Промени тема
Контакт

МВР

media-library812bpdma1lkifTFPpAN

Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во Радишани – вратата ненадејно се отворила и затворила

Тригодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во инцидент со лифт во станбена зграда во Радишани, Скопје.Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 24 август во 20:00 часот. Според пријавеното, на 22 август околу 18:15 часот, 30-годишната мајка била во лифтот со своите деца кога вратата ненадејно се отворила и затворила.При тоа, нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се здобила со тешки телесни повреди. Детето било прегледано и повредите биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охрид

Македонија | пред 1 месец

media-librarydkd5ep51gvm88upuczT

Се запалил камион во движење на булеварот „Борис Трајковски“

Пожар избувнал во товарно возило во движење на крстосницата меѓу улицата „Народни херои“ и булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 24 август во 14:10 часот. Пожарот избувнал во товарно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот А.У. од Радовиш.На местото интервенирала екипа од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица.Увид извршила увидна екипа од СВР С

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuui5mm42cv9qao0aJTk

Татко го прегазил 6-годишниот син со џип додека возел во рикверц

Тешка сообраќајна несреќа во Тетово: шестгодишно дете е тешко повредено откако било прегазено од возило управувано од неговиот татко.Несреќата се случила завчера околу 8:30 часот, кога 42-годишниот маж управувал „Фолксваген Туарег“ во рикверц. При движењето наназад, со задното тркало го прегазил детето.По несреќата, шестгодишното дете било пренесено во Ургентниот центар во Тетово. Поради сериозноста на повредите, лекарите го упатиле на понатамошно лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoc45q7rtuh0013lrhpy

Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во повеќе случаи во тетовско-гостиварскиот регион

Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред и мир, како и физички напади, биле пријавени во тетовско-гостиварскиот регион во текот на 24 август.Од МВР информираат дека 24-годишен тетовец пријавил дека околу 12:30 часот, на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово, бил физички нападнат од неколку машки лица. Во врска со настанот, во СВР Тетово сам се пријавил 41-годишен маж од Тетово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.Во СВР Тетово, 60-годишен жител

Македонија | пред 1 месец

614067-ischezna-15-godishna-shtitenichka-na-domot-za-deca-bez-roditeli

Исчезна 17-годишна девојка од тетовско, последно разговарала со својата мајка и рекла дека е во Струга

17-годишна девојка од тетовско Желино е пријавена за исчезната, откако излегла од својот дом и не се вратила.Од МВР информираат дека на 25 август во 01:00 часот во Полициското одделение Групчин, Н.М. (47) од Желино пријавил дека неговата ќерка А.Н. (17) на 24 август околу 11:00 часот го напуштила домот.Според пријавеното, девојката последен пат телефонски разговарала со својата мајка, при што кажала дека се наоѓа во Струга. Оттогаш нејзиниот телефон бил недостапен.Полицијата презема мерки за про

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp3d0u4fehc2raPK0ffr

Охриѓанец физички нападнал жена од Скопје која престојувала во неговата куќа

Физички напад е пријавен во Охрид, откако маж во својот дом нападнал 40-годишна жена од Скопје која престојувала таму врз основа на договор.Од МВР информираат дека на 24 август во 21:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека Б.П. од Охрид физички ја нападнал М.П. (40) од Скопје во својата куќа.Жената престојувала во куќата врз основа на договор.Од полицијата велат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Возел без возачка дозвола и учествувал во сообраќајка, полицијата му го одзела возилото

Полицијата во Дебар привела 31-годишен маж кој учествувал во сообраќајна незгода, а потоа било утврдено дека управувал возило без положен возачки испит.Од МВР информираат дека на 24 август во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Б.Б. (31) од Дебар.Претходно, на крстосницата на улиците „Јосиф Багери“ и „Веби Дирба“ во Дебар, тој со патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода.При преземените мерки било утврдено дека Б.Б. го

Македонија | пред 1 месец

media-library6acp6g9eikev5DwJIzZ

По нарушување на јавниот ред, напад со остар предмет во Охрид: На мета мајка и три ќерки

Инцидент со остар предмет е пријавен во Охрид, откако, по претходно нарушување на јавниот ред и мир, жена се обидела да нападне четири лица.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 24 август, во 17:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „7 Ноември“, М.И. од Охрид се обидела со остар предмет да ги нападне М.Р. (39) и нејзините три ќерки, сите од Охрид.Случајот следува по претходно нарушување на јавниот ред и мир.Од МВР соопштуваат дека по целосното расчистување и д

Македонија | пред 1 месец

media-library7dk9hfnjg8siaW5YfEh

Бегал од полицијата, па удрил во ѕид и службено возило: 20-годишникот бил баран за две години казна затвор

Полициски службеници во скопското село Морани привеле 20-годишник од Студеничани, кој бил баран за издржување двегодишна затворска казна.Инцидентот се случил вчера околу 17:25 часот, кога припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го привеле Б. А.Претходно, тој управувал автомобил „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки и не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници. Набргу потоа, со возилото удрил во бетонски ѕид, а п

Македонија | пред 1 месец

media-library17k4rgcrt7s4diaywL3

Казнети 140 возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Санкционирани се 140 возачи во рамки на акциската контрола што вчера ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава, насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.Контролата се одвивала од 17 до 22 часот, а најголемиот дел од констатираните прекршоци, односно 102, се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем — кацига. При контролите биле откриени и двајца возачи кои управувале под

Македонија | пред 1 месец

kanjonmatka

Расправија за чамец во Долна Матка прерасна во физички напад: Семејство нападнато од три лица

Инцидент во Долна Матка при расправија околу прошетка со чамец завршил со физички напад врз тричлено семејство од гостиварското село Неготино.Според информациите од МВР, 47-годишна жена пријавила дека вчера околу 10:30 часот, по претходна расправија со вработен во комплексот околу прошетка со чамец, таа, нејзиниот сопруг и нивната ќерка биле физички нападнати од три лица.Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 11:30 часот.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување н

Македонија | пред 1 месец

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Десет возачи лишени од слобода за безобѕирно возење, девет биле без дозвола

Десет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило, информира Министерството за внатрешни работи.Од нив, девет возачи управувале без возачка дозвола, а двајца од нив биле малолетници. Еден од возачите предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета, додека друг управувал возило под дејство на алкохол.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Полицијата повторно апелира

Македонија | пред 1 месец

bremenost-960x640

Лажна бременост вредна 18.000 евра: Го убедила партнерот од Косово дека ќе стане татко за да ѝ испраќа пари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишна жена од селото Дебреше, гостиварско, поради сомнение дека со измама од својот партнер од Косово добила 18.000 евра.Според МВР, Е.Р. го довела партнерот во заблуда дека е бремена и дека детето е негово. Верувајќи во тоа, тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари ѝ испратил вкупно 18.000 евра.Подоцна, според пријавеното, жената признала дека го лажела дека детето е негово со цел тој да ѝ испраќа пари.Против неа е поднесена кривична приј

Македонија | пред 1 месец

media-librarysasrcqetedop2jWM3rs

Маж ѝ се заканувал на сопругата и ги малтретирал неа и децата

Триесет и петгодишна жена од скопско пријавила дека подолг период била физички и психички малтретирана од нејзиниот сопруг, кој, според нејзиното сведоштво, упатувал закани и кон нивните малолетни деца.Случајот бил пријавен на 23 август во 16:30 часот во СВР Скопје. Жената навела дека на 13 август, во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, нејзиниот 34-годишен сопруг агресивно се однесувал и упатувал закани кон неа и децата.Според пријавеното, ваквото однесување траело подолг временс

Македонија | пред 1 месец

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Му го украле автомобилот пред домот во Џепчиште

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот Л.А. од селото Теарце, кој се сомничи дека одзел патничко возило во Џепчиште.Според МВР, на 21 август осомничениот наводно го одзел автомобилот „Рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 37-годишниот Б.В. од Џепчиште. Возилото било одземено пред домот на сопственикот.Л.А. бил лишен од слобода на 23 август во 14:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово.Украденото возило било пронајдено и вратено н

Македонија | пред 1 месец

media-library9uakem203nc88ewqwYz

По расправија, жена ја нападнала својата сестра

Педесет и тригодишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од нејзината сестра во семејниот дом.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 23 август во 15:30 часот. Жената пријавила дека нападот се случил ден претходно, околу 18:00 часот, по претходна расправија со нејзината сестра.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd9mdaq1ot08b2VrEAPc

Заталкан куршум оштетил автомобил на „АСНОМ“

Паркирано патничко возило било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје на булеварот „АСНОМ“ во Скопје.Случајот бил пријавен на 23 март во 15:53 часот во СВР Скопје од 34-годишната Е.Ј. од Скопје. Таа пријавила дека нејзиното патничко возило „Киа“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на булеварот, било оштетено од зрното.Зрното било подигнато, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до оштетувањето.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Изгубил контрола и паднал со мопед, тешко повреден Неготинец

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Неготино, при што 45-годишен мопедист се здобил со тешки телесни повреди.Според информациите од МВР, несреќата се случила околу 10:40 часот на крстосницата од улицата „Индустриска“ со крак од истата улица. Р.Т. од Неготино, кој управувал мопед со неготински регистарски ознаки, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и паднал.Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци.Ув

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

Трактор и „голф“ се судрија кај Алешевце, четворица повредени

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат меѓу селата Алешевце и Слупчане, во атарот на Алешевце, општина Липково.Според информациите од МВР, во несреќата учествувале трактор „ИМТ“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 32-годишниот С.М. од селото Черкези, и патничко возило „Фолксваген голф“, управувано од 64-годишниот С.Ќ. од Куманово.Тешки телесни повреди претрпеле сопатниците во тракторот, Ш.М. и М.М. Двајцата возачи

Македонија | пред 1 месец

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Мотоциклист тешко повреден во судир на три возила во Скопје

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата на булеварот „АСНОМ“ и сервисните улици што водат кон хотелот „Хилтон“ во Скопје, информира МВР.Несреќата била пријавена околу 20:10 часот, а во неа учествувале патничко возило „пежо“, управувано од 43-годишната В.М. од Скопје, мотоцикл „хонда“, управуван од 26-годишниот Д.М. од Скопје, и „фиат пунто“, управуван од 40-годишниот А.Б. од скопското село Љубин.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телес

Македонија | пред 1 месец

lekari-715x420

Вработен на акушерско одделение нападнал колешка во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 67-годишен тетовец поради сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, К.К. (67) од Тетово, кој бил вработен на акушерско одделение, на 29 мај годинава агресивно се однесувал кон своја колешка, по што ја турнал.По целосното расчистување на случајот, надлежните институции ќе постапуваат согласно законските процедури.

Македонија | пред 1 месец

nakit

Двајца велешани осомничени дека украле накит од домот на 73-годишна жена

Две лица од Велес се лишени од слобода под сомнение дека извршиле кражба од домот на 73-годишна велешанка, информира Министерството за внатрешни работи.На 22 и 23 август, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Е.А. (35) и Н.Н. (36), двајцата од Велес. Според пријавеното, тие се сомничат дека од домот на 73-годишната жена одзеле накит.За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на настанот, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни приј

Македонија | пред 1 месец

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Драма во двор во Охрид: Со дрвен предмет удирал по бокс за кучиња, па ја нападнал сопственичката

Жена од Охрид пријавила дека била физички нападната во својот двор, откако сограѓанин со дрвен предмет удирал по металниот бокс во кој ги чувала своите кучиња.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 23 август во 11:34 часот во СВР Охрид. Инцидентот се случил во дворно место на улицата „Крсте Мисирков“, сопственост на 57-годишната М.Ц.Оттаму информираат дека М.Ц. од Охрид најпрво удирал со дрвен предмет по металниот бокс, по што физички ја нападнал сопственичката.По целосното докумен

Македонија | пред 1 месец

media-library6acp6g9eikev5DwJIzZ

Скопјанец со остар предмет се заканувал и се обидел да нападне охриѓанец

Полициски службеници од СВР Охрид синоќа го лишиле од слобода 46-годишниот М.С. од Скопје, по пријава дека со остар предмет се заканувал и се обидел да нападне 30-годишен охриѓанец.Инцидентот се случил на 23 август околу 21:25 часот на паркинг-простор во Охрид. По пријавата, полицијата веднаш презела мерки и го привела осомничениот.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryff65cj8cn0o43RJO8pO

Петмина возеле пијани, седум без дозвола: МВР приведе 13 возачи

Тринаесет возачи се лишени од слобода во изминатото деноноќие на територијата на целата држава поради „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од приведените, седум управувале возило без возачка дозвола, а еден од нив бил малолетник. Еден од возачите, покрај тоа што немал дозвола, бил и под дејство на алкохол.МВР информира дека меѓу лишените од слобода е и странски државјанин кој бил запрен на граничниот премин Табановце.Преку системот „Безбеден град“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања