Промени тема
Контакт

Најнови вести

4 нед.
media-libraryli4gnrsm1cgjcrNB0YW

Од денес без „олеснување“ на границите: биометриските проверки повторно целосно задолжителни

Патниците од земји надвор од Европската Унија од денес може да се соочат со подолги чекања на европските граници, откако истекуваат привремените мерки за флексибилност поврзани со Системот за влез и излез (EES).Во текот на летото, земјите членки можеа во исклучителни ситуации привремено да го прекинат земањето биометриски податоци – отпечатоци од прсти и скенирање на лицето – доколку настанат големи гужви. Од 6 септември оваа можност престанува да важи.EES е целосно оперативен на надворешните гр

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
pivo

Германија најголем производител на пиво во ЕУ: Лани произведени 34,4 милијарди литри

Германија и во 2025 година останала најголем производител на пиво во Европската Унија, покажуваат податоците на Евростат. Во земјите членки лани биле произведени вкупно 34,4 милијарди литри пиво.Вкупното производство е за 0,7 отсто помало во споредба со 2024 година, но е за 2,2 отсто поголемо во однос на 2020 година.Од вкупното количество, 32,3 милијарди литри биле пиво со удел на алкохол над 0,5 отсто. Нискоалкохолното пиво, со помалку од 0,5 отсто алкохол, како и безалкохолното пиво, учествува

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarymq15popfn3o0f4qvnsN

(Видео) Белградскиот Прајд се спои со студентските протести: „Студентите победуваат“

Белградската Парада на гордоста годинава доби изразена политичка порака, откако во колоната се приклучија студенти и поддржувачи на студентското движење, а беше истакнат и транспарентот „Студентите победуваат, излези и гласај“.Прајдот се одржа во саботата под слоганот „Има место за сите нас“. Учесниците се собраа во паркот Мањеж, од каде што колоната продолжи низ централните улици на Белград, со силно полициско обезбедување.Организаторите уште пред одржувањето најавија дека овогодишната манифест

Настани | пред 4 седмици

4 нед.
media-library2ic3h82itg505H8rGXl

Искрење од бензински тример предизвикало пожар во Брезница – уапсен 38-годишник

Полицијата лишила од слобода 38-годишен маж од Македонски Брод, по пријава дека предизвикал пожар во селото Брезница.Инцидентот се случил на 5 септември околу 10 часот, во близина на неговата куќа. Според пријавеното, при користење бензински тример за косење дошло до искрење, по што избувнал пожарот.Огнот се проширил кон соседните имоти, но за среќа нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат со ангажман на екипа од ЈП „Национални шуми“ и локалното население.Полициски службеници од ОВР Македонски

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library361ic5plrg5k889hIIq

Уапсен 34-годишен кавадарчанец – му пронашле бела прашкаста материја

Полицијата привела 34-годишен жител на Кавадарци за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, откако при преглед кај него биле пронајдени бела прашкаста материја и пари.Случајот се случил на 5 септември околу 22:45 часот, кога полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода К.М. (34) од Кавадарци.При прегледот кај него биле пронајдени и одземени белата прашкаста материја и парични средства. Кавадарчанецот бил задржан во полициска станица,

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

„За две години 4 милијарди евра нов долг со Мицкоски – празни џебови за народот а нови долгови“, вели СДСМ

СДСМ преку соопштение обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја зголемува задолженоста на државата, додека, според партијата, граѓаните се соочуваат со раст на цените и стагнација на платите.Од СДСМ велат дека за само две години бил создаден нов долг од околу четири милијарди евра и тврдат дека Владата се обидува да ја прикаже вистинската состојба со јавниот долг поинаку од она што, според нив, произлегува од законските обврски.Партијата потсетува дека претседателот на СДСМ, Венк

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library87c32pmk9fgp5Y5u3eY

(Видео) Паднати дрвја во Градскиот парк уште сведочат за невремето од пред еден месец

И еден месец по силното невреме, паднатите дрвја во Градскиот парк сè уште сведочат за неговата силина. Глетката потсетува дека последиците од невремето не се целосно отстранети.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryoouaiu557htg30IghMg

(Видео) „Да живее Македонија“ рече Жељко Самарџиќ со знаме од Кутлеш на „Тиквешки гроздобер“

„Да живее Македонија!“ – рече Жељко Самарџиќ, кој со знаме од Кутлеш настапи пред кавадаречката публика на „Тиквешки гроздобер 2026“.Кавадарци пееше во еден глас со неговите безвременски хитови во вечер исполнета со емоции и музика за паметење.

Сцена | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryresjc760pck67ro2HIE

(Видео) Свлечиште во Кина затрупа куќи, најмалку две лица загинаа, а десет се исчезнати

Најмалку две лица загинаа, а десет се водат како исчезнати по свлечиште што погоди населено место во источниот дел на Кина, по обилните врнежи предизвикани од тајфунот Саудел.Свлечиштето рано во саботата погодило дел од село во округот Суичуан, во провинцијата Џангси. Локалните власти веднаш испратиле спасувачки екипи на терен, а жителите биле преместени на побезбедно место поради опасност од нови одрони.Според информациите, едно лице било извлечено од урнатините без знаци на живот, додека две л

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library1gvllousmamg0irsRGk

Вештачката интелигенција знае каков партнер барате, но не знае кој ќе ви го освои срцето

Вештачката интелигенција сè подобро ги препознава нашите навики, интереси и животни приоритети, но кога станува збор за љубовта, постои граница што алгоритмите сè уште не успеваат да ја преминат. Може да проценат колку двајца луѓе се компатибилни, но не можат со сигурност да предвидат меѓу кого ќе се појави вистинската привлечност.Замислете апликација за запознавање во која не мора со часови да прегледувате фотографии и профили. Наместо тоа, вештачката интелигенција ги анализира вашите вредности

Технологија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarykr55q9kififhdQgNO2P

„Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС затоа што кај нив се крадеше од чистачка до премиер“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на обвинувањата од СДСМ во врска со приведувањето на вработен во Владата, кој, според информациите на партијата, бил фатен во обид да земе мито.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека случајот е доказ оти институциите постапуваат против секој за кого постојат сомневања за незаконско постапување, без оглед на неговата работна позиција.„Уапсениот вработен се обидел да земе мито, и веднаш бил обработен од МВР, дадени се бележани пари и сега е зад решетки и се води постапка за н

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarykmra3bjn2q3naJ2vqpW

Кавадарци пееше во еден глас: Нокаут, Дупер и Жељко Самарџиќ ја одбележаа саботната вечер на „Тиквешки гроздобер“

Саботната вечер на „Тиквешкиот гроздобер 2026“ во Кавадарци донесе вистинска музичка атмосфера, со настапи кои ја раздвижија публиката и ги обединија различните генерации.Вечерта започна со добро познатите хитови на Нокаут, кои ја исполнија гроздоберската сцена со препознатливата енергија. Публиката ги пееше песните заедно со бендот, потврдувајќи дека добрата македонска музика и понатаму има посебно место кај сите генерации.Свеж звук и силна сценска енергија донесе и Дупер, кој со својот препозн

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

ВМРО-ДПМНЕ: Од скромни 1,6% раст во 2024 година до 4,3% во 2026 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создаде стабилна основа за забрзан раст на македонската економија

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оценува дека македонската економија бележи значително забрзување, посочувајќи го растот од 1,6 проценти во 2024 година на 4,3 проценти во вториот квартал од 2026 година како доказ за успешноста на економските политики на Владата.Од партијата наведуваат дека најновите податоци покажуваат дека растот не се должи само на еден сектор. Според нив, инвестициите се зголемиле за 16,5 проценти, извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти, додека градежништвото бележи раст од 21

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
Voeni-brodovi

Нова ескалација меѓу Иран и САД: Техеран се заканува со напади врз американски воени бродови

Иранската влада жестоко ги осуди американските напади врз ирански комерцијални бродови, оценувајќи дека станува збор за „воено злосторство“, додека иранските власти предупредија дека ќе следува уште посилен одговор доколку Вашингтон продолжи со поморската блокада.Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападите врз иранските комерцијални бродови претставуваат продолжение на, како што го нарекува Техеран, американската воена агресија и поширока поморска блокада и економска војна

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryq1i2mln4lj6ne7xBnbY

Познатиот турски актер Серхат Мустафа Килич вчера е пронајден мртов во својот дом

Смртта на 51-годишниот турски актер Серхат Мустафа Килич ја потресе јавноста, откако тој бил пронајден безживотен во својот дом во истанбулската населба Кагитхане. Информацијата ја пренесоа повеќе турски медиуми, меѓу кои и „Анадолу“.Килич последен пат бил во контакт со блиските пред околу два дена. Откако не успеала да стапи во контакт со него, неговата девојка дошла во станот и го затекнала неподвижен во фотелја во дневната соба. Веднаш биле повикани полицијата и медицинските екипи, но лекарит

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryrtorcpqj5j782z0eLaw

Автобус со студенти падна во 30-метарска провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат

Најмалку 21 лице загинало во тешка автобуска несреќа на островот Фого, на Зеленортските Острови, откако автобус со студенти излетал од патот и паднал во провалија длабока околу 30 метри.Според локален претставник на цивилната заштита, несреќата се случила во саботата вечерта. Автобусот се враќал од екскурзија во Ча дас Калдеирас, кога од засега непознати причини излетал од коловозот и се урнал во длабоката провалија.Меѓу патниците имало голем број млади луѓе и средношколци од областите Курал Гра

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
fon-der-lajen

Европа го засилува присуството на Арктикот: Фон дер Лајен во Гренланд со нова финансиска помош

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигнува во Нуак, во дводневна посета на Гренланд чија цел е да се потврди европската поддршка за автономната територија на Данска, во време кога Вашингтон, под водство на Доналд Трамп, продолжува да покажува силен интерес за стратешки важниот арктички остров.За утре е предвидено потпишување заедничка изјава меѓу Европската Унија и Гренланд. Посетата се случува во период кога значењето на островот расте поради неговата мест

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски– затоа ова е Организирана криминална група

СДСМ преку соопштение реагираше по информацијата дека возач на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, бил приведен под сомнение дека барал мито, при што партијата упати сериозни обвинувања до власта.Од СДСМ велат дека случајот покажува оти, како што тврдат, „сите земаат мито, дури и возачите на Владата“, додавајќи дека станува збор за „организирана криминална група“.„Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон и стандарди, цела Влада ќе беше уапсена“, наведуваат од

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryn3gbq2t3qg7u94zzN3j

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Возило застанало поради дефект, во него удрил друг автомобил – едно лице загина

Едно лице загинало, а повеќе лица биле повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Нови Пазар–Рашка.Според првичните, неофицијални информации, едно возило застанало на коловозот поради дефект, по што во него удрил друг автомобил. Точните причини и околностите под кои се случила несреќата сè уште се утврдуваат.На местото на несреќата интервенирале полициски екипи и екипи на итната медицинска помош, а повредените биле пренесени во Општата болница во Нови Пазар

Балкан | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarykmemi84m42re8jD1SWa

Зошто се гасат светлата во авионот при полетување и слетување? Причината е многу важна

Ако некогаш сте патувале со авион, веројатно сте забележале дека непосредно пред полетување и при слетување светлата во кабината се затемнуваат или целосно се исклучуваат. Иако можеби изгледа како едноставна процедура, зад ова стои важна безбедносна причина.Полетувањето и слетувањето се сметаат за едни од најкритичните фази на летот, па затемнувањето на кабината е дел од безбедносните процедури, а не начин за заштеда на електрична енергија или знак дека постои технички проблем.Една од главните п

Патувања | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarysvb2qa4hj8189IA1MJB

(Видео) Еруптираше вулканот Анак Кракатау: Лава избива од кратерот, пепел стигна до Џакарта, откажани летови

Вулканот Анак Кракатау во Индонезија рано утрово еруптирал, при што облаци вулканска пепел се прошириле кон делови од Џакарта и околните области, а поради опасноста за воздушниот сообраќај привремено биле прекинати летовите од меѓународниот аеродром „Сукарно-Хата“.Индонезиската геолошка агенција соопшти дека вулканот, кој се наоѓа во Сундскиот Теснец меѓу островите Јава и Суматра, покажувал зголемена активност уште од петокот. Ерупцијата започнала во 3:53 часот и траела околу 30 секунди.Активнос

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
napad-liban

Нови напади во јужен Либан: Израел тврди дека Хезболах лансирал два дрона

Нова ескалација е регистрирана на југот на Либан, откако израелската војска соопшти дека извела воздушни напади врз цели на Хезболах како одговор на лансирањето на два дрона со експлозив кон израелските сили.Според израелската војска, еден од дроновите бил пресретнат, а во нападот нема повредени израелски војници. За вториот дрон засега нема информации дали стигнал до целта. Израелската страна тврди дека нападот претставува прекршување на прекинот на огнот.Израелската војска во меѓувреме издаде

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
1120507507

Шест пожари сè уште активни, најкритично кај Грачани и Белица

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија биле регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои шест и натаму се активни, пет се ставени под контрола, а 19 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.До 7:30 часот активни се пожарите во атарите на селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, каде што огнот зафаќа и шумски појас на територијата на Република Косово.Активен е и пожарот кај селото Белица, во месноста Кајорец, во правец кон Брезница, кај репети

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarylq2lubfs9h8ffyqZZjA

Гужви на границите: На Богородица се чека 45 минути за излез од Македонија

Зголемен интензитет на сообраќајот е регистриран на патните правци надвор од градските средини, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).На граничниот премин „Богородица“ се чека околу 45 минути за излез од Македонија.На останатите гранични премини од македонска страна, според АМСМ, нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и топло денес, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина до 60 километри на час.Минималната температура ќе биде од 12 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 33 степени.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања