Промени тема
Контакт

Најнови вести

3 нед.
media-libraryerc5eg5c93vaftDD23H

По Ливерпул и Барселона, Кутињо се враќа во Бразил и ќе игра со Нејмар

Сантос е пред потврда на големото засилување, откако Филипе Кутињо се очекува да го облече дресот на бразилскиот гигант и повторно да заигра со својот близок пријател Нејмар.Тренерот на Сантос, Кука, потврди дека договорот со Кутињо е практично завршен и дека остануваат само формалностите пред клубот официјално да го објави неговото доаѓање.„Тренираше со нас, учествуваше и во видеоразговорот што го снимивме пред тренингот. Веќе се вклопува и се приспособува на групата. Кутињо ќе ни помогне нам,

Спорт | пред 3 седмици

3 нед.
struja-1

Проверете дали сте на списокот: Утре прекин на струјата во Општина Карпош

На 14 септември 2026 година, дел од корисниците во Бардовци ќе останат без електрична енергија поради планирано исклучување од страна на ЕВН Македонија.Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците на улица 6 во Бардовци, Општина Карпош.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-library5u2tjo7v93p733khP5v

(Видео) Во Данска, ако наполниш 25 години, а не си во брак, пријателите те врзуваат и те полеваат со цимет

Во Данска постои необична традиција според која невенчаните лица на својот 25-ти роденден може да завршат целосно покриени со цимет.Ако до 25 години не стапиле во брак, пријателите и семејството на славеникот традиционално го опсипуваат со цимет од глава до пети. За зачинот полесно да се задржи, неретко се користи и вода, а во некои случаи се додаваат и јајца.Според традицијата, обичајот можеби потекнува од времето кога трговци со зачини патувале од место до место и поради таквиот начин на живот

Вирално | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Се огласи човекот на Путин: „Барањата остануваат исти“

Москва не го заострила ставот за решавањето на украинскиот конфликт и нејзините барања остануваат непроменети, изјави помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, пренесе „Интерфакс“.„Би рекол дека барањата остануваат исти, немаше никакво заострување. Едноставно би сакале тие барања порано или подоцна да бидат исполнети, а по можност што е можно поскоро“, изјави Ушаков.Тој додаде дека Москва се надева оти тековниот процес за решавање на конфликтот во Украина порано или подоцна

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
maxresdefault-2

Селин Дион повторно на сцена по шест години: Во Париз запеа пред илјадници обожаватели

По повеќе од шест години пауза од целосните концерти, Селин Дион повторно застана пред илјадници обожаватели и одржа концерт во Париз, враќајќи се на сцената по долг период исполнет со здравствени предизвици.Канадската пејачка настапи на 12 септември во „Plenitude Arena“ во Нантер, во близина на Париз, каде што го одржа првиот целосен концерт по март 2020 година. Настапот траеше околу два часа и 15 минути, а Дион изведе околу 25 песни.Концертот го започна со „On ne change pas“, по што не успеа д

Сцена | пред 3 седмици

3 нед.
pari-1

До 500.000 денари владина поддршка за домашните производствени компании

Домашните компании имаат уште неколку дена за да се пријават на двата јавни повици на Министерството за економија и труд, со кои се обезбедува финансиска поддршка за унапредување на производството, технолошките процеси и конкурентноста. Крајниот рок за пријавување е вторник.Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, информира дека преку двата повика компаниите можат да добијат поддршка од најмногу 500.000, односно 200.000 денари, при што Министерството покрива 70 проценти од прифат

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Шефот на „Антропик“ бара забавување на развојот на вештачката интелигенција

Извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, предупредува дека развојот на вештачката интелигенција се движи пребрзо и предлага компаниите свесно да го забават унапредувањето на најмоќните модели, за да имаат време да изградат соодветни механизми за нивна безбедност и контрола.Во есејот „We Must Pace the Frontier“, објавен на 12 септември, Амодеи вели дека забавувањето не треба да значи запирање на развојот или прекин на тренирањето модели. Според него, потребно е да се намали темпото на згол

Технологија | пред 3 седмици

3 нед.
soobrakajka-bitola

Три лица тешко повредени во сообраќајка кај Струга

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила на регионалниот пат меѓу струшките села Велешта и Враништа.Според информациите од МВР, незгодата се случила на 12 септември во 7:30 часот, кога се судриле две патнички возила „Голф“, двете со струшки регистарски ознаки. Со едното возило управувал Ф.Б. (36) од село Лабуништа, а со другото Е.Ќ. (54) од селото Велешта.Во незгодата тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и Е.Б. (27) од Лабуништа, сопатн

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library22ehvslmdm22arH0l94

53-годишен маж пронајден починат во дом во Аеродром

53-годишен маж бил пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 12 септември околу 13:25 часот во СВР Скопје. На местото, лекар констатирал смрт кај В.М. (53).Извршен бил увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Семејни расправии во Тетово и Скопје: Полицијата приведе тројца, еден повикан на разговор

Четири случаи на семејни и меѓусемејни конфликти се евидентирани во Тетово, Јегуновце, Неготино и Скопје, при што полицијата привела или повикала на разговор повеќе лица.На 12 септември во 21 часот, на улицата „Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 43-годишен тетовец. Неговиот 67-годишен татко претходно пријавил дека околу 20:30 часот, во семејниот дом, по вербална расправија, синот агресивно се однесувал, го навредувал и му упатувал закани. При алкотестирањето к

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
semejno-nasilstvo

Приведен 48-годишник од Тетово откако ја нападнал сопругата

48-годишен тетовец е лишен од слобода поради сомнение дека физички ја нападнал сопругата во нивниот дом.Од СВР Тетово информираат дека на 12 септември во 15:30 часот, на улицата „Борче Кочовски“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот маж поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.Случајот во полицијата во 14:20 часот го пријавила неговата 41-годишна сопруга. Таа пријавила дека на 4 септември околу 10 часот, во нивниот дом, по претх

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library31pt8tf0v4hv5cUJXLE

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Битола

Мотоциклист од битолското село Кравари се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Битола.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 12 септември во 12:23 часот, на крстосницата на улиците „Солунска“, „Димо Хаџи-Попов“ и „Михајло Бојаџиев“. Во несреќата учествувале патничко возило „Мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Д. Ќ. од Битола, и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот Т. Л. од с

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryuvk0bpfirsha3SYLv78

Седум лица приведени во Скопје, кај нив пронајдени марихуана и прашкасти материи

Седум лица се лишени од слобода во Скопје откако полицијата кај нив пронашла и одзела различни видови материја за која постои сомнение дека е наркотична дрога.Од СВР Скопје информираат дека во текот на ноќта меѓу 12 и 13 септември, на различни локации во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Н. (41), В.Б. (57), И.Д. (40), Х.Б. (34), Л.Ј. (47) и Б.Ц. (18), сите од Скопје, како и Ј.О. (31) од Република Турција.Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и ка

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-library6974n780qb4453Fseyl

(Видео) Нови снимки од Брач: Големиот пожар зад себе остави пустош

Пожарот што го зафати хрватскиот остров Брач остави зад себе големи опожарени површини, а снимките од теренот покажуваат колку силно огнената стихија ја зафатила природата. На видеото се гледаат целосно изгорени дрвја, поцрнет терен прекриен со пепел и чад што сè уште се издигнува меѓу остатоците од пожарот.Пожарот избувна доцна во четврток навечер меѓу Ложишќа и Грабовица, а силниот ветер дополнително го отежна гаснењето и придонесе огнот да се прошири кон нови подрачја.Пожарникарите со часови

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
lgbti-960x505-1

Рации против ЛГБТИ+ организации во Турција: Претресени шест здруженија, десетици лица приведени

Турските власти привеле 26 лица и извршиле претреси во просториите на шест ЛГБТИ+ здруженија во рамките на истрага за проституција и непристојни содржини, соопшти Обвинителството во Истанбул.Операциите биле спроведени во текот на викендот во 12 покраини, а биле насочени против вкупно 38 осомничени лица. При претресите полицијата запленила дрога, дигитална опрема, шверцуван алкохол и огнено оружје.Здружението „Каос ГЛ“ од Анкара, сепак, тврди дека биле приведени најмалку 50 активисти, што е значи

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

СДСМ бара ДДВ од пет отсто за горивата: Предлогот на Владата е задоцнета и половична мерка

Најавеното намалување на данокот на додадена вредност за горивата од 18 на 10 отсто е задоцнета и половична мерка, оцени СДСМ, од каде што тврдат дека Владата реагира дури откако високите цени веќе го погодија животниот стандард на граѓаните.Од партијата велат дека уште на почетокот на кризата побарале ДДВ за горивата да се намали на пет отсто, веднаш да се укине акцизата, а данокот за основните прехранбени производи да се сведе на нула.„Владата не презеде ништо. Ги остави цените да растат, а гр

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarylp2s5vk725q13iyFSDS

СДСМ бара Вранецот да се откупува по 28, а Смедеревката по 25 денари

Лозарите се соочуваат со ниски откупни цени и непродадено грозје, а Владата не презема мерки за да им помогне, обвини членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветаноски. Таа побара зголемување на откупната цена, укинување на попустот за побрза исплата и интервентен откуп на непродаденото црно грозје.„Пет и пол милиони евра народни пари за криминални договори на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку Лотарија, а нула денари за лозарите. Лозарите се пред пропаст, а Владата не прави ништо за да им помогне

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Посвежото и претежно сончево време ќе се задржи до средината на следната седмица, а потоа следува постепено затоплување, при што за време на викендот максималната температура во земјава ќе достигне до 34 степени, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.Денеска времето ќе биде сончево и посвежо, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и над 50 километри на час. Максималните температури ќе се

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarysbs0jk7t5jfl39hdKQr

Во Велес почна изградбата на подземна катна гаража и нов плоштад

Во Велес почна изградбата на подземна катна гаража и нов плоштад, а премиерот Христијан Мицкоски очекува објектот да биде пуштен во употреба до крајот на првата половина на следната година.Мицкоски изјави дека за проектот разговарал со градоначалникот Марко Колев уште во периодот кога тој првпат бил кандидат за градоначалник на Велес.„Денеска, заедно со велешани, можеме да посведочиме дека е завршена голема работа. Од она што можеме да го видиме, подготовката е направена. Моето искуство вели дек

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryrrhqst77su7e3oSBiBj

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата: „Мора да се следи трагата на парите“

СДСМ бара да се отвори истрага за финансирањето на прославата за 35-годишнината од независноста и да се следи „трагата на парите“, тврдејќи дека Владата сè уште не ги објавила договорите, фактурите, исплатите и целосната листа на компании кои добиле или обезбедиле средства.Маја Борозан од СДСМ на денешната прес-конференција рече дека станува збор за вкупно околу 5,5 милиони евра – околу пет милиони евра од нераспределената добивка на Државна лотарија и дополнителни околу 40 милиони денари од при

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library5gu481ffohqlbTlmn3q

ВМРО-ДПМНЕ удри по Врховниот суд за „Ласкарци“ и Јакимовски: „Остатоците на СДС и ДУИ ги штитат криминалците“

ВМРО-ДПМНЕ повторно упати остри обвинувања кон правосудството по неодамнешните одлуки на Врховниот суд за случајот „Ласкарци“ и за градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, тврдејќи дека во судството и натаму функционираат структури блиски до СДСМ и ДУИ.Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција директно ги посочи судиите Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии.„Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги за

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryc33e08pom3lg5P5XArC

Владата денеска ќе го намалува ДДВ за горивата – Мицкоски очекува поевтин дизел

Владата денеска ќе одржи седница на која треба да донесе нова мерка за ублажување на растот на цените на горивата – намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, најави премиерот Христијан Мицкоски.Најавата доаѓа пред утрешната корекција на цените на горивата од Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски вели дека со новата мерка Владата очекува намалување на цената на дизелот.„Мерки веќе имаме за горивата, намалени акцизи за дизелот и безоловното гориво. Денеска повторно ќе имаме владина седница

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryn4camshvkjcc2GdyISC

Мицкоски најави вакви настани секоја година: Над 200.000 граѓани биле дел од прославата, Македонија достоинствено ја одбележа независноста

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за средствата потрошени за одбележувањето на 35-годишнината од независноста и настапот на светскиот диџеј Дејвид Гета, оценувајќи дека прославата била успешна и дека во текот на еден месец на настаните присуствувале повеќе од 200.000 граѓани.„Ја следам оваа естрада која ја прави опозицијата. Мислам дека единствени кои не се задоволни од прославата за 35-годишнината се тие. Траеше еден месец и помина прекрасно. Станува збор за повеќе од 200

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска: „Јас си стојам на зборот“

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, соопшти дека поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против службени лица во Државната комисија за спречување на корупцијата, како и против ДКСК како правно лице.Од документот што го објави Апасиев се гледа дека пријавата е поднесена против Весна Донева, Севим Мустафа, Славко Ѓорѓески и Фарие Јашари, наведени како членови на Прекршочната комисија на ДКСК, како и против Катица Костовска, за која во пријавата е наведено дека

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryulsqba6s73b2fezUKxk

Седум и пол минути овации, па две големи награди: „Woman Unknown“ ја освои Венеција

Седум и пол минути овации по премиерата беа само најава за она што следуваше на крајот од 83. Венециски филмски фестивал. Данската историска драма „Woman Unknown“ („Kvinde Ukendt“) на режисерката Мај ел-Туки го освои Златниот лав за најдобар филм, а главната актерка Матилде Арсел го доби Волпи купот за најдобра актерка.Со тоа филмот стана еден од апсолутните победници на годинашното издание на фестивалот, а успехот е уште позабележителен бидејќи Ел-Туки беше единствената режисерка која самостојн

Филм | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања