Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

putin-vojna

Американското разузнавање: Путин решен да ја доведе војната до крај

Според најновата проценка на американските разузнавачки служби, рускиот претседател Владимир Путин е решен повеќе од кога било да го продолжи војувањето во Украина и да постигне победа на бојното поле. Во анализата, која овој месец им била претставена на членовите на Конгресот, се наведува дека разузнавачките агенции не гледаат никакви знаци дека Русија е подготвена за компромис, и покрај напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во мировни преговори, пишува NBC News.Оваа проценка е во согласност со ставовите на американските и западните разузнавачки служби уште од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Сепак, високите американски функционери сега веруваат дека Путин е поцврст во своите ставови од кога било. И покрај огромните човечки загуби и економските проблеми во земјата, Путин, според процената, останува целосно посветен на освојувањето украински територии за да ги оправда жртвите што неговата држава веќе ги поднела.Како јасен знак на растечка фрустрација, претседателот Трамп минатата недела го откажа планираниот состанок со Путин во Будимпешта и првпат откако се врати на функцијата во јануари воведе санкции против Москва. Новите мерки се насочени кон двете најголеми руски нафтени компании. „Едноставно почувствував дека е време,“ изјави Трамп за новинарите, опишувајќи ги санкциите како „огромни“. Тој додаде дека „долго чекал“ за нивно воведување, но се надева дека „нема да траат долго“ и дека „војната ќе биде решена“.Белата куќа одби да ја коментира разузнавачката проценка, повикувајќи се на јавните изјави на Трамп. „Како што рече претседателот, ова се големи санкции против нивните две нафтени компании, со цел да се поттикне крај на војната,“ изјави еден американски функционер. „Тој јасно порача дека е време да престане убивањето и да се постигне договор за мир. Соединетите Држави ќе продолжат да се залагаат за мирно решение, но трајниот мир зависи од подготвеноста на Русија да преговара со добра волја.“Трамп одамна ветуваше дека ќе посредува во запирањето на конфликтот и во изборната кампања тврдеше дека може да постигне мир во рок од 24 часа по враќањето во Белата куќа. Но неговите досегашни обиди да ја убеди Москва на прекин на огнот и директни преговори не донесоа резултати. Последните месеци неговата реторика се промени, а фрустрацијата и нетрпеливоста кон Путин станаа поочигледни. „Секогаш кога разговарам со Владимир, имаме добри разговори, но тие никогаш не водат никаде,“ изјави Трамп минатата недела.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryehf3h2vbmp7o215OBUi

(Видео) Страотни снимки од урнатата зграда во Турција

Две лица загинаа, а три се повредени во уривањето на седумкатна зграда во градот Гебзе, во северозападниот дел на Турција. Според извештаите на Euronews, сите петмина настрадани биле членови на иста семејна фамилија.Државната телевизија ТРТ објави дека меѓу загинатите е 43-годишен маж, неговата 37-годишна сопруга и нивните тројца малолетни деца.Гувернерот на Гебзе, Илхами Акташ, потврди дека спасувачите под урнатините го пронашле телото на 12-годишниот Мухамед Емир Билир, додека идентитетот на втората жртва сè уште не е официјално објавен. На местото на трагедијата ангажирани се стотици припадници на Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).Според државната агенција Анадолу, причината за уривањето сè уште не е утврдена. Сепак, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, изјави дека можна причина може да биде изградбата на блиската метро-линија, која, според него, можеби ја нарушила стабилноста на земјиштето.Несреќата се случила само неколку дена по земјотресот со јачина од 6,1 степени по Рихтер, кој во понеделник ја погоди западна Турција. Во тој земјотрес беа урнати три згради и една двокатница во градот Синдрг‛и, но властите соопштија дека објектите биле ненаселени поради претходни оштетувања.Иако во тие згради немало жртви, 22 лица биле повредени поради паника и падови за време на потресот, потврди губернаторот на Баликесир, Исмаил Устаоглу. Земјотресот бил регистриран во 22:48 часот по локално време, на длабочина од речиси шест километри, и бил почувствуван и во Истанбул и во околните покраини.Експертите предупредуваат на непочитување на градежните стандардиСтручњаците повторно апелираа до турските власти да ги засилат контролите и почитувањето на современите градежни прописи, предупредувајќи дека недисциплината во градбите претставува сериозен ризик.Во јануари годинава, две лица загинаа при уривање на четирикатница во градот Коња, а сопствениците на дуќаните во приземјето се обвинети дека незаконски ги отстраниле потпорните столбови.

Свет | пред 4 месеци

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

САД ги укина санкциите против Милорад Додик

Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД ги тргна Милорад Додик, претседателот на Алијансата на независни социјалдемократи и Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на БиХ, од листата на санкции.Претходно санкционираните членови на семејството на Додик, нивните компании и блиски соработници исто така беа отстранети од листата. Додик, поради анти-Дејтонски активности два пати беше САД редовно ги преиспитуваат своите санкции за да се осигурат дека тие ги промовираат економските цели на САД, како и целите на националната безбедност и надворешната политика.„Конструктивната акција на Народното собрание на Република Српска во последните недели треба да го подобри нивото на стабилност во Босна и Херцеговина и ќе овозможи партнерство со Соединетите Американски Држави врз основа на заеднички интереси, економски потенцијал и заеднички просперитет. Ќе продолжиме тесно да соработуваме со политичките и другите актери од целиот политички спектар во Босна и Херцеговина со цел да промовираме заеднички приоритети“, се наведува во одлуката.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryrtkmifqlfldlci8PXpq

Тензија на првиот ден во Советот на Скопје: ДУИ бојкотираше доделување уверенија

Неславно започна составувањето на новоизбраниот Совет на Град Скопје. Советниците од ДУИ одбија да ги примат уверенијата за избор на советници бидејќи беа напишани само на македонски јазик. Како што рекоа, со ова, според нив, се крши Законот за употреба на јазиците.Останатите членови, вклучувајќи ги и избраните од ВЛЕН, ги примија уверенијата. Со ова започнува работата на Советот на Град Скопје. Уверенијата се потпишани од претседателката на изборната комисија на Град Скопје Марија Мошев.ДУИ освои шест советници во Град Скопје, исто колку и ВЛЕН.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryjv5ai1l659q92qRcTre

Алкохол, цигари, мебел и PlayStation контролери – шверц откриен во автомобили и автобуси

Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три илјади парчиња стока – меѓу кои алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со ознаки на заштитени брендови, мебел и автоделови. Против сторителите се поведени посебни постапки, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.На граничниот премин Блаце, цариниците откриле повеќе од 700 парчиња разна стока, меѓу кои играчки, парфеми, козметика и мебел.Во комбе управувано од македонски државјанин биле пронајдени 600 парчиња играчки, скриени во фабрички шуплини.Во друг случај, царинските службеници заплениле 143 парчиња парфеми и козметика, сокриени под патосниците и во багажниот простор на автомобил.Во товарно возило, пријавено како „празно“, биле откриени три гарнитури мебел.На граничниот премин Табановце, во три одделни случаи биле запленети 26 шишиња алкохолни пијалоци, повеќе од 200 електронски цигари и уред за авто-дијагностика. Дополнително, мобилен царински тим спречил обид за шверц на осум сета водни и воздушни пумпи со соларен панел, наменети за фонтани и аквариуми.Во првиот случај, 26 шишиња алкохол со вредност од околу 30.000 денари биле пронајдени во автомобил со германски таблички; сопственикот не ја пријавил стоката за да избегне плаќање царински давачки од околу 7.000 денари.Во вториот, 209 електронски цигари биле пронајдени во автобус на релација Брисел – Скопје.Во третиот, бил откриен уред за авто-дијагностика во возило со привремени германски таблици.На граничниот премин Богородица, при контрола на стока во транзит, мобилните тимови заплениле 1.200 безжични контролери за Sony PlayStation и 650 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки. Според Царината, стоката е одземена поради сомневање за повреда на интелектуална сопственост.На граничниот премин Ново Село биле пронајдени автоделови сокриени во автомобил управуван од македонски државјанин. Стоката е запленета, а против возачот е поведена соодветна постапка.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2534lsglhp9j7mHCDyr

„Анти-Грета“ тврди дека ѝ се заканува смрт, бара азил во САД и помош од Илон Маск

Германската конзервативна активистка Наоми Сајбт, позната како „анти-Грета Тунберг“, тврди дека и се заканува смртна опасност и дека побарала азил во САД, со поддршка од милијардерот Илон Маск.Дваесет и петгодишната Сајбт стана позната во 2020 година, кога ја ангажираше конзервативен тинк-тенк како „лице на борбата против зелената агенда“. Денес таа тврди дека поддршката што ѝ ја дала крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) ја претворила во мета во нејзината татковина.Сајбт се надева дека ќе го искористи новиот закон за азил што го воведе администрацијата на Доналд Трамп, кој, според неа, дава предност на Европјани и жители на Јужна Африка.„Илон е свесен колку е опасна Европа, особено за луѓе со конзервативни ставови, и тоа ми го потврди лично“, изјави таа за Fox News Digital.„Одлучив да побарам азил во САД, а тој ми даде своја поддршка за тоа“, додаде таа.Сајбт вели дека во моментов престојува „легално“ во САД, каде што чека интервју за азилски статус, а од кога Маск почнал да ги споделува нејзините објави на платформата X, тие останале во личен контакт.„Мојата цел е да станам американска државјанка, затоа што оваа земја ми даде надеж“, изјави таа.Активистката вели дека германските власти ја шпионираат и заплашуваат со години, додека таа прима закани по живот од левичарски групи, вклучувајќи и припадници на Антифа.„Отидов во полиција, но ми рекоа дека не можат ништо да направат додека не ме силуваат или убијат“, рече Сајбт. „Не добивам никаква заштита од германската влада, иако сум во реална опасност.“Таа тврди дека, доколку се врати во Германија, би била уапсена поради своите јавни настапи и ставови.Според Daily Mail, Белата куќа досега не одговорила на барањето за азил на Наоми Сајбт.

Свет | пред 4 месеци

tramp

Трамп: Уставот не ми дозволува трет мандат, но ќе видиме што ќе се случи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според неговото разбирање, Уставот на САД не му дозволува да се кандидира за трет мандат, но додаде дека „ќе видиме што ќе се случи“.„Според она што го прочитав, претпоставувам дека не ми е дозволено да се кандидирам повторно, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп пред новинарите во авионот Air Force One, на пат кон Јужна Кореја, каде што присуствува на регионален самит, пренесува CNN.Трамп нагласи дека има „највисок рејтинг во анкетите“ и додаде дека е „штета што не може повторно да се кандидира“.Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ги отфрли шпекулациите дека Трамп би можел да се кандидира за трет мандат, потсетувајќи дека секое менување на Уставот би било можно само по завршување на неговиот актуелен мандат.Идејата за можен трет мандат повторно се појави поради шпекулации на поранешниот советник Стив Бенон, кој во неодамнешно интервју изјави дека „постои план“ за тоа, што дел од функционерите на Белата куќа го оценија како обид за привлекување внимание.Според 22. амандман на Уставот на САД, усвоен во 1947 година, ниеден претседател не може да биде избран повеќе од два пати.Во јавноста кружеше и тезата дека Трамп (79) би можел во иднина да се кандидира за потпретседател, додека актуелниот потпретседател Џеј Ди Венс би бил претседателски кандидат, но Трамп ја отфрли и таа можност.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryaoif82ojhforcOKhjhH

(Видео) Отстранета песната посветена на Максим Димитриевски од „Јутјуб“

Песната што пред неколку дена беше објавена во чест на кумановскиот градоначалник и лидер на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, повеќе не е достапна на платформата „Јутјуб“.Видеото, кое за краток период собра илјадници прегледи и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, е отстрането. При обид за пристап до него, корисниците добиваат известување дека „содржината повеќе не е достапна“.Сè уште не се познати официјалните причини за бришењето – дали станува збор за одлука на самите автори, за евентуална пријава поради авторски права, или за кршење на правилата на платформата.Песната беше објавена во екот на кампањата за првиот круг од локалните избори и предизвика поделени реакции во јавноста. Автори беа група граѓани од ромската заедница во Куманово, кои преку музика изразија благодарност кон Димитриевски за, како што наведоа, неговиот придонес и поддршка за нивната заедница.За текстот се потпиша Менсур Капетан, на чиј профил стои песната.

Настани | пред 4 месеци

DSC_0289

Без дозвола, без договор, без заштита – трагедијата на Вардар со фатален исход доби обвинети и обвинение

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице од Неготино, поради тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа опасност, по членови 292 и 288 од Кривичниот законик.Според обвинението, настанот се случил на 21 јули 2021 година, кога обвинетиот, во својство на сопственик и управител на фирма што изведувала работи на сепарација на реката Вардар, не ги почитувал законските прописи и мерки за заштита при работа. Поради сериозни пропусти во безбедноста, еден работник го загубил животот, а друг се здобил со телесни повреди.Истрагата утврдила дека управителот ангажирал лице без договор за вработување, без да провери дали поседува соодветна возачка дозвола и без да му обезбеди безбедни услови за работа. Починатиот Петар Мицев управувал со тешко моторно возило – камион на сепарацијата кај местото викано „Пумпите“.Додека вршел превоз на песок од реката Вардар, камионот се движел по импровизиран чакален насип, тесен и без заштитна ограда, со реката од двете страни. Во еден момент возилото се превртело и паднало во Вардар. Совозачот успеал да излезе од прозорецот и да исплива, при што се здобил со повреди, додека возачот останал заробен под возилото и починал на лице место.Во рамките на постапката, обвинителството обезбедило докази и против вработен во АД „Водостопанство на РСМ“ – Подружница Тиквеш – Кавадарци, кој во својство на службено лице потпишувал испратници со невистинита содржина. Со тоа, според обвинението, тој сторил продолжено кривично дело – фалсификување службена исправа, по член 361 став 1 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 месеци

gaza44

Нови израелски напади во Газа: над 90 загинати, меѓу нив и деца

Повеќе од 90 Палестинци, меѓу кои најмалку 35 деца, загинаа во израелските напади на Појасот Газа во изминатите 24 часа, иако на сила е спогодба за прекин на огнот, јавуваат палестински медицински извори, пренесува агенцијата Anadolu.Според извештаите, израелската армија убила 31 лице на северот, 42 во централниот дел и 18 на југот на Газа, додека десетици цивили се ранети. Агенцијата Wafa јавува дека меѓу погодените се куќи, шатори што служеле како засолништа за раселените, како и болница во рамките на т.н. „жолта линија“ – зона до која израелските сили се повлекле според спогодбата за примирје.На северот, во Беит Лахија, израелските сили погодиле училиште претворено во засолниште, при што загинале три лица, а неколкумина се ранети. Во избегличкиот камп Шати, гранатирани биле две куќи во населбата Ал-Наср, при што загинале осум лица.Во средата наутро израелски проектил погодил џамија во населбата Сабра, каде се засолнувале раселени лица. Според сведоци, таму загинале најмалку две лица, а десетина се ранети. Во населбата Зајтун, мајка и дете загинале во друг воздушен напад.Во централниот дел на Газа, четири лица биле убиени откако израелски напад погодил шатор во Деир ал-Балах, додека шестмина загинале во бомбардирање на училиште и куќа во кампот Бурејџ.Во кампот Нусејрат петмина биле убиени при напад на повеќе домови, а во друг напад во истиот камп загинале девет лица, меѓу кои четири деца.На југот на Газа, во областа Ал-Маваси кај Кан Јунис, израелски напад погодил шатори во кои биле сместени раселени семејства, при што загинале осум лица, меѓу нив тројца деца.Палестинските здравствени служби предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да расте, бидејќи многу ранети се во критична состојба, а потрагата по исчезнатите под урнатините сè уште трае.

Свет | пред 4 месеци

media-library068s1tcf8q7jdqOkgkw

(Видео) Трамп со највисоко државно одликување пречекан во Јужна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Јужна Кореја на крајот од својата азиска турнеја, за време на која ги посети Малезија и Јапонија. При пристигнувањето, беше свечено пречекан со изведба на песната „YMCA“ од воениот оркестар – мелодија која често се слуша на неговите политички собири во САД.Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Миунг му ја врачи на Трамп „Големата лента на Мугунгва“ (Mugunghwa Grand Order) – највисокото државно одликување во земјата, именувано по националниот цвет на Јужна Кореја, розовиот хибискус. Со тоа, Трамп стана првиот американски претседател што ја добил оваа почест.„Би сакал веднаш да ја ставам“, изјави Трамп при приемот на наградата во форма на огрлица, која му беше доделена како признание за неговата улога на „мировник“ на Корејскиот Полуостров.Според канцеларијата на претседателот Ли, Јужна Кореја се надева дека оваа церемонија ќе придонесе за поповолни услови во трговските преговори со Вашингтон, особено околу американските царини воведени врз јужнокорејските производи.Трамп, во обраќањето од градот Ѓеонгџу, рече дека во овој период не е планирана средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, но дека ќе се работи на смирување на тензиите меѓу двете Кореи.„Ќе работиме интензивно со Ким Јонг Ун и со сите засегнати страни за да ги решиме проблемите, затоа што тоа е единствениот разумен пат“, изјави американскиот претседател.Трамп потсети дека во минатиот мандат имал неколку директни средби со Ким Јонг Ун, но преговорите пропаднале поради забрзаниот развој на севернокорејската нуклеарна програма.Иако најави дека е подготвен повторно да се сретне со севернокорејскиот лидер за време на посетата, Пјонгјанг не одговори на поканата, јави France Presse. „Го познавам Ким Јонг Ун многу добро... едноставно не успеавме да го најдеме вистинскиот момент“, додаде Трамп.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryub8h8vtidcss2ooACRa

(Видео) Сведоштво: Големи се штетите од ураганот во Јамајка, особено на аеродромот

Премиерот на Јамајка, Ендру Холнес, изјави дека островската држава е тешко погодена од ураганот Мелиса, но увери дека ќе ја обнови земјата „уште подобро отколку што беше“.Во објава на социјалните мрежи, Холнес им се обрати на своите сограѓани со порака на надеж и солидарност, нагласувајќи дека владата веќе се мобилизира за помош и реконструкција.„Знам дека многумина, особено оние во најтешко погодените области, се чувствуваат обесхрабрено. Вашите домови можеби се оштетени или уништени, вашите заедници и градови не изгледаат исто. Ја чувствувам вашата болка и го разбирам вашиот губиток. Брзо се активираме за да започнеме со акциите за помош и обнова – и ќе бидеме со вас на секој чекор од патот“, порача Холнес.Во меѓувреме, медиумите јавуваат за огромна штета во меѓународниот аеродром Сангстер во Монтего Беј, каде што силните ветрови и дождови оштетиле делови од инфраструктурата.Жителот Шевоун Браун за Sky News раскажа дека додека ураганот ја погодувал Јамајка, тој и неговата трудна сопруга биле преплашени.„Навистина беше страшно. Моментално сме без струја и вода. Зборови не можат да го опишат тоа... Првпат сведочиме на вакво разорно невреме за толку кратко време“, изјави Браун.Тој додаде дека невремето се засилило невообичаено брзо – од тропска бура до ураган од петта категорија – и дека жителите на островот едвај успеале да соберат резерви од храна и вода. „Помагав и во евакуацијата на неколку лица во засолништа“, рече Браун, додавајќи дека неговата сопруга е многу вознемирена и дека „надворешните шокови може да предизвикаат предвремено породување“.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-01-24-at-00.06.08

Година дена студентски протести во Србија: Борба за правда и игра на исцрпување

Измина една година од падот на бетонската надстрешница на железничката станица во Нови Сад, трагедија во која загинаа 16 лица. Настанот, кој го потресе целото општество, стана симбол на системска небрежност и корупција — а од него започна и најдолгиот студентски протест во поновата српска историја, пишува DW.Денес, студентите и власта се наоѓаат во состојба на меѓусебна исцрпеност. Студентското движење предводено од лица како Борис Којчиновиќ од Нови Сад, прерасна во широка мрежа на поддржувачи во земјата и дијаспората, под слоганот „Рацете ви се крвави“. Преку маршеви, средби и иницијативи, младите активисти бараат правда и институционална одговорност за трагедијата.„Нашата победа е во тоа што луѓето сфатија дека нешто не функционира и дека ни треба праведно општество со институции што работат“, вели Којчиновиќ.Студентите за една година научија да организираат, преговараат и издржат притисок, но не и да ја натераат власта да преземе одговорност. Владата, пак, одговори со обиди за смирување на протестите – преку поевтини кредити за млади, повисоки плати за професори и притисоци врз демонстрантите преку кампањи и полициски акции.Политичкиот аналитичар Зоран Стоиљковиќ го опиша односот меѓу студентите и власта како „рамнотежа на немоќ“. Директорот на ЦЕСИД, Бојан Клачар, се согласува дека земјата е во долготрајна политичка криза без видлив исход. Според него, иако владејачката коалиција е посилна отколку пред шест месеци, не ја повратила целосната контрола, а студентите успеале да ја променат општествената клима, но не и политичките односи на сила.За движењето, изборите се единствениот излез. Претседателот Александар Вучиќ најави избори за наредната година, без конкретен датум. Клачар оценува дека токму тоа е главниот адут на СНС, која може да го избере моментот што најмногу ѝ одговара.Од другата страна, студентите имаат две цели: да ја задржат високата енергија и да создадат „референдумска атмосфера“ — состојба во која ќе се гласа за промена, а не за личности или партии. Иако дел од јавноста смета дека им е потребна соработка со опозицијата, студентите тоа го одбиваат. „Не сакаме да го изгубиме својот идентитет. Нашата борба е поширока од политичкиот систем“, вели Којчиновиќ.Движењето веќе подготвува изборна стратегија, формира тимови и програма, но имињата на кандидатите се чуваат во тајност. Според анкетите, потенцијалната студентска листа ужива значителна поддршка, иако формално не постои. „Доаѓа до хомогенизација на двете страни – власта ја задржува базата, но студентите ги обединија незадоволните“, објаснува Клачар.Покрај тоа, во студентското движење се забележува внатрешен идеолошки судир. Дел од учесниците покажуваат наклонетост кон десниот спектар, што загрижува дел од основачите. „Тоа е последица на образовниот систем и медиумските наративи, но не мислам дека сме се оддалечиле од основната идеја – да изградиме општество на праведност и институции што функционираат“, додава Којчиновиќ.Студентите планираат масовен собир на 1 ноември, на годишнината од несреќата во Нови Сад. Очекуваат 10.000 пешаци и 5.000 велосипедисти, а на денот на комеморацијата и десетици илјади граѓани. Власта ги обвинува дека подготвуваат насилство, но организаторите возвраќаат: „Нашиот протест е достоинствен и ненасилен. Една година помина, а никој не одговараше – иако извештаите покажуваат очигледна корупција.“„Ќе продолжиме сè додека не се распишат избори на кои волјата на граѓаните нема да биде манипулирана“, порачува Којчиновиќ.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryvi4sr6lk7p2v6KSfszQ

Доктор открива: Како телото предупредува дека крвните садови се блокирани

Многу луѓе ги занемаруваат првите симптоми на затнати артерии, сметајќи дека се работи за стрес, замор или привремена непријатност, пишува Times of India. Лицата над 40 години, како и оние кои имаат висок крвен притисок, дијабетес, покачен холестерол или семејна историја на срцеви заболувања, треба особено да внимаваат на предупредувањата што телото ги испраќа.Срцево-садовиот хирург д-р Сумит Кападија издвојува шест клучни симптоми што може да укажуваат на заќорени артерии.1. Болка или притисок во градитеОва е најчестиот знак дека срцето не добива доволно крв. Се јавува чувство на тежина, притисок или печење во градите, кое може да се шири кон левата рака, рамото, вилицата или грбот. Ако болката се појавува при физички напор и исчезнува при одмор, потребна е лекарска консултација. Ако не престанува ни во мирување, може да биде знак за срцев удар и е неопходна итна медицинска помош.2. Кус здив и постојан заморКога срцето не добива доволно кислород, целиот организам се напрега повеќе. Ако останувате без здив дури и при мали напори или чувствувате необјаснива исцрпеност, тоа може да биде прикриен знак на срцево заболување.3. Грчеви во нозете кои исчезнуваат при одморБолка во листовите, бутовите или задникот при одење, која престанува кога ќе застанете, е чест симптом на периферна артериска болест. Поради стеснетите артерии, мускулите не добиваат доволно кислород, а со текот на времето и краткото одење станува тешко.4. Онемување или слабост во рацете и нозетеНедостатокот на кислород во крвта може да ги оштети нервите, што предизвикува чувство на трпнење, студенило или слабост во екстремитетите. Тоа може да го отежни движењето и да го зголеми ризикот од падови – јасен сигнал дека е потребен лекарски преглед.5. Рани на стапалата кои тешко заздравуваатЛошата циркулација го успорува заздравувањето на ткивото. Ако рана не зарасне со недели, постои опасност од инфекција или дури гангрена. Навремена интервенција може да спречи сериозни компликации.6. Студен екстремитет и промена на бојата на кожатаАко една нога или рака е значително постудена, побледа или со синкаста нијанса, тоа укажува на ослабен проток на крв. Може да се забележи и губење на влакненца или сјајна, затегната кожа – уште еден сигнал дека е потребна брза лекарска проценка.

Магазин | пред 4 месеци

zaharova-51320-

Захарова: Европа оди кон самоуништување

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Европа се движи кон сопствено уништување, што, како што рече, денес е „поочигледно од кога било“.„Доколку некој пред некое време се сомневаше во тоа дека Европа се турка кон самоуништување – преку конфликти со нејзините азиски или евроазиски соседи – денес тоа повеќе не може да се негира“, изјави Захарова за Спутник.Таа оцени дека, според нејзиното гледиште, падот на Европа се гледа преку зголемувањето на воените буџети и милитаризацијата, преку економската осиромашеност на западноевропските земји, губењето на културниот идентитет и историските вредности, како и преку, како што рече, „огромната миграциска криза“.Изјавата на Захарова ја пренесоа и руските новински агенции РИА Новости и Спутник, кои нагласуваат дека нејзините коментари доаѓаат во момент на највисоки тензии меѓу Москва и западните престолнини од почетокот на војната во Украина.

Свет | пред 4 месеци

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Русија со тешка техника го проби украинскиот фронт кај Покровск

И покрај дождот и густата облачност, руските сили во понеделникот го изведоа еден од најголемите напади со оклопна техника во последните месеци, северно од градот Покровск во Донецката област. Според украинските извори, во нападот учествувале најмалку 29 борбени возила, меѓу кои и тенкови со дополнителен челичен оклоп, наречени „железни куполи“. Половина од возилата биле уништени, но останатите успеале да ја пробијат украинската одбрана и да пренесат дел од војниците на нови позиции.Украинските единици – 33. и 93. механизирана бригада, 1. Азовски корпус и единици за беспилотни летала – го сопреа дел од нападот користејќи мини, артилерија и дронови со прво лице (FPV). Повеќе од половина од руските возила биле уништени, а дел од пешадијата распрсната, но според извештаите, преживеаните сили можеле да воспостават нови упоришта североисточно од Покровск, што би претставувало тактички напредок за Москва, иако со висока цена.Според 1. Азовски корпус, нападот бил „еден од најмасовните во последниот период“, а целта била Русија да ја зајакне линијата создадена уште во август. Таа позиција би можела да овозможи опколување на Покровск од север, што би ја отворило руската линија кон Краматорск и Славјанск – последните големи украински градови под државна контрола во Донецката област.Главна улога имале тенковите со заштитни конструкции, чиј засилен оклоп ги штити од напади со дронови и артилерија. Тие најчесто се движат најнапред, расчистувајќи мински полиња и отворајќи простор за пешадијата. Според украинските извештаи, Русите напредувале во мали групи од по четири до пет возила, по различни насоки и временски интервали, сметајќи дека лошите временски услови ќе го отежнат дејството на украинските беспилотни летала.Иако 15 од 29 возила биле уништени, преостанатите 14 успеале да ја извршат задачата и да донесат дел од војниците во близина на украинските позиции. Воените извештаи наведуваат дека украинските сили и натаму ги прочистуваат подрачјата каде што руските единици се пробиле. Ако не успеат целосно да ги потиснат, тоа може да создаде сериозен ризик за одбраната северно од градот.Воени аналитичари предупредуваат дека нападот покажува дека, и покрај технолошкиот напредок, дроновите не ја поништиле улогата на класичниот оклоп. „Оние што веруваат дека оклопните возила се веќе минато, треба да видат колку дронови се потребни за да се уништи добро заштитен тенк“, коментира воениот аналитичар Џомпи.Во наредните денови ќе стане појасно дали руската армија ќе успее да го зацврсти новиот фронт кај Покровск или украинските сили ќе ја повратат контролата врз изгубените положби.

Свет | пред 4 месеци

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан меѓу Москва и Вашингтон: унгарскиот премиер под притисок од Трамп да се откаже од руската нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се наоѓа во политички незавидна позиција — притиснат меѓу зависноста од руската нафта и барањата на својот сојузник од Белата куќа, Доналд Трамп, да ја прекине таа зависност. Според BBC, Орбан следната недела ќе замине во Вашингтон на клучен состанок, обидувајќи се да балансира меѓу двете сили кои, како што вели, ја сочинуваат „глобалната мрежа што се спротивставува на војната“.„Едната сила ја предводи американскиот претседател, а другата е духовна — со Светиот Отец“, изјави Орбан по средбата со папата Лео во Ватикан.Во центарот на дипломатската напнатост е новиот американски притисок врз Унгарија и Словачка да се ослободат од зависноста од руската нафта. Тоа е дел од стратегијата на Трамп да ја принуди Москва да стави крај на војната во Украина. На прашањето дали Трамп отишол предалеку со санкциите кон руските нафтени гиганти, Орбан кратко одговорил: „Од унгарска перспектива — да.“Орбан со години ја користи енергетската зависност од Русија како внатрешно-политичко оружје: за притисок кон Брисел, за зачувување на односите со Москва и како клучна изборна платформа со ветување за „евтина руска енергија“. Сепак, во реалноста, Унгарците денес плаќаат повисоки цени на горивото од Хрватите, кои се целосно независни од руските ресурси.Иако Орбан се претставува како стабилен лидер во време на глобална нестабилност, анкетите покажуваат пад на неговата популарност, особено по растот на опозицискиот лидер Петер Магјар.Дополнителен удар врз неговите планови беа украинските напади со дронови врз нафтоводот „Дружба“, кои летово накратко ја прекинаа испораката кон Унгарија. Власта во Будимпешта очекуваше дека војната ќе заврши до крајот на годинава, особено по најавата за планиран самит меѓу Трамп и Путин во Будимпешта. Но на 21 октомври Белата куќа го откажа самитот, со што пропадна планот на Орбан да се прикаже како меѓународен посредник.Главната точка на спорот меѓу Унгарија и САД останува прашањето нафтата. И покрај санкциите, Унгарија во 2024 година дури го зголеми увозот на руска нафта преку „Дружба“, додека уделот на руската нафта во националниот увоз порасна од 64% во 2020 на 80% во 2024 година. Владата во Будимпешта тврди дека како земја без излез на море нема алтернатива, бидејќи нејзините рафинерии се прилагодени за руската нафта од типот „Urals“, која содржи поголем процент сулфур.Меѓутоа, примерот на Чешка го побива тоа тврдење. Таа, иако исто без излез на море, инвестираше во Трансалпскиот нафтовод до италијанскиот Трст и во 2025 година целосно ја прекина зависноста од руската нафта.Енергетските експерти посочуваат дека унгарската компанија MOL веќе тивко ја адаптира технологијата за преработка на различни видови сурова нафта, но проблемот е недостигот на политичка волја кај владата. Паралелно, постојат и спорови со хрватскиот „Јанаф“ околу капацитетот на нафтоводот „Адрија“, кој би можел да ја замени руската рута.На средбата со Трамп во Вашингтон, Орбан ќе биде под притисок да покаже подготвеност за откажување од руската зависност. Американскиот амбасадор при НАТО, Мет Витакиер, изјави дека Унгарија „досега не презела конкретни чекори“, но дека Вашингтон е подготвен да ѝ помогне заедно со Хрватска во енергетската транзиција.За Орбан, тоа ќе биде тест на политичка храброст. По години во кои уверуваше дека Унгарија не може да преживее без руската нафта и гас, секој нагол пресврт би изгледал како поражение пред гласачите. Но, неговиот долгогодишен пријател Доналд Трамп е познат по тоа дека „умее да склучува договори“. Прашање е колку убедлив ќе биде овојпат.

Свет | пред 4 месеци

https___s3-ap-northeast-1.amazonaws.com_psh-ex-ftnikkei-3937bb4_images_4_1_8_4_20464814-1-eng-GB_RTS2EAMZ

Amazon со рекорден профит, но и масовни отпуштања: „Сакаме да работиме како најголемиот стартап во светот“

Американскиот технолошки гигант Amazon, кој само во првата половина од 2025 година оствари повеќе од 35 милијарди долари профит и планира да вложи над 120 милијарди долари во вештачка интелигенција, најави дека ќе отпушти десетици илјади вработени. Компанијата го објаснува потегот со „потребата за намалување на трошоците“ и целта да функционира „како најголемиот стартап во светот“, пренесува CNN.Овој потег е дел од поширок тренд во американските корпорации кои се соочуваат со раст на трошоците, нестабилна глобална трговија и неизвесност што ја носи технолошката револуција на вештачката интелигенција (АИ). Покрај Amazon, оваа година и други компании отпуштија илјадници работници: UPS укина околу 48.000 работни места, Target минатата недела отпушти 1.800 лица, а Microsoft и Meta исто така спроведоа масовни отпуштања.Иако ваквите мерки обично краткорочно ја радуваат Волстрит, експертите предупредуваат дека станува збор за високоризичен обид да се докаже дека технологијата може да ја зголеми ефикасноста, иако тоа засега не е потврдено. „Ќе гледаме како луѓето имаат преголеми очекувања од оваа технологија, а дел од тие очекувања нема да се исполнат“, изјави професорот Сем Рансботам од Бостон колеџ.Од Amazon негираат дека АИ е директната причина за отпуштањата, но во интерниот допис со кој е најавена мерката се повторува ставот на извршниот директор Енди Џеси дека вештачката интелигенција ќе ги трансформира работните места. „Светот се менува брзо и веруваме дека помала и поефикасна работна сила е клучна за водство во новата ера на АИ“, се наведува во дописот.Експертите, сепак, предупредуваат дека токму вештачката интелигенција може да биде само „димна завеса“, зад која компаниите ги прикриваат подлабоките финансиски и структурни проблеми. „Можеби се работи за превентивни отпуштања, со цел компаниите да ослободат средства за експериментирање со нови технологии“, смета Џесика Кригел, директорка за стратегија во консултантската фирма Culture Partners.Истовремено, студија на Indeed покажала дека употребата на терминот „AI“ во огласите за работа драстично се зголемила, иако во четвртина од случаите не се објаснува како технологијата ќе се користи – појава позната како „AI-перење“ (AI-washing).И покрај големите ветувања, генеративната вештачка интелигенција сè уште не ги исполнила очекувањата. Наместо вистински раст на продуктивноста, доведе до појава на содржини без реална вредност – текстови и податоци што изгледаат убедливо, но често се неточни.Amazon, кој во четврток ќе ги објави своите квартални резултати, не соопшти кои сектори ќе бидат најпогодени. Според проценките на Reuters, бројот на отпуштени може да достигне и 30.000 луѓе.„Прераното кратење на работната сила не ја прави компанијата поагилна – ја прави покршлива“, предупредува Кригел. „Компаниите што ќе опстанат во оваа технолошка револуција не се оние што најбрзо автоматизираат, туку оние што знаат да се приспособат кога системот ќе почне да се лизга.“

Магазин | пред 4 месеци

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Нашиот модел гради, обединува и носи резултати – на 2 ноември заокружете број 9, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на претстојниот втор круг од локалните избори, закажан за 2 ноември, да гласаат за број 9, со порака дека нивниот модел на управување „гради, обединува и носи резултати“.Во соопштението од партијата се наведува дека во изминатите четири години, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ докажале дека може да се управува транспарентно, отчетно и во интерес на граѓаните.„Нашите градоначалници работеа со интегритет и визија. Во многу општини го надминаа ветеното и испорачаа повеќе од она што беше зацртано во нивните програми. Резултатите се видливи, а граѓаните тоа го потврдија уште во првиот изборен круг“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владата предводена од нивната партија извршила суштинска промена во односите меѓу централната власт и локалната самоуправа, овозможувајќи реализација на бројни капитални проекти и инвестиции.„Преку поддршката што Владата им ја овозможува на општините се гради инфраструктура, се обновуваат училишта, се модернизира јавниот транспорт, се решаваат проблеми со водоснабдување и отпад. Тоа се реални промени што го подобруваат секојдневието на граѓаните“, наведуваат од партијата.Тие додаваат дека ваквиот модел на работа не подразбира само финансиска помош, туку и постојан дијалог, соработка и координација со градоначалниците во решавањето на локалните предизвици.Во завршницата од обраќањето, партијата ги повика жителите на повеќе општини — меѓу кои Аеродром, Карпош, Кочани, Виница, Кичево, Пробиштип, Неготино, Валандово, Крушево, Македонски Брод, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Градот Скопје — да излезат на гласање и да го „потврдат правецот на развој“.„На 2 ноември граѓаните имаат можност да изберат напредок и сигурна иднина. Да го поддржат моделот кој гради и носи резултати. Да заокружат број 9 — за својот човек, своето место и својата иднина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryaerafspo16035KL9Pb8

Незаконски дневници и потпишани решенија: Кривична пријава за поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), неговиот заменик и неколку вработени, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и проневера на буџетски средства.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, против лицето З.А., поранешен директор на АХВ, е поднесена пријава за „проневера во службата“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик.За истото кривично дело, во форма на помагање, се пријавени и Ф.М., поранешен заменик директор, како и Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во институцијата.Истражните органи утврдиле дека во периодот од 2017 до 2020 година, поранешниот директор З.А. во повеќе наврати противправно прибавувал парични средства доделени за службени патувања во странство.Наместо дозволените 20% дневници, согласно важечката уредба за службени трошоци, тој примал по 50% дневници, иако трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата.Според пријавата, заменик-директорот Ф.М. со потпишување на решенијата за службени патувања му овозможил на директорот незаконски да ги наплати повисоките износи, додека Л.А., А.Р. и Е.Т. подготвувале службени решенија спротивно на уредбата.Потоа, А.Б. и А.Б. ги одобрувале исплатите иако, според МВР, знаеле дека документите не се законски изготвени.На овој начин, З.А. се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка, а истрагата ќе продолжи за да се утврди целосната одговорност на сите инволвирани лица.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymnblj500vr4j40jsLV9

(Видео) Трагедија на автопатот Нови Сад – Белград: Загина дете, повредени седум малолетници од џудо-клубот „Партизан“

Едно дете загина, а седум други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 3:30 часот на автопатот Нови Сад – Белград, во близина на наплатната рампа во правец кон српската престолнина. Во несреќата е тешко повреден и возачот на комбето.Според информациите на Министерството за внатрешни работи на Србија, несреќата се случила кога комбе марка „Опел Виваро“ со белградски регистарски таблички излетало од коловозот, ја пробило заштитната ограда и паднало во канал.Во возилото се наоѓале осум малолетници на возраст од 13 до 16 години, членови на џудо-клубот „Партизан“ од Белград, кои се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан.Едно од децата, родено во 2009 година, починало на самото место, а останатите седум се повредени и се пренесени во Институтот за здравствена заштита на деца и млади во Војводина.„Во сообраќајната несреќа се повредени седум деца на возраст од 13 до 15 години. Две се сместени на одделението за интензивна нега, едно дете има повреда на цервикалниот ‘рбет и е транспортирано во Белград, а друго беше подложено на хируршка интервенција под општа анестезија. Останатите се во стабилна состојба и под лекарски надзор“, изјави за РТС доктор Андреа Ѓуретиќ од новосадската Детска болница.Возачот на комбето, маж на 43 години, идентификуван како С. С. (1982), е пренесен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина со повеќекратни трауматски повреди.Од таму информираа дека по целосна дијагноза и медицинска интервенција, тој се наоѓа под постојан надзор на лекарите.Со алкотест е утврдено дека возачот не бил под дејство на алкохол во моментот на несреќата.На местото на несреќата во тек е увид кој го води надлежниот јавен обвинител, со цел да се утврдат причините за трагедијата. Првичните податоци укажуваат дека комбето, од засега непознати причини, изгубило контрола веднаш по минувањето на наплатната рампа, по што излетало од патот.Веста за трагедијата предизвика длабока жал во белградската спортска јавност. Од џудо-клубот „Партизан“ засега нема официјално соопштение, но членовите и тренерите изразуваат сочувство до семејствата на децата и надеж за брзо закрепнување на повредените.

Свет | пред 4 месеци

ChatGPT

Студија на Европската радиодифузна унија: Вештачката интелигенција го измислува секој трет одговор и го покажува како факт

Иако стотици милиони луѓе секојдневно користат системи со вештачка интелигенција за информации — од изборни резултати до вести — ново истражување на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) открива алармантен проблем: chatbot-овите измислуваат и до 40% од своите одговори, прикажувајќи ги како факти.Истражувањето, спроведено меѓу 68 јавни радиодифузери од 56 земји, ја тестирало точноста на најпопуларните системи – ChatGPT, Claude, Gemini и Microsoft Copilot. Резултатите покажале дека ниту еден од нив не функционира без грешки.Според експертите, chatbot-овите често создаваат таканаречени „халуцинации“ – убедливи, но целосно измислени информации. Така, ChatGPT тврдоглаво инсистирал дека папата Франциск е жив, Copilot не знаел дека Шведска е членка на НАТО, а Google Gemini тврдел дека Доналд Трамп допрва ќе биде повторно избран.„Овие системи звучат убедливо дури и кога кажуваат очигледни невистини“, предупредува професорот Петер Пош од Техничкиот универзитет во Дортмунд. „Токму затоа се опасни, бидејќи просечниот корисник не може веднаш да ги забележи грешките.“Халуцинациите најчесто се јавуваат при теми од регионален карактер, актуелни настани или прашања што бараат поврзување на повеќе различни извори.Истражувањето предупредува дека ширењето на лажни информации преку chatbot-ови може сериозно да ја поткопа јавната доверба и демократските процеси.Корисниците често ги споделуваат невистините без проверка, ученици и студенти ги вклучуваат во академски трудови, а граѓаните ризикуваат да донесуваат важни одлуки – вклучително и изборни – врз основа на неточни податоци.Дополнителен проблем претставува тоа што многумина не се свесни дека chatbot-овите можат да „измислуваат“. Иако условите за користење формално предупредуваат на можни грешки, речиси никој не ги чита.Истовремено, chatbot-овите често погрешно се повикуваат на реномирани медиуми – како германските јавни сервиси ARD или ZDF – со што ја нарушуваат довербата во традиционалното новинарство.Причината лежи во самата структура на технологијата: вештачката интелигенција не разбира што „вели“, туку само предвидува која зборовна комбинација е најверојатна според претходно обработени текстови. Таа нема вистинско знаење, ниту може да провери факти.Технолошките компании вложуваат милијарди за да го решат проблемот, интегрирајќи бази на податоци и системи за проверка на извори, но „халуцинациите“ остануваат нерешен и суштински дефект на моменталната технологија.Европската радиодифузна унија апелира на внимателност при користење на вештачката интелигенција:никогаш да не ѝ се верува слепо,сите важни информации да се проверуваат од независни и проверени медиуми,а посебна претпазливост да се применува при теми поврзани со политика, здравство и финансии.Според ЕБУ, училиштата и универзитетите треба да го зајакнат образованието за медиумска писменост, за младите да препознаваат дезинформации создадени од АИ.До тогаш, важи едноставно правило:Chatbot-овите се добри за креативни задачи – но не и како извори на вистински информации.

Магазин | пред 4 месеци

polska-granica

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувач над Балтикот

Полските вооружени сили денеска соопштија дека борбени авиони MiG-29 пресретнале руски извидувачки авион Il-20, кој летал над меѓународниот воздушен простор на Балтичкото Море без поднесен план за лет и со исклучен транспондер.Военото соопштение наведува дека акцијата била изведена „брзо, ефикасно и безбедно“ благодарение на високата подготвеност на пилотите и функционалноста на системот за противвоздушна одбрана.„Заштитата на полското небо не е само обврска, туку и секојдневна мисија на нашите војници, кои со целосна посветеност ја чуваат безбедноста на земјата. Полските вооружени сили остануваат во постојана готовност да реагираат на секоја закана и да го заштитат суверенитетот на националниот воздушен простор“, се наведува во соопштението.Инцидентот се случил во меѓународниот воздушен простор, а засега Кремљ не се огласил, ниту пак за настанот известиле руските државни медиуми.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

„Ако Русија го нападне Брисел, ќе ја срамниме Москва со земја“ – порака на белгискиот министер за одбрана

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен во интервју за „The Brussels Times“ изјави дека евентуален напад на Русија врз Брисел би значел директен удар врз НАТО, по што Алијансата би реагирала со уништување на Москва.„Не се плашам дека Путин би нападнал конвенционално, бидејќи тоа би било удар во срцето на НАТО. А тогаш, ние би ја срамниле Москва со земја“, рече Франкен, нагласувајќи ја својата верба во членот 5 од Северноатлантскиот договор – клаузулата што гарантира колективна одбрана на сите членки.Франкен изрази силна поддршка за американската улога во рамките на Алијансата и оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп би го почитувал членот 5 доколку дојде до напад.„Секако дека би го почитувал. Во Европа има многу предрасуди кон американската влада, но нема причина да се сомневаме во нивната посветеност“, изјави министерот.Белгискиот министер оцени дека вистинската опасност не лежи во конвенционален напад, туку во т.н. „хибридно војување“ – комбинација од пропаганда, дезинформации и локални конфликти.„Повеќе ме загрижува сценарио во кое ‘мали зелени луѓе’ ќе поттикнат рускојазично малцинство во Естонија против ‘нацистички режим’. И пред да сфатите – дел од земјата е анектиран“, предупреди Франкен.Франкен категорично ја отфрли идејата за заедничка европска војска, оценувајќи ја како „продажба на магла“. Според него, државите кои не успеваат да се договорат дури ни околу набавка на опрема, немаат реална можност да интегрираат сопствени вооружени сили.„Среќа што го имаме НАТО – тој повторно ја докажа својата ефикасност со воздушната одбрана во Полска и Естонија“, додаде тој.

Свет | пред 4 месеци

media-librarynf9pj8ufjbb8cBNTWAK

Притвор за директорот на „Комунална хигиена“ и неговиот соработник – осомничени за загрозување на животната средина

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од 30 дена за директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахадин Рустеми, и уште едно лице од раководството на претпријатието – А.С.Двајцата се осомничени за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по член 230 став 1 од Кривичниот законик, за што е предвидена и затворска казна.„Судија на претходна постапка постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против две лица, по нивното произнесување во присуство на јавен обвинител и нивни бранители, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена,“ соопштија од Кривичниот суд.Судот ја образложи одлуката со тоа што постојат основи за опасност осомничените да ја попречат истрагата, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото, односно по член 165 став 1, точки 2 и 3 од Кривичниот законик.Постапката против нив започна по наредба на Основното јавно обвинителство – Скопје, кога полициски службеници спроведоа акции за обезбедување докази поврзани со управувањето со отпад и постапувањето на претпријатието во делот на заштита на животната средина.„Во однос на ова, лицата се задржани и постапката е во тек. Штом имаме повеќе детали, јавноста ќе биде известена,“ изјавија од Обвинителството за Скопје1.Против решението на судот странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на истиот суд.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања