Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryeeoapaan6f993cF3GyZ

„За две години обезбедивме 350 милиони евра за развој на општините“, вели Николоски

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека Владата во изминатите две години обезбедила 350 милиони евра за развојни и инфраструктурни проекти во општините, оценувајќи дека ваква поддршка за локалната самоуправа досега немало.На средба во ЗЕЛС со градоначалници и претставници на Светска банка, Николоски посочи дека преку проектот за изградба и рехабилитација на локални улици, кој се реализира во соработка со Светска банка, во периодот од јуни 2024 до

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryief9kqn5744o2qY0VQy

Трагедија во Бања Лука: Шестгодишно дете загина во пожар во семејна куќа

Шестгодишно дете го загуби животот, а повеќе лица се повредени во голем пожар што денеска избувна во семејна куќа во Бања Лука, Босна и Херцеговина.Според информациите од надлежните служби, пожарот бил пријавен околу 10:30 часот на улицата „Караѓорѓева“ во населбата Лауш. По пријавата, на местото веднаш пристигнале екипи на противпожарната служба, Итната медицинска помош и полицијата.Од Противпожарно-спасувачката бригада потврдија дека во пожарот загинало едно дете, додека неколку лица се здобил

Балкан | пред 5 месеци

media-libraryerc5eg5c93vaftDD23H

Нова главоболка за Бразил: Нејмар нема да игра против Египет

Бразилската фудбалска репрезентација нема да може да смета на Нејмар за претстојниот пријателски натпревар против Египет, откако беше потврдено дека искусниот напаѓач сè уште се опоравува од повреда на листот.Од Бразилската фудбалска конфедерација соопштија дека Нејмар нема да патува со националниот тим во Кливленд, туку ќе остане во Њу Џерси, каде ќе продолжи со физикална терапија и рехабилитација.Стручниот штаб сепак се надева дека 34-годишниот фудбалер ќе биде подготвен за првиот натпревар на

Спорт | пред 5 месеци

media-library11osp59sr4ugbAsxYNX

„Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут““, вели Димитријевиќ

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, побара од јавниот обвинител Ненад Савески да го повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и да ги побара доказите за кои, како што тврдат од партијата, јавно изјавил дека ги поседува во врска со случајот „Мазут“, проценет на 167 милиони евра.На прес-конференција, Димитријевиќ, потсети дека обвинителот Савески неодамна изјавил оти предметот може повторно да биде активиран доколку се појават но

Македонија | пред 5 месеци

lavrov

Лавров: Западот сака да ја распарчи Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека дијалогот меѓу Москва и Вашингтон за решавање на украинската криза се наоѓа во „маѓепсан круг“, обвинувајќи го Западот дека продолжува со политика на обуздување на Русија.Во интервју за руски медиуми, Лавров оцени дека западните земји никогаш не ја криеле намерата да ја ослабат Русија и да ги оттурнат нејзините соседи од соработка со Москва.Тој посочи дека речиси една година нема напредок во разговорите за Украина и тврди дека САД

Свет | пред 5 месеци

kremlj

Кремљ: Русија и Србија имаат посебни односи и можат да разговараат и за најтешките прашања

Русија и Србија имаат партнерски односи кои им овозможуваат на Москва и Белград да разговараат и за најчувствителните прашања, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.Песков истакна дека Русите и Србите ги поврзуваат посебни историски и верски врски, но нагласи дека Србија е независна и суверена држава која самостојно го избира својот развоен пат и сама се справува со предизвиците со кои се соочува.„Србија е самостојна држава

Свет | пред 5 месеци

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Цените на поморскиот транспорт скокнаа за 76 отсто поради кризата на Блискиот Исток

Цените на поморскиот транспорт нагло пораснаа од почетокот на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, додека сообраќајот низ Ормутскиот теснец и натаму е значително намален поради безбедносните ризици во регионот.Според податоците на аналитичката компанија „Друри“, глобалниот индекс за транспорт на контејнери пораснал за околу 76 проценти од крајот на февруари до почетокот на јуни. Во истиот период, трговскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец се намалил за околу 90 проценти во споредба со вообичаенот

Свет | пред 5 месеци

media-libraryp8v59b2n43738tHjUQD

(Видео) По експлозијата во Констанца: Пронајдени уште три морски дрона на романскиот брег

Уште три поморски дрона се пронајдени на романскиот брег на Црното Море, откако претходно денеска еден морски дрон експлодираше во пристаништето Констанца, објави романскиот портал Digi24, повикувајќи се на неименувани извори.Според информациите, новооткриените дронови биле забележани по инцидентот во кој беспилотно летало од типот што се користи во војната во соседна Украина експлодирало во близина на нафтен терминал во пристаништето Констанца.Романското Министерство за одбрана претходно соопшт

Свет | пред 5 месеци

media-library9e8bidna1sgo04MSl1I

Подводен тунел долг 112 километри ќе ги поврзе Русија и САД

Русија и САД денеска треба да потпишат договор за продолжување на проектирањето на подводен тунел под Беринговиот Теснец, кој би ги поврзал двете земји, најави Кирил Дмитриев на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.Според него, станува збор за еден од најголемите потенцијални инфраструктурни проекти меѓу Москва и Вашингтон. Дмитриев посочи дека разговорите за таканаречениот „Тунел Путин-Трамп“ продолжуваат, а новиот договор треба да овозможи натамошен развој на проектот.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryoj2260cusfgs5QkAM2n

Малолетник управувал нерегистриран мопед без возачка

Четиринаесетгодишник од Ресен бил затекнат како управува мопед без возачка дозвола и без регистарски ознаки, при што возилото било привремено одземено.Како што информира СВР Битола, на 4 јуни во 18:10 часот на улицата „Ленинова“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода малолетникот при рутинска сообраќајна контрола.При проверката било утврдено дека мопедот нема регистарски ознаки, а 14-годишникот не поседувал возачка дозвола. Со него бил извршен службен разговор во присус

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Битолчанец со метален предмет демолирал дел од локал и светлечки реклами

Битолската полиција истражува инцидент што се случил во раните утрински часови на улицата „Буковски мост“, каде што бил нарушен јавниот ред и мир.Според информациите од СВР Битола, на 4 јуни околу 10 часот било пријавено дека околу 1 часот по полноќ, Р.М. (35) од Битола со метален предмет оштетил дел од угостителски објект и повеќе светлечки реклами.Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Фатен со 1,61 промили алкохол зад волан во Демирхисарско

Педесет и осумгодишен жител на Струга бил лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол во Демирхисарско.Според информациите од СВР Битола, на 4 јуни околу 18:53 часот, кај селото Сопотница, полициски службеници од ОВР Демир Хисар сопреле патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С. И. (58) од Струга.При извршената контрола било утврдено дека возачот управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,61 промили алк

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Два напади врз малолетници за неколку часа во Тетово и Гостивар

Два одделни случаи на физички напади врз малолетници биле пријавени вчера во Тетово и Гостивар, информираат од СВР Тетово.Во првиот случај, 52-годишна жителка на Тетово пријавила дека нејзиниот 17-годишен син околу 15 часот бил физички нападнат од три лица во дворот на училиште во Мала Речица. Според пријавата, нападот следувал по претходно недоразбирање, а малолетникот познавал едно од лицата.Во вториот случај, 36-годишен гостиварец пријавил дека неговиот малолетен син околу 14:45 часот бил физ

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Двајца млади возачи останаа без возилата, управувале без возачка дозвола

Полицијата лишила од слобода двајца млади возачи во Гостиварско и Тетовско, откако биле затекнати како управуваат возила без да поседуваат возачка дозвола.На 4 јуни околу 21:15 часот на улицата „Млаки“ во Гостивар, полициски службеници го привеле 22-годишниот Н.М. од село Врапчиште. При контролата било утврдено дека управувал патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки без положен возачки испит. Возилото било одземено.Само 45 минути подоцна, во тетовското село Нераште, по

Македонија | пред 5 месеци

media-librarypdlcklved3r4fgohNuj

Започнува 10-то издание на „Охрид трчат“

Вечерва започнува 10-то, јубилејно издание на најмасовната спортска манифестација „Охрид трчаТ“. На прес конференција што точно напладне се одржа пред хотел „Палас“ градоначалникот Кирил Пецаков зборуваше  за  важноста на  овој спортски настан за Охрид.„Охрид трчаТ“ е најмасовниот спортски настан во градов и пошироко и полека но сигурно станува наш бренд. Годинава е најавен   рекорден број на учесници,  над 2 700  од 30 држави. Овие факти зборуваат многу. Случувањето  одамна ја надмина локалната

ОО | пред 5 месеци

media-library1dalcf7f09aacqmIv0c

(Видео) Драма пред полетување: Попушти носната опрема на Боинг, повредени членови на екипажот

Неколку лица се повредени откако предната опрема за слетување на авион „Боинг 787“ неочекувано попуштила додека леталото било паркирано на гејт на аеродромот во Франкфурт, соопшти германската авиокомпанија Луфтханза.Од компанијата информираа дека во моментот на инцидентот патниците сè уште не биле качени во авионот, но во леталото се наоѓале членови на екипажот и персонал задолжен за опслужување на летот.Според Луфтханза, двајца членови на кабинскиот екипаж и уште неколку вработени од надворешни

Свет | пред 5 месеци

media-libraryup4301a81e6e25w49u4

Скопје ќе добие 40 нови возила за комуналната хигиена и 2.600 нови контејнери

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција изјави дека градските власти интензивно работат на надминување на долгогодишните проблеми во комуналната хигиена и најави значително подобрување на состојбата веќе од септември.Тој посочи дека при преземањето на функцијата биле затекнати само 16 функционални возила за собирање отпад, додека денес на терен секојдневно работат меѓу 50 и 60 возила.„Не сакам да се жалам на состојбите што ги затекнавме, туку да зборувам за тоа

Скопје | пред 5 месеци

markica-1

Заврши акцијата „Цветни балкони – цветен Охрид“

Заврши акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“. Утрово се поделени и преостанатите количини од предвидените 400 жардиниери со саксиско цвеќе.Годинава со акцијата беа опфатени жителите од улиците „Прилепска“,„Винковачка“, „Будва“, „Радојца Новичиќ“ и „Кленоец“.Општина Охрид ја реализира оваа акција традиционално по повод Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни.

ОО | пред 5 месеци

media-librarygin1hoet315l6BI2rOm

Ѓорѓиевски: Го откочивме БРТ, Скопје влегува во нова фаза на урбана мобилност

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција истакна дека општините во земјава во изминатиот период добиваат силна поддршка од Владата и од Светската банка за реализација на капитални и инфраструктурни проекти, нагласувајќи дека меѓу најзначајните инвестиции е набавката на нова механизација за комунална хигиена.Тој посочи дека станува збор за една од најголемите инвестиции во оваа област во последните години, од која најголем бенефит ќе има градот Скопје, но дел од

Скопје | пред 5 месеци

media-library1eg3q5e7hpjsd37fKlT

(Видео) Македонски знамиња се вееја во Мајами: Гого Славески е шампион во бокс со голи раце

Горјан – Гого Славески испиша нова спортска историја, совладувајќи го Џони Тељо на шампионатот во бокс со голи раце (Bare Knuckle Fighting Championship).По големата победа, арената беше преплавена со македонски знамиња и ечеше „Шампионеее, шампионеее“.

Настани | пред 5 месеци

media-library45v6ok2ior4c1Ucuk2i

Принова во Скопје ЗОО: Родени две бели волчиња

Во Скопје ЗОО пристигна подмладок кај белите волци, откако семејството се збогати со две мали волчиња кои веќе го привлекуваат вниманието на вработените и посетителите.Од Зоолошката градина информираат дека младенчињата сè уште се во најраната фаза од својот развој и најголемиот дел од времето го поминуваат во близина на својата мајка, која внимателно се грижи за нивната безбедност.„Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа, токму како што тоа природно го прават и во дивината.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

„ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија СДСМ, сите лаги на Мицкоски се разобличени“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение оцени дека пораките кои деновиве пристигнаа од европските институции претставуваат потврда на ставовите што партијата ги застапува со месеци и, како што велат, ги разобличуваат тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски и Владата.Од опозициската партија посочуваат дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно ставил до знаење дека уставните измени остануваат единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори со Европската Унија.„Лагите со кои Миц

Македонија | пред 5 месеци

Zlato

Златото бележи неделен пад додека мировните преговори меѓу САД и Иран тапкаат во место

Цената на златото е на пат да ја заврши неделата со загуба од околу два процента, додека неизвесноста околу мировните разговори меѓу САД и Иран продолжува да создава турбуленции на глобалните пазари.Во петокот златото се тргуваше под нивото од 4.450 долари за унца, во недела обележана со нови тензии на Блискиот Исток и ескалација на безбедносните ризици во регионот. Дополнителна неизвесност внесе и одбивањето на Хезболах да го прифати примирјето меѓу Израел и Либан, посредувано од Соединетите Ам

Свет | пред 5 месеци

media-librarya98i74njpg5lc3ViDtw

Со убедлива поддршка од 174 држави, Македонија обезбеди место во ЕКОСОК

Македонија испиша нова страница во својата дипломатска историја, откако за првпат беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК), добивајќи поддршка од дури 174 земји членки.Со овој избор, државата ќе биде дел од едно од најзначајните тела на ОН во периодот од 2027 до 2029 година, учествувајќи во креирањето и координацијата на глобалните политики поврзани со економскиот развој, социјалната правда, одржливоста и човековите права.Одлуката беше донесена на г

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

„За СДС единствена политичка агенда се уставните измени, а Филипче е фиксиран само на внесување на Бугарите во Устав“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче ја сведуваат својата политичка агенда исклучиво на прашањето за уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот, занемарувајќи ги, како што велат, клучните државни и реформски приоритети.Од владејачката партија велат дека Филипче е „погласен промотор на барањата за уставни измени отколку самата Бугарија“, оценувајќи дека СДСМ упорно ја турка оваа тема како свој главен политички фокус.Според ВМРО-ДПМНЕ, опозициската

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања