„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кристијан Ландов

media-libraryacao9b5pmte89Zc9phn

Доктор Шаини по нападот: Немојте да ја политизирате случката, немам политичко непријателство со никого

Доктор Зекерија Шаини, кој беше застрелан вчера во една од фреквентните зони на градот Куманово, е пуштен од болница и сега се наоѓа на домашно лекување.Тој беше хоспитализиран на одделот за Пластична хирургија во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.По отпуштањето од болница, Шаини првпат реагираше во врска со настанот, оценувајќи го како обид за убиство и кукавички напад од маскирани лица. Тој побара случајот да не се политизира и да не се поврзува со каков било политички судир, нагласувајќи дека нема непријателство со никого.„Вчера бев нападнат на кукавички начин од маскирани лица. Сакам да ве уверам дека немам непеијателство со никого, ниту пак сум ја допрел нечија чест или семејство – за тоа ми е сведок само Бог. Сме во изборна кампања, но не сакам оваа случка да добие политичка конотација. Немам политичко непријателство со никого. Ги молам органите на редот да го расветлат случајот што е можно побрзо“, изјави Шаини за Алмакос.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryu8df73ld2a1n0GNvp3W

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Митко Јанчев, па на Курто Дудуш

Вечерва, две различни приказни – со ист заеднички именител: градоначалничка моќ. Во 21 часот – Митко Јанчев, градоначалникот што го нарекоа Ким Џонг Ун од Кавадарци. Одликуван од Зеленски, поддржан од Мицкоски, некогаш промотор на Заев. Еден разговор што ќе ги отвори сите незгодни прашања.Околу 22:30 - во студиото влегува Курто Дудуш. Беше со Заев и СДСМ, па ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, го величи Ахмети со ДУИ. Осуден за тепачка, обвинуван за насилство. Ја сака Шутка во која има неколку депонии, сведочеше против Дурловски за 27 април....СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Македонија | пред 3 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Полициска акција против мрежа за трговија со дрога во Скопје – претреси во Ѓорче, Хром и Нерези

Неофицијално, во тек е голема полициска акција на територијата на Скопје, насочена кон разбивање на организирана мрежа за трговија со дрога, дознава „Скопје1“.Според информации од извори блиски до истрагата, инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР извршиле упади на повеќе локации во населбите Ѓорче Петров, Хром и Нерези, со цел апсење на лица осомничени за продажба и дистрибуција на кокаин.Првичните сознанија укажуваат дека се работи за нова група која делувала во поширокото подрачје на главниот град, со воспоставена структура за снабдување и препродажба на наркотици.Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека акцијата е во тек и се спроведува во координација со обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).„Во координација со предметниот обвинител, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје. Со оглед дека акцијата сè уште трае, повеќе информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден,“ соопштија од МВР.Според засега непотврдени информации, приведени се неколку лица, а од локациите биле запленети и помали количини наркотични супстанции, мобилни телефони и пари.

Скопје | пред 3 месеци

nino-vasev

Сведок: „Сопругата ми примаше експериментална терапија по предлог на директорот Васев – прво почувствува подобрување, потоа како да не пие ништо“

Со сослушување на сведок предложен од Обвинителството, денеска продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, обвинет за несовесно лекување пациенти заедно со уште двајца онколози.Пред судот сведочеше Александар Гаќев, сопруг на почината пациентка, кој изјави дека по препорака на Васев неговата сопруга примала терапија според експериментална програма.„Терапијата прво делуваше, потоа рече дека ништо не чувствува“„Експерименталната терапија започна во 2022 година и траеше околу шест месеци. На почетокот се чувствуваше подобро, но потоа кажуваше дека терапијата ѝ е чудна, дека не ја чувствува. ѝ беше речено дека нема да ѝ падне косата и навистина не ѝ падна. Потоа велеше дека е како да не пие ништо,“ рече сведокот Гаќев, одговарајќи на прашања на обвинителството.Тој појасни дека лекувањето најпрво започнало кај докторката Мери Пешевска, но подоцна преминало кај директорот Васев, каде што неговата сопруга била лекувана околу половина година.„Сестрата ја закачи со прстен – раната се отвори и се прошири“Гаќев опиша дека по извесен период на градите на сопругата ѝ се појавила рана, за која Васев предложил да биде преврзана. При едно од преврзувањата, медицинска сестра случајно ја закачила со прстенот, по што раната се отворила и се проширила.„Имам фотографии од самата рана. Таа потоа беше пуштена на домашно лекување и за две недели почина,“ сведочеше тој пред судот.Одбраната: „Вештачењата се неточни и нецелосни“По рочиштето, адвокатот Боби Спирковски, бранител на првообвинетиот Васев, изјави дека вештачењата изработени од словенските и српските експерти се неточни, бидејќи не била доставена целокупната медицинска документација.„Не се сомневаме во стручноста на лекарите од Белград и Марибор, но нивните наоди се непрецизни. Добиле само истории на болестите, без информации за тежината и висината на пациентите – а тоа е ‘абецеда’ во онкологијата,“ изјави Спирковски, додавајќи дека без тие податоци не може точно да се одреди дозата на терапијата.Постапката ја води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска од ОЈО Скопје.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

Дојава за бомба кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ евакуираше вработени од институциите, по проверките се утврдило дека е лажна паника

Дојава за бомба ги испразни зградите околу плоштадот „ВМРО“ каде е и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но и Министерството за труд и социјална политика, како и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).Ова се случило попладнево, откако во МВР било пријавено дека на плоштадот бил оставен куфер, откако две лица го разгледувале просторот. Пријавата дошла од обезбедувањето на ЈПДП, кој лицата ги забележал на видео надзорот.По направените проверки, било утврдено дека нема никаква опасност, ниту поставен експлозив. Вработените се вратени во институциите.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysj5je9ba0fc89NvXJ1Q

Семејството на Сипковски до овој момент нема потврда дека тој е загинатиот во експлозијата во Белград

Семејството на Мартин Сипковски, за кого српските медиуми пренесоа дека е момчето кое по грешка активирало експлозив наменет за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал, нема никаква потврда или известување дека усмртеното лице е навистина момчето од Македонија.Според извори на „Скопје1“, тие барале информации од Министерството за надворешни работи, како и од белградската Судска медицина. Од МНР немале добиено никаква официјална информација преку дипломатските канали. Од Судска медицина, според нашиот извор, лицето на кое се праело обдукција се води се уште како непознато (НН) лице. Настанот се случи пред осум дена во вечерните часови, но според нашите извори, не е точно дека до овој момент е утврден идентитетот на Сипковски. Побаравме став и од МНР.„Се уште немаме официјална информација. Ќе информираме штом добиеме“, велат оттаму.Ова е спротивно на тврдењето на српските медиуми, меѓу кои „Телеграф“ кои пишуваат дека идентитетот на Сипковски е потврден со ДНК траги, преку размена на податоци помеѓу македонската и српската полиција.За Сипковски пак, до пред овој настан, во јавноста се пишувало само за неговите успеси. Тој бил ракометар, но и модел. По настанот, се дозна дека бил во куќен притвор, кој го издржувал околу една година и никогаш не го прекршил. Сѐ до 25 септември кога полицијата не го нашла дома. Пет дена потоа, се случува експлозијата во Белград. Тој е осуден за обид за убиство, кое го негирал, а и пред второстепениот суд докажува дека сведоците лажеле, сето тоа, според неофицијални информации, преку различните искази кои ги дале пред институциите. Наводно, сведоци кои го посочуваат дека тој го извршил обидот за убиство се недостапни за органите на прогонот.Белградските истражни органи соопштија дека го привеле Филип В. (26), кој е осомничен дека на 30 септември незаконски набавил и пренел експлозивна материја — пентрит — и, според сомневањата, му ја предал на Сипковски. По приведувањето тој бил сослушан во Више јавно обвинителство во Белград; против него е поднесено обвинение за недозволена набавка, држење и промет на оружје и експлозивни материјали, а обвинителството побарало да му се определи притвор поради опасност од бегање и ризик од повторување на кривично дело. Засега не е познато што сти во исказот на Филип В.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryqge12am6crak45LorDX

(Фото) Почнува нова ера во извршувањето на казните: поставена првата алка за домашен затвор

Во Велес започна примената на електронски надзор како форма на извршување на казна куќен затвор, откако 79-годишен велешанец денеска прв во земјава доби електронска алка на глуждот. Тој е осуден на три месеци куќен затвор, а надзорот ќе го вршат службеници од Секторот за пробација при Управата за извршување на санкции.„Денеска, во општина Чашка, овластени службеници ја поставија првата опрема за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор“, соопштија од Управата.Осудениот не смее да го напушта своето живеалиште во период од три месеци, освен за најмногу два часа дневно, колку што му е дозволено движење на отворено.Во случај на непочитување на упатствата или нарушување на ограничувањата, пробациските службеници ќе го известат судот, кој може да ја преиначи мерката во затворска казна.Од Управата за извршување на санкции потенцираат дека електронскиот надзор е поекономичен и похуман облик на санкција, особено кога се работи за постари лица или случаи со полесна казна.Со ова, Македонија и официјално ја воведе модерната европска практика на „куќен затвор со електронска алка“, која овозможува поефикасно спроведување на казните, без неопходност сторителите да бидат физички сместени во затвор.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryno3lrkce7lihai2XloV

Избегал пет дена пред експлозијата во Белград: Мартин Сипковски имал криминално досие со тешки дела – бил осуден за обид за убиство на 7 години затвор

Младиот Мартин Сипковски кому му експлодирал експлозив и според српските медиуми загинал во Белград, има дебело досие на само 21 година, во Македонија. Во него се вбројуваат кривични дела како насилство, разбојништво, предизвикување општа опасност. Во јавноста речиси и да нема детали за негово криминално портфолио, се додека српските медиуми не излегоа со информацијата дека загинал откако несоодветно ракувал со експлозивот, наводно наменет, за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал. Од Обвинителството за „Скопје1“ посочуваат дека Сипковски е веќе осуден на 7 години и 6 месеци затвор, пресуда која не е правосилно за обид за убиство.„Основното јавно обвинителство Скопје против осомничениот поведе истрага за кривично дело - Убиство (во обид) извршено на 15.09.2024 година во зграда на булевар "Јане Сандански", при извршен напад со нож на едно лице, а надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје веднаш по лишување на осомничениот на 29.09.2024 година поднесе предлог за определување мерка притвор. Прифаќајќи дел од аргументите на одбраната, пред се во поглед на личноста на обвинетиот, судијата на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството и определи мерка куќен притвор и привремено одземање на патната исправа. Надлежниот јавен обвинител го обжали ваквото решение, но жалбата беше одбиена. На 26.12.2024 година, по спроведена истрага, ОЈО Скопје поднесе обвинение за кривично дело - Убиство (во обид), а по спроведена судска постапка, на 03.06.2025 година обвинетиот е огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 7 години и 6 месеци, при што со одлука на Судот мерката куќен притвор е продолжена до правосилност на пресудата“, велат од Обвинителството.Обвинителот за „Скопје1“ посочува дека на 25 септември биле првпат известени дека Сипковски не е пронајден во неговиот дом. Ова е една недела пред да се случи трагедијата во Белград. Ова би значело дека тој успеал и нелегално да премине граница.„Согласно тоа Јавното обвинителство во ниту еден момент не е известено за недостапност на обвинетиот, додека на 25.09.2025 година СВР Скопје-БЈБ доставило известување до Судот дека лицето не е пронајдено во неговиот дом, по што Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да ја укине мерката куќен притвор и да определи ефективен притвор за обвинетиот“, велат од Обвинителството.Детали за Сипковски сподели и неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ:

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi0g1hd9rvc3eet89AJb

Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Валандово каде продолжува изборниот караван со граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, порача дека неспособноста и безидејноста на владата е прочитана и затоа власта посегнува по црни кампањи.„ВМРО-ДПМНЕ не испорача резултати туку се сликаше со проектите кои останаа недовршени од СДСМ. Без резултати власта прибегнува кон лаги и спинови“, рече Филипче.„Кога се нема резултати, кога неспособноста се гледа, се прибегнува кон спинови, лаги и црни кампањи. Секој ден ја гледаме црната кампања против опозицијата и измислени афери што им се распаднаа, беа хибридни напади, дронови, сега стикови. Никако да разберат дека се прочитани и граѓаните веќе не им веруваат“, рече Филипче.„Но, ниту јас, ниту СДСМ нема да влеземе во калта во која тие се чувствуваат комотно“, потенцирше тој.„Ќе продолжиме да ја разобличуваме лажната и лицемерна власт, но уште повеќе ќе зборуваме за реалните проблеми на луѓето. Тоа е нашата борба, за поголеми плати на работниците, за 500 евра минимална плата, за поголеми пензии, за земјоделците, за докторите, за наставниците младите, за Европа.“, рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Валандово.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykgdpq155lut4anAoTB8

Нација што се навикна на трагедии: Извинете што ве вознемирувам, но нечиј син нема да се врати дома

Извинете што ве вознемирувам. Знам, сега сите сте „фокусирани“ – на плакати, на анкети, на партиски штаботи. На избори по кои, да бидеме искрени, избраните и неизбраните – можеби веќе никогаш нема ни да ве погледнат. Само кусо.Во август, Македонец се обиде да изврши атентат врз член на мафијашки клан во Црна Гора. Неделава, друг Македонец загина – во Белград, во обид да изврши ликвидација. Не зборуваме за криминални „ветерани“. Зборуваме за момци родени во 2000-тите. А да, во Љубљана неделава исто беше убиен жител на Кочани.Додека ние се караме кој е „повеќе патриот“, додека лепат плакати со празни зборови, некој таму, во сенка, ги купува вашите/нашите деца за евтина крв. Им даваат пари, им даваат оружје, им земаат иднина. А ние? Ние не сме фокусирани на нив, туку на евтини приказни.И ако ова не нѐ тресе повеќе од победите и поразите на партиите и кандидатите, ако не чувствуваме срам за ова, тогаш сме станале нација што се навикнала на трагедии. Секојдневни. Рутински. Со израз на рамнодушност и слоган на усни.Па продолжете, мерете проценти, споделувајте анкети, навивајте за вашите. Само не заборавајте – некаде меѓу тие постери, ќе недостига некој син што замина „да заработи“. На друг начин.А сега, да се вратиме на нашите рекла-казала избори.

Коментари | пред 3 месеци

media-library00qobj1rmq8l4jF9Gis

(Видео) Човек кој ја разбираше тагата, но и радоста - сеќавањата за легендарниот Халид Бешлиќ

Веста за смртта на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, кој почина денес, 7 октомври, во Сараево по кратко и тешко боледување, ги обедини луѓето низ целиот регион. Неговата музика, но и неговата човечност, го направија човек што не припаѓаше само на една земја или генерација – туку на сите што некогаш почувствувале љубов, болка, носталгија и живот во неговите стихови.Иако потекнуваше од светот на народната музика, Халид беше омилен и меѓу рокери, панкери и кафански душевни луѓе. Неговите песни ги знаеја и оние што никогаш не би признале дека ги слушаат. „Романија“, „Миљацка“, „Први пољубац“ – тоа не беа само хитови, туку животни приказни што се пеат со иста сила веќе половина век.Еден новинар што го интервјуирал пред неколку години во мотелот „Бешлиќ“ во Семизовац сведочи дека Халид не се однесувал како ѕвезда, туку како обичен човек со големо срце. Го пречекал со својот другар од основно училиште, со кого и по сите години сè уште се дружел. „Со Халид не одите на разговор со естрадна ѕвезда, туку на гости кај човек од народот,“ запишал новинарот по средбата.Во тој разговор, Халид зборувал за своите почетоци, за љубовта кон Бања Лука – градот во кој, како што рекол, го имал „првиот банеж“ по земјотресот во 1969 година. Со насмевка се присетил на детските игранки и првата симпатија од ученичкиот дом на Грбавица.„Бев во детски дом кога беше земјотресот во Бања Лука. Тогаш дојдоа многу девојки од Бања Лука, и таму се случи првата љубов, првиот банеж... тоа се убави спомени,“ рекол тогаш Халид.Разговорот ги однел и до неговата тешка сообраќајна несреќа во 2009 година, по која речиси престанал да вози и да пие. Со ведрина зборувал за животот, за пријателите што ги загубил – Тома Здравковиќ, Џеј, Кемал Мондено, Сафет Исовиќ – и за оние со кои делел маса и песна. Особено го издвоил Даворин Поповиќ од „Индекси“, за кого рекол дека му бил омилен „партнер за кафански разговори“.„Во времето кога јас почнував, кафаната беше институција, а музиката – мост меѓу луѓето,“ зборувал Халид. „Подоцна настана хиерархија – пејачите станаа богови, а луѓето публика. Јас останав оној што сум бил – човек од масата.“На крајот од интервјуто, со својата позната топлина рекол:„Кога ќе дојдете во Сараево, јавете се, да се видиме.“Иако тоа звучело како празна реченица, сите што го познавале знаеле дека Халид секогаш мислел искрено.Денес, кога тој повеќе не е меѓу нас, остануваат неговите песни – едноставни, искрени, човечки. Останува споменот на човек што ја разбираше и тагата и радоста, и кој со секоја нота ја обединуваше Југославија повеќе од било која политика.Халид Бешлиќ денес не пее во сала, туку на некоја небесна сцена, каде што повторно ќе ги сретне своите стари пријатели. А овде долу, неговите песни и понатаму ќе живеат – како сведоштво дека едноставноста е најголемата човечка височина.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Тошковски со жесток одговор до СДСМ: „Очајот не се прикрива со зборот ‘оставка’“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, остро реагираше на, како што вели, „очајните и политички мотивирани напади“ од СДСМ, обвинувајќи ја партијата дека преку постојани барања за негова оставка се обидува да го прикрие сопствениот неуспех и стравот од одговорност.„Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото не се бришат со папагалско повторување на зборот ‘оставка’“, вели Тошковски во својата изјава, додавајќи дека СДСМ секојдневно фабрикува кризи и спинови, обидувајќи се од секоја тема да направи политички напад.Тој потенцира дека повеќе од една година центарот за прес на СДСМ не прави ништо друго освен да бара негова оставка, без аргументи и без конкретни докази за било каква одговорност.„Секој ден истата реченица, иста интонација. Без разлика дали темата е безбедност, животна средина или парно греење – одговорот е ‘оставка’. Не би ме изненадило ако утре СДСМ ме обвини и за недостиг на сончеви зраци во Скопје“, саркастично коментира министерот.Тошковски ги обвини социјалдемократите дека ја користат секоја трагедија, па дури и денешниот вооружен инцидент во Куманово, за политички поени.„Пред да заврши увидот, пред да има првични наоди, тие веќе бараат оставка. Секој трагичен настан за нив е средство за политичка пресметка“, изјави тој.Во изјавата, Тошковски посочи дека СДСМ е вознемирен од резултатите на МВР, посебно од постапките против корумпирани функционери и расчистувањето на криминални групи.„Толку ли ви смета што покренавме кривични постапки против судии, обвинители и поранешни директори? Што расчистивме 14 криминални банди и уапсивме членови на терористички ќелии? Очигледно не ви пречи начинот на кој работам, туку резултатите“, нагласи министерот.Тој потсети дека за една година на функцијата преживеал две интерпелации — од Левица и од ДУИ, и оцени дека СДСМ може да се приклучи со трета, за да ја „заокружи коалицијата на очајот“.„Нема да поднесам оставка. Додека тие се занимаваат со спинови и конструкции, јас ќе продолжам да решавам проблеми и да расчистувам со нередот што го оставија. За нив политиката е шоу, за нас е одговорност“, завршува Тошковски.Министерот порача дека граѓаните ќе ја дадат последната оценка на претстојните локални избори, кога, како што рече, „зборовите ќе се судрат со делата“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr9f348cno9hlaT17L5I

(Видео) Од куќен притвор во Македонија до експлозија во Белград – нови детали за патот на Мартин Сипковски

Мартин Сипковски, момчето за кое српските медиуми јавија дека загинало во Белград, откако според првичните информации, по грешка активирал експлозив, избегал додека бил во куќен притвор, дознава „Скопје1“ од свои извори во скопското Обвинителство. На нему му се суди за обид за убиство, предмет кој го застапува обвинителот Александар Марковски, а бранител му е Владимир Туфегџиќ. „Скопје1“ контактираше со адвокатот, кој потврди дека му е застапник, но тој се уште нема никаква потврда дека Сипковски учествувал во настанот во Белград.„Како негов бранител известен сум од неговата мајка дека пред неколку дена Мартин под неразјаснети околности не е достапен но немам официјална потврда за неговото учество во настанот. Точно е дека во Кривичниот суд против него се водат неколку кривични постапки и изречена е мерка куќен притвор до правосилно завршување на кривичната постапка, во кои постапки сум негов бранител, и досега  против него не е изречена правосилна  пресуда“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.Според информации на „Скопје1“ од полициски извори, во евиденцијата стои дека Сипковски секогаш ја почитувал мерката куќен притвор. Постапката за обид за убиство се водела повеќе од година, а исто толку време тој издржувал мерка за обезбедување присуство. На момчето му биле изрекувани и други воспитни мерки, а Туфегџиќ го впери простот во институциите.„Како и да е надлежните институции не направија доволно за Мартин како исклучително интилигентено и талентирано дете, во насока на навремено превенирање и артикулирање на неговата енергија во вистинска насока, иако му биле изрекувани воспитни мерки како дете во судир со законот. Овој настан нека биде повод нашите институции и воспитно поправните домови навремено да превенираат и да работат со деца во судир со законот во смисла да им ја пренасочат погрешно насочената енергија“, додава Туфегџиќ од „Скопје1“.Стапивме во контакт и со МНР, од каде велат дека остваруваат контакти со српското МНР. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.Како што стои во досегашните откритија на истрагата објавени од српските медиуми, Сипковски наводно внел експлозивна направa во зграда на улица Дечанска, по што следната вечер, при наводно несоодветно ракување, детонацијата се случила и го усмртила. Случајот се третира како сериозна кривична постапка; истражителите собираат траги, материјални докази и сведочења за целосно разјаснување на околностите.

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

„Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру?“ Мицкоски со нова порака до Филипче

На денешниот народен митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до Филипче и го повика јавно да каже што мисли за неговиот ментор и гуру од Струмица.„Од причина што се срами да каже, и затоа што е лицемерен и едно зборува во јавноста, додека истовремено глуми и одработува и кова заеднички планови со него, го повикувам Филипче да каже јавно што мисли за неговиот ментор и гуру, дали бил добар претседател на Владата и дали тој направил добро за Македонија. Нормално не очекувам да даде одговор којшто сите ние добро го знаеме граѓаните. Затоа на овие избори секој човек во животот има момент кога треба да одлучи. Не за политика. Туку за тоа кому му верува, кого го препознава како свој. Кој е тука кога е тешко, кој не се крие кога треба да се одговори, кој го познава твоето маало, твојата мака, твојата борба“  кажа Мицкоски.Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да излезат и да гласаат за број 9 за подобра и достоинствена иднина.„Многу е важно да излезете на избори и да гласате. Македонија е исправена и подготвена да оди напред! Нема поголема сила од народот кој верува, од народот кој знае што сака и кој знае дека иднината е во негови раце. Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин“ заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3vivlnqq0baf9UDMQiK

Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али, вели Стојаноска

Нека не ве чуди што Гостивар е најраселена општина во Македонија.  Тоа е така, затоа што, слободно ќе кажам, дел од водачите на партиите на Албанците во Македонија се преиграа политика, а овие - од државотворнава СДСМ, зинати за власт и со криминал преку ушите, со две раце ги прифаќаа ваквите игри. И затоа сега се каде што се. Пред исчезнување, рече Дафина Стојаноска член на Извршниот комитет на денешниот митинг во Гостивар.Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, и повторно почнува да гради од темел - онаму кај што другиве оставиле пепел.Стојаноска се осврна и на противниците од СДСМ и Левица.„На овие со бројот 5 од вчера напомош им се јави и струмичанецот на привремен престој во Дубаи. Тој кој велеше дека баклавата е изедена, ама тепсијата сто, треба да дојде во Гостивар и да види дека од некогашното СДСМ во Гостивар веќе нема ни тепсија, ни баклава. Овие, пак , со бројот 6 - лесничари кои најлесно знаат да одработуваат за најдобро платената сума. И види мајката опасни политичари, кандидирале градоначалници токму во Тетово, Гостивар и Струга, кај што ќе се бие битката меѓу партиите на етничките Албанци. Зашто, кај битката меѓу партиите на етничките Македонци – ВМРО е многу на малку, па Димче нема есап да се појави. И цело време го напаѓаат само ВМРО, дури и името ќе ни го забранеле кога тие ќе дошле на власт, значи на Свети Никогаш. Па добро бе Димче, овде ние не сме од вчера, па ти најде да не‘ учиш. Па од авион се гледа дека овојпат одработуваш за стопанот Али. Овојпат тој те платил најдобро и сега те поседува. Ти си најголемиот штетник за етничките Македонци, особено во Западна Македонија, и тоа во корист само на Али, ама голем си, си знаеш“, кажа Стојаноска.Стојаноска на крајот со апел: „Морав да го кажам ова за нив – за гостиварчани да знаат дека Димче не е патриот, туку е платеник кој одработува туѓи агенди. Одработува за Али и гласот за Димче во Гостивар е глас за Али. Затоа, драги мои гостиварчани, изборот на 19 ти октомври е кристално јасен. Тоа е бројот 9 – за носителот Мартин и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Бројот 9 – за Гостивар. Бројот 9 – за иднината на гостиварчани“.

Македонија | пред 3 месеци

media-library01nmgmpgkjnl7aLOpm2

Позната здравствената состојба на повредениот доктор во кого беше пукано во Куманово

Министерството за здравство остро го осуди вооружениот напад што се случи во Куманово, при кој беше повреден доктор Зекирија Шаини. Лекарот е надвор од животна опасност и се наоѓа во стабилна состојба, каде прима соодветна медицинска нега.„Ќе обезбедиме целосна поддршка за доктор Шаини во текот на неговото закрепнување и рехабилитација“, информираат од Министерството.Институцијата го осудува секое насилство врз здравствени работници, оценувајќи го инцидентот како крајно неприфатлив.„Категорично го осудуваме нападот. Безбедноста на здравствените работници мора да биде гарантирана. Ќе преземеме конкретни мерки за унапредување на заштитата во соработка со здравствените установи и локалните власти“, се наведува во соопштението.Министерството најави и засилена координација со Министерството за внатрешни работи и општинските органи во Куманово, со цел целосно расветлување на случајот и утврдување на одговорноста.Од институцијата апелираат за воздржаност, почитување на приватноста на жртвата и поддршка за него и неговото семејство.„Ги повикуваме граѓаните и медиумите да покажат солидарност и разбирање. Министерството ќе ја следи состојбата на докторот и навремено ќе ја информира јавноста за сите релевантни промени“, велат оттаму.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryss1ti5uvnqtndRvfcPR

(Видео) Објавена снимка од пукањето во Куманово – маскирано лице вперува пиштол во автомобилот управуван од докторот кој сега се бори за живот

На социјалните мрежи се појави снимка од безбедносни камери на која се гледа моментот од денешното пукање во Куманово, кога непознато маскирано лице со пиштол пукало кон автомобил „Фолксваген голф“ во движење.На видеото, снимено од надзорна камера поставена на околна зграда, се гледа како вооруженото лице стои покрај улицата, го забележува возилото кое се приближува и вперува пиштол директно кон него, испукувајќи неколку куршуми. По ова бега.Според првичните информации, три куршуми завршиле во шофершајбната на возилото. Возачот, 43-годишен доктор од село Слупчане, општина Липково, е тешко повреден и со итна медицинска помош бил пренесен во кумановската болница.Инцидентот се случи денеска околу 13:54 часот, на крстосницата меѓу улиците „Димитрие Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во Куманово.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полициски екипи веднаш излегле на терен, обезбедено е местото на настанот и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на напаѓачот и целосно расчистување на случајот.Од Основното јавно обвинителство Куманово потврдија дека двајца јавни обвинители излегле на лице место и се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.– „Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви, но сите околности се проверуваат“, соопштија од Обвинителството.Случајот предизвика вознемиреност кај жителите на Куманово, особено бидејќи пукањето се случило среде бел ден и на фреквентна локација, во близина на продавници и кафулиња.Полициската истрага е во тек.

Настани | пред 3 месеци

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Брутална тепачка во Виница: човек во кома, за тепачот се бара притвор

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Виница за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Осомничениот 37-годишник, на 2 октомври, на паркинг простор пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно повредил едно лице и му го довел во опасност животот. Откако започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот, осомничениот пред објектот најпрво го фатил оштетениот за јакната и му задал повеќе удари со тупаници во стомакот. Потоа продолжиле да се туркаат и да се удираат со камења.Присутни лица се обиделе да ги раздвојат, но во еден момент осомничениот со камен го удрил оштетениот во задниот дел од главата и тој од ударот паднал во бесознание. Му била нанесена тешка телесна повреда – скршеница на черепот на главата, поради која оштетениот се наоѓа во кома и е неконтактибилен, а животот му е доведен во опасност. Јавниот обвинител, веднаш по настанот, достави предлог до Судот со кој лицето беше обезбедено со мерка притвор во траење од два пати по 48 часа со цел да се обезбедат сите потребни докази особено во поглед на здравствената состојба на оштетениот.Во текот на денешниот ден, веднаш по формалното отворање на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување редовен притвор во траење од 30 дена“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysj5je9ba0fc89NvXJ1Q

Од ракометар до модел: животот и мистеријата околу Македонецот Мартин Сипковски, кој загина во експлозија која сам ја предизвика

На 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград избувна експлозија во која животот го загуби државјанин на Македонија, Мартин Сипковски (21), пишува српски „Телеграф“. Неговата идентификација била потврдена по обдукцијата и размена на ДНК податоци меѓу српската и македонската полиција, пренесуваат белградските медиуми.Според првичните сознанија, Сипковски настрадал при нестручно ракување со експлозивна материја — пентрит (PETN), моќен детонабилен состав кој, како што се наведува, наводно бил наменет за ликвидација на лице поврзано со организиран криминал. Од експлозијата целосно е уништен станот каде што се случил настанот, а оштетени се и два соседни стана.Полицијата приведе лице осомничено дека му предало експлозивБелградските истражни органи соопштија дека го привеле Филип В. (26), кој е осомничен дека на 30 септември незаконски набавил и пренел експлозивна материја — пентрит — и, според сомневањата, му ја предал на Сипковски. По приведувањето тој бил сослушан во Више јавно обвинителство во Белград; против него е поднесено обвинение за недозволена набавка, држење и промет на оружје и експлозивни материјали, а обвинителството побарало да му се определи притвор поради опасност од бегање и ризик од повторување на кривично дело.Истрага за околностите и мотивитеКако што стои во досегашните откритија на истрагата, Сипковски наводно внел експлозивна направa во зграда на улица Дечанска, по што следната вечер, при наводно несоодветно ракување, детонацијата се случила и го усмртила. Случајот се третира како сериозна кривична постапка; истражителите собираат траги, материјални докази и сведочења за целосно разјаснување на околностите.Кој беше Мартин Сипковски?Во јавноста Сипковски беше познат како поранешен младински ракометар на РК Вардар, кој подоцна се насочил кон моделинг и работење во модната индустрија. Неговиот пресврт кон модата и достигнувањето договор со агенција во Истанбул беа широко покриени во медиумите, а соработуваше и со покоен Зоки Фаци; исто така е споменат како студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопје. Белградските извештаи, како и некои информации од Македонија, укажуваат дека имал претходни полициски евиденции, но точниот карактер и опсег на евентуалните криминални активности се предмет на истрагата.Што е пентрит?Пентрит (пентаеритритол тетранитрат, PETN) е силен експлозив во форма на бели кристали, користен во детонатори и во производството на одредени видови пластични експлозиви. Заради големата разорна моќ и чувствителност на удар и триење, неговото нелегално поседување и употреба претставува значаен безбедносен ризик.Надлежните српски служби најавија дека ќе продолжат со темелна истрага за да ги утврдат сите факти и мотиви поврзани со трагичната експлозија.

Македонија | пред 3 месеци

toskovski

Се бара оставка од Тошковски, по пукањето во Куманово

„Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните“, велат од СДСМ и додаваат:Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски.СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста.Бараме и политичка одговорност од Панче Тошковски. Ова што се случува во континуитет е за секаква осуда и недозволиво. Македонските улици се претворија во Див Запад. Престрелките се секојдневие, граѓаните не се чувствуваат безбедни.Денеска во Куманово според информациите од медиумите можело дете да загине додека се враќа од училиште. Со блиндирани возила ли треба граѓаните да ги носат децата во школо?СДСМ предупредува дека вакви инциденти не се изолирани и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и ДПМНЕ.Партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ, харањето по партиски штабов и злоупотребата на БЈБ се на директна штета на безбедноста на граѓаните. Тоа ги охрабрува криминалните структури.Уште колку луѓе треба да настрадаат, уште колку луѓе треба да бидат убиени за Тошковски конено да си поднесе оставка?Оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради очигледниот системски колапс на јавната безбедност и недоволна превенција на насилни инциденти мора да има.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylo0u20raemg6fHak8IO

Ристовска и Гајдова овојпат ги нема: Познати правници и судии во трката за македонски судија во Стразбур

Дваесетина професори, судии, адвокати и правни експерти се најдоа на новата листа кандидати за судија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, дознава „Скопје1“.Меѓу нив, сепак, не се обвинителката Ленче Ристовска и судијката Габриела Гајдова, кои на претходниот конкурс го поминаа првиот филтер, но не добија поддршка од Владата. Третото име од тој круг, адвокатот Јордан Апостолски, кој тогаш стигна до финалната фаза и овојпат повторно аплицирал со истата амбиција — да суди во име на Македонија во судот во Стразбур. Причината за поништувањето на конкурсот, според Владата, беше неисполнување на предвидените услови од страна на кандидатите.На повторениот конкурс се појавија и нови имиња. Меѓу нив е професорот Сашо Георгиевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“, кој претходно немаше аплицирано, како и адвокатот Александар Гоџо, правен експерт за ЕУ и меѓународно право, со долгогодишно искуство во областа на криминалистичките истраги.Од поискусните и познати кандидати се издвојува судијата Андреј Димовски од скопскиот Граѓански суд, кој веќе има работно искуство во Европскиот суд за човекови права, како и правникот Велимир Деловски, поранешен асистент во Регистарот на Судот во Стразбур. Своја апликација поднесе и адвокатот Тони Менкиновски, кој беше кандидат и на минатиот конкурс, како и поранешната претседателка на Академијата за судии и јавни обвинители, институција која често е предмет на јавни критики.На листата се најдоа и судијата Али Алиу, заменик-директорот на Академијата Илир Исени, адвокатките Наташа Бошкова и Соња Петрушева, како и Јелена Ристиќ, извршна директорка на Адвокатската комора на Македонија. За истата позиција конкурира и адвокатот Валентин Пепељуговски.Според процедурите, конечната одлука за тројцата кандидати кои ќе ѝ бидат предложени на Владата ја носи Комисијата за селекција, составена од претседателите на Уставниот, Врховниот, Апелациониот и Кривичниот суд, како и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

Македонија | пред 3 месеци

vasil-j

Возачот Васил Јованов бара помала казна, обвинителката Фатиме Фетаи – построга пресуда

Возачот Васил Јованов, кој во мај ја прегази младата Фросина Кулакова на пешачки премин и беше осуден на 12 години затвор, денеска пред Апелациониот суд во Скопје побара неговата казна да биде намалена. Истовремено, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи побара построга казна за Јованов, оценувајќи дека првостепената пресуда е преблага, пишува „Слободен печат“.Јованов беше спроведен од затворот „Скопје“ и во судницата уште еднаш изрази жалење за трагедијата:„Сакам да изразам најдлабоко каење и искрено сочувство до семејството на загинатата. Имам голема грижа на совест за тоа што се случи и болката што ја предизвикав.“Судијката известител Александра Ристеска информираше дека по предметот пристигнале две жалби – една од Обвинителството за организиран криминал и корупција со барање за повисока казна, и друга од бранителот на Јованов, адвокатот Сашко Дуковски, кој бара казната да биде намалена или случајот вратен на повторно судење.Обвинителката Фетаи побара од Судот да ја одбие жалбата на одбраната и да ја усвои жалбата на обвинителството:„Со вакви возачи, што не почитуваат ниту едно сообраќајно правило, никој не може да се чувствува безбедно. Притоа, против обвинетиот има и други прекршоци, што покажува дека не се одвратил од повторување на делото. Казната мора да гравитира кон горната граница.“Одбраната, пак, инсистираше дека признанието на вина е искрено и треба да биде олеснителна околност.„Признанието се дава со цел да се избегнат долги судења и да се покаже свесност за стореното. Ве молам, видете го видеото неколку минути по настанот и сами ќе процените дека неговото каење не е лажно“, изјави адвокатот Дуковски.Апелациониот суд, по завршување на јавната седница, треба да донесе правосилна одлука за случајот кој предизвика силни реакции во јавноста и повторно го отвори прашањето за казнената политика кон несовесните возачи.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymm73dc19pvgr0kQ2Zb7

Лажни се мејловите и пасвордите кои кружат на интернет од државни институции, лажна е заканата за голем сајбер напад, вели Андоновски

До повеќе медиуми во земјава беше испратена електронска порака со заканувачка содржина, во која се најавуваше „голем сајбер напад“ за време на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 што се одржа во Скопје. Во пораката бил наведен и список со наводни е-маил адреси и лозинки од државни институции и физички лица.Од Министерството за дигитална трансформација за „Скопје1“ велат дека заедно со засегнатите институции направиле детална анализа на содржината. Резултатите покажале дека огромен дел од наведените адреси биле лажни, со погрешно наведени имиња, домени и податоци кои требало да создадат впечаток на автентичност. Само помалку од 2% од објавените адреси потекнувале од стари, одамна затворени инциденти собрани од различни извори.„Со внимание го следиме целиот процес. Министерството за внатрешни работи презема мерки за справување со настанот, кој има и кривично-правна позадина“, стои во соопштението.Според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, станува збор за политички мотивирана сајбер закана чија цел била да се создаде страв и недоверба кај вработените во јавната администрација и кај граѓаните.„Оваа кампања користеше лаги, манипулации и измислици со цел да се наруши довербата во Владата и Министерството за дигитална трансформација, токму во период кога се одржуваше голем регионален настан“, изјави Андоновски, додавајќи дека за време на Самитот не бил забележан ниту еден безбедносен проблем на системите под надлежност на Министерството.Како дополнителна мерка, Владата на предлог на Министерството усвоила Информација за зајакнување на политиките за лозинки на службените е-маил адреси во сите институции. Со тоа, секоја институција е задолжена да воведе високо ниво на безбедност при креирање лозинки, доколку тоа досега не било направено.Воедно, Министерството најави сет обуки за унапредување на сајбер безбедноста во јавниот сектор, со цел превенција и поголема подготвеност во случај на реални сајбер напади во иднина.

Македонија | пред 3 месеци

media-library55r141dsruck4NF1hnc

Голем дел од Скопје вечерва без вода или со слаб притисок поради дефект во Влае

Дел од населбите Ѓорче Петров и Хром вечерва останаа без вода поради сериозен дефект на главната водоводна линија во Влае. Граѓани од околните делови на градот јавуваат дека имаат слаб притисок и проблеми со водоснабдувањето.Од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ потврдија дека дефектот е на цевка со дијаметар од 600 милиметри на улицата Франце Прешерн 100Д и дека без вода ќе остане поголем дел од градот.„Ве известуваме дека поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600 мм на улица Франце Прешерн 100Д во населба Влае, со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатиот дел ќе биде со намален притисок. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности“, соопштија од претпријатието.Екипи на Водовод се на терен и работат на санација на дефектот. Се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во текот на ноќта.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarym4fg7d7bg45tcKxE2pG

„Ќе се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи има среќа, правдата ќе ве стигне“, Мицкоски со порака до СДСМ

Го слушам Венко Филипче како зборува дека сум штител на олигархија. Целиот мој живот го посветив на книгата и пенкалото, и така се градев себеси. И јас во политиката влегов чесно и со искрени намери, и мојата имотна состојба од тогаш до денес е непроменета. А тој, седнат во скутот на неговиот гуру, со хациенда на Водно направена додека е министер, со партнерски зделки со неговиот гуру, кој со чиновничка плата – што како премиер, што како градоначалник – има империја тешка стотици милиони евра, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Струмица.Мицкоски посочи дека тука следува логичното прашање, како од едно просечно семејство се стигнува до милиони какви што тие имаат и располагаат.„Одговорот го знаете, а резултатот го плаќаме сите ние – се вика разрушена држава и систем кој пропаѓа и кој сега мораме да го градиме од неговите темели. И нека создаваат лажна слика на душегрижништво, затоа што темелите на овој дом се составени од надежите, мотивите и жртвата на илјадници луѓе кои се вградија во тие темели. И целото мое време го посветувам за да ја кренеме Македонија, ама не се залажувајте ниту помислувајте дека заборавив за мигот што ѝ го направивте на државата“, кажа Мицкоски.Мицкоски се осврна на кампањата и спотовите со кои се претставува СДСМ на овие избори.„Колку и да лажете на спотовите и бледата кампања што ја имате, не можете да го излажете народот. Таму, во тие спотови и изјави, се скриени сите ваши стравови и потсвести, сите ваши сеништа и скриени пораки. Па така, некни, кога патував на еден од митинзите, гледам спот на СДСМ каде тегнат, влечат еден црвен кабел низ Скопје. Кабелот ги заокружува луѓето од СДС, ги поврзува сите од раководството на СДСМ, и вика – точно, во право се, сите нив ги поврзува еден кабел. И со право – кабелот е неизоставен дел од потсвеста на Венко. Човекот при здрав разум излезе и нè убедуваше дека кабелот бил виновен што модуларната болница изгорела. А не системот во распаѓање кој тие со години, а претходно со децении, го уништуваат“, изјави Мицкоски.Мицкоски со порака до Филипче: „Венко, кабелот не може да биде никаква иднина, туку само добар слуга на неговите политички господари на кои им служи со гордост и чест, и не се ни труди да смени нешто“.Мицкоски укажа на фактот дека од СДСМ ниту демантираат, ниту потврдуваат за врските и парите од Бугарија.„Ниту пак се во состојба да кажат поинаку од она што сите знаеме дека е вистината. Ќе ви се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи има среќа. И сакам една порака до сите нив: тоа што година и три месеци сè уште не стигнала правдата до вас, тоа што година и три месеци секој ден, час во денот и неделата го минувам на градење на темелите што ги рушеа, не значи дека заборавив и не работам правдата да ве стигне“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања