Промени тема
Контакт

ЊУЈОРК

media-librarytmg7b0d3qp518VjJyOx

Мамдани ја распушта контроверзната полициска единица во Њујорк, забранува солзавец и опколување демонстранти

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, најави распуштање на Стратешката група за реагирање (SRG) при њујоршката полиција, единица која со години беше на удар на критики од организации за заштита на граѓанските права поради наводна прекумерна употреба на сила. Со оваа одлука, Мамдани го исполнува предизборното ветување за нејзино укинување.Наместо досегашната единица, ќе биде формирано Одделение за дијалог со заедницата и деескалација, под надлежност на градоначалничката Канцеларија за безбед

Свет | пред 3 дена

media-libraryo34ncncg0fpdaTYxNli

(Видео) Новогодишната магија пристигна во Њујорк: Поставена елката во центарот Рокфелер

Празничната атмосфера полека го освојува Њујорк откако новогодишната елка за 2026 година беше поставена во познатиот центар Рокфелер. Со нејзиното пристигнување еден од најпрепознатливите симболи на празничната сезона во американската метропола повторно го зазема своето место.Поставувањето на елката традиционално го означува почетокот на празничните подготовки, а во наредниот период таа ќе биде украсена и осветлена, привлекувајќи бројни посетители и туристи. Центарот Рокфелер и оваа година ќе ст

Свет | пред 1 седмица

media-librarynbsibuopn1pq8aJ0rMZ

Шест загинати и седум повредени во пожар во куќа во Бруклин

Шест лица го загубија животот, а седуммина се повредени во голем пожар што избувнал рано утринава во двокатна куќа во Бруклин, Њујорк, САД, соопштија градските противпожарни служби.Пожарот избувнал околу 1:40 часот по локално време во станбен објект во населбата Сансет Парк. На местото веднаш биле испратени повеќе од 200 припадници на итните служби, а огнот бил ставен под контрола по околу три часа, пренесува „Еј-Би-Си њуз“.Четири лица загинале на самото место, додека две други, кои се здобиле с

Свет | пред 2 седмици

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Прва смрт од мали сипаници во Њујорк по повеќе од 30 години

Дете почина од заболување поврзано со мали сипаници во руралниот дел на северот на американската држава Њујорк, соопштија здравствените власти. Ова е прв смртен случај од ваков вид во државата по повеќе од три децении и четврти во САД од почетокот на годинава.Според податоците на здравствените служби, до 30 октомври во САД биле потврдени 4.666 случаи на мали сипаници, речиси двојно повеќе од вкупниот број во текот на минатата година. Во државата Њујорк, до 24 октомври биле регистрирани 178 случа

Свет | пред 2 седмици

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Терминално болните во Њујорк ќе можат законски да побараат лекови за прекин на животот

Американската сојузна држава Њујорк стана 14-та држава во САД, заедно со Дистриктот Колумбија, која ја легализира медицинската помош при умирање за лица со терминални заболувања.Со новиот закон, полнолетни пациенти на кои лекарите им прогнозирале животен век до шест месеци, под строги законски услови ќе можат да побараат лекови со кои самите ќе го прекинат својот живот.Законот стапи во сила по повеќегодишна политичка и општествена дебата, во која се спротивставија Католичката црква, дел од здрав

Свет | пред 3 месеци

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Епидемија во Њујорк: 90 заразени и шест починати од легионерска болест

Бројот на починати од легионерска болест во Њујорк се искачи на шест, додека вкупно 90 лица се заразени во епидемијата што го зафати квартот Апер Ист Сајд на Менхетен, во близина на Централ Парк.Градските здравствени власти соопштија дека од 17 јули не се регистрирани нови случаи на заболувањето. Во моментов шест пациенти се хоспитализирани, додека 65 лица од почетокот на епидемијата се пуштени на домашно лекување.Властите информираа дека десетици разладни кули, во кои била откриена бактеријата

Свет | пред 3 месеци

media-library8ogo3a6edoub7rkZ7Go

(Фото) „Magna Mater“ на Синиша Кашавелски изложена на една од најзначајните светски изложби

Македонскиот ликовен уметник Синиша Кашавелски со своето дело „Magna Mater“ е дел од престижната 17th/18th International ARC Salon Exhibition, која се одржува во изложбениот простор на Sotheby’s во Њујорк, во организација на Art Renewal Center (ARC). Изложбата беше отворена на 17 јули и ќе трае до 27 јули.На годинашното издание на ARC Salon се претставени речиси 100 наградени дела од 20 земји, избрани меѓу повеќе од 8.500 пријавени дела од речиси 90 држави. Оваа изложба се смета за една од најзн

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykkbeotev1k8bb9fUDSi

Њујорк ја стопира изградбата на нови центри за вештачка интелигенција поради огромната потрошувачка на струја

Американската сојузна држава Њујорк воведе едногодишен мораториум за изградба на нови големи дата-центри за вештачка интелигенција, станувајќи првата држава во САД што донесе ваква мерка.Гувернерката Кети Хокул потпиша извршна наредба со која се забранува изградба на нови дата-центри што трошат 50 или повеќе мегавати електрична енергија. Таа изјави дека ваквите објекти претставуваат сериозен товар за електроенергетската мрежа и придонесуваат за раст на сметките за струја кај граѓаните.„Овие огро

Свет | пред 4 месеци

media-libraryd8nnfqivo2au68lGh5i

(Видео и Фото) Ако ние помогнеме, македонската народна музика ќе одекне во Њујорк – учениците од „Орце Николов“ бараат поддршка

Дваесетина ученици од Оркестарот на СУГС Гимназија „Орце Николов“ во септември ќе ја претставуваат Македонија во Њујорк, откако го освоија првото место на престижниот меѓународен натпревар International Youth Music Competition (IYMC). За да отпатуваат и да настапат пред светска публика, младите музичари апелираат за финансиска поддршка.Како награда за освоеното признание, оркестарот доби покана за два концерта во Њујорк, каде ќе ја промовира македонската народна музика преку автентични аранжмани

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykkbeotev1k8bb9fUDSi

Њујорк воведува правило „Кликни за откажување“ – крај за претплатничките замки

Градот Њујорк ќе воведе нова политика со која компаниите ќе бидат обврзани да им овозможат на потрошувачите лесно да ги откажат своите претплати преку правилото наречено „Кликни за откажување“, а истовремено ќе бидат забранети и скриените трошоци при продажба на производи и услуги.Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, и комесарот на Одделот за заштита на потрошувачите и работниците, Самуел Левин, соопштија дека станува збор за прва ваква политика што ја воведува локална власт во САД.Правило

Свет | пред 4 месеци

media-libraryhopu1a1oookucOk8hPc

Пукање за време на прославата на Денот на независноста во Њујорк: Осуммина ранети, меѓу нив четири деца

Најмалку осум лица, меѓу кои и четири деца, се повредени во пукање што се случило доцна синоќа за време на прославата на Денот на независноста на САД на Кони Ајленд, во Њујорк.Според информациите на њујоршката полиција, инцидентот бил пријавен околу 22:37 часот по локално време на улицата „Вест 31“ во Бруклин, по што на местото веднаш биле испратени полициски екипи.Меѓу повредените има двајца мажи, две жени и четири деца на возраст од шест, седум, 12 и 14 години. Сите биле пренесени во болница,

Свет | пред 4 месеци

media-librarytdgcs6c1ug67fCz5Oym

(Видео) Хорор во Њујорк: Маж се самозапали во знак на протест за Тибет пред седиштето на ОН

Тибетски активист почина откако се самозапали пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк, во чин што извори од тибетската заедница го опишуваат како протест против кинеската политика во Тибет.Инцидентот се случил во четврток околу 19 часот по локално време, во близина на седиштето на ОН на Менхетен. Според американските медиуми, мажот бил итно пренесен во болницата „Белви“, каде што подоцна им подлегнал на повредите.Според информации објавени од Радио Слободна Азија, активистот бил идентифику

Свет | пред 4 месеци

media-librarygtkfbap02dl6fbKzRLa

Просидба на врвот од облакодер во Њујорк заврши со апсење

Две лица се приведени откако нелегално се искачиле на врвот на антената на облакодерот „Емпајер стејт билдинг“ во Њујорк, каде што се свршиле и развиле транспарент со порака за мир, соопшти Полицијата на Њујорк.Станува збор за Анџела Николау и Иван Кузњецов, кои не пружиле отпор при приведувањето. Истражителите сè уште утврдуваат како успеале да влезат во дел од зградата што не е достапен за јавноста, пренесува „Гардијан“.Двајца припадници на специјалната полициска единица се искачиле по скали д

Свет | пред 4 месеци

media-libraryo9vvn2pj0cfd4dKa8B9

(Видео) Непознати лица со недели влегуваат во подземните канали на Њујорк

Њујоршката полиција започна истрага по серија необични инциденти во кои групи луѓе биле забележани како влегуваат и излегуваат од градскиот канализациски систем.Според американските медиуми, надзорни камери во делови од Бруклин и Квинс снимиле неколку мажи како отвораат шахти, се спуштаат во подземните канали и повторно се појавуваат по неколку часа.Засега не е утврдено дали станува збор за иста група што стои зад сите случаи. Од њујоршката полиција соопштија дека минатата недела биле примени по

Свет | пред 5 месеци

media-libraryqmrgtdl3nqds3lvK8XP

(Видео) Њујорк во чад: Автомобил се запали и експлодираше кај Волстрит

Голем пожар и експлозија на автомобил предизвикаа паника во финансискиот кварт на Њујорк за време на вечерниот метеж, откако возило се запали во близина на познатата статуа „Charging Bull“.Инцидентот се случил на раскрсницата меѓу Бродвеј и Стоун Стрит, во непосредна близина на седиштето на њујоршката транспортна агенција МТА.Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како возилото, кое наводно било поврзано со МТА, целосно е зафатено од пламен, додека густ чад се издига над Волстрит.Според

Свет | пред 5 месеци

media-library3hnhju0iru71bsoVNTv

(Видео) Бебе убиено во Њујорк: Седуммесечно девојче жртва на улична престрелка

Седуммесечно девојче е убиено од огнено оружје додека родителите го туркале во количка на улица во Њујорк, среде бел ден, соопшти полицијата. Властите веруваат дека бебето било случајна жртва на престрелка поврзана со пресметка меѓу банди, објави BBC.Пукањето се случило во квартот Вилијамсбург во Бруклин, каде што две лица на мотор се движеле во спротивен правец. Сопатникот извадил пиштол и испукал најмалку два куршума, изјавила началник на њујоршката полиција, Џесика Тиш.„Живот што штотуку запо

Свет | пред 7 месеци

media-libraryk6aukb4lem9md7BSm2L

Двајца пилоти загинаа во тешката несреќа на аеродромот во Њујорк

Две лица загинаа во несреќа на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк, јавува Би-Би-Си. Во несреќата се повредени повеќе лица, меѓу кои има и двајца пожарникари.Авионот на пистата, по слетувањето, удрил во противпожарно возило кое било таму поради друг инцидент. Станува збор за авион на „Ер Канада Експрес“ кој пристигнал од Монтреал.– Итните протоколи за реагирање веднаш беа активирани – соопштија од аеродромот.На местото веднаш излегле сите итни служби. Во авионот имало околу 70 лица, а по несреќат

Свет | пред 7 месеци

media-libraryk6aukb4lem9md7BSm2L

(Видео) Авион се судри со противпожарно возило во Њујорк

Регионален авион на компанијата „Ер Канада експрес“ се судрил со возило на пистата по слетувањето на аеродромот ЛаГвардија во Њујорк доцна во неделата навечер, што довело до затворање на аеродромот.Станува збор за авион од типот CRJ-900, кој пристигнувал од Монтреал, а според податоците од платформата за следење летови „Флајтрадар24“, удрил во возило со брзина од околу 24 милји на час непосредно пред полноќ.Летот го извршувала компанијата „Џез авиејшн“, регионален партнер на „Ер Канада“. И двете

Свет | пред 7 месеци

media-library70g8kg4to37a2jWj8cw

(Видео) Елката во Њујорк пристигна – започнува магијата на празниците пред „Рокфелер центар“

Големата божиќна елка пред „Рокфелер центар“ – еден од најпрепознатливите симболи на празниците во светот – денеска официјално пристигна во Њујорк, означувајќи го почетокот на празничната магија во градот кој никогаш не спие.Оваа година, елката е норвешка смрека висока околу 23 метри, донесена од градчето Ист Гринбуш во државата Њујорк. По транспорт од речиси 240 километри, масивното дрво беше поставено на познатото плоштадче пред 30 Rockefeller Plaza, каде што ќе биде украсено со повеќе од 50.0

Свет | пред 1 година

media-librarytmg7b0d3qp518VjJyOx

Зохран Мамдани извојува историска победа: Прв пат во четиривековното постоење, Њујорк го има најмладиот социјалистички градоначалник

Зохран Мамдани, роден во Уганда и преселен во САД на седумгодишна возраст, е првиот муслиман и најмладиот во последните 100 години кој избран за градоначалник на Њујорк. Тој го победи Ендру Куомо со убедлива предност.За Мамдани, гласале 50,4 проценти од избирачите, додека Куомо добил 41,6 проценти од гласовите, републиканецот Кертис Слива освоил само 7,1 процент од гласовите.Неговата визија за социјален и подостапен град му ја донесе големата победа, најавувајќи замрзнување на кириите во Њујорк,

Свет | пред 1 година

media-library49hubqbe8psu3V77XAe

(Видео) Несреќа на аеродрмот во Њујорк, се судриле два авиони, едниот слетувал, другиот требало да полета!

Авионска несреќа во Њујорк, синоќа на пистата на аеродромот Ла Гвардија се судриле два авиона, при што две лица биле повредени, соопштија аеродромските власти и авиокомпанијата Делта ерлајнс.Инцидентот во кој беа вклучени два авиони на регионалната авиокомпанија „Делта“, „Ендевор Ер“, се случи во 21:58 часот по локално време. Едниот авион слетуваше, а другиот се подготвуваше за полетување, соопшти раководството на аеродромот.Делта соопшти дека член на екипажот на еден од авионите претрпел полесн

Свет | пред 1 година

media-libraryptd3869s9li00pSYpHp

(Видео) Драма во Њујорк: Дел од облакодер се сруши – евакуирани десетици жители

Во населбата Мот Хејвен во Бронкс, во средата наутро дел од зграда се урна поради сомнеж за експлозија на гас во шахтата за отпад, соопшти Противпожарната служба на Њујорк (FDNY).Инцидентот се случил кратко по 8 часот наутро, а на местото веднаш пристигнале десетици пожарникари. Според првичните информации, биле евакуирани околу 40 станови. За среќа, нема извештаи за повредени лица, јави локалниот „Фокс“.Њујорчани, бев известен за вонредна ситуација во областа Мот Хејвен во Бронкс, изјави градон

Свет | пред 1 година

media-librarycnaag5t0056f7Hv1Koj

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот Колумбија во Њујорк во рамки на Светскиот лидерски форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Светскиот лидерски форум на Универзитетот Колумбија, истакнувајќи дека проширувањето на Европската Унија кон Западен Балкан не е само техничко прашање, туку клучно за стабилноста и безбедноста на регионот.Интеграцијата на земјите од регионот не е само техничко прашање, туку и безбедносен императив, за што е неопходна солидарност и стратешка решителност, рече претседателката пред академската заедница.Таа посочи дека ирационалната билатерализ

Македонија | пред 1 година

novak-dzokovic-4

Ѓоковиќ се жали од марихуаната во Њујорк

Последниве денови неколку тенисери изразија незадоволство од мирисот на марихуана кој се чувствува на терените во Њујорк. Најпрво реагираше Каспер Руд, кој истакна дека „најголемата деградација на турнирот е тоа што сега сè мириса на марихуана, дури и во објектите на самиот турнир“. „Мора да се помириш со тоа, но мене тоа не ми е омилен мирис,“ додаде норвешкиот тенисер.Слично мислење изрази и Новак Ѓоковиќ, кој по победата во второто коло против Зек Свајда им изјави на српските новинари дека ми

Спорт | пред 1 година

Tamuraa

Крвав вооружен напад во Њујорк! Откриен и идентитетот на напаѓачот и мотивот, оставил проштално писмо

Шeјн Девон Тамура (27), е вооружениот човек кој уби четири лица во бизнис зграда во Њујорк, пред да си го одземе животот. Тој оставил порака пред самоубиство во која тврди дека страда од хронична трауматска енцефалопатија (CTE) и побарал неговиот мозок да биде анализиран по неговата смрт, објави Си-Ен-Ен.Писмо пронајдено по пукањетоВо кратко писмо од три страници пронајдено во неговиот џеб, Тамура напишал: „Тери Лонг и американскиот фудбал ми дадоа CTE и пиев галони антифриз поради тоа. Не можеш

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања