Промени тема
Контакт

МВР

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

За три дена регистрирани 1.621 сообраќаен прекршок, 43 лица уапсени

Полициските службеници во изминатите три дена регистрирале 1.621 сообраќаен прекршок на патиштата низ државата, а 43 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.Контролите биле спроведени на 24, 25 и 26 август од страна на полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи. Од вкупниот број издадени платни налози, 456 се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина.Од 43-те лица лишени од слобода поради безобѕ

Македонија | пред 1 месец

media-library9l0d1fddlu9p5vAQVd0

Исчезнат Злате Дургутовски: Последен пат се јавил од Штип и рекол дека е со повредена ногата и нема пари за да се врати

Семејство од Битола трага по Злате Дургутовски, кој е пријавен за исчезнат откако на 21 август излегол од домот и оттогаш не се вратил. Неговата сопруга Јована Ралевска апелира до сите кои можеби го виделе во Штип или на друга локација да помогнат во неговото пронаоѓање.Според нејзиното сведоштво, Злате на 21 август околу 19:05 часот излегол од домот без телефон и без пари. Два дена подоцна, на 24 август, тој контактирал со сопругата преку телефон на друго лице и ѝ кажал дека се наоѓа во Штип, д

Македонија | пред 1 месец

carsija

Скопјанец физички нападнат со метален предмет во Старата скопска чаршија

Расправија во Старата скопска чаршија прераснала во физички напад, при што 36-годишен скопјанец бил нападнат со метален предмет.Од МВР информираат дека на 25 август во 19:25 часот во СВР Скопје, А.М. од Скопје пријавил дека околу 18 часот, пред продажно место во Старата скопска чаршија, по претходна расправија бил физички нападнат од машко лице.Според пријавеното, напаѓачот употребил метален предмет.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

jasp

Се обидел да влезе во автобус во движење, потоа го нападнал возачот

Возач на автобус на ЈСП Скопје пријавил дека бил физички нападнат на автобуска станица во скопската општина Центар, откако претходно едно лице се обидело небезбедно да влезе во автобусот додека бил во движење.Од МВР информираат дека на 25 август во 20:20 часот во СВР Скопје, 49-годишниот С.С. од Скопје пријавил дека додека ги извршувал работните задачи како возач на автобус на ЈСП Скопје, на автобуска станица на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице.Според пријавеното, лицето пр

Македонија | пред 1 месец

media-library9d1221373vnl9jipQTa

Жена нападнала 45-годишен скопјанец по расправија за паркинг место

Недоразбирање околу паркинг простор прераснало во физички напад во скопската општина Центар, при што 45-годишен скопјанец го пријавил случајот во полиција.Од МВР информираат дека на 25 август во СВР Скопје, З.В. од Скопје пријавил дека околу 12:30 часот, на подрачјето на Центар, поради претходно недоразбирање за паркинг простор, бил физички нападнат од женско лице.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Насилно ја внел својата 17-годишна девојка во автомобил, приведен 21-годишник од Чашка

Полицијата во Велес приведе 21-годишен жител на Чашка по пријава дека без согласност ја внел својата поранешна 17-годишна девојка во автомобил.Од МВР информираат дека на 26 август во 1 часот по полноќ, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.О. од Чашка.Според пријавеното од очевидци, тој ја внел 17-годишната девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, без нејзина согласност.Возилото набрзо било запрено од полициски службеници, по што 21-годишнико

Македонија | пред 1 месец

media-library1onc2mgg2ldi1XN3EgN

Агресивно се однесувал кон поранешната сопруга и нејзиното семејство, приведен 41-годишен маж

Полицијата приведе 41-годишен жител на валандовско село по пријава за агресивно однесување кон неговата поранешна сопруга и членови на нејзиното семејство.Од МВР информираат дека на 25 август во 23 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода мажот, по пријава дека се однесувал агресивно кон поранешната сопруга и нејзини роднини.За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.По целосното документирање на настанот, против не

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhdh8o20jc2549qJ0jim

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект на охридска плажа, кривична пријава за скопјанец и фирма за точење алкохол на малолетни лица

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишен скопјанец и правно лице од Скопје, чиј сопственик е, поради сомнение за овозможување консумирање алкохолни пијалаци на малолетници.Од МВР информираат дека Н.С. и правното лице се пријавени за кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“ согласно со член 204 од Кривичниот законик.При полициска контрола во угостителски објект на плажа во Охрид, извршена на 29 јули 2026 година, било утврдено дека во објектот, со кој стопанисувале пријавените

Македонија | пред 1 месец

media-library2ic3h82itg505H8rGXl

Трипати предизвикал пожар кај прилепските гробишта и во Варош, кривична за 58-годишен прилепчанец

СВР Битола поднесе кривична пријава против 58-годишен жител на Прилеп, поради сомнение дека намерно предизвикал повеќе пожари.Како што информира МВР, против И.Ч. е поднесена пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност“.Според пријавеното, на 13 август 2026 година, осомничениот во три наврати предизвикал пожари на локацијата „Бараките“, во близина на новите градски гробишта во Прилеп, како и во населбата Варош.По целосно документирање на случајот, надлежните органи ќе постапуваат согл

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrma6p80la9q02W8QA5l

Гранати од Првата светска војна пронајдени при гаснење на пожар кај Новаци

Две артилериски гранати заостанати од Првата светска војна биле пронајдени при гаснење на пожар во близина на селата Арматуш и Мегленци, во Општина Новаци.Од МВР информираат дека на 24 август во 21:30 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека при гаснењето на пожарот во атарот на двете села биле пронајдени две гранати.На 25 август, гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. По извршената проверка било утврдено дека станува збор за две

Македонија | пред 1 месец

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Закани и агресивно однесување во семејниот дом: приведен 42-годишен охриѓанец

Полицијата во Охрид приведе 42-годишен жител на градот по пријава за закани и агресивно однесување кон членови на неговото семејство.Од МВР информираат дека на 25 август во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода В.К. од Охрид, постапувајќи по претходно поднесена пријава дека во семејниот дом упатувал закани и се однесувал агресивно кон членови на семејството.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

siluvanje-1-640x432-163518

48-годишен прилепчанец во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка

СВР Битола поднесе кривична пријава против 48-годишниот З.С. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, во повеќе наврати во текот на август 2026 година, пријавениот извршил обљуба врз својата малолетна поќерка.Од МВР не соопштуваат дополнителни детали за случајот, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна постапка.

Македонија | пред 1 месец

vardar-3

Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар

Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 25 август во 06:10 часот во СВР Скопје, по што екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го извлекла телото од реката.По извршеното препознавање од страна на семејството било утврдено дека се работи за Т.Г. (83) од Скопје. Неговиот син Г.Г. (46) претходниот ден пријавил дека татко му се оддалечил од домот.На местото бил

Македонија | пред 1 месец

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Ја затворил сопругата во семејниот дом, ја нападнал и ѝ се заканувал – приведен 61-годишник

Полициски службеници ја ослободиле 49-годишна жена која, според пријавата, била затворена во семејниот дом, физички нападната и изложена на закани од нејзиниот сопруг.Од МВР информираат дека на 25 август во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишиле од слобода 61-годишниот М.Б. од село во Општина Маврово и Ростуше.Полицијата постапила по претходно добиена пријава дека тој во семејната куќа ја затворил својата 49-годишна сопруга, физички ја нападнал и ѝ се закану

Македонија | пред 1 месец

media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Тројца повредени во судир на „Фолксваген“ и трактор на тетовскиот регионален пат

Тројца лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила утрово на регионалниот пат Тетово–Пирок.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 09:50 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале патничко возило „Фолксваген уп“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот А.Б. од Пирок, и трактор со тетовски регистарски ознаки, управуван од 54-годишниот Џ.А., исто така од Пирок.Во судирот со тешки телесни повреди се здоб

Македонија | пред 1 месец

614067-ischezna-15-godishna-shtitenichka-na-domot-za-deca-bez-roditeli

Пронајдена 17-годишната девојка од Желино, која беше пријавена за исчезната

Седумнаесетгодишната девојка од тетовско Желино, за која вчера било пријавено дека се оддалечила од својот дом, е пронајдена во Струга.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нејзиниот 47-годишен татко Н.М. вчера во СВР Тетово пријавил дека неговата ќерка А.Н. се оддалечила од домот.Денеска, на 25 август, тој повторно се обратил во полицијата и пријавил дека ја пронашол 17-годишната девојка во Струга.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Марихуана и канабис пронајдени при претрес во дом во Банско, приведени две лица

Две лица од струмичкото село Банско се лишени од слобода откако полицијата при претрес и преглед пронашла марихуана и стебло од растението канабис.Од МВР информираат дека на 25 август во 17 часот, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Е.Н. (21) и Џ.М. (29), двајцата жители на Банско.При претрес на домот на Е.Н., извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и стебло од растението канабис.Џ.М., кој во моментот на полициската интервенција бил зат

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl27fuq3774m43shC7zp

МВР со засилени контроли: 6.932 прекршоци и 503 кривични пријави за возачи на мопеди и мотоцикли

Повеќе од 6.900 прекршоци се констатирани во засилените сообраќајни контроли што Министерството за внатрешни работи ги спровело во периодот од 18 мај до 31 јули, насочени кон возачите на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.Од МВР информираат дека во овој период биле регистрирани вкупно 6.932 прекршоци од возачи на овие видови возила, како и дополнителни 33 прекршоци сторени од велосипедисти.Најмногу прекршоци биле констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 2.14

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr8299o9obh09bOEntd7

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Албин Курти

Поради официјалната посета на косовскиот премиер Албин Курти, во среда, 26 август, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки и ќе има измени во режимот на движење на подрачјето на градот.Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат полициските службеници и да имаат разбирање за евентуалните привремени ограничувања.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Татко го нападнал својот син

Полицијата приведе 64-годишен жител на Кратовско по пријава дека физички го нападнал својот син.Од МВР информираат дека С.К. бил лишен од слобода синоќа околу 22:35 часот од страна на полициски службеници од ОВР Кратово, по претходно пријавениот случај.По целосното расчистување и документирање на настанот, против 64-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-librarya4m2v5agpe4j9xFAm3A

26-годишен тетовец со сила му го одзел електричниот тротинет на малолетник

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишниот Б.Ш. од Тетово поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.Според пријавеното, на 20 мај 2026 година во Тетово, тој со употреба на сила му го одзел електричниот тротинет на малолетно лице.По целосно расчистување и документирање на случајот, надлежните продолжуваат со постапката против пријавениот.

Македонија | пред 1 месец

media-library9uakem203nc88ewqwYz

Мајка агресивно се однесувала и ѝ упатувала закани на 18-годишната ќерка

Полициски службеници од СВР Куманово вчера ја лишиле од слобода 53-годишната А.И. од село во Липковско, по пријава за агресивно однесување и упатување закани кон нејзината 18-годишна ќерка.Од МВР информираат дека жената била приведена во полициска станица околу 15 часот, по претходно пријавениот случај.По целосното расчистување и документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

Двајца 18-годишници физички нападнале 23-годишна девојка во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца 18-годишници од Брвеница поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.Според пријавеното, А.Ј. и Н.П. на 12 април 2026 година во Тетово физички ја нападнале 23-годишната П.Т. од село Туденце, општина Јегуновце.При нападот, на 23-годишната жена ѝ биле нанесени повреди. Полицијата продолжува со постапката во рамки на поднесената кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryncudqum4fmav5doP0gh

Затекнат со усмртено диво животно во ранец за време на сезона кога е забранет лов – приведен 56-годишен неготинец

Полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 56-годишниот К.В. од Неготино, откако бил затекнат со усмртено диво животно за време на ловостој.Случајот бил пријавен откако ловочувар од ловечкото друштво „Вардар“ од Неготино го затекнал К.В. кај местото „Горна Чешма“, во атарот на село Тимјаник, со ранец во кој имало усмртено диво животно.Полицијата извршила увид на местото, а од 56-годишникот биле одземени дивечот, ловечка пушка „Бајкал“, дозволата за поседување оружје и друга докуме

Македонија | пред 1 месец

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Ја нападнал невенчаната сопруга и запалил предмет во домот во Велес

Во Велес е пријавен случај на физички напад врз 40-годишна жена, која привремено престојувала во домот, а во истиот настан бил запален и предмет.Според пријавеното во СВР Велес, настанот се случил околу 3 часот наутро, кога Ф.К. физички ја нападнал својата невенчана сопруга. Предметот кој бил запален во домот бил изгаснат од пријателка на жената.За случајот е известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања