Македонија

Се чека правда за Вања: Ретроспектива по една година од најгрозомното убиство во Македонија

Една година помина од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. На 27 ноември, минатата година, девојчето беше грабнато, па свирепо убиено кај местото викано „Дупки“, над Качанички пат. Нејзиното тело беше најдено шест дена подоцна, кога еден од тогаш осомничените, а сега обвинетите, ги однел полицајците на местото каде била закопана.  Планот на убијците бил телото никогаш да не се пронајде телото, па затоа, ја закопале на место кое е тешко достапно. Планот пропаднал бидејќи полицијата прво ги лоцирала двете возила „рену канго“ и „цитроен“, па потоа дошла до политичката партија „Десна“ чиј претседател беше сега првообвинет Љупчо Палевски-Палчо. А таму, затекнала и дел од осомничените.

Нема траг од Вања, мајката сведочи: Излезе весела, не веруваме дека избегала, немаме нарушени односи

И оттука почнува целиот случај да се расплеткува. Осомничените почнуваат да кажуваат информации на полицајците, полицијата се координира со Обвинителството, па набргу потоа, се открива локацијата.

(Видео) Приведени пет лица за исчезнувањето на Вања

На прес-конференција, ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со зборот „монструм“ го опиша првообвинетиот Палчо, укажувајќи дека според докзите, тој го планирал убиството, но и го истрелал куршумот. До овој момент, пиштолот не е најден.

Не била задушена – Вања е убиена со истрел од огнострелно оружје, покажува извештајот на Судска медицина

Убиството на Вања набргу се поврзува со убиството на велешанецот Панче Жежовски. Мотивот за двете убиства е користољубие.

Вања е убиена по скоро три часа откако е киднапирана, истите лица се осомничени и за убиството на велешкиот фризер

Првоосомничениот за периодот додека јавноста добива одговори за убиството е надвор од Македонија. Излегол уште пред да биде осомничен, иако уште на 27 ноември бил лоциран автомобилот „рену кангу“ кој полицајците ги довел до партијата „Десна“. Затоа, медиумите почнаа да ги поврзуваат осомничените и да ги вадат нивните меѓусебни врски.

Низа средби и дружби меѓу осомничените за убиството на Вања, кружат и фотографии

[Профили] Сите имаат деца и се познаваат со Палчо – кои се осомничените за убиството на Вања

 Следуваа први признанија на вина во полициска станица. Тоа влегува на записник. Додека во „Песталоци“ беше отворена книга на жалост каде јавноста се опростуваше од Вања, новинарите се собраа пред судот да ги чекаат осомничените, кои сега се обвинети.

Осомничениот Велибор Манев призна вина за убиството на Вања, нејзиниот татко е еден од осомничените

Преку гаража, па во лифт, право во судница – сокриен еден од осомничените за убиството на Вања

Кешишев, Манев и Видевски добија притвори – се сомничат за „грабнување“ и „убиство“

(Видео) Солзи, воздишки, ружи за Вања во „Песталоци“ – книгата на жалост полна со сочувства

Спасовски, кој излезе на прес-конференција, обзнани дека и Александар Ѓорчевски, татко на Вања, го поврзуваат со киднапирањето.

Таткото учествувал во киднапирањето на Вања, целта била да се изнудат пари од мајката – девојчето било закопано

Започна и меѓународната потрага по Палевски. Негов адвокат го одвел до Белград. Па викнал сопартиец кој го однел до Истанбул. Според исказите до кои дојде јавноста, некаде во Ниш, Палевски веќе знаел дека го поврзуваат со грабнувањето и убиството на девојчето, но не се враќа назад туку продолжува кон Баликсир, каде беше уапсен и екстрадиран.

Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност

Со возило сопственост на фирма се упатил кон Србија и го однел Палчо во Турција – возачот е осомничен за помагање

(Видео) Со дојави, тргнувања и застанувања – рутата на бегството на Палчо почнува со дознавањето дека е најден „цитроенот“

Под посебни протоколи Палчо го носат во Македонија – екстрадацијата во тајност на барање на турските власти

Александар Ѓорчевски, татко на Вања, уште кога бараше да му се укине притворот тврдеше дека не го познава Палчо, ниту другите обвинети. Беше дециден дека никогаш не се сретнал со нив. Исто како што Палевски до ден денешен негира дека бил вклучен во грабнување или убиство.

Таткото на Вања плачел и тврдел: „Не ги знам!“, адвокатот побара да го пуштат од притвор

Првата ноќ на Палчо во притвор: ладнокрвно однесување, со себе имал мемориски дискови, камери и картици

(Видео) Палевски прашан каде бил за време на убиствата: Не сум бил во бегство

Не му помина теоријата на Палчо дека е невин пред обвинителот: предложил сведок, кој не „пеел“ како што обвинетиот мислел

Првото рочиште се одржа на 4 септември. Тогаш рочиштето траеше 11 минути, кога се споија предметите. Ниту еден од обвинетните не кажа ниту збор.

(Видео) 11 минутно рочиште: Палчо на судење за 16 дена, предметите споени, осомничените назад по притвори

(Видео) Никој од обвинетите за убиството на Вања и Панче не чувствуваат вина, таткото Ѓорчевски: Се ставам на располагање

На рочиштето кое се одржа на 20 септември и Палчо проговоре. Тој се жалеше како бил донесен во суд, посочи дека нема ДНК од него, па упати и на тоа дека мотивот бил погрешен. Заедничко за сите обвинети е што никој не гледаше вина кај себе, ниту призна.

Палчо се бранеше: Мотивот е погрешен, вештачки – има ДНК од тројцата обвинети, а од мене немаше

По ова се нижеа сведоци. Вработени во МВР кои ја воделе истрагата, пријатели на семејството Ѓорчевски, но и припадници на семејството Жежовски.

Сите нивни сведочења

Македонија се уште чека одговори кој и зошто ги сторил грабнувања и убиствата. Судот привршува со сослушување на сведоци, па ќе се изведат материјални докази. Потоа, искази ќе дадат сите обвинети. Доколку нема дополнување на доказна постапка, ќе следуваат завршни зборови и пресуда.

Македонија, не памети погрозомно убиство од убиството на Вања.

На почеток