„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Кристијан Ландов

media-library8a1kslr7rf4140neCVb

Филипче: Власта сака да поставува свои судии и обвинители, затоа ниту еден реформски закон не е поднесен

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи реформскиот процес во судството, и тоа со јасна цел – политички да влијае врз поставувањето на судии и обвинители.Како што кажа Филипче, наместо суштинска реформа на судството, граѓаните се сведоци на континуирани обиди за манипулации од страна на власта. Тој потсети дека реформите во правосудниот систем се јасно дефинирани во реформската агенда, подготвена од  Владата на СДСМ, а потпишана од сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.„Во таа реформска агенда има 12 закони кои што се однесуваат на многу аспекти на судството. Тие закони, реформски закони, и значат суштинско зајакнување на нашиот правосуден систем. Во тие закони се наоѓа Закон за јавно обвинителство, Судски совет, за плати на судии, за движење на судски предмети и така натаму. И таа реформска агенда е поврзана со буџетот. Оваа година, до месец јуни, требаше да се донесат седум од тие закони, дополнително до крајот на 2025 година уште пет. До сега во Собранието на тие 12 закони не е поднесен ниту еден. Тоа не го прави оваа власт“, потенцира Филипче.Тој ги отфрли обвинувањата што доаѓаат од власта како „спинови“ со цел да се одврати вниманието од вистинскиот проблем, избегнување на реформи во судството.„Сите спинови, сите обвинувања за некаква блискост со судии итн се само изговор да не се направи вистинска реформа во судството. Ако не се направат тие реформи во судството, кои што како стратегија се донесени со Европската унија, тоа остава простор, а видовме дека ВМРО-ДПМНЕ тоа го практикува, да се интервенира во судството, да се поставуваат свои судии, свои обвинители“, предупреди Филипче.Во одговорот Филипче потсети на  конкретни примери на непотизам и партизација во правосудството  од страна на власта.„Видовме во изминатите години, се постави сопруга на еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, роднина на еден нивен коалициски партнер. Јасно е што треба да се направи за да се реформира судскиот систем“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Србија е под огромен притисок

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека американските санкции кон Нафтната индустрија на Србија (НИС) може да доведат до сериозни последици за енергетската стабилност на земјата. Во интервју за белградскиот Информер, Вучиќ рече дека ситуацијата е „се потешка“, но повика граѓаните да не паничат, нагласувајќи дека државата има доволни резерви на гориво – барем во краток рок.„Имаме дизел што денес се троши. Проблемот ќе настане кога рафинеријата во Панчево ќе престане да работи. Апелиравме на руската страна, ги молевме Американците, и успеавме да издржиме осум месеци,“ изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија нема алтернатива за оваа рафинерија.Тој објасни дека доколку производството запре, ќе бидат потребни две до четири недели за повторно активирање, а прекин во пумпањето домашна нафта може да ја блокира индустријата со месеци.„Немаме друга рафинерија. Мораме што побрзо да изградиме нова – ќе бараме помош од Кина,“ додаде Вучиќ.Вучиќ потврди дека Русија ѝ понудила на Србија само краткорочен договор за испорака на гас до Нова година, иако Белград очекувал тригодишен договор уште пролетта.„Тоа е за нас разочарувачка вест. Бевме повеќе од фер и лојални партнери во секој поглед. Србија се откажуваше од арбитражи и други механизми само за да го зачува пријателството со Русија,“ рече Вучиќ.Тој тврди дека Москва со овој потег испраќа политичка порака – дека во случај Србија да преземе мерки за национализација на НИС, Русија може да го прекине снабдувањето со гас на 31 декември.„Не можев да им ветам на Американците дека ќе национализирам. Ако нешто ветам – морам да го исполнам,“ изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија мора внимателно да „вади жешки костени од оган“.Српскиот претседател уверува дека државата има подготвен план за стабилизирање на пазарот и дека граѓаните нема да почувствуваат недостиг од гориво во следните неколку месеци.„Немаме редици на пумпите. Народот знае дека нивниот претседател зборува вистина. Имаме гориво за два до три месеца, но тоа нè чини повеќе од 300 милиони евра,“ изјави Вучиќ, додавајќи дека веќе се работи на увоз на дополнителни деривати.Сепак, тој предупреди дека по четири до пет месеци, Србија би можела да се соочи со сериозни проблеми ако не се најде трајно решение.„Ќе ги потрошиме сите резерви – но што потоа?“ запраша Вучиќ.Вучиќ нагласи дека геополитичките околности се сè потешки и дека Србија мора да води „прагматична и внимателна политика“ за да избегне директно вклучување во глобални конфликти.„Србија нема да учествува во војни и судири. Плаќаме доволно висока цена и вака. Но ќе ја зачуваме земјата. Знаеме како се управува со криза – од ковид, поплави, миграции, па до енергетски шокови. Ова можеби е најтешкиот предизвик, но решение ќе најдеме,“ изјави Вучиќ.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп постигна дипломатска победа со примирјето во Газа – но патот до траен мир е полн со предизвици

Американскиот претседател Доналд Трамп недвосмислено постигна дипломатска победа со посредувањето во постигнувањето примирје меѓу Израел и Хамас, но, според дипломатите и аналитичарите, патот до траен мир на Блискиот Исток е исполнет со бројни неизвесности и ризици.По повеќе од две години крвав конфликт, договорот кој го постигнаа двете страни со посредство на САД се смета за историски исчекор, но и за тест за издржливост на новата американска администрација. Израелската војска соопшти дека вчера утрото го прекинала огнот во Појасот Газа, во исчекување на ослободувањето на израелските заложници во следните 72 часа, како што предвидува договорот.Трамп, кој следната недела треба да отпатува на турнеја низ регионот – во Египет и Израел – овој потег го нарече „почеток на нова ера на мир“.„Секој договор меѓу Израелците и Палестинците, особено оној кој се постигнува индиректно, е исклучително достигнување“, изјави за AFP поранешниот американски дипломат Арон Дејвид Милер, долгогодишен посредник во блискоисточните мировни преговори.Милер нагласи дека Трамп направил нешто што ниту еден претседател пред него не го сторил – вршел директен притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во прашање кое овој го сметал за клучно за својата политика.И покрај тоа, Милер предупреди дека пред администрацијата стои „цела вселена од сложености и детали“ што треба да се доразработат во втората фаза на договорот, вклучително и прашањето дали и како Хамас ќе се согласи на разоружување по двегодишниот разорен судир.Во дипломатските кругови во Вашингтон преовладува оценката дека Трамп вешто користел комбинација од притисок и дипломатија, јавна и задкулисна, особено кон Нетанјаху. Според извори од Белата куќа, тој повторно го вратил Џаред Кушнер, архитектот на Абрахамските договори, во администрацијата – заедно со специјалниот изасланик Стив Виткоф – со цел да се продолжи со мировниот процес.Со ова, Трамп настојува да ја оживее иницијативата од првиот мандат, кога Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Мароко воспоставија дипломатски односи со Израел.Во меѓувреме, неговата администрација најави дека 200 американски војници ќе бидат распоредени во Газа за набљудување на примирјето.И покрај првичниот оптимизам, европските партнери предупредуваат дека примирјето не е траен мир.„Овој прекин на огнот е само прв чекор – не и решение,“ изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, по состанокот со европски и арапски министри во Париз.Американскиот аналитичар Стивен Кук од Советот за надворешни односи напиша дека клучен предизвик ќе биде целосната имплементација на Трамповиот 20-точковен план, кој предвидува разоружување на Хамас, создавање меѓународни сили за стабилизација и воспоставување нова управа во Газа, без учество на милитантната група.Планот, исто така, вклучува формирање на „Комитет за мир“ – преоден орган што лично ќе го претседава Трамп, што Хамас веќе го одби.„Без оглед на тоа што влезе во Белата куќа со намера да ги ограничи американските обврски на Блискиот Исток, Трамп сега ја презеде огромната одговорност за мировен план што ќе го носи неговото име,“ напиша Роберт Сатлоф, извршен директор на Вашингтонскиот институт за блискоисточна политика.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvm77dd5okg0u8uH0jX1

(Видео) 450 евра казна за возачот по лудото возење со министерскиот автомобил на Паризанска

Казнето е лицето кое го управуваше службеното возило со кое се превезува министерот за здравство. Од МВР велат дека нему му се изречени две казни и тоа за вградување на флешери во износ од 250 евра и навлегување во спротивна лента на движење во износ од 200 евра. Доколку ги плати во првата недела, тогаш казната се преполовува.„Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди" управува службено возило „шкода" со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии.Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryocgnb69dbaba66A9ood

Адвокатката Јошевска му врати на Коцевски: Обвинителството повеќе ќе се грижи за својот имиџ отколку за обвинението

Се заострува полемиката меѓу Државното јавно обвинителство и бранителите во случајот „Пулс“, по објавеното писмо на државниот обвинител Љупчо Коцевски до Адвокатската комора, во кое ги обвинува дел од адвокатите дека со јавни настапи ја доведуваат јавноста во заблуда и го нарушуваат угледот на институциите.Во писмото, Коцевски остро реагира на, како што наведува, „неетички коментари“ и „невистини“ изнесени во медиумите од поединечни адвокати кои, според него, ја претставуваат својата позиција како независни правни експерти, а всушност се бранители на обвинетите во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.„Коментарите се изнесуваат без адвокатите воопшто да се запознаени со доказниот материјал или со динамиката на судењето. Таквото однесување е спротивно на Кодексот за професионална етика на адвокатите, кој бара од нив да го чуваат угледот на судот и на институциите пред кои настапуваат“, стои во писмото на Коцевски.Тој особено се осврна на јавниот настап на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која гостуваше во емисијата „Студио 10“ на „ТВ24“, наведувајќи дека не добила целосен увид во доказниот материјал. Коцевски ова го оцени како „неетички јавен настап и обид за нарушување на интегритетот на истрагата“.„Наводите дека не ѝ бил даден дел од доказниот материјал се целосно неточни. Документите се доставени интегрално до Судот и сите бранители. Доколку адвокатката не го презела материјалот или не го прегледала, тоа може да го каже пред Судот, а не во медиумите“, наведува Коцевски.По реакцијата на Обвинителството, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска се огласи преку Фејсбук, оценувајќи дека писмото на државниот обвинител претставува „директен притисок врз слободата на говорот и професионалната независност на адвокатите“.„Писмото на Јавното обвинителство до Адвокатската комора го чувствувам како притисок и директен напад врз мојата слобода на говор и професионална независност. Би сакала да го видам Обвинителството со иста енергичност кога е нападнато од извршната власт, бидејќи тоа е прашање на институционален интегритет, а не на лична суета,“ напиша таа.Јошевска-Анастасовска потсети дека во своите јавни настапи секогаш јасно ја нагласувала својата улога како бранител во конкретниот случај, а не како независен експерт.Таа се повика и на пресудата Nikula v. Finland (Европски суд за човекови права, 2002), во која се вели дека адвокатите имаат право да зборуваат за функционирањето на правосудниот систем „без страв од санкции, доколку нивната критика е професионална и во добра намера“.„Ако денот по утрото се познава, тогаш преку вакви реакции можеме да очекуваме дека Обвинителството повеќе ќе се грижи за својот имиџ отколку за суштината на обвинението,“ додаде таа.

Коментари | пред 3 месеци

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

(Видео) Докторот Кузмановски по снимката: Изразувам длабоко каење и се извинувам

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, се огласи на својот профил на Фејсбук, по објавувањето на видео-снимка на која, според содржината, се гледа како консумира бела супстанца. Снимката предизвика лавина реакции во јавноста, по што министерот за здравство Азир Алиу донесе одлука за негово разрешување од функцијата.Во својата објава, Кузмановски изрази длабоко жалење и извинување, нагласувајќи дека снимката потекнува од период пред неговото назначување за директор.„Изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето преземање на менаџирањето на Клиниката за неврологија. Тоа е момент на слабост со кој не се гордеам и кој не смее да биде пример,“ напиша Кузмановски.Тој додаде дека „секој човек прави грешки“, но дека ова искуство ќе му послужи како лекција и опомена.„После ова знам дека грешката нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови,“ наведува Кузмановски.Во продолжение, тој истакна дека се повлекува, иако е задоволен од резултатите што ги постигнал со својот тим на Клиниката за неврологија, и најави дека ќе продолжи да работи како лекар.„Се извинувам на сите кои ги разочарав и ќе продолжам да работам она што најмногу го сакам – да спасувам животи и да помагам на заедницата,“ заврши Кузмановски во својата порака.

Македонија | пред 3 месеци

media-library29a2h0ln7ft17XnyxxV

(Видео) Разбојници со автомати и џип без таблици ограбија златара во центарот на Гостивар

Вчера вечерта во центарот на Гостивар се случила организирана разбојничка кражба во златара, при што неколку маскирани и вооружени лица со автоматско оружје однеле значителна количина злато и пари, а потоа побегнале со црн џип во непознат правец.Според информациите од СВР Тетово, пријавата за грабежот била поднесена во 18:45 часот, од страна на В.П. од Гостивар, кој соопштил дека четири маскирани лица упаднале во златара во близина на малиот пазар.„Разбојниците биле вооружени со автоматско оружје и по нападот побегнале со патничко возило БМВ без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, информираа од СВР Тетово.Според очевидци, разбојниците, во обид да го забават движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе улици во централното подрачје на градот.Од Основното јавно обвинителство Гостивар потврдија дека јавен обвинител во текот на ноќта и утрово издавал повеќе наредби и насоки за истрагата, со цел што побрзо да бидат идентификувани и приведени сторителите.Според првичните информации, нападот бил изведен професионално и за кратко време, што укажува на добро координирана криминална група. Засега нема информации за повредени лица.

Настани | пред 3 месеци

media-libraryahnbgh7admeg1HlQ3T2

Мециновиќ: Борбата на Левица е борба на Давид против Голијат

„Мило ми е што се гледаме денеска, овде. Немам спремено говор, ама може да се задржиме едно три саати“, со овие зборови го започна својот говор кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, на отварање на изборниот штаб на Левица во Центар. Со мотивирачки говор тој зборуваше за текот на кампањата, предизвиците и енергијата која партијата ја вложува во овие избори.Мециновиќ оцени дека најтешкиот дел од изборната трка, односно почетокот и преткампањата се веќе зад нив. „Сега, кога сме веќе во средиштето на кампањата, темпото е прилагодено и супер ни оди“, рече тој и додаде дека Левица, за разлика од претходните избори, сега знае каде ја трошела енергијата на претходните избори без да добие конкретни резултати и не се расплинува на  неефективни методи.„Тоа ни го даде искуството и ништо друго. Искуството кое ние сами го создаваме, искуството кое не ни е поклонето ни преку агенции, ни преку фирми за пи ар, ни преку политолошки анализи. Ние тоа го правиме сами, опипувајќи го пулсот на нашиот народ“, рече Мециновиќ. Тој борбата на Левица ја спореди со борбата на Давид против Голијат и додаде дека ова што го прават е најголемата политичка борба, во изминатите триесет години во Македонија, во која големите политички играчи ги имаат сите финансиски и државни капацитети на нивна страна. „Во оваа кампања мислам дека ни стана на сите јасно дека го немаат нашиот ум, ја немаат нашата креативност и ја немаат нашата желба за промена, вистинска и реална промена. Многу е убаво чувството за овие избори, затоа што мислам дека го даваме максимумот, а тоа се гледа“.Мециновиќ сподели и впечатоци од терен нагласувајќи дека граѓаните сега се многу поотворени и понаклонети кон Левица, а според него тоа е и резултат на нивното праламентарно делување, затоа што мандатот што го добиле на најдобар начин го исполнуваат во корист на граѓаните.„Некој да ни збореше, пред четири години, дека ние сме потенцијален фаворит пред СДСМ за да  влеземе во втор круг во Град Скопје, тоа не би му верувале. Јас мислам дека скопската кампања ќе донесе позитивни резултати за сите скопски општини. Ќе згазиме, секој ден ќе бидеме на терен, помеѓу граѓаните. Вие ќе бидете нови сили во советот. Левица веќе не е партија на јабанџии, ова е партија која ќе го детронизира монополот на ВМРО и СДСМ“, им порача Мециновиќ на кандидатите за советници. Ма крајот од говорот потсети дека политиката мора да се заснова на секојдневниот живот на луѓето. „Кога зборуваме за политика ние буквално зборуваме за мајки со колички кои не можат да поминат на тротоари од автомобили, зборуваме за средношколци кои не можат да стигнат навреме на часови, зборуваме за работници кои работат по две работи и кои не можат да стигаат од една до друга“, рече тој и додаде дека политиката мора да продолжат да ја гледаат низ призмата на секојдневието. „Да зборуваме за човекот – за секојдневниот скопјанец, за секојдневниот Македонец. Тоа е равенката која ни донесе успех и која никогаш не смееме да ја напуштиме“, заврши Мециновиќ.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

(Видео) Скандалозна снимка ја урна директорската фотелја на д-р Кузмановски - Алиу го разрешува од Неврологија

Скандалозна снимка на која се гледа докторот-невролог Иван Кузмановски се прошири на социјалните мрежи. Истата предизвика лавина коментари. Министерот за здравство, Азир Алиу, по неа, донесе итна одлука за разрешување на докторот од директорската позиција на Клиниката за неврологија.„Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски. Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено“, стои во известувањето од Министерството за здравство.Снимката погледнете ја тука:

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvm77dd5okg0u8uH0jX1

(Видео) Министерски автомобил во „лудо“ возење на Партизанска: Алиу ќе го казни возачот кој прекрши низа прописи

Претекнување преку две ленти со вклучени флешери, газење на линиите за застанување на пешачки премин каде поминуваа пешаци, преминување од втора лента за приклучување на друга улица пред автобус кој чека на семафор за потоа низ крстосницата да се врати на булеварот. Вака изгледаше „лудото“ возење со автомобилот сопственост на СОЗР, а во кое се превезува министерот за здравство Азир Алиу. Сето ова, се случуваше на булеварот „Партизански одреди“ кој е еден од најфреквентните.Снимката предизвика револт, особено што, возачот употребил и флеш-светилки. Дали во автомобилот, во критичниот момент бил и министерот – тој не одговори. За „Скопје1“ посочи дека возачот ќе сноси одговорност.„Започната е адмнистративна постапка за возачот и истиот исто така е казнет од страна на МВР“, вели во кусот одговор, без да одговори на нашето прашање, дали бил со него во критичниот момент.Навидум, опасносто возење, се случува токму на потегот каде досега има неколку повредени пешаци, а каде велосипедист загина – во Карпош 4 пред „Сити мол“.

Македонија | пред 3 месеци

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Израелската армија: „Хамас веќе не е истата организација – поразен е на сите фронтови“

Портпаролот на израелската војска, бригадниот генерал Ефи Дефрин, денеска изјави дека Хамас повеќе не претставува воена закана каква што беше пред две години, кога започна вооружениот конфликт во Појасот Газа.„Хамас не е истиот Хамас од пред две години. Тие се поразени на секое место каде што се соочивме со нив“, рече Дефрин на брифингот со новинарите, нагласувајќи дека израелските сили „постигнале стратешка предност“ во сите делови на енклавата.Тој упати апел до палестинските цивили во Газа да се држат подалеку од областите кои сè уште се под контрола на израелските одбранбени сили (IDF).„Ги повикувам жителите на Газа да не влегуваат во зоните под контрола на IDF. Почитувајте го договорот и обезбедете ја сопствената безбедност“, порача Дефрин.Изјавата доаѓа во момент кога илјадници расеелени Палестинци се враќаат во своите домови, откако во петокот стапи на сила прекинот на огнот постигнат со посредство на САД. Израелските сили започнаа делумно повлекување од повеќе делови на Појасот Газа, а ситуацијата на теренот се смирува по две години интензивни борби.

Свет | пред 3 месеци

media-library05ol27tftfj1crMAwXz

Русин уапсен во Скопје – изнудувал 20.000 евра со закани за живот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против државјанин на Русија, со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради сомнение дека извршил кривично дело „изнуда“, казниво по член 258 став 1 од Кривичниот законик.Како што соопшти Обвинителството, осомничениот во периодот од јули 2024 до 9 октомври 2025 година, со сериозни закани врз животот и телото на оштетен граѓанин во Скопје, се обидел да прибави противправна имотна корист за друго лице.Тој на жртвата повеќепати ѝ се заканувал дека, доколку не го врати наводниот долг кон лице од Босна и Херцеговина во износ од 300.000 евра, ќе го загрози животот на него и на неговото семејство.По неколку средби, на 9 октомври осомничениот лично зел 20.000 евра во готово од оштетениот, по што бил веднаш лишен од слобода.Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп во понеделник пристигнува во Израел на прославата за ослободувањето на заложниците

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник ќе допатува во Израел, каде што ќе присуствува на официјалната прослава по повод враќањето на заложниците кои беа држени во Газа, јавуваат израелските медиуми.Неговиот авион треба да слета на аеродромот Бен Гурион кај Ерусалим околу 9 часот наутро, што се совпаѓа со истекот на рокот што го постави Хамас за враќање на последната група заложници.Израелската полиција потврди дека се подготвува за неговата посета, а Трамп, според најавите, ќе одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, по официјална покана од неговиот претседател.Сè уште не е познато дали американскиот лидер ќе може да го посети и Плоштадот на заложниците во Тел Авив, каде што секојдневно се собираат семејствата на ослободените и исчезнатите. Тие побарале лична средба со Трамп, а дел од нив предложиле токму таму тој да одржи јавен говор.Посетата на Трамп доаѓа во чувствителен момент за регионот, по постигнувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој се смета за првиот чекор во американскиот мировен план за Газа.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

По пожарот во Кочани – тивката криза: расте бројот на луѓе кои бараат психолошка помош

Речиси седум месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 62 млади лица, во регионот расте бројот на граѓани кои имаат потреба, но и бараат психијатриска и психолошка поддршка. Тие не се само семејствата на загинатите и повредените, туку и луѓе кои биле индиректно засегнати од настанот – сограѓани, сведоци, пријатели или млади кои ја чувствуваат колективната траума.Директорката на Клиниката за психијатрија, д-р Славица Арсова, вели дека по вакви трагедии, потребата од психолошка интервенција не се јавува веднаш.„Тоа беше огромен шок за сите. Луѓето доживеаја криза која создаде чувство на несигурност и страв. Дел од пациентите се јавуваат кај нас, дел во регионалните центри, но има и млади кои студираат или живеат во Скопје и полесно бараат помош овде. Видливи се не само физичките последици кај повредените, туку и длабоките психички траги што остануваат кај сите засегнати“, изјави д-р Арсова по повод Светскиот ден на менталното здравје (10 октомври).Професорот Антонио Новотни вели дека во време на отуѓеност и недоверба, заедништвото и слушањето на луѓето во криза се најсилната терапија.„Семејството, локалната заедница и професионалците треба да бидат достапни, затоа што само заедничката поддршка може да спречи подлабоки последици“, рече тој.Проблемот со менталното здравје не е ограничен само на Кочани.Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во Македонија над 60% од амбулантските случаи се поврзани со стрес, анксиозност и соматоформни растројства, а секој трет млад човек пријавува симптоми на депресија или анксиозност.Недостигот од психолози и психијатри во помалите градови, како Кочани, дополнително ја отежнува состојбата. ИЈЗ препорачува јакнење на локалните центри за ментално здравје, развивање мобилни тимови и воведување онлајн психолошка поддршка – особено за младите, кои се најранлива група по вакви трауми.„Со јакнење на локалните центри и навремена психолошка интервенција може да се спречат долгорочни последици. Менталното здравје мора да стане дел од сите јавни политики – од образованието, до трудот и социјалната заштита“, стои во извештајот на Институтот.

Македонија | пред 3 месеци

operacija-2

Лажен лекар ја убедил битолчанка да даде 27.000 евра за ‘операција на ќерка ѝ’

Во Битола е пријавен нов случај на измама со класичен телефонски трик. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена за околу 27.000 евра, откако лице ѝ се јавило телефонски и ѝ се претставило како лекар во здравствена установа.Според пријавеното, измамникот ѝ кажал дека нејзината ќерка имала сообраќајна несреќа и се здобила со тешки повреди, а за итна операција биле потребни пари. Во паника, жената ги собрала парите и ги однела на договорено место, каде што ги предала на лице кое ја чекало.Подоцна, кога се јавила на вистинскиот телефон на нејзината ќерка, сфатила дека таа е здрава и дека станала жртва на измама.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за идентификација на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryirtpknbeeulodgic0aK

(Видео) Јанчев: Да, бев политички лицемерен кога реков „дај Боже да бидеме како Заев“

Во најновата епизода на „Претрес со Ландов“, градоначалникот на Кавадарци и сопственик на Кожувчанка, Митко Јанчев, отворено призна дека изјавата од 2020 година — „Дај боже сите да бидеме како Заев“ — била „политички лицемерна“, но, како што рече, направена во интерес на граѓаните и општината.„Лицемерно. Е, можам да кажам политички лицемерно за еден политичар, не за граѓанин. Од тоа добив проект од милион ипол евра за граѓаните. Една реченица, милион ипол евра проект. Ако е во интерес на граѓаните, би го направил пак“, рече Јанчев во разговор со новинарот Кристијан Ландов.На прашањето дали тогашниот премиер Зоран Заев му сугерирал да ја каже таа реченица, Јанчев одговори дека идејата била негова и дека целта му била Кавадарци да добие проект што првично не бил планиран за општината.„Проектите беа поделени — 35 милиони евра. Кога Кавадарци се јави, сите беа затворени. Како градоначалник успеав да воспоставам контакт со премиерот и го замолив да нè вклучи во делот од програмата“, објасни Јанчев.Разговорот доби дополнителна тежина кога Ландов потсети дека токму Заев бил премиерот под чија власт во 2017 година Јанчев беше приведен од полицијата.„Викавте ‘дај боже сите да бидеме како Заев’, кога истиот човек ве апсеше со полиција и ве претресуваше со војска. Господине Јанчев, вашите калкулации изгледаат премногу флексибилни“, му рече Ландов.Јанчев, пак, одговори дека за него политичката култура значи почит кон институциите и функцијата, а не нужно кон личноста.„Баба ми ми велеше: ‘Синко, тој ти е претседател – имај почит’. Заев бил господин додека бил премиер. Сега нема потреба да му се обраќам така, но ако го видам, ќе му речам ‘господине Заев, како сте’ – од воспитување, не од политика“, рече Јанчев.Овој дел од интервјуто повторно го отвори прашањето за прагматизмот и моралните граници во македонската политика, особено кога јавните изјави на функционерите се во спротивност со нивното минато. Погледнете го во целост:

Македонија | пред 3 месеци

media-library69s3afm7fvd3dYriCrg

Судот во Битола не одреди притвор за осомничените во случајот со РЕК Битола – обвинителството најави жалба

Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за двајцата осомничени во предметот за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола, туку наместо тоа им одреди куќен притвор.Од Обвинителството реагираа на ваквата одлука, истакнувајќи дека не се согласуваат со мерката и дека ќе поднесат жалба, со барање да им се одреди ефективен притвор.„Особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот поседува и значителен имот во друга држава, Обвинителството смета дека мерката куќен притвор не е соодветна“, соопштија од ОЈО Битола.Според истрагата, ОЈО Битола отвори предмет против осум физички и едно правно лице за злоупотреби при јавни набавки во РЕК Битола.Во фокусот се поранешниот директор на комбинатот и четворица раководители и директори од Подружницата „Рудници“ во РЕК Битола, кои се сомничат дека во текот на 2023 година, како соизвршители, сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ според член 353 од Кривичниот законик.Според доказите прибавени од Управата за финансиска полиција, осомничените свесно ги прекршиле правилата за економичност и ефикасност при јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во „Рудници“ – РЕК Битола.Иако знаеле дека транспортот на јаглен во рудникот „Живојно“ не треба да се изведува преку континуирана технологија (со ротирачки багери и транспортни ленти), тие организирале јавна набавка што ја фаворизирала една приватна компанија — сега исто така под истрага — која станала единствен понудувач и склучила договор од кој остварила противправна имотна корист од големи размери.Понатаму, дел од раководителите во РЕК Битола и едно службено лице се осомничени и за измама во службата, бидејќи потпишувале лажни извештаи и записници дека работите биле целосно завршени, иако немало никакви извршени активности.Фирмата пак, преку фактури, од комбинатот незаконски наплатила над 106 милиони денари со вклучен ДДВ.Обвинителството отвори постапка и против сопственикот и управителот на фирмата, како и против едно лице вработено во компанијата, за злоупотреба на постапката за јавен повик и јавно-приватно партнерство.Од обвинителството велат дека предметот е во истражна фаза и дека во наредниот период ќе бидат сослушани повеќе сведоци и вештаци со цел да се потврдат сомнежите за злоупотреби, фалсификувани извештаи и незаконско плаќање на непостоечки работи.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryshs7j1js8em1c3xWkbR

Се огласи таткото на Мартин, кој загина во експлозијата во Белград: Тој беше измамен, a не криминалец

Со длабока болка и неверување, Дејан Сипковски, таткото на загинатиот 21-годишен Македонец Мартин Сипковски, се огласи со јавно соопштение по трагичната експлозија во Белград во која неговиот син го загуби животот.„Мартин имаше само 21 година. Беше студент на Факултетот за менаџмент, манекен и поранешен ракометар на РК Вардар — млад човек со многу енергија, големи соништа и надежи за иднината“, пишува во своето обраќање таткото.Сипковски објаснува дека неговиот син бил „бунтовен, како и многу млади луѓе“, но никогаш не бил насилен и никогаш не би направил нешто што би загрозило туѓ живот.„Имаше детски и пубертетски грешки, но никогаш не бил дел од тежок криминал. Една година беше во домашен притвор во Македонија, во рамки на истрага што од самиот почеток беше сомнителна, бидејќи сите докази укажуваа дека тој не бил присутен на местото на настанот“, наведува таткото.Тој потенцира дека Мартин не бил првообвинет во случајот, туку подоцна бил вклучен во процесот, додека вистинскиот првообвинет „одамна е избеган во Белград и има сериозно криминално досие“.„Нашето семејство смета дека ваквиот тек на настаните е длабоко неправеден и бараме сериозни одговори — како и зошто Мартин бил вовлечен во нешто со што немал никаква вистинска поврзаност“, истакнува Сипковски.Според неговото сведочење, Мартин бил исплашен и разочаран од системот, особено по изречената пресуда која, како што наведува семејството, не била оправдана.„Семејството очекуваше дека со жалбата ќе биде ослободен. Но, пред тоа да се случи, замина во Белград — исплашен, збунет и, како што веруваме, измамен и злоупотребен од луѓе кои ја искористиле неговата доверба и страв“, вели таткото.Тој додава дека постојат сомнежи оти Мартин бил наведен и наместен, изложен на притисок да побегне во Србија, со лажни ветувања дека ќе може да замине во трета држава.„Затоа бараме целосна, темелна и објективна истрага — не само од српските, туку и од македонските институции. Вистината мора да се открие до крај“, порачува тој.Во своето писмо, Сипковски упатува и апел до медиумите:„Посебно им се обраќам на медиумите и порталите да покажат човечност и професионалност. Зад секој наслов стои едно скршено семејство и млада ќерка од 17 години која ги чита тие текстови. Пишувањето без проверка не само што ја нарушува вистината, туку и ја продлабочува нашата болка.“На крајот, Дејан Сипковски завршува со порака:„Нашето семејство останува скршено од болка, но решено да се бори за вистината за Мартин. Тоа му го должиме на него, на неговото име и на неговиот мир.“Српските медиуми, повикувајќи се на свои информации од српската полиција, објавија дека Сипковски загинал откако неправилно ракувал со бомба, па по грешка ја активирал. Според нив, таа била набавена за да се изврши убиство на лице поврзано со организиран криминал. Засега овие наводи не се потврдени официјално. Во тек е истрага и размена на информации помеѓу српските и македонските институции. Настанот се случи на 1 октомври.Инаку, Сипковски бил неправосилно осуден на затоврска казна од седум години за кривично дело „обид за убиство“, за кое таткото пишува и во писмото. Пред судот, докажувал дека нема никаква вина, како и дека исказите од сведоците се лажни и преправани. Во Обвинителството се воделе и други предмети.

Коментари | пред 3 месеци

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Време е за нов историски договор меѓу Албанците и Македонците

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во интервју за „Лајм ТВ“ изјави дека по изборите е неопходно Албанците и Македонците да постигнат нов историски договор, кој ќе постави поинакви и постабилни односи меѓу двата народа.Според Таравари, таквиот договор треба да обезбеди функционални политички и општествени односи, независни од тоа која партија е на власт, а која во опозиција.„Мислам дека на Албанците и Македонците, како и на 90 проценти од населението во Северна Македонија, им е потребен нов историски договор — договор што ќе воспостави односи кои секогаш ќе бидат функционални и кои нема да зависат од тоа кој е на власт, а кој е во опозиција“, изјави Таравари.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq6bfbsi9e9p0fT71wbM

(Видео) Израелски тенкови пукаа кон Палестинци на плажа во Газа

Неполни неколку часа по објавата на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, над Појасот Газа повторно се слушнаа експлозии. Според снимки објавени од Reuters, израелски тенкови отворија оган со гранати кон крајбрежниот пат во близина на градот Деир ал-Балах, додека по тој дел од плажата се движеле десетици палестински цивили.На видеото јасно се гледаат детонации и облаци густ чад, предизвикани од тенковската палба, во непосредна близина на луѓето кои пешачеле по песокливиот терен. Засега нема потврдени информации за евентуални жртви или повредени лица.Инцидентот се случува во момент кога меѓународната заедница го поздравуваше постигнатиот договор за примирје како прв чекор кон прекин на двегодишниот конфликт.

Свет | пред 3 месеци

media-librarycrufe3n3bhhu0r5IP4W

Нетанјаху објави AI слика на која Трамп ја прима Нобеловата награда за мир

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави вештачки генерирана фотографија на која тој му ја врачува Нобеловата награда за мир на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Сликата беше споделена на официјалниот профил на Нетанјаху на платформата X (поранешен Twitter) и веднаш предизвика бројни реакции.На фотографијата, која очигледно е создадена со помош на вештачка интелигенција (AI), може да се види како насмеаниот Трамп ја прима наградата од израелскиот премиер, додека позадината потсетува на церемонија во стилот на доделувањето на Нобеловите признанија во Осло.Трамп веќе со години води кампања со која сугерира дека ја заслужува оваа престижна награда. Уште за време на својот прв мандат тој тврдеше дека „многу луѓе“ сметаат дека треба да биде награден, повикувајќи се на своите дипломатски потези, особено во однос на Блискиот Исток и мировните договори со Израел.Објавата на Нетанјаху доаѓа ден по постигнувањето на договор меѓу Израел и Хамас за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа, што дополнително ја подгреа јавната дебата. По веста за договорот, во Тел Авив владееше еуфорија, а дел од граѓаните излегоа на улиците повикувајќи Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир.Официјално, доделувањето на овогодинешната Нобелова награда за мир е закажано за утре, но Трамп и неговиот тим јавно истакнаа дека очекуваат токму тој да биде избран, оценувајќи дека, како што изјавија, „најмногу придонел за стабилност и мир во регионот“.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Нино Васев бара да излезе од притвор, не можел таму да подготвува како ќе се брани пред суд

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, преку своите бранители поднесе барање до Основниот кривичен суд Скопје да му биде укинат притворот и да му се дозволи да се брани од куќен притвор или од слобода без пасош, со образложение дека двата предмети против него се обемни и дека условите во затвор не дозволуваат соодветна подготовка на одбраната.„Вака од притвор, со вакви два предмети, му се загрозува правото на одбрана на човекот. Судот не ни дозволува доволна комуникација. Денеска побаравме посебни услови, бидејќи не можам да работам само три часа таму – треба да ни дадат просторија за работа, дури и да спиеме таму, бидејќи случајот е исклучително обемен. Самите гледате, тоа е како да работите на десет предмети одеднаш,“ изјави адвокатот Бобир Спирковски, еден од бранителите на Васев.Во текот на денешното рочиште беше продолжено сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителството, меѓу кои и вработена во аптеката на Клиниката за онкологија, која потврди дека за време на директорскиот мандат на Васев, тој се потпишувал на документи за испорака на лекови преку т.н. условен буџет, односно пред завршување на јавните набавки.„Кога се правеа набавки на реверс, тоа значеше дека јавната набавка сè уште не е завршена. Во тие случаи не постои договорен број ниту потврда од Министерството. Да, тоа е точно,“ рече сведокот на прашање од обвинителката.Друг сведок, шалтерска работничка, потврди дека потписот на Васев стоел на сите извештаи за лекови од условниот буџет.„Дали се одобруваше терапијата од директорот? Па, претпоставувам дека ја одобрувал. Јас работам на Одделот за дојка и на секој извештај имаше потпис од доктор Нино Васев,“ изјави сведокот, додавајќи дека одобрувањата на терапиите се правеле на стручни колегиуми секој втор четврток, каде присуствувале сите шефови на оддели.Адвокатот Спирковски оцени дека овие сведочења само потврдуваат дека Клиниката работела според закон, дури и во услови кога биле правени набавки на реверс, бидејќи се работело за итни случаи и терапија за најтешко болните пациенти.„За мене не е релевантно дали се давале лекови или не – важно е дали тие набавки биле законски или не. Сè друго е ирелевантно,“ изјави Спирковски.На почетокот на денешното рочиште, Судот информираше дека републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски не се согласил со барањето за смена на јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, која го застапува обвинението, оценувајќи дека таа ја извршува својата работа професионално, стручно и во согласност со законот.Во предметот за финансиски злоупотреби на Клиниката за онкологија, освен Васев, обвинет е и организацискиот директор Нехат Нухи. И двајцата се наоѓаат во притвор во затворот „Шутка“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya6hc61bdnebddMVWUvU

(Видео) Штекли ѝ предал писмо на докторката со аманет: „Да ми ги закопаат коските во дворот“; Таа смета дека е психички стабилен

Резултатите од психијатриските вештачења во случајот „Штекли“ покажаа дека обвинетиот Раде Трајковски – Штекли е во добра психичка состојба и е способен да ја следи судската постапка, иако кај него се забележани одредени шизотипни и дисоцијални црти, кои не се доволни за дијагноза на психичко растројство. Ова денеска го потврди докторката Оливера Поповска, невропсихијатар од Психијатриската болница во Бардовци, која сведочеше во Основниот кривичен суд – Скопје на барање на одбраната на обвинетиот.Поповска пред Судот изјави дека околу 15 дена пред вештачењето, обвинетиот ѝ предал писмо што го напишал претходно, во кое оставил „аманет“ на неговата мајка – да му ги закопа коските во дворот од семејната куќа. Во писмото, според сведочењето, Штекли напишал и дека „има змии во главата“. Сепак, и покрај ваквите наводи и присуството на т.н. „магиско мислење“, вештакот оцени дека тоа не претставува показател за халуцинации и дека обвинетиот е во стабилна психичка состојба.Во своето сведочење, Поповска истакна дека халуцинациите што ги споменувал обвинетиот „не се реални“, туку имагинарни – од измислен „учител“ до тврдења дека го следи албанската мафија. Таа посочи дека во разговорот што го водела со него почувствувала носталгија по неговиот стар животен стил, спомнувајќи дека зборувал за патувања во Дубаи, тренинзи во теретана и дружење со пријатели.Судечкиот совет најави дека ќе ги разгледа сите вештачења – и на одбраната и на Обвинителството, по што ќе донесе одлука на следното рочиште, закажано за 13 октомври 2025 година. Од исходот ќе зависи дали предметот ќе биде даден на супер вештачење или ќе продолжи главната расправа.Одбраната преку своите вештаци тврди дека Штекли е психотичен и не е способен да ја следи расправата, додека Обвинителството инсистира дека обвинетиот е во добра здравствена состојба и може активно да учествува во постапката.Бранителот, адвокатот Сашко Дуковски, реагираше остро на наодите, оценувајќи дека тие се недозволени докази, бидејќи, според него, Обвинителството немало овластување самостојно да наредува нови вештачења без одобрение од Судечкиот совет, што е спротивно на член 246 од Законот за кривична постапка.По сослушувањето, судијата Илија Трпков најави дека Судот дополнително ќе ги анализира сите извештаи и дека одлуката дали ќе има ново вештачење ќе биде донесена на следното рочиште.Случајот „Штекли“ се однесува на организирана група обвинета за трговија со дрога, опфатена со 10 лица, по повеќемесечна истрага на Обвинителството за гонење организиран криминал. Првично, во предметот биле вклучени 16 лица, од кои седум признале вина и добиле затворски казни од три до три и пол години, а четворица подоцна поднеле предлог за признавање вина, по што нивната постапка била раздвоена.Според обвинението, групата делувала со јасно дефинирана структура – од набавка до продажба на кокаин и марихуана, користејќи ја апликацијата Snapchat за комуникација. Клучните докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

Македонија | пред 3 месеци

policija-2457

Случај во Тетово: вознемирувал малолетничка, мајката нападната кога побарала објаснување

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишен жител на тетовско село, поради основано сомнение дека извршил кривични дела „полово вознемирување“ и „телесна повреда“, соопшти МВР.Според пријавата, осомничениот вербално вознемирувал малолетничка и ѝ упатувал недолични зборови. Откако за тоа дознала мајката на девојчето, таа отишла во домот на осомничениот за да разговара со него, но тој ја нападнал со дрвен предмет, нанесувајќи ѝ повреди.Полицијата го привела осомничениот, а по документирањето на случајот против него е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Серија инциденти во Скопје: Тепачки во парк, семејно насилство и физички напади

Полицијата во Скопје во текот на изминатите два дена регистрирала неколку инциденти во кои бил нарушен јавниот ред и мир и пријавено семејно насилство.Според информациите на МВР, вчера околу 12:40 часот во парк на подрачјето на Центар, дошло до физичка пресметка помеѓу двајца мажи од Тетово, на возраст од 47 и 36 години. Случајот е документиран, а по целосно расчистување ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во Кисела Вода, во 09:18 часот, 50-годишен скопјанец пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот брат, исто така малолетен. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.Неколку часа подоцна, во општина Аеродром, 51-годишниот С.Ј. пријавил дека бил физички нападнат од две лица, по претходна расправија. И овој инцидент е под полициска истрага.Ден претходно, во вторник наутро, 68-годишен маж од Кисела Вода пријавил дека бил нападнат од својот 35-годишен син, кој во нападот оштетил и дел од покуќнината.Полицијата информира дека сите случаи се под истрага и по нивното целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања