пред 6 месеци

Toploten-bran

СЗО предупредува: Смртноста од високите температури драстично се зголемува, климатската неакција веќе убива милиони луѓе годишно

Нов глобален извештај на Lancet Countdown on Health and Climate Change 2025, изработен во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), предупредува дека продолжената зависност од фосилни горива и неуспехот да се адаптираме на потоплиот свет веќе имаат разорни последици по здравјето на луѓето.Светската здравствена организација и нејзините партнери повикаа заштитата на човечкото здравје да стане централниот двигател на климатската акција. Новиот извештај на Lancet Countdown 2025 покажува дека 12 од 20 клучни индикатори за здравствени ризици достигнале рекордни нивоа, што укажува дека климатската неакција веќе чини човечки животи, ги оптоварува здравствените системи и ја поткопува глобалната економија.„Климатската криза е и здравствена криза. Секој дел од степенот на затоплување носи загубени животи и егзистенции“, изјави д-р Џереми Фарар, помошник-директор на СЗО за унапредување на здравјето и превенција на болести.„Овој извештај јасно покажува дека неакцијата убива луѓе сега, во сите земји. Но, климатската акција е и најголемата можност за здравствен напредок – почист воздух, поздрава исхрана и поотпорни здравствени системи можат да спасат милиони животи денес и да ги заштитат идните генерации.“Меѓу клучните наоди:Зголемен број жртви од топлотни бранови: смртноста поврзана со високи температури е зголемена за 23 отсто од 1990-тите, со просечно 546 000 смртни случаи годишно.Глад и несигурност: сушите и топлотните бранови во 2023 година оставиле дополнителни 124 милиони луѓе со умерена или тешка прехранбена несигурност.Економска загуба: изложеноста на топлина во 2024 година предизвикала губење на 640 милијарди работни часови, што е еквивалентно на 1,09 трилиони американски долари.Фосилните субвенции ја надминуваат климатската поддршка: владите потрошиле 956 милијарди долари на субвенции за фосилни горива – трипати повеќе од годишната сума ветена за поддршка на климатски ранливите земји.Извештајот нагласува дека брзото укинување на фосилните горива во корист на чиста енергија и ефикасна потрошувачка останува најмоќниот механизам за забавување на климатските промени и спасување животи.

Свет | пред 6 месеци

kosovo-sobranie

Дали се на повидок предверемни парламентарни избори во Косово?

Политички аналитичари предупредуваат дека по неуспешниот обид на косовскиот премиер, Албин Курти да формира влада, се зголемува шансата за предвремени парламентарни избори во Косово.Според European Western Balkans обидот за формирање нова Влада на 26 октомври, под водство на Курти, не успеал, што остава отворен пат кон можни предвремени избори во Косово.Иако можеби иако изборите се сè поблиску, нема гаранција дека тие ќе ја прекинат долгогодишната политичка блокада.Во интервју за „Дојче веле“, претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека ќе ги повика сите партии на консултации, но доколку не се постигне договор, ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.Аналитичарката Доника Емини, извршна директорка на платформата CiviKos од Приштина и членка на групата BiEPAG, за порталот European Western Balkans оцени дека повторувањето на изборите е малку веројатно да донесе значителна промена во однос на резултатите од февруари.„Загрижувачки е што изборите се организираат главно затоа што партиите не се задоволни од претходниот резултат и се надеваат на малку подобар исход. Политичката сцена не се промени суштински, па разликата ќе биде минимална“, истакнува Емини.Таа додава дека организирањето избори во вакви околности е „губење време и ресурси“ и „показател за политичка неодговорност во критичен момент за Косово“.

Свет | пред 6 месеци

Marija-Miteva-14.06.2022

ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Јакимовски: Како семејството за една година купило парцели во елитната населба Жданец?

Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на денешната прес-конференција побара јавни и транспарентни одговори од градоначалникот на Општина Карпош во заминување, Стевче Јакимовски, во врска со стекнување имот во елитниот дел на општината.Митева изјави дека прашањата кои ги упатуваат до Јакимовски не се само политички, туку и морални и институционални по својата природа, бидејќи, како што рече, се однесуваат на довербата што граѓаните му ја дале, а која, според неа, очигледно е злоупотребена.– Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство стануваат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, во местото Жданец, токму таму каде што и тој лично живее? Јавноста има право да знае од каде и со кои финансиски средства се обезбедени ваквите имоти во најскапата урбана зона на Скопје – изјави Митева.Таа праша и како е можно парцели кои, според претходниот Детален урбанистички план, биле означени како зеленило, по нивната купопродажба од страна на семејството Јакимовски да станат градежно земјиште, со веќе уцртана урбанистичка маркица во планот.– Дали за овие парцели, кои од зеленило станале градежно земјиште, е поднесено барање за техничка градежна документација? Доколку да, кој го поднел тоа барање, кога и до каде е постапката? – праша Митева.Дополнително, таа праша дали е вистина дека во изминатата година, покрај домашните парцели, семејството Јакимовски се стекнало и со вила во едно од туристичките места во Грција.– Време е прашањата да добијат одговори. Време е да се утврди дали во Карпош владее јавен или приватен интерес и како се успева да се заработи толку за купување на сите овие недвижности што се напоменати претходно – изјави Митева.

Скопје | пред 6 месеци

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Парите ги дала на рака и никогаш не отишла на патувањето: Жена од Куманово измамена од туристички агент за 2.000 евра

Жена пријавила дека била измамена од вработен во туристичка агенција во Скопје, кој ѝ земал пари за патување што никогаш не било реализирано.-На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да ѝ биде дадена во наредните денови.Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето ѝ кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да ѝ бидат вратени, лицето не одговорило на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryrtkmifqlfldlci8PXpq

Тензија на првиот ден во Советот на Скопје: ДУИ бојкотираше доделување уверенија

Неславно започна составувањето на новоизбраниот Совет на Град Скопје. Советниците од ДУИ одбија да ги примат уверенијата за избор на советници бидејќи беа напишани само на македонски јазик. Како што рекоа, со ова, според нив, се крши Законот за употреба на јазиците.Останатите членови, вклучувајќи ги и избраните од ВЛЕН, ги примија уверенијата. Со ова започнува работата на Советот на Град Скопје. Уверенијата се потпишани од претседателката на изборната комисија на Град Скопје Марија Мошев.ДУИ освои шест советници во Град Скопје, исто колку и ВЛЕН.

Скопје | пред 6 месеци

brza-pomos-nokje-3

Прегазил девојче на пешачки и избегал, девојчето со тешки повреди е пренесено на скопските клиники

Девојче на 11-годишна возраст е тешко повредено во сообраќајка на улицата „Перо Наков“ во Скопје, по што возачот избегал од местото.-На 28.10.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

media-library4ii8npfr8982et6AkGV

(Видео) Растат заканите кон Турците во Црна Гора, граѓаните вандализираат возила и објекти

Растат заканите кон Турците во Црна Гора. Во насилните инциденти голем број граѓани повикуваа „Турци надвор“ додека маршираа низ претежно турската населба во Подгорица.Продавниците и објектите во сопственост на турски државјани беа цел на напади во и во Подгорица и во Бар во текот на изминатите два дена, а рано утрово околу 2 часот избувнал пожар во продавница за сувенири во Стариот град на Херцег Нови.Инцидентите следеа по тепачката за време на викендот во која еден Црногорец беше избоден со нож, а беа уапсени осомничени Турчин и Азербејџанец. Потоа беа приведени уште 45 лица за проверка на нивниот престој.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryehf3h2vbmp7o215OBUi

(Видео) Се урна шесткатница во близина на Истанбул, екипите се обидуваат да ги спасат луѓето кои останале заробени

Најмалку пет-шест лица се заробени под урнатини откако утринава се урнала висока зграда во градот Гебзе во покраината Коџаели во близина на Истанбул.Според наводите на турските медиуми, трагедијата се случила утрово околу 7:30 часот, но засега не се споменуваат причините.Посочуваат дека во тек е спасувачка акција за извлекување на луѓето, а бројни екипи се на терен.„Се верува дека шест лица се заробени под урнатините. Нашите пребарувања и спасувања интензивно продолжуваат“, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryjv5ai1l659q92qRcTre

Алкохол, цигари, мебел и PlayStation контролери – шверц откриен во автомобили и автобуси

Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три илјади парчиња стока – меѓу кои алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со ознаки на заштитени брендови, мебел и автоделови. Против сторителите се поведени посебни постапки, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.На граничниот премин Блаце, цариниците откриле повеќе од 700 парчиња разна стока, меѓу кои играчки, парфеми, козметика и мебел.Во комбе управувано од македонски државјанин биле пронајдени 600 парчиња играчки, скриени во фабрички шуплини.Во друг случај, царинските службеници заплениле 143 парчиња парфеми и козметика, сокриени под патосниците и во багажниот простор на автомобил.Во товарно возило, пријавено како „празно“, биле откриени три гарнитури мебел.На граничниот премин Табановце, во три одделни случаи биле запленети 26 шишиња алкохолни пијалоци, повеќе од 200 електронски цигари и уред за авто-дијагностика. Дополнително, мобилен царински тим спречил обид за шверц на осум сета водни и воздушни пумпи со соларен панел, наменети за фонтани и аквариуми.Во првиот случај, 26 шишиња алкохол со вредност од околу 30.000 денари биле пронајдени во автомобил со германски таблички; сопственикот не ја пријавил стоката за да избегне плаќање царински давачки од околу 7.000 денари.Во вториот, 209 електронски цигари биле пронајдени во автобус на релација Брисел – Скопје.Во третиот, бил откриен уред за авто-дијагностика во возило со привремени германски таблици.На граничниот премин Богородица, при контрола на стока во транзит, мобилните тимови заплениле 1.200 безжични контролери за Sony PlayStation и 650 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки. Според Царината, стоката е одземена поради сомневање за повреда на интелектуална сопственост.На граничниот премин Ново Село биле пронајдени автоделови сокриени во автомобил управуван од македонски државјанин. Стоката е запленета, а против возачот е поведена соодветна постапка.

Македонија | пред 6 месеци

media-library2534lsglhp9j7mHCDyr

„Анти-Грета“ тврди дека ѝ се заканува смрт, бара азил во САД и помош од Илон Маск

Германската конзервативна активистка Наоми Сајбт, позната како „анти-Грета Тунберг“, тврди дека и се заканува смртна опасност и дека побарала азил во САД, со поддршка од милијардерот Илон Маск.Дваесет и петгодишната Сајбт стана позната во 2020 година, кога ја ангажираше конзервативен тинк-тенк како „лице на борбата против зелената агенда“. Денес таа тврди дека поддршката што ѝ ја дала крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) ја претворила во мета во нејзината татковина.Сајбт се надева дека ќе го искористи новиот закон за азил што го воведе администрацијата на Доналд Трамп, кој, според неа, дава предност на Европјани и жители на Јужна Африка.„Илон е свесен колку е опасна Европа, особено за луѓе со конзервативни ставови, и тоа ми го потврди лично“, изјави таа за Fox News Digital.„Одлучив да побарам азил во САД, а тој ми даде своја поддршка за тоа“, додаде таа.Сајбт вели дека во моментов престојува „легално“ во САД, каде што чека интервју за азилски статус, а од кога Маск почнал да ги споделува нејзините објави на платформата X, тие останале во личен контакт.„Мојата цел е да станам американска државјанка, затоа што оваа земја ми даде надеж“, изјави таа.Активистката вели дека германските власти ја шпионираат и заплашуваат со години, додека таа прима закани по живот од левичарски групи, вклучувајќи и припадници на Антифа.„Отидов во полиција, но ми рекоа дека не можат ништо да направат додека не ме силуваат или убијат“, рече Сајбт. „Не добивам никаква заштита од германската влада, иако сум во реална опасност.“Таа тврди дека, доколку се врати во Германија, би била уапсена поради своите јавни настапи и ставови.Според Daily Mail, Белата куќа досега не одговорила на барањето за азил на Наоми Сајбт.

Свет | пред 6 месеци

media-library19pitv55ru2h9qrvkaL

(Видео) Јакимовски до Лукровски: „Што правиш, бе човек, рекламирањето на „Систина“ е предизборен поткуп“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, преку објава на ФБ го обвини кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, дека со рекламирање на приватна болница „Систина“ врши предизборен поткуп и користи нечесен маркетинг во кампањата.Што правиш, бе човек?Втор ден по ред ја рекламираш Систина! Толку ли сте во паника?Не е фер према јавното здравство.Не е фер према останатите приватни клиники.А тоа што го правиш е чист предизборен поткуп.Кога нема идеи - се делат попусти.Кога нема визија - се нудат проценти.А кога се губи - се фаќа сламка за спас.Народот не се купува со попуст!Карпош заслужува чесна кампања, а не евтин маркетинг, вели Јакимовски во обраќањето до Лукровски.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања