„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кристијан Ландов

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Прегазени две девојчиња на 12 и 13 години: тешка несреќа во Скопје

Две девојчиња на возраст од 12 и 13 години се здобиле со тешки телесни повреди откако синоќа биле удрени од автомобил на улицата „Товарник“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила на 4 октомври 2025 година околу 20:30 часот, кога патничко возило марка „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, управувано од 76-годишниот П.Н. од Скопје, удрило во двете малолетнички.Повредените девојчиња биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryp6gll1ijv5u2eH8yUTD

Приведен скопјанец кој физички ја нападнал партнерката и го одзел нивното бебе

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го привеле 30-годишниот Х.С. од Скопје, поради сомнение дека извршил семејно насилство и противправно одзел малолетно дете.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 4 октомври 2025 година, околу 23:10 часот, на подрачјето на Бит Пазар, тој бил лишен од слобода по претходна пријава од неговата 21-годишна вонбрачна партнерка.Според пријавата, на 2 октомври во нивниот заеднички дом, осомничениот физички ја нападнал, по што на 3 октомври, додека таа се наоѓала во домот на нејзините родители, тој дошол и ја зел нивната тримесечна ќерка.„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryco5096cgdn8559yQEKd

Низа инциденти низ Скопје: напади, кражба и физички тепачки во еден ден

Во изминатото деноноќие скопската полиција евидентирала повеќе инциденти во различни делови од градот, меѓу кои физички напади, нарушување на јавниот ред и мир и пријави за кражба.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 октомври околу 6 часот наутро, 35-годишен маж пријавил дека бил нападнат со остар предмет во својот дом на подрачјето на општина Центар, од страна на неговата вонбрачна партнерка И.Д. (41) од Скопје. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.Истиот ден, во 12:15 часот, на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија околу паркирање на возила, дошло до физичка пресметка меѓу три лица: Б.А. (62) од една страна и Љ.Р. (80) и С.Р. (50) од друга страна, сите од Скопје. По документирањето на настанот ќе следи соодветен поднесок.Потоа, во 20:55 часот, жител на Скопје со иницијали А.К. (47) пријавил дека во автобус на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од контролор на ЈСП. И овој случај е под полициска истрага.Во посебен инцидент, во 09:05 часот, било пријавено дека во спортска обложувалница во општина Аеродром едно лице физички го нападнало вработениот и одзело пари, по што избегало. Полицијата спроведува мерки за идентификација на сторителот.МВР информира и за инцидент во селото Идризово, пријавен на 3 октомври, кога дошло до физичка пресметка меѓу две лица – Д.М. (44) и Х.П. (65), и двајцата жители на селото.Исто така, во населбата Илинден, околу 14 часот, С.В. (52) бил физички нападнат од лице со иницијали Т.Н., кое се обидело да го удри со тврд предмет.Последниот случај се однесува на пријава од Ж.Д. (37) од Скопје, која наутро околу 6 часот, на подрачјето на Драчево, била нападната со тврд предмет од Р.Д. (73) од Скопје.Од МВР додаваат дека сите случаи се во постапка на расчистување, а по завршување на истрагите ќе следуваат соодветни пријави.

Скопје | пред 3 месеци

media-library95mgh72m2q2d6UpWyVJ

Руски научник и соработник на Путин тврди дека Западот подготвува вирус за „елиминација на човештвото“

Михаил Ковалчук, директор на рускиот Институт за нуклеарни истражувања „Курчатов“ и близок соработник на Владимир Путин, изјави дека Западот планира да го уништи поголемиот дел од човештвото со создавање на смртоносен вирус, оставајќи во живот само мала елита која би била опслужувана од роботи.77-годишниот Ковалчук ги изнесе овие тврдења на Форумот на наставници во Москва – настан поддржан од Кремљ.„Западот сфаќа дека има премногу луѓе кои стануваат непотребни. Ќе се појави вирус со 90% смртност што ќе ги покоси“, изјавил Ковалчук пред повеќе од илјада наставници.Организаторите на Форумот на наставници не коментираа за контроверзните изјави на Ковалчук.

Свет | пред 3 месеци

gaza2

Исламските држави го поздравија мировниот план на Трамп: „Ова е вистинска шанса за мир во Газа“

Високи дипломати од неколку исламски држави го поздравија мировниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, нарекувајќи го „вистинска можност“ за постигнување трајно примирје во овој густо населен регион.Министрите за надворешни работи на Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Пакистан, Турција, Саудиска Арабија и Катар во заедничка изјава го оценија позитивно одговорот на палестинското движење Хамас на планот на Трамп за решавање на кризата во Газа.Дипломатите го поздравија и повикот на Трамп до Израел веднаш да го прекине бомбардирањето на Газа и да започне реализација на размената на израелските заложници, кои се држат во Газа, за палестински затвореници во Израел.„Овој развој на настаните претставува вистинска можност за воспоставување сеопфатно и одржливо примирје, како и за решавање на критичната хуманитарна состојба со која се соочува населението во Појасот Газа“, се наведува во заедничката изјава.Министрите повикаа и на итно започнување на преговори со цел да се усогласат механизмите за спроведување и реализација на мировниот план.Хамас во петокот најави дека ќе прифати делови од планот на Трамп, но сè уште нема став за барањето за разоружување. По ова, Трамп го повика Израел веднаш да го прекине бомбардирањето на Газа за да се овозможи ослободување на заложниците.Денеска во Египет се очекува одржување непосредни преговори меѓу израелски и палестински претставници, на кои ќе се разговара за деталите околу размената на заробеници и заложници.Како посредници во процесот дејствуваат Египет, Катар и САД, кои последниве месеци интензивно работат на дипломатски решенија за конфликтот што трае речиси две години.

Свет | пред 3 месеци

IMG_6897

Запрени во „БМВ“, фатени со кокаин: бркотница на полицајци со дилери на дрога на автопатот Тетово-Гостивар

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца жители на Брвеница, за кои постои сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.„На 4 октомври, околу 2 часот по полноќ, осомничените пренесувале вкупно 110,31 грама наркотична дрога кокаин. Нивниот автомобил БМВ полицијата го забележала на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на клучката за Брвеница, и бидејќи се движеле нестабилно, со цик цак движења, полициските службеници им дале сигнал да застанат. Кога подзапреле, едниот осомничен се обидел од под совозачкото седиште да исфрли ќеса со дрога, но полицајците го спречиле во намерата. Освен дрогата, кај осомничените била пронајдена и дигитална вага со траги од кокаин и поголема сума парични средства, односно 206 000 денари и 1150 евра во различни апоени, кои поради сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога привремено се одземени.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за едниот осомничен, додека за другиот се предложени мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 3 месеци

media-library736tifpflnhq2RNHJWQ

(Видео) Луѓе умираат, брутален руски напад врз Украина – Зеленски бесен: „Америка и ЕУ мора да делуваат!“

Русија синоќа изврши масовен напад со ракети и дронови врз Украина, при што загинаа најмалку пет лица, а голем број региони претрпеа сериозни оштетувања на инфраструктурата, соопштија украинските власти.Најтешко погодена беше западната област, која граничи со Полска – таму загинаа четири лица, а индустриски парк во главниот град Лавов беше опожарен. Делови од градот останаа без електрична енергија. Градоначалникот Андриј Садовиј ги повика граѓаните да не ги напуштаат домовите додека екипите се борат со повеќе пожари. Според новинар на Reuters, експлозии одекнувале во утринските часови, додека противвоздушната одбрана делувала од повеќе насоки.Во Запорожје, на југоистокот на земјата, една личност загина, а девет се повредени во комбиниран напад кој остави повеќе од 73.000 домаќинства без струја, изјави гувернерот Иван Федоров.Премиерката Јулија Свириденко соопшти дека цивилна инфраструктура е оштетена и во регионите Ивано-Франкивск, Виница, Чернихив, Херсон, Харков и Одеса.„Ова е уште еден намерен чин на терор против цивилите“, напиша таа на платформата X. „Москва продолжува да напаѓа домови, училишта и енергетски постројки – докажувајќи дека уништувањето е нејзината единствена стратегија.“Претседателот Володимир Зеленски изјави дека руските сили испукале повеќе од 50 ракети и лансирале речиси 500 дронови.„Русија повторно ја напаѓа нашата инфраструктура – сè што овозможува нормален живот на нашиот народ. Ни треба поголема заштита и побрза примена на одбранбените договори, особено во областа на противвоздушната одбрана“, рече тој.Зеленски истакна дека „едностран прекин на огнот на небото“ би можел да биде чекор кон вистинска дипломатија.„Америка и Европа мора да делуваат за да го запрат Путин,“ порача украинскиот лидер.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Германија: Планот на Трамп е „единствена можност“ за мир на Блискиот Исток

Германија „одлучно ќе се посвети“ на спроведување на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, соопшти германското Министерство за надворешни работи, оценувајќи дека станува збор за „единствена можност“ за постигнување траен мир.Претходно денеска, Трамп објави дека Израел „се согласил со почетната линија на повлекување споделена со Хамас“. „Штом Хамас ја потврди, прекинот на огнот веднаш ќе стапи во сила, ќе започне размена на заложници и затвореници, а ние ќе создадеме услови за следната фаза на повлекувањето“, изјави Трамп, додавајќи дека тоа ќе значи приближување кон „крајот на оваа тримилениумска катастрофа“.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, пред неговото заминување за Катар, рече дека Германија е „за брза примена на американскиот план“, кој претставува „единствена можност“, нагласувајќи дека е неопходна „итна меѓународна соработка“ со европските и арапските земји.Берлин ќе понуди „конкретна поддршка“ како партнер за хуманитарна помош, стабилизација и обнова. „Станува збор за стабилизација на регионот со трајна безбедност за сите, политичка перспектива за Палестинците и конечно нормализирање на односите меѓу сите држави и Израел“, изјави Вадефул.Во Кaиро денеска се очекува да започнат непосредни преговори меѓу израелски и палестински претставници за планот на Трамп, кој предвидува прекин на огнот, ослободување на сите живи заложници и предавање на телата на убиените.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази надеж дека тоа ќе се случи „во следните денови“, откако Хамас делумно го прифати планот. Вадефул денеска ќе се сретне со катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман Ал-Тани за „итно ослободување“ на преостанатите заложници – меѓу кои, како што потврди Берлин, има и германски државјани.Министерот ќе учествува и на состаноците на Советот за соработка во Персискиот залив во Кувајт, каде ќе се разговара за улогата на ЕУ и земјите од регионот во поддршката на мировниот процес.

Свет | пред 3 месеци

ohrid-carsija-policija

Прво ја вознемирувал: Приведен охриѓанец кој ја нападнал 25-годишна девојка на работното место

Полицијата во Охрид приведе 33-годишен жител на градот, поради сомнение дека физички нападнал 25-годишна девојка додека била на работа.„На 04.10.2025 година во 13:30 часот, на булеварот ‘Туристичка’ во Охрид, врз основа на локален распис лишен од слобода е А.Д. (33) од Охрид. Тој, на 03.10.2025 година во СВР Охрид беше пријавен дека подолг временски период ја вознемирувал, а на 29.09.2025 и физички ја нападнал 25-годишната охриѓанка, додека била на своето работно место“, информираат од полицијата.Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда по член 131 од Кривичниот законик.

Охрид | пред 3 месеци

media-libraryu9s7e7lei0hnbrtswow

(Видео) Цаневска: Кога вложуваме во училиштата, вложуваме во иднината на Скопје

На Денот на просветните работници, носителката на советничката листа за Град Скопје, Катерина Цаневска, порача дека образованието е темелот врз кој се гради напреден град и дека иднината на Скопје се создава преку училиштата, наставниците и младите луѓе.„Денес не сме тука само да им честитаме на наставниците, туку и да зборуваме за она што е суштината на секое напредно општество – образованието. Скопје ја гради својата иднина преку училиштата, преку наставниците и преку младите кои секојдневно учат и создаваат“, изјави Цаневска.Во рамки на програмата „Образование и можности“, Цаневска најави повеќе проекти кои го ставаат образованието во центарот на развојот на градот. Еден од клучните приоритети е изградбата на нова гимназија во Општина Аеродром, општина со над 80.000 жители, која засега нема ниту едно средно училиште од тој тип.„Новата гимназија ќе биде современо, енергетски ефикасно и пристапно училиште, со спортска сала, социјални простори и услови за вистинско образование од 21. век“, рече Цаневска, додавајќи дека тоа ќе биде инвестиција која ќе го поддржи растот на младата популација во овој дел од градот.Во првата фаза од програмата „Образование и можности“, фокусот ќе биде ставен на:• реновирање и опремување на постојната училишна инфраструктура,• модернизација на наставните методи,• воведување нови наставни содржини,• како и поддршка на неформалното образование преку ревитализација на Планетариумот во Младинскиот културен центар.Цаневска најави и зголемување на поддршката за младинските иницијативи за 300%, потенцирајќи дека младите не се само иднината, туку и сегашноста на градот.„Во следната етапа ќе воспоставиме мрежа на младински центри во сите општини на Скопје, каде што младите ќе можат да се развиваат, поврзуваат и креираат заеднички проекти. Ќе развиваме партнерства меѓу училиштата и локалниот бизнис сектор, за наставата да се поврзе со реалниот живот преку менторски програми, практична обука и кариерно насочување“, објасни таа.Во долгорочната рамка на програмата, визијата предвидува дигитална трансформација на наставата, изградба на нови училишта во брзорастечки населби и создавање на програмата „Млад граѓанин“, преку која младите ќе имаат активно учество во процесите на одлучување и креирање на градските политики.„Кога вложуваме во училиштата, вложуваме во поконкурентна економија, во повисок квалитет на живот, во култура и во заедница што дише подобро и живее подобро“, истакна Цаневска.Таа додаде дека 5 октомври е ден кога треба да им се оддаде признание на наставниците – „срцето на градот“ – но и ден кога сите треба да се обврзат дека ќе продолжат да создаваат град кој го вреднува нивниот труд и обезбедува еднакви можности за секое дете, без разлика каде живее.„Скопје што вложува во своите училишта и ученици – вложува во сопствената иднина“, заврши Цаневска.

Скопје | пред 3 месеци

media-library1gh0s95o6f7ibmbZzO7

Помотивирачка вест нема да прочитате: Дарио Ивановски победи на Скопскиот маратон, заврши пред Кенијците

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски во машка и Ирине Џеруто од Кенија во женска конкуренција победија на годинешното, 21. по ред, издание на Виз Ер скопски маратон.Ивановски ја мина делницата во должина од 42 километри со време од 2:14:50 часа, триумфирајќи со извонреден финиш во кој во завршните два километри го остави зад себе Кениецот Џулиус Кипкоеч, кој долго време водеше во трката, а на крајот заврши второпласиран, заостанувајќи 30 секунди зад победникот. Третото место го освои Грузиецот Давити Каразишвили со време од 2:19:59 часа.За Ивановски ова а втора победа на Виз ер скопскиот маратон, по успехот во 2021 година.На женскиот маратон, Кенијката Џеруто беше најбрза со време од 2:38:31 часа, оставајќи ги зад себе Маринела Нинева од Бугарија (2:45:36), на второто и Ана Јусупова од Азербејџан (2:48:10), на третото место.Годинешното издание на Виз Ер скопскиот маратон донесе рекорден број од 14.010 учесници од 58 држави.Во полумаратонската трка најбрзо време истрчаа Албион Имери во машка и Греса Бакрачи во женска конкуренција, додека во најмасовната трка на 5 км, на која на стартот се појавија околу 10.000 учесници, победија Григоријан Никовски и Ирма Хајдари.Во штафетниот маратон – ЕУ за спорт, победата во машка конкуренција ја однесе екипата „Врањски маратонци“ (2:26:34).Генерален покровител на традиционалниот Виз Ер скопски маратон годинава беше Министерството за спорт.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarycnhsh83b0jmb48pIRR4

Независниот Марковски се појави на скопскиот маратон со велосипед и плакат

Со велосипед и плакат со својот број на гласачкото ливче, независниот кандидат за градоначалник на Скопје Горан Марковски се појави на Wizz Air Скопскиот маратон, испраќајќи симболична порака за поддршка на спортот и потребата од промени во градот.„Честитки за сите кои денеска учествуваа на Wizz Air Скопски маратон. Овој настан ја истакнува убавината на Скопје и неговата отвореност кон спортот, здравите навики и позитивниот дух,“ напиша Марковски на социјалните мрежи.Тој додаде дека овојпат не трчал, но бил таму за да ги бодри своите пријатели и соработници: „Јас не учествував директно, туку ги бодрев моите другари и соработници, кои секогаш биле физички поактивни и поподготвени од мене. Тоа е знак дека и лично треба да се менуваме, а на Скопје – секако – му требаат промени.“Марковски со своето појавување на маратонот испрати порака дека спортот, здравиот дух и граѓанската енергија треба да бидат двигатели на едно поуредено и динамично Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

siljanovska-radev-1

Сиљановска-Давкова му понуди помош на Радев: Македонија подготвена да помогне по поплавите во Бугарија

Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од катастрофалните поплави во Бугарија – ова го соопшти бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.„Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за конструктивниот разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за понудената подготвеност на Македонија да помогне во надминување на последиците од катастрофата,“ изјави Радев.Разговорот се одржа во момент кога Бугарија се соочува со интензивни врнежи и сериозни поплави, кои зафатија повеќе региони во земјата. Дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до најпогодените подрачја е и понатаму ограничен.Според последните информации од бугарските медиуми, поплавите однесоа четири човечки животи.Во погодените области и натаму траат акциите за спасување и расчистување, во кои учествуваат волонтери, припадници на армијата и службите за итни интервенции, со цел што поскоро да се обнови нормалното функционирање и да се обезбеди безбедност за жителите.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Хамас му кажа условно ‘да’ на Трамп: Жителите на Газа во шок

Жителите на Газа реагираа со шок и неверување по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го поздрави, како што рече, „позитивниот одговор“ на Хамас на неговиот мировен план за Појасот Газа.На социјалните мрежи, многу Палестинци прашуваа: „Дали војната е навистина завршена?“ и „Ова е сон или реалност?“.Хамас, во официјално соопштение подготвено со помош на посредници, понуди условно „да“ – прифаќајќи ги американските предлози за размена на израелски заложници и идејата управувањето со Газа да се довери на палестински технократи, но избегна да даде јасен став за останатите точки од дваесетточковниот план.Во саботата, Трамп на својата платформа Truth Social објави дека Израел се согласил на „почетна линија на повлекување“ и дека прекинот на огнот ќе стапи во сила веднаш штом Хамас го потврди договорот.„По преговорите, Израел се согласи на почетна линија на повлекување која ја споделивме со Хамас. Штом потврдата пристигне, ќе започне прекин на огнот, размена на затвореници и подготовка за следната фаза на повлекување“, изјави Трамп, додавајќи дека тоа би значело приближување кон „крајот на оваа 3000-годишна катастрофа“.Според картата објавена од него, таа почетна линија ја прикажува приближната израелска контрола врз територијата пред големата офанзива на градот Газа минатиот месец, кога израелската војска држеше околу 70% од Појасот – меѓу нив јужните градови Рафах и Кан Јунис, како и делови од северот со тампон-зона кон границата.„Советувам трпение. Не треба да се занесуваме со оптимизам – ѓаволот секогаш е во деталите,“ изјави за BBC Ибрахим Фарес, еден од жителите на Газа.Други, пак, се поскептични. Палестинскиот активист Халил Абу Шамала оцени дека ова е потег на очај:„Ќе го наречат мудрост, но тоа е обид Хамас да ја задржи власта. Дури се сомневам дека самите ја напишале изјавата – беше премногу внимателно формулирана.“Иако дел од јавноста верува дека ова може да биде историска можност за конечно запирање на конфликтот, повеќето жители на Газа велат дека ќе веруваат дури кога зборовите на хартија ќе станат мир на теренот.

Свет | пред 3 месеци

robi-viljams

Концертот на Роби Вилијамс во Истанбул откажан поради безбедносни причини

Властите во Истанбул го откажаа концертот на британскиот пејач Роби Вилијамс закажан за 7 октомври, објави веб-страницата Music-news.Неколку турски организации ги повикаа властите да го откажат концертот, бидејќи Вилијамс претходно ја изрази својата поддршка за Израел.Поранешниот член на бендот „Тејк дет“ сподели на Инстаграм дека немал друг избор освен да го откаже својот концерт.„Многу ми е жал што нема да можам да настапам во Истанбул следната недела. Градските власти го откажаа концертот во интерес на јавната безбедност. Последното нешто што би сакал да го направам е да ја загрозам безбедноста на моите обожаватели – нивната безбедност е на прво место. Завршувањето на оваа епска серија концерти пред моите турски обожаватели беше остварување на сон, со оглед на блиските врски што моето семејство ги има со оваа прекрасна земја “, напиша тој.Сопругата на Вилијамс, Ајда Филд, е од турско потекло.„Бевме многу возбудени за овој концерт, но одлуката да го откажеме беше надвор од наша контрола “, заклучи Вилијамс.Концертот, кој требаше да се одржи на сцена на отворено во населбата Атаќој во западен Истанбул, ќе биде негов прв во градот.Вилијамс настапуваше во Бодрум. Во интервју за турските медиуми, тој истакна дека требало одамна да го посети Истанбул.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryrbpl0k4nr6d7aHpYJiY

(Видео) Најмалку 22 жртви во Непал поради обилни дождови и поплави

Обилните врнежи од дожд во Непал предизвикаа серија свлечишта и надојдени поплави, при што во последните 36 часа загинаа најмалку 22 лица, а повеќе од десетмина се водат како исчезнати, соопштија тамошните власти.Полицијата потврди дека 18 лица загинале во одделни свлечишта во источниот округ Илам, кој се граничи со Индија. Три лица загинале од удар на гром во јужниот дел на земјата, а едно лице загинало во поплави во округот Удајапур.„Во тек се спасувачки акции за исчезнатите,“ изјави портпаролката на Националната агенција за управување со ризици од катастрофи, Шанти Махат, за агенцијата Ројтерс.Свлечиштата и надојдените реки блокирале автопатишта и урнале мостови, поради што стотици патници останале заглавени на патиштата. Домашниот авионски сообраќај е нарушен, додека меѓународните летови во главниот град Катманду се одвиваат нормално, потврди портпаролот на аеродромот Ринџи Шерпа.Во југоисточниот дел на земјата, реката Коши излегла од своето корито и достигнала опасно ниво, предупредија локалните власти. Протокот на вода бил повеќе од двапати над нормалата, а сите 56 отвори на браната Коши се отворени за да се намали нивото на водата.Главниот град Катманду е делумно изолиран – неколку локални реки излеале и поплавиле улици и домови, а некои населби се целосно отсечени од остатокот на земјата.Свлечишта и поплави се чест феномен во планинскиот Непал за време на монсунскиот период, кој трае од средината на јуни до септември. Секоја година, стотици луѓе ги губат животите во вакви несреќи.Метеоролозите предупредуваат дека дождовите ќе продолжат најмалку до понеделник, а властите преземаат дополнителни мерки за евакуација и помош на населението погодено од катастрофата.

Свет | пред 3 месеци

media-library5osbeoh65v3q87lHTvn

Мојсоска од Струга: Оние кои го амнестираа ДУИ сега шират манипулации за коалиција на Левица со ДУИ

Чест ми е што сум единствен кандидат од парламентарниот блок од македонските партии и што Левица покажа дека има потенцијал и има капацитет да се тркаме и со големите играчи“, рече пратеничката и кандидат за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска. На својата официјална промоција пред стружани посочи дека градоначалничката трка ја трча со надеж и апел дека борбата не може да е однапред прогласена за изгубена.„Ова е порака дека Струга не може секогаш да е паричка за поткусурување меѓу големите играчи, дека не може политиките во Струга да се решаваат во Скопје на лидерски маси, дека Македонија е подалеку и од Групчин, и дека овој дел од Македонија не треба да биде заборавен, и да биде предмет за нечии коалициски апетити“, истакна Мојсоска.Во однос на црната кампања и обвинувањата дека Левица соработува со ДУИ, Мојсоска одговори дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Левица никогаш не амнестирала заедно со ДУИ, ниту пак дозволила функционери како Артан Груби да избегаат неказнето.Според неа овие избори ќе бидат најбрутални.„Апел на овие избори ќе биде дека не можеме 35 години нашиот глас да го продаваме за работно место, за работа во државна администрација. Таквите политики што сега ќе ги гледаме каде ќе уценуваат и купуваат гласови, стигна до тоа во Македонија секоја година да ни се случува една колективна трагедија од системски пропусти“, изјави Мојсоска.Таа истакна дека корупцијата, партизацијата и нефункционалниот систем чинат човечки животи, а борбата против овие појави е нејзината најголема мотивација и причината поради која е дел од Левица. „Верувам дека нема ништо поскапо од човечкиот образ“, порача Мојсоска.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn3d74ou259oc3OrfcRV

Зелен Хуман Град со порака: „Стоп на геноцидот во Газа!“ – протест се одржа во Скопје

„Стоп на геноцидот во Газа! Излези денес на протестот и кажи гласно – не во мое име!“ – со оваа порака движењето Зелен Хуман Град ги повика граѓаните да се приклучат на вчерашниот собир во знак на поддршка за палестинскиот народ и осуда на насилството во Газа.„Имаме должност да не молчиме за суровата реалност со која се соочуваат нашите браќа и сестри од Палестина,“ порачаа организаторите. Тие потсетуваат дека, според Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, 70% од жртвите во Палестина се жени и деца, а УНИЦЕФ ја опиша Газа како „детска гробница“.Во нивното соопштение се наведува и поширока критика кон системите што, според движењето, ја одржуваат глобалната нестабилност.„Ниту една војна на светот не е изолирана или случајна. Тие произлегуваат од истиот систем во кој империјализмот ги исцртува границите и поттикнува ривалства, додека капитализмот профитира од продажба на оружје, повторна изградба на уништените градови и експлоатација на ресурси – без оглед на цената во човечки животи,“ стои во повикот.„Окончувањето на конфликтите не значи само прекин на огнот, туку и укинување на системите во кои војната е профитабилна, а мирот неисплатлив. Секој од нас заслужува мир, заштита и иднина,“ завршува пораката на Зелен Хуман Град.

Скопје | пред 3 месеци

media-library4iqoeve67knv76F1jQT

Мистериозен „хакирачки напад“ без последици? МВР истражува кој праќа пораки за хакирање на Мицкоски и Тошковски

Помина една недела откако од електронска пошта именувана како „Косова Приштина“ до медиумите беше испратен мејл со наводи за хакерски напад врз мејловите на највисоките државни функционери, меѓу кои премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Во пораката, испратена и до „Скопје1“, се тврдеше дека ќе има „специјално хакирање во живо“ за време на Дигиталниот самит што се одржа на 1 и 2 октомври во Скопје. Дополнително, во јавноста почнаа да кружат и листи со наводни кориснички сметки и лозинки на државни институции – меѓу нив Министерството за надворешни работи, Министерството за образование, Министерството за транспорт и врски и Општина Гостивар.Во мејлот до медиумите беа доставени и наводни лозинки и кориснички податоци за е-поштата на премиерот Мицкоски и министерот Тошковски.Сепак, ниту една институција досега не пријавила конкретни последици од ваков напад.Од МВР за „Скопје1“ изјавија дека секторот за компјутерски криминал презема активности за утврдување на вистината.„До овој момент во секторот за компјутерски криминал при МВР нема поднесена пријава за таков случај. Секторот по допрен глас презема мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот,“ соопштија од Министерството.Не е познато дали наведените податоци претставуваат вистински безбедносен пробив или пак станува збор за обид за спин во пресрет на ИТ-самитот во Скопје.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarym58n9spv3kn0fTS0uKP

Додик во Сочи со Путин: време е Русија и САД да создадат комисија за Балканот

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, каде го повикал да не го заобиколува Балканот во дијалогот со американскиот претседател Доналд Трамп и да помогне во изнаоѓање трајни решенија за регионот, јавува руската агенција ТАСС.Додик во интервју по средбата, која се одржа во рамки на форумот „Валдај“, предложил формирање на посебно тело за стабилизација на регионот.„Го замолив претседателот Путин да обрне внимание на прашањата што би можеле да имаат значајна улога во преговорите што Русија ги води со САД. Доколку се постигне договор меѓу двете сили, важно е Балканот да не остане надвор од тој процес. Најисправно би било Русија и САД, во рамките на еден заеднички договор, да создадат комисија за Балканот која би помогнала да се изработат трајни решенија и да се воспостави стабилност во регионот,“ изјави Додик.Тој додаде дека со Путин разговарал и за економска, културна и спортска соработка, нагласувајќи дека во сегашните услови двете страни треба да го планираат развојот на меѓусебните односи. Како пример, Додик го спомна учеството на кошаркарски клуб од Република Српска во руската ВТБ лига.Посебен акцент ставил на, како што рече, „стратешката поддршка на Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации“, особено во однос на темите што се поврзани со Босна и Херцеговина.Осврнувајќи се на неодамнешните инциденти со дронови во Европа, Додик ги оцени како „дел од глобалната провокација на Западот против Русија, што трае со децении“.„Сите овие обвинувања дека Русија е агресор и дека претставува закана за Европа се лага. Русија е најблиску до концептот на просперитетна и богата држава. Нејзината специјална воена операција беше одговор на долгогодишните провокации и обиди на Западот да ја искористи Украина како инструмент против Москва,“ изјави Додик, додавајќи дека, според него, „тие планови пропаднаа“.

Свет | пред 3 месеци

media-library6cah6lb1d932aIxxbYz

(Видео) Русија повторно ја нападна Украина – Полска крена борбени авиони во готовност

Рано утринава Русија продолжи со воздушни напади врз Украина користејќи дронови и ракети, при што беа погодени повеќе региони, вклучително и западниот дел на земјата. Поради близината на нападите до нејзината граница, Полска соопшти дека ги активирала своите борбени авиони и противвоздушните системи за заштита на националниот воздушен простор.Според гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, во таканаречениот „комбиниран напад“ животот го загубила една жена, а уште девет лица се повредени. На неговиот канал на „Телеграм“ беа објавени фотографии од местото на настанот, на кои се гледа делумно урната стамбена зграда.Украинската служба за итни интервенции (ДСНС) објави видео со последиците од нападот, додека целата земја утрово, од четири часот, беше под предупредување за воздушен напад. Според украинското воздухопловство, станува збор за масовни руски ракетни и беспилотни напади.Полска реагираше веднаш, потврдувајќи дека нејзините и сојузничките авиони дејствуваат во рамките на воздушниот простор на НАТО.„Полските и сојузничките авиони се активни над нашето небо, додека противвоздушните и радарските системи се ставени во највисок степен на готовност“, соопшти полското оперативно командување на платформата Х.Членките на НАТО на источниот фронт се во состојба на висока подготвеност, откако во септември Полска собори неколку сомнителни руски дронови во својот воздушен простор. Во меѓувреме, појавите на дронови и воздушни инциденти, како оние во Копенхаген и Минхен, предизвикуваат сериозни нарушувања во европскиот воздушен сообраќај.Летонскиот аеродром во Вилнус исто така беше затворен неколку часа во текот на ноќта, по дојави за можен прелет на повеќе балони кон пистата.Во последните денови, руската армија ја засили својата офанзива како што паѓаат температурите, особено насочувајќи се кон украинските енергетски објекти. Според украинските власти, оваа недела Русија ја спроведе најобемната кампања против гасната инфраструктура, додека саботните напади оставија околу 50.000 домаќинства во регионот Чернихив без електрична енергија.

Свет | пред 3 месеци

indonezija

Трагедија во Индонезија: 36 ученици загинаа при уривање на верско училиште

Бројот на ученици чии животи згаснаа по уривањето на зградата на исламскиот интернат во Индонезија се искачи на 36, соопшти денеска Агенцијата за управување со катастрофи. Пред само два дена бројката изнесуваше 16.Потрагата по исчезнатите продолжува веќе седми ден по ред. Спасувачите сè уште ги бараат телата на 27 ученици, најмногу тинејџери на возраст од 13 до 19 години, за кои се претпоставува дека се заробени под урнатините.Од Агенцијата информираат дека потрагата и евакуацијата се завршени околу 60 проценти и дека очекуваат расчистувањето на сите остатоци и завршувањето на операцијата до понеделник. На терен се распоредени кранови и друга тешка механизација за отстранување на урнатините.Несреќата се случи минатиот понеделник во градот Сидоарџо, во покраината Источна Јава, кога се урна зградата на верската училишна установа „Ал Хозини“. Зградата се срушила во моментот кога стотици ученици се собирале за попладневната молитва. Според првичните информации, темелите не можеле да ја издржат тежината на дополнително надградената конструкција на четвртиот кат.Во петокот, спасувачките тимови добија дозвола од родителите на учениците да употребат тешка механизација, откако претходните денови не биле пронајдени никакви знаци на живот. Тие копале тунели низ урнатините, повикувајќи ги учениците по име и користејќи сензори за движење, но без успех.

Свет | пред 3 месеци

bitkoin

Биткоинот достигна рекордна вредност од 125.000 долари – највисока во историјата на криптовалутата

Биткоинот, најголемата и најпозната криптовалута во светот, првпат во својата 17-годишна историја ја надмина вредноста од 125.000 американски долари, поставувајќи нов историски рекорд.Според податоците на платформата CoinGecko, вредноста на биткоинот скокнала на нов максимум во текот на азиското тргување, со промет од речиси 50 милијарди долари во последните 24 часа.Како што растел интересот и купувањето на инвеститорите, во само еден час биле изгубени околу 100 милиони долари во обиди за обложување на пад на вредноста на биткоинот, покажуваат податоците на CoinGlass. Во последните 24 часа, над 200 милиони долари од тие „кратки позиции“ морале да бидат затворени – што значи дека инвеститорите кои очекувале пад биле принудени да купуваат биткоин за да ги покријат загубите. Таа масовна присилна купопродажба дополнително ја зголемила цената.Растот е поттикнат од комбинација на поволни глобални економски услови и сè поголем интерес од институционални инвеститори. Според повеќе аналитичари, побарувачката за биткоин веројатно ќе продолжи да расте, и покрај сигналите за забавување на крипто-пазарот од почетокот на неделата.Само во последната недела, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 14 проценти. Според CNBC, скокот се должи на интересот на инвеститорите кои бараат „сигурно засолниште“ за своите средства, откако американските законодавци не успеаја да постигнат договор за федералниот буџет, што доведе до блокада на владините служби.„Овојпат затворањето на владата има реално влијание“, вели Џеф Кендрик од Standard Chartered Bank. „Во претходното затворање за време на Трамп, биткоинот беше во поинаква фаза и не реагираше значајно, но денес неговото движење е многу поврзано со ризиците што ги носи американската економија.“Од Standard Chartered предвидуваат дека биткоинот наскоро ќе достигне вредност од 135.000 долари, доколку се задржи трендот на раст.Покрај криптовалутите, инвеститорите вложуваат и во злато како сигурна актива – цената на благородниот метал порасна за 0,5% и достигна 3.876 долари по унца. И индексите на берзите, како S&P 500 и Nasdaq, забележаа раст од 0,5% и 0,27% соодветно, што укажува на зголемена активност на пазарите и покрај геополитичките неизвесности.

Свет | пред 3 месеци

dolari_2_337166270

Вредноста на доларот падна на светските пазари поради застојот во државните служби и очекувањата за ново намалување на каматите

На меѓународните финансиски пазари минатата недела вредноста на американскиот долар опадна во однос на кошницата светски валути, под влијание на привремениот прекин во работата на сојузните служби и очекувањата дека Федералните резерви ќе продолжат со намалување на каматните стапки.Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во споредба со шест водечки светски валути, падна за 0,5 проценти и изнесува 97,71 поен.Доларот ослабе и во однос на еврото за 0,3 проценти, при што курсот на еврото достигна 1,1740 долари. Во однос на јенот, падот беше уште поизразен – за 1,4 проценти, па вредноста на доларот се спушти на 147,45 јени.Според аналитичарите, прекинот во работата на американските државни служби, предизвикан од неможноста на републиканците и демократите во Конгресот да постигнат договор за финансирање, дополнително ги засилил стравувањата за состојбата на економијата.„Недостигот на макроекономски извештаи нè остава без реална слика за состојбата во економијата. Доколку прекинот потрае, загриженоста на инвеститорите ќе се зголемува“, изјави аналитичарката Џајати Бхарадвеј од TD Securities.Дополнителен притисок врз доларот вршат и очекувањата дека американската централна банка ќе продолжи со намалување на каматните стапки, откако најновите податоци покажуваат забавување на пазарот на трудот – главниот аргумент за последното намалување на каматите за 0,25 процентни поени.Инвеститорите предвидуваат дека до крајот на годината Федералните резерви би можеле уште двапати да ги намалат каматите – во октомври и во декември. Дел од гувернерите го поддржуваат овој пристап, додека други сметаат дека не треба да се брза, бидејќи инфлацијата сè уште е повисока од целните 2 проценти.

Свет | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

“Лагите, триковите се карактеристика за раководството на СДС, поточно на актуелниот претседател Венко Филипче и неговиот струмички гуру Зоран Заев”, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Филипче сега зборува за некакви црвени линии кон Бугарија, но тој како и неговиот другар Заев се веќе прочитани.Повеќе од очигледно е дека црвените линии на Филипче се само еден подарок од СДС за Бугарија, или уште едно попуштање кон Бугарија. Или, уште една бонбона бизнис од СДС за Бугарија.Се сеќаваме на кажувањата на поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов дека финансиски ја помогнал СДС и тоа директно, поточно преку куферче пари за менторот на Филипче, Заев.Прашањето сега е, ако Заев земал куферче од Борисов, сега какво куферче земал Филипче?ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи распродавање на ништо што е од Македонија, или тоа  што за Филипче е добро, за граѓаните и за Македонија значи само едно, ново предавство.За црвените линии на Филипче кои значат само уште еден бонбона бизнис од СДС за официјална Софија, сега има пречка, а тоа е  ВМРО-ДПМНЕ.Затоа, сега вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања