Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

АРТАН ГРУБИ

media-librarysif786ucg7iadex4LE9

(Видео) Груби е подготвен да го предаде Ахмети, да биде сведок, па да му го променат идентитетот, вели ексначалникот од МВР

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески, во „Претрес со Ландов“ изјави дека постои можност поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде искористен како заштитен сведок. Според него, Груби е подготвен да го предаде и Али Ахмети.Во разговор, Ѓурчески рече дека не би се изненадил доколку Груби реши да соработува со истражните органи.„Поентата е дали тој може да биде искористен како заштитен сведок“, изјави Ѓурчески, додавајќи дека лично очекува такво сценарио.Според него, Груби можеби би бил подготвен „да ја отвори душата“ и да открие важни информации, што би можело да доведе до негово симнување од црната листа и евентуално добивање статус на заштитен сведок.Ѓурчески посочи и дека во јавноста подолго време постоеле сомнежи дека Груби е предмет на интерес на странски разузнавачки служби, поврзувајќи ги тие сомнежи и со истрагите околу проектот „Бехтел и Енка“.Тој дури не ја исклучи можноста, доколку дојде до такво сценарио, Груби да добие и програма за заштита на сведоци, па дури и промена на идентитет.Цел поткаст поврзан со многу криминални банди, случувања и несподелени инфромации:

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryob49n8fcqghc41gTRrq

Димитриевски: Груби требаше да оди таму каде што е пропишано - во истражниот затвор Шуто Оризари

Недозволиво е Артан Груби да биде во куќен притвор, оцени синоќа претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.Во гостување на ТВ Сител, Димитриевски истакна дека ЗНАМ има одлични односи со коалициските партнери, дека со премиерот се уште не разговарал за реконструкција, ниту за ресори, ниту за конкретни имиња, како и дека е апсолутно задоволен од двајцата свои министри, за правда и за јавна администрација кои, како што напомена, се максимално посветени на реформите.Димитриевски е дециден дека ЗНАМ нема да прифати учество во влада, во чиј составен дел би била сегашната, како што истакна, нереформирана ДУИ.Граѓаните мора да се исти пред законот, а Македонија како држава треба да се постави многу сериозно пред сите предизвици и не смееме да гледаме репризи. За преседанот со Груби министерот испрати јасна порака до судско-обвинителската власт зашто видовме дека се случи реприза на многу такви случаи во минатото. Ако имате личност која побегнала од државата, а во меѓувреме известувала дека отишла да се прошета и ви се враѓа по месеци, нездозволиво е да ја ставите во куќен притвор, а од друга страна да гледате луѓе во притвор за многу мали квалификации на кривични дела, порача Димитриевски во врска со барањето на министерот за правда, Филков, МВР и АНБ да дадат јавна информација како процениле дека Груби не е безбеден во притвор.Според претседателот на ЗНАМ, имало недоразбирање на релација институција за одржување притвор и безбедносните служби и за тоа тие треба да дадат јасен одговор, а министерот постапил согласно своите овластувања.Видовме само една реприза - играње тенис пред јавноста, судот се повика на обвинителството, а обвинителството на судот. Груби моментно е во куќен притвор, седи дома и си пие чај. Дали јавноста се согласува со такво нешто или не? Ако ние сме држава што не можеме да обезбеди безбедност на некој граѓанин, тогаш се поставува сериозен знак прашалник дали можеме да гарантираме безбедност на поединец што е на функција. Неприфатлив е ваков одговор. Груби требаше да оди таму каде што е пропишано - во истражниот затвор Шуто Оризари, но не сакам да се впуштам во коментирање судска одлука. Во државата мора да има правда и за Груби и за секој друг поединец. Груби побегна во странство за да си даде луфта од 14 месеци се врати. Првично обвинителот предложил и доставил докази за одлуката куќен притвор, тука се и безбедносните служби. Јас немам увид во документацијата, но постојат институции и личности кои можат да ги добијат доказите, едни од нив се РСС и Советот на јавни обвинители, рече Димитриевски.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Филипче: Сè е договорено, уште Мицкоски фалеше да го пречека Груби на граница

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека случајот со враќањето на Артан Груби и одлуката за определување куќен притвор претставуваат јасен показател за политички договор и директно влијание врз судството и обвинителството од страна на власта.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче посочи дека уште од моментот на враќањето на Груби се поставуваат исти прашања без да се добие одговор. „Како е можно на тој начин да се врати бегалец од правдата, да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор? Сте слушнале ли одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не. Ниту ќе слушнете. Поради тоа што има договор. Тоа е вистината“, рече Филипче.Тој оцени дека премиерот избегнува конкретни одговори на суштинските прашања и дека, наместо појаснувања, нуди дефокус и несоодветни коментари. Како пример го наведе прашањето за новопоставениот конзул на Македонија во Србија, Душан Адамовиќ, за кое, според него, не бил даден одговор.Филипче нагласи дека ваквиот развој на настаните не може да се случи без политичка координација и контрола врз институциите. „Такви политички договори во коишто судството и обвинителството се послушници никому не носат добро. Уште премиерот фалеше дека ќе го пречека Артан Груби на граница“, изјави тој.Според него, наместо институциите да функционираат независно и согласно законите, јавноста сведочи на координирани чекори – од медиумското покривање на враќањето, до експресното определување куќен притвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryftmqaukuqk6k2kXoNge

Обвинувања за политичка позадина: „Ако Груби проговори, ќе се разоткрие криминал“

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС е „во грч“ поради стравот дека доколку Артан Груби проговори, ќе се разоткрие, како што наведуваат, „целиот криминал и политичката позадина“.Од партијата тврдат дека СДС бил „директен сојузник и поддржувач“ на криминални политики поврзани со Груби и дека токму поради тоа денес застанува во негова заштита. Според нив, СДС ја избегнувал темата во Собранието и не поставил ниту едно пратеничко прашање поврзано со неговото име.Во соопштението се наведува дека лидерот на СДС, Венко Филипче, како и поранешните функционери Зоран Заев, Оливер Спасовски и Миле Зечевиќ, се „исплашени од евентуалните искази“ што Груби би можел да ги даде пред надлежните органи.ВМРО-ДПМНЕ побара Јавно обвинителство да ги истражи сите сомнежи и индиции, нагласувајќи дека „владеење на правото и правдата мора да има“.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Случајот со Груби е де факто и де јуре политички дил меѓу ВМРО и ДУИ

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, оцени дека случувањата поврзани со Артан Груби претставуваат „театар“ кој, како што наведе, веќе прераснува во циркус.„На темата бегање од одговорност, театарот што го приредува ДПМНЕ-ОКГ овие денови веќе станува циркус. Ова се напади ад хоминем против СДСМ, а всушност јавноста и сите знаат дека де факто и де јуре оваа ситуација е политички дил меѓу ВМРО и ДУИ“, изјави Фрчкоски.Тој додаде дека наместо аргументирана дебата и институционална одговорност, во јавноста се пласира реторика насочена кон дискредитација на опозицијата, додека, според него, суштината на случајот укажува на политички договор меѓу владејачките структури.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

Владејачката партија со обвинувања: СДС бега од одговорност во случајот „Груби“

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС дека молчи за случајот со Артан Груби и дека на седницата за пратенички прашања не отворила ниту едно прашање поврзано со него, ниту пак го споменала неговото име.Од партијата тврдат дека СДС во јавноста пласира „лаги и конструкции“, но кога, како што велат, станува збор за конкретна одговорност и соочување со фактите во Собранието, следи целосен молк. „Молкот на СДС за Груби е индикативен и отвора сериозни сомнежи за причините за ваквото однесување“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Според владејачката партија, се поставува прашањето дали стравот од евентуални искази на Груби и од информации што би можеле да излезат во јавноста предизвикува паника во редовите на СДС. Во соопштението се прашува и дали поранешни функционери се загрижени од можноста да се отвори прашањето за нивната одговорност.ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС во изминатите денови изнесувала различни тези за случајот, обидувајќи се, како што велат, да го заштити Груби, а на собраниската седница не покренала расправа по тоа прашање. Во соопштението се споменува и изјавата на потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, која посочила дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби, одговорност треба да имаат и негови поранешни колеги од Владата.„Што знае Груби што Спасовски, Филипче и Зечевиќ се толку вознемирени?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека наместо политички калкулации и молк, потребни се транспарентност и одговорност.Од партијата порачуваат дека секој кој сторил криминал мора да одговара и дека владеењето на правото и функционирањето на институциите се клучни за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

grubi5123

СДСМ: Со случајот за Груби се режира циркус, сè е однапред договорено

СДСМ со остра реакција оценува дека случајот со куќниот притвор на Артан Груби се претворил во, како што наведуваат, „циркус пред очите на целата јавност“, тврдејќи дека одлуките на институциите се дел од однапред договорено сценарио.Од партијата обвинуваат дека Обвинителството, кое според нив е под контрола на премиерот Христијан Мицкоски, ја оправдувало одлуката за куќен притвор со наводна безбедносна проценка од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.„Само неколку часа подоцна, директорот на затворот ‘Шутка’, кадар на ВМРО-ОКГ, го демантираше Обвинителството, тврдејќи дека ниту АНБ ниту МВР воопшто не извршиле безбедносна проценка“, наведуваат од СДСМ.Партијата посочува дека премиерот Мицкоски во телевизиско гостување изјавил дека станува збор за класифицирани информации кои не можат јавно да се соопштат, додека, како што велат, сега се појавуваат тврдења дека „странски служби“ уште пред една година доставиле предупредувања, а формална безбедносна проценка од АНБ и МВР не била изготвена.„Кои се тие странски служби? И ако нема безбедносна проценка од АНБ и МВР, врз основа на што Обвинителството донело одлука за куќен притвор? Ако нема проценка, како тогаш се тврди дека била класифицирана?“, прашуваат од СДСМ.Според опозициската партија, контрадикторните изјави околу постоењето на безбедносна проценка – дека имало, па немало, дека била доверлива, па дека не постоела – претставуваат дополнителна потврда дека случајот е однапред договорен и режиран.Од СДСМ оценуваат дека целата ситуација го нарушува кредибилитетот на институциите и ја продлабочува недовербата во правосудниот систем, барајќи целосна транспарентност и јасни одговори за основот врз кој е донесена одлуката за куќен притвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0orvr2f1biodbha8JkM

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДС наместо да застане на страната на правдата и одговорноста, продолжува да го релативизира и штити криминалот на Артан Груби. Наместо да се дистанцираат, СДС на чело со Филипче координирано го бранат Груби. СДС го штитат Груби повеќе дури и од што го штитат менторот Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДС се толку многу исплашени и бегаат од темата за Артан Груби што на собраниска седница за пратенички прашања ниту поставија прашање, ниту пак името му го спомнаа.СДС се толку вознемирени и нервозни од апсењето на Артан Груби поради стравот од сведочењето на Груби и неговите изјави кои може да повлечат и поранешни високи функционери на СДС.Тренчевска со сите сили се потруди да ја колективизира одговорноста за одлуките на тогашната влада на СДС и ДУИ.Потпретседателката на СДС Јована Тренчевска истакна дека одлуката на тогашната влада, каде се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна, и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри кои присуствувале на седницата, односно цела тогашна влада.Дали со ова СДС се подготвени да жртвуваат одредени нивни функционери се со цел да го заштитат Груби? Што знае Груби па цела СДС се плаши за да не посведочи за одредени криминали?Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?СДС знаеше за криминалот во Државна лотарија и молчеше за спас на коалицијата со ДУИ.Граѓаните очекуваат правда, никој не смее да биде над законите. Заврши времето на политичка заштита на поединци, време е за транспарентност и владеење на правото.Одговорност мора да има за секој за кој ќе се утврди вина“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

artan-grubi

СДСМ: Сега странски служби јавиле, имаме чувство дека театарот со Груби стана циркус

Театарот со Груби стана циркус. Имаме чувство Мицкоски. Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со насмевка, каде недостасуваше уште црвен килим за Груби, велат од СДСМ.„Потоа смисленото сценарио и пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан.Па одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ.Обвинителството прво велеше дека АНБ на Христовски и МВР на Тошковски дале безбедносна проценка дека Груби не е безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.Излезе директорот на Затворот и демантираше, рече дека ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направвиле проценка.Вчера Мицкоски изјави дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти. Имал чувство.Сега излегуваат информации дека наводно „странски служби“ јавиле уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.Циркус. Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?Веќе не знаат што да излажат. Само нешто се измисллува за да се покрие сценариото.Исто како во времето на Никола Груевски. Какви странски служби, какви проценки, нема посилна потврда од ова дека сè е договорено“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

mickoski-filipce

Филипче е исплашен од тоа што следи по исказите на Артан, после да не биде да плаче дека е политички реваншизам, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е „исплашен од тоа што следи по исказите на Артан“, алудирајќи на поранешниот функционер Артан Груби.Мицкоски рече дека и тој и македонската јавност ќе го „држат за збор“ Филипче за ставовите изнесени во медиумско гостување, во кое, според него, биле пласирани обвинувања за наводен политички договор меѓу Владата и ДУИ.„Кога ќе дојде до тој момент, имам чувство дека ќе дојде, да не биде потоа дека станува збор за политички реваншизам. Ќе биде соочување со правдата“, изјави премиерот.Тој додаде дека, според него, во СДСМ постои страв од потенцијални правни последици и дека обвинувањата за договори се обид за дефокусирање на јавноста.„Да не биде после дека некој политички му се реваншира. Тоа е суштината кај СДСМ и нивните прокси ботови – исплашени се од тоа што ќе следи“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Гаши за случајот со Груби: Крајно време е да престанеме да се мешаме во судството

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска изјави дека политиката не треба да се меша во судството и дека како прв човек на законодавниот дом нема да го коментира враќањето на Артан Груби во земјата, кој е поранешен вицепремиер од ДУИ осомничен за злоупотреби, и како тоа би се одразило врз опозициските партии, но и во коалицијата „Вреди“.Собранието и јас како негов претседател не е добро да коментирам политички одлуки, но она што сум го изјавил јавно и што е принципиелно и можам да го повторам е тоа дека е крајно време да престанеме да се мешаме во судството. Таа перцепција кај граѓаните дека има некаков договор остава лошо чувство кај сите граѓани, така што мојата порака би била, конечно, секоја институција да си ја врши својата работа, во овој дел судството и Обвинителството. Има процес, нека си ја вршат својата работа совесно и професионално. Тоа ќе биде доволно сите граѓани да бидат задоволени. На крајот на краиштата, битна е правдата - изјави Гаши.Гаши, како што истакна, не мисли дека враќањето на Груби е политичка одлука.Немам никакви информации, не можам да тврдам нешто што не го знам - рече тој.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryp9d0adlu8jahds4IdIa

Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче. Свесни за тоа што се може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на првиот вицепремиер на владата на СДС и ДУИ, па дури и се спремни да се жртвуваат за него. Имено, потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска истакна дека одлуката на тогашната влада, за која меѓудругото се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна, и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри кои присуствувале на седницата, односно цела тогашна влада, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Дали дел од функционерите на СДС се спремни да се жртвуваат за овој криминал, само за Груби да не сведочи и за други криминали? Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДС се огромни? Зошто СДС со години молчеше, а со тоа и го одобруваше криминалот на Груби? Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?СДС беше спремна на се, само за да бидат ден повеќе на власт. Соработуваа, местеа и молчеа за голем број на криминали и тоа ги доведе до околу 130.000 гласови.Истрагата мора да оди до крај. Одговорност за криминалот направен од СДС и ДУИ мора да има“, додава тој.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynuo6gdiq5k6pejDDU6O

Агонијата за одредени лица допрва почнува, не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми, вели Мицкоски за Груби

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека власта постигнала договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без логика и основа.„Ги забораваме проски ботовите и актуелната опозиција СДСМ кои ставаат равенство и велат дека власта се договорила со Артан Груби. Ова е политичка теза во изминатите денови. Ајде да видиме што е суштината, а што е политичкиот инженеринг“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека токму Груби, според него, бил еден од најгласните негови политички противници, потсетувајќи на јавни напади, како и на случајот со дронови над куќата на неговата сестра, кои биле претставени како негов скриен имот.„И по некоја чудна логика излегувам како претседател на Владата и се договарам со овие кои сакаат да го видат мојот политички крај, а дел од нив и човечки. Мислам дека нема никаква логика“, рече премиерот.Според него, тезите на опозицијата се менувале од ден на ден – од тоа дека тој лично „пуштил“ некого, до наводен договор меѓу него и Груби по судската одлука.„Бегалецот е обезбеден од органите на редот. Сè понатаму е одлука на друга власт – судската власт. Тоа нема врска со Владата“, нагласи Мицкоски.Тој додаде дека во јавноста се создава хистерија, слично како, според него, во други случаи кога се ширеле сценарија за економски колапс или мигрантска криза.„Процесот сам по себе ќе даде одговор. Времето работи на нивна штета“, изјави премиерот, додавајќи дека ја разбира револтираноста на граѓаните, но дека извршната власт нема надлежност да се меша во одлуките на судството.Во контекст на промените во обвинителството, Мицкоски изрази очекување дека со новото раководство ќе се гарантира независност и заштита на правдата, оценувајќи дека за одредени лица „агонијата допрва почнува“.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrgr6nltbomoo1gviBUO

Советот му одговори на Филков: Немаме надлежност за надзор во случајот Груби

Советот на ЈО, во соопштение објавено на својата веб страница, посочува дека согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот.Во интерес на транспарентноста на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, а по повод јавната прозивка од министерот за правда на РСМ упатена до Советот да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, за да утврди дали постои одговорност кај јавните обвинители, ја информираме јавноста дека Советот во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители, а согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот – стои во соопштението од Советот на јавни обвинители.Министерот за правда Филков, завчера јавно ги повика сите одговорни за одредувањето мерка куќен притвор за поранешниот вицепремиер Груби нагласувајќи дека одговорноста за ваквата одлука мора да биде лоцирана со име и презиме. Тој ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител. Филков побара појаснување од јавниот обвинител Даниел Коцев, раководителот на Обвинителството, Анел Фидоски и од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски.

Македонија | пред 3 седмици

grubi-41

Вреди: Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-library4dmre2e8cfhsea0U6XW

Филипче: Се појави бегалец кој што е на листа, мирно, смирено, со наочари, со насмевка, недостасуваше уште црвен килим

Со доаѓањето на Артан Груби се случи урнисување на правниот систем на државата, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител.Филипче посочи дека по начинот на кој беше спроведено е очигледно дека договор има.„Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден, тоа утро во државата се случи урнисување на правниот систем, се случи целосно губење на довербата на сите граѓани. Се појави бегалец кој што е на листа, луѓе кои ги бараат во државата, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка, му ставија лисици луѓе кои што претходно беа дојдени, полицајци, не полицајците кои што се, кои работат на граничниот премин, имаше камера која го снимаше сето тоа, единствено нешто што недостасуваше беше црвен килим“, рече Филипче.Тој посочи дека граѓаните веќе чувствуваат страв поради тоа што изгубија верба дека оваа власт може да испорача конкретни резултати за напредокот на државата.„Стравот е кај сите граѓани, дека оваа држава нема да ја биде. И стравот им е оправдан, затоа што видоа што и како се прават тие договори. Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Се случи целосно губење на довербата на сите граѓани, на сите луѓе кои што живеат во оваа држава, дека ова власт може да испорача тоа што треба, нешто што треба – реформи, вистинска правда, и тоа се случи на очите на сите граѓани“, рече Филипче.Во интервјуто Филипче посочи дека никој повеќе не може да ги излаже граѓаните и покрај силната пропагандна машинерија на ВМРО.„40% од медиумите се контролирани од ВМРО-ДПМНЕ, тоа се Орбановите медиуми кои што шират дефетизам, кои што шират анти ЕУ пропаганда, се вклучија да го одбранат, а тоа едноставно не се брани. Такви политички договори во кои што судството и обвинителството испорачуваат тоа што треба во интерес на некакви непринципиелни политички договори, не му носи добро на никој“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0v99kdkog1m53kYAhiE

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик - ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно. Директорот на истражниот затвор јавно соопшти дека нема поплаки, дека е извршен лекарски преглед и дека неговата безбедност е гарантирана. Само неколку часа подоцна, Министерството за внатрешни работи на чело со Панче Тошковски и Агенцијата за национална безбедност со Бојан Христовски, презентираат проценки без воопшто да направат каква било проценка, дека неговата безбедност не може да се гарантира, по што обвинителството го прифаќа тоа како клучен аргумент за замена на притворот со куќен притвор, велат од Левица.„Ова отвора сериозно прашање за кредибилитетот и мотивите зад ваквата „проценка“. Ако не постоела конкретна пријава, ако надлежните во затворот тврдат дека безбедноста е обезбедена, тогаш од каде произлегува драматичната промена на наративот во рок од неколку часа? Очигледно, станува збор за конструирано алиби за поблага мерка. Јавноста има право на јасен и аргументиран одговор, не на контрадикторни изјави, а сега и молк од МВР и АНБ.Но, дури и хипотетички да постои одреден безбедносен ризик, обезбедувањето сигурност во притворските установи е директна надлежност и обврска токму на државните институции. Ако тие проценуваат дека постои ризик, тогаш нивна должност е да го неутрализираат преку засилени мерки на обезбедување, изолација или посебен режим во рамки на затворот, а не магично да ја укинуваат  мерка. Во спротивно, државата испраќа порака дека не е способна да го спроведе сопствениот систем на притвор, или дека не сака да го спроведе кога станува збор за високи функционери.Особено загрижува што станува збор за лице кое 14 месеци беше во бегство и за кое е распишана меѓународна потерница, осомничено за злоупотреби во милионски износи. По секоја правна логика, тоа е отежнителна околност. Наместо тоа, добиваме повластен третман заснован на флоскули од институции под раководство на ДПМНЕ. Прашањето што се наметнува е едноставно: дали истиот стандард би важел за обичен граѓанин? Колку притвореници без политичка тежина добиле куќен притвор затоа што државата не можела да им гарантира безбедност?Левица оценува дека ваквата одлука создава опасен преседан безбедносните служби да станат инструмент за релативизирање на притворот кога станува збор за политички елити. Безбедноста не смее да биде изговор за привилегија. Ако државата не може да обезбеди сигурност во сопствен затвор, тоа е пораз на институциите. Ако може, а сепак одлучува поинаку, тогаш станува збор за селективна правда. Во двата случаи, одговорноста директно посега по ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryps2vog28oh380bZoWfx

Кекеновски: Не постои законска забрана судија да одреди притвор ако обвинителот бара куќен притвор

Проф. д-р Јове Кекеновски реагираше на изјавата на Сузана Јошевска-Анастасовска, член на Судскиот совет на Република Македонија, која тврди дека судија „не смее“ да определи ефективен притвор доколку обвинителот предложил куќен притвор. Кекеновски оценува дека таквата формулација е неточна, го игнорира процесниот контекст и создава погрешна перцепција за основните принципи на кривичната постапка.Во својата јавна Фејсбук-објава, г-ѓа Сузана Јошевска Анастасовска, како член на Судскиот совет, тврди дека судија на претходна постапка „НЕ СМЕЕ“ да изрече притвор ако обвинителот предложил куќен притвор, додавајќи дека „нема потреба од итна седница на Судски совет за да се расправа основно правило во кривичнапостапка“.Доколку ваквиот став се темели на член 144 став (2) од ЗКП, тогаш станува збор за погрешно толкување на начелото на пропорционалност и редукција на основни процесни принципи. Имено, одредбата од законот гласи: „При одлучувањето која од наведените мерки ќе ја примени, надлежниот орган ќе се придржува кон условите определени за примена на одделни мерки, водејќи сметка да не се применува потешка мерка ако истата цел може да се постигне со поблага мерка. Судот спрема обвинетиот истовремено може да определи повеќе мерки од ставот (1) на овој член, освен кога ќе ја определи мерката притвор.“Оваа одредба не воспоставува забрана за определување притвор ако обвинителот предложил куќен притвор, туку обврска за внимателна проценка дали поблагата мерка ја постигнува истата цел. Клучниот елемент е „ако истата цел може да се постигне“, што претставува прашање на конкретна судска оценка врз основа на утврдени околности, а не автоматска врзаност со предлогот на обвинителот.Во конкретниот случај, за Артан Груби претходно беше определен притвор од 30 дена и распишана меѓународна потерница поради недостапност. Тоа значи дека судот веќе утврдил ризик од бегство како законски основ за притвор (декември 2024 година).По завчерашното приведување, таа мерка требало да започне да се извршува, освен ако не се утврдени нови околности што убедливо го елиминираат тој ризик. Доколку обвинителството сметало дека се изменети околностите, можело да предложи (или пак предложило иако за тоа немам инфо) замена на претходно изречената мерка, но судот повторно е должен самостојно да ја оцени исполнетоста на законските основи и тоа да го образложи.Игнорирањето на овој процесен контекст ја прави тезата за „неможност“ (судија на претходна постапка „НЕ СМЕЕ“ да изрече притвор ако обвинителот предложил куќен притвор) правно неодржлива. Апсолутната формулација „НЕ СМЕЕ“ нема експлицитна законска поткрепа.Кога ваква поедноставена и неточна правна интерпретација се изнесува од член на Судскиот совет (орган што ја гарантира независноста и стручноста на судството) тоа не е само прашање на институционална воздржаност, туку и на лична одговорност за јавно изнесен правен став што создава погрешна перцепција за основни правила накривичната постапка“, вели Проф. д-р Јове Кекеновски.

Македонија | пред 3 седмици

234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

Вреди: Стравот во Мала Речица е страв од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот, велат од „Вреди“.Според нив, куќниот притвор не е олеснување. Тоа е, како што велат, знак дека приказната влегува во фаза во која зборовите на ДУИ повеќе не важат, туку фактите.„Институциите почнаа да ја копаат вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа парите. И токму затоа ДУИ денес е во паника.Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен. Тие не се плашат од мерката, туку од тежината на она што Груби го носи со себе. Бидејќи тој беше таму каде што се решаваше сè. Таму каде што се договараа работите „под маса“. Таму каде што се кроеше моќта и се делеа интересите.Затоа стравот во Мала Речица не е случаен. Тоа е страв од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува. Кога ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги. И кога ќе стане јасно дека Груби не е само товар за ДУИ, туку потенцијална искра што може да ја запали целата нивна конструкција“.Ова, додаваат од коалицијата, не е крај. Според нив, ова е почеток на процес што може темелно да ја разниша конструкцијата изградена околу Али Ахмети.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym8hmt9gm6hffeAaGGLy

Адвокатот Димоски до Филков за притворот на Груби: Неспорна е одговорноста само на извршната власт

Министерот за правда, Игор Филков јавно ги повика сите инволвирани во постапката за поранешниот вицепремиер Артан Груби да дадат детално и транспарентно образложение за своите одлуки, потенцирајќи дека одговорноста мора да биде лоцирана со име и презиме.Адвокатот Војо Димоски на социјалните мрежи упати остри критики кон Филков, оценувајќи дека неговите изјави во врска со определувањето на мерката притвор покажуваат „тотално непознавање на работите“.„Министерот за правда демонстрира тотално непознавање на работите со барањето да се испита работењето на судијата кој не определил ефективен притвор. Како да определи притвор кога Обвинителството предложило куќен притвор?Дискутабилна е и одговорноста на обвинителот во светло на постоење на мислење од АНБ и МВР дека притворот не бил безбеден за Груби.Неспорна е одговорноста само на извршната власт во случајов претставена преку МВР и АНБ.За поздравување е што фризурата на Министерот за правда е секогаш уредна, ама уште поважно е да си ги среди мислите“, вели Димоски.

Коментари | пред 3 седмици

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС стравува од сведочењето на Груби

Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, велат од партијата.

Македонија | пред 3 седмици

maksim

Димитриевски за домашниот притвор на Груби: Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани

Невиден преседан е определувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби, вели претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.Тој кажа дека ако сакаме во Европа, ќе мора да споделуваме европски вредности, нагласувајќи дека сериозна држава не смее да си дозволи вакви преседани.„Оваа одлука само ги потврдува нашите ставови и како политички субјект и моите лични ставови во делот на нефункционалноста на судскиот систем. Недозволиво е лице кое подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и да му се изрекува мерка притвор и истото од распит завршува дома. Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани. Но, оставам на институциите на системот да се позанимаваат со ова што тоа значи. Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци истите да ги санкционира, во спротивно не се менува ништо“, изјави Димитриевски.Тој потсети дека е легалист и дека самиот присуствувал на секое рочиште кое се водеше против него во Кумановскиот основен суд. За Димитриевски е недозволиво Груби после 14 месеци бегство да заврши во куќен притвор.„Јас сум легалист, видете кога бев обвинет, редовно се појавував на сите судски рочишта. Го повикав господинот Груби да го следи тој пример. За жал, беше отсутен од државата повеќе од 14 месеци, се врати и заврши во домашен притвор што е недозволиво за еден сериозен систем. Сакаме во Европа, сакаме да напредуваме, ќе мора да ги делиме и европските вредности во делот на поделба на правдата во државата“, изјави Димитриевски.Тој додаде дека е задоволен од работата на министерот за правда Игор Филков, а изјавите на одредени лидери, претставници на коалициски партнери, градоначалници за работата на министерот во однос на правосудниот испит, ги оцени како обид за дневна политика и собирање евтини политички поени.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7hl87ej9l27e4IgfDPj

Петрушевски: Одредената мерка куќен притвор за Артан Груби е одлука на Обвинителството

Пратеникот Бране Петрушевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија се осврна на одредената мерка куќен притвор за Артан Груби, и нагласи дека не станува збор за преземено судство или пак договор, како што инсинуира опозициската партија СДС, туку дека истата мерка е одлука на обвинителството.„Јас го разбирам и револтот на јавноста и ова коешто се говори по однос на изнесената мерка куќен притвор за Артан Груби. Меѓутоа таа мерка не ја носи Владата, ја носи Јавното обвинителство, по предлог на Јавното обвинителство ја носи судската власт. Со член 98 од Уставот, судската власт е независна“, дециден е Петрушевски.Тој додаде дека обвинителтвото е со два посто доверба за кое СДС се бореше да не биде сменето, притоа посочи дека за претходното седумгодишно владеење на СДС граѓаните им станало нормално да гледаат како министри нарачуваат обвиненија, за разлика од денес кога Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Артан Груби, Перпарим Бајрами, а во истата кривична пријава е и поранешниот премиер и претседател на СДС, Ковачевски, потенцирајќи дека можеби оттука им е и стравот и паниката на СДС.„Јас разбирам дека граѓаните веќе им станало нормално после претходното седумгодишно владеење на СДС да се шетаат министри во канцелариите на јавните обвинители, да нарачуваат обвиненија. Така што ова е истото тоа судство и обвинителство коешто има 2 проценти рејтинг против коешто јас секојдневно држам прес-конференции, коешто е под контрола на СДС и ДУИ и нивните луѓе коишто ги носеа. Кога ние излеговме и баравме комплетна смена на судскиот и обвинителскиот совет да ги разрешиме затоа што го доведоа судството до два проценти за да можеме да го ставиме на здрави нозе, токму СДС беше политичката партија којашто беше против тоа“, заклучува Петрушевски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Сузана Јошевска-Анастасовска, член на Судски совет на Република Македонија, изјави дека судија не смее да изрече мерка ефективен притвор доколку од страна на јавниот обвинител има поднесен предлог за куќен притвор.„Судија НЕ СМЕЕ да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судскиот совет за да се расправа основно правило во кривичната постапка“, посочи Јошевска-Анастасовска.Нејзината реакција доаѓа откако министерот за правда, Игор Филков, јавно ги повика Судскиот совет и Совет на јавни обвинители да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител во врска со одлуката за куќен притвор за Артан Груби.Полемиката се отвори по одлуката наместо ефективен притвор, на Груби да му биде определен куќен притвор, што предизвика серија политички реакции и повици за институционална одговорност.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd7m8obnhihku5dhVrDD

Тензии околу куќниот притвор: ДУИ бара разрешување на Филков и најавува поплаки до САД, ЕУ и ОБСЕ

Демократска унија за интеграција бара министерот за правда Игор Филков да се воздржи од, како што велат, натамошни јавни интервенции во врска со мерката куќен притвор за Артан Груби, а доколку таквата пракса продолжи – да биде разрешен.Од ДУИ обвинуваат дека Филков извршил притисок врз судиите и обвинителите со денешната изјава во која посочи дека мора да има одговорност „со име и презиме“ за одлуката Груби да биде упатен во куќен наместо во ефективен притвор.Според партијата, извршната власт нема уставно право да сугерира како ќе постапуваат судските органи, оценувајќи ја изјавата на министерот како директно мешање во тековен процес и загрозување на интегритетот на постапката.„Улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи кога политичката поларизација врши голем притисок врз поединци во рамките на правосудниот систем. Наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, министерот дополнително го поттикнува, создавајќи клима на однапред одредена одлука и јавно упатувајќи пораки што претставуваат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.Партијата на Али Ахмети апелира Филков да се воздржи од натамошни јавни коментари, а во спротивно, смета дека треба веднаш да биде разрешен „со цел заштита на независноста на судството во овој чувствителен момент“.Од ДУИ најавуваат дека ќе продолжат внимателно да го следат случајот и дека за случувањата ќе ги информираат стратешките партнери – Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Македонија.Претходно денеска, министерот за правда ги повика Судски совет на Република Северна Македонија и Совет на јавни обвинители да свикаат итни седници и да утврдат дали има елементи за одговорност кај јавниот обвинител кој побарал, како и кај судијата кој одобрил куќен наместо ефективен притвор за Груби, кој вчера се појави на македонско-косовската граница по повеќе од една година отсуство од државата.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања