Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

DSC_0288

Приведен жител на Македонска Каменица поради напад врз сопругата

На 30 септември 2025 година, во 20:45 часот, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го привеле Г.А. (51) од Македонска Каменица, информираат од МВР.Приводувањето уследило по претходна пријава дека истиот ден, околу 18:30 часот, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга.Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Кривична пријава против „Електродистрибуција“ и вработен од Куманово за пожар во Центар Жупа

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Електродистрибуција“ ДООЕЛ Скопје и против С.С. (47) од Куманово, вработен во компанијата, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираат од МВР.Според пријавата, тие не постапиле во согласност со прописите и техничките правила и не го одржувале во исправна состојба далеководот за селото Мал Папрадник во општина Центар Жупа. Со тоа ги прекршиле мерките за заштита, што резултирало со пожар на ниви во атарот на селото на 30 август 2025 година, при што бил доведен во опасност животот и имотот на населението.

Македонија | пред 7 месеци

zgrada-stan

Кражба во стан во Центар: вратата не била заклучена, жена влегла и озема паричник

На 30 септември 2025 година, во 16:20 часот, во СВР Скопје 34-годишната А.П. од Скопје пријавила дека околу 15:45 часот на подрачјето на Центар непознато женско лице влегло во нејзиниот стан кој не бил заклучен.Од еден паричник биле украдени пари, а дополнително бил одземен и друг паричник со лични документи и пари. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Пронајден починат маж во двор од семејна куќа во Драчево

На 30 септември 2025 година, околу 18:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево е пронајден починат 68-годишниот Љ.Т. од Скопје.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.

Скопје | пред 7 месеци

media-libraryut6dd98vhlsda0Xaake

(Видео) Трајановски ветува крај на сообраќајниот хаос во Аеродром, кандидатот на СДСМ најави бројни проекти

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, денеска на прес-конференција изјави дека неговата програма нуди конкретни решенија за сообраќајните и инфраструктурните проблеми во општината.Тој посочи дека Аеродром се соочува со сообраќаен метеж, недостиг од паркинг-простор и небезбедни пешачки и велосипедски патеки. „Нашата програма нуди решенија, а не празни зборови,“ рече Трајановски.Според него, во соработка со Град Скопје ќе се заврши изградбата на булеварот АСНОМ, ќе се обезбедат нови коридори за поврзување со соседните општини и ќе се изгради нова сообраќајница меѓу Аеродром и Кисела Вода. Исто така, е предвидена реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ и нејзините краци.Во програмата е вклучена и целосна реконструкција на споредните улици во Горно и Долно Лисиче, како и уредување на паркинг-просторите зад трговските центри „Скопјанка“ и „Бисер“, како и во Ново Лисиче.„Ќе реконструираме сите сервисни улици со воведување на ‘зона 30’, што ќе значи поголема безбедност за пешаците и велосипедистите. Ќе изградиме нови велосипедски патеки и ќе воспоставиме нулта толеранција за паркирање на тротоари и пешачки патеки,“ најави кандидатот на СДСМ.Дополнително, Трајановски најави поставување нови семафори кај сите училишта за поголема заштита на децата, како и изградба на паметни паркиралишта и катни гаражи, согласно принципите на одржлива урбана мобилност.„Ова се решенија што директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните – побезбеден сообраќај, поуредени улици и поголема мобилност за сите. Заедно ќе ставиме крај на сообраќајниот хаос и ќе изградиме модерна, европска општина Аеродром – општина по мерка на граѓаните,“ изјави Трајановски.

Скопје | пред 7 месеци

media-librarybkk6rvof6n792JwUOB6

Шукова: Хуман третман за бездомните кучиња, зголемени активности за чипирање, стерилизација и вакцинација

При денешната посета на Општина Аеродром, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, ја отвори и темата која, според неа, е од особена важност за граѓаните проблемот со бездомните животни.„Во изминатиот период, низ разговорите со граѓаните, речиси секојдневно го слушаме истиот проблем уличните кучиња. Проблемот е реален и мора да се решава со сериозен, хуман и системски пристап“, истакна Шукова.Таа најави план за изградба на државно прифатилиште со поголем капацитет, кое ќе овозможи поефикасно справување со проблемот.„И покрај активностите на ‘Лајка’, потребен е поголем и одржлив капацитет. Затоа предвидуваме државно прифатилиште кое ќе го адресира проблемот во корен“, додаде таа.Шукова најави зголемени активности за чипирање, стерилизација и вакцинација на уличните животни, во соработка со ветеринарни станици и граѓански здруженија.„Мораме на хуман начин да го решиме проблемот. Секако, и институциите и граѓаните треба да бидат дел од решението“, потенцираше Шукова.Во својата програма таа предвидува и изградба на крематориум за домашни миленичиња, како сервис што, според неа, недостасува во градот.„Покрај тоа што мораме да се грижиме за уличните животни, мора да понудиме и достоинствен начин на збогување со нашите домашни миленици. И тоа е дел од хуманиот пристап кон животните“, изјави Шукова.

Скопје | пред 7 месеци

media-libraryg95e65tq917p8hbSg4E

Mozzart и „ОЦР Кучково 2025“ – каде природата и спортот создаваат непобедливи херои

Трета година по ред, компанијата Mozzart стои зад една од најекстремните и највпечатливи трки во Македонија „ОЦР Кучково 2025“, организирана од Здружението за спортски игри со препреки „ОТАКУ Скопје“.Овој спортски спектакл, кој важи за еден од најпосетените настани во земјава, повторно блесна во препознатливите сино-жолти бои.Лидерот во приредување игри на среќа, и оваа година учествуваше со свој тим од осум натпреварувачи, кои храбро се соочија со предизвиците на патеката и го оправдаа слоганот на тимот “Непобедливи”.„Оваа година ги имавме сите услови за најдобрата OCR трка досега – кал, дожд и препреки изработени по највисоки стандарди за овој спорт, кон кои целиме уште од првата OCR трка во Леуново. Горди сме што по петти пат ја организиравме оваа спортска приказна, и тоа првпат како дел од Светската и Европската OCR федерација. Во патеката и препреките вложивме многу труд за да им понудиме на учесниците вистинско искуство исполнето со предизвици и силни емоции. Ова е можеби најтешката трка во Македонија како од тркачки така и од логистички план. Искрена благодарност до нашиот главен спонзор Mozzart, без кого оваа трка немаше да биде возможна, како и до клубовите и заедницата што се со нас од првиот ден”, изјави Марија Алексова, претседател на здружението „ОТАКУ Скопје“.По завршувањето на трката, вработените од Mozzart организираа еко-акција за чистење на излетничкото место, со што уште еднаш го потврдија својот ангажман за зачувување на природата и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.„Ова е трета година по ред како ја поддржуваме трката ОЦР Кучково 2025. Без сомнение ќе кажам дека ова е еден од најубавите спортски настани кај нас, каде владее натпреварувачки дух но и многу дружба. Под слоганот ‘Непобедливи’, за нашиот тим се натпреваруваа осум тркачи. Покрај поддршката на трката, реализирана беше и еко акција за чистење на излетничкото место каде се одржуваше трката. Ваквите и слични настани секогаш ќе ја имаат поддршката од нашата компанија”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Со активно учество и поддршка на вакви иницијативи, Mozzart не само што го зајакнува тимскиот дух меѓу вработените, туку и го потврдува значењето на слоганот – Непобедливи.(ПР)

Магазин | пред 7 месеци

media-libraryua82094j8si4f6ILYmk

„Јас сум професионалец, но пред сè сум мајка“! Албанската пратеничка Ѓузи го донесе своето бебе на седница во парламентот

Пратеничката на Социјалистичката партија во албанското Собрание, Илва Ѓузи, привлече внимание на состанокот на Парламентарниот комитет за природни ресурси, инфраструктура и одржлив развој, поради тоа што цело време го држеше во рацете своето бебе старо само 38 дена.„Пред сè сум мајка, а потоа пратеничка. Моето бебе има само 38 дена и како што се грижев за моите браќа и сестри, така ќе се грижам и за него,“ изјави Ѓузи за албанската телевизија Топ.Таа нагласи дека е благодарна што албанскиот парламент го прифаќа мајчинството како дел од реалноста и изјави дека се чувствувала добредојдено. „Имавме сериозни точки на дневен ред, но мојот син ја доби својата грижа. Бебето ќе биде со мене и на наредните комисии и седници,“ додаде таа.Ѓузи откри дека има силна поддршка од сопругот и свекрвата, а во иднина дел од грижата ќе ја преземе и нејзината мајка. „Во овие рани месеци, местото на бебето е со мене,“ рече пратеничката.

Свет | пред 7 месеци

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ за обвинителката Наташа Поп Трајков: „Недозволив однос и директно заплашување на обвинетата Татјана Димитровска“

Одбраната на обвинетата Татјана Димитровска, адвокатот Владимир Туфегџиќ, реагира по повод денешната изјава на јавната обвинителка на ОЈО за ГОКК, Наташа Поп Трајкова, по завршувањето на денешното судење, а во кое се известува јавноста дека обвинителството постапува поради постоење индиции и се спроведува постапка во која се сослушуваат сведоци од други институции против обвинетата.-Ваквиот однос е недозволен и претставува директно заплашување на обвинетата и повреда на принципот на презумција на невиност кое начело е гаранција против произволност и злоупотреба на државната власт, односно спротивно на ЕУ директивата која забранува јавни изјави од државни органи што можат да сугерираат вина и воедно претставува обид однапред да се наметне осуда на обвинетата во јавноста.После се што ни се случува повеќе од очигледно е дека се потребни темелни реформи во јавното обвинителство, вели тој во неговата реакција.

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryc1ap85n8vj4ucWbLAz4

Меџити: ДУИ е симбол на влезот на српските банки

На Конвенцијата за презентирање на кандидатите за градоначалници и општински советници на коалицијата ВЛЕН во Скопје, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, остро ја обвини ДУИ дека станала симбол и гарант на влезот на српските банки, компании и криминални интереси во средините каде живеат Албанците.“НЕ, ние не сме предавници – НЕ го поддржуваме Отворен Балкан, НЕ го признаваме Дака Давидовиќ, НЕ продадовме акции на српска банка, НЕ донесовме српско-руски казина меѓу Албанците, НЕ ги легализиравме брзите кредити на Милан Радоичиќ,“ порача Меџити, алудирајќи дека токму ДУИ стои зад овие процеси кои ја загрозуваат иднината на Албанците во Македонија.“Дали оваа цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете сопственици во казино бизнисот на српското подземје? Дали оваа е цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете акционери во српската банка? Албанците имале секакви лидери. Но лидери што тргуваат со националната кауза за бизнис интереси на Србија – тоа не се памети!“ – беше пораката која Меџити ја упати до раководството на ДУИ.На крајот, Меџити упати порака и за неговиот противкандидат во општина Чаир Бујар Османи, кого го нарече “докторот на Тик-Ток“.„Не се добива почитта и поддршката на Чаир стоејќи поблиску до Зајас, а најмалку во Чаир, скокајќи од Скопската Чаршија во Белград, од ‘лајв’ врски на Фејсбук до тајни вечери во Будимпешта,“ изјави Меџити, нагласувајќи дека Албанците во Чаир заслужуваат вистинска посветеност, а не политички маркетинг.

Скопје | пред 7 месеци

media-libraryqjm2pgvnpaksaIQOuT8

Инцидентот во Минхен го одложи стартот на Октоберфест, имало порака дека е поставена бомба каде што се одржува фестивалот

Отворањето на најголемиот народен фестивал во Германија, Октоберфест, денеска е одложено поради сериозен инцидент во северниот дел на Минхен. Таму, во куќа во која биле пронајдени експлозивни направи, избувнал пожар под сè уште неразјаснети околности.Баварската полиција соопшти дека се испитува дали случајот има врска со Октоберфест и другите локации во градот, вклучително и Терезиенвизе, каде што традиционално се одржува фестивалот.„Поради можната поврзаност, отворањето за јавноста е одложено“, објавија властите преку платформата X.Големата полициска операција започна во округот Лерхенау, откако во куќата зафатена од пламенот беа пронајдени експлозивни направи. На местото на настанот е лоцирано и едно лице кое починало од здобиени повреди, но засега не се прецизира за какви.Очевидци за германските медиуми изјавиле дека ги разбудиле звуци налик на истрели, додека пожарот се ширел. Според весникот „Билд“, загинатиот бил маж кој поставил експлозивни направи во домот на своите родители и потоа си го одзел животот. Медиумите тврдат дека тој оставил порака во која наведува дека поставил бомба на Октоберфест.

Свет | пред 7 месеци

nino

Одложено судењето за Онкологија – одбраната на Васев бара предметот да го преземе обвинителот Коцевски

Судењето за случајот со Клиниката за онкологија, во кој првообвинет е поранешниот директо Нино Васев, е одложено за 8 октомври. Причината е барањето на неговата одбрана државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго обвинителство.Судијката Снежана Марковска информираше дека поради поднесениот предлог за преземање на кривичното гонење, за кој треба да одлучи јавниот обвинител на РСМ, не се исполнети услови за водење на постапката, па главната расправа е одложена.Адвокатот Боби Спиркоски, кој сега е нов бранител на Васев заедно со адвокатот Дељо Кадиев, достави до судот официјално барање за делегирање на надлежноста од ОЈО Скопје кон државниот јавен обвинител. Претходно, адвокатите Мартин Митровски и Никола Ставрев го повлекоа полномошното.Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска побара одложување на рочиштето, истакнувајќи дека не може да се произнесе по барањето на одбраната и дека тоа мора да се проследи на надлежна адреса.Денешното рочиште требаше да продолжи со сослушување на сведоци предложени од обвинителството, кои беа повикани во Основниот кривичен суд во Скопје.Обвинетите се поранешниот директор на Онкологија Никола Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. Тие се товарат за „несовесно лекување“ и продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“, бидејќи кај 29 пациенти биле администрирани неподобни терапии со неправилни дози и без соодветна здравствена проценка.Во постапката учествуваше и онкологот Мери Пешевска, која призна вина и доби две години условна казна затвор.Покрај ова обвинение, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката се води уште една постапка за злоупотреба на службената положба и проневера, со која, според обвинението, на државниот буџет му е нанесена штета од над 2,2 милијарди денари.

Македонија | пред 7 месеци

media-library78amtn9sve273gO4lT2

Амбасадата на САД во Скопје со ограничени објави поради „shutdown“ во Америка

Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека нивната официјална сметка на социјалните мрежи нема редовно да се ажурира сè додека не се обезбедат средства за целосно функционирање на институциите во Америка.„Поради прекин на финансирањето, оваа сметка нема редовно да се ажурира сè додека не се обноват целосните операции. Објавите ќе бидат ограничени само на итни информации поврзани со безбедност и сигурност,“ се наведува во соопштението.Ситуацијата е последица на т.н. „government shutdown“ во САД, што настанува кога Конгресот не успее да усвои буџет или привремено финансирање, со што се ограничува работата на дел од федералните институции и амбасади.

Македонија | пред 7 месеци

Granica-ungarija

Систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година.Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти), како и точни записи за датумите на влез и излез.За кого важи системот?EES се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат за краток престој (до 90 дена во рамки на 180 дена). Тоа ги опфаќа:патниците кои се ослободени од виза за влез во ЕУ,патниците кои поседуваат виза за краток престој.Граѓаните на земјите-членки на ЕУ и на Шенген зоната не подлежат на новиот систем.Земји каде ќе се применува EESСистемот ќе биде активен на сите надворешни гранични премини на 29 земји, меѓу кои се: Грција, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.Кои се целите на воведувањето?Со EES, Европската Унија има за цел:да ја зголеми безбедноста на граѓаните, преку подобро откривање на фалсификувани документи и идентитетски измами,да ја подобри борбата против криминалот, тероризмот и нелегалната миграција,да го олесни патувањето преку побрзи и поефикасни гранични проверки,да обезбеди прецизна дигитална евиденција за времетраењето на престојот, елиминирајќи можни недоразбирања кои порано настануваа со рачните печати.Како ќе функционира системот?При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации.При следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.Период на транзицијаВо периодот од октомври 2025 до април 2026 системот ќе се воведува по фази. Тоа значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција. Од 10 април 2026 година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.Заштита на личните податоциСите податоци ќе се обработуваат и чуваат согласно строгите стандарди на Европската Унија и Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Со тоа се гарантира целосна заштита на приватноста и транспарентна употреба на собраните информации.Апел до граѓанитеМинистерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани на Република Северна Македонија кои планираат патувања во земјите на Шенген зоната да се информираат за новите правила и постапки, со цел нивните патувања да бидат навремени, безбедни и без непотребни доцнења.

Македонија | пред 7 месеци

media-library353dmsmr07c52ucOarB

За „Влен“, салата „Борис Трајковски била „центар на албанското единство“, а ДУИ им кажа дека имале „бледа конвенција со празни седишта“

Синоќешниот настан на коалицијата ВЛЕН во арената „Борис Трајковски“ во Скопје предизвика бурни реакции и меѓусебни обвинувања меѓу ВЛЕН и ДУИ.Од ВЛЕН соопштија дека салата и просторот околу неа биле преполни со илјадници поддржувачи, опишувајќи ја конвенцијата како „центар на албанското единство“. Партијата нагласи дека нивниот проект не е список на ветувања, туку „инвентар на дела“, наведувајќи финансиски инвестиции во општините со албанско население, универзитети и инфраструктура.„ВЛЕН е гласот на Албанците, време е повторно да ја земеме судбината во свои раце“, стои во нивното соопштение.ДУИ, пак, тврди дека и покрај „разулавената пропаганда и нелегалните притисоци“, во салата имало празни седишта и дека настанот бил „бледа конвенција“. Според партијата, граѓаните не одговориле на повикот на ВЛЕН, а поранешните поддржувачи ги напуштиле. ДУИ посочи дека дел од ветувањата на ВЛЕН останале неисполнети и оцени дека ВЛЕН се претворил во „огранок на ВМРО кај Албанците“.Со испратената фотографија, ДУИ порача дека тоа е „најјасната слика на неуспехот“ на противничката коалиција, додавајќи дека Албанците веќе ја донеле својата одлука за „силно, достоинствено и европско претставување“ преку ДУИ на претстојните избори на 19 октомври.

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryqjm2pgvnpaksaIQOuT8

Експлозии и пукање во Минхен, на улиците се распоредени специјални полициски сили

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и пукотници. На местото на настанот биле распоредени специјални сили и одреди за деактивирање бомби, а бил видлив и густ облак од чад, објавува „Билд“. За време на интервенцијата, пронајдено е тело на маж, а според неофицијални информации, се сомнева дека тој поставил експлозивни направи во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот.Дополнително, пронајдено е уште најмалку едно лице со прострелни рани. На местото на настанот бил видлив целосно изгорен автобус.Инцидентот се случил на улицата Лерхенауер, а полицијата го оградила поширокото подрачје. Властите апелирале до граѓаните и учесниците во сообраќајот да го избегнуваат тој дел од градот.

Свет | пред 7 месеци

rusija

Руски дронови сѐ почесто навлегуваат во воздушниот простор на ЕУ и НАТО – предупредувања за зголемена закана

Руски дронови и авиони сѐ почесто го нарушуваат воздушниот простор на Европската Унија и НАТО, што според „Политико“ предизвикува загриженост кај владите низ континентот заради растечката закана од Москва.„Војната е веќе тука. Денес најважната задача на секој јавен лидер е да ја убеди нашата трансатлантска и западна заедница, со разум и со срце, дека ова е непосакувана, на моменти чудна, но сепак вистинска војна“, изјави полскиот премиер Доналд Туск на Варшавскиот безбедносен форум.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадепфул истакна дека „Русија се обидува да ги дестабилизира нашите општества“ и дека Европа мора да испрати „јасен одговор“ до Кремљ.Навлегувања во повеќе земјиПоследните недели дронови влегле во воздушниот простор на Полска, Романија, Данска и Норвешка, а руски воени авиони го прекршиле и воздушниот простор на Естонија пред да бидат протерани. Според „Политико“, овие инциденти отвораат сериозни прашања за безбедноста и за одговорот на НАТО и ЕУ.Естонија дури јавно објавила дел од радарските податоци за да покаже дека, како што велат од Талин, „Русија лаже“ кога ги демантира овие случувања.Особено внимание привлече случајот со неколку сомнителни дронови кои овој месец ја прелетаа Данска – земја што ретко се смета за фронтова линија во конфликтот. Франција, Германија, Велика Британија и Шведска веќе испратија помош на Копенхаген за заштита од дронови.Европа се движи бавно, но чувството на итност растеИако повеќе пати е критикувана за бавност во вооружувањето, Европа полека ја зголемува својата подготвеност.„Дроновите се несреќа што може да послужи како предупредување – конечно луѓето сфаќаат што е на маса. Сега балтичките држави можат да кажат: ‘Ви рековме’“, изјавил западноевропски пратеник за „Политико“.Бившата литванска претседателка Далија Грибаускајте порача дека „денес најсилна и најискусна армија во Европа не е германската, британската или турската, туку украинската“.„Путин не го одврати ниту Украина, ниту Европа, ниту Соединетите Држави. Тоа значи дека повеќе не зборуваме за одвраќање, туку за одбрана. Тоа е новата реалност во која се наоѓаме,“ нагласи таа.

Свет | пред 7 месеци

media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка?

Кандидатката за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска, побара одговори од премиерот Христијан Мицкоски и надлежните институции околу отворањето на приватна градинка од страна на градоначалникот на заминување, Рамиз Мерко.„Како е можно токму во мандатот на владата на Мицкоски, прочуениот градоначалник од ДУИ да отвори приватна градинка во рамки на неговиот контроверзен универзитет?“, праша Мојсоска.Таа посочи дека е нејасно дали министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани, издал дозвола за работа на оваа установа или таа функционира без законска основа, додека Министерството за образование и Министерството за социјална политика молчат.Мојсоска потсети дека во текот на мандатот на Мерко во Струга не била отворена ниту една нова градинка, а една од постојните била затворена, со што се продлабочил проблемот со долгите листи за чекање.„Градоначалникот кој не обезбеди простор за децата на Струга во јавни градинки, токму во време на ДПМНЕ отвора приватна градинка во рамки на универзитет за кој и ресорната министерка Јаневска утврди неправилности, но наместо санкции – сега таму се отвора воспитно-образовна установа. Додека стружани едвај можат да упишат дете во обична градинка, се создава привилегирана приватна институција“, рече Мојсоска.Таа додаде дека на граѓаните им е јасно „кој со кого се амнестирал и кој со кого се пазари изминативе 35 години“, алудирајќи на соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Македонија | пред 7 месеци

media-library50sif4ujm2490Dn1tYX

(Видео) Во земјотресот на Филипини се зголемува бројот на загинатите, сцените се застрашувачки

Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 6,9 степени што го погоди централниот дел од Филипините се искачи на 69, а владата ги мобилизираше агенциите за потрага по преживеани и враќање на снабдувањето со електрична енергија и вода.Болницата во северниот град Бого кој беше во непосредна близина на епицентарот е „преоптоварена“, изјави службеникот за цивилна заштита Рафи Алехандро.Во природната катастрофа има и повеќе од 150 лица се повредени. Претседателот Фердинанд Маркос помладиот вети брза помош, велејќи дека службениците се на терен и ги насочуваат операциите за помош и изрази сочувство до оние кои ги загубија своите најблиски.Друг тешко погоден град е Сан Ремиџо, каде што заменик-градоначалникот Алфи Рејнс апелираше за храна и вода за евакуираните, како и тешка опрема за да им помогне на спасувачите.Локалните медиуми објавија видеа од луѓе кои бегаат од своите домови додека земјата се тресеше и зградите се уриваа, вклучувајќи ја и црквата стара повеќе од 100 години.Сеизмолошките служби ја проценија длабочината на земјотресот на околу 10 км и регистрираа неколку последователни потреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 6 степени. Немаше закана од цунами по земјотресот.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-11.05.14

(Фото) „Те нема, а секаде те има, неизбежно те има, во себе си те носам“, Игор Џамбазов со емотивна објава за својата мајка Анче Џамбазова

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов уште еднаш ја потсети јавноста дека спомените и љубовта кон неговите родители никогаш не бледнеат.Вчера изминаа изминаа 28 години од смртта на неговата мајка, легендарната актерка Анче Џамбазова.На неговиот профил на Инстаграм, тој сподели стара црно-бела фотографија, под која напиша „28 години без тебе, мајчичке…“. „Те нема, а секаде те има, неизбежно те има, во себе си те носам“.Анче Џамбазова почина на 30 септември 1997 година во Скопје, на само 55 години. Таа беше ќерка на големиот Петре Прличко и, по неговите стапки, стана едно од препознатливите лица на македонската сцена.

Магазин | пред 7 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Не е завршена постапката за Кочани, се води предистрага за УЈП и други институции поврзани со „Пулс“, уверува државниот обвинител Коцевски

Oбвинителство води предистрага за вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), но и во други институции за десетина кривични дела во врска со пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека со завршување на обвинението не значи дека завршила и постапката за Кочани и дека податоци што беа изнесени од страна на Истражувачката репортерска лабораторија не се ништо ново и дека сите овие пораки се испратени до одбраната и судот.-Јавното обвинителство уште од почетокот постапуваше по поднесена кривична пријава. Меѓутоа Јавното обвинителство водеше и предистражна постапка и во однос на сите останати други институции, што значи дека во моментот на подигање на обвинение, немаше докази во однос на инспектори во УЈП, меѓутоа предистражната постапка беше отворена веднаш и таа сè уште трае, со тоа што со завршување на обвинението не значи дека заврши и постапката за Кочани изјави Коцевски.Во однос на другиот предмет за пожарот во „Пулс“ што го води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) против 13 полициски службеници и за кој сè уште нема обвинение, Коцевски рече дека тоа е така затоа што на предметот работи само еден јавен обвинител, но и дека се запазени сите рокови.-По другиот предмет постапува само еден јавен обвинител. Причината зошто е така, е затоа што сè уште немаме доволно јавни обвинители, односно сè уште имаме 70 јавни обвинители помалку. Наредните три и пол години така ќе биде и од тие причини, со оглед дека е еден јавен обвинител, постапката се води подолго време, меѓутоа таа ќе заврши наскоро, рече Коцевски.Истражувачката репортерска лабораторија во неделата објави документарен филм со наслов „Нашиот морален компромис“, во кој беа објавени нови снимки и сведоштва на родители на загинати и лица кои биле во објектот, како и разговори преку апликации меѓу сопствениците на дискотеката и инспектори на УЈП.

Македонија | пред 7 месеци

media-librarye47pr92c2qlofbDuGml

Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Штип во своето обраќање ја истакна исклучителната посветеност на кандидатот за градоначалник, Павел Иванов, како пример за чесност, храброст и верба во социјалдемократските вредности.„Пред повеќе од една година, по тешкиот пораз на изборите, требаше да се обноват општинските организации. Првата организација што ја средувавме беше штипската. Му се обратив на Павел, го прашав дали е подготвен да ја преземе одговорноста. Тој прифати, иако знаеше дека може да ја изгуби својата работа. И навистина ја изгуби, но остана чесен, храбар и посветен. Тоа е вистинска љубов кон СДСМ и кон социјалдемократските вредности,“ изјави Филипче.Тој исто така нагласи дека токму таквиот карактер го прави Иванов најдобриот избор за Штип. Филипче воедно зборуваше и за значењето на слоганот на СДСМ „Борба за домот“, истакнувајќи дека тоа е продолжение на историските борби за слобода и правда, од Илинден, преку антифашистичката борба, до денес.„Нашиот народ точно знае кога некој сака да го угнети, да го замолчи или да го ограби токму тоа што сега го прави ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, Штип со Павел и со сите чесни, отворени и работливи кандидати за советници, чесни отворени работливи луѓе, ќе покаже дека победата е на дофат,“ порача претседателот на СДСМ.Филипче пред штипјани зборуваше и за работата на актуелниот градоначалник Иван Јорданов кој има 90% нереализирана програма, глас за втор мандат и слабост во соочување на дебати.„Со Јорданов 4 години Штип е без реконструкција на водоводни мрежи, без проекти за заштита на животната средина. Нема гасификација, нема фотоволтаици. Ги остави граѓаните без редовно водоснабдување, да се гушат во чад и смет кој не се собира редовно. Ама затоа цените на основните услуги и даноци ги зголеми. Ете ова е сликата за вледеењето на Јорданов. 4 години загубено време. 4 години застој и разочарување наместо прогрес и развој на Штип. И затоа и бега од дебата со единствениот против-кандидат, кандидатот на СДСМ, Павел Иванов. Бега бидејќи нема како да го брани своето недомаќинско работење“, рече Филипче набројувајќи ги проектите кои остана само ветување од 2021 година на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryomjqrtsq0ge3ePpUD7C

Граѓаните и Македонија се уморни од политичари како Венко, Али, Димче, тие прават коалиции за пари, ние за иднина, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Ресен во рамки на кампањата за локалните избори која е со слоганот „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“ укажа дека овие избори имаат поинаква тежина. „Ова не се избори само за улицата, патчето, туку и за тоа каква порака ќе испратиме до оние кои се наши конкуренти. А кај нив нема апсолутно ништо ново. Заглавени се со тендерите, со желбата, не преку програма, туку ако може со некоја интрига да дојдат до фотелја, до власт.Мицкоски укажа дека „СДСМ секогаш кога доаѓала на власт тоа било со некоја интрига и некоја подземна шема“.„Денес сакаат пак така да го излажат народот ако може некако да се доберат до парче власт. А најсмешен е нивниот лидер кога така лаконски и лесно ќе каже еве ВМРО-ДПМНЕ од последните избори загубило 100 илјада од минатите избори. А веднаш потоа кога ќе го прашаат, добро дали ќе се повлечете ако загубите на локалните избори, одговорот претпоставувате му е дека нема да се повлече“, кажа Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека со ова Венко признава дека ќе ги загуби изборите.„Таму борбата не е да победат, туку Филипче да ја задржи фотелјата во СДСМ. Нека не се препелка, затоа што народот одлучува никој друг. Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат нејзината иднина. Уморна е од сојузите кои одат на грбот на напатениот народ, од интригите на Венко, Али, Димче. Тоа е коалиција за пари, а на Македонија и треба коалиција за работа и иднина“, изјави Мицкоски.Мицкоски заклучи дека од една страна е оваа коалиција за пари, коалицијата на Филипче, Апасиев и Ахмети, а оти од друга страна е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, коалиција на работа, на просперитет, на иднина.

Македонија | пред 7 месеци

media-library00lnd1pf6qh16EKOUAE

Мицкоски: Многудетното семејство е највисок патриотски чин

Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката или верската припадност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Тој нагласи дека иднината на државата зависи од семејството.„Нека ме нарекуваат конзервативен или заостанат, но ова мора да биде прв приоритет на оваа Влада и на сите што ќе дојдат по неа – многудетните семејства. Залудни се градинки ако нема деца, залудни се училишта ако нема деца, залудни се автопати и пруги ако нема кој да се вози по нив,“ изјави Мицкоски.Тој порача дека „многудетното семејство значи иднина и богата држава која ќе се развива по нас“ и упати апел до граѓаните формирањето семејство да се сфати како национална обврска.Според него, демографските податоци укажуваат на сериозни предизвици: од над 1,8 милиони жители, редовно вработени се околу 700.000, а пензионери околу 350.000.„Реално присутно население не надминува 1,5 милиони. Во следните 20 до 25 години ризикуваме да станеме држава со под еден милион жители, со однос еден вработен на еден пензионер. Тоа ќе значи колапс за пензискиот и здравствениот фонд,“ предупреди Мицкоски.„Секој што не ја сфаќа сериозноста на оваа тема, не мисли добро за државата,“ додаде премиерот.

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryuftn6eqm3jji94qsNrw

Ѓорѓиевски: Градскиот воз тргнува од Драчево – договорот се потпишува утре

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во Драчево одржа средба со граѓаните која, како што истакна, прераснала во вистински митинг.„Она што требаше да биде мала средба, вечерва прерасна во вистински митинг,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.Тој додаде дека во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, како и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пред граѓаните ја претставиле визијата за „достоинствено Скопје“.Посебно, како што нагласи, е горд на најавата од Николоски дека утре ќе се потпише договорот за почеток на проектот „Градски воз“.„Првата линија ќе минува токму низ Драчево и за само 7 до 11 минути ќе се стигнува до центарот на Скопје. Ова е историски чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани,“ порача Ѓорѓиевски.Тој додаде дека силната поддршка од Владата е доказ дека заедно може да се изгради подобра иднина. „Доаѓа време кога нема да се прашуваме дали може подобро, туку тоа подобро реално ќе го живееме,“ заклучи кандидатот за градоначалник на Скопје.

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања