Промени тема
Контакт

УКРАИНА

Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

Кремљ откри детали од разговорот меѓу Путин и Трамп: „Никој не сакаше прв да ја спушти слушалката“

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во петокот траел час и половина и бил содржаен и пријателски, а двајцата лидери не сакале први да го прекинат повикот, изјави советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков.„Никој не сакаше прв да ја спушти слушалката. Разговорот го прекинаа истовремено, буквално во ист момент“, рече Ушаков во саботата.Според информациите, двајцата претседатели разговарале и за испорака на руски дизел во САД и н

Свет | пред 4 седмици

Dmitry-Medvedev-2016

Медведев: Изјавите на Трамп нема да ѝ донесат победа на Русија

Рускиот политичар Дмитриј Медведев порача дека Русија нема да ја доближат до победа во војната против Украина изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, туку руското оружје. Неговата реакција следуваше откако Трамп повторно го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради тоа што не постигнал договор со Русија.Трамп изјави дека Зеленски би бил во многу подобра позиција доколку постигнел договор пред две години. Според американскиот претседател, украинскиот лидер имал пов

Свет | пред 4 седмици

media-libraryflle2iredo5hcvU6wBr

Трамп најави енергетско примирје, Зеленски вели дека не знаел за договорот

Украина е подготвена да прифати прекин на нападите врз енергетската инфраструктура доколку и Русија се согласила на таков договор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочувајќи дека најавата од американскиот претседател Доналд Трамп за примирје била новост за него.„Ако Русите се согласиле на енергетско примирје, Украина ќе се согласи. Ако претседателот Трамп го договорил тоа со Путин, ве молиме кажете ни кога почнува примирјето. Подготвени сме и ќе го прифатиме“, изјави Зеленски

Свет | пред 4 седмици

media-library66h95ii86ar5aDVpbdj

Трамп: Енергетското примирје меѓу Русија и Украина стапува во сила веднаш, двете страни се согласиле

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека енергетското примирје меѓу Русија и Украина стапува во сила веднаш, додавајќи дека двете страни се согласиле со договорот.„Веднаш стапува во сила енергетското примирје во војната меѓу Русија и Украина. Двете страни се согласија. Не го прекршувајте!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Во објавата, американскиот претседател не изнесе дополнителни детали за опфатот на договорот, неговото времетраење или начинот на кој ќе се след

Свет | пред 4 седмици

ilon-mask

По Трамп и Маск бара заминување на Зеленски: „Време е Украина да добие нов лидер“

Американскиот милијардер Илон Маск му се приклучи на претседателот на САД, Доналд Трамп, во повиците за промена на украинското раководство, оценувајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „отишол предалеку“ и дека е време Украина да добие нов лидер, објави украинскиот медиум „Киев пост“.Изјавата на Маск следуваше откако Трамп вчера отворено побара промена на украинскиот претседател, обвинувајќи го Зеленски дека одбива да постигне мировен договор со Русија и дека со украинските напади

Свет | пред 4 седмици

FcbveISA2D-kako-amerikanskiot-kongres-mu-namigna-na-putin-a-mu-vrza-vrela-slakanica-na-tramp

Украинска пратеничка: Трамп и Путин бараат Украина да добие нов претседател

Украинската опозициска пратеничка Кира Рудик оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин имаат исто барање: Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Таа ја даде изјавата во разговор за „Скај њуз“, откако Трамп јавно повика на промена на украинското раководство.„Всушност, во светот има двајца лидери кои бараат Украина да добие нов претседател. Првиот е претседателот Трамп, а вториот е диктаторот Путин“, изјави Рудик, која ја предводи

Свет | пред 4 седмици

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Трамп бара смена на Зеленски: „Време е Украина да добие нов претседател“

Американскиот претседател Доналд Трамп отворено повика Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски, обвинувајќи го украинскиот лидер дека не постигнува договор за завршување на војната со Русија. Изјавата ја даде пред новинарите во Белата куќа, во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Киев по договорот за испорака на руски дизел, објави АП.„Знаете што предлагам? Предлагам да добијат нов лидер кој би можел да постигне договор. Тој можеше да постигне многу договори, но од неко

Свет | пред 4 седмици

media-library7njld19fesuabfYGi6y

(Видео) Бројот на жртви во Запорожје расте, Зеленски: Ова е благодарноста на Путин за дизелот

Најмалку 12 лица, меѓу кои три деца, загинале во руски напад со наведувани бомби врз украинскиот град Запорожје, а уште 14 се повредени, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.Според него, Русија фрлила пет наведувани бомби врз станбени згради во раните утрински часови. Меѓу повредените, две лица се во тешка состојба, а лекарите се борат за нивниот живот. Се проверуваат и информациите за уште 12 лица кои можеби се наоѓале на погоденото место.Спасувачките екипи и другите надлежни служ

Свет | пред 4 седмици

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Русија нема намера да запре: Путин му порачал на Трамп дека ќе ги оствари сите цели

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрлил можноста за мировни преговори со Украина. Тој порачал дека Русија ќе продолжи да се бори сè додека не ги оствари „сите свои цели“, изјави помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, пренесува „Правда“.Ушаков за руските медиуми изјавил дека Трамп „срдечно му го честитал роденденот на Путин, неформално му посакал успех и благосостојба и ги пренел поздравите од првата дама“.Путин му се заблагодарил

Свет | пред 4 седмици

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Украина пријави 78 загинати и 215 ранети во руските напади, Зеленски ги обвини САД за недоволна помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара поголема поддршка од САД за одбраната на земјата, откако соопшти дека во руските напади во текот на два дена загинале 78 лица, а 215 биле повредени. Тој оцени дека Вашингтон не покажува доволна подготвеност да ѝ помогне на Украина, пренесе Ројтерс.За време на разговор со новинарите во Прилуки, на 8 октомври, Зеленски побара проширен пристап до сателитската услуга „Старлинк“, за украинските сили да можат да ги гаѓаат руските лансери за балистички

Свет | пред 1 месец

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски го загуби трпението, остро ги нападна Американците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ги критикуваше САД поради, како што оцени, недоволниот притисок врз Русија да прифати мировни преговори. Тој порача дека Вашингтон има можност да го натера Владимир Путин да седне на преговарачка маса, но дека за тоа недостига политичка волја.Зеленски зборуваше за време на посетата на украинскиот град Прилики, кој претходно беше цел на смртоносен руски напад. Неговите изјави уследија откако американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека вој

Свет | пред 1 месец

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Војната во Украина е во опасна позиција

Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека војната во Украина се наоѓа во опасен ќорсокак и порача дека САД ќе продолжат да работат на постигнување договор за нејзино завршување.„Би сакале да видиме договорно решение на оваа војна кое е трајно, одржливо и праведно. Тоа е она на што остануваме посветени“, изјави Рубио пред новинарите за време на посетата на Португалија.Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите недели се обидува да ги оживее преговорите за

Свет | пред 1 месец

media-librarynsot6sp8708b6ap5PnH

(Фото) 33 лица загинаа, а 18 се повредени во напад врз автобуска станица во Украина

Најмалку 33 лица загинале, а 18 се повредени во руски напад со наведувана бомба врз автобуска станица во Краматорск, соопшти гувернерот на Доњецката област, Вадим Филашкин.Според првичните информации, биле погодени два автобуса. На фотографиите од местото на нападот се гледа најмалку еден целосно изгорен автобус.По нападот, воените управи на Краматорск и Славјанск наредиле целосен прекин на јавниот превоз. Филашкин изјави дека цивилните цели биле намерно погодени, но ова е негова оценка за напад

Свет | пред 1 месец

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Рускиот гас би можел да се врати во Европа додека трае војната во Украина

Можноста американски инвеститор да стане дел од сопственичката структура на гасоводот Северен тек била тема на разговори меѓу високи руски и американски претставници, меѓу кои и специјалниот пратеник на САД, Џаред Кушнер. Пет извори запознаени со ситуацијата потврдиле дека станува збор за гасоводот преку кој Германија пред руската инвазија на Украина добиваше руски природен гас.Во разговорите учествувале Кирил Дмитриев, близок советник на рускиот претседател Владимир Путин, и Кушнер, зет на амер

Свет | пред 1 месец

media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Мелони загрижена за цените на горивото и енергијата: „Треба да ги слушаме САД“

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска на самитот МЕД9 во Сплит изјави дека Европската Унија, во контекст на загриженоста поради цените на горивото, гасот и енергијата, треба да слуша што зборуваат Соединетите Американски Држави.Италијанската премиерка изрази загриженост поради цените на горивото, гасот и енергијата воопшто. Во тој контекст, таа истакна дека треба да се слуша што зборуваат Соединетите Американски Држави, пренесува „Јутарњи лист“.Таа наведе дека на јавноста треба да ѝ се об

Свет | пред 1 месец

media-libraryefs5qfh0nrc521DwzCJ

Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина, погодена станбена зграда

Најмалку 11 лица загинаа во новиот голем руски воздушен напад врз повеќе украински градови, додека десетици други се повредени. Нападите биле изведени со различни видови ракети и беспилотни летала.Најтешко е погоден градот Прилуки во Черниговската област, каде што руски проектил погодил станбена зграда. Според досегашните информации, загинале најмалку пет лица, а 26 се повредени, меѓу кои и пет деца. Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините поради можноста под нив да има уште

Свет | пред 1 месец

media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад врз Украина

Русија подготвува нов масовен напад врз Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на најновите разузнавачки податоци на украинските служби.„Подготвуваме одговор“, напиша Зеленски на социјалните мрежи по средбата со владини и воени претставници.Украинскиот претседател соопшти и за руските напади врз неколку болници во изминатите 24 часа, особено во Краматорск и Криви Рог.Во врска со противвоздушната одбрана, Зеленски потврди дека Украина ја поседува потреб

Свет | пред 1 месец

ukraina-grad-zelesnski

„Ќе умреме оваа есен“: Украински град останува без храна, околу 2.000 луѓе заробени меѓу мини и дронови

„Ќе умреме оваа есен. Јас веќе умирам. Секој ден сум сè послаб“, гласи една од пораките што стигнале од Олешки, украински град под руска окупација во кој околу 2.000 цивили се соочуваат со недостиг од храна, вода, лекови и основни услови за живот.Градот во Херсонската област се наоѓа непосредно на линијата на фронтот, од другата страна на реката Днепар во однос на Херсон. Минските полиња, постојаното присуство на дронови и борбите практично го отсекле од околината, а евакуацијата е исклучително

Свет | пред 1 месец

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека уништувањето на руските рафинерии од страна на Украина е една од причините за зголемувањето на цените на бензинот во САД. Тој истовремено оцени дека ситуацијата со Ормускиот Теснец повеќе не влијае врз цената на горивото.„Она што сега повеќе не ја зголемува цената на бензинот е Ормускиот Теснец, бидејќи низ него речиси секојдневно се испорачуваат рекордни количини нафта, туку ситуацијата со рафинериите“, напиша Трамп на својата социјална мрежа T

Свет | пред 1 месец

media-libraryfvlsobqfonkg57HgRXO

Киев тврди дека со напади е оневозможено повеќе од 51 отсто од руските нафтопреработувачки капацитети

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека неодамнешните операции со оружје со долг дострел предизвикале штета на повеќе од 51 отсто од руските капацитети за преработка на нафта.Министерот за одбрана Јевхен Хмара изјавил дека проценката се темели на податоци од разузнавачките служби и аналитичарите на Генералштабот. Според него, повеќе од половина од капацитетите на Русија се надвор од функција како резултат на, како што наведе, систематски и планирани напади.Хмара меѓу неодамна погодените

Свет | пред 1 месец

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Русија ѝ ја предава на Северна Кореја технологијата за напредни борбени дронови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти Русија со својот долгогодишен сојузник, Северна Кореја, споделува напредна воена технологија, вклучително и технологија за производство на борбени дронови со млазни мотори.На директно новинарско прашање дали Москва му ја предала на Пјонгјанг технологијата за најновата генерација млазни беспилотни летала, Зеленски одговорил потврдно.„Секако. Тие со Северна Кореја ги споделуваат сите технологии. Не знам точно за балистичките и сличн

Свет | пред 1 месец

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски од Киев: „Русија ескалира, дали навистина мислат дека нема да одговориме?“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска обвини дека Русија намерно ја засилува војната со напади врз цивилната инфраструктура и порача дека на секој напад ќе следи одговор.Зеленски говореше на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Киев, додека низ украинската престолнина се слушаа сирени и детонации. Во текот на посетата, руски дрон го погодил Северниот мост, на околу пет километри од местото на нивната средба.„Русите ескалираат. Не ме чуди руската омраза

Свет | пред 1 месец

media-library74dnosa34qia8AvSSAR

(Видео) Киев под постојани напади, жителите велат: „Нормален живот повеќе не постои“

Во текот на најголемиот дел од руската инвазија, воздушните напади врз Киев главно се случуваа ноќе, па жителите постепено се навикнаа да го организираат секојдневието околу воздушните тревоги. Но, таа граница меѓу воените ноќи и релативно нормалните денови сè повеќе исчезнува.Во последните недели Русија испраќа борбени дронови речиси непрекинато, поради што тревогите, дејствувањето на противвоздушната одбрана и експлозиите сега се случуваат и во текот на работниот ден, во попладневните гужви и

Свет | пред 1 месец

media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

(Видео) Руски дрон удри во мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се одвивал сообраќај, а на социјалните мрежи се појавија драматични снимки од моментот на ударот. Градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, потврди дека е погоден коловозот и дека итните служби се упатиле на местото.На снимките се гледа експлозија на мостот во непосредна близина на автомобили кои во тој момент се движат по него, по што дел од возачите продолжуваат низ чадот и огнот.Засега нема официјална потврда за заги

Свет | пред 1 месец

media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц пристигна во Киев со шефови на германски одбранбени компании: Носи пакет од 1,35 милијарди евра

Германскиот канцелар Фридрих Мерц пристигна во Киев во придружба на раководители на големи германски одбранбени и енергетски компании, во момент кога Русија ги засилува нападите врз украинските градови и енергетската инфраструктура.Мерц за време на посетата треба да објави нов пакет германска помош за Украина, кој вклучува една милијарда евра воена поддршка и дополнителни 350 милиони евра за санација на украинскиот енергетски сектор.„Денеска отпатував во Киев бидејќи на Украина ѝ е потребна сета

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања