Алкохол, возење без дозвола и забрана: 13 возачи приведени во еден ден
Полициски службеници на Министерство за внатрешни работи на Македонија вчера на подрачјето на целата држава лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.Според МВР, четворица возачи од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци управувале возила под дејство на алкохол. Шест возачи од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга возеле без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца возачи од Кичево управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување.
Македонија | пред 5 месеци