Промени тема
Контакт

Најнови вести

4 нед.
media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Жена била нападната од синот и снаата

Четириесет и осумгодишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната во својот дом од синот и снаата, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 14:20 часот во СВР Куманово. Според пријавата, нападот се случил околу 12 часот во семејната куќа во Куманово, каде што жената, како што навела, била физички нападната од нејзиниот 26-годишен син М. Џ. и неговата сопруга Б. Р., двајцата од Куманово.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryc05j9ok1bkh9c2brs1N

Ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со остар предмет: Приведен кавадарчанец

Четириесетгодишен кавадарчанец е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет, информира Министерството за внатрешни работи.На 5 септември во 14 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ј. Ф. (40), постапувајќи по претходно пријавен случај на семејно насилство. Според пријавата, тој физички ја нападнал својата 33-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, а потоа ѝ се заканувал со остар предмет.Осомничениот би

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Пронајдена марихуана кај две лица во угостителски објект во Охрид

Две лица се приведени во Охрид откако кај нив била пронајдена марихуана, информира Министерството за внатрешни работи.На 6 септември во 02:35 часот, во СВР Охрид биле приведени 31-годишниот А. Ф. од струшкото село Велешта и 30-годишниот германски државјанин Ј. Н.Лицата биле контролирани во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, при што кај нив била пронајдена марихуана.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесена соодветна прија

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Тешко повреден 65-годишен мотоциклист во сообраќајка во Кичево

Шеесет и петгодишен мотоциклист од Кичево е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Маршал Тито“ во Кичево.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 11:40 часот, а во неа учествувале патничко возило „голф“, управувано од 34-годишна жена од Кичево, и мотоцикл „томос“, кој го управувал 65-годишниот мотоциклист, исто така од Кичево.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болни

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryj722lahbhm831KAEh2p

18 пожари на отворено до 13 часот, осум и натаму активни

Во Македонија до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, пет се под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари има во осум општини. Во Општина Ѓорче Петров гори во реонот на Грачани и Никитане, а пожарот е активен и на територијата на Косово, каде што зафатил шума.Пожар има и кај Рамно, во Општина Чучер-Сандево, каде што гори мешана шума. Во Петровец е активен пожар на улица „1“, каде

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryr88sks3c24s69TTcxIA

(Фото) Тапанарот на „ДНК“ Ѓорѓи Ѓоргиев – Џоко, кој загина во пожарот во „Пулс“, ќе живее во спомените: На неговиот роденден поставена биста во Струмица

Со марш на сеќавањето и откривање спомен-обележје, Струмица вечерва му оддаде почит на младиот музичар Ѓорѓи Ѓоргиев – Џоко, кој на 25-годишна возраст го загуби животот во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На неговиот роденден, во големиот градски парк беше откриено спомен-обележјето посветено на Џоко, но и на сите 64 жртви од трагедијата. Настанот започна со марш на сеќавањето по булеварот „Гоце Делчев“, од каде што присутните продолжија до градскиот парк.Пред семејството на Џоко

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Тајна американска операција во Ормускиот Теснец: Нуркачи и подводни дронови ги уништувале мините

САД во изминатите четири месеци во тајност спроведувале операција за отстранување морски мини од Ормускиот Теснец, во обид да се овозможи продолжување на поморскиот сообраќај низ оваа стратешки важна морска рута, објави „Фајненшел тајмс“.Операцијата, која главно се изведувала во текот на ноќта, вклучувала нуркачи на американската морнарица, роботизирани пловила и специјализирана подводна опрема. Според извори запознаени со операцијата, таа започнала по нападите на САД и Израел врз Иран во февруа

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryduam10o707f3dErKpwH

(Видео) Хеликоптерот кој гасеше пожар го „избања“ Ангелов додека даваше изјава: „Во моментов активни се шест пожари“

Опасноста од пожари на отворен простор и натаму е висока, а во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 30 пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.Тој посочи дека најголем дел од пожарите биле ставени под контрола и изгаснати благодарение на брзата реакција на локалните пожарникари и останатите служби кои учествуваат во гаснењето.Во моментов активни се шест пожари, од кои неколку се посложени за гаснење. Меѓу нив е пожарот кај Рамно,

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот превоз, оценувајќи дека со тоа најмногу се погодени студентите и вработените кои секојдневно патуваат меѓу градовите.Од ДУИ посочуваат дека билетот од Тетово до Скопје, кој досега чинел 200 денари, сега е 250 денари, што според партијата претставува зголемување од 25 проценти по патување.Според нивните податоци, месечните трошоци за превоз на лицата кои секојдневно патуваат се зголемиле

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library752h05roicf34cJytLV

„Законите важат за сите, без оглед на работната позиција“, велат од Владата за случајот со возачот на Јанушев кој барал 1.500 евра за да „среди“ вработување како пожарникар

Владата на Република Македонија преку соопштение се огласи по случајот со Димитар Цингаровски, вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), кој бил ангажиран како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата. Цингаровски е осомничен дека побарал 1.500 евра од граѓанин за да посредува за негово вработување во Противпожарната бригада на Град Скопје.Од Владата информираат дека на 4 септември Цингаровски бил затекнат при примопредавање на 500 евра, како дел од поб

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryl8m0jm6ovr1s5cSMWRJ

(Видео) „Еве што се случува од несобрани дрва и гранки и пикавец“, пожар снимен во Аеродром

Видео и фотографија од пожар во Општина Аеродром беа објавени во групата „Општина Аеродром – Пријави проблем“. На снимките се гледа како горат сува трева и гранки.Граѓанинот кој ја објавил снимката укажува дека несобраните гранки и сувата трева може да претставуваат дополнителен ризик од ширење на пожар, особено во период со високи температури.„Еве што се случува од несобрани дрва и гранки и пикавец“, напишал тој во објавата.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryq8n9i3s37q0qenjM5E6

(Видео) Се расчистува Градски парк, вработени во „Паркови и зеленило“ и натаму интервенираат поради паднатите дрвја

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и натаму се на терен во Градскиот парк, каде се расчистуваат паднатите дрвја и се отстрануваат последиците од невремето.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarypldb7v9t6stq2eB913i

„Силувана е процедурата“: Калајџиев го оспорува постапувањето на обвинителството во случајот со мазутот

Професорот по право Гордан Калајџиев остро реагира за постапувањето во случајот со мазутот, оценувајќи дека во предметот е „силувана процедурата“ и дека, според него, веќе не станува збор само за процедурални грешки, туку за директно мешање на извршната власт и демонстрирање сила.Калајџиев посочува три спорни точки во постапката. Првата се однесува на тоа кој јавен обвинител е надлежен како повисок во однос на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
evn-rabotnici

Утре без струја делови од Сопиште и Ѓорче Петров

Без електрична енергија утре ќе останат корисници во делови од Сопиште и Ѓорче Петров, информира ЕВН.Во Сопиште, без напојување ќе биде дел од селото Ракотинци, како и месноста Црвена Прс.Прекин во снабдувањето е најавен и во Општина Ѓорче Петров. Без струја ќе останат корисниците кои се наоѓаат на улицата кај базата на „Еуробетон“, во близина на „ББФ Компани“, кај Стенковец.Прекинот е дел од најавените активности на електродистрибутивната мрежа.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryvq8bv6u1lot5afQviGl

Најмалку четири лица загинаа во израелските напади врз јужен Либан, 20 се повредени

Најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени во израелските воздушни напади врз подрачјето на Набатије во јужен Либан, објави либанската државна новинска агенција ННА.Во нападите била погодена и уништена болницата „Гандур“ во местото Ал-Набатије ал-Фаука, објект кој со години не бил во функција. Според информациите, има и повредени.Силен воздушен удар бил извршен и во градот Набатије, каде цел била историска зграда во сопственост на братот на пратеникот Насер Џабер. Објектот во минатото бил р

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library1db99orhmt9h9zSOBu4

(Видео) Младеновска: Дали возачот бил само продолжена рака на Јанушев?

Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција побара да се истражи целиот случај со возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и да се утврди дали тој постапувал самостојно или зад неговите постапки стои некој друг.„Можам само да додадам дека, како и досега, можеби дел од полицијата си ја врши својата работа, меѓутоа, како и во досегашните случаи, досега никој не одговара“, рече Младеновска.Таа посочи дека треба да се следи целиот тек на пос

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryd7f52r3d33chbTiVT7m

Балканот во пламен: Активни пожари во БиХ и Црна Гора, чад стигна до Далмација

Серија пожари избувнаа на подрачја во Босна и Херцеговина, Република Српска и Црна Гора, а густиот чад од големиот пожар во БиХ стигна и до делови од Далмација, каде што видливоста значително е намалена.Во БиХ, хеликоптери на вооружените сили се ангажирани во гаснењето пожари во подрачјата на Бихаќ, Калесија, Дрвар и Прозор-Рама. Во Бихаќ на терен учествуваат и околу 30 припадници на вооружените сили, соопшти Министерството за одбрана на БиХ.Ангажирањето на хеликоптерите го наредил министерот за

Балкан | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarytnln7qdv7lundlytAdI

„Македонија мора да ти се оддолжи“: Се бара спортска сала во Охрид да го носи името на Антонио Савевски

По трагичната смрт на Антонио Савевски во сообраќајната несреќа на патот Кичево–Охрид, во јавноста се појави апел неговото име и дело да бидат трајно одбележани со именување спортска сала во Охрид по него.Во објава на социјалните мрежи, Мајорова упати повик до државниот врв, Министерството за спорт и Општина Охрид, барајќи една спортска сала да го носи името „Антонио Савевски“.Таа потсетува дека Савевски целиот свој живот го посветил на спортот и кошарката, но и на работата со младите, за кои, к

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryll3vnpku24n3ejMz9lP

Возачот на генералниот секретар Игор Јанушев фатен со обележани 500 евра – барал 1.500 евра за да „среди“ вработување како пожарникар

Димитар Цингаровски, вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), а ангажиран како возач на генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, е осомничен дека побарал 1.500 евра од граѓанин за да посредува за негово вработување во Противпожарната бригада на Град Скопје. Тој бил фатен при примопредавање на дел од парите и завршил во 30-дневен притвор.Според информациите на Обвинителството, Цингаровски се повикувал на својата позиција како возач на висок владин функционер и вету

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library33vuankf6c9tfvOOeVR

Адвокатот Пешевски по апсењето на МВР во Галичник: „Во шатор далеку од цивилизација ќе продавале дрога?“

Адвокатот Драган Пешевски реагираше по информациите дека против пет лица приведени во Галичник, кај кои при претрес во шаторите била пронајдена марихуана, кокаин и таблети, ќе следува кривична пријава.Пешевски во својата реакција го доведува во прашање сомнението дека станува збор за дрога наменета за продажба, имајќи предвид дека лицата престојувале во шатор, далеку од населено место.„И сега уште на дечките ќе им стегнат кривична пријава по член 215 – држење заради продажба, затоа што отишле во

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryqe43u4jkf6i75V0D3t8

(Видео) „Ќе имаме неверојатни спомени кога ќе се пензионираме, а оние со вас ќе бидат на врвот“: Американски пратеник му се обрати на Путин

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф упати необично срдачни зборови кон рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на нивната вчерашна средба во Кремљ, велејќи дека разговорите со рускиот лидер еден ден ќе бидат меѓу најзначајните спомени од неговата кариера.„Пред сè, претседателе Путин, многу ви благодарам што нè примивте. Само што седевме надвор, Џаред, Кирил и јас, а потоа ни се придружи Јуриј. Разговаравме за тоа како, кога ќе се пензионираме, ќе имаме неверојатни приказни и сп

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
Fabric

Непозната материја испрскана меѓу гостите во германски ноќен клуб, пет лица повредени

Пет лица се повредени откако непозната материја била испрскана во ноќен клуб во Линтиг, во германската сојузна покраина Долна Саксонија.Инцидентот се случил во раните утрински часови во неделата, кога во клубот имало неколку стотици луѓе. По прскањето на непознатата материја, дел од посетителите почувствувале проблеми со дишењето и вртоглавица, додека некои се онесвестиле.Екипите на итната помош интервенирале на местото и им укажале помош на поголем број лица.Германската полиција соопшти дека е

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarys1ck9vjknadbfqqHfzS

(Видео) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет и највиоск раст во вториот квартал година од 4,3%

СДСМ нема кредибилитет да ѝ држи лекции на актуелната власт за економијата, оцени пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Биљана Кузманоска, која на денешната прес-конференција направи споредба меѓу економските резултати во првите осум квартали од владеењето на СДСМ и ДУИ и резултатите на актуелната Влада.Кузманоска посочи дека просечниот реален економски раст во првите осум целосни квартали по доаѓањето на СДСМ и ДУИ на власт изнесувал околу 2,6 отсто. Според неа, во првите осум целосни квартали на Владата

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library8jm2620q1ednaW3SH3O

(Видео) Канада претстави нова банкнота од 20 долари со ликот на кралот Чарлс III

Кралот Чарлс III ќе се најде на новата канадска банкнота од 20 долари, со што за првпат по повеќе од седум децении ликот на британски монарх ќе се појави на канадски книжни пари.Новата банкнота беше претставена во четвртокот на настан организиран од Банката на Канада. Гувернерот на централната банка, Тиф Маклем, денот го опиша како „многу посебен“.Една од највпечатливите карактеристики е вертикалниот формат на банкнотата. На нејзината задна страна е прикажан меморијалот Вими Риџ во Франција, пос

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarynhm3akeokuqv0159EkK

(Видео) Cybercab пристигна: тесла започна со платени роботакси-возења во Остин

Иднината на автономниот превоз веќе изгледа како реалност. Тесла започна со наплата на возења со својот целосно автономен Cybercab – робот-такси, со што возилото без волан и педали влезе во употреба за јавноста во Остин, Тексас.Cybercab е електрично автономно возило наменето за двајца патници и е дел од услугата Robotaxi на Тесла. Автомобилот нема волан, педали ниту странични ретровизори, а неговиот дизајн е целосно подреден на идејата за самоуправувачко возило.Еден од впечатливите елементи е на

Технологија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања