Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
soobrakajka

Автомобил излета и се преврте на патот Охрид – Кичево, возачот тешко повреден

Педесет и шестгодишен охриѓанец се здобил со тешки телесни повреди откако со автомобил излетал од магистралниот пат Охрид – Кичево и се превртел.Несреќата била пријавена на 21 август во 14:30 часот. Според МВР, Љ.Г.(56) управувал автомобил „голф“ со охридски регистарски ознаки кога изгубил контрола, излетал од патот и се превртел.Возачот бил пренесен во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library92lrdbfjqo6ja0Rr6Lu

Приведен мотоциклист во Куманово, возел со 1,52 промили алкохол

Мотоциклист од Куманово бил приведен откако полицијата утврдила дека управувал под дејство на алкохол, со измерени 1,52 промили алкохол во крвта.Д.А.(39) бил запрен на 22 август во 1:55 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово. По извршената контрола, тој веднаш бил исклучен од сообраќајот.По насоки на јавен обвинител, мотоциклистот бил приведен во полициска станица. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Тешко повреден мотоциклист во судир со автомобил во Дебар

Педесет и осумгодишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во судир со автомобил на улицата „Ибраим Колари“ во Дебар.Според информациите од МВР, несреќата се случила на 21 август во 15:55 часот помеѓу автомобил „опел“, управуван од И.Д.(25) од Дебар, и мотоцикл управуван од А.Т.(58) од селото Рајчица.Мотоциклистот бил пренесен во Медицинскиот центар во Дебар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото извршила екипа на ОВР Дебар.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library2mm6djr5uia48fX7fbU

Тешко повреден 24-годишен мотоциклист откако се судрил со автомобил

Мотоциклист на возраст од 24 години се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа во која учествувале две возила и мотоцикл на улицата „Радишанска“ во Скопје.Несреќата се случила на 21 август во 16:40 часот помеѓу „фолксваген голф“, управуван од З.Б.(52), „фолксваген тигуан“, управуван од Д.В.(44), и мотоцикл управуван од С.К.(24), сите со скопски регистарски ознаки.Повредениот мотоциклист бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле конст

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Малолетници на возраст од 13 и 17 години меѓу приведените поради дрогa

Шест лица, меѓу кои две малолетни, биле приведени во одделни полициски акции во Скопје, Куманово и Кочани, а против жител на Прилеп е поднесена кривична пријава откако во неговиот дом биле пронајдени стебла канабис.На 21 и 22 август, на различни локации во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода малолетници на возраст од 13 и 17 години од Скопје, како и Б.С.(19) од Струга. Кај нив биле пронајдени и одземени тврда кафеава материја и марихуана.Во Куманово бил приведен Д.М.(37), кај кого

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjqie8v2rv4khdIhG3dY

Грција пред нов бран жештини, доаѓа топлотен бран

Грција ја очекува нов топлотен бран, а температурите во делови од земјата во текот на викендот би можеле да надминат 40 Целзиусови степени и локално да се приближат до 42 степени.Националната опсерваторија во Атина предупреди дека во многу региони жешкото време ќе се задржи најмалку до средината на следната недела.Според прогнозите, максималните дневни температури ќе се движат меѓу 38 и 40 степени, додека на одредени места се очекуваат и околу 42 степени.Грчката метеоролошка служба наведува дека

Свет | пред 1 месец

1 мес.
Untitled-1

Мицкоски нѐ прогласува за економски гигант, а граѓаните не можат да ги покријат основните трошоци, вели Левица

Левица го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека прикажува нереална слика за економската состојба во државата, тврдејќи дека и покрај изјавите за висок економски раст, две минимални плати не се доволни ниту за покривање на минималната синдикална кошничка.Од партијата велат дека Мицкоски ја претставува Македонија како една од водечките економии во регионот, но без, според нив, јасно да наведе на кој регион и на кои споредливи показатели се повикува.Левица тврди дека, според последните официјалн

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library5599haamqj8b3gCjaWK

Филипче: Мицкоски и Владата имаат суров и нечовечен однос кон лозарите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Тиквешкиот регион го обвини премиерот Христијан Мицкоски и Владата за, како што рече, „суров и нечовечен однос“ кон лозарите, кои во екот на бербата се соочуваат со ниски откупни цени и зголемени производствени трошоци.„За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата Влада, министерот за земјоделие исто така, кон лозарите, поради тоа што нудат понижувач

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library2hjl356e3oicfajUMMW

По гужвите на Табановце, МВР воведе електронско плаќање на казните за странци - сообраќајот нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Табановце е нормализиран и во моментов се одвива без поголеми задржувања, информира Министерството за внатрешни работи.Од МВР посочуваат дека во изминатиот период на преминот биле регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возила со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци.Како дополнителна мерка, во функција е ставена и мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за стран

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg55iupc7eun55jUzYxu

(Фото) Апсења во Тетово и Гостивар: „Тигрите“ претресуваа, најдени се оружје, муниција, дрога

Повеќе лица се лишени од слобода во неколку одделни полициски акции во Тетово и Гостивар, при што биле пронајдени оружје, муниција, дрога, дигитални ваги и парични средства, соопшти МВР.Во првиот случај, на 21 август, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Б. (41) од тетовското село Лешок.При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин калибар 7 милиметри со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ калибар 9 милиметри со празни

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Се подготвува ли нова мобилизација во Русија? Сè повеќе Руси повторно заминуваат

Сè повеќе се шпекулира дека Кремљ може да подготвува нов бран мобилизација, прв по „делумната мобилизација“ во есента 2022 година, а стравот од такво сценарио повторно ги поттикнува дел од Русите да ја напуштаат земјата.Според извештаи на независни руски медиуми и Радио Слободна Европа/Радио Либерти, причината за ваквите шпекулации се големите загуби на руската армија во Украина и сè потешкото пополнување на единиците само со доброволци и договорни војници.Засега нема официјална потврда од Кремљ

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjoau7cddt7497Rmr9Qw

Филипче со лозарите: СДСМ ќе предложи 5 денари повисока цена за секој килограм грозје

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на тиквешкиот регион најави дека партијата ќе поднесе законско решение со кое откупната цена на винското и трпезното грозје би се зголемила за 5 денари по килограм.Филипче, по средбите со земјоделци и лозари во екот на бербата, оцени дека тие и годинава се соочуваат со ниски откупни цени и значително повисоки производствени трошоци.„За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Хри

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryth1nrhuoccsv6cN13oX

„И понатаму ќе ме гледате“: Портпаролката на Белата куќа останува блиска до Трамп

Каролин Ливит ќе ја напушти Белата куќа на крајот на август, но ќе остане во политичкиот круг на американскиот претседател Доналд Трамп.Дваесет и осумгодишната Ливит потврди дека по заминувањето од функцијата портпаролка на Белата куќа ќе се врати во супер ПАК-организацијата MAGA Inc., каде и претходно работела како портпаролка.Во разговор со новинарите во претседателскиот авион Air Force One, таа рече дека повторно ќе работи за MAGA, но не откри каква точно ќе биде нејзината нова функција.Ливит

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library6oeuql55gipjeGUV0OU

Семејство од Пробиштип во шок откако институциите побарале да го крстат мртвото бебе

Семејство од Пробиштип кое во јуни го загубило своето предвреме родено бебе, повторно било соочено со трагедијата, откако институциите почнале постапка за определување лично име на детето – иако тоа починало само неколку дена по раѓањето. Документацијата до која дојде „Скопје1“ покажува сериозен административен јаз меѓу здравствените, матичните и социјалните служби.Бебето било родено живо на 26 јуни 2026 година на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, предвреме, со родилна тежина од

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Од Скопје и Охрид до нови европски центри: ВМРО-ДПМНЕ се пофали со 28 дестинации

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, изјави дека од преземањето на власта досега се воведени 28 нови авиодестинации од македонските аеродроми, оценувајќи дека подобрата воздушна поврзаност е важна за граѓаните, туризмот, бизнисот и инвестициите.Според неа, од Скопје сега може директно да се патува до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Дубаи, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро во Сардинија и Палермо во Сицилија.Од аеродромот во Охрид, пак, ка

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryu4nvtui6l7il1PVBQtL

(Видео) Шокантен случај во Флорида: Мајка наводно ги повредувала ќерките и сè снимала за Инстаграм

Шокантен случај во Мајами, Флорида, предизвика силни реакции во јавноста откако 26-годишната инфлуенсерка Мелиза Кампос-Санчез беше уапсена поради сомнение дека ги полевала своите две малолетни ќерки со врел восок, а потоа намерно предизвикала пожар во кујната на својот дом.Според полициските документи објавени во медиумите, нејзините ќерки имаат три и шест години.Истражителите наведуваат дека на една од снимките, кои наводно биле објавени на нејзиниот профил на Инстаграм, Кампос-Санчез најпрво

Свет | пред 1 месец

1 мес.
Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Зошто Филипче не е на обвинителна клупа? Тетовската модуларна немала одобрение за поставување и употреба, вели Лефков

Миле Лефков, член на Извршниот комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, повторно го обвини обвинителот Ислам Абази дека го заштитил поранешниот министер за здравство Венко Филипче во предметот за модуларните болници.Лефков тврди дека предметот и доказите со години биле чувани во фиоки кај обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, а потоа, според него, Абази ја довршил заштитата на Филипче.Како еден од клучните аргументи, Лефков го посочува Артан Етеми, поранешен економски директор на тетовс

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
pari

„СДСМ да престане со лагите“: ВМРО-ДПМНЕ со пресметка за растот на платите

ВМРО-ДПМНЕ возврати на обвинувањата од СДСМ за падот на просечната плата, тврдејќи дека во периодот на актуелната влада растот на платите бил околу 70 проценти повисок на месечно ниво отколку во времето кога на власт биле СДСМ и ДУИ.Од партијата наведуваат дека во јуни 2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај 2024 година достигнала 41.252 денари.Според нивната пресметка, тоа е зголемување од 18.444 денари за 84 месеци, односно просечен месечен раст од околу 220 денари.ВМРО

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg5kifamjjbrl8N4R7B0

За два дена 5.514 прекршоци од странски возила регистрирал “Безбеден град”, над 310 илјади прекршоци се направени откако е пуштен во употреба

Од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ до 20 август 2026 година се евидентирани вкупно 310.865 сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.Убедливо најголем дел од прекршоците се однесуваат на управување со брзина поголема од дозволената. Од МВР информираат дека во периодот од 2 февруари до 20 август биле регистрирани 301.835 вакви прекршоци.Значителен е и бројот на прекршоци направени од возила со странски регистарски ознаки.Според официјалните податоц

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryff65cj8cn0o43RJO8pO

Тројца приведени во две одделни полициски акции

Три лица се лишени од слобода во две одделни полициски акции во Куманово и Кичево, при што била пронајдена и одземена марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во Куманово, на 21 август во 9:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Н. (33) од Куманово.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Нек

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg2p0gu1h53cl7hKUcJ8

Цаневска ја нападна Давкова: Пола држава гори, а претседателката е во Таранто, Спортот е важен, но државниот врв треба да е со граѓаните

Катерина Цаневска, независна советничка во Советот на Град Скопје предложена од СДСМ и координаторка на советниците од СДСМ, упати остри критики до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова поради нејзината посета на Таранто, Италија.Цаневска реагира во период кога, како што наведува, во повеќе делови од државата има пожари, а во Скопје е прогласена вонредна состојба во пет општини поради западнонилската треска.„Пола држава се справува со пожари, граѓаните стравуваат, во пет општини во Скопје е

Коментари | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryasvghar4s1d66kztdAT

(Фото) Колони на Табановце и Богородица: Задржувањата до 60 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.На граничниот премин Табановце, и за влез и за излез од државата, времето на чекање е од околу 40 минути до еден час.Иста е состојбата и на граничниот премин Богородица, каде задржувањето од 40 минути до еден час се однесува на возилата кои ја напуштаат државата.На останатите гранични премини, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од Макед

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Општината платила 6,6 милиони денари за изработка на мобилната апликација, тврдејќи дека за нејзината изработка не бил потрошен ниту еден денар од општинскиот буџет.Според Герасимовски, апликацијата била изработена волонтерски од вработен во Општината, а единствениот трошок бил околу 200 евра за надоместоци потребни за објавување на платформите Apple App Store и Google Play.„Уште еднаш, за д

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryqhr0a55edkkpfBLadd7

(Видео) Љубов што не се крие: Кучето со неизмерна радост го пречека девојчето од училиште

Мало кафеаво куче трпеливо чека покрај мирен селски пат додека во далечината се приближува жолт училиштен автобус.Во моментот кога автобусот застанува, а девојчето излегува со ранецот на грбот, трпението на кучето се претвора во неизмерна радост. Тоа веднаш трча кон него и го пречекува како да не го видело цела вечност.Потоа среќно тргнува по девојчето и заедно се упатуваат кон дома. За кучето ова не е само крај на уште еден училиштен ден, туку моментот што го чекало цело попладне.

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-librarypd43vk33m3mkaVUbvgd

(Фото) „Секој ден се зголемува“: Див отпад кај паркингот до градинката „Калинка“

Жители на Општина Аеродром алармираат дека веќе цела недела се трупа отпад на паркингот зад „Тобако 2“, во близина на градинката „Калинка“, а од надлежните, според нив, сè уште нема реакција.Во објава во групата „Општина Аеродром – Пријави Проблем“ е наведено дека купот отпад секојдневно се зголемува и веќе почнува да личи на мини-депонија.„Цела недела само се зголемува и се претвора во мини депонија, сè уште нема никаква реакција од надлежните. Позади Тобако 2, паркингот кај градинката Калинка“

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања