Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

tejlor-svift-1200x675-1

Тејлор Свифт ја објави новата песна за „Toy Story 5“

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт официјално ја објави својата нова оригинална песна „I Knew It, I Knew You“, која ќе биде дел од саундтракот на Toy Story 5.Песната беше претставена на 5 јуни и е инспирирана од приказната на каубојката Џеси, еден од најпознатите ликови во франшизата.Свифт објави и носталгично видео од своето детство на социјалните мрежи, на кое танцува облечена во каубојски чизми и шешир, потсетувајќи на изгледот на Џеси.„Пишувањето на оваа песна беше како музичко патување и

Магазин | пред 5 месеци

media-librarynmumqoo1uudk6OxkD4L

Зошто вашиот iPhone престанува да се полни на 80 проценти?

Многу корисници на iPhone забележале дека нивните телефони престануваат да се полнат кога батеријата ќе достигне 80 проценти, поради што дел од нив помислиле дека станува збор за дефект. Сепак, причината е сосема поинаква и е поврзана со функција што Apple ја воведе за да го продолжи работниот век на батеријата.Според објаснувањето на компанијата, постојат две можни причини поради кои уредот не се полни над 80 проценти, а и двете се намерно дизајнирани.Првата е функцијата „Оптимизирано полнење н

Магазин | пред 5 месеци

media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

Хезболах го одби предлогот за примирје, Израел нареди евакуација на девет села во Либан

Израел издаде наредби за евакуација на девет населени места во јужен Либан, по што илјадници луѓе започнаа да ги напуштаат своите домови во страв од нови воени операции. Според локални извори, во денешните израелски напади загинале шест лица, само еден ден откако Хезболах го одби предложениот договор за прекин на огнот.Меѓу луѓето кои бегаат се и стотици семејства од селото Анкун, кое во изминатиот период било засолниште за илјадници раселени лица од другите делови на јужен Либан.Израелската арм

Свет | пред 5 месеци

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин: Состанок со Зеленски нема смисла

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во моментов не гледа смисла во одржување директна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, одговарајќи на неговото неодамнешно отворено писмо во кое беше повикан на разговори за завршување на војната.Говорејќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин оцени дека досегашните директни контакти меѓу двајцата лидери не донеле конкретни резултати.„Досегашното искуство покажува дека таквите состаноци служат за купување време.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц: Србија мора да избира помеѓу Европа, Русија и Кина

Европските лидери на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват ја потврдија својата посветеност на проширувањето на Европската Унија, но истовремено испратија јасна порака до Србија дека нејзиниот напредок кон членството зависи од спроведувањето на реформи и усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на Унијата.Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека Белград мора јасно да одлучи каде ја гледа својата иднина.„Не е можно да се води политика на колебање меѓу Русија, Кина и Европа. Пат

Свет | пред 5 месеци

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Купиле авионски билети, а потоа добиле дополнителна сметка за гориво

Италијанскиот регулатор за заштита на конкуренцијата и потрошувачите отвори истрага против шпанската нискобуџетна авиокомпанија „Волотеа“ поради сомнежи дека со наплата на дополнителен надомест за гориво по купувањето на билетите ги прекршила правилата за заштита на потрошувачите.Според соопштението на регулаторот, компанијата вовела нова ценовна политика со која цените на билетите се усогласуваат со растот на цената на керозинот, поврзан со конфликтот меѓу Иран и Израел.Регулаторот наведува дек

Свет | пред 5 месеци

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Протести во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, Рама обвинува за хибриден напад

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја се наоѓа во услови на „хибридна војна“ и оцени дека протестите против контроверзниот туристички проект поврзан со американскиот инвеститор Џаред Кушнер се поттикнати од надворешни непријателски сили.Станува збор за луксузен туристички проект на југот на Албанија, кој би опфатил заштитен остров и дел од крајбрежјето. Планот предизвика силни реакции кај еколошките организации и активистите, кои предупредуваат на можни последици врз природата и

Балкан | пред 5 месеци

media-librarym9b6asjic0nj0nfgzBL

335 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден" од Крива Паланка и „Љубен Лапе", „Ацо Шопов", „Лазо Трповски " и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови.Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на

Македонија | пред 5 месеци

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Макрон, Стармер и Мерц ќе се сретнат со Зеленски во Лондон

Францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц задутре ќе одржат средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон, соопшти Елисејската палата.Според соопштението, лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина и за дополнително зголемување на притисокот врз Русија.„Средбата ќе овозможи продолжување на блиската координација околу нашата заедничка агенда за понатамошна поддршка на Украина и зголемување на притис

Свет | пред 5 месеци

media-libraryp3rcf95mgui85Q5H3np

Грција лидер во ЕУ по намалување на потрошувачката на шверцувани цигари

Грција во 2025 година го забележала најголемото намалување на потрошувачката на шверцувани цигари меѓу сите 27 земји-членки на Европската Унија, соопшти тутунската компанија Papastratos.Податоците се објавени во годишниот извештај на KPMG, изработен по нарачка на Philip Morris International, и укажуваат на значителен напредок во борбата против нелегалната трговија со тутунски производи.Според извештајот, шверцуваните цигари во Грција во 2025 година учествувале со 14,1 проценти од вкупната потрош

Свет | пред 5 месеци

media-librarym4kp3har6a8u0oTs8yZ

Шок во Турција: Првиот човек на Фенербахче доби затворска казна

Турски суд го осуди претседателот на фудбалскиот клуб Фенербахче, Садетин Саран на две и пол години затвор поради поттикнување нелегално обложување.Според пресудата на судот во Истанбул, Саран и неговиот брат Кенан Саран биле прогласени за виновни за „поттикнување лица да учествуваат во нелегално обложување преку рекламирање или други средства“.Садетин Саран ги отфрлил обвинувањата и за време на судскиот процес тврдел дека не сторил никакво кривично дело.Пресудата доаѓа само неколку дена пред во

Спорт | пред 5 месеци

edi-rama-696x523

Еди Рама: Никој не знае кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама на духовит начин одговори на прашање за тоа кога Албанија ќе стане членка на Европската Унија, нагласувајќи ја неизвесноста што го следи процесот на проширување на Унијата.На новинарско прашање „Кога Албанија ќе се приклучи кон Европската Унија?“, Рама кусо одговори:„Постојат три работи што не можат да се предвидат: Бог, сексот и Европската Унија.“Неговата изјава предизвика внимание во јавноста и беше сфатена како коментар за сложените и често непредвидливи процедури

Балкан | пред 5 месеци

macro-shot-pouring-water-into-glass-1

Чаша вода наутро може да направи голема разлика за вашето здравје

Започнувањето на денот со чаша вода може позитивно да влијае врз хидратацијата, нивото на енергија и функционирањето на дигестивниот систем, покажуваат здравствените препораки.По неколкучасовен сон, организмот често е благо дехидриран, а токму водата наутро може да помогне во надоместувањето на изгубените течности. Експертите посочуваат дека дури и лесната дехидрација може да предизвика замор, намалена концентрација и чувство на исцрпеност.Покрај тоа, водата игра важна улога во варењето. Таа пом

Магазин | пред 5 месеци

media-libraryhiho70il4lcd3HQWyjB

(Видео) Навивач втрча на терен за селфи со Вембањама – НБА го казни доживотно

Навивач кој за време на првиот натпревар од НБА финалето втрча на теренот со намера да направи селфи со ѕвездата на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, доби доживотна забрана за присуство на сите натпревари во НБА.Инцидентот се случил во последната четвртина од дуелот меѓу Сан Антонио и Њујорк никс, кога навивачот со мобилен телефон во раката влегол на паркетот и се упатил кон Вембањама. Обезбедувањето брзо реагирало и го отстранило пред да успее да направи фотографија.НБА соопшти дека и второ

Настани | пред 5 месеци

media-librarybi1hr5kehn85e4F0GQZ

(Видео) Родригез ја налути нацијата пред Светското првенство – ја игнорирал ќерката на колумбискиот претседател

Капитенот на колумбиската фудбалска репрезентација, Хамес Родригез, се најде во центарот на вниманието пред почетокот на Светското првенство, откако на социјалните мрежи се прошири видео од испраќањето на националниот тим во САД.На снимката се гледа како Антонела, ќерката на колумбискиот претседател Густаво Петро, се поздравува со репрезентативците. Меѓутоа, кога му подала рака на Родригез, тој само ја погледнал и продолжил понатаму без да се поздрави.Видеото предизвика бројни реакции во Колумби

Настани | пред 5 месеци

media-library749cishbt0vk4CHysCV

Агаси по шокантниот пораз на Синер: Нема оправдување за ваков колапс

Поранешниот светски рекет број еден, Андре Агаси, изјави дека е изненаден од начинот на кој Јаник Синер беше елиминиран од Ролан Гарос, оценувајќи дека првиот тенисер на АТП-листата не бил доволно подготвен за предизвиците на турнирот.Синер доживеа шокантен пораз од Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло, иако водеше со 2-0 во сетови и имаше предност од 5-1 во третиот сет. Италијанецот потоа целосно падна во играта и физички не можеше да го одржи темпото.„Огромна е разликата меѓу тоа да бидеш во фор

Спорт | пред 5 месеци

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Приведени 10 возачи за безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава биле лишени од слобода 10 возачи поради безобѕирно управување со возило.Од нив, осуммина биле затекнати како управуваат возила без возачка дозвола, меѓу кои и двајца малолетници. Најмногу случаи се регистрирани во Прилеп, каде што биле приведени две лица, а по едно лице било затекнато во Кривогаштани, Скопје, Тетово, Гевгелија, Дебар и Ресен.Дополнително, двајца возачи – во Скопје и

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryounipmj4sptf8dlIv7a

Мицкоски по средбата со Мерц: „Процесот на проширување на ЕУ е жив“

Премиерот Христијан Мицкоски од Тиват изјави дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив и дека Македонија треба да продолжи со реформите, но без да го загрози националното достоинство.Говорејќи по билатералната средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц во рамки на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Мицкоски рече дека разговорите биле конструктивни и дека Македонија го пренела својот став за актуелните европски прашања.„Наша задача како Влада е да го зачуваме процесот на п

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryqftdlnhlvmhc2tgmcff

МОН воведе AI асистент за поддршка при користење на Е-дневникот

Министерството за образование и наука, во соработка со Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, воведе AI асистент за поддршка на корисниците на Е-дневникот.Станува збор за напредно софтверско решение базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во системот на Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање прецизни одговори на прашањата на корисниците.Според МОН,

Македонија | пред 5 месеци

media-library6jneg9g43eld7tiaVQz

(Видео) „Спорен кров кој лани беше забранет повторно се користи за масовна журка“, вели Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку објава на социјалните мрежи предупреди на можни безбедносни ризици поврзани со организирање настан на кров од објект за кој, како што тврди, претходно била изречена забрана за користење.Јакимовски потсети дека минатата година општината забранила одржување забави на кровот на објектот поради безбедносни причини и наложила отстранување на пристапните скали.„Денес истиот тој кров е распродаден за журка. Кој дозволил? Кој презел о

Настани | пред 5 месеци

media-library2k47ijetmkjv2BKzFAz

Неделен преглед: Екипите на „Паркови и зеленило“ со активности низ Охрид и околните населби

Екипите на работната единица „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ и изминатата недела реализираа бројни активности за одржување и уредување на јавните зелени површини во градот и приградските населби.Во пресрет на јубилејното 10. издание на спортската манифестација „Охрид трчат“, јавното претпријатие обезбеди логистичка поддршка и активно се вклучи во подготовките за настанот. Беа спроведени активности за чистење и косење на зеленилото покрај патеките по кои ќе се одвиваат трките, а

ОО | пред 5 месеци

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР со алармантни податоци – 191 кривично дело за семејно насилство за еден месец

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на мај 2026 година се регистрирани 191 кривично дело поврзано со семејно насилство, што претставува зголемување од 70,5 проценти во споредба со истиот месец лани.Според податоците на МВР, најголем дел од пријавените дела се однесуваат на телесна повреда, вкупно 130 случаи, како и 52 случаи на загрозување на сигурноста. Во текот на месецот е регистрирано и едно убиство поврзано со семејно насилство на подрачјето на СВР Битола, како и две те

Македонија | пред 5 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Американскиот Конгрес изгласа нов пакет помош за Украина

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон за поддршка на Украина со 226 гласа „за“ и 195 „против“, отворајќи пат за нов пакет воена, финансиска и политичка помош за Киев.Предлог-законот предвидува дополнителна воена помош за Украина, обновување на програмата за заем и наем, нови санкции против Русија, поддршка за враќање на украинските деца депортирани во Русија и средства за обнова на земјата.Според американски и украински медиуми, законот бил изгласан и покрај противењето на Бел

Свет | пред 5 месеци

media-libraryhgjkj3l9q04h69tdZvd

Македонија лидер во Европа по раст на авиосообраќајот

Македонија е лидер по раст на авиосообраќајот меѓу земјите надвор од Европската Унија, покажува најновиот извештај на Советот на меѓународни аеродроми (ACI Europe).Според податоците, во април е регистриран раст на патничкиот авиосообраќај од 30,6 проценти во споредба со истиот период лани, што ја позиционира земјата пред Албанија со 25,3 проценти и Молдавија со 24,6 проценти раст.Овој резултат ја потврдува позицијата на Македонија како еден од најбрзо растечките пазари во авијацијата и е показат

Македонија | пред 5 месеци

FFM

ФФМ до Шкендија: Заканите нема да ја променат изречената казна

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) остро реагираше на соопштението на Шкендија, откако тетовскиот клуб најави дека неговиот спонзор би можел да се повлече од клубот и од македонскиот фудбал доколку не биде ревидирана казната изречена од Дисциплинската комисија по финалето на Купот на Македонија.Од ФФМ порачаа дека нема да подлегнат на притисоци, закани или уцени и дека правилата мора да важат подеднакво за сите учесници во македонскиот фудбал.„Никакви уцени, притисоци или закани нема да

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања