Промени тема
Контакт

ИВА МИХАИЛОВА

media-libraryb0lqkoljg48t5faxUmq

Бугарија потврди дека добила барање за меѓународна потрага по Ива Михаилова, но потсетува дека може да одбие екстрадиција на свој граѓанин

Бугарските власти засега не презеле активности за утврдување на локацијата на Ива Михаилова, по која Македонија побарала меѓународна потрага со цел апсење и екстрадиција. Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Михаилова е државјанка и на Бугарија и на Македонија, посочувајќи дека меѓународните и домашните правни одредби предвидуваат можност за одбивање екстрадиција на сопствени државјани, пренесува бугарски медиум.Според информациите што ги објавија бугарските медиуми, на 13 ок

Македонија | пред 2 седмици

media-library9rhel10svh4u4VW869B

Клековски мисли дека Ива Михаилова можеби избегала во Бугарија за да не се открие вистината за нејзината здравствена состојба

Министерот за здравство Сашо Клековски смета дека заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија е поврзано со најавеното доаѓање на бугарски медицински конзилиум во Македонија, кој требало заедно со македонските лекари да ги провери нејзините наводи за здравствената состојба.„Мислам дека бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. Јас патувам во Софиј

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryiel280f3fs25edQe0NY

Бугарија може да одбие да ја предаде Ива Михаилова на Македонија – бугарски адвокат објаснува зошто

Ива Михаилова, која е обвинета за сообраќајна несреќа со еден загинат и тројца повредени, може да не биде екстрадирана од Бугарија во Македонија поради нејзиното бугарско државјанство. Иако по неа е распишана меѓународна потерница и ѝ е определен 30-дневен притвор, тоа не значи дека бугарските власти се должни автоматски да ја уапсат и да ја предадат на македонските институции.Ова го објаснува бугарскиот адвокат Божидар Терзиски, кој во анализа објавена на социјалните мрежи ги разгледува правнит

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymnuvtv35tgdn1NxmtNy

„Можеби не ја поддржувам донесената одлука, но во таква ситуација на очај, целосно ја разбирам“: бугарскиот амбасадор Радуков за случајот со Ива Михаилова

Случајот со Ива Михаилова, која замина во Бугарија и покрај изречените мерки за обезбедување присуство во судската постапка, предизвика реакции и на дипломатско ниво. Бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјазко Радуков, по разговорот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија порача дека станува збор за прашање што требало да се разгледува од хуманитарен аспект, наместо да прерасне во политички спор меѓу двете земји.Радуков бил повикан во македонското Министерство за надворешн

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybuoeusngf2o03ZPuNm1

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за медицинскиот извештај за Ива Михаилова

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение бара истрага за медицинскиот извештај изготвен за Ива Михаилова, со кој, според партијата, се наведува дека потребниот метод за лекување не е достапен во Македонија, туку во соседна Бугарија. Од партијата упатија обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и поранешниот премиер Зоран Заев, поставувајќи прашања за нивната можна вмешаност во случајот.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче претходно јавно ги застапувал позициите на бугарскиот претседател Румен Радев, а нег

Македонија | пред 2 седмици

pance-tosh

Тошковски за бегството на Михаилова: Ќе се проверуваат снимките и ќе се испитуваат полициските службеници на границата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тврди дека Ива Михаилова која е поврзана со сообраќајниот настан во кој загинал човек нелегално ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија. Според него, последниот потврден легален влез и излез на лицето меѓу двете држави бил евидентиран во текот на 2025 година.Говорејќи во вестите на телевизија „Сител“, Тошковски посочи дека во текот на 2026 година лицето не е евидентирано ниту при излез од Македонија, ниту при влез во Бугарија.„Факт е дека лицет

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqb6iajlqto4jaNr3WDk

Распишана меѓународна потерница по Ива Михаилова, по барање на Основниот суд во Кочани

Министерството за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова (23) од Кочани, по барање на Основниот суд во Кочани.Според информациите објавени од МВР, Михаилова се бара поради кривично дело опфатено со член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик.Од Министерството засега не се наведени дополнителни детали за околностите на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3nla18cgdp4c6al1KU1

МНР го повика бугарскиот амбасадор во Македонија: Пречекот на Ива Михаилова во Софија е провокација

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го повика бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјазко Радуков, поради случувањата поврзани со Ива Михаилова и нејзиниот пречек во Софија.На средбата, на амбасадорот му било укажано дека начинот на кој Михаилова била пречекана, вклучително и најавите за прием на високо ниво, претставува провокација што ги поткопува напорите за градење доверба и е спротивна на заложбите за развој на добрососедските односи.Од МНР нагласиле дека ваквото пост

Македонија | пред 2 седмици

media-library8e4jhp9n3qmfeg2X810

За што навистина ја гонат Ива Михајлова: вештак утврдил дека со „полото“ влегла во спротивна лента и се судрила со возилото во кое загина работник

Еден загинат, тројца повредени, директен судир на експресен пат и обвинение за тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот. Ова е суштината на судскиот предмет против Ива Михајлова од Кочани, која деновиве се појави во Бугарија и покрај судските забрани за напуштање на Кочани и преминување на државната граница. „Скопје1“ дојде до детали што откриваат за што конкретно се гони Михајлова и што досега било изнесено како доказ пред судот.Наспроти претставувањето на случајот во дел од јавнос

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv43q4madrjjh5GPUDEe

Обвинителството побара притвор за Ива Михаилова: „Веднаш реагиравме, судот можеше и по службена должност“

Основното јавно обвинителство Кочани веднаш доставило предлог за определување притвор за Ива Михаилова, откако утринава било известено од Основниот суд Кочани дека обвинетата не е пронајдена на домашната адреса и не ја исполнила обврската за јавување во полиција.Од Обвинителството за „Скопје1“ потврдуваат дека известувањето го добиле утринава и дека без одлагање реагирале со предлог до судот за определување построга мерка за обезбедување на присуството на обвинетата.„Обвинителството е известено

Македонија | пред 2 седмици

media-library8qtg407dqtdn0efi4qW

Бугарскиот европратеник Ковачев смета дека Македонија нема основа да се жали на Бугарија за случајот со Ива Михаилова

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев смета дека македонските власти немаат основа да поднесуваат жалби пред европските институции за случајот со Ива Михаилова, која и покрај судската забрана и одземените два пасоша ја напуштила Македонија и заминала во Бугарија. Според него, бугарските институции не постапиле спорно, а случајот треба да се разгледува од хуманитарен аспект.Ковачев, член на бугарската партија ГЕРБ, го изнесе овој став во гостување на Бугарската национална телевизија (БНТ). Тој п

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvg8tcljirem6dKV3Y2D

(Видео) Штерјова: Оставка од Тошковски и одговорност за сите вмешани што ја пуштија Михаилова

На денешната прес-конференција, Кети Штерјова бара итна оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и целосно расчистување на случајот со Ива Михаилова, која ја напуштила државата и покрај тоа што судот ѝ ги одзел македонскиот и бугарскиот пасош.Штерјова побара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека биле вмешани во случајот, од лицата што наводно договарале и давале инструкции до оние што постапувале или пропуштиле да постапат.Од СДСМ тврдат дека јавноста мора да дознае кој г

Македонија | пред 2 седмици

media-library6bpf7aabp8tt8uml8Qz

Платформата „Разговори за иднината 12:05“ бара оставки од Тошковски, Муцунски и Шасивари по бегството на Ива Михаилова

Случајот со Ива Михаилова, која замина во Бугарија и покрај тоа што ѝ биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош, предизвика нови политички реакции. Платформата „Разговори за иднината 12:05“ бара оставки од министрите Панче Тошковски, Тимчо Муцунски и Јетон Шасивари, како и реакција од Европската комисија.Од платформата оценуваат дека случајот е уште еден показател за сериозни слабости во функционирањето на државните институции. Во соопштението, насловено „На политичкото водство на државните

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqb2r1c5jedto4nVTh1Z

Дури утринава полицијата го известила судот дека Ива Михаилова ниту е дома, ниту е во Кочани - се чека предлог од обвинител, за да има и потерница

Дури утринава, речиси 24 часа откако Ива Михаилова се појави во бугарските медиуми и соопшти дека се наоѓа во Бугарија, Основниот суд Кочани добил официјално известување од полицијата дека обвинетата не е пронајдена на домашната адреса и дека не се јавила во ОВР Кочани, како што била обврзана со определените судски мерки. Постапката за евентуално определување построга мерка сега зависи и од предлог на Обвинителството, по кој треба да одлучува судот.Претседателот на Основниот суд Кочани и судечки

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynl7ff61no42r6X9JoHr

(Видео) Адвокатот на Ива Михајлова обвинет дека вработил боксер за да следи татко на загинато девојче

Бугарскиот адвокат Николај Димитров, кој ја застапува Ива Михајлова и тврди дека ја пренел од Македонија во Бугарија, пред неколку месеци се најде во центарот на жестока телевизиска расправија со Николај Попов, таткото на 12-годишната Сијана, која загина во сообраќајна несреќа.Во јули годинава, во емисијата „Офанзива“ на бугарската телевизија „Нова“, Попов изнесе сериозни обвинувања, тврдејќи дека лица поврзани со таканаречената „патна мафија“ го следеле и му се заканувале. Во тој контекст ја сп

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypahl16ohled97wEqJfP

Кочанскиот суд чека на МВР да ги извести дека Ива Михајлова си отишла во Бугарија и покрај забраните

Основниот суд Кочани сè уште не добил официјално известување од Министерството за внатрешни работи дека Ива Михајлова, и покрај судските забрани, го напуштила Кочани и заминала во Бугарија. За случајот во судот дознале од медиумите и јавно достапните информации, а претседателот на судот и судечки судија во предметот, Спиро Борисов, во телефонски разговор за „Скопје1“ најави дека ќе побараат информации од МВР, по што ќе одлучуваат за натамошното постапување.„Секогаш постапуваме согласно законите.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygn8c9mi62evg5uxDShk

„Каде беше државата за нас?“ – Јане Ченто реагираше за случајот со Ива Михаилова

Јане Ченто реагираше на случајот со Ива Михаилова, која ја напуштила Македонија и заминала во Бугарија, и направи споредба со сопственото искуство, наведувајќи дека тој и неговите блиски поминале низ осум години неправда, притвори, затвори и понижувања.Во објавата Ченто посочува дека во случајот со Михаилова се зборува за нејзините права, заштита, безбедност и достоинство, а прашува зошто, според него, таква грижа немало за нив.„Каде беше тогаш државата да се грижи за нашите права? Каде беа инст

Коментари | пред 2 седмици

media-library301lgedt9hei1yJvn1w

Уште нема потерница по Ива Михајлова, МВР чека на судот - претседателот го нема со одговор цел ден

За Ива Михајлова, која замина во Бугарија и покрај судските забрани за напуштање на Кочани и преминување на државната граница, до Министерството за внатрешни работи сè уште не е доставена наредба за распишување потерница од Основниот суд Кочани. Ова е официјалниот одговор што „Скопје1“ го доби од МВР, речиси 12 часа по информациите за нејзиното заминување во Бугарија.„За лицето Михајлова Ива до МВР на РСМ досега нема пристигнато наредба за распишување на потерница од Основен суд Кочани“, одговор

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Бугарскиот министер за внатрешни работи најави обезбедување за Ива Михаилова доколку ѝ биде потребно

Бугарските власти ќе ги испитаат околностите под кои Ива Михаилова пристигнала во Бугарија, а доколку се утврди дека ѝ е потребно обезбедување, ќе ѝ биде доделена заштита. Ова го изјавил бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, пренесува „Новини.бг“.Михаилова се наоѓа во болницата „Пирогов“ во Софија, откако ја напушти Македонија, каде што против неа се води судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.„Известен сум дека таа и нејзиниот адвокат се наоѓаат во ‘Пирогов

Македонија | пред 2 седмици

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

СДСМ преку соопштение бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и утврдување одговорност за случајот со Ива Михаилова, откако се појавија информации дека таа е во Бугарија, иако претходно ѝ биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош.Од СДСМ прашуваат како Михаилова ја напуштила државата, имајќи предвид дека, според досега објавените информации, македонската полиција нема евидентиран нејзин излез, а бугарската гранична полиција нема евидентиран влез. Партијата посочува дек

Македонија | пред 2 седмици

media-library3nla18cgdp4c6al1KU1

МНР ќе ги информира ЕУ и Советот на Европа за приемот на Ива Михаилова во Бугарија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија реагира на приемот на Ива Михаилова на високо ниво во Софија, оценувајќи дека постапувањето на бугарските државни институции ги поткопува напорите за градење доверба и е спротивно на заложбите за добрососедски односи.Од Министерството посочуваат дека приемот на лице против кое се води судска постапка испраќа погрешна порака. Според нив, националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да претставуваат заштита од одговорн

Македонија | пред 2 седмици

media-library9bsbcna80n5p5uBnYOy

Ива Михаилова без двата пасоша и со забрана за напуштање на Кочани стигнала до Бугарија

На Ива Михаилова уште од 9 октомври 2025 година ѝ биле одземени и македонскиот и бугарскиот пасош, а судот ѝ забранил да ја преминува државната граница со лична карта и да го напушта Кочани. Ова го соопшти Обвинителството, откако Михаилова се појави во Бугарија, додека македонската и бугарската гранична полиција немаат евиденција за нејзино неодамнешно легално преминување на границата.Според Обвинителството, мерките биле определени по предлог на надлежниот јавен обвинител, а покрај одземањето на

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv6uaksi7g2qj6VHZBBR

Ива Михаилова има активна судска забрана, ниту Македонија ниту Бугарија имаат евиденција дека ја преминала границата

Ива Михаилова, за која е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од Македонија, ниту легален влез во Бугарија. Ова го соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Гоце Андреевски, откако Михаилова се појави во Бугарија и даде изјави за тамошните медиуми, а нејзиниот адвокат тврдеше дека ја преминале границата преку официјален граничен премин.„Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Мих

Македонија | пред 3 седмици

media-library5f4estap8ocl7yta69n

МВР нема евиденција дека Ива Михаилова ја напуштила Македонија, иако нејзиниот адвокат тврди дека поминале преку граница

Министерството за внатрешни работи, во одговор на прашања од „Скопје1“, соопшти дека во системот за гранична контрола нема евидентиран излез од Македонија за Ива Михаилова, која, според нејзините изјави за бугарската телевизија НОВА, веќе се наоѓа во Бугарија. Одговорот на МВР отвора прашања за начинот на кој Михаилова ја напуштила државата, особено откако нејзиниот адвокат тврдеше дека заедно поминале преку официјален граничен премин и дека македонските службеници знаеле за кого станува збор.„В

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryb0lqkoljg48t5faxUmq

(Видео) Ива Михаилова не знае дали ќе се врати во Македонија, адвокатот објасни како поминале граница

Ива Михаилова, која е обвинета во судска постапка во Македонија, заминала во Бугарија преку официјален граничен премин, тврду нејзиниот адвокат, кој додава дека македонските гранични службеници знаеле за кого станува збор и не го спречиле нејзиното заминување.Таа засега не открива кога ќе се врати во Македонија, а нејзиниот адвокат вели дека ќе остане во Бугарија колку што ќе биде потребно за лекување и додека не се чувствува безбедно.Во изјава за бугарската телевизија НОВА, адвокатот објасни к

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања