Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ЗНАМ

maksim-dimitrievski-03-696x465

ЗНАМ со жесток напад кон Филипче: „Политички мегафон на Софија во Скопје“

СДСМ, на чело со актуелното раководство кое е олицетворение на криминал, рекет и бугарофилски политики, повторно се обидува преку лаги и политички памфлети да ја дефокусира јавноста од сопствениот распад и паниката што ја тресе Бихачка, велат од политичката партија ЗНАМ.„Венко Филипче и актуелното раководството се обидуваат да глумат борци за правда, откако токму тие ја претворија државата во симбол на корупција, криминал и национално понижување.Истите тие што ја распродаваа Македонија парче по парче, ја понижуваа државата пред Софија, потпишуваа капитулантски договори, го нарушија македонското достоинство, го претворија судството во партиска експозитура, а тендерите во семејна каса, денес држат пресови за наводна корупција.Колку очај треба да има во СДСМ која ја претвори државата во приватна каса на двоецот Заев-Филипче, да зборува за морал?СДСМ свесно ја манипулира јавноста и намерно премолчува факти кои целосно ја разобличуваат нивната лажна конструкција за наводен „корупциски скандал“. Вистината е дека станува збор за законска, транспарентна и институционално водена постапка, во која иницијативата за измените е поднесена од компанијата ЛИДЛ, целата процедура е спроведена согласно закон, а сите документи и информации се јавнодостапни во системот е-урбанизам за увид на секој заинтересиран граѓанин.Дополнително, СДСМ намерно премолчува дека за предметниот опфат постои важечки ДУП уште од 2010 година, што уште еднаш ја руши нивната очајна политичка конструкција базирана врз лаги и манипулации.Но проблемот на СДСМ, не е ДУП-от.
Проблемот на СДСМ е што во Куманово осум години наназад не функционира нивниот рекетарски модел на владеење. Куманово се развива, се гради и се менува. Се решаваат децениски проблеми, се модернизира инфраструктурата, се отвораат нови перспективи за граѓаните, се вложува во културата, спортот, образованието и урбаниот развој на градот.Куманово чекор по чекор се претвора во модерен, европски град со визија, достоинство и реален напредок на секое поле. Дополнително, вечна болка им е Максим Димитриевски, човекот кој имаше храброст да им се спротивстави на штетните политики и националните понижувања, човекот кој што не им беше под контрола и не успеаја да го натераат да ги предаде македонските интереси за остварување на туѓи агенди и богатење на штета на државата и народот.Токму затоа денес Венко Филипче, политичкиот мегафон на Софија во Скопје, се обидува со лаги и хајки да го прикрие сопствениот политички дебакл и распадот што му се случува во партијата. Филипче, човекот што молчи за фирмите во Петрич, за бизнис релациите во Бугарија и за економските интереси на структурите блиски до Заев, денес зборува за чесност. Каква дрскост.Го прашуваме повторно:-Зошто молчиш за POWER i8 Ltd.?-Зошто молчите за фирмите поврзани со Заеви во Бугарија?-Дали бугарофилската политика на СДСМ е креирана во интерес на вашите бизниси и капитал во соседна Бугарија?-Дали затоа со години ја туркате тезата дека Бугарија „не го негира“ македонскиот идентитет?-Дали затоа го прифативте францускиот предлог и ги погазивте македонските црвени линии?Молкот на СДСМ за овие прашања е најголемото признание. Чесните членови и симпатизери на СДСМ препознаваат дека партијата одамна е заробена од луѓе, интересџии, кои Македонија ја користат како бизнис проект и политичка тезга за лични интереси и профит. Колку повеќе СДСМ шири лаги против Максим Димитриевски и ЗНАМ, толку повеќе народот гледа кој е исплашен. А вистината е едноставна, СДСМ не може да се помири што ЗНАМ прерасна во автентична македонска политичка сила која не потклекнува пред странски центри, не тргува со идентитетот и не ја распродава државата за лични и бизнис интереси.Затоа нервозата кај Венко Филипче е огромна. Затоа СДСМ секојдневно тоне во параноја. Затоа раководството во Бихачка гледа непријатели насекаде. Движењето ЗНАМ ќе остане доследно на принципите на Илинден и АСНОМ, на страната на Македонија, македонскиот народ и националното достоинство и нема да дозволи државата повторно да биде туркана во период на политичка сервилност, национални отстапки и бугарофилски наративи што директно го поткопуваат македонскиот идентитет, јазик и историја“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryob49n8fcqghc41gTRrq

ЗНАМ останува доследен на реформите, стабилноста и враќањето на довербата во институциите, вели Димитриевски

Претседателот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостување на ТВ Сител изјави дека државата мора да влезе во суштински процес на реформирање на институциите, враќање на правната сигурност и обновување на довербата кај граѓаните.Тој оцени дека станува збор за долг и сложен процес, бидејќи, како што рече, нефункционалниот систем се создавал со децении.„Ние не сакаме да ги практикуваме методите од минатото и да вршиме политички притисоци врз судството и обвинителството. Нашата определба е институциите да бидат независни и професионални“, изјави Димитриевски.Лидерот на ЗНАМ посочи дека движењето останува стабилен и конструктивен партнер во Владата и изрази задоволство од работата на министрите од редовите на партијата.Според него, токму во ресорите јавна администрација и правда се подготвуваат важни реформски процеси кои се дел и од европската реформска агенда на државата.„Нашите министри не работат за дневнополитички маркетинг и краткорочен ефект, туку на суштински и стратешки реформи“, нагласи Димитриевски.Осврнувајќи се на можноста за предвремени парламентарни избори, тој оцени дека во моментов на државата ѝ се потребни политичка стабилност, институционална функционалност и фокус кон економијата и инвестициите.Димитриевски додаде дека ЗНАМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но смета дека треба прагматично да се процени што државата би добила, а што би изгубила од евентуални предвремени избори.

Македонија | пред 1 седмица

media-library17bg9p27sm6d2UTanwF

СДСМ зборува за враќање на Груевски, а го пушти да избега од одговорноста , вели Стојчевски

Пратеникот од редовите на ЗНАМ, Даниел Стојчевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДСМ и Венко Филипче се обидуваат преку политичка реторика да ја променат перцепцијата на јавноста за случајот со поранешниот премиер Никола Груевски.Според Стојчевски, СДСМ денес зборува за правда и враќање на Груевски, иако токму во времето на нивното владеење му било овозможено да избега од државата.„Реториката што ја користат СДСМ и Венко Филипче не е повик за правда, туку обид да се избрише колективното паметење на граѓаните и да се наметне нова, удобна ‘вистина’“, рече Стојчевски.Тој постави повеќе прашања до раководството на СДСМ, барајќи одговор дали во периодот пред парламентарните избори во 2024 година се одржала средба во вила на Водно, на која наводно се разговарало за враќање на Груевски во државата под одредени услови.Стојчевски праша и дали постоеле договори поврзани со измените на Кривичниот законик, конкретно членот 353, со кои, според него, се создала можност за амнестија на поранешни функционери.„Дали е точно дека од Будимпешта до Бихаќка бил испратен УСБ стик со измени на Кривичниот законик, со кои практично се овозможи општа амнестија?“, праша тој.Во обраќањето, Стојчевски посочи дека ЗНАМ нема да прифати селективна правда и дека секој што се огрешил пред законот, без разлика на политичката припадност, треба да одговара пред институциите.„Ние не делиме правда по партиска линија. Веруваме во држава во која законот важи еднакво за сите“, истакна Стојчевски, додавајќи дека одговорност мора да има за сите кои преку политички договори и законски измени се обиделе да ја избегнат правдата.Тој оцени дека СДСМ денес се обидува да глуми борец за правда, иако, како што рече, токму таа партија го урнала системот на правна држава.На новинарско прашање околу шпекулациите дека би можел да ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, по примерот на пратеникот Миле Цеков, Стојчевски ги демантираше таквите информации.„Тоа се шпекулации. Денес стојам пред вас како претседател на општинската организација на Движењето ЗНАМ во Куманово и дел од пратеничката група. Ќе продолжам да делувам во тој контекст“, изјави Стојчевски.

Македонија | пред 2 седмици

maksim

Заминувањето на Цеков е негова лична одлука, но мандатот им припаѓа на граѓаните, вели Димитриевски

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостување на Телма ТВ изјави дека заминувањето на пратеникот Миле Цеков претставува лична одлука која не влијае на стабилноста на партијата, но нагласи дека мандатот што го носат избраните претставници им припаѓа на граѓаните.Тој посочи дека процесот на дистанцирање на Цеков бил видлив подолг период, додавајќи дека не станува збор за исклучување од партијата, туку за лична одлука на поединецот. Според него, политичката одговорност подразбира враќање на мандатот доколку се напуштат партиските ставови.Димитриевски оцени дека во конкретниот случај имало промени во политичките позиции на Цеков и отстапување од претходно утврдени партиски политики, што, како што рече, отвора прашања за мотивите зад неговиот потег. Тој нагласи дека ЗНАМ нема да толерира злоупотреба на функции или појава на „локални шерифи“ во своите редови.Во изјавата, Димитриевски повтори дека партијата останува доследна на своите политички определби, со фокус на заштита на државните и националните позиции, како и на европската интеграција. Според него, токму разликите во ставовите довеле до суштинско разидување.

Македонија | пред 2 седмици

media-library8ju89g52ija89mgGVWM

ЗНАМ: Заминувањето на Миле Цеков не е изненадување, се оддалечи од нашите принципи

Подолг период беше јасно дека пратеникот Миле Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите, програмските определби и државотворната визија на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Затоа, неговата одлука да ја напушти пратеничката група и да делува каконезависен пратеник не претставува изненадување, велат од ЗНАМ.„Движењето ЗНАМ е создадено врз јасни принципи кои се темелат на чесност, одговорност, заштита на македонските национални интереси и борба за достоинствена и суверена Македонија. Тоа не се вредности од кои отстапуваме зависно од политичкиот момент,личните амбиции или дневнополитичките пресметки.Оттука, неговите обиди денес да се претставува како симбол на принципиелност, а притоа претходно да застапува позиции спротивни на државните и националните црвени линии, се крајно несериозни и неубедливи пред граѓаните.За човек кој јавно се залагаше за внесување на Бугарите во Уставот, природно е што повеќе не се препознава во политиките на Движењето ЗНАМ.Причините за оваа одлука се лично негови. Дали станува збор за политички калкулации, клиентелизам или нешто друго, ќе покаже времето.Но, Движењето ЗНАМ нема да отстапи од својата мисија и од довербата што ја доби од народот.На господинот Цеков му посакуваме успех во неговото понатамошно политичко делување како независен пратеник.Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува цврсто определено кон политиките на национално достоинство, стабилност, реформи и силна македонска држава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarylag0gd8qgk3vebNOUf9

Политичка конфузија или внатрешен раскол: ЗНАМ реагира на СДСМ

Движењето ЗНАМ во соопштение изјасни дека реагира дека во јавните настапи поврзани со измените на Законот за Влада се забележува, како што наведуваат, конфузија и неусогласеност во ставовите на СДСМ.Според ЗНАМ, во текот на еден ден од ист политички субјект биле испратени различни пораки кои, како што оценуваат, се разликуваат по содржина и насока, оставајќи впечаток за недоволна координација во партијата, стои во соопштението.Во соопштението се цитираат изјави на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски, кои според ЗНАМ упатуваат на различни толкувања околу натамошното политичко делување и учество во работата на Собранието.ЗНАМ исто така, во соопштението, ја оспорува изјавата дека немало комуникација и дебата за Законот за Влада, наведувајќи дека Спасовски учествувал на работни состаноци и имал увид во предлог-измените.Од движењето оценуваат дека ваквите спротивставени пораки создаваат впечаток на внатрешни разлики во СДСМ и отвораат сомнежи за недоследност во настапите, стои во соопштението.„Кога во краток временски период се испраќаат различни пораки за клучни државни прашања, се отвора прашањето кој е официјалниот став на партијата“, наведуваат од ЗНАМ во соопштението.Движењето поставува и повеќе прашања до СДСМ, меѓу кои дали постои намера за блокирање на институционалните процеси, дали се размислува за бојкот на законодавниот дом и дали внатрешните партиски односи влијаат врз политичките одлуки, стои во соопштението.Во соопштението се оценува дека ваквиот пристап може да создаде политичка неизвесност и да влијае врз стабилноста на институциите.ЗНАМ во соопштението нагласува дека Собранието треба да остане простор за аргументирана дебата и донесување одлуки во интерес на граѓаните, а не за политички блокади или маневри.ЗНАМ во соопштението порачува дека останува посветено на реформските процеси и на, како што наведуваат, стабилна и функционална држава.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt06pgslk1hdsfpRmGyt

ЗНАМ: Постигнат консензус за унапредување на законите за високо образование и наука

Претставници на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потпретседателите Павле Арсоски и Борче Серафимовски, како и координаторот на пратеничката група во Собранието, Бобан Карапејовски, остварија средба со министерката за образование и наука Весна Јаневска во просториите на Министерството за образование и наука, стои во партиското соопштение.Како што информираат од ЗНАМ, на средбата се разговарало за пакетот закони од областа на високото образование и науката – Законот за високото образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистражувачката дејност.Во рамки на разговорите, биле постигнати дополнителни појаснувања и формулации кои ќе бидат вградени во законските решенија. Особено внимание било посветено на прашањето за приватните високообразовни институции, при што, како што наведуваат, се допрецизира начинот на давање банкарска гаранција, стои во соопштението.Од ЗНАМ во соопштението посочуваат дека е постигнат консензус и за критериумите за избор во звање, кои ќе бидат заострени. Во областа на лингвистиката, покрај базите „Веб оф сајнс“ и „Скопус“, ќе се зема предвид и базата „ЕБСЦО“.Според партијата, предложените законски решенија претставуваат добра основа за натамошен развој на високото образование и науката, нагласувајќи дека овие области бараат континуирани инвестиции, унапредување и редовно прилагодување на законската регулатива.

Македонија | пред 4 седмици

maksim

ЗНАМ: Укинувањето на техничката влада не е автократија

ЗНАМ соопшти дека јавноста повторно сведочи на, како што наведуваат, обид на СДСМ преку политички конструкции и заплашувања да ја дефокусира дебатата од суштинските реформи во изборниот систем и надминување на модел кој, според нив, одамна ја изгубил својата првична цел.Од партијата во соопштението посочуваат дека тврдењата оти укинувањето на т.н. Пржинска влада претставува „автократски манир“ се неточни и лицемерни. Потсетуваат дека законот за техничка влада бил донесен во специфични услови на длабока политичка криза и дека ја исполнил својата улога, нагласувајќи дека државата не треба да остане заложник на привремени решенија.ЗНАМ во своето соопштение наведува дека новото законско решение не ја укинува контролата, туку предвидува транзициски период со можност техничка влада да постои за следните парламентарни избори, оценувајќи го тоа како компромисно решение во кое, како што велат, се вградени и предлози на СДСМ.Во соопштението се додава дека критиките за „шверцерски“ пристап не се основани, посочувајќи дека процесот бил транспарентен, со лидерска средба, официјални рокови и писмени предлози од политичките партии.Од ЗНАМ го критикуваат и лидерот на СДСМ за непристигнување на лидерската средба, оценувајќи дека наместо аргументи се нудат политички настапи во јавноста, стои во соопштениетоПартијата поставува прашање зошто СДСМ, доколку навистина е подготвен за избори, покажува „нервоза“ и инсистира на механизми кои, според нив, требало да останат во минатото, стои во соопштението.Воедно во соопштнието, ЗНАМ укажува дека СДСМ ги признал изборните резултати во изминатиот период без суштински забелешки, па затоа, како што наведуваат, не е јасно зошто техничката влада сега се претставува како единствен гарант за фер избори.На крајот во соопштението, од ЗНАМ оценуваат дека заканите за повлекување од работата на изборниот законик претставуваат политички притисок и обид за блокада, нагласувајќи дека демократијата се гради со учество и аргументи, а не со уцени. Тие додаваат дека ќе продолжат да се залагаат за стабилни институции, транспарентност и реформи кои ќе ја зајакнат демократијата во државата.

Македонија | пред 4 седмици

maksim

Движење ЗНАМ: Упатуваме искрени честитки до господинот Румен Радев за остварениот изборен резултат

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија упатува искрени честитки до господинот Румен Радев, како и до партијата Прогресивна Бугарија за остварениот изборен резултат на парламентарните избори во Република Бугарија. Очекуваме новата Влада да придонесе кон натамошно зајакнување на демократските процеси, владеењето на правото и доследно почитување на европските вредности и стандарди, вклучително и исполнување наКопенхашките критериуми, велат од ЗНАМ.„Движењето ЗНАМ изразува искрена надеж дека во претстојниот период ќе се отвори простор за зрел, отворен и конструктивен дијалог, кој ќе овозможи надминување на отворените прашања меѓу двете држави. Во таа насока, остануваме цврсто посветени на потребата од заштита и унапредување на правата на македонското малцинство во Република Бугарија, како и на целосно почитување на македонскиот идентитет, јазик, историја и културно наследство.Воедно, го реафирмираме ставот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија дека уставни измени со цел внесување на бугарската заедница нема да бидат прифатени без јасни, цврсти и недвосмислени гаранции дека тоа претставува последно условување во процесот на деблокада на европскиот пат на државата.Веруваме дека со политичка зрелост и взаемна почит може да се создаде нова клима на доверба која ќе придонесе за вистинско унапредување на билатералните односи меѓу двете држави. Таквиот развој е од суштинско значење и за стабилноста на регионот, но иза непречено продолжување на европскиот интегративен пат на Република Македонија, како стратешка определба на нашите граѓани.Дијалогот, взаемната почит и принципиелниот пристап остануваат единствениот одржлив пат кон стабилни односи и европска перспектива во која Македонија ќе биде третирана со достоинство и рамноправност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library9ac8j2lvvfdf59NiTdO

ЗНАМ демантира дека децата биле „принудени“ да ја пејат песната за Максим Димитриевски

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ги отфрла како целосно невистинити и злонамерни обвинувањата на СДСМ дека децата биле „принудени“ да пеат песна од изборна кампања посветена на градоначалникот Максим Димитриевски. Велат дека ваквото тврдење е лага и свесна манипулација со која СДСМ се обидува да создаде скандал таму каде што истиот не постои.Во конкретниот случај, во ОУ Кочо Рацин во Куманово, немало никаква злоупотреба на деца, ниту принуда, ниту политичка активност, ниту било каков организиран партиски ангажман. Станува збор за хуманитарен настан организиран од Советот на родители при училиштето, со благородна цел – помош таму каде што е потребно.„Целата организација е на родителите во соработка со естрадни уметници, водители, ди-џеи и аниматори кои на свој слободен стил се изразуваат. Песната е авторска, а не изборна, како што самите ја именуваат, што дополнително ги демантира нивните обвинувања и обидите за политизација на настанот. Очигледно е дека во целосно отсуство на сопствени политики, идеи и програма, СДСМ повторно се занимава со измислени скандали. Наместо да поздрават настани од ваков хуманитарен карактер, тие напаѓаат и политизираат, што претставува дното на нивното политичко делување. Движењето ЗНАМ категорично ги отфрла сите инсинуации. Немало и нема никаква злоупотреба на деца. Овие конструкции на СДСМ се очаен обид за политичка дискредитација и дефокус од нивната неспособност да понудат било каква визија. СДСМ, партија која со години ја злоупотребуваше секоја институција и секој јавен настан за свои партиски цели, денес држи лекции за наводни злоупотреби. Тоа е врв на лицемерие. Дополнително, јавноста секојдневно е сведок на наративот на СДСМ исполнет со конфликти, обвинувања и конструкции, кој ги доведе во отворени судири не само со политичките опоненти, туку и со медиумите, со новинарите и со самите граѓани. Граѓаните одамна ги препознаваат ваквите евтини манипулации и знаат дека вистината е на страната на оние кои работат чесно и во интерес на заедницата, реагират од ЗНАМ.Видеото од настанот на социјалните мрежи го сподели и Оливер Спасовски од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Премиерот Христијан Мицкоски со ироничен тон одговори на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека се распаѓа коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.„Понекогаш во поинаква рубрика треба да се коментираат неговите изјави – имаше порано хумор и сатира, можеби таму е местото за тие изјави“, изјави Мицкоски.На директното прашање дали има вистина во тврдењата за распад на коалицијата, премиерот кратко одговори: „Апсолутно не“.Со ова, Мицкоски ги отфрли шпекулациите за нарушени односи во владејачкото мнозинство, оценувајќи ги како неосновани политички конструкции.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање истакна дека владината коалиција е нестабилна и дека движењето ЗНАМ постепено се распаѓа.„Очигледно е дека партијата ЗНАМ, коешто е предавничко движење, луѓе коишто ја предадоа партијата за свои сопствени финансиски интереси, неколку луѓе на врвот на партијата, и се подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ во овие антинародни и спротивно на националните интереси политики, постепено се распаѓа“, рече Филипче.Тој посочи дека граѓаните веќе ја препознаваат вистината и дека се чувствуваат изневерени.„Луѓето очигледно мислеле едно дека ќе биде, но се покажало дека е друго. Ние на тоа предупредивме уште за време на кампањата во 2024 година, но имаше голем број на луѓе коишто тогаш беа разочарани од СДСМ, го дадоа гласот за ЗНАМ и сфатија дека биле прелажени“, истакна Филипче.Претседателот на СДСМ нагласи дека вратите на партијата се отворени за сите.„Затоа на тие луѓе сега им е отворена вратата, не само сега, туку и во изминатиот период и ќе биде и понатаму, да знаат дека ова им е матичната партија којашто никогаш не отстапила од главните идеолошки вредносни политики коишто се тука градени и имплементирани со децении“, порача Филипче.Тој додаде дека актуелната власт го блокира развојот на државата и носи штетни политики.„Не може да мислат луѓето како Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски дека некој само ќе седи во Собрание и ќе дига рака додека тие тераат бизниси. А блокиран е европскиот пат. Не се гласаат закони за раст на минималната плата. Не се гласаат закони за повеќе пари во земјоделството. Се носи страшен дискриминирачки, противуставен закон за високото образование. Ништо не се случува во здравството. Луѓето не се најадени“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Пратеник од власта поддржа минималец и најави дека би гласал за уставни измени

Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, на Комисијата за финансирање и буџет го поддржа предлог-законот за зголемување на минималната плата, иако останатите пратеници од владејачкото мнозинство гласаа против. Одлуката ја образложи како лична доследност на ветувањата дадени во изборната кампања.Цеков денеска во емисијата „Студио 10“ на телевизијата „24“ изјави и дека лично нема ништо против внесувањето на Бугарите во Уставот и дека би гласал за уставните измени.„Немам ништо против да гласам за уставните промени. Не губиме ништо ако бугарскиот етникум се внесе во Уставот. Треба дијалог со соседите, а не реторика“, рече Цеков.Неговиот став се разликува од позицијата на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој во кампањата бараше уставните измени да имаат одложено дејство, односно да важат по влезот на Македонија во ЕУ.Цеков се залага за „попрагматичен пристап“, посочувајќи дека евентуалните ризици може да се блокираат со 81 пратеник, но и дека останува отворено прашањето која е алтернативата ако не се направи чекор напред во евроинтеграциите.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvi6698p37bjn89jtAXE

Весна Бендевска: Црвениот аларм е вклучен - потребни се итни мерки против семејното насилство

По повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, Движењето ЗНАМ за НашаМакедонија организираше панел-дискусија под наслов „Жените ЗНААТ:Еднакви можности, силни жени, силно општество“, на која учествуваапратенички, советнички, директорки и други носителки на јавни функции одредовите на движењето.Настанот не беше симболична прослава, туку платформа за сериозна исодржинска дискусија за улогата на жените во креирањето политики,нивното активно учество во политичките процеси и нивниот придонес воносењето одлуки на централно и локално ниво.Во рамки на настанот се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на женитево градењето на модерно и праведно општество“, при што беше истакнатодека вистинското одбележување на 8 Март денес подразбира отворање насуштински прашања и конкретни политики кои ќе обезбедат поголемазаштита, еднаквост и можности за жените.Потпретседателката на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска, во своетообраќање посочи дека годинешното одбележување на 8 Март се случува вовреме кога сериозно се зголемуваат случаите на семејно насилство, пришто во последните два месеци се регистрирани четири случаи на фемицид.„Во сериозни времиња, за сериозни проблеми, неопходен е сериозенпристап. Движењето ЗНАМ нема да остане нем набљудувач на речисисекојдневните случаи на семејно насилство. Црвениот аларм е веќе вклучени потребни се итни мерки и конкретни решенија“ - истакна Бендевска.Како партија која е дел од власта, Движењето ЗНАМ ќе предложи отворањејавна дебата за реорганизација на институционалниот систем со целдоследно спроведување на обврските што државата ги има преземено соратификацијата на Истанбулската конвенција. Целта е воспоставувањепоефикасен систем за превенција, спречување и заштита од семејнонасилство, со јасно дефинирани надлежности, конкретни проекти и прецизнирокови.Дополнително, Движењето ЗНАМ предлага основање државни регионални центриза згрижување на жртви на семејно насилство, кои ќе располагаат сосоодветни материјални, кадровски и финансиски ресурси. Со ваков модел бисе надминал постојниот недостиг на сместувачки капацитети - шелтерцентри, што во моментов претставува една од главните слабости насистемот за заштита на жртвите.Во таа насока, пратеничката група на Движењето ЗНАМ веќе утре ќе иницираодржување јавна расправа во Комисијата за социјална политика,демографија и млади, со учество на експертската јавност и граѓанскиотсектор. Целта е да се утврди дали се потребни итни измени и дополнувањана законите што го уредуваат системот за заштита од родово-базирано исемејно насилство, особено на Законот за спречување и заштита однасилство врз жените и семејното насилство.На крајот од настанот, од Движењето ЗНАМ го честитаа 8 Март на ситежени, нагласувајќи дека нивната програмска определба останува цврста -градење модерно и праведно општество во кое правата, достоинството ибезбедноста на секоја жена се гарантирани и неприкосновени.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryc14goterpb412cBLM92

Димитриевски: ЗНАМ нема да биде дел од Владата доколку ваквиот нереформиран ДУИ биде дел од некоја идна влада

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител ТВ порача дека државата мора да стави крај на двојните стандарди и „репризите“ од минатото.Осврнувајќи се на одлуката за притвор за Артан Груби, Димитриевски истакна дека испратена е јасна порака дека институциите мора да постапуваат еднакво за сите, нагласувајќи дека министерот за правда Филков постапил принципиелно и одговорно, согласно своите законскинадлежности.„Македонија е држава и мора сериозно да се постави пред овие предизвици. Недозволиво е лице кое ја напуштило државата и се враќа по 14 месеци да седи дома, да пие чај и гледа ТВ, додека други граѓани завршуваат во притвор за многу помали дела. Граѓаните мора да бидат еднакви пред законот“ – рече тој.Тој нагласи дека ЗНАМ влегол во власта за да гарантира почитување на Уставот и законите и предупреди дека нема да дозволат повторување на старите практики.„Доколку видиме елементи на реприза, ќе го преиспитаме нашето учество во власта“ - потенцираше Димитриевски.Во врска со шпекулациите за евентуална коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Димитриевски посочи дека нема сознанија за таков договор, но беше децидно јасен:„ЗНАМ нема да има свои претставници во владата доколку ваквиот, нереформиран ДУИ биде дел од некоја идна влада.“Во однос на најавите за измени поврзани со правосудниот испит, Димитриевски посочи дека законот предвидува полагање на македонски јазик како службен јазик на целата територија на државата и дека ЗНАМ нема да поддржи решенија кои би создале дисбаланс во системот.„Станува збор за стручен испит за кој законот јасно пропишува дека се полага на македонски јазик како службен јазик на целата територија на државата. Ние се залагаме за мултиетничко општество во кое сите заедници се почитуваат и имаат еднакви права, но не за создавање биетнички систем што ќе воведе паралелизам во институциите. Правната држава мора да биде единствена и функционална за сите граѓани. Затоа, доколку биде предложен нов закон или законски измени во таа насока, ЗНАМ нема да ги поддржи.“Димитриевски истакна дека партијата е подготвена за избори во секој момент, но одлуката ја носи парламентарното мнозинство.Во делот на изборните реформи, потсети дека ЗНАМ се залага за намалување на пратеничкиот состав од 120 на 90 пратеници, воведување на една изборна единица и утврдување изборен цензус од 2,5 до 3 проценти, како и за појасно и попрецизно дефинирање на условите за независните кандидати, со цел пофункционален и поправеден политички систем.На крајот од гостувањето, Димитриевски порача дека ЗНАМ останува доследно на своите принципи - владеење на правото, институционална одговорност и еднаквост на сите граѓани, делувајќи како гарант дека државата ќе функционира по Устав и закон, со јасна реформска насока и одговорност кон граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

maksim-dimitrievski-03-696x465

ЗНАМ: Зоки, Венко - нема потреба од драматизација, ниту од паника, правдата сигурно ќе ве стигне

Секојдневните заложби на функционерите од редовите на Движењето ЗНАМ се во насока на почитување на Уставот и законите, истите да важат и да се спроведуваат еднакво за сите. Принципиелноста и владеењето на правото не се само апстрактни идеали, тие се темелот врз кој е изградено Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, темелот врз кој стои целата наша политичка борба. Ниту денес, ниту утре, нема да отстапиме од тие идеали, велат од ЗНАМ како реакција на соопштенијата на СДСМ и ДУИ.„Кога министерот за правда, Игор Филков, бара одговорност со име и презиме, не станува збор за мешање во правосудството, туку обид да се врати довербата што беше разнишана во годините кога СДСМ и ДУИ создаваа механизми на селективна правда, кога институциите беа алатки на партиски интереси, а не на граѓаните.Имено, кога СДСМ се дрзнува да зборува за „сценарија“ и „дилови“, тие всушност се обидуваат да избегаат од сопственото политичко минато. Лесно е да се фрли сомнеж, но тешко е да се одговори за сопствените одлуки.Велат дека постои сценарио за враќање на Груби и некаков договор меѓу други политички субјекти. Но ако во оваа држава некој има историја на политички сценарија, договори зад затворени врати и обиди за контролирани враќања - тоа е токму коалицијата СДСМ/ДУИ.Да се потсетиме: бегството на Никола Груевски се случи во време кога СДСМ/ДУИ ја водеа Владата. Институциите беа под нивна надлежност. Системот беше под нивна одговорност.Токму во нивниот мандат почнаа и разговорите за можни „решенија“, за начини на негово враќање, за политички формули со кои ќе се затвори едно прашање што тежеше врз системот.Нивното владеење се одбележа и со укинување на член 353 од Кривичниот законик, под изговор на усогласување и реформи, клучната одредба за гонење злоупотреба на службена положба, интервенција директно под покровителство на СДСМ/ДУИ, со која се релативизираше одговорноста на функционери.Со едно гласање се затворија или се доведоа до застарување повеќе предмети, спроведоа одлука со длабоки последици, направија амнестија спакувана како европска реформа.Кога зборуваат за морал и правда, нека одговорат и за скандалот со вакцините - за доцнењата, за сомнителните договори, за посредниците и милионските обврски во време кога граѓаните се бореа за здравје и живот. Нека одговорат за аферата со марихуаната, каде што лиценци се делеа во сенка на политички врски.Нека одговорат за ТЕЦ Неготино, за притворите и сомнежите за штетни договори. Нека одговорат и зошто во кривичната пријава против Артан Груби се споменува и поранешниот премиер и тогашен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски?! Дали можеби токму таму лежи вистинската причина за нервозата што ја гледаме?!Поранешниот вицепремиер Артан Груби беше главниот благајник на коалицијата СДСМ–ДУИ, човек преку кого поминуваа кадровските поделби, крупните инфраструктурни договори и политичките компромиси. Во негово време и директно под негова контрола се туркаше договорот со Бехтел и Енка за Коридор 8 со специјален закон и авансни исплати, штоотвори сериозни сомнежи за провизии и нетранспарентност. Лице осомничено за проневера од над осум милиони евра во случајот со Државна лотарија.И кога се отвора прашањето за негово расчистување, наместо со факти, раководството на ДУИ одговара со драматизација, но во суштина стравуваат од целосно и неселективно расчистување.Од една страна, разбирлива е чувствителноста и нервозата кога станува збор за поранешни високи функционери што со години биле во самиот врв на одлучувањето.Главниот оперативец на коалицијата СДСМ/ДУИ, Груби, е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста.Дали ДУИ се загрижени дека доколку Груби проговори ќе се отвори пандорината кутија?Дали стравуваат дека тој може да стане заштитен сведок и да ги открие сите шеми, договори и улоги што го одржуваа нивниот систем на моќ?Затоа инсистираме, институциите мораат да ја завршат својата работа темелно, транспарентно и без селекција. Правдата не смее да биде алатка на партиите, ниту законите да се кршат за политички потреби. Ако некој мисли дека може да создава магла и сцени пред да се појават фактите, тогаш не го разбира времето во кое живееме. Времето на тајни договори, контролирани институции и политички заштити заврши!Али, Зоки, Венко - нема потреба од драматизација, ниту од паника. Без разлика колку ќе се препелкате со соопштенија, обвинувања и конструкции - правдата сигурно ќе ве стигне. Исходот сите го знаете. На крајот, правдата секогаш наоѓа пат…“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ: СДСМ тргнувајќи од сопственото искуство мисли дека секој што е на власт краде и се бори за привилегии

Обвинувањата што СДСМ ги упатува кон претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија,  Максим Димитриевски и ЗНАМ како политички субјект, се класична политичка манипулација и замајување на јавноста. Нападите на СДСМ се неосновани, тенденциозни и целосно без докази, велат од Движењето ЗНАМ.„Оваа партија во изумирање наместо со  аргументи и факти  повторно настапува со навреди, конструкции и популистички флоскули, обидувајќи се да ја дефокусира јавноста од сопствениот политички и економски дебакл.Максим Димитриевски никогаш не криел дека има лична и професионална кариера надвор од политиката. За разлика од кадрите на СДСМ кои со години егзистираат исклучиво од државни функции, Димитриевски е човек кој се докажал и во бизнисот и во политиката и покажал дека има став и интегритет.Максим Димитриевски, за разлика од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е човек и политичар без ниту еден корупциски скандал зад себе. Димитриевски никогаш не бил дел од корупциски афери и криминални набавки на вакцини и скандали за изградба на болници.За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по  луксузни јахти низ светот, тој не поседува „златни визи“ и не оди на журки во Дубаи.Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија оценува дека наводите за „луксуз“, „тендерска коалиција“ и наводно расипничко трошење се чиста клевета. Истата таа партија што денес морализира, ја задолжи државата со милијарди евра, симболичен економски раст и зад себе остави бројни корупциски афери без одговорност.Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија сака да потенцира дека сите јавни набавки и финансиски постапки поврзани со институциите се законски, транспарентни и под надзор на надлежните органи.ЗНАМ останува доследен на принципите на отчетност, одговорно управување и крај на партиските монополи. Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните.Граѓаните многу добро знаат кој ја донесе државата во економска и институционална криза, а кој нуди нов и поинаков политички пристап“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

Партијата на Максим: Во СДСМ владее паника, членството масовно се прелева кон нашето движење

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија со загриженост реагираше по брифингот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за деструктивна реторика, бегање од суштински дијалог и фокусираност исклучиво на зачувување на партиската позиција.Од ЗНАМ оценуваат дека, иако Филипче јавно зборува за европската интеграција на Македонија, неговите настапи покажуваат дека приоритет му е личната и партиската фотелја, а не државните интереси. Според движењето, СДСМ, наместо да биде конструктивна опозиција што нуди решенија и аргументирани дебати за иднината на државата, сè почесто користи „вулгарен и уличен вокабулар“, со што се оддалечува од вистинскиот политички дијалог.ЗНАМ тврди дека токму ваквото однесување довело до, како што го нарекуваат, „историски трансфер“ на разочарани членови од СДСМ кон нивното движење – луѓе кои, според нив, бараат реформски, конструктивен и државнички пристап. Во таа насока, од ЗНАМ велат дека раководството на СДСМ е во состојба на паника, обидувајќи се да ја зачува партиската структура и личните позиции.Во реакцијата се поставува и прашањето дали настапите на Филипче се најава за, како што наведуваат, „пат кон Дубаи со златни визи“, алудирајќи дека личните интереси се ставени пред државните. Од ЗНАМ сметаат дека неговото одбивање да учествува во разговори за клучни реформски закони и државни прашања поврзани со европската агенда е јасен сигнал дека напредокот на државата не е негов приоритет.Движењето потенцира дека токму реформите во правосудството, јавното обвинителство, безбедноста и слободата на изразување се теми што треба да бидат во фокусот на лидерските средби, бидејќи тие се дел од агендата за членство во Европската Унија и економска стабилност. Според ЗНАМ, Филипче нема навика за ваков тип државнички дијалог, потсетувајќи дека клучни одлуки како Преспанскиот договор и францускиот предлог биле носени зад затворени врати, без јавна дебата и без консензус.Во реакцијата се упатуваат и сериозни обвинувања за, како што велат, системска заштита на Филипче од одговорност за низа случаи од минатото – од модуларните болници и тендерите во ЕСМ, до набавките на вакцини и трагедијата во Тетово. Од ЗНАМ тврдат дека тие случаи се дел од мрежа на партиска корупција која го штитела поранешното раководство.За разлика од тоа, движењето наведува дека актуелната Влада ја води државата кон стабилност и европска интеграција, без корупциски скандали кои би ја нарушиле довербата на граѓаните. Како примери за минатото владеење на СДСМ, ги наведуваат аферите поврзани со поранешни функционери и бегалци од правдата, кои, според нив, ја довеле државата во стагнација.На крајот, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го повикува Венко Филипче да престане, како што велат, да ја блокира реформската и европската агенда и да се насочи кон вистинските интереси на државата и граѓаните.„Македонија заслужува лидери кои гледаат напред, градат консензус за реформите и европската иднина, а не лидери заробени во лични и партиски позиции“, порачуваат од ЗНАМ.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ прашува: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија

СДСМ преку соопштение се осврна на објавената ,,бомба” дека тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода.,,Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ.Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“, велат од СДСМ.,,Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе кажат дека не го знаеле нивниот Советник и носител на листа во Кисела Вода.Нема бегање. Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени.Дали е ова прва рата од исплатата за предавството на Македонија?За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?”, велат одСДСМ и ги повикуваат ДКСК, Јавното обвинителство и Финансиската полиција да отворат истрага.,,Како тоа фирма што не исполнувала услови добила тендер од 1.2 милиони евра од Пошта? Како тоа се менува сопственик само 20 денови по добивање на милионскиот тендер“, прашува СДСМ преку соопштение.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Од „ептен голема грешка“ до повлекување: Мемов по критиките кон ВРЕДИ, сега тврди дека зборувал во лично име

Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, денеска појасни дека неговата вчерашна објава на Фејсбук за поддршката меѓу партнерите во владата на локалните избори претставува негов личен став, а не официјален став на партијата. Мемов нагласи дека изборниот успех на ВМРО–ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на меѓусебната поддршка и дека владините партнери треба да продолжат заеднички во ист политички правец и по завршувањето на изборите.Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став  и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакцииПобедата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата  взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период.По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени, појаснува Мемов.Во претходната објава Мемов упати остра критика кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Ги обвини дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале Орце Ѓорѓиевски.,,ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка.

Македонија | пред 6 месеци

media-library6s9t2tjlctc58ro9JGy

Лабудовиќ во Центар со поддршка од ВЛЕН

Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ ќе ja добие поддршката од ВЛЕН.Вечерва, Лабудовиќ, заедно со генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, ја официјализираа соработката на средба со локалните жители од Кале и Дуќанџик. На средбата присуствуваа новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити кој ги повика жителите од албанска националност од овие населени места на 2 ноември кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.Затоа што само на тој начин, може да се надеваат на брзо, ефикасно и целосно решавање на нивните комунални проблеми, кои во претходните неколку години во мандатот на Горан Герасимовски воопшто не беа надминати, смета ВЛЕН.И Максим Димитриевски ќе биде поддржан од ВЛЕН во Куманово.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarybocsn6h4eh1q7jZqTHD

Лидерот на ЗНАМ за фотографијата на Црвенковски: „Човек со милион афери и уште ги употребува зборовите на Бранко“

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, коментирајќи ги фотографиите на кои поранешниот премиер и претседател, како и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски е во друштво на членови на партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, вели дека секој има право со кого сака да седи во кафеана со кого сака.Со Црвенковски сме добри пријатели. Тој е еден од основоположниците на СДСМ и човек кој го почитувам. Добар дел од луѓето во ЗНАМ се поранешни членови на СДСМ, разочарани од тоа што денес се случува во таа партија. Секој има право со кого сака да седи во кафеана, изјави Димитриевски за централниот дневник на телевизија „Сител“.Димитриевски вели дека СДСМ за него е завршена приказна, но дека жали што партијата ја води лажен социјалдемократ кој го следат милион афери.Жалам што СДСМ дојде до ова дереџе – човек со милион афери, со златна виза за Дубаи, со луксузирање на јахти, кој се продава за чесна душа, денес ја води таа партија. И уште прави алузии на зборовите на Црвенковски – ‘или си СДСМ или не си’. Можеби тој наскоро ќе си замине, но сите тие што денес ја водат партијата треба час поскоро да си одат. Не може лажен социјалдемократ како Филипче да ја води социјалдемократијата во Македонија, рече Димитриевски.Лидерот на ЗНАМ потенцираше дека

Македонија | пред 7 месеци

media-librarybocsn6h4eh1q7jZqTHD

Филипче ги употреби зборовите на Црвенковски: „Или си со СДСМ или не си“, коментар за објавените фотографии

Од лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска беше побаран коментар за објавените фотографии на кои е Бранко Црвеновски во друштво со членови на партијата ЗНАМ и на ВМРО-ДПМНЕ.-Јас можам само да го цитирам поранешниот претседател со неговата позната изјава „Или си СДСМ или не си“.Црвенковски, кој со години е повлечен од јавниот и политичкиот живот, е фотографиран во Охрид на иста маса со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственик на „Пупе Компани“.На друга фотографија, која самата си ја објави на ФБ, Црвенковски е во друштво на Марина Ѓорговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид, напиша Ѓорговска. објави Скопје1.мк

Македонија | пред 7 месеци

media-librarybocsn6h4eh1q7jZqTHD

(Фото) Бранко Црвеновски во друштво на членови на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот премиер, претседател на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, предизвика бура реакции во јавноста откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои е во друштво на членови на партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.На една од фотографиите, која ја објави Инфомакс, Црвенковски, кој со години е повлечен од јавниот и политички живот, е фотографиран во Охрид на иста маса со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственик на „Пупе Компани“.На друга фотографија, која самата си ја објави на ФБ, Црвенковски е во друштво на Марина Ѓорговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид, напиша Ѓорговска.Објавените фотографии веднаш предизвикаа лавина коментари, особено поради долгогодишното повлекување на Црвенковски од јавната сцена.

Македонија | пред 7 месеци

media-librarye0p62hjg006h0TH1M73

Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните – време е за нова енергија и вистински промени

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија средба со граѓаните на Центар, на која во фокус беа проблемите кои ја засегаат општината – урбанистичкиот хаос, загадувањето, недостигот на паркинг и потребата од повеќе зелени површини и подобра инфраструктура.Центар не смее да остане заглавен во апатија и хаос. Време е да ја прекинеме праксата на импровизации.Мојата визија е јасна – чист и зелен Центар, со современа инфраструктура, со правилен урбанизам и транспарентна локална власт што ќе биде сервис на граѓаните, а не на малкумина привилегирани.Ќе ја вратиме општината во рацете на жителите и ќе изградиме средина во која младите ќе сакаат да останат и да создаваат своја иднина. - истакна Лабудовиќ.Лабудовиќ посочи дека Центар заслужува раководство што работи како вистински сервис на граѓаните – со подобра комунална инфраструктура, решенија за сообраќајниот метеж, нови простори за спорт и рекреација и културен развој кој ќе ја врати душата на општината.За да се постигнат вистински промени, потребно е обединето дејствување. Во тој контекст, соработката меѓу Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ е клучна, како гаранција за стабилност, системски решенија и долгорочни резултати за Центар.Само заедно можеме да го изградиме Центар кој ќе му припаѓа на народот. Секоја средба со граѓаните е потврда дека силата е во заедништвото, во искрените разговори и конкретните решенија. Ви благодарам за довербата, таа е најголемата мотивација да донесеме вистински промени. - додаде Лабудовиќ.Центарци изразија целосна поддршка за Лабудовиќ, нагласувајќи дека е време за нова енергија, визија и чесно водење – Центар да стане општина со која сите ќе се гордееме.

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања