Промени тема
Контакт

БРОД

media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn

Нападнат трговски брод во Ормускиот Теснец, 13 членови на екипажот се спасени, еден исчезнат

Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице се води како исчезнато по нападот врз трговскиот брод „MT El Gaia“ во близина на брегот на Оман, во Ормускиот Теснец.Во моментот на нападот на бродот имало 14 индиски членови на екипажот. Индиското министерство го осуди нападот и соопшти дека индиската амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и соработува со тамошните власти во тековната операција за потрага и спасување.Њу Делхи п

Свет | пред 15 часа

media-library8oevanl13omg48SzcoG

„Фајненшл тајмс“: Американски специјалци четири месеци тајно ги чистат мините во Ормускиот Теснец

Американските специјални сили веќе четири месеци спроведуваат тајна операција за откривање и отстранување поморски мини во Ормускиот Теснец, со цел повторно да се воспостави безбеден премин за трговските бродови низ една од најзначајните поморски рути во светот.Според пишувањето на „Фајненшл тајмс“, операцијата се одвива во услови на тековниот вооружен судир меѓу САД и Иран во и околу Ормускиот Теснец. Во неа учествуваат припадници на американските морнарички „фоки“, со поддршка на беспилотни ле

Свет | пред 4 дена

media-library7qu0scbjkj412Z3fMLZ

(Видео) Нова ескалација меѓу САД и Иран: Американците погодиле три ирански танкери

Американската војска соопшти дека погодила три нафтени танкери поврзани со Иран, откако биле истрелани балистички ракети кон два американски воени брода во регионот.Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека еден од танкерите, кој се наоѓал во близина на островот Харг, бил „трајно онеспособен“, како и вториот танкер во близина на Ормускиот Теснец. Третиот танкер, кој се наоѓал во Оманскиот Залив, бил „целосно уништен“.Од CENTCOM наведуваат и дека американските сили успешно избегнале

Свет | пред 1 седмица

brod1

Се судрија два турски брода кај Истанбул, трагаат по 10 члена на екипажот

Два трговски брода под турско знаме се судрија во Мраморното Море, во близина на Истанбул, по што властите го изгубиле контактот со едниот брод и неговиот екипаж од 10 члена.Судирот се случил во близина на областа Силиври. Бродот „Алсу“, кој пловел кон егејското пристаниште Алиага, се судрил со „Тугберк Имамоглу“, кој бил на пат кон црноморското пристаниште Карадениз Ерегли.По несреќата биле испратени бродови на крајбрежната стража и хеликоптери за пребарување и спасување. Според првичните инфор

Свет | пред 1 седмица

media-library2cflmedv1h340rJGPVQ

Седум лица загинаа, 23 се исчезнати по превртувањето на брод кај Кипар

Најмалку седум лица загинаа, а 23 се водат како исчезнати откако траект со вкупно 267 лица се преврте во близина на северниот брег на Кипар. Според турско-кипарските власти, во спасувачката операција досега се спасени 237 лица.Траектот тргнал од пристаништето во Киренија кон турското пристаниште Ташуџу, во провинцијата Мерсин. Пловилото се превртело на околу четири наутички милји од Киренија, откако почнало да навлегува вода.Во тек е голема спасувачка операција во која се вклучени чамци и хелико

Свет | пред 2 седмици

media-librarysaecaqc3pilr1Dz1i88

(Видео) Нафта истекува од руски танкер во Ормускиот Теснец: постои опасност да се распадне

Иранските власти преземаат мерки за ставање под контрола на нафтена дамка во Ормускиот Теснец, во близина на островот Кешм, додека друга нафтена дамка се шири долж брегот на Оман.Според иранските медиуми, преземени се првични мерки за ограничување на загадувањето во близина на островот Кешм. Иако претходно надлежните соопштија дека дамката е ставена под контрола, иранската агенција ИРНА објави дека се погодени 3,2 хектари крајбрежје и девет хектари од прибрежното море.Меѓу погодените подрачја им

Свет | пред 4 седмици

media-librarypg21uokj2kn5erstCCX

(Видео) Траект се судри со товарен брод во Грција

Траект и товарен брод се судрија утрово во заливот Суда на грчкиот остров Крит, а инцидентот беше снимен на видео.Според првичните информации, траектот „Елирос“, кој испловувал од пристаништето и е во сопственост на компанијата ANEK Lines, се судрил со товарниот брод „Иосиф К“, кој во тој момент влегувал во заливот.Судирот се случил нешто по 10 часот по локално време. Во инцидентот нема повредени лица, ниту е забележано загадување на морето.По несреќата, двата брода се вратени во пристаништето и

Настани | пред 1 месец

media-libraryaqg8qv84qnstcWJlB0R

Трагедија во Виетнам: Потона туристички брод со индиски туристи, 15 загинати

Туристички брод со индиски туристи се превртел во близина на островот Хон Мај Рут Нгоаи во јужниот дел на Виетнам, при што загинале најмалку 15 лица, пренесува Би-би-си, повикувајќи се на локалните медиуми.Според локалните власти, на бродот имало 32 индиски државјани и четворица членови на екипажот. Несреќата се случила на околу 400 метри од островот, откако пловилото било зафатено од силни ветрови и високи бранови.Во спасувачката акција веднаш се вклучиле неколку туристички бродови што се наоѓа

Свет | пред 2 месеци

media-libraryon8mdad6h2uj4PZKSHB

(Видео) Русија го подигна моќниот арктички џин: „Иван Папањин“ излезе во Баренцовото Море

Рускиот борбен патролен ледоломец „Иван Папањин“, кој е дел од Северната флота, исплови во Баренцовото Море со цел изведување воена вежба, соопшти денеска корпорацијата „Обединета бродоградба“ (ОСК).Во соопштението се наведува дека екипажот на бродот вежбал соработка со бродски хеликоптери „Ка-27“ во сложени метеоролошки услови, пренесува агенцијата „Интерфакс“.Според податоците на ОСК, патролниот брод од класата „Иван Папањин“ е водечки примерок од проектот 23550 на конструкторското биро „ОСК А

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuacelb8f5lonbsxg20I

Брод погоден со проектил во близина на брегот на Оман

Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека брод бил нападнат на околу 7,5 наутички милји од брегот на Оман.Според информациите, пловилото било погодено од неидентификуван проектил во десниот дел, при што бил оштетен командниот мост.Во нападот нема повредени членови на екипажот, а не е регистрирано ниту загадување на морето.Инцидентот се случил само неколку часа откако Иран предупреди дека бродовите што пловат низ регионот без негова согласност би можеле да се соочат

Свет | пред 2 месеци

media-librarysppls27t93q7erLwKvf

(Видео) Туристички брод со 148 патници потона кај Мармарис, луѓе скокале во морето

Вистинска драма се одвивала во близина на Мармарис во југозападна Турција, откако туристички брод со 148 патници потонал за помалку од еден час за време на еднодневно крстарење.Инцидентот се случил на бродот „Биг Бос Дајмонд“, популарна тематска „пиратска“ едрилица која превезувала туристи во близина на островот Парадајс и заливот Аквариум.Според првичните информации, бродот почнал опасно да се навалува, по што меѓу патниците настанала паника. Голем број луѓе, меѓу кои и дваесетина деца, скокале

Свет | пред 3 месеци

SeKXr-

Британија испраќа брод на Блискиот Исток

Велика Британија објави дека го испраќа својот воен брод „ХМС Драгон“ на Блискиот Исток како дел од подготовките за можна меѓународна операција за заштита на бродовите во Ормускиот теснец, кога условите ќе го дозволат тоа.„ХМС Драгон“, разурнувач за противвоздушна одбрана, бил распореден во источниот Медитеран уште во март, кратко по почетокот на војната со Иран, со задача да помогне во одбраната на Кипар.Преместувањето на бродот следува по одлуката на Франција да ја распореди својата ударна гру

Свет | пред 4 месеци

media-library7qai6ip5nfjudmdtzzM

Американски Ф-18 отвори оган врз ирански танкер

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека нејзините сили во Оманскиот Залив отвориле оган врз танкер под иранско знаме и го онеспособиле.Според објавата на американската војска, танкерот „M/T Hasna“ се обидувал да влезе во иранско пристаниште, со што ја прекршувал американската блокада. По повеќекратни предупредувања кои, како што се наведува, не биле испочитувани, американските сили отвориле оган.Во акцијата бил употребен морнарички авион F/A-18 „Супер Хорнет“, кој полетал од носач

Свет | пред 4 месеци

media-library7qai6ip5nfjudmdtzzM

Обвиненија за капетанот и офицерот по потонувањето на товарниот брод од Албанија

Грчките надлежни служби поднесоа обвиненија за небрежност против капетанот и дежурниот офицер на товарниот брод Corsage C, кој потона во Егејското Море кај северниот дел на островот Андрос.Според досегашните информации, бродот пловел под знаме на Вануату и бил управуван од турска компанија. На патување од Хрватска кон Украина, носел околу 3.000 тони сода, кога удрил во карпи и потонал. На бродот имало девет членови на екипажот – осум турски државјани и еден државјанин на Азербејџан – и сите се и

Свет | пред 4 месеци

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Товарен брод од Албанија се насукал и потонал кај Андрос – целиот екипаж спасен

Товарен брод под знаме на Вануату потонал откако се насукал северно од грчкиот остров Андрос, соопштија грчките власти. Инцидентот се случил кога пловилото удрило во карпест предел, по што добило сериозни оштетувања и за кратко време завршило под вода.Според информациите од надлежните служби, бродот пловел од Албанија кон Украина и превезувал околу 8.000 тони сода. Во моментот на несреќата на пловилото имало девет члена екипаж – осум државјани на Турција и еден државјанин на Азербејџан.Спасувачк

Свет | пред 4 месеци

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Шведска заплени брод поврзан со руската „флота од сенка“ поради сомнежи за кражба на жито

Шведска заплени товарен брод за кој постојат сомнежи дека припаѓа на руската „флота од сенка“ и кој беше задржан во почетокот на март поради сомнежи дека превезувал украдено жито, соопшти државното обвинителство.Одлуката за заплената е донесена по барање за правна помош од странска држава, чиј идентитет не е откриен, пренесува „Еуроњуз“.Станува збор за бродот „Кафa“, долг 96 метри, кој на 6 март бил пресретнат од шведската полиција, при што се качиле вооружени полициски службеници додека пловел

Свет | пред 4 месеци

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Американски маринци упаднаа на трговски брод

Американските сили го запреле во Арапското Море трговскиот брод „Блу Стар 3“ поради сомнеж дека се обидел да доплови до Иран, соопшти денеска Централната команда на Оружените сили на Соединетите Американски Држави (CENTCOM).Како што се наведува во објава на социјалната мрежа Икс, американски маринци се качиле на трговски брод за кој постоел сомнеж дека се обидува да влезе во водите на Иран, со што, нагласува CENTCOM, би ја прекршил американската блокада на иранските пристаништа.Како што е посоче

Свет | пред 4 месеци

britanski-brod-crno-more

Иран запре брод со црногорски морнари: „Во тек се преговори“

Иранската национална гарда денеска во Ормускиот теснец запрела трговски брод „MSC Francesca“ на кој пловат четворица црногорски морнари. Ова го потврди црногорскиот министер за поморство Филип Радуловиќ, јавува Anadolu.Во објава на социјалната мрежа X, министерот навел дека од бродот е потврдено оти црногорските морнари, како и останатите членови на екипажот, се во добро здравје и безбедни.Радуловиќ изјавил и дека во тек се преговори меѓу бродската компанија и иранската страна, како и дека надле

Свет | пред 4 месеци

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Владата на Хрватска го одобри пристигнувањето на американски воен брод во Јадранско Море

Владата на Хрватска денеска на затворена седница донела одлука за дозвола за премин на американски нуклеарен воен брод во внатрешните морски води и негов престој во хрватско пристаниште. Детали за точното пловило, датумот на пристигнување и траењето на престојот сè уште не се објавени.Пристигнувањето на бродот бара посебни безбедносни протоколи, вклучувајќи контрола на нуклеарниот погон, надзор за време на престојот и обезбедување на пристаништето и околниот акваториум во соработка со домашните

Свет | пред 5 месеци

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Проектил погоди брод во Ормутскиот теснец

Товарен контејнерски брод беше погоден од проектил во Ормутскиот теснец, северно од Оман, објави британската агенција UK Maritime Trade Operations (UKMTO), која ја следи безбедноста на комерцијалната пловидба. Според информациите на Sky News, станува збор за британски брод.Проектилот го погоди бродот и предизвика пожар во машинската сала. UKMTO соопшти дека екипажот го напуштил бродот, сите членови на екипажот се спасени и нема повредени. Засега нема информации за еколошки последици, а властите

Свет | пред 6 месеци

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Ројтерс: Американска подморница го потопила иранскиот воен брод кај Шри Ланка

Американската војска извршила напад при кој бил потопен ирански воен брод кај крајбрежјето на Шри Ланка, изјавиле тројца американски официјални претставници за агенцијата Ројтерс.Еден од нив, кој зборувал под услов на анонимност, навел дека нападот го извршила американска воена подморница.Според информациите од властите на Шри Ланка, најмалку 140 лица се водат како исчезнати, додека 32 лица се спасени по потонувањето на бродот.

Свет | пред 6 месеци

media-library5cebgbhuv8sm8OY6uWB

Пронајдени тела по потонувањето на ирански брод кај Шри Ланка

Властите на Шри Ланка објавија нови информации за иранскиот брод Iris Dena кој потона покрај брегот на таа земја.Морнарицата пронашла неколку тела за кои се верува дека припаѓаат на членови на екипажот, изјави портпаролот.Тој додаде дека инцидентот се случил надвор од територијалните води на Шри Ланка, но дека земјата е посветена на обезбедување помош.Откако претходно извори од Шри Ланка тврдеа дека бродот бил потопен при напад со подморница, портпаролот изјави дека ги отфрла таквите тврдења, до

Свет | пред 6 месеци

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Ирански воен брод тоне кај Шри Ланка, во тек спасувачка операција

Морнарицата и воздухопловните сили на Шри Ланка се ангажирани во спасувачка операција откако ирански воен брод почнал да тоне во близина на островот, соопштија властите.Министерот за надворешни работи Виџита Херат изјави во парламентот дека во раните утрински часови бил примен сигнал за помош од бродот ИРИС Дена. Според информациите, на бродот имало околу 180 лица.Херат додаде дека 30 повредени морнари биле пренесени во болница во пристанишниот град Гале.Причината за тонењето засега не е позната

Свет | пред 6 месеци

media-librarygl3rp9r7727j0glH7xV

Бродот на Тито „Галеб“ настрада во Риека од турски товарен брод

Бродот „Галеб“, кој постојано е врзан покрај бранобранот во Риека, синоќа беше оштетен во поморска незгода во риечкото пристаниште, откако товарниот брод „Дениз Акај“, при напуштање на врзот на Де Франческиевиот кеј, останал без погон и удрил во него. Во инцидентот нема повредени лица, ниту е забележано загадување на морето.Според информациите од Лучка управа Риека, веднаш по настанот биле известени сите надлежни служби. Повеќе детали за висината и обемот на штетата ќе бидат познати по завршувањ

Свет | пред 6 месеци

brod1

Патнички брод со 137 лица удри во мост во Баварија

Патнички брод со 137 лица удрил во мост на каналот Мајна–Дунав, во германската покраина Баварија, соопшти полицијата. Несреќата се случила доцна синоќа, додека пловилото се приближувало кон градот Дитфурт, околу 70 километри југоисточно од Нирнберг.Според полицијата, кабината на кормиларот била превисока и при пловењето удрила во мостот, предизвикувајќи значителна материјална штета. И покрај силниот удар, меѓу 137-те патници и членовите на екипажот нема повредени.Проценките се дека штетата би мо

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања