Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn

Двајца или тројца луѓе биле потребни за да се извлече едно лице од дискотеката, сведочеше пожарникар за трагедијата во „Пулс“

Спасувањето на заглавените лица во дискотеката „Пулс“ во Кочани ноќта на трагичниот пожар било исклучително тешко поради големиот број луѓе натрупани пред влезот. Во некои случаи биле потребни двајца, па дури и тројца спасувачи за да извлечат едно лице, сведочеше пожарникарот Благојчо Паунов на судско рочиште против 13 полициски раководители и старешини обвинети за безбедносни пропусти поврзани со трагедијата во која загинаа 63 лица.Паунов, кој бил дежурен во Територијалната противпожарна единиц

Македонија | пред 2 седмици

crna-gora-eu-1-750x430-1

Хрватска постави услови за влез на Црна Гора во ЕУ, отворени седум спорни прашања

Нерешените спорови од минатото и прашањата за границата, имотните права и воените злосторства би можеле да станат сериозна пречка за европскиот пат на Црна Гора. Хрватска им испрати на земјите членки на Европската Унија документ во кој ги образложува своите позиции и ги наведува условите што Подгорица треба да ги исполни пред да стане членка на европскиот блок, објави Радио Слободна Европа.Документот бил испратен до останатите земји членки на почетокот на неделава. Дел од хрватските барања се ди

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryb0lqkoljg48t5faxUmq

Бугарија потврди дека добила барање за меѓународна потрага по Ива Михаилова, но потсетува дека може да одбие екстрадиција на свој граѓанин

Бугарските власти засега не презеле активности за утврдување на локацијата на Ива Михаилова, по која Македонија побарала меѓународна потрага со цел апсење и екстрадиција. Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Михаилова е државјанка и на Бугарија и на Македонија, посочувајќи дека меѓународните и домашните правни одредби предвидуваат можност за одбивање екстрадиција на сопствени државјани, пренесува бугарски медиум.Според информациите што ги објавија бугарските медиуми, на 13 ок

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryovckjdn7vpkp5kadi8U

Македонски државјанин под истрага на ФБИ: Од Голема Речица управувал со платформа за сајбер-криминал, тврди МВР

Дваесетгодишник од тетовското село Голема Речица е осомничен дека управувал со нелегален онлајн пазар преку кој се продавале украдени лични податоци, пристапи до кориснички сметки и компјутерски мрежи, како и алатки за извршување компјутерски криминал. До неговото откривање дошло по заедничка истрага на македонското Министерство за внатрешни работи и американското Федерално истражно биро (ФБИ).Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднел кривична пријава до Основното ја

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Два комерцијални брода погодени од непознати проектили во Ормускиот Теснец

Два комерцијални контејнерски брода биле погодени од непознати проектили во два одделни инцидента во Ормускиот Теснец, соопшти денеска Британската агенција за поморска трговија (УКМТО). И двата брода претрпеле помали оштетувања, а меѓу членовите на нивните екипажи нема повредени.Според информациите на агенцијата, во првиот инцидент бил погоден контејнерски брод со тежина од 50.000 тони, додека влегувал во Ормускиот Теснец.„Бродот претрпе помали оштетувања, немаше повредени, а пловидбата безбедно

Свет | пред 2 седмици

media-libraryiu7a5a05fb9774WayGC

Ѓорѓиевски на одбележувањето на 59 години МАНУ: Силата на една нација се огледува во знаењето што го создава и културата што ја негува

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) одбележа 59 години од своето основање, а на свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој ја истакна значајната улога на институцијата во развојот на македонската наука, култура и национален идентитет.Ѓорѓиевски присуствуваше на настанот на покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов. Тој нагласи дека знаењето, културата и наследството што се остава на идните генерации се меѓу најважните обележја на едн

Скопје | пред 2 седмици

media-librarys90tb8fde4dnadEnjc0

Отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките во Клиничката болница во Штип

Подобра координација меѓу специјалистите и побрз пристап до здравствените услуги за пациентките со заболувања на дојката се очекува со отворањето на мултидисциплинарниот кабинет во Клиничката болница во Штип. Кабинетот денеска го посети министерот за здравство, Сашо Клековски, кој истакна дека ракот на дојката и натаму претставува значаен здравствен предизвик.Клековски посочи дека речиси илјада жени годишно заболуваат од рак на дојка, поради што се неопходни поголема свесност, навремени прегледи

Македонија | пред 2 седмици

evra

Русија очекува дополнителни 10,6 милијарди евра приходи надвор од нафтата и гасот

Русија би можела до крајот на 2026 година да оствари околу билион рубљи, односно приближно 10,6 милијарди евра дополнителни приходи што не потекнуваат од нафтата и гасот. Ова го најави рускиот министер за финансии Антон Силуанов, кој посочи дека се очекува буџетските приходи да ги надминат планираните износи.Претставувајќи го пред Државната дума извештајот за извршувањето на буџетот за 2025 година, Силуанов изјави дека надминување на планираните вредности се очекува и кај приходите од нафта и га

Свет | пред 2 седмици

media-library816fb8it9cl99oGYHZZ

(Видео) Спектакуларен пречек во Битола за Арабел Рустемовски, кој освои бронза на Европското првенство за боксери

Со бронзен медал од Европското првенство за боксери до 17 години, младиот македонски боксер Арабел Рустемовски се врати во Битола, каде што го пречекаа браќата, семејството, тренерите и пријателите.Рустемовски оствари значаен успех на шампионатот што се одржа во Црна Гора, освојувајќи бронзен медал и потврдувајќи дека македонскиот бокс располага со уште еден перспективен млад натпреварувач.Во полуфиналната борба, помладиот брат на најдобриот македонски боксер Ален Рустемовски беше поразен од Бри

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfp7g4asu0kqa2fYIwyp

Мицкоски до Апасиев: Туѓите бизниси ти сметаат, а скапите хотели и шопингот во Солун не

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики кон претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев на денешната собраниска седница, обвинувајќи го дека изнесува лаги и клевети од собраниската говорница и повикувајќи го истите тврдења да ги повтори јавно пред медиумите, за потоа да се соочат на суд.Мицкоски реагираше и на наводите поврзани со неговиот баџанак Јорданчо Јанев, нагласувајќи дека неговата сопруга е сестра на сопругата на Јанев. Тој ги отфрли тврдењата дека Јанев добил бугарски п

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynivb17sstia4cx1QxyN

(Видео) Апасиев на денешната собраниска седница покажа фотографии од баџанакот на Мицкоски со Заев и актуелниот премиер

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, во контрарепликата на одговорот на премиерот Христијан Мицкоски, презентираше фотографии од Јорданчо Јанев – Дано, баџанакот на Мицкоски, во друштво на актуелниот премиер и на поранешниот премиер Зоран Заев. Притоа, најави дека Левица располага со дополнителни документи за прашањата што ги отвори и дека во наредниот период ќе следуваат нови објави.Осврнувајќи се на личните квалификации што Мицкоски ги упатил кон него, Апасиев го критикуваше пре

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycbvoum02tv46fPGvfyy

(Видео) Битиќи до Јанкуловски: Како ќе им помогнете на граѓаните откако го одбивте нашиот предлог за 600 евра минимална плата?

Растечките трошоци за живот и недоволните приходи на работниците беа во фокусот на денешната собраниска седница за опозициски пратенички прашања, на која пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, побара од Владата да понуди конкретно решение по одбивањето на предлогот за минимална плата од 600 евра.Во отсуство на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Битиќи му се обрати на заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, прашувајќи каква финансиска алтернатива предвидува Владата за д

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh1kupeguu06ub6wArzg

Насилно влегол во стан, па ја нападнал сопственичката кога дошла

Непознато лице нападнало 50-годишна скопјанка во нејзиниот стан во општината Аеродром, а потоа побегнало со украдени пари, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 13 октомври, околу 16 часот, во СВР Скопје. Според пријавеното, жената се вратила во својот стан и забележала дека влезната врата била насилно отворена и оштетена. Таа не можела веднаш да влезе, бидејќи вратата била блокирана со столица.Откако успеала да ја отстрани пречката и да влезе во станот, затекнала

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypud0dsqh78f7fZGRzol

71-годишен маж прегазен од сопствениот трактор во двор во Мислешево

Седумдесет и едногодишен жител на струшкото село Мислешево бил повреден откако сопствениот трактор го прегазил во дворот од неговата куќа.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во ОВР Струга на 13 октомври 2026 година, во 11:29 часот.Пријавено е дека И.М. работел на тракторот „ИМТ 539“, кога возилото ненадејно се придвижило и го прегазило со задното тркало. Мажот се здобил со повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Струга.Од полицијата инфор

Македонија | пред 2 седмици

media-library1t41dhskauv96tipxic

Тројца возачи уапсени бидејќи возеле без возачка дозвола

Тројца возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие, откако полициските службеници утврдиле дека управувале возила без положен возачки испит, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, приведените се сомничат за кривично дело „безобѕирно управување возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.Станува збор за 31-годишниот Н.П. од селото Слепче, демирхисарско, 43-годишниот Д.Г. од Скопје и 16-годишник, исто така од Скопје.Од Министерството информираат дек

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc05j9ok1bkh9c2brs1N

Ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со остар предмет, 40-годишник приведен во Куманово

Четириесетгодишен маж од кумановско село бил лишен од слобода откако неговата 35-годишна сопруга пријавила дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го привеле Н.Д. на 14 октомври 2026 година, во 2 часот по полноќ, постапувајќи по пријавата од неговата сопруга.Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе б

Македонија | пред 2 седмици

media-library1vo6kr7l1476ejWDj7a

Полициски службеник надвор од работно време пукал во воздух со службениот пиштол пред угостителски објект и на плоштад во Кратово

Полициски службеник се соочува со кривична пријава за предизвикување општа опасност, откако во два наврати испукал повеќе куршуми во воздух со службениот пиштол во Кратово, информира Министерството за внатрешни работи.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Куманово против М.Н., поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ според член 288 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 2 седмици

media-library8f8pvkckrk5h6Pb4GBy

Автомобил удрил во бетонски столб во Кичево, тешко повредена 71-годишна сопатничка

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Влашки пат“ во Кичево, откако патничко возило удрило во бетонски столб од куќа. Едната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 13 октомври 2026 година, во 13:20 часот, во ОВР Кичево.Во несреќата учествувало патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Б.М. од селото Шутово, кичевско, кое удрило в

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Бројот на починати од западнонилска треска во земјава се зголемил на 11, откако е регистриран уште еден смртен случај, покажуваат најновите податоци објавени на специјализираниот портал за следење на вирусот „Хелталерт“.Од почетокот на 2026 година се евидентирани вкупно 71 случај на зараза со вирусот. Од заболените, 58 лица оздравеле, додека двајца пациенти и натаму се на болничко лекување.Според објавените податоци, во текот на изминатата недела не бил регистриран ниту еден нов случај на западн

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryk8g9n3o7k2jv7NTTisO

(Видео) На маратон во Чикаго одекна „Ако ме погледнеш во очи“ од Тоше Проески

На маратон во Чикаго одекна песната „Ако ме погледнеш во очи“ од Тоше Проески.Музиката на македонската музичка легенда повторно потсети дека неговите песни продолжуваат да живеат и допираат срца и далеку надвор од границите на Македонија.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjnpdc14v0t8f2TDpnXJ

(Видео) Спасовски до Хоџа: До каде е регионалната депонија и кој ќе одговара за ископот на песок во кумановскиот регион?

До каде е постапката за изградба на регионалната санитарна депонија за Североисточниот плански регион и дали институциите утврдиле неправилности при ископот на песок во Шупли Камен? Овие две прашања пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, му ги упати на министерот за заштита на животната средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, на денешната собраниска седница за пратенички прашања.Во врска со депонијата „Краста“ во Куманово, Спасовски предупреди дека отсуството на соодветно санитарно решение с

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybq4qkbur57okfCvDp0G

Илјадници граѓани во акција за почисто Скопје, градот добива и нови контејнери

Илјадници граѓани се вклучиле во големата еко-акција за чистење на Скопје, која, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, покажала дека грижата за градот може да ги обедини луѓето без оглед на нивните политички разлики.Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите учесници, меѓу кои биле неговите колеги градоначалници, младите, волонтерите и советниците од опозицијата. Тој нагласи дека чистиот и уреден град се создаваат со труд, одговорност и заедничка посветеност.Според него, секој исчистен дел од градот

Скопје | пред 2 седмици

media-library7suq25dlniqef2cCGYe

(Видео) Торнадо со ветрови до 137 километри на час погоди дел од Чиле

Торнадо, обилни врнежи и силни ветрови предизвикаа големи материјални штети во Чиле, поради што властите издадоа регионално црвено предупредување за метрополитенскиот регион Сантјаго и ја прекинаа наставата во повеќе од сто училишта. Во погодените подрачја се регистрирани поплави, свлечишта и прекини во снабдувањето со електрична енергија, јавува агенцијата „Анадолу“.Чилеанската дирекција за метеорологија предупреди на можност од грмежи, град и силни локални налети на ветер во крајбрежниот плани

Свет | пред 2 седмици

nato-1

Руте: НАТО никогаш нема да нападне прв, ние сме одбранбен сојуз

НАТО не гледа непосредна закана за својата територија од Русија, но е подготвено да реагира доколку забележи засилување на воените сили, порача генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.Одговарајќи на новинарско прашање дали Русија би можела да размислува за напад врз некоја од земјите членки на НАТО, Руте рече дека Алијансата во моментов не смета дека постои таква опасност.„Не мислиме така. Не постои непосредна закана за територијата на НАТО. Ако забележиме засилување на силите, ќе реагирам

Свет | пред 2 седмици

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

Четворица убиени по комеморација во Јужна Африка, меѓу ранетите и дете

Четири лица го загубиле животот, а уште три биле ранети во вооружен напад врз група луѓе кои се враќале од комеморација за локална политичка лидерка во населбата Катлехон, југоисточно од Јоханесбург, соопшти полицијата во Јужна Африка.Пукањето се случило доцна синоќа, а меѓу повредените има и дете. Според првичните информации од полицијата, на местото на нападот загинале двајца мажи, но бројот на жртвите денеска се зголемил на четири, откако уште две лица им подлегнале на повредите во болница.Ос

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања