„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кристијан Ландов

kurti

Партијата на Албин Курти убедливо победи на изборите во Косово

Партијата на косовскиот премиер Албин Курти оствари убедлива победа на вонредните парламентарни избори одржани во неделата на Косово, покажуваат прелиминарните официјални резултати, со што се отвора можност за надминување на долготрајниот политички ќор-сокак што ја држеше земјата во институционална блокада.Според податоците на Централната изборна комисија, движењето Самоопределување (Ветевендосје) освоило 49,79 проценти од гласовите, по пребројани околу 95 проценти од гласачките места. На второто место се пласираше Демократската партија на Косово со 21,18 проценти, додека Демократската лига на Косово го зазеде третото место со 13,77 проценти од освоените гласови.По објавувањето на првичните резултати, Курти изјави дека е неопходно институциите да се конституираат без одлагање и упати повик до опозициските партии за соработка во Собранието. Тој порача дека стабилноста и функционалноста на државата мора да бидат ставени пред партиските интереси, нагласувајќи дека Косово нема време за нови политички блокади.Изборите беа одржани по неуспехот да се формира влада по гласањето во февруари, кога Самоопределување освои околу 42 проценти од гласовите, но не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство. Тој резултат доведе до продолжување на политичката криза и повторно излегување на граѓаните на гласање. Конечните резултати се очекува да бидат објавени по пребројувањето на гласовите од дијаспората.За самостојно формирање влада, на партијата на Курти ѝ се потребни најмалку 61 пратеник од вкупно 120 во Собранието. Излезноста на овие избори изнесувала околу 45 проценти од запишаните гласачи, што претставува зголемување во однос на февруарските избори, кога гласале 40,6 проценти од електоратот.Нов неуспех во формирањето влада би ја продлабочил кризата во момент кога Косово се соочува со сериозни институционални обврски. Новиот парламентарен состав треба да избере претседател на државата и да ратификува кредитни договори во вредност од околу една милијарда евра со Европската Унија и Светската банка, чиј рок истекува во наредните месеци.Опозициските партии и натаму одбиваат коалиција со Курти, критикувајќи го неговиот однос со западните сојузници и политиките што ги води во северниот дел на Косово, населен претежно со српско население. Од друга страна, Курти ја обвинува опозицијата за институционалниот застој и за, како што наведува, блокирање на реформските процеси.Со речиси половина од освоените гласови, Самоопределување сега е во значително посилна позиција од претходно, а политичката сцена во Косово влегува во период во кој ќе се покаже дали изборниот резултат ќе донесе стабилност или ќе отвори ново поглавје на политичка неизвесност.

Македонија | пред 2 месеци

puls-19

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува: Во фокусот сведочењата на оштетените

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, една од најголемите трагедии во поновата историја на државата. На денешното рочиште е предвидено сведочење на законските застапници на оштетените, односно на семејствата на жртвите и на повредените, со што постапката влегува во чувствителна фаза во која фокусот се става врз последиците од трагедијата и барањата за правда и одговорност.На претходното рочиште, по предлог на Обвинителството, сведочеше сопственикот на авто-лимарски сервис кој се наоѓа веднаш до дискотеката „Пулс“. Тој од своја перспектива, како долгогодишен сосед на објектот, зборуваше за реновирањата што се вршеле со години, како и за кобната ноќ кога пожарот го зафати клубот. Неговото сведочење опфати и детали за условите во објектот, пристапите, излезите и хаосот што настанал во обидите за спасување на присутните.Претходно, одбраната на обвинетиот Александар Нацев во воведниот збор истакна дека во текот на постапката ќе докаже дека Нацев не бил ниту одговорно лице, ниту фактички сопственик на правното лице „Рубикон“, како и дека припадниците на обезбедувањето ноќта на трагичниот настан немале обврска да го контролираат бројот на посетители, да вршат проверки на безбедносната опрема или на сигурносните услови во објектот. Одбраната тврдеше и дека обвинетото правно лице немало законска обврска да достави план за обезбедување.На почетокот на денешното рочиште, Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука постапката за овој предмет да се спои со друга поврзана постапка, со цел поцелосно и поефикасно утврдување на фактите и одговорноста.Во воведното излагање на Обвинителството, обвинителот Борче Јанев нагласи дека судењето претставува чекор кон утврдување и на лична и на институционална одговорност. Тој истакна дека општеството мора да се соочи со вистината за тоа кој дозволил, кој премолчел и кој не спречил дискотеката „Пулс“ да функционира во услови што ја претвориле во смртоносна стапица. Јанев порача дека не е пресудно само кој го запалил огнот, туку и кој имал моќ и должност да го спречи, посочувајќи дека трагедијата не е резултат исклучиво на пиротехничките средства, туку на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и отсуство на ефективна контрола. Според него, правдата не се бара како одмазда, туку како неопходна последица на незаконитост и занемарување на службените обврски.Сите обвинети на почетокот на судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Дел од нив изразија сочувство до семејствата на жртвите, но останаа на ставот дека не сториле тешки дела против општата сигурност.Повеќемина обвинети, преку своите бранители, ја оспорија основаноста на обвинението, тврдејќи дека не презеле дејствија што би можеле да доведат до пожарот, дека поседувале валидна документација и дека трагедијата е резултат на пошироки институционални пропусти, а не на индивидуална вина. Одбраните најавија изведување докази и сведоци со кои, според нив, ќе се потврди оваа теза.Во досегашните воведни обраќања своја одбрана изнесоа и сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, сопственикот на „МММ кафе“ Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев, како и Гроздан Милковски, сопственик на објектот. Јованов изјави дека и по девет месеци притвор не може да поверува во трагедијата и дека како родител никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот. Неговиот син, третообвинетиот Михаил Јованов, преку одбраната тврдеше дека против него нема ниту еден конкретен доказ и дека е обвинет исклучиво поради семејната поврзаност.Бранителите на Митко Стојанов истакнаа дека обвинението против него е неосновано и дека нема причинско-последична врска меѓу неговите постапки и пожарот, додека одбраната на Гроздан Милковски нагласи дека закупот на објектот бил законит, дека поседувал валидна документација и дека не учествувал во адаптацијата на просторот.Проектантката Милка Едровска, преку својата одбрана, наведе дека била ангажирана исклучиво за сообраќајно решение за паркинг и дека немала никаква улога во адаптацијата или во внатрешната структура на објектот. Градежните инспектори, пак, тврдат дека не можеле да постапуваат без пријава или наредба и дека трагедијата не произлегува од градежни пропусти.Поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски, преку својот бранител оцени дека обвинението претставува преседан, наведувајќи дека уште пред отворањето на објектот поднел барање за неиздавање дозвола за работа. Одбраната на поранешните градоначалници Николчо Илијев и Љупчо Папазов тврди дека тие постапувале согласно закон, дека надзорот не бил во нивна надлежност и дека обвинението се темели на нецелосна истрага.Обвинетите од обезбедувањето, преку своите адвокати, наведоа дека обвинението е изградено врз претпоставки, дека нивните задачи биле ограничени и дека не можеле реално да го спречат внесувањето пиротехника, повторно посочувајќи ги институционалните пропусти како суштинска причина за трагедијата.Поранешните министри за економија Крешник Бектеши и Ваљон Сараќини, како и поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување, во воведните говори ги негираа обвиненијата, нагласувајќи дека немаат вина. Одбраната на обвинетите службеници од Министерството за економија истакна дека тие имале исклучиво административни надлежности поврзани со лиценците, без можност за теренска инспекција, и дека работеле врз основа на документација заверена од други институции. Пазарните инспектори, пак, упатија сериозни забелешки кон Обвинителството, наведувајќи дека правната конструкција е погрешна и дека во јавноста се изнесуваат неточни информации за нивните надлежности.Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Објектот работел со години без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи, без систем за противпожарна заштита и со активирање пиротехнички средства без одобрение, при што во клубот имало далеку повеќе посетители од дозволеното, меѓу кои и малолетници.Дополнителен пресврт во јавната перцепција донесоа наодите на Истражувачката репортерска лабораторија, според кои кај голем дел од жртвите примарна причина за смртта не биле изгорениците, туку интоксикацијата со отровни гасови. Овие сознанија отворија сериозни прашања за употребата на лесно запаливи и токсични материјали во ентериерот и звучната изолација, спротивно на безбедносните стандарди.Речиси една година по трагедијата, случајот „Пулс“ прераснува во симбол на борбата против неказнивоста и тест за капацитетот на правосудниот систем да обезбеди неселективна правда. Очекувањата на јавноста се дека судскиот процес ќе резултира со јасно утврдена одговорност и ќе стави крај на долгогодишната пракса на институционален молк и занемарување на безбедноста во угостителските објекти.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymrrolab52544fwVRlzq

(Видео) Кина започнува големи воени вежби околу Тајван и испраќа остро предупредување

Кинеската армија денеска најави мобилизација на копнените, поморските, воздухопловните и ракетните сили за спроведување големи воени вежби во водите и воздушниот простор околу Тајван. Маневрите, кои го носат називот „Мисија правда–2025“, имаат за цел, како што соопшти Пекинг, да испратат „сериозно предупредување“ до сите кои се залагаат за независност на Тајван, како и до надворешните сили што, според кинеските власти, се мешаат во внатрешните работи на островот.Според соопштението на Источното командно подрачје на кинеската армија, вежбите ќе ја тестираат борбената подготвеност на силите, како и способностите за блокада и контрола на клучни пристаништа и критични области. Активностите со борбена муниција ќе се одвиваат во пет поморски и воздушни зони кои го опкружуваат Тајван. Владата во Тајпеј остро реагираше, обвинувајќи ја Кина за воено заплашување и за поткопување на регионалната стабилност.Најавата доаѓа во исклучително чувствителен момент за регионот. Во изминатите недели се продлабочи дипломатскиот спор меѓу Кина и Јапонија по изјави на јапонскиот премиер поврзани со Тајван, додека Вашингтон и Тајпеј претходно месецов објавија еден од најголемите договори за продажба на американско оружје на островот досега. Истовремено, тајванскиот претседател се обидува да обезбеди поддршка за историски посебен одбранбен буџет, што дополнително го разгневи Пекинг.Портпаролот на Источното командно подрачје, Ши Ји, изјави дека вежбите ќе бидат фокусирани на патроли за борбена подготвеност на море и во воздух, воспоставување целосна контрола, како и на блокада на клучни пристаништа и стратешки точки. Тој нагласи дека станува збор за легитимна и неопходна мерка за заштита на националниот суверенитет и зачувување на националното единство, алудирајќи првенствено на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници.Во кинеските државни медиуми, воените аналитичари беа уште подиректни, поврзувајќи ги вежбите со американско-тајванскиот договор за вооружување, кој го оценија како ескалација и прикриена активност насочена против интересите на Кина. Од тајванска страна, пак, беше порачано дека овие маневри сериозно го нарушуваат безбедносниот статус кво во Тајванскиот Теснец и поширокиот индо-пацифички регион и дека претставуваат отворен предизвик за меѓународниот правен поредок.Договорот за оружје меѓу САД и Тајван, вреден 11,1 милијарди долари, вклучува ракетни системи ХИМАРС, противтенковски проектили, беспилотни летала, хаубици и воен софтвер. Иако Вашингтон официјално ја признава Народна Република Кина како единствена легитимна влада на Кина и го зема предвид ставот на Пекинг дека Тајван е дел од Кина, САД никогаш не ја прифатиле тезата за суверенитет на Комунистичката партија над островот. Соединетите Држави одржуваат блиски, но неформални односи со Тајван и законски се обврзани да му обезбедат средства за самоодбрана.Дополнителни тензии предизвика и реакцијата на Пекинг на изјавите од Јапонија, каде беше сугерирано дека Токио би можел воено да реагира доколку Кина се обиде насилно да го преземе Тајван. За кинеското раководство, прашањето за Тајван претставува црвена линија во односите со САД, а секој обид за зајакнување на врските меѓу Тајпеј и Вашингтон редовно се осудува како мешање во внатрешните работи на Кина.Покрај најавата за вежбите, кинеските медиуми објавија и пропагандни материјали со националистичка симболика, додека сè уште не е прецизирано колку долго ќе траат маневрите. Според најавите, патролите за борбена подготвеност започнуваат на 29 декември, а вежбите со борбена муниција ќе се одржат на 30 декември во затворени поморски и воздушни зони. Кинеската крајбрежна стража исто така соопшти дека започнала патроли во водите во близина на Тајван.

Свет | пред 2 месеци

sneg-partizanska-koli-skopje-2022

Новата 2026 година започнува со силен студ и температури под нулата: ќе има ли снег?

Новогодишната ноќ ќе помине во знакот на многу ладно и суво време, под влијание на изразено студена и сува воздушна маса која ќе продре од север. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а времето ќе биде ведро, без облачност и без врнежи од снег, што значи дека ќе преовладува т.н. сув студ.Температурите на воздухот за време на новогодишната ноќ насекаде во Македонија ќе бидат под нулата, и ќе се движат во интервал од -10 до -3 степени, додека на повисоките населени места и на планините постојат услови тие да се спуштат и под -10 степени.Во Скопје и околината, за време на новогодишната ноќ, минималната температура се очекува да се спушти околу -5 до -6 степени.Суво и многу ладно време ќе продолжи и на 1 јануари 2026 година (четврток), што значи дека новата година ќе започне со стабилни временски услови, без врнежи од снег, но со изразено ниски температури и присутен сув студ.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп сака да биде покровител на европската десница, но Европа не го сака

Американскиот претседател Доналд Трамп отворено ја гради својата амбиција да стане политички покровител на европскиот десничарски популизам, но најновите податоци покажуваат дека тој план наидува на сериозна и неочекувана пречка – самите европски гласачи. Дури и меѓу симпатизерите на партии кои Трамп ги смета за природни сојузници, неговата популарност е ограничена и често поделена.Според новата анкета спроведена во пет земји на повеќе од 10.000 испитаници, Трамп останува генерално непопуларен во Европа, што директно ги доведува во прашање неговите обиди да се наметне како симбол и инспирација за европската десница. Истражувањето покажува дека најголема наклонетост кон Трамп постои во Велика Британија, каде околу 50 проценти од поддржувачите на партијата „Реформ“ имаат позитивно мислење за него. Сепак, континенталната Европа ја раскажува сосема поинаква приказна.Во Франција и Германија, само околу една третина од гласачите на десничарските партии изјавуваат дека го гледаат Трамп во позитивно светло. Кај пошироката јавност, бројките се уште понеповолни – две третини од Французите и Германците имаат негативен став кон американскиот претседател, додека во Велика Британија негативно мислење изразуваат 55 проценти од испитаниците. Најлошо поминува во Канада, каде 72 проценти од граѓаните имаат негативен став кон него.Овие резултати доаѓаат во момент кога администрацијата на Трамп јавно најави стратегија за поддршка на, како што ги нарекува, „патриотските европски партии“. Но, анкетата испраќа јасно предупредување – приближувањето до Трамп може да ги чини европските десничари пошироката поддршка, особено меѓу потенцијалните нови гласачи, кои често имаат понегативен став кон него од нивното јадро на симпатизери.Поддршката за Трамп не е безрезервна ниту во рамките на самата европска десница. Во Франција, гласачите на Националниот собир на Марин Ле Пен се речиси рамномерно поделени – 38 проценти имаат негативно мислење за Трамп, а 30 проценти позитивно. Слична слика има и во Германија, каде симпатизерите на Алтернатива за Германија се речиси идентично поделени меѓу поддршка и отфрлање.Токму затоа, раководството на Националниот собир во Франција внимателно се дистанцира од отворена поврзаност со Трамп. Партиските лидери јавно ги отфрлија обидите за поддршка од Белата куќа, со пораки дека не прифаќаат „вазален однос“ и дека Европа не смее да се третира како политичка или економска колонија.Истражувањето открива и поширок парадокс: европските десничарски гласачи силно инсистираат нивните лидери да ја стават сопствената држава на прво место, вредност која во голема мера ја препознаваат кај Трамп. Но токму тој национален инстинкт може да стане точка на судир со движењето МЕГА, кое отворено ги фаворизира исклучиво американските интереси.Иако многу од поддржувачите на десницата сметаат дека политиките на Трамп се корисни за САД, истовремено веруваат дека тие штетат на европските држави. Тоа јасно се гледа и во односот кон царините што ги воведе неговата администрација – иако дел од гласачите ги сметаат за штетни, не постои силна поддршка за возвратни мерки, што дополнително укажува на резервираноста кон неговата политика.Сѐ на сѐ, анкетата покажува дека Трамп можеби инспирира дел од европската десница, но не ужива широка доверба, ниту пак автоматска поддршка. Неговите обиди да стане централна фигура на европскиот популизам засега се соочуваат со студен прием, што сугерира дека европската политичка сцена, дури и на десницата, останува значително поавтономна отколку што тој очекува.

Свет | пред 2 месеци

Нема фотографија

Трамп: Подготвен сум да зборувам во украинскиот парламент заради мир

„Во следните неколку недели ќе знаеме дали оваа војна ќе заврши. Но може да се случи и сѐ да пропадне поради некоја мала тема за која воопшто не сме размислувале. Една војна траеше 37 години, а јас ја решив за еден ден“, изјави Трамп.Тој додаде дека неговото заминување во Украина не му е приоритет, туку дека главната цел му е постигнување мировен договор.„Понудив да одам и да зборувам во нивниот парламент. Ако тоа би помогнало – не знам. Можеби би помогнало“, рече Трамп.Зеленски му одговори дека е добредојден во Украина, а Трамп условно одговори дека би го направил тоа „доколку може да помогне да се спасат 25.000 животи месечно“.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Трамп: Путин сака Украина да успее

Доналд Трамп го изнесе своето гледиште за улогата на Русија во повоената обнова на Украина, тврдејќи дека Москва ќе учествува во тој процес.„Тие ќе помагаат“, рече Трамп за Русија, додавајќи: „Русија сака да го види успехот на Украина. Путин сака Украина да успее.“Тој наведе и дека рускиот претседател Владимир Путин бил „многу великодушен“ во својата желба Украина да успее, вклучувајќи и наводна понуда за „снабдување со енергија, електрична енергија и други работи по многу ниски цени“.Трамп исто така објасни зошто Путин не се согласил на прекин на огнот, наведувајќи дека „рускиот лидер не сака да ги запре борбите за подоцна повторно да мора да ги започне“.„Го разбирам тој став“, заклучи Трамп.„Претседателот Путин всушност работи со Украина на нејзино повторно отворање“, изјави Трамп. „Беше многу добар во тој поглед. Сака таа да се отвори. Не ја гаѓал со проектили“, додаде тој.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Украинците во дијаспората ќе одлучуваат за мировниот договор

Володимир Зеленски потврди дека украинските државјани кои живеат надвор од земјата ќе имаат право да учествуваат во одлучувањето за каков било иден договор за завршување на војната.Одговарајќи на новинарско прашање дали дијаспората би можела да учествува на референдум за одобрување на мировниот договор, Зеленски беше јасен:„Тие имаат право на тоа“, порача претседателот, додавајќи дека за остварување на тоа право ќе биде потребно да се обезбеди и воспостави соодветна инфраструктура за гласање.

Свет | пред 2 месеци

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Фон дер Лајен: Постигнат е добар напредок во преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави „добриот напредок“ постигнат денес во мировните преговори за Украина.Нејзината изјава следуваше по „добар, едночасовен повик“ во кој учествувала заедно со Доналд Трамп, Володимир Зеленски и други европски лидери.„Постигнат е добар напредок, што го поздравивме. Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и со нашите американски партнери за овој напредок да се зацврсти“, порача фон дер Лајен.Таа нагласи и клучен услов за понатамошните чекори: „Најважно во овој напор е да се има цврсти безбедносни гаранции уште од првиот ден.“

Свет | пред 2 месеци

Vucic-1-e1586514023464

Вучиќ попушти: Србија оди на предвремени избори во 2026 година

Вечерва претсаделот на Србија, Александар Вучиќ присуствувапе на отстранувањето на Чациленд пред српскиот Парламент.Вучиќ им се обрати на присутните и кажа дека е прифатено барањето на студентите за вонредни избори следната година.„Го прифативме нивното главно барање. Следната година одиме на избори, само што тие нема да бидат задоволни од резултатите. Ќе ги победиме со вашата сила и љубов, тие секогаш се посилни од нивната омраза“, рече Вучиќ.Денеска студентите во блокада во сротина градови собираа потписи со барање за спроведување на предвремени парламентарни избори.

Свет | пред 2 месеци

media-library31fortp4isre65BMIRd

СДСМ тврди дека го следат Венко Филипче - протече фотографија од лидерот на аеродром со куфер

Опозициската СДСМ попладнево реагираше со ново соопштение по објавите на социјалните мрежи во врска со патувањето на партискиот лидер Венко Филипче, откако беше споделена фотографија од него на аеродром.Од СДСМ оценуваат дека станува збор за обид за јавен линч и дека со самото објавување на фотографијата практично се признава вршење притисок преку следење, што, според нив, претставува добро позната практика од времето на поранешниот премиер Никола Груевски, кога безбедносните служби биле ставени во функција на следење на опозицијата.Во соопштението се наведува дека, освен следењето, партијата неодамна јавно алармирала и за прислушување на телефонски комуникации, оценувајќи дека државата повторно се враќа во периодот пред 2016 година, со исти методи – следење, фабрикување вести и лажни афери, со единствена цел, како што велат, дефокус од суштинските проблеми.Од СДСМ тврдат дека со овие, како што ги нарекуваат, сензационалистички приказни се прикриваат теми како договорот „мигранти за пари“, криминалот и корупцијата што, според нив, се случуваат јавно и без одговорност.Во соопштението се нагласува дека Венко Филипче патува со редовна комерцијална авиолинија и дека не заминува за Дубаи, како што се тврди на социјалните мрежи. Од партијата додаваат дека тој не користи владин авион за приватни потреби, ниту пак изнајмува приватни летала, за разлика од премиерот Христијан Мицкоски и, како што наведуваат, неговиот круг.СДСМ го споредува луксузирањето на Мицкоски со практиките од времето на Груевски, потсетувајќи на патувања на ексклузивни дестинации, користење државни ресурси за приватни цели и раскош што, како што велат, граѓаните добро го паметат. Во таа насока, посочуваат и дека Мицкоски изнајмил приватен авион на релација Истанбул–Будимпешта, што, според нив, ги чинело граѓаните 2,6 милиони денари, како и дека во владини летала се превезувале сомнителни бизнисмени од арапските земји.Дополнително, од СДСМ тврдат дека јавноста сè уште не знае дека премиерот, наводно, се подготвува да нарача нов авион за лични потреби, кој би бил платен со пари на граѓаните. Во соопштението иронично се наведува дека вестите што ги објавува ВМРО-ДПМНЕ наликуваат на реклами на туристичка агенција, со постојано спомнување дестинации како Дубаи и Венеција, како и визи и приватни летови, кои, според опозицијата, се недостапни за обичните граѓани без, како што велат, десетици тендери и милионски суми.Од СДСМ оценуваат дека по сите овие обвинувања не би било изненадување доколку власта одржи нова прес-конференција, со, како што наведуваат, нови фабрикации, алудирајќи на претходни наводи за непостоечки згради и проекти.Во завршниот дел од соопштението, партијата нагласува дека, според нив, станува збор за уште еден обид за дефокус од актуелните теми, по, како што велат, неуспешниот обид за дестабилизација на СДСМ, изостанат одговор за наводите за криминал и корупција, ограничувањето на слободата на говор и договорот „мигранти за пари“.Од СДСМ посочуваат дека не е даден одговор ниту за милионскиот тендер доделен на партнери од ЗНАМ, кој го нарекуваат прва рата за, како што тврдат, предавството на Македонија. Порачуваат дека заедно со граѓаните ќе застанат на патот на, како што ја нарекуваат, криминалната власт и ќе ја вратат државата на европскиот пат, нагласувајќи дека нивниот „АКТ“ продолжува да работи и дека одговорите што не се даваат пред јавноста, ќе се даваат пред обвинителството.Инаку, информацијата дека Венко Филипче бил забележан на аеродром се прошири на социјалните мрежи, каде се тврди дека тој заминува за Дубаи, каде би ја дочекал Новата година.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Кремљ: Трамп и Путин разговарале 75 минути

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин оствариле телефонски разговор кој траел еден час и 15 минути. Разговорот бил инициран од американска страна и, според Кремљ, поминал во пријателски тон, со размена на божиќни честитки.Информациите за разговорот ги пренесе советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков. Тој изјави дека Трамп сакал директно да го слушне рускиот став за конфликтот во Украина, непосредно пред неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Претседателот Трамп внимателно ја сослуша проценката на руската страна за состојбата на теренот и за можностите за постигнување мировен договор“, изјави Ушаков.Според него, во разговорот било нагласено дека ситуацијата околу регионот Донбас останува клучно прашање и дека, според заедничкото мислење на двајцата лидери, Киев треба без понатамошно одложување да донесе одлука за иднината на овој регион.Ушаков додаде дека и Путин и Трамп се согласиле оти натамошното одложување на решавањето на прашањето за Донбас може дополнително да ги усложни мировните напори.„Двајцата лидери сметаат дека е неопходно украинската страна во најкраток можен рок да донесе јасна одлука за иднината на Донбас“, наведе советникот на Кремљ.Дополнително, Ушаков најави дека Доналд Трамп и Владимир Путин ќе имаат уште еден телефонски разговор во текот на вечерта, веднаш по завршувањето на средбата меѓу американскиот и украинскиот претседател.Од Кремљ засега не соопштуваат дополнителни детали за содржината на разговорот, ниту за тоа какви конкретни предлози биле разгледувани, наведувајќи дека прерано изнесување информации би можело да влијае врз натамошниот тек на дипломатските контакти.

Свет | пред 2 месеци

media-librarye2o9aatduh3s3vjBW0s

Војната не запира пред преговори: напади врз енергетиката и рафинерии, Запорожје под лупа на ИАЕА

Состојбата во нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола, во моментов е стабилна, а снабдувањето со електрична енергија се одвива преку еден високонапонски далновод, соопшти портпарол на електраната, пренесува руската државна агенција РИА. Во непосредна близина на објектот во тек се поправки, кои се спроведуваат под надзор на тим на Меѓународната агенција за атомска енергија, по стапувањето во сила на локален прекин на огнот постигнат со посредство на агенцијата. Се очекува работите да траат неколку дена.Истовремено, борбените дејствија продолжуваат на повеќе делови од Украина. Украинските власти соопштија дека руските сили двапати ја нападнале Полтавската област, при што во еден од нападите било оштетено енергетско постројување и технолошка опрема. Според локалната администрација, во нападите нема повредени, а екипите на енергетичарите работат на санација на штетите.Украинската армија, пак, потврди дека во текот на ноќта извела успешен напад со дронови врз нафтената рафинерија Сизран во руската Самарска област. Според Генералштабот во Киев, ударот предизвикал голем пожар, а проценката на штетата е во тек. Овој напад е дел од поширока стратегија насочена кон руската енергетска инфраструктура, со цел да се намалат приходите на Москва од продажба на нафта.Во меѓувреме, Украина со напади со дронови привремено го парализираше авионскиот сообраќај во Москва, при што беа одложени и откажани стотици летови во пресрет на националните празници, соопштија руските власти.Ситуацијата дополнително ја комплицира и хуманитарната состојба. Украинското Министерство за енергетика информира дека и покрај постепеното враќање на струјата по вчерашните напади, повеќе од 19.000 домаќинства во Киевската област сè уште се без електрична енергија, а дополнителни 20.000 потрошувачи се погодени во Черниговската област.Во Харковската област, украинската Национална полиција пријави тројца повредени цивили по руските напади, меѓу кои и лица со повреди од дронови и акутни стресни реакции. Полицијата наведува дека ги документира последиците од, како што ги нарекува, воени злосторства врз цивилни населби.Сето ова се случува во чувствителен дипломатски момент. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида, каде ќе се разговара за можен план за завршување на војната. Зеленски најави дека околу 90 проценти од заедничката рамка за мировен план се веќе усогласени, но клучните несогласувања остануваат околу територијата на Донбас и иднината на нуклеарната електрана Запорожје.Поранешниот британски амбасадор во Русија, сер Лори Бристоу, оцени дека главната цел на Зеленски е да го придобие Трамп, нагласувајќи дека во моментов Вашингтон не го гледа рускиот претседател Владимир Путин како главна пречка за примирје. Тој предупреди дека дури и во случај на прекин на огнот, постои сериозен ризик Русија повторно да се обиде да ја продолжи агресијата во иднина.Додека дипломатските напори се интензивираат, реалноста на теренот останува непроменета – удари, прекини на струја и нови жртви, што уште еднаш ја потврдува пораката дека патот до мирот сè уште минува низ бојното поле.

Свет | пред 2 месеци

media-librarypvvqc79d0ct347waByH

(Видео) Со бомбите од СЈО ќе ја разведеа пола Македонија, вели Книга раскажувајќи каква порака пратил Шилегов до Груевски

Во емисијата „Претрес со Ландов“, Драги Митковски-Книга, долгогодишен близок пријател на Никола Груевски, зборуваше за периодот на „бомбите“, за односите со поранешниот премиер, како и за своето сведочење пред Специјалното јавно обвинителство.Одговарајќи на прашањето како се чувствувал кога ги слушал прислушуваните разговори во кои се спомнува Груевски, но и трговијата со влијание „ти мене – јас тебе“, Книга призна дека чувството било непријатно. Раскажа дека во моментите кога почнале да се објавуваат „бомбите“ бил во Сандански. Кога се вратил случајно се сретнал со Петре Шилегов.„Ми рече да му се јавам на другар ми да си даде оставка. Го прашав зошто? Ми вика – па слушаш ли бомби? Му реков дека слушам, ама дека со бомби ќе ја разведат пола Македонија“, раскажа Книга.На прашањето на водителот дали тој ги перцепира објавените материјали како снимки каде се зборувало за афери и „шваљерај“ отколку за класичен криминал, Книга одговори дека доколку биле објавени сите снимки, „удолницата ќе била целосна“.Книга потврди дека бил повикан и во Специјалното јавно обвинителство, каде што бил распрашуван за своите релации со Никола Груевски. Како што наведе, распитот го водела обвинителката Ленче Ристовска, за која рече дека била „ептен коректна“.Во разговорот се осврна и на периодот непосредно пред бегството на Груевски во Будимпешта. Иако претходно тврдел дека немал контакти со него, Книга призна дека се сретнале околу месец и пол пред бегството, во кафана. За бројните шпекулации околу начинот на кој Груевски ја напуштил државата, вклучително и приказните дека бил пренесен во гепек, Книга беше дециден.„Нема шанси Груевски да се вози во гепек“, рече тој, додавајќи дека, според негово убедување, заминувањето било „најнормално“.Цел ексклузивен разговор:

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhf0l4hdrthvu6xNLkDe

„Среќен небесен роденден, мое ангелче“ – потресна порака од таткото на Надица

На денот кога требаше да има смеа, свеќички и планови за иднината, домот на семејството Наунов е исполнет со тишина и болка. Александар Наунов, таткото на Надица – една од загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ – со емотивна порака ѝ го честиташе нејзиниот роденден, кој првпат го дочекува без неа.„Денес требаше да славиме со смеа, со свеќички и со соништа за иднината. Наместо тоа, ти го честитам твојот прв небесен роденден – со солзи, со тишина и со љубов што никогаш нема да згасне“, напиша Наунов.Во својата исповед, таткото вели дека Надица засекогаш ќе остане негово дете, негова гордост, но и негова најголема болка и најсветла светлина. Иако физички ја нема, како што вели, ја чувствува во секој здив, во секоја солза и во секое чукање на срцето, верувајќи дека денес ангелите ѝ пеат, а таа ги гледа од небото со својата насмевка.„Тато те сака бескрајно. Родендените ќе болат, но љубовта кон тебе ќе живее вечно“, стои во пораката што ги трогна граѓаните и повторно ја отвори раната од трагедијата што однесе млади животи.Пораката завршува со зборови што ја отсликуваат болката на родител кој загубил дете, но и љубовта што не познава крај: „Среќен небесен роденден, мое ангелче“.

Македонија | пред 2 месеци

IMG_4235

Денеска сончево со мала облачност и ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 3 до 10 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремен засилен ветер од северен правец.Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 3 до 11 степени. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryp9i3cdhieumpeEoKEHq

Не само „Усје“, сите загадувачи мора да се дислоцираат од центарот на Скопје, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги поддржува едногласно изгласаните заклучоци на советниците во Советот на Град Скопје, за дислокација на цементарница „ Усје’’, за справување со аерозагадувањето и најави средби со премиерот и со заменик-министерката за животна средина за решавање на проблемот.Градоначалникот смета дека цементарницата „Усје“ не е единствениот проблем и дека е потребна поширока стратегија за преместување на тешката индустрија надвор од градот.„За жал, повеќе од 30 години сите го констатирале проблемот, но никој не го решил. Цементарница не е единствениот потенцијален загадувач. Ние имаме и останати погони и фабрики кои според мене треба да бидат дислоцирани од централното градско подрачје. Имаме одредени погони во Железара, имаме фабрики за кабли, одредени отпади.Што значи дека системот што требало да се изгради, не е изграден. Тоа биле лоши проценки во минатото. Триесет години освен констатации, немаме помрднување од мртва точка“, рече Ѓорѓиевски во гостување на ТВ Сител.Ѓорѓиевски кажа и дека инспектори веќе делуваат на терен, иако тоа било без медиумска помпа. Досега, како што рече, биле изречени неколку казни во висина од 53 000 евра за индустриски капацитети со Б-интегрирана дозвола.Усвоена е и мерка за финансиска поддршка на граѓаните за поставување филтри на оџаците.

Скопје | пред 2 месеци

207-2072008_apple-brand-background

Италија го казни Apple со над 98 милиони евра

Италијанскиот регулатор за конкуренција, ги казни Apple, Apple Distribution International и Apple Italia со 98, 6 милиони евра за, како што се наведува, злоупотреба на својата „апсолутно доминантна позиција“ на пазарот за дистрибуција на iOS апликации.Според регулаторот, Apple ја злоупотребил својата пазарна моќ со наметнување правила според функцијата Транспарентност за следење на апликации, за кои рече дека ги оптоваруваат независните развивачи, особено оние што се потпираат на приходи од дигитално рекламирање.Италијанскиот антимонополски орган утврди дека Apple барал од развивачите двапати да добијат согласност од корисникот за обработка на податоци за рекламни цели – што оди подалеку од барањата на тековните прописи за приватност. Таквиот пристап, заклучува регулаторот, ја нарушува пропорционалноста на политиката на ATT, бидејќи Apple можеше да обезбеди исто ниво на заштита на приватноста на корисниците со тоа што ќе дозволи согласност за профилирање да се добие во еден чекор, наместо преку дуплирани процедури.Како што објави The Verge, Apple изјави дека не се согласува со одлуката на италијанскиот регулатор и најави жалба, нагласувајќи дека ќе продолжи да ги брани високите стандарди за заштита на приватноста на корисниците.

Свет | пред 2 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

ДДВ за купување новоизграден стан останува 5%

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност.Дококу не се изгласаше измената, од јануари 2026 година данокот требаше да се покачи на 18%, што драстично ќе ги зголемеше цените.Мерката се однесува на прв промет на станбени згради и станови кои се користат за станбени цели.

Македонија | пред 2 месеци

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Трамп до Зеленски: Последниот збор е мој

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина во моментов работи на пет документи што треба да обезбедат мир во Украина, а билатералниот договор меѓу Украина и САД за безбедносни гаранции е „скоро готов“ и блиску до потпишување.Сепак одлуката за потпишување ќе зависи од форматот на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.Тојизјави дека мировниот план од 20 точки, на кој работеа Украина, САД и Европската Унија, може да се потпише само со согласност на сите страни, вклучително и Русија.Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за „Политико“, беше јасен дека тој е врховниот арбитер за каков било договор меѓу Русија и Украина, истакнувајќи дека судбината на планот зависи исклучиво од неговото одобрение. Оваа изјава доаѓа во пресрет на средбата со Володимир Зеленски во Флорида, каде украинскиот лидер ќе претстави нов мировен план кој вклучува демилитаризирана зона и безбедносни гаранции од САД.Средбата ќе биде фокусирана на најжешките прашања: контролата врз Донбас и управувањето со нуклеарната централа Запорожје, додека Вашингтон врши притисок врз Киев за поголема флексибилност.

Свет | пред 2 месеци

media-library9m0ii0hbh2uk0wx2LDk

Година на протести и криза: Србија ја испраќа 2025 под сенката на политичка нестабилност

Годината што изминува за Србија ќе остане силно обележана со длабока општествена и политичка криза, поттикната од трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година. Падот на настрешницата на штотуку реновираниот објект, при што загинаа 15 лица, предизвика бран масовни студентски протести кои од месец во месец ги оголуваа бројните пукнатини во власта, персонализирани во ликот на претседателот Александар Вучиќ.По трагедијата, студентите излегоа на улиците барајќи одговорност за, како што наведоа, немарот, корупцијата и коруптивните договори без јавни тендери. Протестите продолжија и во 2025 година, а нервозата кај власта видливо се зголемуваше.Дополнително незадоволство во јавноста предизвика нападот врз студенти во Нови Сад од страна на поддржувачи на владејачката Српска напредна странка. Во инцидентот, една студентка беше тешко повредена кога ѝ беше скршена вилицата со бејзбол палка. Настанот, на почетокот на јануари, доведе до пад на владата на премиерот и лидер на СНС, Милош Вучевиќ.Во март почина и 16-тата жртва од падот на настрешницата, а на 15 март, на дотогаш најмасовниот протест во Белград, по повик на студентите, се собраа повеќе од 300.000 граѓани. Протестот беше прекинат со неидентификуван продорен звук, по што демонстрантите ја обвинија власта дека употребила таканаречено звучно оружје. Власта тоа го негираше, а Вучиќ изјави дека ќе се повлече доколку се докаже таква употреба.Во април Србија доби нова влада, на чие чело застана речиси непознатиот за пошироката јавност ендокринолог и универзитетски професор Ѓуро Мацут. Опозицијата владата ја оцени како „преодна“, а премиерот како „марионета“ на Вучиќ.И покрај тоа, студентските блокади на повеќе од 40 факултети и протестите продолжија низ целата земја. Државниот врв ги нарекуваше „обоена револуција“ увезена од странство, со цел соборување на Вучиќ, додека паралелно се засилија апсењата на студенти и активисти под обвиненија за загрозување на уставниот поредок.Студентите инсистираат институциите, особено правосудството, да работат без политички притисоци, бараат ослободување на приведените демонстранти и распишување предвремени избори.На меѓународен план, Србија во 2025 година не направи исчекор кон Европската Унија, без отворен ниту еден нов преговарачки кластер. Европската комисија повторно оцени дека нема напредок во владеењето на правото, слободата на медиумите, слободата на собирање и усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, особено во однос на санкциите кон Русија.Вучиќ, преку чести медиумски настапи на националните телевизии, се обидуваше да ја увери јавноста дека држи сѐ под контрола, иако економските индикатори покажуваат поинаква слика.Во првите осум месеци од 2025 година, странските инвестиции изнесуваа 1,49 милијарди евра, наспроти 3,2 милијарди евра во истиот период лани. Јавниот долг ја надмина границата од 38 милијарди евра, а неколку странски компании ги затворија своите погони, оставајќи повеќе од 2.500 лица без работа.Дополнителен удар дојде од американските санкции кон рускиот енергетски сектор, кои ја опфатија и Нафтната индустрија на Србија, во која Русија има мнозински удел. Поради тоа, хрватскиот ЈАНАФ ја прекина испораката на нафта, а рафинеријата во Панчево престана со работа кон крајот на ноември.Во септември беше одржана голема воена парада, прва по повеќе од една деценија, со која, според аналитичарите, Србија испрати пораки и до домашната и до меѓународната јавност. Земјата договори и набавка на 12 француски борбени авиони „рафал“, потег што ја подели јавноста.Годината заврши и со повлекување на компанијата поврзана со семејството на американскиот претседател Доналд Трамп од контроверзниот проект за луксузен комплекс во центарот на Белград, по масовни протести и обвинувања за погодности. Вучиќ најави кривични пријави против сите што, како што рече, учествувале во „хајката“, тврдејќи дека Србија изгубила инвестиција вредна 750 милиони евра.Сѐ на сѐ, Србија ја испраќа годината со продлабочени внатрешни поделби, институционална криза и неизвесност околу политичката и економската иднина.

Свет | пред 2 месеци

media-librarybmsqfukqd1vd2s0JrNo

Што да очекувате од времето за дочекот на Нова година

Според најновите ажурирања на прогностичките материјали, новогодишната ноќ и првиот ден од 2026 година, 1 јануари (четврток), ќе поминат во знак на вистински зимски услови. Македонија ќе се најде под влијание на изразен студен бран од север, кој ќе донесе многу ладно време и засилен ветер од северен правец.Паралелно со студот, се очекуваат и врнежи, претежно од снег. Пообилни снежни врнежи се прогнозираат во западните предели на државата, додека на повисоките места и на планините ќе се формира значителна снежна покривка. Сепак, снег се очекува и во повеќето градови, особено во западниот дел од Македонија, каде е можно создавање помала, но забележлива снежна покривка.Во Скопје и околината, за време на новогодишната ноќ и на 1 јануари, се прогнозираат послаби врнежи од снег, проследени со повремено засилен ветер од северен правец, што дополнително ќе го засили чувството на студ.Од Метеоаларм посочуваат дека прогнозата ќе се доработува со нови ажурирања на моделите, па можно е да има одредени промени во наредните денови. Поради тоа, на граѓаните им се препорачува редовно да ги следат најновите метео анализи за да избегнат забуни околу временските услови за новогодишната ноќ и почетокот на 2026 година.Во меѓувреме, претстојниот викенд Македонија ќе биде под влијание на понатамошно спуштање на ладен воздух од североисток. Овој студен бран ќе биде претежно сув, но ќе донесе изразен студ и многу ветровито време. Особено во недела, 28 декември, повремено ќе дува силен северен ветер, кој во Повардарието и југоисточните делови ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.Времето за време на викендот ќе биде претежно ведро и сончево, со мала локална облачност. Утринските температури ќе се движат од -7 до 1 степен, додека дневните ќе се искачуваат меѓу 3 и 10 степени.Уште постудено утро се очекува во понеделник, 29 декември, кога наутро температурите насекаде ќе бидат под нулата, во интервал од -10 до -1 степен. На повисоките места и на планините постојат услови температурите да се спуштат и под -10 степени.Во Скопје и околината, за време на викендот, утринските температури ќе се движат од -4 до -2 степени, а дневните од 6 до 8 степени. И во главниот град ќе има повремено засилен северен ветер, кој во делови од котлината може да достигне брзина од 60 до 70 километри на час.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykfgf6e5cmk4c4RVgALy

Јани Макрадули од СДСМ му пиша на Дедо Мраз

Со сатиричен тон и јасна иронија, поранешниот висок функционер на СДСМ, Јани Макрадули, објави „празнично писмо“ до Дедо Мраз, во кое преку хумор и алузии се осврнува на политичките случувања во Македонија, европските теми, економијата, загадувањето и улогата на ПР-от во јавниот живот.„За разлика од другите, јас верувам во чуда, а и во тебе. Нереален, ама тука. И моите гласачи веруваат во нереални работи“, пишува Макрадули, додавајќи дека и самиот е „од север“, како Дедо Мраз, со иронична напомена дека на своите гласачи им ветил дека нема да го користи терминот „северна“.Во писмото, тој потенцира дека не бара подароци, бидејќи, како што наведува, „си имаме буџет, дури и папаја во зима“, но затоа има неколку „молби“. Меѓу нив е и прашањето за европските субвенции: „Ако го знаеш колегата од Брисел, види дали може нешто со субвенциите да се направи. Ни ги замрзнаа, не дека е ладно, туку малку моите се опуштија“.Макрадули со сарказам се осврнува и на проблемот со загадувањето и енергентите. „Чисто од љубопитност, види некаде мазут да не има? Да, тој што загадува. Моите се заиграа, па не испланираа на време, а што знае дете што се 50 тони – зема и увезува“, пишува тој.Посебно место во писмото има и ветената милијарда евра за справување со загадувањето. „Кога леташ, види таа една милијарда евра што им ја ветив, да не е заглавена во некој снег. Не унгарската, друга е ова. Унгарската, зошто испрана, некако брзо ни клизна низ рацете“, наведува Макрадули.Со уште поостра иронија, тој тврди дека земјата е „трета економија во Европа“, но дека за да стане прва, „има еден талог што треба да се исчисти“. „Не е од кафе талог, туку луѓе што размислуваат со своја глава. За нив популизмот е непристоен, а ПР-от без ефект. Тие ја сакаат земјата во ЕУ, и тој талог мора да се покрие“, пишува Макрадули.Во завршницата, писмото добива уште поексплицитен сатиричен карактер. „Слободно прескокни со критичка мисла. Кампањиве одлично функционираат и без неа. Не ни носи разум, ќе ни ги расипе слоганите“, порачува тој, додавајќи: „Без прашања годинава, те молам. Си имаме готови одговори. Задржи ги фактите, со нив не се прави добар ПР“.Писмото завршува со повик за „тишина“, која, според Макрадули, е предуслов за стабилна политика, како и со забелешка дека ако Дедо Мраз има нешто „од себе“ да остави, слободно може да го остави кај него, „зашто има некои што ја примаат пораката, ама не знам дали ја читаат“.Со ова сатирично обраќање, Макрадули уште еднаш ја користи формата на иронија и алегорија за да упати критика кон политичката практика, комуникацијата со јавноста и односот кон суштинските општествени прашања.

Коментари | пред 2 месеци

media-library62t1k2tvgebpbmPuau0

Кога системот не гледа живот: сведоштво на иселеник за апсурдите со греењето во Скопје

Иселеник од Македонија кој веќе четири години живее и работи во Канада, Кирил Колемишевски, јавно ја сподели својата приказна за, како што вели, „апсурдот што само Македонија знае да го направи нормален“, откако му бил укинат статусот на времено исклучен корисник на централно греење, иако радијаторите во неговиот стан се физички исклучени и пломбирани.„Пред четири години се преселив во Канада. Во Македонија доаѓам еднаш до двапати годишно, само да ги видам родителите, брат ми и пријателите. Имам стан во Скопје кој најголемиот дел од годината е затворен и празен“, вели Колемишевски.Тој објаснува дека радијаторите во станот се исклучени од системот со официјална интервенција и дека нема никаква техничка можност да користи централно греење.„Радијаторите се физички исклучени и пломбирани. Немаат контакт со системот. Единствено што постои се цевките што минуваат низ станот, затоа што системот мора да ги снабдува становите над мене“, наведува тој.Сепак, проблемот започнал затоа што при кратките престои во Скопје, користел електрична енергија.„Кога ќе дојдам во Македонија, нормално е дека го користам станот. Фрижидерот работи, вклучувам бојлер, полнам телефон, правам кафе, готвам јадење. Трошам струја затоа што сум таму, не затоа што сум се греел“, посочува Колемишевски.Според него, државниот правилник предвидува дека за да се признае статус на „времено исклучен од греење поради некористење“, мора да се докаже дека станот не се користел, преку просечна месечна потрошувачка на струја под 50 киловат-часови„Ова веројатно е направено за да се спречат манипулации. Но јас имам пломбирани радијатори, а сум потрошил повеќе струја затоа што сум дошол дома“, вели тој.Токму поради тоа, како што тврди, ЕСМ Снабдување со топлина му го укинало статусот. „Не рекоа дека сум се греел. Не рекоа дека сум добил услуга. Само рекоа дека не сум го поминал нивниот административен тест“, нагласува Колемишевски.Последицата, според него, била драстична. „Не ме задолжија да платам само за тие неколку денови кога сум бил во станот. Туку ме вратија како активен корисник за целата грејна сезона, од октомври до април. Значи, плаќам греење за цела сезона, иако радијаторите се пломбирани и јас реално не сум добил тоа што го плаќам“, вели тој.Колемишевски поднел приговор до Регулаторната комисија за енергетика, но тој бил одбиен.„Мојот приговор беше уредно и прецизно одбиен како неоснован, затоа што со фамозниот правилник бил пропишан максимален износ на струја што можеш да го потрошиш, без разлика што радијаторите ти се исклучени“, наведува тој.Како единствена правна можност му било понудено да поведе управен спор. „Ми го овозможија моето граѓанско право да ја тужам Регулаторната комисија пред Управен суд. Ама со моето искуство со управни спорови, сфатив дека тоа е однапред изгубена битка. Систем кој е наместен да ти даде право да добиеш право, ама не и реално да го добиеш“, вели Колемишевски.Во своето сведоштво тој ја критикува суштината на системот.„Тоа е Македонија. Правилникот станува поважен од човекот. Системот не гледа живот, не гледа реалност, не гледа логика, туку гледа бројка, табела и слепо следење правила“, пишува тој.Колемишевски заклучува дека ваквите искуства се причина зошто многу иселеници не размислуваат за враќање. „Не затоа што сме се откажале од земјата, туку затоа што земјата премногу лесно се откажува од човекот, освен кога треба да му земе пари“, наведува тој, додавајќи дека неговиот случај е „дури и смешен“ во споредба со луѓе кои, поради правилници и административни одлуки, останале без пензии, надоместоци или основни права.„Дома се враќаш за да почувствуваш дека припаѓаш, не за да се докажуваш дека си жив во систем што те казнува затоа што си дошол да си го видиш семејството“, порачува Колемишевски.

Коментари | пред 2 месеци

media-librarymmd9tsk2f06uaUartMK

УЈП побарува данок за работа во странство од 2020 година: Граѓани во правна и финансиска стапица, сега должат илјадници евра

Граѓани се обратија до редакцијата на Скопје1 со сериозни обвинувања кон Управа за јавни приходи, тврдејќи дека институцијата ретроактивно побарува данок за приходи остварени од работа во странство уште од 2020 година, со што, како што велат, директно им се загрозува егзистенцијата.Според сведоштвата, станува збор за лица кои во изминатите години работеле во странство, најчесто на Блискиот Исток, со валидни работни визи и резидентски дозволи, при што престојувале надвор од државата по 10 до 11 месеци годишно. Платите им биле исплаќани на сметки во македонски банки, но тие, повикувајќи се на законската одредба за даночен резидент, биле убедени дека немаат обврска за плаќање персонален данок на доход во Македонија.Граѓаните посочуваат дека согласно важечката регулатива, лице кое престојува надвор од државата повеќе од 183 дена во текот на една календарска година не се смета за даночен резидент. Дополнително, тврдат дека во тој период се консултирале и со службеници во УЈП, од каде што добиле усни информации дека не подлежат на оданочување во земјата.По речиси пет години, УЈП почнала да испраќа известувања и решенија за наплата на данок за тие години, со кратки рокови за плаќање и без, како што велат граѓаните, да им се признаат доказите за престој и работа во странство. Износите што се побаруваат, според нив, достигнуваат неколку илјади евра по лице.Дополнителен проблем, на кој укажуваат, е одбивањето на Министерството за внатрешни работи да издаде потврди за влез и излез од државата за 2020 година, со образложение дека податоците не се чуваат подолго од пет години. Со тоа, граѓаните тврдат дека се доведени во ситуација да не можат да докажат факти кои самите институции им оневозможуваат да ги документираат.„Зошто не бевме известени навреме, во 2020 или 2021 година? Зошто сега се бара нешто што тогаш не беше побарано? И дали е правично граѓаните да ја сносат целата одговорност за институционални пропусти и различни толкувања на законот? Станува збор за голем број граѓани и сериозен удар врз нивната егзистенција.“, прашува еден од засегнатите граѓани.По јавните реакции, директорката на УЈП, Елена Петрова, изјави дека не станува збор за ретроактивно оданочување, ниту за воведување нова мерка, туку за постоечка законска обврска предвидена со Законот за данок на личен доход, а претходно и со Законот за персонален данок на доход. Таа нагласи дека фактот што во минатото обврската не била доследно применувана не значи дека не постоела, ниту дека може да биде изземена од законската примена.Сепак, граѓаните остануваат на ставот дека се доведени во неправедна и финансиски неодржлива позиција, најавувајќи дека ќе бараат институционално и правно решение за проблемот што, според нив, засега илјадници семејства.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања