(Видео) Во БиХ развиен нов дрон: Објавена снимка од летот
Во Босна и Херцеговина е развиен нов беспилотен летачки апарат, CNT-17FW01, а објавена е и снимка од неговиот лет.Според податоците на сараевскиот Центар за напредни технологии, леталото има распон на крилата од 5,4 метри, мотор со моќност од 16 киловати и експериментална носивост до 30 килограми.Од Центарот наведуваат дека моменталната автономија на леталото изнесува до 12 часа.CNT-17FW01 беше претставен на првиот босанскохерцеговски саем за оружје и воена опрема „The First Balkan Shield 2026“.
Свет | пред 2 седмици