2 нед.
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски тешко ја обвини Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Европа дека ја оставила Украина на „цедило“ со протиракетната одбрана, што Русија го искористи за да нанесе сериозни оштетувања на енергетската инфраструктура и да ја доведе земјата „на работ на целосен мрак“. Зеленски посочи дека доставата на ракетите за системите Patriot доцнела поради пропуштена уплата во рамките на иницијативата PURL, оставајќи многу Украинци без струја, греење и вода среде најстудената зима од почетокот на војната.Иницијативата PURL ја водат САД и НАТО, а придонесуваат повеќе европски држави, но висок претставник на ЕУ за надворешна политика Каја Калас предупреди дека Европа мора да користи свои залихи за протиракетна одбрана за да ја поддржи Украина во кризата.Во меѓувреме, Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на привремено примирје до 1 февруари, по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за седумдневно прекинување на нападите врз Киев поради екстремниот студ.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница

Основното јавно обвинителство во Тетово отвори истражни постапки против четворица лица по претресите извршени во Брвеница, при кои беа пронајдени наркотична дрога и оружје.Тројца од осомничените се товари за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи. Кај еден од нив бил пронајден пиштол со два куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка. Друг осомничен поседувал 55 куршуми, од кои 53 се боeва муниција забранета за граѓаните, додека кај третиот бил откриен пиштол без шаржер.Четвртото лице било фатено со 3,15 грама кокаин, поради што се води истрага за – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.По краткотрајниот 48-часовен притвор за обезбедување докази, јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор за тројцата осомничени, додека за четвртото лице се предложени мерки на претпазливост.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Затворањето на постмониторингот не е успех на Мицкоски ниту на неговата анти ЕУ кампања

СДСМ истакнува дека во периодот од 2017 до 2024 година, преку спроведување на реформски мерки, земјата бележела значителен напредок во областите на владеење на правото, слободата на изразување и граѓанските слободи. Анализата на меѓународните индекси, како што се „Freedom in the World“, „Rule of Law Index“ и „Human Rights Index“, покажува јасно подобрување на политичките права и заштитата на слободите на здружување и изразување.Според Freedom House, резултатите се зголемиле од 4/3 во 2017 година на стабилни 67–68/100 во 2023 година. Истиот тренд се потврдува и од World Justice Project, кој забележал подобрување на рангот на земјата, како и од V-Dem Human Rights Index, кој се зголемил од 0.78 на околу 0.82.Медиумските слободи, исто така, доживеале значителен напредок, со ранг на Reporters Without Borders од 111. место во 2017 година на импресивно 36. место во 2024 година. Сепак, според СДСМ, повторното доаѓање на ВМРО на власт во мај 2024 година веќе покажува знаци на влошување, со пад на индексите за медиумите на 42. место во 2025 година и критики за притисок врз новинарите и корупција.Парламентарното укинување на комисијата за постмониторинг дијалог од страна на Советот на Европа, според СДСМ, не претставува успех на актуелната власт, туку е последица на реформите спроведени во претходниот период. И покрај ова, надзорот над човековите права и демократијата ќе продолжи преку периодични извештаи и механизми на Советот на Европа и ЕУ.СДСМ апелира до граѓаните да се спротивстават на секое назадување и да ги поддржат демократските вредности, нагласувајќи дека само заедно може да се обезбеди подобра иднина за Македонија.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryvbomh555dj905Ak2g3L

Алиу презентираше нови стратешки приоритети за 2024–2028

Во организација на Министерството за здравство, денеска се одржа конференција насловена „Партнерство за здравство", посветена на стратешките приоритети на здравствениот систем и идентификуваното портфолио на проекти за партнерска поддршка.На настанот присуствуваа претставници од бизнис секторот, странски компании и меѓународни организации, како и амбасадори и претставници на дипломатскиот кор.- Поддршката од општествено одговорните чинители е од големо значење за напредокот на здравствениот систем. Токму затоа сметам преку партнерски однос може да дојдеме до остварување на приоритетите во здравството. Нашата цел е првпат системски да ја канализираме поддршката и да ја насочиме онаму каде што е најпотребна, истакна министерот за здравство, Азир Алиу во обраќањето.Министерот Алиу ги презентираше стратешките приоритети во здравството за периодот 2024 - 2028, и посебно се осврна на оптимизација и функционална реорганизација на здравствениот систем, со цел регионално балансиран и еднаков пристап до здравствените услуги за сите пациенти.- Како Влада сме фокусирани на континуирана едукација и трансфер на знаење на медицинскиот персонал, со ангажирање врвни странски експерти за едукација на нашиот кадар, во насока на воведување нови дијагностички и терапевтски методи, потенцираше Алиу.Тој се осврна и на националната здравствена стратегија за млади лекари, чија цел е подобрување на условите за работа и финансиска стимулација за спречување на одливот на младите лекари.- Во следниот период активно ќе работиме и на развој и имплементација на стандардизирани болнички процедури за квалитетна и безбедна здравствена заштита, односно стандардизирани патеки за упатување на пациентите со цел намалување на неоправданите упатувања од едно на друго ниво на здравствена заштита. Исто така, еден од приоритетните проекти е и Националниот систем на парамедици, како дел од Итната медицинска помош, со што дополнително ќе го зајакнеме одговорот на здравствениот систем во итни случаи, заклучи Алиу.Тој се осврна на стручните упатства за практикување на медицина базирана на докази, унапредување на Националниот здравствен информативен систем во рамки на дигитализацијата на здравството и имплементација на меѓународни стандарди ("здравство без хартија") и национален интероперабилен слој за е-здравство.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
28112024_Miteva

По пет години судска битка, Митева ослободена од тужбата за клевета на поранешен пратеник на СДСМ

Апелациониот суд во Скопје ја уважи жалбата и ја поништи пресудата со која портпаролката на Владата, Марија Митева, беше осудена по тужба за навреда и клевета поднесена од Дарко Каевски, тогашен пратеник од редовите на СДСМ. Со ова завршува судски процес што траеше цели пет години.Митева во јавна изјава оцени дека иако за многумина овој случај можеби е заборавен, за неа тој претставува важно прашање за правдата и слободата на говор. Таа посочи дека во периодот кога СДСМ декларативно се повикувале на слободата на изразување, во пракса, како што рече, се обидувале да ја ограничат преку правни конструкции и тужби.„Наместо аргументи – конструкции, наместо одговори – тужби. Наместо отчетност – обид за замолчување“, наведе Митева, додавајќи дека ваквиот пристап, според неа, не е напуштен ни денес.Таа истакна дека во периодот кога била во опозиција, секогаш била свесна што зборува, зошто го зборува и со која цел, нагласувајќи дека јавниот говор го темелела на факти и внимателно одмерени аргументи. Според неа, одлуката на Апелациониот суд е потсетник дека правдата во Македонија често доаѓа бавно, но дека нејзината суштина е во тоа правото да не се користи како средство за притисок, туку како заштита на основните слободи.„Борбата за слободен и одговорен јавен говор не смее да престане“, порача Митева.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryaf96964125n09A5p2ms

Ноќната економија носи до 4 трилиони долари годишно, три отсто од светскиот БДП доаѓа од ноќната економија

Резимето на Глобалниот извештај за ноќната економија за 2026 година е објавено на македонски јазик преку платформата Терапија.мк, со што овој значаен документ станува достапен и за домашната јавност, отворајќи простор за поширока дебата за улогата на културата, урбаниот живот и економските активности што се одвиваат по зајдисонце.Според клучните наоди од извештајот, околу 3 отсто од глобалниот бруто-домашен производ е директно поврзан со ноќната економија, што претставува годишно економско влијание од меѓу 3 и 4 трилиони долари. Дополнително, секој десетти работник во светот е вработен во овој сектор, без притоа да се вклучат секундарните и индиректните работни места кои зависат од него. Овие податоци јасно укажуваат дека ноќната економија не е маргинален културен феномен, туку значаен столб на современите економии.Извештајот, изработен од Night Time Foundation, беше меѓународно лансиран на Светскиот економски форум и претставува прв систематски обид за глобално мапирање на ноќната економија. Документот, познат како NTER (Night Time Economy Report), се темели на анализа на над 300 релевантни студии од различни земји и сектори, нудејќи основа за креирање јавни политики, урбано планирање и културен развој.Во него се нагласува дека ноќната економија опфаќа широк спектар активности – од музика, клубска и фестивалска култура, до угостителство, транспорт, туризам, безбедност и креативни индустрии. Истовремено, се посочува дека градовите кои стратешки инвестираат во овој сегмент бележат поголема социјална кохезија, културна динамика и зголемена економска отпорност.Од Терапија.мк, како платформа која со години го следи и поддржува развојот на клубската култура, независната сцена и урбаната креативност, оценуваат дека овие наоди се особено релевантни и за македонскиот контекст. Поддршката на културата што се развива „одоздола нагоре“, како и препознавањето на заедницата како двигател на урбаниот идентитет, се посочуваат како клучни фактори за одржлив развој на градовите и локалните економии.Извештајот отвора сериозни прашања за тоа како институциите, локалните власти и културните актери можат поефикасно да ја интегрираат ноќната економија во јавните политики – не само како економски ресурс, туку и како простор за културна размена, социјална инклузија и современ урбан живот.Линк од извештајот:https://terapija.mk/2026/01/30/izvestaj-nokjna-ekonomija-2026/?fbclid=PARlRTSAPpuHxleHRuA2FlbQIxMABzcnRjBmFwcF9pZA8xMjQwMjQ1NzQyODc0MTQAAadrJSXKBzhlAvAny1buJIOaj1B0-rZHHIjUPHPuUTbrU8-A_2b4V4k0rijHdQ_aem_XGSZgEWQhwS12lGYhZ7n1Q

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarydnnqm6i9k13tck8SYt4

Орбан: Постигнав договор со Трамп, Путин и Ердоган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека без интервенција на владата сметките на домаќинствата би се зголемиле за околу 30 отсто поради екстремно студеното време, нагласувајќи дека државните мерки се клучни за заштита на граѓаните. Во редовното утринско интервју на радиото „Кошут“, Орбан рече дека постигнал договор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за натамошно снабдување на Унгарија со евтин гас.Според Орбан, претстојните избори во април ќе бидат одлучувачки за опстанокот на намалените цени на енергенсите, за кои тврди дека Брисел сака да ги укине. Тој истакна дека рускиот гас е неопходен за одржување на сегашното ниво на цени и дека Унгарија има рок од околу година и пол за да најде начин да ја заобиколи забраната на Европската унија.Европската унија оваа недела усвои регулатива со која постепено се укинува увозот на природен гас од руски гасоводи и течен природен гас. Целосната забрана за увоз на течен гас треба да стапи на сила на почетокот на 2027 година, додека забраната за увоз преку гасоводи е предвидена за есента истата година. Орбан оцени дека доколку Унгарија не најде решение во предвидениот рок, домаќинствата ќе се соочат со сериозен хаос, додавајќи дека со оваа одлука Брисел, според него, настојува да ѝ помогне на Украина.Тој посочи дека Европската унија не би требало да се меша во трговските прашања, освен кога станува збор за санкции, за кои, како што нагласи, е потребна согласност од сите земји членки. Истовремено додаде дека за трговските одлуки не е потребна едногласност.Осврнувајќи се на Украина, Орбан потсети на планот за нејзино обновување, со кој од Европа се бараат стотици милијарди евра. Според него, целта е во Унгарија да дојде на власт проукраинска влада, што, како што тврди, би го уништило унгарското стопанство, а поради географската близина со Украина, најмногу би страдале токму унгарските граѓани.Орбан оцени дека Украина не ја зајакнува, туку ја ослабува Европа и дека таа треба да се задржи во, како што рече, преодна состојба. Тој порача дека во Брисел се води битка која мора да се добие, наведувајќи дека како што Унгарија, според него, ја добила битката околу миграциите, така може да ја добие и битката околу членството на Украина во Европската унија. Премиерот изрази уверување дека и западноевропските земји ќе се спротивстават и ќе ги принудат своите лидери да не ги поддржуваат, како што ги нарече, погрешните политики, нагласувајќи дека за тоа најпрво е потребна победа на домашен терен, а потоа и во Брисел.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarynj9tqbu7fi1b72Sfrqu

(Видео) Германски комичар се обиде да подигне американско знаме во Гренланд

Градоначалничката на главниот град на Гренланд упати апел до медиумските работници и креаторите на содржини за одговорно однесување, откако германски комичар неуспешно се обиде да подигне американско знаме, предизвикувајќи огорченост кај локалното население. Аваарак Олсен порача дека авторите на вакви содржини треба сериозно да размислат пред да се впуштат во шеги на сметка на заканите со кои се соочува Гренланд, објави „Гардијан“.Баварскиот комичар Макси Шафрот (41) се обидел да подигне американско знаме на јарбол во близина на културниот центар во Нуук, но бил спречен од револтирани минувачи. На нивното прашање што прави, тој тврдел дека е американски функционер, по што се оддалечил, пренесе новинар на агенцијата Франс прес од местото на настанот. Според локалните медиуми, Шафрот бил пријавен во полиција и му била изречена парична казна.Градоначалничката на округот Сермерсоок, во чиј состав е и главниот град, остро реагираше на инцидентот, оценувајќи дека подигнувањето на знамето на воена суперсила која со недели упатува закани кон земјата не може да се смета за шега. Таа нагласи дека ваквиот чин, изведен пред главниот културен центар, е исклучително штетен и несоодветен.Олсен истакна дека жителите на Гренланд, а особено децата, се загрижени и исплашени поради актуелната состојба. Според неа, поттикнувањето на тие стравови заради содржина, кликови или смеа не претставува храброст или креативност, туку дополнително ја зголемува тензичноста кај и онака ранливото население. Таа апелираше до креаторите да застанат и да размислат пред да снимаат или изведуваат нешто што го сметаат за „смешно“, оценувајќи дали таквите постапки ја информираат јавноста или само создаваат чувство на несигурност кај семејствата.Инцидентот се случува во период на зголемени тензии, додека владата на Гренланд работи на намалување на стресот и тешкотиите кај населението, предизвикани од повторените изјави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за можноста за преземање на овој арктички териториј. Долгогодишните територијални аспирации на Трамп кон Гренланд, кој е автономна територија во рамки на Данска, предизвикаа една од најсериозните кризи во историјата на НАТО. Во меѓувреме, заканите со употреба на сила беа повлечени и започнаа разговори со Копенхаген и Нуук.Шафрот во Германија е познат по учеството во сатиричната емисија „Екстра Драи“, која се емитува на телевизијата НДР и ја следат повеќе од еден милион гледачи. Во изјава за „Дер Шпигел“ и данската агенција Рицау, телевизиската куќа изрази жалење поради инцидентот.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Предлог законот на СДС за 600 евра минимална плата е доказ дека ако не ја крадеа државата додека беа на власт, работниците денес ќе имаа и повисока минимална плата

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на најавениот Предлог-закон на СДСМ за зголемување на минималната плата на 600 евра, оценувајќи дека документот е нецелосен и без јасен финансиски план. Од партијата посочуваат дека иако СДСМ навела дека за мерката се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно приближно 110 милиони евра, не е објаснето од каде би се обезбедиле тие средства.Според ВМРО-ДПМНЕ, позитивен аспект на предлогот е тоа што, како што наведуваат, се признава дека минималната плата можела да биде зголемена и за време на владеењето на СДСМ, но дека тоа не било направено. Во партиското соопштение се тврди дека наместо тоа, биле направени злоупотреби на државни средства, меѓу кои и околу 170 милиони евра за набавка на канцероген мазут, што, според нив, довело до загадување на воздухот и штета по здравјето на граѓаните.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека доколку тие средства биле рационално користени, работниците денес ќе имале значително повисока минимална плата, дури и над 600 евра. Во реакцијата се обвинуваат СДСМ и ДУИ за, како што наведуваат, систематско злоупотребување на државните пари и ставање на личните интереси пред интересите на граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarya55ppdr7uskh8H49gJP

Жерновски го критикува Муцунски: Кризата со транспортерите се решава на маса - очи во очи

Поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски му порача на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски дека проблемот на транспортерите не се решава со телефонски повик до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.„ЕУ на звучник, Македонија на чекањеКога една власт ќе почне јавно да се фали со телефонски разговори, тоа не е дипломатски успех – тоа е доказ за изолација.За министерот Муцунски огромен успех претставува телефонски разговор со еврокомесарката Кос, што јасно ја покажува реалната состојба на македонската надворешна политика денес: вратите во Брисел се затворени, а состаноците се заменети со телефонски повици.Во нормални околности, вакви крајно сериозни теми како кризата со професионалните превозници, блокадите, дозволите и економските штети, се решаваат на маса – очи в очи, со конкретни договори. Вака, реалните проблеми остануваат нерешени, а секој ден што минува без навремена реакција создава сериозни економски и егзистенцијални последици.Зошто не се занимаваа со овој проблем на време? Зошто не ги обезбедија превозниците со поддршка и конкретни мерки? Наместо тоа, сега се фалат со разговори што ниту резултираат, ниту им обезбедуваат сигурност на оние кои ја движат економијата.Иронијата да биде цлосна, еврокомесарката за проширување барем одговорила на телефонскиот повик на Муцунски, што не е и случај со Мицкоски, кој самиот јавно призна дека не може да ја добие по телефон претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.Значи, ни во телефонската дипломатија работите не одат според планот“, реагираше Жерновски.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarypnurgp3gl020aHQQ1jm

Неверојатна трансформација: Иван Зељковиќ драстично ослабе и целосно го промени изгледот

Поранешниот телевизиски водител Иван Зељковиќ, кој јавноста најмногу го памети по водењето на популарниот квиз „Милионер“, денес води сосема поинаков живот. Наместо на телевизиските екрани, тој живее во Дубаи, каде што работи како раководител на продукција во компанија и како продуцент во дигиталните медиуми.Иако се повлече од јавноста, со години беше предмет на медиумско внимание поради големите промени во неговиот изглед. По периодот на зголемена телесна тежина, денес ситуацијата е сосема поинаква – Зељковиќ значително ослабел и отворено зборува за патот до таа промена.Преку социјалните мрежи тој откри дека клучниот момент за одлуката да го смени начинот на живот се случил минатото лето, кога застанал на вага пред целото семејство. Како што вели, резултатот бил алармантен и токму тоа било пресвртница за сериозна промена.Зељковиќ објаснува дека слабеењето било резултат на знаење што го собирал со години, со помош на поранешни тренери и лекари. Во почетната фаза губел и до десет килограми месечно, хранејќи се исклучиво со месо и јајца, без зеленчук, при што постепено ги намалувал количините на храна. Подоцна во исхраната вовел салати, а повремено и овошје.Тој се одлучил и за режим на исхрана познат како интермитентен пост 16:8, при што првиот оброк го поместувал сè подоцна во денот. Дополнително, користел и терапија која го намалува чувството на глад, без несакани ефекти. Според неговите зборови, здравствените резултати никогаш не му биле подобри.Со оваа отворена исповед, Иван Зељковиќ испрати порака дека секој човек може да најде начин што му одговара, доколку има волја да го промени сопствениот живот.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
IMG_0656

Новак Ѓоковиќ обезбеди финале на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија опен по маратонот и победата над Италијанецот Јаник Синер со 3:2 – по сетови 3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4.По историското полуфинале меѓу Карлос Алкарас и Александар Зверев, ништо помалку спектакуларно не беше ниту во дуелот Ѓоковиќ – Синер.Иако многумина не веруваа дека ќе биде така, особено по воведниот сет што го доби Синер.Клучниот момент се случи во четвртиот гем, кога Новак спаси брејк топка на 30:40, но Синер потоа беше сигурен на сервисот и без изгубен гем го донесе сетот до крај — 6:3.Противник во финалето ќе биде Карлос Алкарас, кој по пет часа и 21 минута и пет сета ја победи Зверев.Ова е 11. финале во Мелбурн за Ѓоковиќ, а до сега никогаш не го загубил мечот за титулата во Австралија.

Спорт | пред 2 седмици

2 нед.
putin-094091

Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп лично го замолил Путин да се воздржи од напади врз Киев една недела со цел да се создадат поволни услови за преговори.На прашањето дали Путин се согласува со предлогот, Песков одговори: „Да, секако. Тоа беше лично барање од претседателот Трамп“.Претседателот на САД вчера изјави дека неговиот руски колега се согласил со неговото барање да не се напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела.„Јас лично го замолив претседателот Путин да не го напаѓа Киев и другите градови и места една недела“, рече Трамп на брифинг за медиумите, нагласувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури. „И тој се согласи. Морам да ви кажам, тоа беше многу убаво. Многу луѓе ми рекоа – не губете време на тој повик. Но, јас го направив тоа“, додаде тој.Претседателот на САД не разјасни кога или на кој начин го упатил тоа барање до Путин, ниту на кој датум треба да стапи на сила наводното прекин на огнот. Коментарите на Трамп, исто така, следеа по шпекулациите дека Киев и Москва се согласиле на пауза во нападите врз енергетската инфраструктура на другата страна, иако ниту една страна не ги потврди тврдењата ниту ја коментираше изјавата на Трамп.По објавата на Трамп, се огласи украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Важна изјава од американскиот претседател за можноста за обезбедување безбедносна заштита на Киев и другите украински градови во текот на овој екстремен зимски период. Снабдувањето со електрична енергија е основа на животот. Ги цениме напорите на нашите партнери кои ни помагаат да ги заштитиме животите. Ви благодариме, претседателе Трамп! Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите Арапски Емирати. Очекуваме спроведување на постигнатите договори. Чекорите кон деескалација придонесуваат за вистински напредок кон завршување на војната“, напиша Зеленски

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryfe1c2cbnurfq5Yw7Tp0

Епидемија на мали сипаници во Јужна Каролина

Епидемијата на мали сипаници во Јужна Каролина зафати најмалку 789 лица, со што го надмина претходниот најголем бран во западен Тексас од 2025 година. Најголем дел од случаите се во округот Спартанбург и претежно се меѓу невакцинирани лица или оние со непознат вакцинален статус, соопшти државниот Оддел за јавно здравство.Државната епидемиологинка Линда Бел изјави дека ширењето е неочекувано брзо, бидејќи за само 16 недели бројот на случаи го надминал оној што Тексас го достигнал за седум месеци. Во моментов, 557 лица се во 21-дневна карантина поради изложеност на вирусот, а епидемијата започнала кон крајот на септември и се забрзала за време на празниците.Случаи поврзани со епидемијата се регистрирани и во Калифорнија, Северна Каролина и Вашингтон, додека во Северна Каролина се потврдени 14 случаи и повеќе од 170 лица се ставени во карантина. Здравствените власти предупредуваат дека ниската стапка на вакцинираност, далеку под потребните 95 отсто за колективен имунитет, е главната причина за ширењето и дека без зголемување на вакцинацијата постои ризик од натамошно проширување и губење на статусот на САД како земја без мали сипаници.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
univerzalna-sala

Љутков: Одлуката за изведувач на Универзална сала ќе биде донесена в понеделник

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.Како што нагласи Љутков, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација.- Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник, информира министерот,Во врска со пресудите за платите во културата, Љутков истакна дека се уште стои на истиот став.-Јас не ги добивам лично пресудите од првостепениот суд, некој друг веројатно ги добива пред да ги добиеме ние. Јас подоцна се информирам од институциите, кога ќе стигнат, но знам дека пред три дена, една од одлуките, првата од првостепениот, од Битола, беше обжалена и Апелација одлучи во корист на институцијата, рече министерот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
sdsm-i-mickoski

(Видео) „Јас не можам место СДСМ да победувам на избори“, Мицкоски за укинувањето на техничката влада

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на опозицијата дека општеството се уште не е зрело за укинување на техничката влада, истакна дека нема потреба лично да ги убедува противниците.„Не треба јас да ги убедувам. Ќе ви кажам две работи. Прво ги убеди Стразбур вчера со укинување на постмониторингот. Не треба јас да ги убедувам. Еве ако не му веруваат на Христијан, нека читат што пишува во извeштajот. И второ, дури ако тоа да е така, на следните избори повторно нека има техничка влада. Ако имаме редовни во 2028, јас ќе си дадам оставка во јануари 2028. Не е тоа проблем. Само да им удоволиме да следните избори има техничка влада. Па они нека повелат, нека се организират, нека победат, и потоа, на тие некои следни избори нема да има техничка влада. Што повеќе да направиме за опозицијата? (19:32) Јас стварно не знам што да направам повеќе. Јас не можам место нив да победувам на избори. (19:39) Тоа е, што можам јас повеќе да направам?“, рече Мицкоски

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
noz-ubistvo-napad

Скопјанец со остар предмет и се заканувал на снаата и нејзиниот син

На 30.01.2026 во 03:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа.Според пријавата, на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, по претходна вербална расправија, Б.Ш. со остар предмет упатил закани кон неа и кон нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5apc0b1vfmhccQHeOPW

Љутков: Руралниот туризам – приоритет на Министерството за култура и туризам

Во пресрет на Саемот за рурален туризам, кој ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари во Центарот „Јавна соба“ во Скопје, министерот за култура и туризам Зоран Љутков се обрати на денешната прес-конференција што се одржа по тој повод.Во своето обраќање, министерот истакна дека руралниот туризам ќе биде еден од стратегиските приоритети на Министерството, при што вакви настани ќе бидат сè почести во текот на 2026 година, а уште поинтензивни во 2027 и 2028 година.„Преку проектот Е-75, активно работиме на развој на транзитниот туризам. Нашата цел е просечниот престој на туристите долж оваа траса, кој во 2026 година изнесува околу 24 часа, до 2028 година да достигне најмалку 72 часа“, изјави Љутков.За 2026 година, Министерството за култура и туризам предвидува 36 милиони денари за програмски активности, како и дополнителни 150 милиони денари за субвенции во туризмот. Како што нагласи министерот, овие средства ќе се зголемуваат секоја година, имајќи предвид дека секој вложен денар во туризмот носи четирикратен економски поврат.Љутков посочи дека руралните домаќинства и малите производители претставуваат клучен двигател на локалниот економски развој и дека токму во нив ќе се инвестира континуирано и стратешки, особено по спојувањето на ресорите култура и туризам.На Саемот, претстојниов викенд,  ќе учествуваат околу 50 излагачи од целата земја, а се реализира во организација на Министерството за култура и туризам, во партнерство со Амбасадата на Словенија, Швајцарската амбасада преку програмата ИМЕ, Земјоделскиот институт и Центарот „Јавна соба“.Министерот Љутков упати благодарност до сите партнери и информираше дека на Саемот ќе присуствуваат и туристички агенции за дојдовен туризам, со цел остварување директни средби и можност за склучување договори со руралните домаќинства. За посетителите ќе бидат обезбедени и ваучери за попуст за да се поттикне поголема посетеност од домашната публика.„Ги поканувам граѓаните да дојдат, да ги запознаат автентичните вредности на Македонија, да вкусат локални деликатеси и да ги доживеат руралните убавини на Македонија“, порача министерот Љутков на крајот од денешната прес-конференција.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Blojcanik-na-Semahot-HTK

Скопје добива „паметен зелен бран“: Изгласан буџет од 25 милиони денари

Советот на Град Скопје изгласа буџет од 25 милиони денари за воведување на „паметен зелен бран“ за синхронзиирање на сообраќајот во главниот град.- На шестата седница на Советот на Град Скопје, донесовме одлука за предвидување на средства во износ од 25 милиони денари, наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај, информираше претседателот на Советот на Град Скопје Даме Димитровски.Како што рече тој, со овие средства се предвидува унапредување на функционирањето на Центарот, редовно одржување на системите за управување со сообраќајот, како и изнаоѓање нови, паметни и современи сообраќајни решенија поврзани со сигнализацијата.Претходно, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски претходно порача дека овој систем во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library58tvro6qdq0s8z0mg5j

ФЕНИ повторно се отвора: На работа се враќаат 170 лица

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, соопшти дека компанијата Golden Eagle (поранешно ФЕНИ) во првата фаза ќе ги врати на работа 170 лица, а во следната фаза се очекува да се вклучат уште 500 работници.Производството на никел е планирано да започне во април, кога производствените печки ќе бидат ставени во функција.Јанчев истакна дека соработката меѓу Golden Eagle, општината, Владата и премиерот Христијан Мицкоски овозможила фабриката повторно да функционира, што е значаен придонес за локалната економија и граѓаните на Кавадарци.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања