„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кристијан Ландов

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Путин: Идејата дека Русија ќе ја нападне Европа е бесмислица

Рускиот претседател Владимир Путин на својата годишна прес-конференција остро ги отфрли тврдењата дека Русија планира напад врз Европа, оценувајќи ги како „бесмислица“ и дел од, како што рече, намерно креирана слика за Русија како закана.Одговарајќи на прашање на московскиот уредник на Би-Би-Си, Стив Розенберг, за идните планови на Русија и можноста за нови „специјални воени операции“, Путин упати серија обвинувања кон Западот и НАТО, обвинувајќи ги за поттикнување тензии.„Ќе ја нападнеме Европа? Тоа е бесмислица. Тие создаваат слика на непријател и ја претставуваат Русија како тој непријател“, изјави Путин.Тој посочи дека западните лидери, со јавни изјави за можен судир со Русија, намерно ја одржуваат атмосферата на страв и конфронтација, додавајќи дека таквиот пристап служи за внатрешнополитички цели во западните земји.Во својот настап, Путин се осврна и на, како што ги нарече, „валканите трикови“ на Западот, споменувајќи го и проблемот со „лажните вести“. Во тој контекст, тој ја спомена и тужбата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп против Би-Би-Си, користејќи ја како пример за, според него, пристрасно медиумско известување.Истовремено, Путин го бранеше рускиот политички систем, тврдејќи дека е стабилен и легитимен, и покрај постојаните критики од странство.И покрај острите пораки, рускиот претседател истакна дека Русија не ја исклучува можноста за соработка со западните земји, вклучително и со Соединетите Американски Држави и Велика Британија.Сепак, тој нагласи дека таквата соработка мора да биде заснована на „рамноправност“ и „меѓусебно почитување“.„Подготвени сме за соработка, но таа мора да се одвива на еднаква основа и со должно почитување“, порача Путин.

Свет | пред 2 месеци

media-librarynmsn1i4chdak0vPtUAY

(Видео) Вилма Русковска го пријавила Боки 13 за вознемирување, откако пак имаа крени-спушти телефон

Вилма Русковска го пријавила Бојан Јовановски-Боки 13 во полиција за вознемирување, откако тој вчера вечерта, додека беше вклучен во живо на „Јутуб“ телефонски и ѕвонел на нејзиниот мобилен телефон повеќе пати. Од МВР за „Скопје1“ ја потврдуваат пријавата.Од снимката може да се види дека Јовановски ја контактира Русковска со цел, како што вели, да ја праша за Фехми Стафа. Таа одговара на телефон, а откако Јовановски посочува дека таа е во живо, таа му вели „Добра ноќ“, на што тој враќа со „Не добра ноќ, ѓубре едно! Хохштаплерке, олошу“. Откако линијата исклучува Јовановски продолжува „Не добра ноќ да исклучуваш телефон,олошу. Не знае да ме блокира“.„Не спие бе, пие бе, какво спиење“, вели Јовановски.Потоа, Русковска неколку пати ги одбила повиците, а кога Јовановски и ѕвони на апликација, таа одговара и му вели: „Слушај да ти кажам, ако продолжиш да ѕвониш, во моментов те пријавувам во полиција“.Јовановски враќа: „Јас имам потреба да ве прашам бидејќи во моментов има 2.000 гледачи во живо, за вашата близина со Феми Стафа... од новинарски аспект, од новинарски апсект...“.Русковска му вели: „Само ако продолжиш, во полиција те пријавувам, пријатно“, на што Јовановски и вели „Хохштаплерке“.По затворање на повикот од страна на Русковска, Јовановски пак ја контактирал.Од МВР велат дека работат на случајот.„На 18.12.2025 година во 22:30 часот во СВР Скопје В.Р. пријавила дека била  телефонски вознемирена од страна на Б.Ј.“, велат од МВР.По пријавата, Јовановски вели: „Право на Вилма Русковска е да постави пријава пред надлежен орган. Ценам дека е неоснована и лажна пријава. А мое право е секако да третрам прашања кои се од интерес на јавноста, секогаш тоа ќе го правам. Не го ценам како вознемирување. Дотолку повеќе што е многу важно Вилма Русковска да одговори на последните прашања за нејзината поврзаност и во времето на нејзиниот мандат за близината со Феми Стафа. Ова е обид за цензура. Ова е класично заплашување, а не и се плашам на Русковска. Сметам дека е многу поважно и круцијално, Вилма Русковска да одговори за нејзината поврзаност со Феми Стафа. Во однос на тоа што третирам такви теми и во однос на тоа што секогаш кога има потреба од јавноста јас ќе ја контактирам за коментар. Во недостаток на аргументи таа пријавува во полиција. Нека пријавува ако нема попаметна работа, а верувам дека нема“.Бојан Јовановски претходно ја контактираше Вилма Русковска во живо и бараше одговори за случајот Рекет, за 27 април, снимка која беше и вирална.

Настани | пред 2 месеци

media-library3k7a62a50lbragt94sM

СДСМ до Уставниот суд: Да се укине неуставната Резолуција и да се заштити слободата на говор

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска информираше дека партијата поднела иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на Резолуцијата изгласана од парламентарното мнозинство на ДПМНЕ и ЗНАМ, оценувајќи ја како неуставна и опасна за демократијата.Според Димитријевиќ, Резолуцијата директно ги нарушува уставно загарантираните слободи, особено членот 16 од Уставот, кој ја гарантира слободата на говорот, јавното изразување, уверувањето и јавниот настап, а истовремено експлицитно забранува цензура во која било форма.„Кога се загрозени уставниот поредок и основните човекови права, потребна е заедничка и решителна реакција. Оваа Резолуција е директен напад врз слободата на говор и врз слободата на политичко дејствување на опозицијата“, изјави Димитријевиќ.Тој нагласи дека Резолуцијата не се однесува на заштита на јавниот ред или стабилноста, туку има за цел да ја замолчи јавната дебата за тема од исклучителен јавен интерес – договорот со Обединетото Кралство, за кој јавноста, како што рече, првично дознала од британските медиуми, а кој е поврзан со заем од 6 милијарди евра.„Не може ваква тема да се прогласува за создавање паника или закана за јавната стабилност. Не може Резолуција во Собрание да биде насочена против ‘наративот на опозицијата’ и да се заканува со кривични санкции поради искажан збор“, истакна Димитријевиќ.Според СДСМ, Уставниот суд има јасна уставна обврска да реагира, како врховен заштитник на уставноста, демократијата и основните човекови слободи.„Кога се загрозува Уставот, се загрозува и демократијата. Кога се забранува дебата и се воведува цензура, демократијата престанува да постои и се отвора пат кон режимско владеење“, порача генералниот секретар на СДСМ.Димитријевиќ најави дека СДСМ ќе продолжи со политичка и институционална борба за заштита на демократските вредности.„СДСМ отвори фронт за правда. Нема да дозволиме гушење на слободата на говор и на демократијата. Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме демократијата и уставниот поредок на Македонија“, порача тој.

Македонија | пред 2 месеци

Press-Bogdanka-Kuzeska-2021-06-02

Со измените на Законот за странци се отвора пат за масовен увоз на странска работна сила, обвини СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска изјави дека измените на Законот за странци, изгласани од парламентарното мнозинство на ДПМНЕ и ЗНАМ, претставуваат нов доказ за вистинитоста на тврдењата за договор „мигранти за пари“, за кои, како што рече, власта се обидува да воведе цензура и да ја замолчи јавната дебата.Според Кузеска, неуставната Резолуција, изгласана деновиве во Собранието, има една цел – да се спречи опозицијата и јавноста да зборуваат за суштински важна тема, за која веќе подолго време се пишува и во странските медиуми.„Кога немаат аргументи, се обидуваат да ја забранат вистината. Но вистината не може да се сокрие – таа секогаш излегува на површина“, изјави Кузеска.Како клучен аргумент, СДСМ ги посочува измените на Законот за странци, усвоени во септември годинава, со кои, како што тврдат, значително се олеснува постапката за добивање привремен престој за странски државјани по основ на вработување, особено за оние ангажирани на стратешки проекти со стратешки партнери.Кузеска нагласи дека измените во членовите 83, 85, 86 и 90 воведуваат низа исклучоци кои, според СДСМ, директно ја релаксираат контролата врз влезот и престојот на странска работна сила.Во член 83, како што наведе, се предвидува можност привремен престој за работа да се одобри без оглед на искористеноста на квотите и потребите на пазарот на труд, и тоа без мислење од Агенцијата за вработување, доколку станува збор за лице ангажирано на стратешки проект.Дополнително, се воведува обврска Министерството за економија и труд да издава потврда дека правниот субјект во кој работи странецот има статус на стратешки партнер.Договор за работа – доволен документВо член 85, според СДСМ, се оди чекор понатаму. Таму, како што истакна Кузеска, се предвидува дека привремениот престој за вработување може да се одобри само со договор за работа и кратко образложение, без останатите документи кои досега беа задолжителни.„Ова практично ги елиминира сите дополнителни контроли. Прашањето е – за кого важат овие олеснувања“, изјави Кузеска.Особено спорен, според СДСМ, е член 90, со кој се воведува можност странец ангажиран кај стратешки партнер да биде упатен на работа во Македонија за времетраењето на проектот, со можност за континуирано продолжување на привремениот престој.„Ако станува збор за големи инфраструктурни проекти, како железница, периодот на имплементација може да трае со децении. Тоа значи и долгорочен престој, со постојано продолжување“, рече Кузеска.На крајот, портпаролката на СДСМ порача дека прашањето е јасно и дека граѓаните сами можат да заклучат за кого се направени овие законски измени.„Затоа сакаат да ни забранат да зборуваме. Затоа се носат резолуции за замолчување. Но вистината е тука“, порача Кузеска.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Патничка тешко повредена при нагло кочење на автобус во Скопје

61-годишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус од јавниот превоз во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 18 декември 2025 година, во СВР Скопје, З.А. (61) од Скопје пријавила дека на 25 ноември 2025 година, околу 08:45 часот, додека се превезувала како патник во автобус, при нагло кочење на возилото паднала и се повредила.Тешките телесни повреди ѝ биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Со остар предмет се обидел да нападне четири малолетници - пријава за младо лице од Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Д. (25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 11 декември 2025 година, во Тетово, пријавениот со употреба на остар предмет се обидел да нападне четири малолетни лица, при што предизвикал чувство на страв и загрозување на нивната безбедност.Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 месеци

pari

Банкар од Прилеп осомничен за злоупотреба: си ги зголемувал кредитните лимити и стекнал над пола милион денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С. (35) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според наводите во пријавата, пријавениот, во својство на службено лице вработено во банка во Битола, во повеќе наврати неовластено ги зголемувал лимитите на сопствената кредитна картичка и специјален лимит, како и лимитот на кредитната картичка на неговата сопруга.Покрај тоа, осомничениот незаконски го зголемил својот имот, како и имотот на сопругата и мајката, овозможувајќи за себе и за нив да се стекнат со вкупна противправна материјална корист во износ од 657.400 денари.Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 месеци

media-library05ol27tftfj1crMAwXz

Пукал од кола кон стан во Струга - уапсен маж за настан од крајот на октомври

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Г.М. (48) од селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од полицијата, на 30 октомври 2025 година, на улицата „Маркс Енгелсова“ во Струга, пријавениот од патничко возило „пежо“ со охридски регистарски таблички, кое го управувал, испукал неколку куршуми од пиштол „Взор“ калибар 7,65 милиметри кон стан во сопственост на Д.М. од Струга.Во инцидентот, според досегашните информации, нема пријавени повредени лица, а случајот е целосно документиран и предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Жена приведена во Аеродром поради агресивно однесување кон полицајци

На 18 декември 2025 година околу 14:20 часот, во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Д.Ц. (49) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои во моментот вршеле службени дејствија.По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, наведуваат од полицијата.

Скопје | пред 2 месеци

zena-pocinata

Починат маж пронајден во двор од семејна куќа, наредена обдукција

На 18 декември 2025 година околу 11:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево е пронајден починат А.Б. (64) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото на настанот и ја констатирал смртта.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел утврдување на точните причини за смртта.Од МВР наведуваат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

seks-skandal-albanija

Објавувал интимни фотографии и видеа без дозвола – пријава против 26-годишник

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.А. (26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 28 октомври 2025 година, пријавениот преку свој профил на социјална мрежа објавувал експлицитни фотографии и видеа од женско лице, без нејзина согласност.Со ваквото постапување, осомничениот неовластено ги злоупотребил личните податоци и приватноста на оштетеното лице, поради што против него е поднесена соодветна кривична пријава.Од МВР најавуваат дека постапката продолжува, а случајот ќе биде процесуиран до надлежното јавно обвинителство.

Македонија | пред 2 месеци

putin-vojna

Русија формира нова воена гранка, Путин зборува за масовни пријави

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека интересот за приклучување кон руската армија е толку голем, што Министерството за одбрана било принудено да воведе селекција на кандидатите.Во телевизиско обраќање, Путин изјави дека повеќе од 400.000 лица лани доброволно стапиле во воена служба, нагласувајќи дека пријавите „буквално го преплавиле“ одбранбениот систем.Според него, особено голем е интересот за служба во новоформираната гранка на руската армија задолжена за бесpilotни системи, односно за војување со дронови. Поради тоа, како што тврди Путин, Министерството за одбрана спроведува конкурсен и селективен процес за избор на кадар.Рускиот претседател истакна дека меѓу пријавените има значителен број млади луѓе и студенти, од кои дел земале академски одмор за да се приклучат како оператори на дронови.Русија во јуни годинава официјално формираше нова самостојна воена гранка под назив Сили за бесpilotни системи, специјализирана за употреба на дронови и автономни технологии во војната во Украина.Тврдењата на Кремљ за масовна доброволна мобилизација доаѓаат во период кога руските воени активности продолжуваат по целата линија на фронтот, додека независни извори и западни аналитичари редовно ги оспоруваат официјалните податоци од Москва.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryv06cr4jik6eebQpBKd1

(Видео) Снимка од моментот кога херојот од масовната пукање во Австралија доби над 1,6 милиони долари донации

Мажот кој јавноста во Австралија и светот го слави како херој по масовната пукање на плажата Бонди, во петокот доби чек во износ од над 1,65 милиони американски долари, средства собрани преку донации од десетици илјади луѓе ширум светот, јавува „Ројтерс“.Станува збор за Ахмед ал Ахмед, кој за време на нападот се сокрил зад паркирани автомобили, а потоа истрчал одзади кон еден од напаѓачите, му го одзел оружјето и го соборил на земја. Во хаосот што следел, тој бил застрелан, најверојатно од вториот напаѓач, и се здобил со прострелни рани. Во моментов се опоравува во болница по извршена операција.Чекот му беше врачeн во болничката соба од инфлуенсерот Закери Дерениовски, кој е еден од организаторите на хуманитарната кампања на платформата GoFundMe. Ал Ахмед, татко на две деца, доби чек во износ од 2.533.585 австралиски долари.Во акцијата за собирање средства учествувале повеќе од 43.000 донатори од целиот свет, меѓу кои и американскиот милијардер и менаџер на хеџ-фонд, Бил Акман, кој донирал 99.999 австралиски долари. Ал Ахмед во болница го посетиле и австралискиот премиер, како и премиерот на сојузната држава, кои јавно ја пофалиле неговата храброст.„Дали навистина го заслужувам ова?“, прашал Ал Ахмед кога му бил врачeн чекот. „Секој цент“, му одговорил Дерениовски.На прашањето што би им порачал на луѓето кои донирале, Ал Ахмед изјави:„Да стоиме еден покрај друг, сите луѓе. Да ги заборавиме лошите работи и да продолжиме да спасуваме животи.“Тој додаде дека реагирал инстинктивно:„Го направив тоа од срце. Тоа беше убав ден, луѓето славеа, беа со своите деца, семејства, сите беа среќни и заслужуваа да уживаат.“Ал Ахмед (43) ја напуштил својата родна област Идлиб во северозападна Сирија пред речиси 20 години и заминал во Австралија во потрага по работа и подобар живот.Во масовниот напад што се случи во неделата, животот го загубија 15 лица, а десетици беа повредени, откако двајца напаѓачи отворија оган врз луѓе кои на плажата Бонди го славеле Ханука, еврејскиот празник на светлината. Властите соопштија дека нападот го извршиле татко (50), кој бил убиен од полицијата, и неговиот 24-годишен син, кој се наоѓа во критична состојба.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Акција за организиран криминал: 11 уапсени, 33 осомничени за злоупотреби тешки 7,6 милиони евра во ЕСМ

Единаесет лица се уапсени, а против вкупно 33 лица е отворена истражна постапка поради сомнеж за сериозен организиран криминал поврзан со јавни набавки во ЕСМ Дистрибуција на топлина, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).Акцијата била спроведена во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември и во текот на вчерашниот ден, на повеќе локации во Скопје и околината, Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани, под раководство на јавен обвинител и со учество на полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал при МВР.33 осомничени за злосторничко здружувањеСпоред Обвинителството, сите 33 лица се осомничени за кривично дело „Злосторничко здружување“, при што:7 лица се осомничени како помагачи или поттикнувачи за продолжено кривично дело злоупотреба на постапка за јавна набавка,12 лица се товарат за продолжена злоупотреба на службена положба и овластување,20 лица се осомничени како соизвршители за перење пари и други приноси од казниво дело.Според наводите во истрагата, во текот на 2023 година, тројца службени лица вработени во ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје, заедно со четворица управители и/или сопственици на две приватни компании, формирале организирана група со цел изигрување на постапките за јавни набавки.Групата однапред изготвила техничка спецификација за набавка на „СКАД ормари – мониторинг ормари со ГСМ контролор за топлински станици“, со што, според Обвинителството, била наместена постапката за конкретни фирми.На јавниот повик се пријавиле две правни лица – едно од Скопје и едно од Куманово. Компанијата од Куманово доставила нецелосна документација и повисока понуда, додека скопската фирма понудила цена речиси идентична со проценетата вредност на набавката, иако таа вредност не била јавно објавена.Со тоа, било овозможено скопската фирма да го добие тендерот, со што се стекнала со противправна имотна корист од 472.470.407 денари со ДДВ, односно околу 7,68 милиони евра, на штета на буџетот на ЕСМ Дистрибуција на топлина.По реализацијата на јавната набавка, во периодот од 2023 до 2025 година, осомничените, со цел прикривање на потеклото на средствата, пуштиле во оптек, примиле и пренеле 125.556.930 денари, односно околу 2,04 милиони евра, со што, според обвинителството, го оствариле кривичното дело перење пари.По предлог на јавниот обвинител, Основниот кривичен суд Скопје прифатил мерки:7 лица добија притвор,за 6 лица се изречени мерки за обезбедување присуство во постапката.Обвинителството најавува продолжување на истрагата и дополнителни дејствија во предметот

Македонија | пред 2 месеци

zagadeno-skopje

Воведени итни мерки поради екстремно загадување

Министерството за животна средина и просторно планирање воведе низа мерки за скопските населби Центар, Гази Баба, Карпош и Лисиче откако мерните станици регистрирале зголемено загадување на воздухот.„Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 милиграми на кубен метар во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат“, соопшти Министерството.Според објавените мерки, им се препорачува на сите работодавци да ги ослободат од работните обврски бремените жени, лицата постари од 60 години и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.Министерството бара да се засилат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола и на инсталациите со Б-Интегрирана еколошка дозвола и Елаборати, а инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап до измерените податоци.„Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила и вонредните контроли на градилиштата, а се забранува горење на отворено“, соопшти Министерството за животна средина.Исто така, им се препорачува на сите работодавци да го реорганизираат работното време, а лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-4810PM

Смртта на новороденчето на ГАК е резултат на систем што штити хиерархија, а не живот, вели Левица

Според Левица, смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје не претставува изолиран инцидент, туку е последица на длабок системски проблем во здравствениот сектор, каде, како што наведуваат, интересите на хиерархијата, бирократијата и формалностите се ставени над човечкиот живот.Од партијата укажуваат дека на ГАК подолг период недостигаат педијатри-неонатолози и дека новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ имала обврска итно да реагира и да обезбеди стручен кадар, но тоа, според нив, не било сторено, што резултирало со повторување на трагични случаи.Според Левица, интерната документација на ГАК, вклучително и пријавата од началничката на интензивна нега, д-р супспецијалист Елизабета Петковска, укажува дека педијатарката д-р Емилија Бадева извршила долготрајна, повеќекратна и неуспешна реинтубација во траење од околу 20 минути, по што дошло до дестабилизација и смрт на новороденчето.Како што наведуваат од Левица, сведоштвата на специјализантките д-р Деспина Кочова и д-р Мевљане Ислами Лимани потврдуваат дека тие повеќепати ја предупредувале да ја прекине постапката.Левица дополнително наведува дека интерните податоци отвораат сериозни сомнежи за можна употреба на алкохол од страна на д-р Бадева за време на работното време. Според партијата, овие сомнежи биле игнорирани од директорката на клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, како и од надлежните институции.„Директорката не ги известила Министерството за здравство, ДСЗИ ниту Јавното обвинителство цели два месеци, додека ДСЗИ подоцна се ограничува само на формални извештаи за медицинските состојби, без да го утврди суштинскиот причинско-последичен однос помеѓу несоодветната постапка и трагедијата. Министерот за здравство, Азир Алиу и директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, декларативно најавија формирање стручна комисија, но ова останува празна формалност ако не се обезбеди независна контрола и санкција на одговорните. Системот не овозможува вистинска контрола или санкции, дури и кога постојат сомнежи за алкохол или несоодветна постапка. Семејството на починатото новороденче, оставено без вистина и објаснување, се соочува со неизмерна болка и траума, жртвувајќи се на истиот систем кој ги штити своите формалности над животот. Недовербата и стравот што ги создава институционалниот молк се дополнителна неправда и трагедија. Овој случај е симптом на пазаризација, бирократизација и хиерархизација на здравството, што ги загрозува животите наместо да ги штити. Јавното здравство е претворено во инструмент за заштита на статус-квото, наместо да биде гарант на универзална грижа“, стои во соопштението.Според Левица, неопходно е:Итна, независна и транспарентна истрага од Јавното обвинителство за сите аспекти на случајот;Одговорност за директорката д-р Ирена Алексиовска Папестиев, педијатарката д-р Емилија Бадева и сите лица кои, според наводите, прикривале информации;Јавно објавување на обдукцискиот наод на новороденчето;Законски измени што ќе овозможат реална контрола на медицинските постапки, вклучително и тестирање за супстанции во критични оддели;Крај на културата на молк и заштита на хиерархијата над животите;Темелна реформа кон јавно, транспарентно, колективно и социјално здравство;Итна едукација и вработување на дополнителни педијатри-неонатолози.Од Левица дополнително го отвораат прашањето дали на ГАК постои јасен протокол за соработка со Детската клиника и Детската хирургија и дали навремено се прифаќаат сите новороденчиња за кои е проценето дека им е потребна специјализирана стручна помош.„Секое новороденче заслужува шанса за живот. Секое семејство заслужува вистина. Секоја институција што молчи – станува соучесник во смрт“, порачуваат од Левица.

Македонија | пред 2 месеци

media-library91p4bru3u2g4c7RxWD7

(Фото) Погледнете ја картата зад Владимир Путин пред која ѝ се обрати на јавноста

На ѕидот зад Путин е поставена карта на Русија. На нејзината крајна лева страна не е прикажан само Крим, туку јасно се забележуваат и контурите на сите четири источни украински региони кои Русија незаконски ги анектираше во 2022 година – Доњецката, Луганската, Запорожката и Херсонската област.Иако руските сили сѐ уште немаат целосна контрола врз тие територии, тоа не го спречи Путин уште тогаш да ги прогласи за составен дел од Русија. Нивното истакнување во позадината на денешното обраќање делува како јасен сигнал од Кремљ дека Москва нема намера да се откаже од своите територијални претензии.Прашањето за територијата останува најголемата пречка во преговорите за можен мировен договор, а оваа сценографија сугерира дека така и ќе остане – бидејќи Русија засега не покажува никаква подготвеност за компромис.

Свет | пред 2 месеци

media-librarynp03bqetidavfckLSpG

(Видео) Шест години Интервентна полиција во Скопје: Намалени разбојништва за 40 отсто

Со свечена манифестација денеска беше одбележан Денот на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по повод шест години од нејзиното формирање. На настанот беше истакната улогата на единицата во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните во главниот град.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето обраќање оцени дека Интервентната полиција се изградила во еден од клучните сегменти на безбедносниот систем, со висока оперативна подготвеност и брза реакција на терен.„Интервентната полиција често беше прва на местото на настанот и даде значаен придонес во заштитата на граѓаните. Намалувањето на разбојништвата во Скопје за околу 40 проценти е конкретен и мерлив резултат на вашата работа“, изјави Тошковски.Тој најави дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со инвестиции во опрема, обука и човечки ресурси, со цел понатамошна модернизација и зголемување на капацитетите на Единицата.Командантот на Единицата за интервентна полиција, Милош Столевски, истакна дека за шест години постоење, единицата се етаблирала како неопходна алатка во борбата против криминалот и нарушувањето на јавниот ред.„Членството во Интервентната полиција носи чест, но и сериозна одговорност. Со професионалност и дисциплина изградивме доверба кај граѓаните и придонесовме Скопје да биде побезбедно место за живеење“, изјави Столевски.На настанот беше потенцирана и важноста на меѓуединичната координација и соработката со останатите служби во рамките на МВР, особено при спроведување на комплексни оперативни акции.Од МВР порачуваат дека Интервентната полиција ќе продолжи да се развива како модерна, професионална и ефикасна единица, насочена кон заштита на граѓаните и одржување на стабилен јавен ред и мир.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfmlasiegk70d8gNCD23

Мистериозен прекин на веб-страницата на Белата куќа: Наместо официјална содржина се појави лајв-стрим со непознат маж

Официјалната интернет-страница на Белата куќа била во прекин околу еден час во текот на ноќта меѓу четврток и петок, при што на неа бил прикажуван необичен лајв-стрим со непознат млад маж, објави „Блумберг“.Според информациите, во рубриката Live News на сајтот нешто пред полноќ се појавил видео-пренос на кој се гледа помлад маж со брада и слушалки, како седи пред микрофон. Стримот во текот на следниот час наизменично се појавувал и исчезнувал од страницата.Засега не е познато дали станува збор за хакерски напад врз официјалната веб-страница на Белата куќа или за интерна техничка грешка и случајна објава. Од Белата куќа сè уште нема официјално соопштение со објаснување за инцидентот.Настанот предизвика внимание на социјалните мрежи, каде корисниците шпекулираат за безбедноста на дигиталните системи на американската администрација, но и за можната природа на прикажаната содржина.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин повторно условува мир: Повлекување на Украина и без НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да ја заврши војната во Украина „по мирен пат“, одговарајќи на прашање дали е можно наскоро да се постигне мир или конфликтот ќе продолжи.Путин нагласи дека евентуален мировен договор мора да биде „заснован на принципи“, повикувајќи се на своето обраќање пред врвот на руското Министерство за надворешни работи во јуни 2024 година. Во тој говор, тој побара Украина целосно да ги повлече своите сили од територијата на Доњецката и Луганската област, како и да се откаже од намерите за членство во НАТО.Иако зборуваше за можноста за мирно решение, Путин истовремено изјави дека руските сили „напредуваат долж целата линија на фронтот“. Тој наведе неколку градови и населени места за кои тврди дека се блиску до тоа да бидат преземени од руската војска, меѓу кои и Красни Лиман, во источниот дел на Доњецката област.Сепак, ваквите тврдења од Москва во изминатите месеци често беа оспорувани. Русија во ноември соопшти дека го зазела Купјанск во Харкивската област, но украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела го посети тоа подрачје и изјави дека украинските сили повторно презеле делови од градот.

Свет | пред 2 месеци

Krivicen-zakonik-skopje-2014

Кривичниот законик повторно се „крпи“, а корупцијата се спасува со застарување, обвинува ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изрази сериозна загриженост поради најновите предлог-измени на Кривичниот законик што оваа недела се најдоа пред пратениците во Собранието, оценувајќи дека станува збор за уште едно парцијално „крпење“ на правниот систем, наместо суштинска и долгонајавувана реформа.Од ЛДП посочуваат дека иако на прв поглед измените изгледаат како обид за заострување на казнената политика и исправка на штетите од минатото, во суштина тие не го решаваат клучниот проблем – можноста за застарување на тешки кривични дела.Партијата особено укажува на делата „Злосторничко здружување“ и „Злоупотреба на службената положба“, за кои и покрај предложеното зголемување на казните, застарувањето и понатаму останува реална опасност.„Борбата против корупцијата не смее да зависи од административни рокови кои им овозможуваат на сторителите да ја избегнат правдата“, наведуваат од ЛДП, инсистирајќи на дополнително зголемување на роковите за застарување за кривичните дела од 30-тата глава на Кривичниот законик, кога се нанесува штета на државниот буџет.ЛДП оценува дека повторното воведување на кривичното дело за злоупотреби при јавните набавки е задоцнет чекор и претставува обид за санирање на веќе направена штета, наместо системско решение.Позитивно се оценува воведувањето санкции за злоупотреба на порнографски и сексуални содржини, но од партијата бараат итно проширување на овие одредби. Според нив, Кривичниот законик мора експлицитно да ја опфати и злоупотребата на дигитални содржини создадени со вештачка интелигенција, т.н. deepfake, со цел заштита на достоинството и приватноста на граѓаните.„Доколку ресорното министерство не е способно до крајот на годината да донесе целосно нов, современ и европски Кривичен законик, треба јавно да ја признае својата неспособност“, порачуваат од ЛДП.Партијата нагласува дека Македонија нема време за нови правни експерименти кои отвораат простор за селективна правда и неказнивост.„Ни треба закон што ќе штити, а не закон што ќе амнестира преку застарување“, порачуваат од ЛДП, додавајќи дека ќе продолжат да се залагаат за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

Македонија | пред 2 месеци

cigari

Шокантни податоци за младите: Алкохол на 13 години, цигари во основно

Македонија се соочува со сериозен проблем во однос на раната изложеност на децата и младите на штетни навики. Според најновиот извештај на Европскиот проект за истражување во училиштата (ЕСПАД) за 2024 година, дел од учениците во земјава првпат доаѓаат во контакт со цигари веќе на деветгодишна возраст, додека алкохол пробуваат околу 13 години.Податоците отвораат сериозни прашања за ефикасноста на превентивните политики и улогата на семејството, училиштето и институциите во заштитата на најмладите.Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, оцени дека постојните механизми за превенција мора да се унапредат и приспособат на новите реалности, особено имајќи ја предвид сè поголемата употреба на електронски цигари меѓу младите.Таа потсети дека здравствената едукација веќе е вклучена во наставните програми, а од оваа учебна година во средните училишта е воведен и нов изборен предмет – „Учам за моето здравје“, чија цел е да ја зголеми свесноста за ризиците од зависности и нездрави навики.Истражувањето на ЕСПАД е спроведено на национално ниво и опфатило 2.831 ученик од 96 средни училишта низ државата, што, според надлежните, претставува релевантен и алармантен пресек на состојбите кај младата популација.Експертите предупредуваат дека ваквите навики, доколку не се препознаат и спречат навреме, можат да имаат долгорочни последици врз здравјето, образованието и социјалниот развој на младите.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoj7709emep6k7ztT6O4

Јапонка „се венчала“ со виртуелен партнер создаден со вештачка интелигенција

Операторка во кол-центар од Јапонија, 32-годишната Јурина Ногучи, летово одржа симболична церемонија на венчавка со Лун Клаус Вердур – виртуелен лик создаден со помош на вештачка интелигенција, базиран на ChatGPT и инспириран од лик од видео-игра.Церемонијата се одржала во градот Окајама и немала правна важност, бидејќи јапонското законодавство не признава бракови меѓу луѓе и вештачка интелигенција, пренесува „Еуроњуз“.За време на настанот, Ногучи носела светлорозова венчаница и паметни очила со проширена реалност, преку кои комуницирала со својот дигитален „сопруг“. Ликот на Лун Клаус Вердур бил прикажан преку паметен телефон и дигитални илустрации.Церемонијата била замислена како личен и симболичен чин, без формални правни или институционални аспекти. Според медиумските извештаи, Ногучи изјавила дека чувствува емотивна поврзаност со виртуелниот лик и дека за неа настанот претставувал израз на лична слобода и избор.Настанот повторно ја отвори јавната дебата во Јапонија и пошироко за границите на технологијата, емоционалните односи со вештачката интелигенција и иднината на човечките интеракции во дигиталната ера.

Магазин | пред 2 месеци

Screenshot-2022-03-24-at-08.08.56

Москва без отстапки: НАТО-членството на Украина е „апсолутно неприфатливо“

Русија нема да прави никакви компромиси кога станува збор за евентуално членство на Украина во НАТО, ниту за распоредување на алијансиски воени контингенти или офанзивно оружје на украинска територија. Ова денеска го изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.Во изјава за агенцијата „Спутник“, Грушко порача дека позицијата на Москва е јасна, цврста и одамна позната.„Членството на Украина во НАТО, како и распоредувањето на воени контингенти и ударно вооружување на нејзина територија, за нас е апсолутно неприфатливо“, изјави Грушко.Тој нагласи дека Русија во повеќе наврати ја има искажано оваа позиција и дека нема простор за нејзино преиспитување.Истовремено, Грушко изјави дека Москва е подготвена за дијалог со земјите членки на НАТО околу безбедносните прашања, но само под јасни и рамноправни услови.„Русија е подготвена да утврди правно обврзувачки безбедносни гаранции со земјите од НАТО, но исклучиво на реципрочна основа“, рече тој.Изјавата доаѓа во период на засилени дипломатски контакти и воени тензии поврзани со војната во Украина, како и во контекст на продолжените расправи за идната безбедносна архитектура во Европа.

Свет | пред 2 месеци

lukasenko-1

Лукашенко: Рускиот ракетен систем „Орешник“ стапи во борбено дежурство во Белорусија

Најновиот руски ракетен систем „Орешник“ официјално стапи во борбено дежурство во рамки на белоруската армија, изјави денеска претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.Обраќајќи се на седницата на Севебелоруското народно собрание во Минск, Лукашенко потврди дека системот веќе е распореден и оперативен, но одби да открие детали за бројот на единици.„Еве го – на борбено дежурство е. Таму има повеќе од едно возило. Нема да зборувам јавно колку точно ги има“, изјави Лукашенко, пренесува белоруската државна агенција Белта.Тој дополнително нагласи дека ракетниот систем „Орешник“ во значителна мера е производ на белоруската воена индустрија.„Околу 50 отсто од системот е произведен во Белорусија“, рече Лукашенко, потенцирајќи ја улогата на домашното производство во заедничките воени проекти со Русија.Распоредувањето на „Орешник“ доаѓа во период на засилена воена соработка меѓу Москва и Минск, во контекст на згол

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања