Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

КИЧЕВО

media-librarymebm9cekr5j3areMsP6

Коце Трајановски го потпиша анексот со кој автопатот Кичево - Охрид поскапува за 186 милиони евра

По претходно потпишување на Анексот бр. 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседател на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски, и од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, потпис на Анексот 8 ставија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во Македонија г-дин Чен Чен.Со Анексот бр. 8 од Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, и краен рок за завршување 31 мај 2027 година. Ова е потребно заради непредвидени и дополнителни нови градежни работи кои се нужни и неопходни за целосно и квалитено завршување на проектот и на активности поврзани со:1. Санација на 14 свлечишта и обезбедување на глобална стабилност2. Еластична Одбојна Ограда со примена на EN 1317 Стандард,3. Изградба на контролен центар,4. Дополнителните работи за изградба на паралелни патишта.Со ова се надминати проектните предизвици со косините и свлечиштата и може да се продолжи поинтензивно со градежните активности.Инаку, во изминатиот период, посебно во минатата година, со силна поддршка на Владата се забрза напредокот на проектот па така на 13 јули, 7 септември и 31 декември 2025 година предвремено се овозможи пуштање во сообраќај на 13,5 км, 12,34 км и 2,12 км од првите делови од главната траса на потегот од Врбјани до Ботун, како и Климештани-Охрид, со вкупна должина на двата коловоза од 27,96 км. Исто така, беа изградени и дел од пристапните патишта за околните села, при што се постигнаа значајни резултати во текот на различните фази на изградбата“, информираат од ЈПДП.

Македонија | пред 1 седмица

02

Кичевец фатен при предавање кокаин, поднесена кривична пријава

ОВР Кичево поднела кривична пријава против А.А. (44) од Кичево поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Полициски службеници го затекнале пријавениот на улицата „Рудничка“ во Кичево при предавање пакување со кокаин на друго лице од Кичево.Пакувањето било пронајдено и одземено.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryoj3eosl9l6kcelO07AK

Општина Кичево: Поплавите се последица на неодговорно фрлање шут во речното корито

Општина Кичево информира дека причината за последните поплави е неодговорно одлагање шут и градежен материјал во и во непосредна близина на речното корито, со што се попречува нормалниот проток на водата.„Ги молиме граѓаните за разбирање и солидарност. Сѐ додека овој потег целосно не се исчисти, постои реална опасност од повторни поплави при нови врнежи.Воедно, апелираме на разум и повторуваме дека никаков опасен материјал, ниту комунален отпад, не се одлага во копот на рудникот „Осломеј“. Се отстранува и транспортира исклучиво материјалот што се вади покрај самото речно корито (наноси, шут и градежен материјал), со цел превенција и заштита на населението“, велат од Општина Кичево.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Водата во Кичево е повторно безбедна за пиење

ЈКП „Комуналец“ – Кичево ги известува граѓаните дека водата од водоводната мрежа е комплетно исправна за пиење.„Според резултатите од извршените лабораториски анализи на Институт за јавно здравје – Битола, водата е безбедна како микробиолошки, така и хемиски. Таа може слободно да се користи за пиење и подготовка на храна“, се вели во соопштението.Претходно, поради поплавите кои ја погодија општината во изминатите денови, претпријатието извести дека водата била заматена и не е безбедна за пиење.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryms1oiedj0j4mdX7D9Lc

Јовановски повикува граѓаните да ги пријават штетите од поплавите во Кичево

Градоначалникот на општина Кичево, Д-р Александар Јовановски ги повика сите граѓани кои претрпеле штета на објекти, предмети или добра во домаќинствата и деловните субјекти да ја пријават штетата.„Во периодот на поплавите што ја зафатија територијата на град Кичево на 14-ти и 15-ти февруари 2026 година, брзата поддршка и солидарноста се од клучно значење за помош на погодените граѓани.За подобрување на условите и обезбедување на подостоинствено сместување на лицата привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“, Општина Кичево, во координација со Генералштабот на АРМ и касарната „Чеде Филиповски-Даме“, овозможи мобилна бања за туширање. Ова вклучува две цистерни, мобилна бања со пресоблекувална и техничко возило со бојлери за обезбедување топла вода.Општина Кичево изразува искрена благодарност до Генералштабот на АРМ за брзата и несебична помош, која значително го олеснува справувањето со последиците од поплавата.Исто така, Општина Кичево ги повикува сите граѓани и правни лица кои претрпеле штета на објекти, предмети или добра во домаќинствата и деловните субјекти да ја пријават штетата. Барањата и сите потребни информации за пријавување на штета може да се подигнат во Архивата на Општина Кичево или да се преземат од веб-страницата“, вели Јовановски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryu4q9kdoalc6i6U5RLst

АРМ обезбеди мобилна бања за лицата погодени од поплавите во Кичево

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на Зајаска Река и сериозни штети. Сепак, условите таму се ограничени, а граѓаните во моментов немаат соодветни услови за одржување на лична хигиена и капење.За да се подобрат условите, во координација со Општина Кичево, Генерал Штабот на АРМ овозможи мобилна бања и техничко возило со топла вода. Со ова, граѓаните погодени од поплавите добија можност за туширање и подобрување на хигиенските услови, додека трае нивното привремено сместување.„Во услови на кризна состојба, солидарноста и брзата поддршка се од клучно значење.Со цел обезбедување подобри и подостоинствени услови за лицата погодени од поплавите кои се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“, градоначалникот во координација и соработка со Генерал Штабот на АРМ и касарната „Чеде Филиповски-Даме“ овозможи мобилнa бањa за туширање, и тоа: две цистерни, мобилна бања со пресоблекувална, техничко возило опремено со бојлери (за обезбедување топла вода).Општина Кичево упатува искрена благодарност до ГШ на АРМ за брзата реакција и несебичната помош, која значително придонесува за полесно надминување на последиците од поплавите“, информираат од Општина Кичево.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryomru5ngq27541vSHOld

Поплавите во Кичево постепено се стабилизираат, ЈП „Комуналец“ работат на расчистување на коритото на Зајашка Река

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на територијата на Кичево се очекува понатамошна стабилизација на состојбата.„Нема пријави за одрони на магистралните патишта и сообраќајот се одвива редовно.Бројот на евакуирани лица останува непроменет – 250 лица (63 семејства), на кои редовно им се доставуваат храна, вода и неопходни средства.Екипа од Медицинскиот центар врши здравствени прегледи и дава соодветни совети на евакуираните лица.Екипи на ЈП „Комуналец“ работат на расчистување и продлабочување на коритото на Зајашка Река, со поддршка од механизација на локални компании. Паралелно се врши чистење на фекалната и атмосферската канализација.ТППЕ, со поддршка на пумпи од ПО ДЗС Кичево, продолжува со испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај, 29 Ноември и други локации каде има пријави за поплавени објекти“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 месец

izlea-reka

Нема нови поплави во Тетово и Кичево, нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување

По обилните врнежи од дожд, состојбата со поплавите во земјата се стабилизира. Во Кичево продолжува испумпувањето на водата од подрумите, додека во Тетовскиот регион се воведени ограничувања за сообраќај поради лизгави патишта. Евакуираните лица се згрижени и има обезбедена храна, вода и хигиенски средства.„Тетовски регионВо Тетовскиот регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на останатите водотеци каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување.Во 05:45 часот, поради врнежи од снег, воведени се следните ограничувања во сообраќајот:Забрана за движење на товарни моторни возила на патните правци Гостивар–Стража–Кичево и Гостивар–крак Маврово–Дебар.На патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за движење на автобуси, додека за останатите патнички моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.Битолски регионВо Битолскиот регион, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на ул. „Буквски Мост“ за поплавена куќа. Случајот е пријавен во ТППЕ Битола за понатамошно постапување.Нивото на реката Црна Река во село Новаци изнесува 310 см.Во ЕЛС – Долнени утрово е остварен контакт и се очекува интервенција на патниот правец од село Сливје кон село Костинци, кој е во лоша состојба. Активностите ќе се реализираат со механизација од ЈП „Македонија пат“.Кичевски регионНа подрачјето на Кичево нема нови поплавувања на објекти. Состојбата останува непроменета, а нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување.250 евакуирани лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им се обезбедени храна, вода и хигиенски производи.Екипи на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември“, информират од ЦУК.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryomru5ngq27541vSHOld

250 евакуирани во Кичево, меѓу нив и бебе од само еден месец

Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија продолжуваат да бидата на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите низ нашата државата.„Тие неуморно работат на дистрибуција на хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди.Покрај материјалната помош, волонтерите пружаат и психосоцијална поддршка (ПСС), обезбедувајќи разговор, емоционална поддршка и насоки за справување со стресот и траумата предизвикани од поплавите. Тие помагаат при евакуација, вршат проценка на потребите на погоденото население и соработуваат со локалните институции за побрзо и поефикасно справување со состојбата на терен.Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца – меѓу кои едно дете на возраст од 1 месец, едно од 2 месеци, едно од 7 месеци и 58 деца на возраст од 2 до 10 години. Меѓу евакуираните има и 189 возрасни лица, од кои 102 жени и 87 мажи, како и 11 лица со инвалидитет.Со материјална штета се засегнати вкупно 362 домаќинства, односно околу 1200 лица кои се соочуваат со последиците од временската непогода.За привремено сместување на евакуираните е обезбедена спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, каде им се обезбедуваат основни услови за престој. Надлежните служби и Црвениот крст на РСМ остануваат на терен и продолжуваат со активностите за помош и поддршка на погоденото население“, велат од Црвен крст на Република Македонија.

Македонија | пред 1 месец

voda

Нарушен квалитетот на водата во Кичево, надлежните апелираат да не се пие

ЈКП „Комуналец“ – Кичево ги известува граѓаните дека како последица на поплавите и зголемената заматеност/нарушување на квалитетот на водата во водоводната мрежа, во овој период се препорачува да се избегнува директно конзумирање на водата од водоводот.„Водата да се користи исклучиво за пиење и подготовка на храна – само по претходно превривање како техничка вода (лична хигиена, перење, чистење и сл.)Екипите на ЈКП „Комуналец“ се на терен и се преземаат активности за следење, контрола и стабилизирање на состојбата. Јавноста ќе биде навремено информирана штом водата биде безбедна за директна употреба“, велат од претпријатието.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr3d7tn2112ete0IwLyv

(Видео) Кавадарци испрати помош за поплавеното Кичево: Две возила, шест пожарникари и пумпи за испумпување вода

По насока на градоначалникот Митко Јанчев, Општина Кавадарци испрати помош за граѓаните во Кичево по поплавите што зафатија повеќе објекти.Како што информира Јанчев, на терен се упатени две противпожарни возила со шест пожарникари и шест пумпи, како и дополнителна опрема неопходна за испумпување на водата и санирање на последиците од поплавите.„Солидарноста е нашата најголема сила – кога е најтешко, заедно сме на терен“, објави кавадаречкиот градоначалник.Со оваа интервенција, Кавадарци се приклучува кон активностите за поддршка на засегнатите семејства во Кичево, каде по обилните врнежи беа поплавени домови, дворови и инфраструктура.Локалните служби продолжуваат со активности за расчистување на теренот и стабилизирање на состојбата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytrjort3mva9k3yKMqH7

Не се движете низ поплавените подрачја, не ја попречувајте механизацијата и алармирајте ако има нова опасност, вели градоначалникот на Кичево

По обилните врнежи од дожд и наглото влошување на состојбата, Општина Кичево организирала координирана интервенција за справување со последиците од поплавите и заштита на граѓаните и нивниот имот, информира градоначалникот Александар Јовановски.Тој посочи дека на терен се ангажирани екипи и механизација, со активности насочени кон најкритичните точки во градот и околината. Се работи на расчистување на одводни правци и критични делници, отстранување наноси, кал и отпад што го блокираат одливот, како и чистење и пробивање канали и пропусти. Паралелно се врши испумпување вода и обезбедување пристап до загрозени домаќинства, каде што условите тоа го дозволуваат.Интервенциите се реализираат во директна координација со ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијалната противпожарна единица – Кичево. На лице место присутни се и командирот Филип Митрески, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, како и директорот Бојан Стојкоски, со цел навремено донесување одлуки и поефикасна распределба на ресурсите.Општина Кичево упати апел до граѓаните да не се движат низ поплавени подрачја, да избегнуваат ризични делници и да не ја попречуваат механизацијата и екипите при работа. Воедно, се повикуваат граѓаните да пријават доколку забележат нови критични точки или опасност за домаќинствата.Од локалната самоуправа велат дека остануваат целосно ангажирани и дека активностите ќе продолжат сè додека состојбата целосно не се стабилизира, а јавноста редовно ќе биде информирана преку официјалните канали.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq0iftrmm7pdueAWsgxF

Катастрофалните поплави во Кичево се поради долгогодишна негреижа и отсуство на превенција, вели Сајкоски

Кичево денес се соочи со сериозни поплави по обилните врнежи од дожд, при што излевањето на речното корито предизвика материјална штета и ги загрози домовите, инфраструктурата и безбедноста на граѓаните. Според Сајковски, состојбата е резултат на, како што наведува, долгогодишна негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од претходното раководство.Тој истакна дека, за разлика од минатото, денес институциите покажале одговорност и подготвеност. Актуелниот градоначалник на Кичево, д-р Александар Јовановски, заедно со екипите на комуналната и противпожарната служба, како и со поддршка од општествено одговорни компании, веднаш излегле на терен и активно се вклучиле во санирање на последиците.Со координирана работа, во краток рок било спречено понатамошно ширење на штетите и започнало расчистување на погодените подрачја. Сајковски оценува дека оваа акција претставува показател оти со, како што наведува, волја, одговорност и лидерство, можат да се надминат и најсериозните предизвици.Тој посочи дека, и покрај тешката состојба, постои надеж за постепена нормализација на секојдневието на граѓаните и дека градот ќе излезе посилен од ова искушение.Службите остануваат на терен и во текот на ноќта, со приоритет на безбедноста на граѓаните и заштитата на нивните домови, а состојбата се следи континуирано.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt7g9tqus3ouu5WR5zus

Вонредни информации по обилните врнежи: Поплави во повеќе региони, евакуации во Кичево и интервенции во Скопско, Тетовско и Гостиварско

Центарот за управување со кризи информира дека до 17:00 часот попладнево се евидентирани поплави и излевања на водотеци во повеќе региони во државата, по обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во изминатите часови.Во скопскиот регион, во Општина Сарај, поплавени се селата Буковиќ и Семениште. На терен интервенирале екипи на Општина Сарај, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите се насочени кон расчистување на зафатените подрачја и одводнување на поплавените површини, со цел постепена нормализација на состојбата.Во кумановскиот регион, во Општина Липково, реката Слупчанка излегла од своето корито во село Опае, при што е зафатен дел од населеното место. Излевање е регистрирано и во атарот на село Оризаре, каде се поплавени земјоделски површини. Засега нема пријавени материјални штети од жителите, освен штети на обработливо земјиште. Во Кратово и Крива Паланка не се пријавени поплави.Во тетовскиот регион, интензивните врнежи довеле до зголемен водостој и проблеми со одводните канали. Пријавени се свлечишта на патните правци Тетово – Џепчиште и кон село Једуарце. Првиот патен правец е затворен за сообраќај, додека вториот е расчистен и повторно прооден. На делницата Тетово – Попова Шапка сообраќајот се одвива отежнато, а од утринските часови е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси. Засега нема опасност од излевање на поголемите водотеци, а снабдувањето со струја и вода е стабилно.Во гостиварскиот регион се пријавени поплавени куќи, подрумски простории и стопански објекти во Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во село Беловиште се интервенирало по пријава за заглавени лица во поплавен објект, кои се безбедно извлечени. Во село Форино е регистрирано излевање на реката Вардар, при што се зафатени земјоделски површини и постои ризик за објектите во близина на мостот кон село Тумчевиште. Ангажирана е механизација за расчистување на речното корито.Во охридско-кичевскиот регион, во Охрид состојбата е стабилна и нема пријави за излевање или поплави. Во Кичево, по излевањето на Зајашка река, поплавени се повеќе куќи и дворови, а по пладне се пријавени дополнително околу 30 зафатени семејни домови. Извршена е евакуација на стари и изнемоштени лица, како и на деца од поплавените објекти.Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека состојбата се следи континуирано во координација со надлежните институции, а јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот развој на настаните.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryigm347k2t35hbQgL0r2

Драматични сцени во Кичево: Евакуирани неподвижни лица, мештаните ги спасуваат и животните

Драматични сцени се одвиваа во Кичево по обилните врнежи и излевањето на реката.Службите интервенираа за извлекување на неподвижни и тешко подвижни лица од поплавените домови, додека мештаните паралелно се обидуваа да ги спасат и своите животни.Една од снимките кои се направени сведочи како жител се обидува да го спаси своето куче-миленик кое од еден го преместува во друг објект на повисок кат.Жителите посочуваат дека состојбата таму и натаму е драматична, додека пак, претходно, беше објавено дека се евакуирани 180 лица.

Македонија | пред 1 месец

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија – апел за претпазливост покрај реките поради можни излевања

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по обилните врнежи во изминатите 24 часа кои предизвикаа нагло полнење на речните корита. Според најавите, состојбата може дополнително да се влоши во текот на денот.Од Секторот за хидрологија информираат дека во Полошкиот регион, особено во горниот дел од сливот на реката Вардар, е регистриран висок водостој. Постои опасност од заезерување во одделни делови на Полошката Котлина, како и локални излевања на помалите реки и суводолници во гостиварско и тетовско.Зголемен водостој е забележан и на реката Треска, со потенцијално критични точки во селата Пласница и Лисичани. Се очекува пораст и на нејзината лева притока, реката Кичевска, што дополнително ја зголемува опасноста од локални излевања.Во Пелагонискиот регион и Демир Хисар, реката Црна бележи континуиран пораст, а можни се излевања во делови од Демир Хисар, Кичевско и поширокиот пелагониски крај. Зголемен водостој има и во Охридско-Струшкиот регион, каде реките Сатеска и Коселска се со покачено ниво, со ризик од локални излевања на помалите водотеци.Од Управата апелираат граѓаните да бидат крајно претпазливи и да избегнуваат движење покрај реките и водотеците во западните делови на земјата. Се препорачува внимателно следење на состојбата и во источните делови, каде се можни изолирани поинтензивни врнежи.Надлежните институции ја следат состојбата на терен, а од УХМР најавуваат редовно информирање доколку дојде до дополнително влошување на хидролошката состојба.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynr4vb08c9mle0jjquPS

Евакуирани 180 лица во Кичево, поплавени домови и болнички објекти по обилните врнежи

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во текот на ноќта и претпладневните часови предизвикаа поплави и излевање на реки во повеќе региони, при што во Кичево беа евакуирани околу 180 лица, информира Центарот за управување со кризи.Во кичевскиот регион, Зајашка Река се излеала на улицата „Прилепска“, при што биле зафатени повеќе куќи. Евакуираните жители се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Регистрирано е и заезерување на улицата „29 Ноември“ во населбата Подварош, каде се поплавени подрумски простории во повеќе објекти, како и дел од објектите на болницата во Кичево. На терен интервенираат екипи на ОВР Кичево, ЈП „Комуналец“ и други надлежни служби, а известени се градоначалникот на Општина Кичево и Дирекцијата за заштита и спасување. Организирана е достава на храна и вода за евакуираните со помош на Црвениот крст, додека од Скопје се испратени дополнителни тимови со ќебиња, душеци и кревети. Засега нема животно загрозени лица, но врнежите продолжуваат и состојбата внимателно се следи.Во скопскиот регион, преку бројот 112 се примени повеќе пријави за поплавени дворни места во село Идризово, поплавувања во село Буковиќ, поплавен подрум и двор во Зелениково, како и поплавено дворно место во населбата Радишани. Надлежните општини извршиле увид и преземаат мерки за санирање на последиците.Во тетовскиот регион е пријавено свлечиште на патниот правец Тетово – село Џермо, поради што сообраќајот е во прекин. Од 07:45 часот е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег. Засега нема зголемување на водостојот на реките, а снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење е редовно.Во гостиварскиот регион се пријавени поплавени куќи во село Беловиште, како и во населбите Циглана и Бањечница. Во село Балиндол е затрупан канал, при што се поплавени неколку куќи. Во една од поплавените куќи во Беловиште биле заглавени две деца и нивната мајка, по што веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица и полицијата. Поплавите се последица на излевање на Сушичка Река и затрупани канали, а најавено е ангажирање механизација за расчистување на теренот. Локалните власти и Дирекцијата за заштита и спасување ја следат состојбата на терен.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt9k7g75ma3r51Gs9gdi

(Видео) Поплави во Кичево: Десетици домови поплавени, погодени околу 200 жители, прогласена кризна состојба

Десетици домови и возила се под вода во Кичево по обилните врнежи што предизвикаа излевање на Зајаска река, а улиците во повеќе делови од градот се целосно поплавени. Жителите се обидуваат да спасат дел од покуќнината, додека водата навлегува во нивните куќи.Најкритична е состојбата во населбата Подварош, каде граѓаните со сопствени пумпи, но и со помош на противпожарните екипи, ја испумпуваат водата од своите домови. Дел од улиците се непроодни, а оштетени се и паркирани возила.Со соопштение се огласи и Општина Кичево, информирајќи дека поради интензивните врнежи повторно настанале поплави во неурбанизираниот дел кај улицата „Прилепска“. Според првичните информации, погодени се околу 200 жители.Лицата на кои им е потребно привремено сместување ќе бидат згрижени во спортската сала во Иванидол. На терен интервенираат екипи на ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијалната противпожарна единица, кои постапуваат согласно приоритетите и пријавите од граѓаните.Свикан е Кризен штаб кој ја следи состојбата и ги координира активностите за заштита и помош. Од Општината апелираат на смиреност, трпение и внимателност, нагласувајќи дека ќе бидат искористени сите расположливи ресурси за справување со последиците од невремето.До граѓаните се упатени и безбедносни препораки – да се избегнува движење низ поплавени улици и подрумски простории, како и да се исклучи електричната енергија во домовите доколку постои ризик од навлегување вода.

Настани | пред 1 месец

media-librarya093h6epbvrs2cLJxRN

Кривична пријава против Фатмир Дехари: Буџетот на Кичево оштетен за околу 130 илјади евра

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, поранешен градоначалник на Кичево и кадар на Демократска унија за интеграција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против уште четири лица за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.Покрај Дехари, кривични пријави се поднесени и против Ф.А.(62) од село Зајас, А.Н.(38) од село Србица, Х.Б.(37) од село Црвевци и Б.С.(36) од село Стрелци.Според информациите од полицијата, Дехари во периодот од 2021 до 2025 година, во својство на градоначалник на Кичево, свесно и со умисла постапувал спротивно на одредбите од Законот за работни односи и Законот за локална самоуправа, при што склучил договори за вработување со останатите пријавени лица. Потоа, со пропуштање на должен надзор, им дозволил тие да не доаѓаат на работа, а истовремено да им бидат исплаќани плати, надоместоци и придонеси од општинската каса, без по истекот на законскиот рок да им биде прекинат работниот однос.На овој начин, според пријавата, буџетот на Општина Кичево бил оштетен за околу 130.000 евра, а пријавените лица се стекнале со противправна материјална корист. Како што наведува полицијата, секој од нив на своја сметка примил различна сума пари, иако биле свесни дека средствата се добиени по сторено казниво дело.Надлежното јавно обвинителство треба да одлучи за понатамошното постапување по поднесените кривични пријави.

Македонија | пред 1 месец

media-library5puansjnjfku9GWcG2m

(Видео) Апокалиптични снимки од Кичево снимено од дрон

Катастрофална е состојбата по поплавите на улицата „Прилепска“ во Кичево, каде што домовите на жителите беа поплавени откако реката Зајаз, која минува покрај населбата, излезе од своето корито. Жителите со загриженост и револт ги чистат своите куќи исполнети со вода и кал, стравувајќи дека ваквите сцени може повторно да се повторат.По евакуацијата, дел од погодените граѓани беа сместени во спортската сала, каде што ги посети и градоначалникот на Кичево. Тој информираше дека на граѓаните им се обезбедени душеци, греење и храна, како и основни услови за престој. Поради големото количество вода на терен, надлежните служби засега не можат да интервенираат со механизација за целосно расчистување.Формиран е кризен штаб кој ќе ја координира состојбата на терен. Според најавите, лекарски тимови ќе ги посетуваат евакуираните лица двапати дневно, а ќе бидат ангажирани и хигиеничарки од општината за одржување на хигиената во прифатните простории.Од општината информираат дека, штом ќе се повлече нивото на реката, ќе се пристапи кон изградба на траен заштитен насип, со цел да се спречи идно излевање при обилни врнежи. Жителите од овој дел на Кичево со години се соочуваат со истиот проблем, бидејќи нивните домови се наоѓаат во непосредна близина на речното корито.Обилните врнежи од дожд во изминатите денови предизвикаа сериозни поплави, одрони и сообраќајни проблеми низ целата држава. Поплавени се домови, подруми и магацини, а уништени се и значителни земјоделски површини. Освен Кичево и Охрид, како една од покритичните точки се издвојува и Ресен, каде што надојдената вода предизвика големи материјални штети и го загади системот за вода за пиење.Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека и натаму најкритични остануваат реките Вардар, Треска, Црна Река, Крива Река и Пчиња, апелирајќи до граѓаните на претпазливо движење покрај речните корита и суводолиците.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Вонредна состојба на повеќе локации: Поплави и евакуации по обилните врнежи, најкритично во Охрид, Кичево и Битола

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни проблеми на повеќе локации низ државата, информира Центарот за управување со кризи во вонредна информација за состојбата до 13:00 часот.Во Охрид и околината регистрирани се поплавени подрумски простории, дворови и неколку објекти во градот. Поради излевање на дел од водотеците, на терен се ангажирани локалната самоуправа и Кризниот штаб, додека екипите на јавните претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат за отстранување на водата и санација на последиците.Во Кичево и околните населени места, водата навлегла во подрумските простории и на дел од јавните и приватните површини. Дел од жителите се евакуирани и сместени во привремени објекти, каде им се обезбедени храна, лекови и здравствена заштита. Поплави се забележани и на одредени водотеци и земјоделско земјиште. Општината, Црвениот крст и ЈП „Комуналец“ се вклучени во згрижување на населението и во интервенции на критичните точки, додека екипи на итната медицинска помош ја следат здравствената состојба на евакуираните лица.Во битолскиот регион е забележано значително зголемување на водостојот на локалните реки, со појава на излевања на повеќе места. Поплавени се куќи, дворишта и дел од земјоделските површини. Механизацијата на општините е на терен, а Кризниот штаб ги координира активностите и ги утврдува приоритетите за санација на штетите.Во Тетово и околината има пријави за уривање на потпорни ѕидови, како и локални излевања на водотеци. Полициски екипи вршат увид на погодените локации, додека општинската механизација интервенира за расчистување на свлечиштата и спречување на понатамошни штети.Поплави на локални патни правци и во неколку населени места се регистрирани и во Гостивар и околината. Екипите на ЈП „Комуналец“ работат на санација на поплавената инфраструктура, а механизацијата на Водостопанство е ангажирана за чистење на свлечишта и стабилизирање на теренот.Од ЦУК информираат дека состојбата постојано се следи и дека надлежните служби остануваат на терен сè додека не се нормализира состојбата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfls72juvp8ht3UJ4uAV

(ФОТО) ДЗС: 30 полски кревети и ќебиња за привремено згрижени лицата заради поплавите во кичевско

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности за заштита и помош на населението погодено од поплавите во „Прилепска населба“ во Кичево.Конкретно, беа обезбедени и транспортирани 30 полски кревети, а и соодветен број ќебиња од магацинот на ДЗС, што истовремено беа транспортирани со возила на ДЗС и поставени во кичевската спортската сала „Македонија“, каде што веќе беа сместени привремено згрижени лицата погодени од локалната поплава.Во Ресенско, тим на ДЗС ов,ие два дена и сношти, со пумпи ја вадеше навлезената вода од подруми, куќи и објекти, а во подготвеност беше активиран и тим на ДЗС со два чамца, што за среќа немаше потреба да дејствуваат.Сите активности за заштита и спасување на населението во зафатените реони од поплава во Кичевско и Ресенско беа реализирани во координација со надлежните институции и локалните служби од Системот за управување со кризи (СУК), со цел навремено и ефикасно згрижување на населението погодено од поплавите.

Македонија | пред 2 месеци

media-library625lcvs9ngg57pct3CR

Регистриран слаб земјотрес во околината на Кичево и Дебрца

Во 1:23 часот рано утрово е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на државата, во околината на Кичево, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).Трусот имал јачина од 2 степени според Рихтер и бил на длабочина од 15 километри. Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот се наоѓал околу 15 километри југозападно од Кичево.Земјотресот е евидентиран и од Институтот за геолошки науки во Тирана, кој објави дека епицентарот се наоѓа на подрачјето на Општина Дебрца.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybjtbjq5jjnl005BYvLe

Џејла Рамовиќ по приведувањето во Кичево: „Настапот беше прекинат по вина на организаторот“

По инцидентот во Кичево, кога полицијата ја прекина нејзината вечер и ја приведе заедно со членовите на бендот, пејачката Џејла Рамовиќ се огласи со своја верзија на настаните. Таа нагласува дека имала целосна документација за настапот и дека прекинот се случил поради пропусти на организаторот, а не поради неуредност од нејзина страна. Рамовиќ потврди дека веќе во петок ќе настапи во Скопје и дека инцидентот нема да ја одвои од македонската публика.„Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и доставени до организаторот, со целосната постапка што редовно ја следиме кога доаѓаме во Македонија“, вели Рамовиќ.Таа објаснува дека организаторот ја уверил дека сите дополнителни дозволи се обезбедени и дека сè е во согласност со договорот.„И покрај ова, настапот беше прекинат неколку минути пред крајот, наводно поради недостаток на работни дозволи, иако нашата документација беше целосно во ред. Жал ми е за непријатностите што ги доживеаја сите што дојдоа на мојот настап. Ситуацијата се појави од причини на кои не можев да влијаам на никаков начин, ниту пак е вина на мојот тим и мене“, додава таа.Рамовиќ им порача на своите обожаватели дека овој инцидент нема да ја промени нејзината поврзаност со македонската сцена.„Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам. Исто ќе биде и сега, бидејќи веќе се дружиме во петок во Скопје“, истакна пејачката.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybjtbjq5jjnl005BYvLe

Босанската пејачка Џејла Рамовиќ е меѓу приведените во акцијата во Кичево

Популарната босанска пејачка Џејла Рамовиќ била задржана од полицијата во Кичево за време на акциската контрола, откако инспекторите утврдиле дека настапува без соодветни документи за работа.Контролата била спроведена во ноќта меѓу 29 и 30 ноември во повеќе угостителски објекти покрај магистралниот пат Кичево–Охрид, при што екипите на ОВР Кичево и Регионалниот центар за гранични работи – Запад влегле и во локалот каде што имала настап Рамовиќ.Во просторијата биле затекнати 23-годишната пејачка и членовите на нејзиниот бенд: К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина.Според полициските службеници, групата изведувала музичка дејност без обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок согласно Законот за странци.Случајот веќе е доставен до Основниот суд во Кичево, каде против Рамовиќ и бендот е поднесена прекршочна пријава.БиХ пејачката Џејла Рамовиќ приведена во полициска акција во Кичево – настапувала без работна дозвола.Минатата недела поради сосема иста причина беше приведен и српскиот пејач Аца Лукас кој настапуваше во кавадарци.„Утврдено е дека лицето А.В. (57) од Република Србија настапувало без потребна дозвола. За сторениот прекршок до Основниот суд Кавадарци е поднесено барање за поведување прекршочна постапка, по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци. Лицето е спроведено во Основен суд Кавадарци по скратена постапка, каде му е изречена парична казна“, беше наведено во соопштението на МВР.

Балкан | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања