Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип – над 70 илјади пријавени, 22 илјади веќе вакцинирани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 22 илјади лица низ државата.Вакцинацијата се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар.Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, меѓу кои: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од 6 месеци до 5 години, лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.Во организација на Министерството, превентивни тимови од здравствени установи низ државата продолжуваат со теренска вакцинација и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymtolrssg1u4nc27rD46

Како малиот бизнис „Сакаш“ преку Wolt го забрза својот развој

Пет години постои палачинкарата „Сакаш“, бизнис што започна скромно, во мал дрвен киоск од пет квадрати. Гордан Миленковски, тогаш само 19-годишен, ја имал идејата за сезонски бизнис во летните месеци, но наместо тоа „Сакаш“ многу брзо прерасна во постојан дел од скопската гастрономска сцена. „Никогаш не мислевме дека ова ќе стане целогодишна приказна. Почнавме од љубов кон палачинките и желбата да направиме нешто поразлично. Но луѓето реагираа веднаш – и така малата идеја стана голема обврска“, вели Гордан. Иако почетната замисла беше нешто мало и привремено, палачинките на „Сакаш“ станаа вистински хит, производ што не е „само обична палачинка“, туку must try, must eat, must have искуство за различни генерации потрошувачи. „Нашата цел отсекогаш била да направиме палачинка што ќе биде доживување. Не само вкусна, туку и искуство што се памети“, додава Гордан.Токму квалитетот и креативноста во понудата, комбинирани со искрена енергија и посветеност, овозможија „Сакаш“ да создаде лојална база на купувачи кои се враќаат повторно и повторно. Дополнително на тоа, беше фактот што „Сакаш“ од самиот почеток работи на дигитална промоција. Брендот почна да користи социјални мрежи како главна маркетинг алатка за да допре до младата публика и да изгради препознатлива заедница околу себе. Но, ни тоа не беше доволно да се излезе од микро-локалните рамки на првиот капацитет на „Сакаш“ во населба Илинден, иако многумина патуваат и до Илинден за да ги вкусат нивните палачинки.Иако побарувачката постоела од самиот почеток, „Сакаш“ долго време не се осмелувал да воведе достава, чекор што бара сериозна логистика и организација. Пресвртниот момент дојде со партнерството со Wolt, кој ја презеде таа улога и овозможи палачинките да стигнуваат до поширока публика. „Ние знаеме да направиме одлична палачинка, но достава не беше нешто што можевме да го изведеме сами. Кога се појави Wolt, сфативме дека тоа е можност за раст без ризик – ние се фокусираме на вкусот, тие на брзината и сигурноста“, раскажува Гордан.Резултатите не доцнеа - дневниот обем на продажба се зголеми за 20%, а бројот на испечени палачинки порасна. „Откако ќе ја примиме нарачката од Wolt, за девет минути таа е готова и уште за толку време е веќе кај потрошувачот. Верувам дека заедно создадовме најбрза достава во Скопје“, вели тој.Оваа динамика и сигурноста што му ја овозможи доставата, го охрабрија тимот да оди чекор понатаму. „Сакаш“ веќе се подготвува за отворање на нов локал во голем трговски центар, со што и бројот на вработени порасна над 40 млади луѓе, со планови за дополнително проширување на понудата. „За нас ‘Сакаш’ не е само бизнис, ние градиме енергија и култура. Тимот е млад, мотивиран и знае да работи, но и да се дружи. Сакаме луѓето да доаѓаат на работа со насмевка, затоа често организираме тим билдинзи. Веруваме дека кога тимот е среќен, и палачинките имаат поубав вкус“, вели Гордан со насмевка.Приказната на „Сакаш“ е пример како мал бизнис, со вистинска идеја, квалитет и соодветна поддршка, може да израсне во перспектива за поширок раст. Од мал киоск до бренд со препознатливо име, од сезонски план до целогодишен успех, „Сакаш“ докажа дека кога зад производот стои визија и љубов, палачинките можат да бидат многу повеќе од обичен десерт – тие стануваат дел од културно искуство што градот го прифаќа како свое.

Магазин | пред 4 месеци

media-library4sjmhbutbt6fa8adxez

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, вечерва ја погоди западна Турција.Земјотресот е регистриран на 27 октомври во 19:48:29 часот UTC, односно 22:48:29 часот по локално време.Епицентарот бил на 62 километри југоисточно од Баликешир и 10 километри јужно од Синдирги.Земјотресот предизвикал продолжено тресење кое предизвикало паника и страв кај жителите на погодените подрачја. Долгото траење на земјотресот ја зголемило загриженоста бидејќи луѓето ги напуштале зградите и барале сигурност.Според официјалните податоци, едно лице загинало, додека најмалку 29 лица се повредени, претежно полесно. Локалните власти наведуваат дека повеќе од 15 згради се уништени или тешко оштетени во земјотресот, главно во Синдирги и околните области.

Свет | пред 4 месеци

20180506_040611-1

9-годишно дете оставено само во Тетово – таткото го донел за питачење

Полицијата утврдила дека 9-годишното дете, пронајдено само пред угостителски објект во Тетово, е дел од организирана група која присилува малолетници да питачат.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 октомври 2025 година во 01:30 часот, жител на Тетово пријавил дека пред локал на улицата „Маршал Тито“ пронашол дете кое било изгубено и не комуницирало.„Веднаш било постапено по пријавата и било утврдено дека станува збор за малолетник од населбата Шуто Оризари – Скопје. Неговиот татко, Е.М., заедно со други деца со комбе бил донесен во Тетово за питачење. Околу 22 часот, комбето со останатите деца се вратило во Скопје, а него го заборавиле“, информираа од МВР.На местото интервенирале претставници од Центарот за социјални работи – Тетово, кои по документирањето на случајот го предале детето на колегите од ЦСР – Скопје.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, со фокус на идентификација на организаторите на мрежата која експлоатира деца за питачење.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk7mlt5af6q0raPq5oGq

Албанија го претстави првиот „вештачки интелигентен кабинет“: AI министерката Диела „очекува“ 83 дигитални наследници

Албанскиот премиер Еди Рама ја шокираше јавноста со објава дека нивната министерка за вештачка интелигенција, Диела, е „бремена“ и ќе „роди“ 83 дигитални потомци – виртуелни асистенти создадени за да им помагаат на пратениците од Социјалистичката партија.Според Рама, секој од овие AI асистенти ќе биде задолжен за водење парламентарни записи, изработка на предлози за политики и анализа на податоци при донесување одлуки.„Овие деца ќе ја познаваат својата мајка“, изјави Рама, објаснувајќи дека сите 83 системи ќе бидат поврзани со централната мрежа на Диела, овозможувајќи им да соработуваат и заеднички да учат.Премиерот ја опиша иницијативата како револуционерен чекор кон создавање самoodржлив дигитален екосистем, кој ќе ја зголеми транспарентноста и ефикасноста на парламентот.Името Диела, што на албански значи сонце, не припаѓа на вистинско лице, туку на напреден систем на вештачка интелигенција, создаден специјално за албанската влада. Таа стана првата виртуелна министерка во светот, именувана во мај 2025 година.Главната задача на Диела е борба против корупцијата во државните тендери – преку алгоритми кои вршат надзор, евалуација и одлуки ослободени од човечка пристрасност. Таа ги анализира сите јавни набавки според критериуми на транспарентност, ефикасност и законитост.Рама ја нарече оваа технологија „оружје против системската корупција“, додавајќи дека „со Диела, тендерите ќе бидат 100% дигитални и проверливи“.Раминиот опис на „бремена министерка“ е, секако, симболичен: 83-те „потомци“ се AI единици, програмирани да опслужуваат пратеници, да бележат податоци, да следат говори и да генерираат извештаи во реално време.Албанија на овој начин развива поврзан систем на интелигенции што може со тек на време да еволуира во целосно автоматизиран административен модел.Веста предизвика мешани реакции.Додека дел од експертите го пофалија потегот како визионерски чекор во борбата против корупцијата, други предупредија на етички ризици – прашувајќи се кој ќе биде одговорен ако „Диела“ или нејзините „потомци“ направат грешка во одлуките.„Интелигенцијата може да биде алгоритамска, но одговорноста мора да остане човечка,“ коментираше еден европски експерт за дигитална етика.

Свет | пред 4 месеци

media-library38r38jq0l3vg2ilwjCp

Костадинов: Продолжувам натаму, од срце за Струмица

Досегашниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој не го криеше незадоволството бидејќи неговата партија не го кандидираше за втор мандат, денеска ја предаде функцијата на нивоизбраниот Петар Јанков, му честиташе и напиша на ФБ, но без збор за досегашните несогласувања со СДСМ:„Секој мандат има свој почеток и крај.Денес, функцијата Градоначалник на општина Струмица му ја предадов на новоизбраниот Градоначалник, Петар Јанков.Јавно му пожелувам, пред сѐ многу здравје и секако, успех во работењето, затоа што посветеноста на таткото на општината е секогаш успех за Струмица.Сакам да го охрабрам да ја согледа и препознае визијата за Струмица како модерен, европски и зелен град, визија ина цела генерација Струмичани која верува во подобра иднина тука, дома.Огромна чест и задоволство е да се води општина како Струмица и верувам дека со мојата јасна визија успеав да ги исполнам очекувањата на сите Струмичани. Заедно со мојот тим, во изминатите четири години ја создадовме најдобрата верзија на нашата Струмица. Проектите и резултатите се евидентни, а голем дел оставаат и траен белег во развојот на општината.Се надевам дека со довербата која ја добив од струмичанки и струмичани ги исполнив нивните очекувања, а тие го препознаа вложениот труд и ангажман и денес ги живеат резултатите од мојот градоначалнички мандат. Во оваа прилика благодарам на сите за поддршката, но и за критиките кои секогаш нè прават подобри.За сѐ има вистинско време и место. Да ги видиш и да ги согледаш е доблест, а да делуваш е моќ.Кон нови победи и успеси, продолжувам понатаму, од срце за Струмица“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryht1pis16l2pkdDbCDrr

По 20 години градиначалник од ВМРО-ДПМНЕ седна во престижната фотелја

Кандидатите за градоначалници кои победија во првиот круг вече седнаа во градоначалничките фотелји.Во Струмица досегашниот градоначалник, Костадин Костадинов му ја отстапи функцијата на новоизбраниот Петар Јанков.Јанков го доби уверението од ОИК и од денеска официјално е нов градоначалник на Струмица.ВМРО-ДПМНЕ по цели 20 години победи во овој град и тоа уште во првиот круг.Јанков го доби уверението за четиригодишниот мандат за градоначалник од претседателката на Општинската изборна комисија, Елисавета Пецева.Претходно и новоизбраните членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата од Општинската изборна комисија, а деновиве се очекува и свикување на првата конститутивна седница на Советот на општина Струмица.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk7l8lb1b88kjapPKggd

СНС се заканува: Ќе реагираме на насилство на 1 ноември, Академскиот пленум бара Вучиќ да се откаже од насилството

Се вжештува атмосферата во Србија пред 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад кога погинаа 16 лица.Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, изјави дека државата ќе реагира на „секоја форма на насилство“ доколку на 1 ноември во Нови Сад дојде до инциденти за време на собирот.Во истиот настап, зборувајќи за барањето на студентското движење за вонредни избори, порача дека се залага изборите да се одржат кон крајот на 2026.Академски пленум пак ја повика власта да се откаже од насилството кое според нив, го подготвува на 1 ноември за време на одбележувањето на годишнината од несреќата.Тие укажуваат на подготвеноста на оваа влада, во како што велат сопствената беспомошност, да испрати провокатори и маскирани фигури на комеморативна прошетка што ќе се обиде да предизвика немири.,,Затоа, ги повикуваме да се откажат од ваквите намери, студентите и сите присутни граѓани ќе сторат сè што можат за да се осигураат дека комеморативниот собир ќе помине мирно и достоинствено, а сите потенцијални провокатори ќе бидат изолирани и идентификувани.Доколку се случи какво било насилство, единствениот виновник и единствениот одговорен ќе биде – лично Александар Вучиќ“, порачаа од Академски пленум.

Свет | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-38-6720PM

За Мицкоски локацијата на болницата „8-ми Септември“ е идеална за нов Клинички центар

Повторно се актуелизира прашањето за нов клиничкк центар. Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на премиерот Христијан Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар бидејќи има три булевари, гасна поврзаност, сепак последниот збор ги остава да го кажат експертите.Премиерот чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за болниците во Штип, Тетово и во Кичево, а веднаш потоа како следен чекор најави дека со партнерите од Обединетото Кралство ќе работат на нов клинички центар во Скопје.„Чекор по чекор. Сега првин да завршат локалните избори, па да се распише јавен повик за финансиски институции за болниците, кои се поврзани со договорот влада со влада со Обединетото Кралство. Да заживее тоа, па следно е големиот клинички центар. Инаку, навистина овде изгледа како одлична можност, одлична локација – три булевари, гасна поврзаност, сообраќајна поврзаност”, рече премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарски прашања по посетата на болницата „8 Септември“, во која почна да функционира хибербарната комора за третман на хронични рани, дијабетично стапало, изгореници, како и поддршка за пациенти од пластична хирургија, пулмологија, а ќе функционира и како поддршка за спортисти.Премиерот Мицкоски ги повика експертите и Министерството за здравство да направат анализи за новиот клинички центар во Скопје за потоа Владата да излезе со конкретен став.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymuc7ujo03okl2ZXXuaP

(Видео) Двајца полицајци уапсени за филмскиот грабеж на златарница во Гостивар

Двајца полициски службеници од ОВР Кичево се уапсени поради сомнение дека учествувале во оружано разбојништво во златарница во Гостивар, при што беа одземени околу 18 килограми злато, соопшти Министерството за внатрешни работи.„Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело ‘разбојништво’ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден“, велат од МВР.Според истрагата, разбојништвото се случило на 10 октомври 2025 година, кога двајцата осомничени полицајци, заедно со засега непознати лица, влегле во златарница во центарот на Гостивар и со закана со огнено оружје ја ограбиле.Осомничените, кои биле активни полициски службеници, претходно планирале и координирале дел од нападот. Тие извршиле извидување на локацијата два дена пред грабежот, следејќи го движењето и навиките на вработените во златарницата. На денот на нападот, со службено возило на МВР, го обезбедувале патот за движење на возилата користени при грабежот.Едно од возилата потоа било пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар–Дебар, а другото напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар.„МВР, во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар, презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, соопштија од Министерството.Според изворите, се трага по уште најмалку две лица кои се поврзуваат со грабежот, а истрагата треба да утврди дали биле вмешани и други припадници на полицијата.

Македонија | пред 4 месеци

vremenska-esen-vreme

Доаѓа период на суво и стабилно време со студени утра, но повисоки дневни температури

Под влијание на стабилна воздушна маса, во наредните денови не очекува суво и стабилно време.Како што прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи, од утре утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има појава на магла.Врнежите што ја зафатија земјава, денеска попладне насекаде ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Во западните делови од државава до крајот на денов ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а во источните слаб ветер од променлив правец.Тепмературите ќе бидат во пораст.Планинските котлини и источниот регион наутро ќе бидат свежи (понекаде до 0 °C), но попладнињата ќе се искачуваат до 18–21 °C, а за викендот најтопло ќе биде во Пелагонија, Скопската Котлина и југоистокот до 21 °C.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0cqc72l4i2qo6bDp0Cd

Јаневска: Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот

На денешната панел-дискусија во Прилеп, дел од кампањата „Магијата е во знаењето“, од различни перспективи се зборуваше за суштината на наставничката професија и за тоа што навистина значи да се биде добар учител.Наставник што верува во секое дете, што станува глас на охрабрување, водич низ секојдневието и сојузник во учењето, токму такви примери беа во фокусот на денешната панел - дискусија што се одржа во Прилеп, во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, која ја спроведува Министерството за образование и наука.Панел-дискусијата со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“ собра наставници, стручни лица, родители и претставници на академската заедница, кои од различни перспективи зборуваа за суштината на наставничката професија и за тоа што навистина значи да се биде добар учител.Во своето обраќање, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ја нагласи исклучителната улога на наставниците не само како пренесувачи на знаење, туку и како личности што со својата посветеност, емпатија и личен пример оставаат неизбришлива трага во животите на младите.„Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот. Кога едно дете ќе почувствува дека некој со внимание го гледа, го слуша и верува во неговиот потенцијал, тогаш се случува вистинска промена. Нашата мисија е да го зајакнеме системот кој ги препознава и цени наставниците, а преку оваа кампања, сакаме не само да ја потврдиме нивната важност, туку и да го вратиме достоинството на професијата што ја гради иднината“, истакна Јаневска.Министерката потенцираше дека со потпишувањето на спогодбата со СОНК, Владата обезбеди гаранција за континуиран годишен раст на платите на наставниците, кој ќе биде реален и ќе зависи од степенот на инфлација. Додаде и дека овозможен е кариерен развој на наставниците и стручните соработници преку повиците за напредување во звања ментор и советник не само во основните, туку за прв пат годинава и во средните училишта.Проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, декан на Педагошкиот факултет во Битола, рече дека добриот наставник е оној кој пред сѐ умее да слуша, да разбере и да создаде врска со секое дете, а дури потоа да предава.Наставниците и стручните лица од основните и средните училишта во Прилеп говореа за секојдневните предизвици во работата, но и за моментите кои им се показател дека нивниот труд прави разлика. Родителите истакнаа дека вистинскиот наставник е оној што детето го гледа како сојузник, а училиштето како средина што го поддржува и инспирира детето.Денешната панел-дискусија е дел од националната кампања „Магијата е во знаењето“, во чии рамки се реализираат низа активности, од јавни настани и тематски собири, до едукативни видеа, интерактивни работилници и вклучување на широк круг чинители од образовниот и општествениот живот.Преку овие активности, се настојува да се создаде поширока општествена поддршка и разбирање за значењето на наставничката улога. Фокусот е ставен на тоа наставниците да добијат поголема видливост, почит и поддршка, како луѓе кои секојдневно вложуваат знаење, труд и посветеност во воспитувањето и образованието на новите генерации и кои претставуваат двигатели на напредокот на секое општество.(ПР)

Македонија | пред 4 месеци

filipce

Ќе има шут-карта од раководството: СДСМ подготвува кадровски промени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата покажала видливи резултати од процесот на внатрешна консолидација, особено во општините каде што освоила градоначалнички мандати и во оние каде што влегла во вториот изборен круг.„Јас лани ја затекнав партијата во тешка и лоша состојба. Во изминатата година и пол работев со илјадници членови преку директни средби и контакти. Овие избори се показател за ефектите од таа работа – таму каде што имаме градоначалници и каде што одиме во втор круг, бројот на гласови е зголемен за 50 проценти во споредба со минатите избори“, изјави Филипче.Тој посочи дека консолидацијата е видлива, но дека постои потреба од дополнителна работа во дел од скопските општини, каде резултатите не биле на посакуваното ниво.„По еден таков тежок пораз лани, сега овие избори се показател како треба да се поставиме и да функционираме во следниот период. Таму каде што немавме резултати, ќе продолжиме со интензивна работа“, рече тој.Филипче најави и квалитативни кадровски промени во раководството на СДСМ, кои, како што најави, ќе бидат објавени по завршувањето на изборниот процес.„Ќе има политички и кадровски промени во раководството, за што јавноста ќе биде навремено известена“, истакна Филипче, додавајќи дека во многу општини партијата работела во тешки услови и под притисоци.„Имаше сериозни притисоци во сите општини каде се одвиваа избори – непосредно пред гласањето, каде што имавме градоначалници имаше финансиски контроли и нудење пари за гласови. Работевме во исклучително тешки околности“, нагласи тој.Лидерот на СДСМ додаде дека, иако е на чело на партијата само година и пол, резултатите покажуваат напредок и нова енергија во базата.„Не може преку ноќ да има промени, но во некои општини видовме дека тоа е можно. Тоа ми даде ентузијазам да продолжам да работам и понатаму“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

filipce-ck-sdsm

Кого ќе поддржи СДСМ во втор круг во Скопје, Кичево, Брвеница? Нема да биде клучно дали се Македонци, Албанци, Бошњаци...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата ќе ја донесе конечната одлука до средината на следната недела за тоа кого ќе поддржи во општините Кичево и Брвеница, каде што нема сопствени кандидати за градоначалници, но и за Скопје Карпош и Куманово.Филипче нагласи дека, иако дел од политичките партии повикуваат гласањето да се води според етничката припадност, СДСМ нема да ја базира својата одлука на етнички критериуми.„Мислам дека мултиетничкиот карактер на нашата земја и добрите односи треба да останат приоритет. Факт е дека граѓаните често гласаат по етничка линија, но тоа нема да биде критериум за нас. Во следните неколку денови ќе донесеме одлука со кого ќе коалицираме. Најдоцна до среда“, изјави Филипче.Тој додаде дека одлуката ќе зависи од повеќе фактори, пред сè од состојбата на општинските организации и расположението на членовите на партијата на локално ниво.„Како ќе коалицираме и кого ќе поддржиме таму каде што немаме кандидати, ќе зависи од тоа каква е нашата организација и ставот на луѓето кои се таму членови. Ако нешто не биде критериум, тоа е етничката припадност“, нагласи тој.Филипче истакна дека одлуката нема да се однесува само на Кичево и Брвеница, туку и на други општини, меѓу кои Скопје, Карпош и Куманово.„Не е само во Кичево и Брвеница. Ќе видиме како ќе се поставиме и во другите општини. Дозволете до среда да го кажеме нашиот став“, рече тој.Во однос на разговорите со други партии, лидерот на СДСМ додаде дека тие се одвиваат во две насоки – каде на СДСМ ѝ е потребна поддршка и каде партијата би можела да даде поддршка.„Разговорите се во тек и ќе бидат завршени утре или најдоцна во вторник“, истакна Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

ambulanta

Пожар во камп приколка, грабеж и исчезнато лице – полициски билтен за Скопје

Во полицискиот билтен на Министерството за внатрешни работи се евидентирани неколку инциденти на подрачјето на Скопје – пожар, физички напади, нарушување на јавниот ред и мир и пријавено исчезнато лице.Вчера, околу 17:20 часот, во камп приколка поставена на нива во атарот на селото Долно Лисиче, во која престојувал В.Н. (68), избувнал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.Ноќеска околу 00:37 часот, 40-годишниот Н.И. од Скопје пријавил дека два дена претходно, на 24 октомври околу 21 часот, на подрачјето на Бит Пазар, бил нападнат од неколку машки лица кои со употреба на физичка сила му одзеле чанта со документи, мобилен телефон и пари. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.Вчера во 08:05 часот, 32-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 06:30 часот, во нејзиниот дом во Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер, 31-годишниот М.Т. од Скопје.По документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок до надлежните органи.На 25 октомври во 22 часот, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17 часот, на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, кои таа ги познавала, додека трето лице го снимало нападот со мобилен телефон. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на лицата и расчистување на случајот.На 25 октомври околу 18:30 часот, по претходна сообраќајна несреќа во селото Средно Коњари (општина Петровец), бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу шест лица. Во инцидентот учествувале Ш.М. (47) од една страна и А.Ќ. (38), Е.Ќ. (62), А.Ќ. (71), И.Ќ. (54) и А.Ќ. (26) од другата. При пресметката бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат кривични пријави.На 25 октомври во 12 часот, во Полициската станица Карпош, 69-годишниот И.Т. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга А.Т. (54), која имала здравствени проблеми и и претходно се оддалечувала, по што била пронајдена и вратена.Полицијата презема мерки за нејзино пронаоѓање.

Скопје | пред 4 месеци

pratenici-sobranie-levica

Левица обвинува: Рамадани од ВРЕДИ глорифицирал Илирида, се шири етничка омраза

Од партијата Левица реагираа со остро соопштение во кое обвинија дека кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистички пораки и создаваат етнички тензии, особено кандидатот за градоначалник на Брвеница, Хаќим Рамадани.„Скандалозните изјави на кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВРЕДИ – Хаќим Рамадани, предизвикуваат етнички тензии и шират национал-шовинизам, во очигледно отсуство на проекти и визија за развој на сопствената општина. Рамадани, во јавно обраќање од дијаспората, наместо да зборува за проекти, со шовинистичка реторика го глорифицираше сепаратизмот на Илирида, со што директно промовира национална и етничка омраза против македонскиот народ“, стои во реакцијата на Левица.Од партијата додаваат дека Рамадани потврдил обединување со ДУИ во вториот круг против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, што, според Левица, ја покажува „сервилноста на Мицкоски кон помалиот коалиционен партнер“.„Иако Мицкоски предводи влада со апсолутно мнозинство, иако целиот политички наратив со кој ја доби поддршката на народот беше дека неговата влада нема да ‘коленичи’, ДПМНЕ ги остави Тетово, Гостивар и Струга без свои кандидати за градоначалници“, порачуваат од Левица.Според нив, ваквите „штетни наративи од политичари заглавени во минатото“ создаваат само поделби и нетрпеливост, додека граѓаните масовно ја напуштаат земјата поради сиромаштија и корупција.„И на сите овие анти-македонски изјави, кои го понижуваат достоинството на македонскиот народ, Мицкоски одбира да молчи за да го сочува мирот во сопствената влада.Левица јавно прашува: дали Мицкоски ќе биде само нем набљудувач пред изјавите на неговите коалициони партнери, кои директно шират омраза против македонскиот народ и глорифицираат сепаратизам против унитарниот карактер на Републиката?“, се вели во реакцијата на Левиц

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynsd16t060l9kdxeqvU3

(Видео) Косовски пратеник на плоштад во Приштина истепа случаен минувач оти го нарече лажго

Инцидент меѓу пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово, Арменд Земај, и еден граѓанин од дијаспората денеска го привлече вниманието на косовската јавност.Настанот се случил додека Земај давал интервју на плоштадот, кога минувачот се доближил и го нарекол „лажго“.Пратеникот реагирал бурно и физички го нападнал човекот.На видеото објавено од „Газета Блиц“ се гледа моментот кога Земај зборува пред камерите, додека граѓанинот во позадина довикува: „сите сте лажговци“ и „лажете“. Земај му возвратил со прашањето „кого лажеш“, по што, кога минувачот се приближил, го удрил.По инцидентот, Земај се огласи на својот Фејсбук-профил, изразувајќи жалење и извинување за случката.Косовската полиција потврди дека инцидентот навистина се случил, а реакциите во јавноста не изостанаа.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryf7408nenqaqn8PUnLdH

(Видео) „ТикТок“ снимка откри колкав хаос може да настане со еден клик – секој може да гаси семафори во Скопје?

Видео објавено на „ТикТок“ од булеварот „Партизански одреди“ предизвика бурни реакции, откако во него се гледа како објавувачот, стоејќи покрај отворено сандаче со прекинувач за струја, експериментира со вклучување и исклучување – за да види што ќе се случи со семафорите.Во описот на видеото стои прашањето: „За што служи прекидачов?“, а коментарите под објавата се движат од саркастични до остро предупредувачки.„Ме чуди еден нема од коментарите дека за ова може кривично да одговараш, а најмногу тие што го оставиле отворено! Ќе се помеша тајмерот на семафорите и ќе направиш хаос!“, напиша еден од корисниците.Објавувачот, кој на „ТикТок“ се потпишува како „Катеблане“, се обиде да се оправда, но доби дополнителни предупредувања дека манипулацијата со таков прекинувач претставува кривично дело и може да има сериозни последици.Еден корисник додаде: „Често ги гледам дечиштана од ГУЦ, ќе поминат и еден паметен да се направи фраер, го штрака прекидачот и ги гаси семафорите. Несвесен дека може да предизвика сообраќајна несреќа“.На крајот, објавувачот реагираше со циничен тон: „Не кликам повеќе и ако е толку страшно, залепете ги со супер лепак.“Проблемот со незаштитените сандачиња за семафори не е нов. Пред три години, по трагичната смрт на Викторија Николова кај „Сити мол“, телевизија „Код“ откри дека семафорите биле исклучени преку вакво сандаче, но ниту една институција не презеде одговорност. Тогаш беше утврдено дека овие прекинувачи често се користат од лица што мијат стакла, но и од деца и тинејџери, без никаква контрола.И покрај бројните јавни реакции и апели, отворените електрични сандачиња сè уште стојат на повеќе фреквентни локации низ Скопје, оставајќи ја безбедноста на сообраќајот – во буквална смисла – во рацете на случајни минувачи.

Скопје | пред 4 месеци

media-library17k1l8r2vbf11i06obd

Македонец осомничен за силување на Британка во Дубровник: таму живее со семејството, го сомничат дека делото го направил во хотелот каде работи

Македонец од Ѓорче Петров е осомничен за силување на Британка во Дубровник. Настанот, според тамошните власти се случил во хотел островот Коложеп (Каламота). Станува збор за 37-годишен маж, кој претходно работел угостителство во Македонија.Според „Дубровачки дневник“, Македонецот барал, но Жупанискиот суд во Дубровник ја одбил жалбата на 37-годишен државјанин на Македонија од Скопје, за да излезе од притвор. Со тоа, осомничениот останува во истражен притвор до завршување на постапката, пренесуваат тамошните медиумиСпоред информациите од портпаролот на Жупанискиот суд во Дубровник, судијата за истраги му одредил ваква мерка бидејќи оценил дека постојат основано сомнение и релевантни докази дека осомничениот го сторил делото за кое се товари.Одбраната на осомничениот, кој е вработен во хотелот каде што се случил настанот, поднела жалба, наведувајќи дека нема опасност од бегство бидејќи тој е професионално и семејно поврзан со Хрватска, каде живее со сопругата и децата, а има и договор за работа за 2026 година.Сепак, Судот веќе оцени дека жалбата е неоснована, потврдувајќи го решението за притвор. Во образложението се наведува дека постојат доволно елементи кои укажуваат на сериозно основано сомнение дека 37-годишниот Македонец го извршил делото, како и реална опасност тој да побегне или да влијае врз сведоци ако биде пуштен на слобода.Судот исто така нагласува дека во текот на истражната постапка треба да биде сослушан сведокот кој бил во друштво на осомничениот, жртвата и нејзината пријателка во спорната вечер.Според Кривичниот закон на Република Хрватска, за силување без согласност на жртвата е предвидена затворска казна од три до осум години.

Свет | пред 4 месеци

272362688_2229821540501382_809533397131494080_n-1

Почнува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Стартува зимскиот распоред на летање.Од Меѓународниот Аеродром во Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации.Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации.Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона.На 28 октомври, Скопје првпат ќе се поврзе со Мадрид и со Ларнака, а од 15 декември со Прага и со Келн.Наредната година се најзвуваат и нови дестинации.

Македонија | пред 4 месеци

239337800_1056710465068121_7588688874021469063_n

Во Македонија регистрирани 188 болни и двајца починати од грип

Здравствените власти во Европа се подготвуваат за нова сезона на грип, која според експертите би можела да биде потешка од вообичаеното. Причини за загриженост се ниските стапки на вакцинација и зголемениот број случаи во други делови на светот, како Јапонија и Австралија.Податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести покажуваат дека бројот на заболени постепено расте, што е типично за овој период од годината.Во Македонија ид Од почетокот на сезоната регистрирани се вкупно 188 случаи на заболени од грип, што е 77% повеќе од истиот период минатата година и 36% повеќе од просекот на последните 14 сезони. Најмногу заболени има во Гостивар (79 случаи), а највисока инциденца е во Македонски Брод. Во досегашниот тек на сезоната пријавени се и две починати лица поврзани со грип.Од ИЈЗ препорачуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најсигурниот начин на заштита. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација за сите, особено за ризичните групи: лица над 65 години, деца од 6 месеци до 5 години, хронично болни, бремени жени и здравствени работници.За заштита, граѓаните се советуваат да ги почитуваат основните мерки: избегнување на гужви и контакт со болни лица, често миење на рацете, редовно проветрување и загревање на просториите, топло облекување и консумирање на храна богата со витамини, особено витамин Ц, доволно сон и физичка активност за јакнење на имунитетот.Доколку се појават симптоми како температура, кашлица и болки во телото, се препорачува одмор дома, повеќе течности и избегнување контакт со други лица, а во случаи на потешки симптоми – итно да се побара лекарска помош, особено кај постари и хронично болни лица.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Нема средба Трамп-Путин: Американскиот претседател не сака да губи време

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака да губи време и нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне конкретен договор за мир меѓу Русија и Украина.Тој додаде дека секогаш имал одличен однос со Путин, но дека ситуацијата е разочарувачка.Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, претходно за Си-Ен-Ен во Вашингтон изјави дека верува оти неговата земја, САД и Украина се блиску до дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Свет | пред 4 месеци

IZBORI-GLASANJE-3

Војнески и Пивковски се откажаа, но имиња им остануваат гласачките ливчиња како противкандидати на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ

Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески кои во првиот круг освоија доволно гласовви да се тркаат за градоначалничката фотелја, се повлекоа во корист на кандидидатите на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ. Сепљк, според Законот, нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња во вториот изборен круг на 2 ноемри.Законот не препознава откажување на кандидатурата, откако таа е веќе потврдена од изборните органи. Ова значи дека гласање сепак ќе има и тие и покрај декларираното откажување, ќе останат на гласачкото ливче, Пивковски со Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ, а Војнески со Жарко Ристески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.Пивковски која влезе во изборната трка како независен кандидат, напиша дека ја донел одлуката по внимателно размислување и бројни разговори во интерес на заедништвото, наместо поделбите.„ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Како нејзин член, секогаш сум се водел од идејата за чест, за работа и за почит кон луѓето. Така било и ќе остане“, напиша тој.Од лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ, како негова матична партија, претходно се откажа и Војнески.„По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес. Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.“ напиша Војнески.

Македонија | пред 4 месеци

ohis-golema-mala-deponija

Државата уверува: Не истекува линдан во Охис

Министерството за животна средина и просторно планирање јa уверува јавноста дека нема истекување ма линданот во ОХИС и дека континуирано го спроведува процесот на чистење на линданот во ОХИСМинистерството континуирано работи на решавање на еден од најголемите еколошки предизвици во земјата, чистењето на опасниот линдан во поранешниот индустриски комплекс ОХИС.На 22 октомври 2025 година, во вечерните часови, бил спроведен вонреден инспекциски надзор, при што беше утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан или какви било други нарушувања на безбедноста во локацијата на ОХИС.„Министерството веќе неколку година активно работи на чистење на малиот линдански лот, каде што се постигнати значителни резултати. Паралелно се работи на изнаоѓање на најсоодветни и одржливи решенија за отпочнување на чистењето и на големиот лот, кој претставува следна приоритетна фаза во процесот.МЖСПП останува целосно посветено на транспарентност, континуиран надзор и безбедно спроведување на сите активности, со единствена цел,  создавање почиста, поздрава и побезбедна животна средина за сите граѓани” , велат од МЖСПП.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryfos6omqd7g0g3G0G0EC

Врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи со услови за грмежи ќе има , во западните делови на земјата.Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.Во Скопје, се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, информира УХМР.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања