Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarythud4tf0sl5f2xH2ZL5

(Видео) Силно невреме ја погоди Грција, поплави и прекини на струјата на Скијатос и Евија

Обилните врнежи и силните бури предизвикаа поплави, прекини во снабдувањето со електрична енергија и сериозни проблеми во сообраќајот во повеќе делови на Грција. Меѓу најтешко погодените области се Атика, Скијатос и Евија, каде што водата поплави улици, навлезе во објекти и однесе автомобили.На островот Скијатос, поројните дождови ги поплавија главната пешачка улица и околните улици, а водата навлезе во продавници и станбени згради. Два автомобили биле однесени од поројот, додека дел од жителите

Настани | пред 2 седмици

mmf-1

Инстант плаќања и побрзи трансакции: Македонија го модернизира финансискиот систем со поддршка од Светската банка

Македонија планира да воведе национален систем за инстант плаќања, кој во иднина ќе биде поврзан со соодветните платни системи во Западен Балкан и Европската Унија. Проектот ќе се реализира со поддршка од Светската банка, а целта е да се забрзаат трансакциите и да се олесни финансиското поврзување на граѓаните и компаниите со регионалните и европските пазари.За проектот, како и за натамошната модернизација на платната инфраструктура, разговарале гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, за

Македонија | пред 2 седмици

media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Обид за избегнување царински давачки бил откриен на граничниот премин Блаце, каде што царинските службеници пронашле 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил.Накитот, со вкупна тежина од 1,7 килограми, бил откриен при контрола на возилото. Според Царинската управа, прстените биле сокриени со намера да се избегне плаќање на пропишаните давачки.Пронајдениот накит е запленет, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Прекршокот бил снимен со телесни камери.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybuoeusngf2o03ZPuNm1

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за медицинскиот извештај за Ива Михаилова

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение бара истрага за медицинскиот извештај изготвен за Ива Михаилова, со кој, според партијата, се наведува дека потребниот метод за лекување не е достапен во Македонија, туку во соседна Бугарија. Од партијата упатија обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и поранешниот премиер Зоран Заев, поставувајќи прашања за нивната можна вмешаност во случајот.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче претходно јавно ги застапувал позициите на бугарскиот претседател Румен Радев, а нег

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

(Видео) Судири, солзавец и искршени излози на протестите на учениците и студентите во Франција

Голем број средношколци, студенти, наставници и синдикалци излегоа на улиците низ Франција во вторникот, на петтиот национален бран протести поради состојбите во образованието. Организаторите проценуваат дека учествувале 480.000 луѓе, додека Министерството за внатрешни работи соопшти дека изброило 161.500 демонстранти, од кои 41.500 во Париз.Протестите беа проследени со судири со полицијата, употреба на солзавец и водени топови, кршење излози и оштетување јавен имот. Најсериозни инциденти биле з

Свет | пред 2 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Четири собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и избор на член на Судскиот совет

Четири комисии во Собранието денеска ќе одржат седници на кои ќе разгледуваат прашања од областа на одбраната, безбедноста, културата и изборот на член на Судскиот совет.Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за испраќање припадници на Армијата во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина. На дневен ред е и продолжувањето на рокот за кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјава.Комисијата за култура и тури

Македонија | пред 2 седмици

zaharova-51235

Москва најавува визи за Црногорците по одлуката на Подгорица за руските државјани

Русија ќе воведе визен режим за граѓаните на Црна Гора како одговор на одлуката на Подгорица да го укине безвизниот режим за руските државјани. Ова го соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја најавата дека од 1 ноември Русите ќе мора да имаат визи за влез во Црна Гора.„Соодветно на тоа, и граѓаните на Црна Гора ќе мора да добијат визи за патување во Русија. Оваа одлука на Подгорица очигледно им штети на црногорските интереси“, изјави За

Свет | пред 2 седмици

policija-srbija

Нови апсења во Србија по пронаоѓањето изгорени човечки останки закопани кај Пожаревац

Повеќе лица се уапсени во Србија под сомнение дека учествувале во убиството на Милан Стоковиќ, чие тело било пронајдено закопано во близина на Пожаревац. Полициската акција се спроведува на повеќе локации низ земјата, во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал.Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, апсењата започнале вчера, а акцијата сè уште е во тек. Се вршат претреси на повеќе места, а истрагата против групата осомничена за поврзаност со ликвидации трае по

Балкан | пред 2 седмици

media-librarybbq9dv554n957jlc7Y6

Дванаесет американски сенатори бараат Трамп да ја поништи одлуката за рускиот дизел

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ѝ дозволи на Русија да извезува дизел на светскиот пазар предизвика сè поголем отпор во САД. По критиките од демократите, против договорот со рускиот претседател Владимир Путин се огласија и републиканци, а вкупно 12 сенатори од двете партии побараа од Трамп да ја повлече одлуката, објави Си-Ен-Би-Си.Во заедничко писмо, сенаторите побараа да се укине договорот со кој на Русија ѝ се овозможува до средината на април да продаде 4,8 ми

Свет | пред 2 седмици

media-library7g78fer4847g2f0AruA

ЛДП: „Туристичка агенција МВР“ – Премиерот го нема ни за лек, а бегалците слават на слобода

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение упати остри критики до Владата и безбедносните институции по случаите со Ива Михаилова и Артан Груби, оценувајќи дека настаните отвораат сериозни прашања за контролата на државната граница и владеењето на правото.Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто не се огласува за, како што наведуваат, големиот скандал што ги засега повеќе министерства и служби. Според ЛДП, премиерот е присутен на отворања и јавни настани, но

Македонија | пред 2 седмици

media-library6vao1v9rcjsgdAtL6Bn

Православните верници го празнуваат Покровот на Пресвета Богородица – празник на верата, надежта и заштитата

Православната црква денес го одбележува празникот Покров на Пресвета Богородица, кој го симболизира нејзиното молитвено застапништво и заштитата на верниците во тешките животни мигови.Потеклото на празникот, според црковното предание, се поврзува со настан од 911 година во цариградскиот храм „Влахерна“. За време на ноќна молитва, свети Андреј Јуродив и неговиот ученик Епифаниј ја виделе Пресвета Богородица како го покрива собраниот народ со својот омофор и упатува молитви за спасение на светот.С

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Правосудството му служи на Мицкоски за кампања. Законот не важи за сите

СДСМ преку соопштение ја обвини власта за политичко влијание врз правосудството и двојни аршини во спроведувањето на законите, посочувајќи неколку случаи за кои бара одговори и одговорност.Од партијата реагираат на излегувањето на Артан Груби од куќен притвор, кое, според нив, било проследено со факели, петарди и прослава. Воедно, прашуваат како Ива Михаилова ја поминала границата и покрај тоа што, како што наведуваат, ѝ биле одземени двата пасоша, а надлежните институции немаат евиденција за не

Македонија | пред 2 седмици

stack-money-coin-with-trading-graph

Растот на вештачката интелигенција може дополнително да ги продлабочи светските економски нееднаквости

Брзиот развој на вештачката интелигенција и актуелните економски движења би можеле дополнително да ја зголемат разликата меѓу развиените држави и земјите во развој, особено во услови на нагло намалување на меѓународната помош за развој. На ова предупреди генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.Таа истакна дека Фондот има одговорност да им обезбедува финансиска поддршка на земјите кога тоа им е потребно, повикувајќи ги членките да ги исполнат ветувањата

Свет | пред 2 седмици

media-libraryq03i454uh7b6dtwWGn0

Македонија поевтина за странците, но сè поскапа за домашните граѓани

Иако Македонија и натаму е меѓу земјите со пониски трошоци за живот на Балканот, растот на цените постепено ја намалува разликата со соседните држави. Најголем товар за граѓаните остануваат храната, услугите и домувањето, додека платите не секогаш успеваат да го следат поскапувањето.Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во август 2026 година биле повисоки за 2,6 отсто во споредба со истиот месец лани, додека цените на мало пораснале за 2,3 отсто. И покрај поуме

Македонија | пред 2 седмици

20190120221927

Една година без Панчо од ДНК – неговата музика ќе продолжи да живее низ генерациите

Денес се навршува една година од смртта на Владимир Блажев – Панчо, музичарот, пејачот и текстописецот кој заедно со Андреј Ѓорѓиески го создаде хип-хоп дуото ДНК и остави длабока трага во македонската музика. Неговата животна приказна заврши по неколкумесечна борба со тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија што однесе десетици животи и остави трајни последици врз музичката сцена и целото општество.Владимир Блажев е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. Љ

Македонија | пред 2 седмици

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Без струја делови од Карпош и Аеродром

Дел од корисниците во скопските општини Карпош и Аеродром во среда, 14 октомври 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради најавен прекин од страна на ЕВН Македонија АД.Според известувањето, во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата Скупи бр. 20 во Злокуќани, во општина Карпош.Во општина Аеродром, прекин на електричната енергија е најавен од 9:30 до 16 часот за дел од корисниците на улиците Димитар Македонски, Гаврил Радомир и Митре Влаот.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryjlnhqfvr8emh4laPzYk

(Видео) Груби пречекан со факели и огномет по излегувањето од куќен притвор

Поранешниот вицепремиер Артан Груби синоќа беше пречекан од десетици луѓе во Скопје, откако излезе од куќен притвор во рамките на судскиот предмет во кој е обвинет за проневера на државни пари од Лотарија.Груби пристигна во придружба на пријатели и соработници, а пречекот беше проследен со огномет, запалени факели и чадни бомби. Атмосферата на настанот, според објавената снимка, наликуваше на прослава по спортски успех, каква што се организира при пречек на спортисти кои освоиле медал.И покрај и

Македонија | пред 2 седмици

lugje-karpos-esen-korona-1

Следи нагло заладување: Силен ветер над 60 км/ч, дожд и снег на планините

Променливо облачно и постудено време нè очекува во Македонија, а на одредени места ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 километри на час.Минималните температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека максималните ќе достигнат од 11 до 18 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој во делови од Скопската Котлина повремено ќе биде засилен. Минималната температура ќе се спушти до

Македонија | пред 2 седмици

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав XIV има рак на белите дробови

Папата Лав XIV (71) има рак на белите дробови, потврдено е по хируршката интервенција на која денеска беше подложен во римската болница „Џемели“. Операцијата поминала успешно, а поглаварот на Римокатоличката црква се опоравува во болницата.Според информациите што ги објавија повеќе меѓународни медиуми, меѓу кои и „Асошиејтед прес“, кај папата е потврден аденокарцином на белите дробови, вид малиген тумор. За време на операцијата бил отстранет долниот лобус на десното белодробно крило.Хируршката и

Свет | пред 2 седмици

nato-zastava

НАТО ја започна годишната нуклеарна вежба „Steadfast Noon“ со учество на 17 земји

НАТО ја започна својата годишна вежба за одбрана на територијата на Алијансата со употреба на нуклеарно оружје, потврди денеска портпарол на воената команда на одбранбениот сојуз, лоцирана во белгискиот град Монс, јави ДПА.На вежбата „Steadfast Noon“, која ќе трае до крајот на следната недела, ќе учествуваат војници од 17 земји, изјави тој.Германија за потребите на вежбата распореди три авиони „Торнадо“ од 33-тото тактичко воздухопловно крило во воздухопловната база Авиано во северна Италија. Сп

Свет | пред 2 седмици

media-libraryurh6m0m3850u15k5bMM

Растот на БДП проектиран на 3,5 отсто – Николоски очекува градежништвото да продолжи со силен раст

Растот на бруто-домашниот производ (БДП) на Македонија се очекува да достигне 3,5%, откако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше нагоре својата претходна проекција од 3,1%. Говорејќи вечерва во емисијата „Колегиум“ на АЛФА ТВ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, посочи дека позитивната ревизија на прогнозата од страна на ММФ е значаен показател за економските движења во земјава, а значаен придонес за ваквите економски резултати секако има гра

Македонија | пред 2 седмици

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав XIV опериран во Рим, зафатот поминал според планот

Папата Лав XIV денеска попладне беше успешно опериран во римската болница „Џемели“, каде што му беше отстранет мал јазол од белите дробови. Ватикан во официјалното соопштение потврди дека хируршкиот зафат поминал добро и според планираното, пренесува „Ројтерс“.Седумдесет и едногодишниот папа бил примен во болницата претходно во текот на денот. Тој претходно изјавил дека израстокот бил откриен во рана фаза, за време на неодамнешен лекарски преглед.Според информациите од прес-службата на Ватикан,

Свет | пред 2 седмици

media-librarynpfs2m0ss8cmbhaVTfY

(Видео) Ескалација на протестите во Тирана: Запалени компјутери и мебел, маж се обидел да ограби банкомат

Студентските протести во Тирана биле проследени со тензии, судири и оштетување на имот, а за време на инцидентите еден маж се обидел да земе пари од банкомат во објект на финансиската институција „Iute Credit“, кој бил оштетен за време на немирите.На инцидентот реагираше и пратеникот на Социјалистичката партија, Таулант Бала, кој преку објава на социјалните мрежи се запраша дали лицето е студент.„Погледнете го, погледнете го крадецот на банкоматот! Дали овој е студент?“, напиша Бала.За време на

Свет | пред 2 седмици

media-library4b4trh6gvi5e5XdUoka

Влошена состојбата на малиот Дамјан, туморот пораснал на 3 на 1 сантиметар – родителите повторно бараат помош

Загрижувачки вести пристигнуваат од Турција за здравствената состојба на малиот Дамјан. Според објава на Фејсбук, неговата општа здравствена состојба значително се влошила, а туморот во главата пораснал и сега е со димензии од 3 на 1 сантиметар.Родителите на Дамјан повторно упатуваат апел до граѓаните за помош и поддршка во тешката борба за неговото здравје.Засега не е познато дали ќе биде неопходна нова операција, како и дали Дамјан ќе треба да помине низ дополнителни две серии хемотерапија. Не

Македонија | пред 2 седмици

media-library8r07bstdq9j69Rj9XuR

Уапсени 12 навивачи на Ајакс во Сплит: Полицијата им одзела ладно оружје и камени блокови

Дванаесет навивачи на холандскиот фудбалски клуб Ајакс биле уапсени во вторникот во Сплит, под сомнение дека подготвувале насилство пред натпреварот против Хајдук во Конференциската лига на УЕФА.Според хрватските медиуми, навивачите биле приведени во попладневните часови во угостителски објект на сплитското шеталиште. Кај групата, наводно, биле пронајдени ладно оружје и камени блокови.Засега не е познато дали приведените ќе бидат ослободени пред почетокот на натпреварот или ќе останат во притвор

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања