Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

14 пожари на отворен простор до 13 часот, пет сè уште активни

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет се активни, еден е ставен под контрола, а осум се изгаснати.Најголем активен пожар е на територијата на општините Студеничани и Зелениково, на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, со крак кон селата Палиград и Вражале. Горнo шумска вегетација.Активен пожар има и во Општина Македонски Брод, кај селото Драгов Дол, на местото Видуш и во близина на Локвица, каде ш

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

(Видео) Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференцијата порача дека евентуалното обединување на опозицијата може да се случи само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, кој го промовира СДСМ.Филипче ја повика Левица да ги промени своите политики и да се определи за членството во НАТО и за Европската Унија, како предуслов за евентуално политичко обединување.„Обединувањето може да биде само со и зад Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Филипче, оценувајќи ј

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Студентите и оваа година ќе добиваат 840 денари неделно за оброк: Пријавувањето почнува на 26 август

За академската 2026/2027 година, студентите кои ги исполнуваат условите повторно ќе можат да го користат правото на субвенциониран студентски оброк. Министерството за образование и наука го објави јавниот повик, а пријавувањето ќе се одвива електронски.Право на финансиската поддршка имаат државјани на Македонија кои се редовни студенти на прв или втор циклус студии, како и студенти на интегрирани студии на државните и приватните високообразовни установи. Еден од условите е студентот да нема месе

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryinhpn35dfff1fwzH2vp

Новинарот Салиу: Процесот за Груби може да стане медиумско шоу во пресрет на предвремени избори

Новинарот Фуркан Салиу, коментирајќи го случајот против Артан Груби, оцени дека поранешниот вицепремиер денес е „проблем на правдата“, но истовремено изрази сомнеж дека и овој процес може да биде претворен во политички и медиумски спектакл.Според Салиу, недовербата произлегува од состојбата во самиот правосуден систем, кој, како што вели, е еден од најголемите проблеми во државата и една од најголемите болки на граѓаните.„Денес, ако зборуваме за Артан Груби, тој е проблем на правдата. Но, бидејќ

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Се урна воен авион во Унгарија, пилотот успеал да се катапултира

Во близина на Солнок, во централниот дел на Унгарија, се урнал воен авион „Грипен“ на унгарските вооружени сили. Пилотот навреме се катапултирал и, според првичните информации, нема повредени.Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека засега не се познати причините за падот на авионот. На местото на несреќата се упатил и министерот за одбрана Ромулуш Русин-Сенди, додека е започната истрага за околностите под кои дошло до инцидентот.Министерот за одбрана изјавил дека пилотот не бил повреден при

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Драма во двор во Охрид: Со дрвен предмет удирал по бокс за кучиња, па ја нападнал сопственичката

Жена од Охрид пријавила дека била физички нападната во својот двор, откако сограѓанин со дрвен предмет удирал по металниот бокс во кој ги чувала своите кучиња.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 23 август во 11:34 часот во СВР Охрид. Инцидентот се случил во дворно место на улицата „Крсте Мисирков“, сопственост на 57-годишната М.Ц.Оттаму информираат дека М.Ц. од Охрид најпрво удирал со дрвен предмет по металниот бокс, по што физички ја нападнал сопственичката.По целосното докумен

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library6acp6g9eikev5DwJIzZ

Скопјанец со остар предмет се заканувал и се обидел да нападне охриѓанец

Полициски службеници од СВР Охрид синоќа го лишиле од слобода 46-годишниот М.С. од Скопје, по пријава дека со остар предмет се заканувал и се обидел да нападне 30-годишен охриѓанец.Инцидентот се случил на 23 август околу 21:25 часот на паркинг-простор во Охрид. По пријавата, полицијата веднаш презела мерки и го привела осомничениот.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library1utdbj34k1ql5vkxb41

Спречен увоз на 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречи увоз на повеќе од 27,5 тони УХТ млеко од Косово, откако лабораториските анализи покажале присуство на афлатоксин над дозволените концентрации.Станува збор за две пратки со вкупна тежина од 27.520 килограми, кои биле задржани на граничниот премин Блаце. Млекото било наменето за продажба во синџир маркети во земјава, но по утврдувањето дека не ги исполнува безбедносните услови, не било пуштено на домашниот пазар.Небезбедните количини, под надзор на

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhhefvfgs99oofPHJ3LY

„Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната“, вели Николоски

Владата продолжува да бара решенија за проблемот со ограничувањето на престојот на македонските професионални возачи во Шенген-зоната преку склучување билатерални договори со земјите членки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Тој посочи дека државата веќе има постигнато договори со дел од земјите, а во следниот период ќе продолжат разговорите со други држави со цел да се обезбеди поголема покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери.„Им

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarygp2rpbdatb4faGzndZv

Ноќна дезинсекција на критични точки во Карпош

Стручни екипи од Центарот за јавно здравје, во соработка со Град Скопје и Општина Карпош, спроведоа дополнителна теренска дезинсекција против комарци и нивните ларви.Акцијата се реализираше во текот на ноќта на неколку критични точки во општината, каде што е забележано зголемено присуство на инсекти. Дезинсекцијата опфати локации на улицата Ловќенска 4 во населбата Козле и на улицата Скупи 8 во Бардовци.Од надлежните служби информираат дека досега се реализирани седум теренски прскања на подрачј

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library2jah007nuv35fhCr5OQ

Се уредува пешачката зона долж кејот на Вардар од Лисиче до Влае

Во тек е голема акција за уредување на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Како што посочува Ѓорѓиевски, се заменуваат оштетените и уништени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата, со цел просторот да биде побезбеден и пофункционален за граѓаните.Кејот е едно од најпосетените места во Скопје, каде граѓаните спортуваат, се рекреираат и го поминуваат слободното време со сво

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryomivujdvvj4s5Crc0lV

Концерт на Нина Бадриќ оваа сабота во Охрид

На 29 август, Охрид ќе биде домаќин на концертна вечер што има сè за да стане едно од највпечатливите музички случувања на крајот од летото. На сцената на Античкиот театар пристигнува Нина Бадриќ, артист чиј глас, стил и музички идентитет повеќе од три децении имаат посебно место на регионалната сцена.Во време кога музичката индустрија постојано создава нови имиња и краткотрајни трендови, Нина Бадриќ останува ретка константа. Кариера изградена без компромиси, репертоар што го издржа тестот на вр

Сцена | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryn3gbq2t3qg7u94zzN3j

Голема трагедија во Панчево: Две лица скокнаа во Тамиш, едно тело извлечено од реката

Трагичен настан се случил утрово во Панчево, каде што две лица наводно скокнале во реката Тамиш, при што едното го загубило животот, а по другото сè уште се трага.Според информациите, едното лице било извлечено од реката, а екипата на Итната медицинска помош можела само да ја констатира смртта.Потрагата по второто лице продолжува, а во акцијата се очекува да се вклучат и нуркачи.Според пишувањата на белградските медиуми, двете лица утрово скокнале во реката од мост. Засега нема дополнителни инфо

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryru33gus5snuq208c5cg

Французинка почина по колабирање при пешачење по голема жештина на Крит

41-годишна француска државјанка починала на Крит откако ѝ се слошило за време на пешачење во близина на Балос, во регионот Ханија. Жената и нејзиниот партнер се упатиле кон плажата и покрај официјалните предупредувања за опасностите од високите температури и тешкиот терен.Двојката попладнето го оставила автомобилот на паркинг во Фаласарна, а потоа продолжила пеш кон Балос. Тие се движеле по патека на која имало поставено знаци за забрана на пристап, а која е особено напорна поради должината и су

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-librarynsbc46jon8nefIujRJM

Мало езеро во Грција стана розово

Мало езеро во северозападна Грција ја промени бојата и стана интензивно розово, оставајќи ги локалните власти збунети и поттикнувајќи испитувања за причината на необичниот феномен.Водата во езерото во близина на плажата Макригиали, во регионот Игуменица, добила длабока магента боја, објавија локалните медиуми.Една од можните причини што се испитуваат е наглото зголемување на соленоста на водата, што можело да доведе до значително зголемување на бројот на одредени бактерии.Надлежните засега ги пр

Патувања | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryshik8tkcd3bl6276e0y

„Ohrid Water Festival“ продолжува со спортски активности, од четврток почнува и музичката програма

Охрид и оваа седмица продолжува да живее во духот на „Ohrid Water Festival“, кој покрај Охридскиот пливачки маратон понуди и низа спортски и рекреативни содржини на вода.Во изминатите седум дена беа реализирани повеќе настани, меѓу кои и две активности за промоција на рекреативното нуркање кај најмладите. Децата имаа можност одблиску да се запознаат со нуркањето како спорт и рекреативна активност.Дел од фестивалската програма беа и Четвртиот меѓународен пливачки митинг „ОВФ 2026“, кајак регатата

Охрид | пред 1 месец

1 мес.
media-librarymrvl71uh7i0e0AfRRvF

Возел со суспендирана дозвола и им наплаќал двојна тарифа на патниците, уапсен таксист во Атина

Таксист во Атина е уапсен откако, според полицијата, на патници им наплаќал двојно повисока тарифа и управувал возило иако претходно му била суспендирана дозволата.36-годишниот возач бил приведен во петокот околу пладне на автобуската станица Кифисос, една од најфреквентните станици во грчката престолнина. Полицијата утврдила дека таксиметарот бил поставен на ноќната тарифа, која се применува по полноќ и е двојно повисока од дневната.При интервенцијата, осомничениот наводно првично одбил да им г

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-librarys2utjsae40b54aF9ArA

Во Скопје Север сè е вратено во првобитна состојба, нема узурпација и не е оштетен државен имот, тврди Костовски

Состојбата на теренот во Скопје Север е вратена во првобитната состојба, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.Според него, инспекторите од Општината утрово извршиле проверка и констатирале дека повеќе нема узурпација, ниту оштетување на државен имот.„Дали надвладеал разумот или стравот од соочување со законот, воопшто не е важно. Важно е дека нема узурпација и не е оштетен државен имот“, наведе Костовски.Тој упати повик за разум и одговорност, нагласувајќи дека државниот и

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library0j1kk9s5hj6mdZ9ut5S

Осум кутии докази за случајот „Државна лотарија“: На Груби, Бајрами и другите ќе им се суди по двапати неделно - обвинителот најави седум сведоци

Во судската постапка за случајот „Државна лотарија“ обвинителот Даниел Коцев најави изведување на 231 материјален и седум вербални докази, односно сведоци, против осум обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување.За делото за кое се товарат обвинетите е предвидена казна затвор од една до пет години.Меѓу обвинетите се поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, поранешниот вицепремиер Артан Груби, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски,

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Мопедист загина на патот Меџитлија – Старавина откако излетал од коловозот

Трагична сообраќајна несреќа вчера попладне се случила на регионалниот пат Меџитлија – Старавина, при што животот го загубил 42-годишен жител на битолското село Новаци.Д.Ј. (42) управувал мопед со битолски регистарски ознаки. Од засега непознати причини, во еден момент изгубил контрола над мопедот и излетал надвор од коловозот.Мопедистот се здобил со тешки повреди и починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.На местото на несреќата бил извршен увид од

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarymedcgq7c4mltc29MzNt

(Видео) Груби седна на обвинителна клупа

По повеќемесечната истрага, случајот „Државна лотарија“ денеска влегува во судска фаза. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска Груби и уште седум обвинети седнаа на обвинителна клупа. Предметот ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.Груби е обвинет во предметот поврзан со Државна лотарија. Обвинителството тврди дека како претседавач со владината седница овозможил на дневен ред да биде ставена и изгласана точка поврзана со спорната набавка. Сепак, одлуките на Владата се носат колекти

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryrrqv0pr9c4ja9nNcizI

(Видео) Кој стои зад препознатливиот женски глас на Siri? Приказната за Сузан Бенет

Гласот што милиони корисници го слушаа во првите години од појавувањето на Siri на уредите на Apple му припаѓа на американската гласовна актерка Сузан Бенет. Иако нејзиниот глас стана препознатлив низ целиот свет, таа во времето на снимањето воопшто не знаела дека материјалот ќе стане дел од една од најпознатите дигитални асистентки.Бенет уште долго пред Siri градела кариера како професионален гласовен уметник, снимајќи реклами, автоматизирани телефонски системи и навигациски пораки. Во јули 200

Технологија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

Сервери со напредни Nvidia-чипови нелегално извезувани во Кина, Тајван поднесе девет обвиненија

Тајванското обвинителство поднесе обвинение против девет лица осомничени за незаконски извоз на сервери за вештачка интелигенција во Кина. Меѓу обвинетите се и вработени во технолошките компании Nvidia и Super Micro, објави „Ројтерс“.Истрагата била започната годинава поради сомневања дека во Кина биле извезувани сервери опремени со чипови на Nvidia, кои се предмет на американски извозни ограничувања. САД уште во 2022 година воведоа забрана за продажба и извоз на напредни полупроводници во Кина.О

Технологија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryiciopaj40daq4qTlT9A

САД ја откажаа воената вежба со Јужна Кореја поради војната во Иран

САД ја откажаа заедничката амфибиска воена вежба со Јужна Кореја, планирана за следниот месец, поради ограничената достапност на американските сили ангажирани во војната во Иран, соопшти јужнокорејската војска.Од јужнокорејскиот марински корпус информираа дека Вашингтон уште во јуни официјално ги известил дека учеството на американските сили во планираната вежба ќе биде ограничено. Во моментов се водат разговори меѓу двете страни за тоа како ќе продолжат воените вежби.Засега не е соопштено дали

Свет | пред 1 месец

1 мес.
prevrten-avtobus

Автобус со повеќе од 50 ученици се судри со комбе и се преврте во Холандија

Најмалку 20 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што рано утрово се случила во Холандија, откако автобус со повеќе од 50 патници, меѓу кои главно ученици од Германија, се судрил со доставно комбе и се превртел.Несреќата се случила на автопатот А28 во близина на Везеп. Според првичните информации од локалните власти, автобусот удрил во комбето одзади, по што возачот изгубил контрола, излетал од автопатот и автобусот завршил превртен на својата страна.Во автобусот имало повеќе од 50 лица

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања