Промени тема
Контакт

МВР

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Стружанец возел со 2,40 промили алкохол: Приведен на патот Калишта–Радожда

Педесетгодишен жител на Радожда е лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило со 2,40 промили алкохол во крвта, информира Министерството за внатрешни работи.На 6 септември во 00:30 часот, на регионалниот пат меѓу струшките села Калишта и Радожда, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо“, управувано од Б. Б. (50) од Радожда.При контролата било утврдено дека возачот има 2,40 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај. Одземени му биле возилото и воза

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Маж од Виетнам бил нападнат од тетовец на патот Дебар–Долно Косоврасти

На регионалниот пат Дебар–Долно Косоврасти, во близина на Мелнички мост, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад врз 40-годишен маж од Виетнам, кој живее во САД, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 15:10 часот во ОВР Дебар. Според пријавеното, физичкиот напад го извршил Б. С. од тетовското село Боговиње.Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryief9kqn5744o2qY0VQy

Пожар избувна во куќа во Волково

Пожар избувнал во куќа во скопското село Волково, при што нема повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 21:30 часот во СВР Скопје. Пожарот избувнал во куќа сопственост на Т. П., а бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.На местото бил извршен увид, а надлежните преземаат активности за утврдување на причините и околностите под кои избувнал пожарот.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Маж ја нападнал сопругата со тврд предмет, ѝ го оштетил телефонот и ѝ се заканувал

Четириесет и осумгодишна скопјанка пријавила дека била физички нападната и упатувани ѝ биле закани од страна на нејзиниот сопруг во семејниот дом, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 6 септември во 01:00 часот во СВР Скопје. Според пријавата, жената била нападната со тврд предмет, а сопругот ѝ го оштетил и мобилниот телефон.Дополнително, според пријавеното, тој ѝ се заканувал со остар предмет.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување и целосно д

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Му побарал пари за лекување на дете и за долг за вода: 70-годишник измамен за 720.000 денари

Седумдесетгодишен скопјанец пријавил дека бил измамен за 720.000 денари откако лице му побарало пари под изговор дека му се потребни за лекување на неговиот син во странство, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 18 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, во периодот од 18 јануари до крајот на февруари 2026 година, лицето А. „Н“ во повеќе наврати побарало пари од 70-годишникот.Како што е наведено во пријавата, парите најпрво биле побарани со образл

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryuui5mm42cv9qao0aJTk

Залутано зрно од огнено оружје рани 71-годишник пред трговски центар во Сарај

Седумдесет и едногодишен жител на Кондово бил повреден од залутано зрно од огнено оружје додека се движел кон своето возило во близина на трговски центар во Општина Сарај, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 13:43 часот во СВР Скопје, откако од Градската општа болница „8 Септември“ било известено дека кај нив е донесен Х. Р. (71) со повреда од огнено оружје.Според пријавеното, мажот се движел кон својот паркиран автомобил пред трговски центар кога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

20-годишник ја нападнал поранешната партнерка, ѝ се заканувал и ѝ зел пари

Дваесетгодишен скопјанец бил повикан на службен разговор во Полициската станица Ѓорче Петров по пријава од неговата поранешна партнерка дека физички ја нападнал, ѝ се заканувал и ѝ одзел пари, информира Министерството за внатрешни работи.На 5 септември во 17:30 часот бил извршен службен разговор со М. А. С. (20) од Скопје. Според пријавата, околу 04:00 часот истиот ден тој влегол во домот на неговата 19-годишна поранешна партнерка во Ѓорче Петров, каде што физички ја нападнал, ѝ упатил закани и

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydg5sslf42ormbF8tUC3

Малолетник ги нападнал родителите и искршил дел од покуќнината во Гази Баба

Жена од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот поранешен сопруг биле физички нападнати од нивниот малолетен син во семејниот дом во општина Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 09:00 часот во СВР Скопје. Според пријавата, малолетникот, кој има здравствени проблеми, физички ги нападнал двајцата родители, а притоа искршил и дел од покуќнината.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryorktp04mm5pfaSABHoY

Залутано зрно оштетило „голф“ во двор на куќа во Арачиново

Ветробранското стакло на паркиран автомобил „голф“ било оштетено од залутано зрно од огнено оружје во дворот на куќа во Арачиново, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 11:45 часот во СВР Скопје од 49-годишен жител на Арачиново. Според пријавата, возилото било паркирано во дворот на неговата куќа кога било оштетено ветробранското стакло.На местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd9mdaq1ot08b2VrEAPc

Фински државјанин пријавил дека му било оштетено возилото, пронајдени две зрна од огнено оружје

Фински државјанин пријавил дека му било оштетено возилото додека било паркирано на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, при што биле пронајдени и две зрна од огнено оружје, информира Министерството за внатрешни работи.На 5 септември во 19:33 часот во СВР Скопје, 30-годишниот А. М. од Финска пријавил дека околу 19:10 часот му било оштетено ветробранското стакло на неговиот автомобил „мерцедес“ со фински национални ознаки.Според пријавата, тој во внатрешноста на возилото пронашол едно зрно од огнено

Македонија | пред 3 седмици

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Маж ја нападнал сопругата со стаклен предмет

Четириесет и седумгодишен жител на гостиварско село е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга, информира Министерството за внатрешни работи.На 6 септември полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле Х. А. (47), постапувајќи по пријава поднесена од неговата 49-годишна сопруга.Според пријавата, нападот се случил на 5 септември околу 22:30 часот во семејниот дом. Жената пријавила дека сопругот физички ја нападнал и ја удрил со стаклен предмет.Од МВР

Македонија | пред 3 седмици

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Скопјанец приведен во Галичник: Кај него пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и халуциногени печурки

Четириесет и седумгодишен скопјанец е лишен од слобода во Галичник откако при полициски преглед кај него биле пронајдени повеќе видови материи, информира Министерството за внатрешни работи.На 5 септември во 19 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Д. Е. (47) од Скопје на паркинг-простор во село Галичник.При прегледот кај него биле пронајдени и одземени марихуана, шест пакувања со бела прашкаста материја и едно пакување со халуциногени печурки.Лицето било задржано во полициска ст

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

Уапсен 55-годишниот маж која ја силувал вонбрачната партнерка

Педесет и петгодишен жител на Гостивар е лишен од слобода по пријава за физички и сексуален напад врз неговата вонбрачна партнерка, информира Министерството за внатрешни работи.На 5 септември во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А. С. (55) од Гостивар, постапувајќи по пријава поднесена претходниот ден од 40-годишна жена.Според пријавата, нападот се случил во нејзиниот стан во ноќта меѓу 1 и 2 септември. Жената пријавила дека нејзиниот вонбрачен сопруг физички ја нападн

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

Тешко повреден 69-годишен пешак откако бил удрен од автомобил во Струмица

Шеесет и деветгодишен пешак е тешко повреден откако бил удрен од патничко возило на улицата „Браќа Миладинови“ во Струмица, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата била пријавена на 5 септември во Полициската станица Струмица. Според информациите од МВР, автомобил „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 74-годишен жител на Струмица, удрил во пешакот Т. К. (69), исто така од Струмица.Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот цен

Македонија | пред 3 седмици

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Семејно насилство во Штип: 24-годишна жена повредена, приведен нејзиниот сопруг

Дваесет и тригодишен штипјанец е лишен од слобода по пријава за семејно насилство врз неговата сопруга, при што таа се здобила со повреди, информира Министерството за внатрешни работи.На 6 септември во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Штип го привеле О. Р. (23) од Штип, по претходно пријавен случај на семејно насилство врз неговата 24-годишна сопруга.Според пријавата, жената се здобила со повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.За случајот бил известен јавен обвините

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Жена била нападната од синот и снаата

Четириесет и осумгодишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната во својот дом од синот и снаата, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 14:20 часот во СВР Куманово. Според пријавата, нападот се случил околу 12 часот во семејната куќа во Куманово, каде што жената, како што навела, била физички нападната од нејзиниот 26-годишен син М. Џ. и неговата сопруга Б. Р., двајцата од Куманово.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryc05j9ok1bkh9c2brs1N

Ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со остар предмет: Приведен кавадарчанец

Четириесетгодишен кавадарчанец е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет, информира Министерството за внатрешни работи.На 5 септември во 14 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ј. Ф. (40), постапувајќи по претходно пријавен случај на семејно насилство. Според пријавата, тој физички ја нападнал својата 33-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, а потоа ѝ се заканувал со остар предмет.Осомничениот би

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Пронајдена марихуана кај две лица во угостителски објект во Охрид

Две лица се приведени во Охрид откако кај нив била пронајдена марихуана, информира Министерството за внатрешни работи.На 6 септември во 02:35 часот, во СВР Охрид биле приведени 31-годишниот А. Ф. од струшкото село Велешта и 30-годишниот германски државјанин Ј. Н.Лицата биле контролирани во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, при што кај нив била пронајдена марихуана.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесена соодветна прија

Македонија | пред 3 седмици

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Тешко повреден 65-годишен мотоциклист во сообраќајка во Кичево

Шеесет и петгодишен мотоциклист од Кичево е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Маршал Тито“ во Кичево.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 11:40 часот, а во неа учествувале патничко возило „голф“, управувано од 34-годишна жена од Кичево, и мотоцикл „томос“, кој го управувал 65-годишниот мотоциклист, исто така од Кичево.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болни

Македонија | пред 3 седмици

media-library2ic3h82itg505H8rGXl

Искрење од бензински тример предизвикало пожар во Брезница – уапсен 38-годишник

Полицијата лишила од слобода 38-годишен маж од Македонски Брод, по пријава дека предизвикал пожар во селото Брезница.Инцидентот се случил на 5 септември околу 10 часот, во близина на неговата куќа. Според пријавеното, при користење бензински тример за косење дошло до искрење, по што избувнал пожарот.Огнот се проширил кон соседните имоти, но за среќа нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат со ангажман на екипа од ЈП „Национални шуми“ и локалното население.Полициски службеници од ОВР Македонски

Македонија | пред 3 седмици

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Уапсен 34-годишен кавадарчанец – му пронашле бела прашкаста материја

Полицијата привела 34-годишен жител на Кавадарци за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, откако при преглед кај него биле пронајдени бела прашкаста материја и пари.Случајот се случил на 5 септември околу 22:45 часот, кога полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода К.М. (34) од Кавадарци.При прегледот кај него биле пронајдени и одземени белата прашкаста материја и парични средства. Кавадарчанецот бил задржан во полициска станица,

Македонија | пред 3 седмици

media-library3v441ivihsja208Z9sU

Тројца полицајци повредени во сообраќајка во Скопје

Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 3 септември околу 13 часот, кога службено возило „Шкода“ во сопственост на МВР, управувано од 31-годишниот Н.Ѓ. од Скопје, се судрило со патничко возило „МГ“, управувано од 29-годишниот М.М. од Кичево.Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на службеното возило и неговите сопатници, 35-годишниот Т.Џ.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryfnhsl8qe7upnfYXDoa3

29-годишник од Дебарско пијан нападнал полицајци, па кршел инвентар во станицата

29-годишен жител на Дебарско бил уапсен откако физички нападнал полицајци кои извршувале службени дејствија, а потоа оштетил дел од инвентарот во полициската станица. МВР соопшти дека тој бил под дејство на алкохол, со измерени 1,82 промили.Според полицијата, Е.А. од селото Бајрамовци, Општина Центар Жупа, ги нападнал полициските службеници на 28 август, по што бил лишен од слобода.По неговото приведување, тој оштетил дел од инвентарот во полициската станица. По извршените проверки било утврдено

Македонија | пред 3 седмици

media-library1bn6e13v9mtuftXXVi3

Во шатор на Галичник пронајдени марихуана, кокаин и таблети, уапсени пет лица

Пет лица биле лишени од слобода во Галичник откако полицијата при претрес во шаторите каде што престојувале пронашла повеќе видови недозволени супстанции.Од МВР информираат дека на 4 септември, во периодот од 19:20 до 20:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар и Полициското одделение Маврово спровеле оперативна акција во местото викано „Стопанче“.При акцијата биле лишени од слобода А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44), сите од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.При претресот на ш

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Уапсени 16 возачи: 14 возеле без положен возачки испит

Шеснаесет лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за „безобѕирно управување со возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Повеќето од нив управувале возило без положен возачки испит.Полициски службеници на различни локации во државата ги лишиле од слобода А.Х. од Штип, Ј.Ф. од Прилеп, С.М. (38) и С.В. (23) од Кочани, Ј.К. (20) од Штип, 17-годишен малолетник од Долно Количани, Ф.В. (27) од Студеничани, Е.Б. (36), И.С. (34) и В.В. (18) од Скопје, Д.П.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања