Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

denari

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија.„По краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира. Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател за довербата на граѓаните во банкарскиот систем“, посочи гувернерот.Банкарскиот систем и натаму е стабил

Македонија | пред 5 месеци

media-library3n51p4qog2dobF2w4CD

Раст на доктори на науки во 2025 година: 245 лица стекнале највисок академски степен

Во 2025 година во Македонија, звањето доктор на науки го стекнале 245 лица, што претставува раст од 14% во споредба со претходната година.Најмногу докторирања биле регистрирани во областите здравство и социјална заштита (25,3%), следуваат бизнис, администрација и право (14,7%), инженерство, производство и градежништво (12,7%) и уметност и хуманистички науки (12,2%). Во 2025 година, 147 жени или 60% од сите доктори на науки, одбраниле дисертација.Во истата година, звањето магистер на науки и спец

Македонија | пред 5 месеци

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонецот Н.К. (33) е приведен под сомнение дека синоќа усмртил 57-годишен пешак додека возел камион на автопатот кај Грделица, а потоа го напуштил местото на несреќата, соопшти полицијата во Лесковац.Пешакот им подлегнал на повредите на самото место, а полицијата го идентификувала осомничениот, кој подоцна бил пронајден и приведен на подрачјето на Сремска Митровица.Со наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац, осомничениот е приведен до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежни

Македонија | пред 5 месеци

media-library4kdob50t0jel0kLhxOm

(Видео) Силен земјотрес на Света Гора: Моментот на потресот и силниот татнеж фатен на камера

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер е регистриран на Света Гора вчераСпоред грчките медиуми, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 8 километри северозападно од Кареја на Света Гора, додека длабочината на жариштето била на 5 километри.Според информациите, земјотресот бил почувствуван во Солун, а потоа следеле уште три последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер.Земјотресот бил почувствствуван и во Софија и во делови од Македонија.Спо

Свет | пред 5 месеци

media-library4l1e2krd3031aTciSDU

Нов циркус во Реал: Повторно на играч му прегледале погрешна нога?!

Се уште не се смири бурата околу повредата на Мбапе и неговото погрешно лекување, а сега изби нов скандал во Реал.Имено, неодамна се појави информација пласирана од француското РМС дека лекарите на мадридскиот клуб го прегледале погрешното колено на Мбапе, поради што тој не започнал веднаш со вистинска терапија и лекување.И додека тој го демантираше тоа, сега Л’Екип објави дека истото се случило и со Камавинга.Камавинга бил прегледан и скениран со магнетна резонанца на глуждот на погрешната нога

Спорт | пред 5 месеци

media-libraryh1md66k7895e6BBFKvy

Бојковска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа подготвеност и навремена реакција во услови на криза

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше Драгана Бојковска, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажала подготвеност и навремена реакција во услови на криза, со што ја истакна мерката за намалување на ДДВ-то на горивата од 18 на 10%.„Нашата Влада и нашата држава овој пат во ситуација кога постои криза и на глобално ниво, наоѓаме начин и се однесуваме соодветно во услови кога постои криза, со тоа што покажавме подготвеност

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryra540ugtli8701x0s5O

СКРМ алармира за притисок врз вработените во Театар Гостивар: Се заплашуваат дека театарот може да биде затворен поради судските трошоци

Синдикатот на културата преку објава на социјалните мрежи алармира дека вработените во Театар Гостивар се соочуваат со сериозен притисок и страв по донесувањето на осум правосилни судски пресуди, кои ги засегаат нивните финансиски права. Според СКРМ, лицата што вршат притисок се одговорни за последиците, а непочитувањето на судските одлуки може да претставува кривично дело.„Денес, СКРМ дојде до сериозно загрижувачки информации за состојбите во Театар Гостивар по донесените осум правосилни судски

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-06-1290PM

Жена сведочи за здравствена голгота: Мајка со мозочен удар враќана од оддел на оддел, три дена агонија по клиниките

Лидија Спиреска јавно сведочи за, како што вели, три дена институционален хаос и голгота низ здравствениот систем, низ кои поминала нејзината 75-годишна мајка, која на крајот била дијагностицирана со мозочен инфаркт.Според нејзиното сведоштво, сè започнало на 17 март годинава, кога нејзината мајка, добила покачен крвен притисок. Таа, заедно со ќерките, се упатила кај матичен лекар, каде што, како што наведува Спиреска, била примена од заменски доктор кој ѝ дал дијазепам.„Вторник 17.03.2026 навид

Коментари | пред 5 месеци

Inverter-klima-ured-696x522-1

Над 50% од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати, велат од Министерство за енергетика

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на терен.Од вкупно 4.070 доделени ваучери, во периодот од 18 март до 25 март веќе се подигнати 2.084, што претставува повеќе од половина од вкупниот број. Согласно податоците добиени од меѓуопштинските центри за социјална работа, заклучно со 25 март 2026 година до 18:00 часот, вкупно

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryh1a0pvf66pfuaUCkkFs

Филипче: Членството во ЕУ носи пристап до европски фондови и до 40 милијарди евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, укажа на економската и стратешката корист од членството во Европската Унија, потенцирајќи дека членството во ЕУ носи пристап до европски фондови и до 40 милијарди евра.„Во кој сектор, во која сфера има прогрес кај нас? Има ли раст на платите, се гради ли инфраструктура, зајакнува ли правосудството, образованието, здравството, социјалниот систем? Земјите што се членки, како Шпанија и Романија, се трансформирале со европските фондови. Романија, од почетокот на

Македонија | пред 5 месеци

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

(Видео) Трамп: Иран ми понуди да бидам врховен лидер, но одбив

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран силно сака да постигне договор со САД, но дека тоа не може јавно да го признае поради страв од реакцијата на сопствениот режим и од американската страна.Говорејќи за состојбите на Блискиот Исток, Трамп рече дека Техеран преговара и „многу сака договор“, но се плаши тоа да го каже јавно.„Преговараат и многу сакаат да постигнат договор, но се плашат да го кажат тоа бидејќи мислат дека ќе ги убијат нивните луѓе. Се плашат и дека ние ќе ги убие

Свет | пред 5 месеци

media-librarys5jeh9vbt26e36UJuVp

Израел соопшти: Убиен човекот одговорен за блокадата на Ормускиот теснец

Неименуван израелски службеник изјави за Times of Israel дека во напад во иранскиот град Бандар Абас е убиен командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири.Според ова тврдење, Тангсири бил одговорен за затворањето на Ормускиот теснец, еден од клучните светски коридори за транспорт на нафта.До сега нема официјална потврда од Иран ниту коментар од израелската војска за наводниот напад.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryab201v25qu9931sp6Jm

(Видео) Пукање во средно училиште во Русија: Ученик ранил соученик, па скокнал низ прозорец

Во средното училиште во Чељабинск ученик од деветто одделение ранил соученик од одделението, користејќи пластичен самострел и сигнален пиштол, соопшти прес-службата на регионалната влада.Напаѓачот пукал со сигнален пиштол, а потоа се обидел да избега низ прозорец и самиот се повредил, пренесува РИА Новости.Двата ученика се хоспитализирани, но нивниот живот и здравје не се загрозени.Наставата во училиштето е привремено прекината, а обвинителството ќе изврши инспекција на безбедносните мерки и кон

Свет | пред 5 месеци

media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

Нетанјаху нареди интензивирање на воздушните напади врз Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да ја интензивира воздушната кампања против Иран во следните 48 часа со цел да уништи што е можно поголем дел од иранската воена индустрија, а сето тоа од страв дека Вашингтон би можел да иницира процес на прекин на огнот.Директивата дојде откако владата на Нетанјаху доби копија од американскиот нацрт-план од 15 точки за завршување на војната, заклучувајќи дека со планот не се решаваат соодветно прашањата за нуклеарната програма и балис

Свет | пред 5 месеци

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Пакистан ги предупреди САД: „Ако ги убиете, нема со кого да преговарате“

Пакистан ги предупреди САД дека убиството на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибафи ќе го остави Техеран без претставници во преговорите, изјави пакистански функционер за Ројтерс.Израел потоа се откажа од плановите за нивно елиминирање, објасни официјалниот извор.„Им рековме на САД дека ако и нив ги елиминираат, нема да има со кого да разговараат. Затоа САД ги замолија Израелците да се откажат“, изјави функционерот.Претседателот

Свет | пред 5 месеци

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче во Ниш се сретнал со Милјан Шчекиќ а во Грција со Башановиќ, за кого работи СДС и какви агенди спроведува?  

Венко Филипче во Ниш се сретнал со Милјан Шчекиќ а во Грција со пријателот на Зоран Заев, Башановиќ под целосна насока на Зоран Заев. Филипче е без кредибилитет, не носи самостојно одлуки и е под целосна контрола на Зоран Заев, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.„Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционира во СДС, како што во минатото го постави Димитар  Ковачевски. Сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР комуникациите Башановиќ заедно со неговиот с

Македонија | пред 5 месеци

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Со поскапувањата ниту 600 евра не се доволно да се надмине кризата

Ниту 600 евра сега не се доволно за граѓаните да ја надминат оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Филипче укажа дека од сегашните ценовни шокови особено се погодени социјално ранливите категории на граѓани, најниско платените работници, пензионерите со најниски пензии, многудетните семејства.„Треба да се најде механизам да им се помогне на граѓаните. 400 евра беше ниска минимална плата, не можеа крај со крај да врзат граѓаните

Македонија | пред 5 месеци

SeKXr-

Нападнат турски танкер во Црното Море

Турски танкер натоварен со сурова нафта беше мета на напад со дронови во Црното Море, близу Истанбул, јави телевизијата NTV.Нападот се случил на 15 наутички милји од Босфорскиот теснец. Танкерот „Алтура“ бил целосно натоварен со околу еден милион барели сурова нафта. Иако „Алтура“ е санкционирана од Велика Британија и ЕУ, САД не вовеле санкции.Дошло до експлозија на палубата на танкерот, а машинската просторија била наполнета со вода, според турскиот поморски портал HaberDenizde.На бродот имало

Свет | пред 5 месеци

3-1

Најниска температура денеска е измерена на Попова Шапка со -3°C

Денеска времето во земјата ќе биде променливо облачно и релативно топло, со сончеви периоди, но ќе дува умерен до засилен, а локално и повремено силен ветер од јужен правец со брзини над 60 km/h. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд.Максималната температура ќе се движи од 14 до 21 степен, додека во Скопје се очекува до 20 степени.Според утринските мерења, најладно во земјата е на Попова Шапка со -3°C. Најниски температури се забележани и во Берово (-1°C),

Македонија | пред 5 месеци

goveda

Шест волови од Македонија предизвикаа проблем на бугарската граница

Шест волови од Македонија ја преминале границата со Бугарија во близина на селото Ѓуешево и предизвикале проблем кај тамошните власти.Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучува што да се прави во случајот. Не се знае дали овие шест волови се дел од оние говеда кои шетаат слободно во областа на Крива Паланка предизвикувајќи голема напрегнатост меѓу населението и сопственици, а маедонските на

Македонија | пред 5 месеци

nbrm-narodna-banka

Народна банка: Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА)  со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема.Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryuh5dbn5elefq4Bsvzul

Царинарницата во Гевгелија лани наплатила 430 милиони, спречено криумчарење на дрога, накит, шапки и цигари

Царинарницата во Гевгелија во 2025 година наплатила околу 26,5 милијарди денари (430 милиони евра), при што 24% од вкупните увозни приходи во државата се реализираат преку неа.„Во текот на годината бea спречени повеќе обиди за криумчарење, меѓу кои 188,3 кг марихуана, 28 кг сребрен накит и шипки, над 1.450 штеки цигари во 73 случаи и 100 мигранти во 11 случаи.Вкупно беа изготвени 8.598 записници за нелегални дејствија, врз основа на кои се донесени решенија за дополнителна наплата од околу 2,6 м

Македонија | пред 5 месеци

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи отстранет од листата за ликвидација

САД и Израел привремено ги отстраниле од листата за ликвидации иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибаф, пренесуваат американски медиуми.Како што наведува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани американски официјални лица, оваа одлука е донесена во рамки на напорите за покренување мировни преговори меѓу Вашингтон и Техеран.Изворите посочуваат дека двајцата ирански функционери биле отстранети од листата на неколку дена, как

Свет | пред 5 месеци

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Иран сака да преговара, но се плашат тоа да го кажат, вели Трамп

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Иран сака да преговара за мировен договор, но дека иранските официјални претставници јавно го негираат тоа поради страв од реакцијата на сопствениот народ, пренесува Си-Би-Ес (CBS).Говорејќи на вечера за републиканските членови на Конгресот, Трамп истакна дека Техеран, според неговите сознанија, всушност сака да постигне договор, но дека преговарачите се плашат тоа отворено да го признаат.„Тие преговараат и толку многу са

Свет | пред 5 месеци

media-library2usa516otu319IXcNE8

Денеска во Собранието седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 95. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии.Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања