Промени тема
Контакт

МВР

media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Полицијата пронашла банкнота во возило, 26-годишникот ја искинал пред нив иако не смее да ја допира

Дваесет и шестгодишен жител на Кочани бил лишен од слобода во Виница, откако полицијата при преглед на возило што го управувал пронашла банкнота, која тој ја искинал пред полициските службеници.Од МВР информираат дека на 4 септември во 23:30 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода В.З. (26).При прегледот на патничкото возило била пронајдена една банкнота, која 26-годишникот ја искинал иако претходно му било укажано да не ја допира.По претходно издадена судска наредба, бил

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryief9kqn5744o2qY0VQy

Една соба зафатена во пожар во Штип

Пожар избувнал во објект во состав на куќа на улицата „Ширк дол“ во Штип, при што била зафатена една соба. Во пожарот нема повредени лица.Според МВР, случајот бил пријавен во СВР Штип на 5 септември во 00:10 часот. Објектот е во сопственост на 75-годишниот Д.А.Припадниците на Територијалната противпожарна единица Штип го изгаснале пожарот.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Бурна ноќ во Пехчево: Тројца во меѓусебни пријави за физички напади

Три лица пријавиле физички напади по инцидент што се случил во дом во Пехчево, во текот на ноќта меѓу 3 и 4 септември.Од МВР информираат дека на 4 септември во 18:40 часот, 68-годишна жена од Пехчево пријавила дека во периодот од 00:23 до 01:00 часот, додека во нејзиниот дом разговарала со 43-годишен маж од Пехчево, дошла неговата 37-годишна сопруга.Според пријавеното, жената се однесувала агресивно и физички ја нападнала 68-годишната жена. Потоа, 43-годишниот маж физички ја нападнал својата соп

Македонија | пред 3 седмици

media-library9uakem203nc88ewqwYz

Инцидент во Пехчево: Две жени пријавиле физички напад една од друга

Две жени пријавиле дека биле физички нападнати по инцидент што се случил во дом во Пехчево, при што била оштетена и дел од покуќнината.Од МВР информираат дека на 4 септември во 10:59 часот во ОВР Берово било пријавено од Итната медицинска помош во Пехчево дека кај нив за лекарска помош се јавила 37-годишна жена од Пехчево.Според пријавеното, претходната вечер, околу 23:45 часот, во куќа сопственост на 68-годишна жена, 37-годишната жена се однесувала агресивно, оштетила дел од покуќнината и физич

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Двајца државјани на Чешка влегле во касарната „Илинден“ и правеле скици на воени објекти и борбени средства

Двајца државјани на Чешка, кои престојувале во Скопје, биле лишени од слобода поради сомнение дека неовластено влегле во воен објект.Од МВР информираат дека на 4 септември во 16:30 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С. (26) и А.Х. (25).За нив постојат основи на сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик, „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.П

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfq2p54kr1p17c10uVTz

Албански државјанин без документи приведен при бесправна сеча во Маврово

Две лица биле затекнати при бесправна сеча на дрва во местото Бунец, во близина на хелиодромот, во Маврово.Од МВР информираат дека на 4 септември во 18:30 часот полициски службеници од Полициското одделение Маврово ги затекнале лицата на местото на настанот.Еден од нив, В.Н. (38), државјанин на Албанија, бил лишен од слобода бидејќи не поседувал документи за идентификација.Увид извршила екипа на ОВР Гостивар, а полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3qgbs5j9b8377Y2TIOV

Маж ја силувал вонбрачната сопруга

Четириесетгодишна жена од Гостивар пријавила дека била физички и сексуално нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг во нејзиниот стан.Според МВР, жената на 4 септември во 19:10 часот во Полициската станица Гостивар пријавила дека во текот на ноќта меѓу 1 и 2 септември, во нејзиниот стан, А.С. физички ја нападнал и извршил полов напад врз неа.Од полицијата информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Маж ја нападнал и ѝ се заканувал на сопругата

Триесет и шестгодишен жител на гостиварско бил лишен од слобода откако неговата 35-годишна сопруга пријавила дека била физички нападната и малтретирана во нивниот дом, а тој ѝ упатувал и закани по живот.Според МВР, жената на 4 септември во 19:45 часот во Полициската станица Гостивар пријавила дека претходната вечер, околу 23:50 часот, во семејниот дом била физички нападната и малтретирана од сопругот В.М. (36).Таа пријавила и дека сопругот ѝ упатил закани по животот.В.М. бил лишен од слобода на

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Мајка ја нападнала малолетна ќерка со дрвен предмет

Четириесет и едногодишен жител на Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга физички ја нападнала нивната малолетна ќерка со дрвен предмет.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 4 септември во 22 часот во СВР Велес.Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на настанот.

Македонија | пред 3 седмици

tepachka-deca

Браќа се пријавиле еден со друг за физички напад

Полицијата во Неготино привела 62-годишен жител на село во демиркаписко, откако неговиот 56-годишен брат пријавил дека бил физички нападнат со дрвен предмет.Од МВР информираат дека на 4 септември во 21:15 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Т.Ц. (62), постапувајќи по пријавата од неговиот брат.Подоцна, и 62-годишникот пријавил дека бил физички нападнат од својот брат.По целосното расчистување и документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе биде поднесена

Македонија | пред 3 седмици

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Александар Македонски“

Четириесет и тригодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје.Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 3 септември во 12 часот, а во неа учествувале патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот А.С. од Свети Николе, и мотоцикл со германски национални ознаки, управуван од 43-годишниот О.Б. од Скопје, со престој во Бугарија.Во несреќата тешко бил повреден мотоциклистот,

Македонија | пред 3 седмици

media-librarya02rermr4fjdbmtJaWJ

Велосипедистка тешко повредена во судир со електричен тротинет во Скопје

Четириесет и шестгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 4 септември во 07:50 часот, а во неа учествувале велосипед управуван од Л.Н. (46) од Скопје и електричен тротинет управуван од женско лице, кое по незгодата го напуштило местото.Л.Н. била пренесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што биле констатирани

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Рано утрово изгоре возило во круг на училиште во Скопје

Возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки било опожарено рано утрово на улицата „Браќа Реџепагиќ“ во Скопје, на паркинг во круг на училиште.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во 04:04 часот во СВР Скопје. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека опожареното возило е во сопственост на 56-годишниот Н.Ш.Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvut6hq0duq8h8GX4mxU

Со службени возила пренесувале огревно дрво до домовите, кривична пријава за двајца вработени во „Национални шуми“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против двајца жители на Свети Николе, на возраст од 45 и 40 години, поради сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“.Според пријавата, на 25 мај 2026 година во Свети Николе, двајцата пријавени, кои биле вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Свети Николе, за време на неработни денови неовластено користеле службени возила за сопствени потреби.Првопријавениот, кој работел како

Македонија | пред 3 седмици

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер: Едниот во возило, другиот во домот

Двајца мажи од Куманово биле пронајдени починати во текот на вчерашната вечер, во два одделни случаи, информира СВР Куманово.Првиот случај бил пријавен во 19:46 часот, кога од Општата болница Куманово било известено дека на паркингот во кругот на болницата, во патничко возило со кумановски регистарски ознаки, бил пронајден починат 57-годишниот Б.В. од Куманово.Само неколку часа подоцна, во 22:54 часот, во СВР Куманово било пријавено дека во семејна куќа во Куманово бил пронајден починат и 47-год

Македонија | пред 3 седмици

media-library35gkg77b4skt1N61Rtx

Изгубил контрола и удрил во металчна заштитна ограда, тешко повреден 64-годишен мотоциклист

Тешко повреден е 64-годишен мотоциклист од Дебар во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Дебар-Маврово, во близина на „Бошков мост“.Од МВР информираат дека несреќата се случила на 4 септември во 12:55 часот, кога Б.Р. (64) од Дебар, управувајќи мотоцикл „Харли Дејвидсон“ со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во металната еластична заштитна ограда.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болни

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryujl7e9fm6t796Vk3NQy

Возел со 2,98 промили алкохол во крвта: 39-годишник уапсен во Дебар

Речиси три промили алкохол во крвта му биле измерени на 39-годишен жител на Скудриње, кој бил запрен при сообраќајна контрола во Дебар.Од МВР информираат дека на 4 септември во 17 часот, на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р. (39) од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше.Тој управувал автомобил „Форд“ со дебарски регистарски ознаки, а при контролата било утврдено дека во крвта има 2,98 промили алкохол.Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај, а по ц

Македонија | пред 3 седмици

media-library2ic3h82itg505H8rGXl

85-годишник подметнал пожар кај „Лок“

Полицијата лишила од слобода 85-годишен жител на струшкото село Заграчани, кој, според МВР, претходно предизвикал пожар на отворен простор.Од МВР информираат дека на 4 септември во 16:30 часот, на локалниот пат меѓу селата Заграчани и Долна Белица, бил лишен од слобода А.М. (85) од Заграчани.Според пријавеното, тој претходно кај месноста „Лок“ подметнал и предизвикал пожар на отворен простор со нискостеблеста вегетација.Во пожарот нема повредени лица, а во гаснењето интервенирала Територијалната

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Марихуана пронајдена при полициски преглед: 47-годишник лишен од слобода во Струга

Струшката полиција лишила од слобода 47-годишен жител на охридското село Долно Лакочереј, откако при полициски преглед кај него била пронајдена марихуана.Од МВР информираат дека на 4 септември во 21:50 часот, во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишиле од слобода Г.С. (47).При извршениот преглед, кај него била пронајдена и одземена опојна дрога марихуана.Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот, против

Македонија | пред 3 седмици

prostitucija

Уапсен турски државјанин во Охрид, осомничен за посредување во проституција

Турски државјанин бил лишен од слобода во Охрид поради сомнение дека учествувал во дејствија поврзани со врбување и намамување лице со цел вршење проституција.Од МВР информираат дека на 3 септември во 11 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот Р.К. од Истанбул, Република Турција.Според пријавеното, тој се сомничи дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање лице на друго лице со цел вршење проституција.Од МВР посочуваа

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Во камп-приколка во Охрид пронајдена марихуана, уапсен скопјанец

Скопјанец бил лишен од слобода во автокамп на брегот на Охридското Езеро, откако полицијата при претрес во камп-приколка, која ја користел, пронашла марихуана.Од МВР информираат дека на 4 септември во 23:45 часот, во автокамп во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода 44-годишниот Л.Д. од Скопје.При претресот, извршен по судска наредба во камп-приколката, која ја користел, биле пронајдени и одземени најлонска кеса, пластична кутија со марихуан

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Државјанин на Романија уапсен на Табановце: „Летал“ со 163 км/ч каде што е дозволено 80 км/ч

Романски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако системот „Безбеден град“ утврдил дека со автомобил „Ауди“ возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.Од МВР информираат дека на 4 септември во 11:20 часот, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 49-годишниот Х.В.С. од Романија.При проверката било утврдено дека истиот ден околу 6:30 часот на автопатот А1, во близина на Демир Капија, тој управувал со возилото со брзина од 163 кило

Македонија | пред 3 седмици

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Две лица уапсени на „Тиквешки гроздобер“: Пронајдена дрога

Две лица од Кавадарци биле лишени од слобода за време на одржувањето на културната манифестација „Тиквешки гроздобер“, откако полицијата при преглед кај нив пронашла бела прашкаста материја, а кај едниот и пари и телефон.Од МВР информираат дека на 4 септември во 20:50 часот, полициски службеници од СВР Велес и ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 42-годишните Г.П. и В.Ќ., двајцата од Кавадарци.При преглед кај Г.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, додека кај В.Ќ., покрај бела пра

Македонија | пред 3 седмици

media-library6p0a8rcqjhg60w54BZu

Кривична за две лица од Струмица за даночно затајување, лихварство и перење пари: Одземени 597.500 евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против две физички и едно правно лице од општина Струмица поради сомнение за повеќе кривични дела, меѓу кои даночно затајување, лихварство и перење пари и други приноси од казниво дело.Според МВР, првопријавеното правно лице се товари за даночно затајување, додека второпријавената, во својство на управител на компанијата, е пријавена за истото кривично дело. Третопријавениот, кој според пријавата имал директна или ин

Македонија | пред 3 седмици

media-library6q26qe9s2fs1cJjdpFs

МВР го менува работното време за одобренија за патување на деца во странство

Издавањето одобренија за патување во странство за малолетни деца во Скопје ќе се одвива според изменет работен распоред, информира Министерството за внатрешни работи.Од МВР соопштуваат дека шалтерот во зградата на МРТВ, надлежен за издавање „Одобренија за патување во странство за малолетни лица“ до 14-годишна возраст, ќе биде отворен од понеделник до петок.Граѓаните ќе можат да ја користат оваа услуга во периодот од 09:00 до 17:00 часот. Во сабота шалтерот нема да работи.Од Министерството ги пов

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања