Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Едногодишно дете се затруло со детергент

Едногодишно дете било донесено во Општата болница во Куманово по труење со детергент, а случајот бил пријавен во полицијата.Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, на 13 октомври 2026 година, во 21:32 часот, од болницата било пријавено дека кај нив било донесено едногодишно дете затруено со детергент.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysgt6mos9l9s00ra5KWz

Актерот Ѓорѓи Јолевски ја доби државната награда „23 Октомври“ за придонес во културата и уметноста

Првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски, е добитник на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година, која се доделува за остварувања во областа на културата и уметноста.Јолевски е еден од истакнатите македонски театарски и филмски актери. Со својата долгогодишна посветеност на актерската професија и бројните сценски остварувања, тој има значаен придонес во развојот на македонската култура.Државната награда „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во науката, култу

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf2dlijtl8of4b4Hf1C2

ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ ја претвори државата во криминално „реалити шоу“ – затворска казна за прес конференции со лични здравствени документи

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение побара итна реакција од надлежните институции по објавувањето медицински документи поврзани со Ива Михајлова на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата тврдат дека станува збор за неовластено откривање доверливи здравствени податоци и бараат да се утврди како документите дошле до партијата.Од ЛДП оценуваат дека, наместо Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда да дадат одговори за околностите под кои Михајлова ја н

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoap4egsek3eg1UKgIMF

(Видео) Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

ВМРО-ДПМНЕ преку Валентин Манасиевски упати прашања до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за наводна улога на него и на поранешниот премиер Зоран Заев во изготвувањето медицински извештај со кој било препорачано лекувањето на Ива Михаилова да продолжи во Бугарија. Манасиевски ги повика надлежните органи да го истражат случајот.Во обраќањето, тој изнесе сомнежи дека Филипче и Заев биле под притисок од бугарските власти и од Румен Радев. Од Филипче побара да одговори дали, во соработка со Заев,

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA

Запленети два тони небезбедна храна на зелениот пазар во Ченто

Околу два тони храна биле отстранети од промет на зелениот пазар во скопската населба Ченто поради несоодветни хигиенски услови и продажба надвор од местата предвидени за таа намена.Акцијата ја спровела Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, во рамките на вонредна инспекциска контрола.Инспекторите проверувале дали храната се продава во соодветни услови и дали се почитуваат законските прописи за нејзино без

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykrpnitc3cavm6ovyxPr

79-годишен скопјанец пронајден починат во селото Зрзе

Седумдесет и деветгодишен маж од Скопје бил пронајден починат во селото Зрзе, во општина Долнени, а по наредба на јавен обвинител неговото тело е дадено на обдукција.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 октомври 2026 година, околу 16:45 часот, во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во селото Зрзе е пронајден Т.Б. (79) од Скопје.Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, а по нар

Македонија | пред 2 седмици

media-library9rhel10svh4u4VW869B

Клековски мисли дека Ива Михаилова можеби избегала во Бугарија за да не се открие вистината за нејзината здравствена состојба

Министерот за здравство Сашо Клековски смета дека заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија е поврзано со најавеното доаѓање на бугарски медицински конзилиум во Македонија, кој требало заедно со македонските лекари да ги провери нејзините наводи за здравствената состојба.„Мислам дека бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. Јас патувам во Софиј

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymoi56gags4e9fDeie1C

Четворица дрвокрадци приведени во демирхисарско, запленети околу 40 метри кубни огревни дрва

Четири лица се лишени од слобода во демирхисарско откако полицијата во две товарни возила пронашла околу 40 метри кубни бесправно исечени огревни дрва.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 13 октомври 2026 година, во 14 часот, на местото викано Мраморица, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги привеле Г.К. (55) од Кавадарци, Д.К. (51) од кавадаречкото село Крњево, Е.Р. (37) од велешкото село Сливник и Л.В. (32) од Кавадарци.При контролата на двете товарни возила во кои се

Македонија | пред 2 седмици

media-library9d1221373vnl9jipQTa

Користел паркинг во Тетово без да плати, 22-годишник осомничен за компјутерска измама

Дваесет и двегодишен жител на тетовското село Мала Речица е приведен под сомнение дека со компјутерска измама одреден период користел паркинг-услуга во Тетово, без да плати за неа.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 октомври 2026 година, во 20:15 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е. Ш. (22).Тој е осомничен за сторено кривично дело „компјутерска измама“, предвидено во член 251-б од Кривичниот законик.Осомничениот е задржан во полициска ста

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl8j77t66vir802Librp

Зел аванс од 21.000 евра за изградба на куќа и испраќал фотографии од наводни градежни работи, па прекинал да одговара на повици

Наместо изградба на куќа, 35-годишен жител на гостиварско село останал без 21.000 евра, кои во неколку наврати ги исплатил како аванс на лице со кое претходно склучил писмени договори за изведување на градежните работи.Случајот бил пријавен на 13 октомври 2026 година, во 19:45 часот, во ОВР Гостивар. Според пријавата, оштетениот претходно стапил во контакт со лицето С.С. преку социјална мрежа, по што се договориле за изградба на куќа.Пријавителот навел дека лицето го довело во заблуда испраќајќи

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryro4349023olf4a7MJBU

Запленети над 500 кубни метри нелегално исечени дрва, Шумската полиција поднесе 140 пријави

Над 500 кубни метри нелегално исечена дрвна маса се запленети во текот на септември и почетокот на октомври, а Шумската полиција поднела 140 пријави во рамките на засилените акции против незаконската сеча и трговијата со дрва.Во акциите, спроведени низ целата држава, привремено се одземени и 13 товарни и 17 патнички возила, девет трактори, како и моторни пили, приколки, секири и друга опрема користена за нелегална сеча и превоз на дрвна маса.Засилените контроли се одвиваат паралелно со редовните

Македонија | пред 2 седмици

IMG_5515

„И Бурџ Калифа ќе испадне занаетчиска работа!“ – родителите на загинатите во „Пулс“ револтирани од вештачењето претставено во судот

„Челични столбови, метални конзоли, зајакнување на меѓукатната конструкција, промена на фасада и дополнителни метални степеници на влезот – но реконструкција немало, сето тоа биле занаетчиски работи!“ Со ваква реакција родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се огласија по денешното судско рочиште, револтирани од она што, според нив, било изнесено во судницата од вештото лице ангажирано од првообвинетиот.Родителите го оспоруваат толкувањето според кое градежните интер

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygmduucpce2vaaddqHwf

(Видео) Вучиќ лета со автомобил на песната „Хеликоптер“ во ново предизборно видео

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја продолжува предизборната кампања со необични видеа во кои главната улога ја има самиот тој. Во најновата објава, неговиот автомобил лета низ облаците додека во заднина се слуша песната „Хеликоптер“ на босанскохерцеговскиот пејач Фазлија. Видеото е изработено со помош на вештачка интелигенција и е објавено само три дена по рекламата во која Вучиќ оди да му прави друштво на постар маж, сценарио што во голема мера потсетува на предизборен спот на израелскиот

Настани | пред 2 седмици

media-library45vicbt77qoq0tf9ti2

Од 2027 година ЕУ забранува готовински плаќања од 10.000 евра или повеќе во деловниот сектор

Големите готовински плаќања во деловниот сектор на Европската Унија ќе бидат ограничени од 10 јули 2027 година, кога почнува примената на новите правила за спречување перење пари и финансирање тероризам.Со новата регулатива, трговците и давателите на услуги нема да смеат да примаат готовина за плаќања во износ од 10.000 евра или повеќе. За трансакции со таква вредност ќе треба да се користат други начини на плаќање, меѓу кои банкарски трансфер или платежна картичка, пишува „Феникс“.Станува збор

Свет | пред 2 седмици

media-library1bqucq550pc98incr2G

Градежниот факултет ќе ги проценува ризиците од свлечишта и нестабилност на падините кај Барутана на Водно

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, нема да го предложи нацрт-ДУП-от „Барутана“ на усвојување пред Советот сè додека не се утврди законско и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница.На денешниот брифинг со новинарите, Герасимовски истакна дека безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет и дека исполнувањето на формалните процедури не е доволно доколку постојат сомнежи за безбедноста на планските решенија.Тој

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryiel280f3fs25edQe0NY

Бугарија може да одбие да ја предаде Ива Михаилова на Македонија – бугарски адвокат објаснува зошто

Ива Михаилова, која е обвинета за сообраќајна несреќа со еден загинат и тројца повредени, може да не биде екстрадирана од Бугарија во Македонија поради нејзиното бугарско државјанство. Иако по неа е распишана меѓународна потерница и ѝ е определен 30-дневен притвор, тоа не значи дека бугарските власти се должни автоматски да ја уапсат и да ја предадат на македонските институции.Ова го објаснува бугарскиот адвокат Божидар Терзиски, кој во анализа објавена на социјалните мрежи ги разгледува правнит

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymnuvtv35tgdn1NxmtNy

„Можеби не ја поддржувам донесената одлука, но во таква ситуација на очај, целосно ја разбирам“: бугарскиот амбасадор Радуков за случајот со Ива Михаилова

Случајот со Ива Михаилова, која замина во Бугарија и покрај изречените мерки за обезбедување присуство во судската постапка, предизвика реакции и на дипломатско ниво. Бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјазко Радуков, по разговорот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија порача дека станува збор за прашање што требало да се разгледува од хуманитарен аспект, наместо да прерасне во политички спор меѓу двете земји.Радуков бил повикан во македонското Министерство за надворешн

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryu8ii4ius21tncHRDD9A

Груби се оградува од синоќешниот собир и се извинува: „Не го организирав, не е моја политичка порака“

Одбраната на Артан Груби јавно се огради од синоќешниот собир пред неговиот дом, организиран по укинувањето на мерката куќен притвор, и им се извини на граѓаните кои можеби биле вознемирени од настанот. Адвокатите тврдат дека собирот бил спонтан, дека Груби немал никаква улога во неговата организација и дека не станувало збор за политичка иницијатива.Во соопштението до јавноста, одбраната наведува дека граѓани, соседи и пријатели самоиницијативно се собрале пред домот на поранешниот вицепремиер,

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Барале 10.000 евра од делчевец со закани дека ќе објават компромитирачки материјали, тројца скопјани приведени

Три лица од Скопје се лишени од слобода во рамки на оперативната акција „Чистач“, под сомнение за уцена и загрозување на сигурноста на жител на Делчево. Според пријавеното, осомничените му се заканувале на жителот и барале од него да им исплати 10.000 евра, заканувајќи се дека, во спротивно, ќе објават компромитирачки материјали.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ, насилен криминал и семејно насилство

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV мирно ја минал ноќта во болница по операцијата на белите дробови

Здравствената состојба на папата Лав XIV се следи по операцијата на белите дробови, при која лекарите отстраниле канцерозно ткиво. Од Ватикан денеска соопштија дека папата ја минал ноќта мирно во болница, а повеќе информации за неговото закрепнување се очекуваат во текот на денот.Кај папата вчера бил дијагностициран аденокарцином, најчестиот облик на рак на белите дробови, откако лекарите отстраниле помала израснатина од десното белодробно крило. Тој бил примен во римската болница „Џемели“ откак

Свет | пред 2 седмици

media-library92ustei57jf949YqZ0g

Голем штрајк во Ирска: 300.000 вработени во јавниот сектор бараат повисоки плати

Околу 300.000 вработени во јавниот сектор во Ирска денеска учествуваат во масовен штрајк поради несогласувањата меѓу синдикатите и владата за условите за преговори за платите. Станува збор за најголем штрајк од вакви размери во земјата од врвот на финансиската криза во 2009 година, а неговите последици се чувствуваат во повеќе јавни служби.Наставници, здравствени работници, државни службеници и други вработени во јавниот сектор се очекува да протестираат пред своите работни места, меѓу кои и пре

Свет | пред 2 седмици

nafta

Нафтата Брент над 106 долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Ескалацијата на безбедносните тензии на Блискиот Исток повторно влијае врз енергетските пазари, при што цената на нафтата Брент се искачи над 106 долари за барел. Истовремено, европските берзански индекси утрово забележаа раст, додека американските акции претходно го завршија тргувањето со пад.Нафтата Брент за испорака во декември достигна цена од 106,33 долари за барел, што претставува зголемување од 0,61 процент. Американската нафта WTI, со испорака во ноември, поскапе за 0,63 проценти и се тр

Свет | пред 2 седмици

media-librarylbkol0b7c0ht68zhqKo

Дата-центри вредни 7 трилиони долари до 2030 година: Каде е Македонија во глобалната трка?

Светската трка во развојот на вештачката интелигенција отвора нов инвестициски циклус во изградбата на центри за податоци, чија вредност би можела да достигне околу 7 трилиони долари до 2030 година. Технолошките компании веќе не се задоволуваат со објекти од неколку десетици мегавати, туку планираат огромни комплекси со капацитет од стотици мегавати, па дури и гигавати. Но, паралелно со растот на инвестициите, сè поизразени стануваат проблемите со снабдувањето со електрична енергија, водата за л

Свет | пред 2 седмици

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Се расплеткува криминалната мрежа во Србија: осомничени 12 лица за убиства, киднапирање и трговија со дрога

Седум лица се уапсени во голема полициска акција во Србија под сомнение дека биле дел од организирана криминална група поврзана со две убиства, извршени во Белград и Пожаревац. Српското Јавно обвинителство за организиран криминал соопшти дека осомничените се товарат за организирање и извршување на убиствата на Милан Стоковиќ и Живко Бакиќ.Според соопштението, апсењата ги извршиле припадници на Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против организираниот криминал, по налог на об

Балкан | пред 2 седмици

media-library37jp7i9c36vj716kUuK

(Видео) Штерјова: Сè е фарса, ја пуштија Михаилова сега глумат дека ја бараат - Мицкоски го штити Тошковски

На денешната прес-конференција, Кети Штерјова обвини дека власта се обидува да ја префрли одговорноста за случајот со Ива Михаилова, наместо да утврди како таа ја напуштила земјата.Штерјова изјави дека актуелните потези на институциите се обид за создавање привид на постапување и оцени дека премиерот Христијан Мицкоски го штити министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Според Штерјова, наместо да се побара одговорност од надлежните, власта води медиумска кампања, ја префрла вината врз СДСМ,

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања