Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

ВРЕМЕНСКА

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-36-7890PM

Променливо време во текот на денот: Сонце, дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 33 степени Целзиусови.Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.Минималната температура во главниот град ќе изнесува околу 12 степени, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

Македонија | пред 6 дена

20180511_024801

Времето денес: Температури до 30 степени, со можни нестабилности попладне

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а на одредени места повремено и засилен.Попладне, особено во јужните делови од државата, ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.Максималната дневна температура ќе се движи од 23 до 30 степени.Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата во главниот град ќе достигне до 29 степени.Според мерењата на УХМР, најстудено утринава било на Попова Шапка со 6 степени, а најтопло во Скопје – Зајчев Рид, каде биле измерени 15 степени.Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Кавадарци – 5 литри на метар квадратен.

Македонија | пред 1 седмица

dozd-1

УХМР предупредува на невреме: Пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град

УХМР најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер низ повеќе делови од државата. Локално се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, проследено со обилен дожд, електрични празнења, ветер со брзина над 60 километри на час и услови за појава на град.Според прогнозата, минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, додека максималната ќе достигне од 19 до 29 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во делови од котлината се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 11 до 25 степени.

Македонија | пред 2 седмици

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Променливо облачно време со сончеви периоди и температури до 25 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните подрачја, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 18 до 25 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, проследено со слаб до умерен северен ветер.Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Македонија | пред 2 седмици

nevreme

УХМР најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и можен град

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне на повеќе места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен, силен ветер над 70 километри на час и појава на град.Максималната температура низ земјата ќе се движи меѓу 19 и 23 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.Во делови од котлината се можни краткотрајни невремиња со интензивен дожд, грмежи и силен ветер, а максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

УХМР најавува невреме со дожд, грмежи и силен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ земјата.Според прогнозата на УХМР, локално се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, со пообилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен, силен ветер со брзина над 70 километри на час и услови за појава на град.Минималната температура ќе се движи од 6 до 13 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 17 до 23 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 21 степен.

Македонија | пред 3 седмици

3

Променливо облачно време со дожд и грмежи попладне

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Минималната температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а максималната дневна температура ќе достигне од 19 до 24 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови од котлината се очекува краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.Минималната температура во главниот град ќе изнесува 9 степени, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Македонија | пред 3 седмици

vreme

УХМР: Променливо облачно време со дожд, грмежи и ветер до 80 км/ч

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено ќе достигнува брзина и над 80 километри на час.Минималните температури ќе се движат од 7 до 13 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 18 до 31 степен.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 10 до максимални 28 степени.

Македонија | пред 3 седмици

277539285_300804572165634_9196439405926440518_n

Променливо облачно време со можен пороен дожд и силен ветер

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 60 километри на час.Минималната температура ќе се движи од 8 до 13 степени, а максималната дневна температура ќе достигне меѓу 22 и 28 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 28 степени.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarybnsrphbu13gb4yPqQof

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло, со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.Попладне се очекува појава на повремен локален слаб дожд, а постојат услови и за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Минималната температура ќе се движи од 5 до 12 степени, додека максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Македонија | пред 3 седмици

IMG_2960

Облачно и нестабилно време, локално се очекува невреме

Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Според прогнозата, на одделни места се очекуваат поинтензивни процеси, проследени со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне меѓу 18 и 23 степени Целзиусови.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarynm6fihfidd9k8fw2jaK

Сончево и топло време со температури до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од УХМР.Минималната температура ќе се движи од 1 до 7 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 21 и 28 степени.Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, проследено со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се спушти до 4 степени во утринските часови, а преку ден ќе достигне до 27 степени.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfos6omqd7g0g3G0G0EC

Променливо време со дожд и засилен северен ветер

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд низ земјава. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец, кој во западните делови наместа ќе достигнува брзина над 50 километри на час.Утринските температури ќе се движат во интервал од минус 2 до 4 степени, додека дневните максимални вредности ќе достигнат од 13 до 20 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој во одделни делови од котлината повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до околу 3 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypj8vof6m0nf74deLWAY

Студен бран и дожд: снег на планините, ветер до 60 км/ч - времето утре

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и ќе достигнат од 15 до 20 литри на метар квадратен. Со продорот на постуден воздух од север, врнежите на планините ќе преминуваат во снег.Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 5 до 10 степени, додека максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 13 степени.Во наредните денови, од петок до крајот на неделата, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во опаѓање.Утринските температури на одделни места ќе се спуштат и под нула степени. Од понеделник се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.

Свет | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-2450PM

Сончево и топло време, попладне можен слаб дожд на југозападот

Според прогнозата на УХМР, денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се движи од 2 до 12 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 20 до 25 степени.Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfos6omqd7g0g3G0G0EC

Oд утре нестабилно време со дожд и пад на температурите, најави Управата за хидрометеоролошки работи

Сончево и топло време со температури до 29 степени се очекуваат денеска, но веќе од утре следува постепена промена со појава на дожд, нестабилност и пад на температурите, покажува најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи .Според прогнозата, времето денес (26 април) е сончево со мала облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на места во источните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се движи од 21 до 29 степени.Во Скопје времето исто така ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен северен ветер и температура околу 27 степени, при што се измерени вредности од 980 хектопаскали атмосферски притисок, влажност од 28 проценти и ветер од 4 метри во секунда .Од вторник започнува промена на временските услови. Синоптичарите најавуваат период на променливо облачно време со повремен локален дожд. Во вторник се очекува изолирана нестабилност, додека во среда на повеќе места ќе има пороен дожд проследен со грмежи.Од четврток ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер, што ќе доведе до позначително опаѓање на температурите во целата земја .Според табеларниот приказ, минималните температури во наредните денови ќе се движат од 0 до 11 степени, додека максималните ќе опаѓаат од сегашните вредности и ќе се движат меѓу 13 и 25 степени, со најниски дневни температури во четврток и петок.Прогнозата укажува на краткотраен преод од стабилно и топло кон нестабилно време, со услови за врнежи и освежување, особено во втората половина од работната недела.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево време со северен ветер, температури до 25 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност се очекува во текот на денот, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопштуваат од УХМР.Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 7 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 17 до 25 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 23 степени.

Македонија | пред 1 месец

244523411_359266169267354_5335682850940299611_n

Какво ќе биде времето денеска и наредните денови: сонце, па дожд и ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта во јужните и западните делови се очекуваат локални врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец, кој ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, додека максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 21 степен.Во наредните денови до четврток ќе преовладува променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во источните делови, каде што ќе има услови и за ретки грмежи.Во петок се очекува претежно облачно време, додека во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во недела претпладне ќе биде сончево, а попладне повторно ќе има услови за дожд, претежно во западните делови.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Викенд со сонце, од вторник дожд и грмежи

Сончево и потопло време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска низ земјава, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Според Управа за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе се движи од 2 до 8 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 21 степен.Во наредните денови следува стабилизација на времето, особено во понеделник. Од вторник се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.Во четврток се најавуваат и услови за појава на грмежи, додека до тогаш ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, особено долж Повардарието каде може да достигне брзина над 60 километри на час.

Македонија | пред 1 месец

275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Облачно со дожд и температури до 17 степени

Денеска времето ќе биде претежно облачно, со услови за слаб локален дожд во претпладневните часови во источните делови од земјата, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурите ќе се движат од минимални 0 до 6 степени, до максимални дневни вредности меѓу 12 и 17 степени.Во Скопје претпладне ќе има услови за слаб дожд, по што времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 5 до 16 степени.Во наредните денови следува краткотрајна стабилизација на времето. Во недела ќе преовладува умерено облачно време со повеќе сончеви периоди, додека во понеделник ќе биде претежно облачно со повремени сончеви интервали, особено во централните делови од земјата.Од вторник повторно се очекува промена, со период на облачно време и врнежи од дожд, најпрво во западните и северните делови, а потоа и низ целата држава.Во среда и четврток ќе преовладува облачно време со слаби врнежи на повеќе места, кои ќе бидат пообилни во четврток, кога се можни и ретки грмежи. До тогаш ќе дува југоисточен ветер, кој во понеделник и вторник повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

УХМР: Сончеви периоди, но и услови за дожд вечерва

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во вечерните часови и во текот на ноќта се очекуваат услови за слаб локален дожд, особено во источните и северните делови од земјата, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието, а максималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19 степени.Во Скопје, времето ќе биде слично – променливо облачно со можност за слаб дожд во вечерните часови, проследено со умерен до засилен северозападен ветер. Температурата ќе достигне околу 17 степени.Според најавата на синоптичарите, во недела и понеделник ќе следува краткотрајна стабилизација на времето со повеќе сончеви периоди, додека од вторник повторно се очекува период на претежно облачно време со врнежи од дожд низ целата држава, кои ќе бидат пообилни во четврток.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Ветер и сонце: Дневни температури до 20 степени

Управа за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, проследено со умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се движи од -2 до 7 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.Во Скопје се очекува слично време – сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3 степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.Во наредните денови следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Во сабота, особено во источните делови, ќе има услови за слаб локален дожд.УХМР предупредува дека до недела утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени, при што се очекува појава на утрински мразеви. До петок ќе дува северен ветер, а од сабота попладне ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Македонија | пред 1 месец

20180511_024801

Засилен ветер и посвежо време денес – температури до 21 степен

Според податоците на УХМР, утрово најниската температура е измерена на Попова Шапка со 1 степен, додека во повеќе градови низ земјава температурите се движат од 3 до 13 степени. Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 47 сантиметри.Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени сончеви периоди. Во претпладневните часови, особено во југозападните делови, ќе има услови за слаб локален дожд.Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на одредени места, особено долж Повардарието и во источните делови, повремено ќе достигнува брзина над 70 километри на час.Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 21 степен.Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северен правец, при што температурата ќе достигне до 18 степени.

Македонија | пред 1 месец

IMG_0743

Температури до 23 степени, снег само на Шапка

Сончево и релативно топло време денеска ќе се задржи низ земјава, со максимални температури кои достигнаа до 23 степени, покажуваат податоците на Управа за хидрометеоролошки работи.Највисока температура од 23 степени е измерена во Гевгелија, додека 22 степени се регистрирани во Демир Капија, Велес, Кавадарци, Струмица и Скопје – Петровец. Во Скопје – Зајчев Рид се измерени 21 степен, а 20 степени во Битола, Тетово, Виница и Штип.Пониски температури се измерени во планинските и повисоките места – 8 степени на Попова Шапка, каде има и најголема снежна покривка од 62 сантиметри, 12 во Крушево, 13 во Маврови Анови и 14 во Лазарополе.До крајот на денот времето ќе остане стабилно, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.Утре се очекува претежно сончево и топло време, со минимални температури од 0 до 9 степени, додека дневните ќе се искачат од 19 до 25 степени. Во Скопје се очекува температура до 25 степени со слаб северен ветер.Според прогнозата, стабилното и топло време ќе се задржи до средината на следната седмица, по што следува промена. Во среда се најавува засилен до силен ветер, особено долж Повардарието, каде налетите може да надминат 70 километри на час, како и услови за краткотраен дожд во западните делови.Во четврток времето ќе биде променливо облачно, а кон крајот на неделата се очекуваат пообилни врнежи, особено во сабота, кога се најавува и поизразена нестабилност.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydmo005v4p76t6XcFNOk

Студено утро со минусни температури, денес дожд, снег и силен ветер

Минусни температури утринава во повеќе делови од земјава, снег на планините и најави за врнежи и силен ветер во текот на денот, информира Управа за хидрометеоролошки работи.Најниската температура е измерена на Попова Шапка со минус три степени, додека минус еден степен е регистриран во Маврови Анови. Нула степени се измерени во Лазарополе и Крушево, додека еден степен во Ѓуриште, Пожаране и Радовиш. Два степени се измерени во Берово и Тополчани, три во Претор, четири во Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп и Штип, пет во Виница, Тетово, Струмица и Куманово, шест во Скопје – Зајчев Рид, Велес, Демир Капија и Кавадарци, а најтопло било во Гевгелија со осум степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Маврови Анови – седум литри на квадратен метар, шест во Битола, пет во Охрид, три во Претор, Попова Шапка и Берово, два во Лазарополе, Виница и Тополчани, еден во Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Крушево и Пожаране, додека во Велес, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Штип се измерени помалку од еден литар на квадратен метар.Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 57 сантиметри.Според прогнозата, под влијание на циклонска активност денес ќе има врнежи кои на повеќе места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, а поради продор на студен воздух, на планините и повисоките места дождот ќе преминува во снег.„Под влијание на циклонска активност ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени“, соопшти УХМР.Во Скопје се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд и засилен до силен ветер од северен правец.„Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени“, соопшти УХМР.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања