Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

zaev-carina

(Видео) Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, тврди Петрушевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тврдења дека над две третини од вкупно 27 тони запленета марихуана се поврзани со фирма која, како што рече, е во сопственост и под контрола на лица блиски до СДС и поранешниот премиер Зоран Заев.Според Петрушевски, фирмата „ЦБД Медплант“ формално е запишана на име на Христијан Котев, но реалната сопственост, како што наведе, ја има неговиот татко Тони Котев, познат како М’гчев, поранешен претседател на општинската организација на СДС во Ново Село. Тој, според изнесените обвинувања, бил во блиски бизнис-релации со Вице Заев и со Гидан Колев.Петрушевски изјави дека во периодот од 30 јуни 2025 година до ноември истата година, според документацијата, од оваа фирма биле испорачани 19 тони марихуана кон скопска фабрика, како легално евидентирана количина. Дополнително, како што рече, утрово од струмичката локација биле изнесени уште 21 тон дрога, што, според него, го потврдува обемот на нелегалните активности.Тој потсети дека станува збор за фирма која во 2020 година добила дозвола за одгледување медицински канабис од тогашната влада предводена од Зоран Заев, со министер за здравство Венко Филипче. Петрушевски нагласи дека уште тогаш ВМРО-ДПМНЕ укажувала дека лиценците за медицински канабис се доделуваат исклучиво по партиска и лична блискост со врвот на СДС.Како примери, тој ги наведе фирмите „Еко Енерџи-Космос“ од Ново Село и „Лајтинг Лукс“ од Струмица, за кои рече дека биле меѓу првите добитници на вакви дозволи и дека се поврзани со лица блиски до тогашната власт.ВМРО-ДПМНЕ, преку Петрушевски, побара Јавното обвинителство темелно да го истражи случајот и да даде одговори за можната вмешаност на лица од поранешниот владејачки врв. Тој јавно праша зошто, како што тврди, Зоран Заев лично се јавувал во Царинската управа и се интересирал за случајот, каква била улогата на Вице Заев и дали поранешниот премиер имал финансиски интерес од оваа шема.„Струмичкиот нарко-картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија, но како и на секој картел, и на овој му доаѓа крајот“, изјави Петрушевски, додавајќи дека, според него, вистината конечно излегува на виделина и дека одговорност мора да има.

Македонија | пред 1 месец

media-library0fva8f94o2gbezIMzHj

Петрушевски: Обвинувањата на СДС за Извршниот комитет се панична пропаганда без факти

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, ги оцени обвинувањата на СДСМ за новиот состав на Извршниот комитет на партијата како класичен пример на панична и неаргументирана пропаганда.Одговарајќи на прашањето за тврдењата на СДСМ дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Извршниот комитет ги поставил своите најблиски со цел апсолутна контрола врз партијата, Петрушевски истакна дека станува збор за конструкции без никаква фактичка основа.Тој нагласи дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО-сертификат, со што, како што рече, целосно се демантираат тврдењата и лагите дека бил одбиен од НАТО или дека не ги исполнувал потребните безбедносни критериуми. Според Петрушевски, сè друго претставува злонамерна интерпретација и манипулација за дневнополитички цели.Петрушевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи во согласност со партискиот Статут, со јасна цел партијата да биде поефикасна, поодговорна и европски ориентирана. Тој додаде дека обвинувањата за наводна контрола врз институциите и медиумите се неосновани и доаѓаат од политички структури кои, според него, со години ја злоупотребувале државата и сега се соочуваат со страв од одговорност.ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна пратеникот, останува цврсто посветена на политики што значат интеграција на Македонија во Европската унија, стабилно партнерство во НАТО и заштита на државните и националните интереси.„Лагите нема да ја покријат вистината“, порача Петрушевски, додавајќи дека јавноста препознава кој работи одговорно, а кој се служи со манипулации.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo5s4n44pvfppcTPItUp

„Билка“ предупредува: Заплените со канабис се последица на погрешни политики и отсуство на институционален надзор

Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА со сериозна загриженост ги следи последните настани поврзани со заплената на пет тона македонски канабис во Србија, како и десетици тона канабис запленети во Македонија, оценувајќи дека станува збор за директна последица на долгорочно погрешни јавни политики и слаб институционален надзор.Од здружението посочуваат дека ваквата состојба е резултат на децениска погрешна политика, несоодветни законски решенија и нивна погрешна или селективна имплементација. Според БИЛКА, постојните законски рамки со години наназад исклучиво го фаворизирале бизнис-секторот, додека пациентите, за кои формално и декларативно бил наменет медицинскиот канабис, биле оставени на маргините.БИЛКА потсетува дека во повеќе наврати јавно алармирала и доставувала конкретни предлози за законски измени, кои требало да овозможат квалитетни медицински производи од канабис, достапни за пациентите, како и дестигматизација и декриминализација на рекреативните корисници. Наместо тоа, како што наведуваат, системските пропусти довеле до ширење на сивата зона и до сериозни злоупотреби.Во реакцијата се отфрлаат барањата на дел од помалите политички партии за целосно укинување на можноста за одгледување медицински канабис. Според здружението, таквите барања се беспредметни и погрешно насочени, бидејќи злоупотребите не произлегуваат од самата можност за одгледување, туку од повеќегодишниот пропуштен надзор и неисполнување на законските обврски од страна на надлежните институции, пред сè Министерството за здравство, Министерството за земјоделство и Министерството за внатрешни работи.БИЛКА упати итен апел до сите парламентарни партии да започнат сериозна и одговорна работа на носење Lex Canabis, како посебен закон, кој конечно и системски ќе го уреди ова прашање. Според здружението, вакво законско решение е неопходно за пациентите да не зависат од црниот пазар, рекреативните корисници да не бидат криминализирани, индустрискиот коноп повторно да се врати на македонското поднебје, а во исто време државата да воспостави транспарентен и контролиран систем кој, секундарно, може да придонесе и за полнење на буџетот.Од БИЛКА порачуваат дека без суштински законски промени и вистинска политичка волја, актуелните скандали со канабис ќе продолжат, а штетата ќе ја плаќаат и пациентите и општеството во целина.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjijc629lb4us3L49QJ1

(Фото) Бомби, пушки, автоматско оружје - позната возраста на скопјаните кои планирале одмазда за нивните осудени браќа

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против три лица од Скопје поради сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 6 февруари 2026 година Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против Б.Д. (33), М.Д. (29) и С.Е. (25). Тие се товарат за кривично дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 1 од Кривичниот законик и за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ.Според наодите од предистражната постапка, постои сомнение дека осомничените се организирале со цел одмазда за своите браќа, кои во текот на минатата година биле обвинети и осудени за кривичното дело „терористичка организација“. Досега прибраните докази укажуваат дека тројцата дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба заснована на радикални исламистички наративи.Надлежните служби се сомневаат дека осомничените преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство, кои, според истрагата, биле користени за пропаганда и активности поврзани со таканаречената исламска држава, како и за набавка на оружје.По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници извршиле претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје. При претресите биле пронајдени и одземени автоматска пушка со две рамки и 44 куршуми, два пиштола со три рамки и 14 куршуми, една ловна пушка, една воздушна пушка, една рачна димна бомба, како и муниција од различен вид и калибар и други материјални докази релевантни за истражната постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqj04dn8rjasd1FuM7bw

(Видео) Скопјани спремале одмазда за нивните браќа осудени за тероризам: отворена истрага за тројца скопјани

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истражна постапка против три лица од Скопје, осомничени за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Како што соопштија од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, истрагата е отворена по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.„Во рамките на предистражна постапка е утврдено дека постои сомневање дека лицата се организираат за одмазда на своите браќа кои во текот на минатата година беа обвинети и осудени за кривично дело „терористичка организација“. Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи. Постојат сомневања дека се преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство и дека се користени за пропаганда и активности на исламската држава, како и за набавка на оружје“, велат од Обвинителството.По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, биле извршени претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје. При претресите, како што информираат од обвинителството, биле пронајдени и одземени парчиња огнено оружје, електронски уреди и други материјални докази значајни за постапката.По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка им определи мерка притвор во траење од 30 дена на сите тројца осомничени, поради постоење на законските основи утврдени во Законот за кривична постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi7tivsj54p8s0KiNGSj

По укинувањето на потпретседателските места, и Мисајловски-Кендо со Димитриеска-Кочовска влегуваат во Извршниот комитет

По укинувањето на потпретседателските функции во ВМРО-ДПМНЕ, двајцата дотогашни носители на овие позиции, Владо Мисајловски-Кендо и Гордана Димитриеска-Кочовска, се именувани за членови на Извршниот комитет на партијата.Владо Мисајловски-Кендо во својата изјава посочи дека со чувство на чест и одговорност продолжува да работи со посветеност за подобра иднина на државата, изразувајќи благодарност до претседателот Христијан Мицкоски за довербата. Тој нагласи дека служењето на идејата и на татковината претставува чест, потенцирајќи дека заедничката работа продолжува.И Гордана Димитриеска-Кочовска се заблагодари за повторното именување во Извршниот комитет, оценувајќи дека довербата е основа за секој успех. Таа истакна дека ќе продолжи да придонесува со својот труд, знаење и кредибилитет за остварување на заедничката цел – Македонија да стане подобро место за живеење за сите граѓани. Димитриеска-Кочовска порача дека периодот што следи е време на силни и мудри одлуки и цврсти чекори кон нови победи, од кои партијата нема намера да се откаже.Со оваа кадровска промена, ВМРО-ДПМНЕ ја заокружува новата организациска поставеност во врвот на партијата, со акцент на континуитетот во работата и вклучувањето на досегашните функционери во клучните партиски тела.

Македонија | пред 1 месец

media-library3i4jfhm0ipkvb0WV3t5

(Фото) Куче во тешка здравствена состојба пронајдено во Бутел, граѓани апелираат за итно згрижување

Куче во исклучително лоша здравствена состојба е пронајдено во скопската населба Бутел на гробиштата, а граѓани преку социјалните мрежи апелираат за итна помош и згрижување, предупредувајќи дека без брза реакција животот на животното е сериозно загрозен.На објавената фотографија се гледа видно исцрпено куче со тешки кожни промени, без соодветна нега и во состојба.„Кучево е за нигде, не знам дали воопшто му има спас. Доколку некој може и сака да го згрижи, можам да помогнам финансиски“, стои во јавниот повик.

Скопје | пред 1 месец

nikoloski-nikolovski-mickoski-mucunski

И Муцунски именуван во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по укинувањето на потпретседателската функција

По укинувањето на потпретседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски е именуван за член на Извршниот комитет на партијата. Тој преку јавно обраќање изразува благодарност за укажаната доверба и порачува дека ќе продолжи со истата посветеност во партиското дејствување.Муцунски му се заблагодарува на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на членовите на Централниот комитет, како и на целокупното членство на партијата, оценувајќи дека членството во Извршниот комитет претставува и чест и сериозна одговорност.Тој посочува дека во изминатиот период, како потпретседател на партијата, активно и целосно се вложувал во нејзината работа, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ поминува низ значаен политички циклус, во кој од опозициска партија прераснува во владејачка сила, и на локално и на централно ниво.Муцунски истакнува дека и во наредниот период ќе продолжи да придонесува во реализацијата на програмските цели и политиките на партијата, изразувајќи уверување дека новата организациска поставеност ќе донесе дополнителна енергија и внатрешна кохезија.Според него, силна и стабилна партија претставува клучен предуслов за силна и стабилна држава, а новиот состав на Извршниот комитет треба да придонесе кон поефикасно политичко делување и спроведување на политиките во интерес на граѓаните и заштитата на националните интереси.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygj6e8o97egln9K5T5ox

Менаџер од Бит Пазар осомничен дека од каса одзел 2,7 милиони дена

Полициски службеници од СВР Скопје го лишуваат од слобода А.В. (35) од Скопје, осомничен дека од фирмата каде што бил вработен противправно одзел близу три милиони денари.Апсењето се случува на 6 февруари 2026 година во 17:20 часот во Скопје, по претходна пријава поднесена на 4 февруари 2026 година. Според пријавата, А.В. во периодот од 18 декември 2025 до 4 февруари 2026 година, во продажно место на подрачјето на Бит Пазар, каде што работел како менаџер, во повеќе наврати неовластено одземал пари од касата.Со ваквото постапување, осомничениот му нанел штета на правниот субјект во вкупен износ од 2.783.867 денари.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 239 „затајување“ и член 235 „кражба“ од Кривичниот законик.

Скопје | пред 1 месец

media-librarytsf62np03c0k1J4idRR

Надминати првичните проценки – заплената на марихуана достигна околу 40 тони, но нема информации за уапсени

Над 30 тони марихуана достигнала заплената во струмичкиот регион, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Во кругот на поранешниот хемиски комбинат ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на фирмата „Алфафарм ДОО Скопје“, одземени се нешто над 10 тони. Со ова, вкупната количина марихуана која е изнесена од двете локации изнесува околу 40 тони, што значително ги надминува првичните проценки дека во Скопје има девет, а во струмичко околу 18 тони.Акцијата трае повеќе денови и сè уште не е целосно завршена. Засега нема информации за уапсени лица или повикани на информативен разговор.Од двете локации излегоа десетици возила – комбиња, камиони, мини-камиони, патнички возила, а во струмичкиот регион за првпат беше ангажиран и шлепер, што укажува на обемот и тежината на запленетата дрога. На терен, покрај полицијата и истражителите, биле присутни и екипи на Царинската управа, како и медицински лица.Оваа акција следува по настаните од пред неколку дена во Србија, каде што беа запленети пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека потекнуваат од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Токму таа заплена, според сознанијата, била клучниот момент кој ја забрзал и проширил истрагата и на македонска територија.Компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“ е регистрирана за производство и преработка на медицински канабис, а според податоците од Централниот регистар, во изминатиот период имало промени во сопственичката структура. Токму законитоста на производството, складирањето и трасата на движење на марихуаната се во фокусот на истражните органи.Од МВР и од ОЈО ГОКК и понатаму не изнесуваат детали, со образложение дека постапувањето на терен е во тек. Официјални информации за бројот на осомничени лица, евентуални приведувања и квалификацијата на кривичните дела се очекуваат по целосното завршување на акцијата.Според извори во истрагата, се проверуваат повеќе линии на одговорност – од евентуално незаконско производство, преку складирање, до шверц на дрогата надвор од државата. Со оглед на количините, случајот отвора сериозни прашања за институционалниот надзор врз производството на медицински канабис и можните пропусти на повеќе државни органи во изминатиот период.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Зеленски предупредува: САД и Русија не смеат да договараат решенија за Украина без Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупредува дека постои реален ризик САД и Русија да склучат билатерални договори што се однесуваат на Украина, без учество на Киев. Тој ова го соопштува на брифинг со новинари, во услови на засилени дипломатски активности насочени кон ставање крај на војната и најава за можен продолжеток на разговорите веќе следната недела.Зеленски вели дека украинската страна јасно го пренесува ставот дека, доколку дојде до билатерални документи меѓу Вашингтон и Москва, сите одредби што се однесуваат на Украина мора да бидат во согласност со украинскиот устав. Посочува дека Киев добива сигнали за можни договори, вклучително и во сферата на економската соработка, иако Украина нема целосен увид во сите разговори.Тој открива дека преку разузнавачки канали до украинското раководство стигнале информации за т.н. „пакет на Дмитријев“, наводен предлог за обемна економска соработка меѓу САД и Русија, проценет на околу 12 билиони долари. Зеленски нагласува дека Украина нема да поддржи никакви договори во кои се одлучува за неа – без неа.Изјавите следуваат по разговорите одржани на 4 и 5 февруари во Абу Даби, каде што се состануваат делегации на Украина, САД и Русија. Според Зеленски, американската страна предлага обновување на иницијативата за деескалација во енергетскиот сектор, со оглед на речиси секојдневните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура. Украина се согласува со предлогот, додека Русија сè уште не дава одговор.Воените претставници, како што информира Зеленски, ги разгледуваат техничките аспекти на евентуален прекин на огнот, особено механизмите за надзор доколку политичките лидери донесат одлука за запирање на борбите. Тој додава дека американското учество е потврдено, а не се исклучува ниту европско вклучување.Најчувствителното прашање и натаму останува територијата. Зеленски повторува дека задржувањето на сегашните позиции е најреалната основа за прекин на огнот во оваа фаза. Русија, пак, инсистира на повлекување на украинските сили од Донбас како услов за каков било договор.„Стоиме таму каде што сме – тоа е, според нас, најправеден и најстабилен модел за прекин на огнот во овој момент“, вели Зеленски. Тој потврдува дека американската страна ја изнесува и идејата за слободна економска зона во регионот, што отвора нови дебати, но потенцира дека Украина не ја прифаќа таа опција доколку значи губење на суверенитетот.Во однос на Крим и нуклеарната централа Запорожје, Зеленски истакнува дека сè уште нема согласност и дека тие прашања се директно поврзани со безбедноста, екосистемот и обновата на регионот. Тој нагласува дека Украина нема да прифати решенија што го наградуваат агресорот и создаваат нови безбедносни ризици.Зеленски додава дека САД предлагаат војната да заврши пред почетокот на летото и дека веројатно ќе вршат притисок врз двете страни за да се испочитува тој рок. Сепак, тој вели дека од украинскиот преговарачки тим нема најава дека Вашингтон би се повлекол од процесот и истакнува дека американското присуство е клучно – не само за Украина, туку и за Русија.На крајот, Зеленски открива дека за првпат се разговара и за можност најтешките прашања да се отворат на директен трилатерален самит на лидери, оценувајќи дека таков формат бара сериозни подготовки, но дека веќе станал дел од дипломатскиот дијалог.

Свет | пред 1 месец

media-library3pkfmbo1ecnhbqkoGFx

Кина ја преиначи смртната казна на канадски државјанин осуден за дрога

Кина ја преиначи смртната казна изречена на канадскиот државјанин Роберт Лојд Шеленберг, потврдија канадски претставници и неговиот адвокат, во потег што се толкува како можен дипломатски сигнал во момент кога Отава се обидува да ги подобри односите со Пекинг. Одлуката, според адвокатот Џанг Донгшуо, била донесена од кинескиот Врховен суд и официјално соопштена ден претходно.Шеленберг беше уапсен во 2014 година поради обвиненија поврзани со трговија со дрога. Првично беше осуден на 15 години затвор, но во јануари 2019 година, по повторно судење во североисточна Кина, казната му беше преиначена во смртна, со образложение дека претходната пресуда била преблага. Судот тогаш оцени дека тој бил клучен учесник во план за шверц на наркотични средства во Австралија, тврдење што Шеленберг постојано го негираше.Еднодневното повторно судење во 2019 година беше остро критикувано од меѓународни организации, кои го оценија како сериозно прекршување на меѓународните стандарди за правично судење. По најновата одлука на Врховниот суд, предметот ќе биде вратен на повторно разгледување пред Високиот народен суд во покраината Лиаонинг. Датумот на новото судење сè уште не е утврден.Според адвокатот, Шеленберг, кој од апсењето е во притвор во градот Далиан, бил информиран за одлуката и делувал релативно смирено за време на нивната средба.Случајот Шеленберг беше еден од симболите на наглото влошување на односите меѓу Канада и Кина, кои кулминираа во 2018 година со апсењето на финансиската директорка на „Хуавеј“, Менг Ванжоу, во Ванкувер, по американско барање. По тој настан, кинеските власти уапсија двајца канадски државјани, што Канада го оцени како директна одмазда.Преиначувањето на смртната казна доаѓа во период кога канадскиот премиер Марк Карни се обидува да воспостави пофункционални односи со Пекинг и да ги зајакне трговските врски, во услови на зголемени економски притисоци и потреба од диверзификација на извозните пазари.

Свет | пред 1 месец

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Гласаа против „Безбеден град“, а сега бараат казни за прекршителите

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче за лицемерие и двојни аршини, посочувајќи дека во Собранието гласале против законите кои овозможуваат имплементација на проектот „Безбеден град“, а истовремено јавно се залагаат за казнување на оние што управуваат нерегистрирани возила и возат без возачка дозвола.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со ваквиот однос СДС уште еднаш покажува дека ништо не се сменило во нивното политичко дејствување и дека контрадикторноста во ставовите е очигледна. Според партијата, „Безбеден град“ е системско решение кое овозможува дигитална контрола, транспарентно санкционирање и зголемување на безбедноста во сообраќајот, а токму против такво решение СДС гласал во законодавниот дом.Во реакцијата се наведува дека изминатиот период јавноста била сведок на насилни протести, при што лица поврзани со СДС јавно се заканувале и дивееле по градовите, барајќи да продолжат да возат без возачки дозволи. ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека ваквиот начин на изразување незадоволство е неприфатлив и не претставува демократски чин.Партијата потсетува дека најгласен противник на „Безбеден град“ бил координаторот на пратеничката група на СДС, Оливер Спасовски, кој како поранешен министер за внатрешни работи, според нив, не реализирал ниту еден проект што системски и дигитално ја унапредува сообраќајната безбедност.„Во периодот на владеење на СДС не беше имплементирано ниту едно вакво решение, а сега кога конечно се воведува систем што носи ред, безбедност и еднаквост пред законот, тие гласаат против и лицемерно тврдат дека се против возење без возачка и со нерегистрирани возила“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека проектот „Безбеден град“ ја надминува партиската агенда, бидејќи претставува суштинско решение за заштита на животите на граѓаните и за воспоставување ред и законитост во сообраќајот. Според нив, секој што се залага за безбедност и еднаква примена на законите, безрезервно треба да го поддржи овој проект, а спротивното го оценуваат како политичка калкулација на сметка на безбедноста на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

СДСМ прашува: Како пет тони дрога ја минале границата и кој ќе одговара ако била незаконски произведена

СДСМ реагира дека поминала цела недела откако јавноста беше информирана за, како што го нарекуваат, картелскиот скандал со пет тони дрога од Македонија, запленети во соседна Србија, а сè уште нема одговор како толкава количина наркотична дрога ја поминала македонската граница.Од партијата прашуваат кој ќе понесе одговорност и кој во врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога, нагласувајќи дека без поддршка од власта и без вмешаност на структури во Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други институции, не е можно пет тони дрога да бидат прошверцувани надвор од државата.СДСМ оценува дека поврзаноста на криминалните структури во Македонија и во Србија е очигледна за јавноста, а молкот од страна на власта, според нив, е најсилната потврда за тоа. Дополнително, од опозицијата сметаат дека со медиумска кампања околу заплени на канабис, власта уште повеќе се заплеткала во сопствените противречности.„Ако навистина се запленети 40 тони нелегално произведена марихуана, тогаш логично се поставува прашањето што правела власта изминатите две години“, наведуваат од СДСМ, посочувајќи дека мора да се утврди кои институции потфрлиле и кој го дозволил тоа. Според нив, одговорноста мора да се бара кај надлежните во МВР, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство и другите институции кои имаат законски обврски во овој процес.Од партијата потсетуваат дека постои строго пропишана законска процедура за производство, складирање и контрола на медицински канабис, во која се вклучени повеќе институции. Ако, како што тврдат, се покажe дека десетици тони марихуана биле произведени незаконски, СДСМ бара јасен одговор кој од врвот на власта ќе понесе политичка и институционална одговорност.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf6pgriig8jtl5KAEBTa

(Видео) По дводневна акција: со десет возила и шлепер oд струмичко изнесени уште околу 18 тони марихуана, вкупно над 27 тони

По два дена интензивна акција, утрово од локацијата во струмичко, каде што се вршеше претрес и заплена, излегоа вкупно 190 возила натоварени со заплена. Според информациите на „Скопје1“, од теренот заминаа четири комбиња, еден мини-камион, пет камиони, осум патнички возила и еден шлепер, со што неофицијално е заокружена заплената на околу 18 тони марихуана од оваа локација.За разлика од претходната заплена во Скопје, во струмичко за првпат беше вклучен и шлепер, што дополнително укажува на обемот и логистиката на криминалната операција. Според сознанијата, токму оваа локација претставува вториот клучен крак на истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Детали за акцијата и натаму не се откриваат. Во јавноста нема информации за сторени кривични дела, ниту за осомничени лица. На ниво на шпекулација е информацијата дека марихуанта се запленува бидејќи е произведена надвор од пропишаните граници на производство кои што биле дозволени. Но ова не е потврдено од ниту една институција.Претходно, од кругот на поранешниот хемиски комбинат ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, беа изнесени околу девет тони марихуана. Таму, според нашите извори, беа ангажирани комбиња, камиони и патнички возила, а на теренот, покрај полицијата и истражителите на Обвинителството, имало и медицински екипи, како и возила на Царинската управа.Со струмичката заплена, вкупната количина одземена марихуана достигнува околу 27 тони, што претставува најголема конфискација на наркотична дрога во Македонија за која досега има сознанија во јавноста.Акцијата следува по настаните од пред неколку дена во Србија, каде што беа пронајдени и одземени пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин поврзан со семејство во околината на Крушевац, а во тој предмет се осомничени најмалку пет лица, од кои дел сè уште се недостапни за органите на прогонот.Во фокусот на македонската истрага е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана за одгледување и преработка на медицински канабис, кај која, според податоците од Централниот регистар, биле забележани промени во сопственичката структура непосредно пред српската заплена.Од МВР и од Обвинителството засега не соопштуваат дополнителни детали, со образложение дека постапките на терен сè уште траат. Јавноста, како што најавуваат институциите, ќе биде официјално информирана по целосното завршување на акцијата и комплетирањето на истражната постапка, кога се очекува да бидат соопштени и бројот на осомничени лица, како и кривичните дела што ќе им се стават на товар.

Настани | пред 1 месец

media-libraryk72j35omtjvl4L1wvyr

(Видео+фото) Параглајдер со седиште бил подготвен од затвореник за да „одлета“ од Идризово - требало само слаб ветер!

Параглајдер со седиште, подготвен за склопување и бегство, е пронајден во затворот Идризово, потврди директорот Зоран Јовановски во поткастот „Претрес“. Според него, планот за бегство бил откриен откако лицата кои го подготвувале биле издадени од нивен цимер-затвореник.Јовановски изјави дека параглајдерот бил сместен во торба и бил пронајден при реновирање на кровот. По отворањето на торбата, биле откриени деловите од леталото, а дополнително биле најдени седиште и гумени рачки за управување.Тој појасни дека параглајдерот можел релативно лесно да се внесе во установата бидејќи на безбедносните скенери не регистрира метал, туку се третира како гардероба или неметален материјал.Целта, според директорот, била јасна – бегство од затворот. Јовановски наведе дека постојат првични индиции за лицето за кое бил наменет параглајдерот, додавајќи дека станува збор за физички подготвен затвореник.„Со поголем, а слаб ветер, овој параглајдер може да полета“, изјави Јовановски, потенцирајќи дека случајот сериозно се анализира и дека ќе следуваат дополнителни безбедносни проверки.Повеќе детали за случајот и безбедносните пропусти во затворскиот систем се објавени во поткастот „Претрес“, каде темата беше детално обработена:

Студио | пред 1 месец

media-library7o8copoi1fvu0lanwZp

Николоски од потпретседател станува член на Извршен: Ќе ги донесеме промените, пред нас е напорна работа

Александар Николоски соопшти дека новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е формиран со јасна цел – победа на следните парламентарни, претседателски и локални избори и спроведување суштински промени во државата.Во својата изјава, Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува партија што победува и ја менува Македонија, нагласувајќи дека новиот Извршен комитет ќе биде двигател на тие процеси.Тој му се заблагодари на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за укажаната доверба и чест, посочувајќи дека нивната соработка и пријателство значат заедничка, напорна и деноноќна работа насочена кон реални промени и подобар живот за граѓаните.Николоски порача дека во периодот што следи фокусот ќе биде ставен на одговорно работење, јасна визија и силна организација, со цел ВМРО-ДПМНЕ да ја зацврсти својата политичка позиција и да ја реализира програмата за развој и напредок на Македонија.

Македонија | пред 1 месец

media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Над 400 дронови и 40 ракети упатени кон Украина

Со над 400 дронови и околу 40 ракети, Русија изврши масовен ноќен напад врз Украина во периодот меѓу 6 и 7 февруари, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Главна цел на нападите биле енергетските капацитети низ земјата, јавуваат украинските медиуми.Зеленски преку социјалната мрежа Икс информираше дека руските сили ја таргетирале енергетската мрежа, производните капацитети и дистрибутивните трафостаници. Според неговите информации, регистрирана е штета во Волинската, Ивано-Франкивската, Лавовската и Ривненската област, а во градот Ривне е оштетена и станбена зграда.Во Ладижин, во Виничката област, беспилотни летала погодиле управна зграда на земјоделско училиште. Напади биле регистрирани и во Киевската и Харковската област, додека во дел од регионите украинската противвоздушна одбрана и натаму дејствувала во моментот на објавата.Украинскиот претседател повторно апелираше до меѓународните партнери за зголемена воена помош, посебно за дополнителни ракети за системите за противвоздушна одбрана, нагласувајќи дека заштитата на енергетската инфраструктура е клучна за опстанокот на земјата.Министерот за енергетика Денис Шмигал потврди дека во нападот биле погодени клучни трафостаници и далекуводи со напон од 750 и 330 киловолти, кои, како што рече, претставуваат „’рбет“ на украинскиот електроенергетски систем. Тој оцени дека станува збор за сериозен удар врз стабилноста на снабдувањето со електрична енергија, особено во зимски услови.Нападот е дел од континуираната руска кампања насочена кон слабеење на украинската енергетска инфраструктура, која последните месеци е честа мета на масовни воздушни удари.

Свет | пред 1 месец

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

Момчето на загинатата келнерка сведочеше: Еден час се борев да ѝ го спасам животот по пожарот во швајцарскиот клуб

Момчето на 24-годишната келнерка Сијан Панин, која загина во катастрофалниот новогодишен пожар во барот Le Constellation во швајцарското скијалиште Кранс-Монтана, сведочеше пред судот дека повеќе од еден час се обидувал да ѝ го спаси животот давајќи ѝ вештачко дишење уста на уста.Жан-Марк Г., нејзиното момче, пред судот раскажа дека во моментот кога избувнал пожарот, сопственикот на локалот Жак Морети му довикнал дека ја пронашол Панин и се обидува да ја реанимира. Двајцата, според сведочењето, заедно се бореле да ја одржат во живот сè додека неговата сопруга Џесика Морети не донела лекар. Панин подоцна им подлегнала на повредите.Ова сведочење отвори нови контроверзии во процесот, бидејќи сопствениците на барот претходно токму неа ја посочуваа како одговорна за трагедијата во која загинаа 41 лице, а 116 беа повредени. Истрагата утврди дека пожарот избувнал кога прскалките од шишињата шампањ се запалиле од звучноизолациската пена поставена на таванот на подрумот.Жан-Марк, кој на суд беше опишан како „посвоен син“ на сопствениците, сведочеше дека Панин имала блиски односи со семејството Морети, дека била кај нив за Божиќ и дека ја сметале за дел од семејството. Тој ги негираше тврдењата дека таа била искористувана, што е спротивно на наводите на нејзиното семејство.Адвокатката на семејството на жртвата, Софија Хени, ги отфрли ваквите тврдења, наведувајќи дека Панин им се жалела на родителите дека била „немилосрдно терана да работи“, дека била психички и физички исцрпена и дека планирала јавно да проговори за условите во барот. Според неа, жртвата никогаш не била информирана за опасностите од пената на таванот, ниту поминала каква било безбедносна обука.Кобната ноќ, Панин била снимана како носи заштитна кацига од бренд шампањ, додека на раменици ја носел диџејот Матео Лесгер, кој исто така загина во пожарот. Сведоци навеле дека ова било побарано од сопствениците како дел од маркетиншки настап, иако кацигата ѝ го ограничувала видното поле.Сопствениците на клубот се под истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар. Тие тврдат дека не ја присилувале Панин да учествува во перформансот и дека таа тоа го правела доброволно. Истовремено, се соочуваат и со обвинувања од дел од вработените дека излезите за итни случаи биле заклучени и дека сопствениците се обиделе да избегаат со касата – тврдења што Моретиеви ги негираат.Истрагата е предмет на остри критики од семејствата на жртвите поради пропусти, меѓу кои и фактот дека не биле извршени обдукции на сите загинати. Некои семејства размислуваат да побараат ексхумација, а трагедијата веќе доведе до забрана за употреба на пиротехника во сите затворени јавни простори во кантонот Вале.

Свет | пред 1 месец

media-librarycbkve3ctqmn1aOxO7DH

Возач на „Убер“ силувал жена, компанијата ќе мора да плати 8.5 милиони долари

Федерална порота во Феникс пресуди дека компанијата Uber мора да ѝ исплати 8,5 милиони долари отштета на жена која била силувана од еден од нејзините возачи, оценувајќи дека компанијата сноси одговорност за нападот. Одлуката се смета за клучна, бидејќи може да влијае врз исходот на илјадници слични тужби против превозничкиот гигант во САД.Станува збор за првото судење од над 3.000 обединети тужби против Uber што се водат пред федерален суд. Случајот, покренат од Џејлин Дин, имаше улога на т.н. „огледно судење“, со цел да се тестираат правните аргументи и да се утврди ориентир за висината на можните отштети во идни нагодби.Поротата утврди дека возачот дејствувал како застапник на Uber, со што компанијата станала директно одговорна за неговото однесување. На тужителката ѝ беа досудени 8,5 милиони долари отштета, додека барањето за казнена отштета беше одбиено. Нејзините адвокати претходно побараа над 140 милиони долари.Од Uber соопштија дека поротата ги отфрлила другите тврдења на тужителката – дека компанијата била немарна или дека безбедносните системи ѝ биле недоволни – и најавија жалба на пресудата, нагласувајќи дека вложиле значителни средства во безбедноста на патниците.Од спротивната страна, адвокатката на тужителката, Сара Лондон, оцени дека пресудата е „потврда за илјадници жртви кои истапиле, и покрај личниот ризик, за да ја повикаат компанијата на одговорност поради ставање на профитот пред безбедноста на патниците“.Правни експерти оценуваат дека доколку пресудата опстане во жалбената постапка, таа може да послужи како преседан и ориентир за висината на отштетите во други слични случаи, иако секој предмет формално се оценува поединечно.Тужбата беше поднесена во 2023 година, еден месец по нападот што се случил во Аризона, кога тужителката имала 19 години. Во неа се наведува дека Uber бил свесен за серија сексуални напади извршени од возачи, но не презел доволни мерки за заштита на патниците – обвинувања што со години ја следат компанијата и се предмет на јавен и институционален интерес во САД.

Свет | пред 1 месец

media-libraryp6p9kt237kud8gtSvsy

Ѓорѓиевски по изборот во Извршниот комитет: Должност што се прифаќа со исправен грб и целосна посветеност

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со јавно обраќање ја изрази својата благодарност за укажаната доверба да биде избран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека станува збор за должност што се прифаќа со целосна одговорност, исправен грб и подготвеност за пожртвувана работа во интерес на државата и граѓаните.Ѓорѓиевски нагласи дека довербата добиена од претседателот Христијан Мицкоски за него претставува чест, но и обврска за уште поголема посветеност кон визијата за подобро Скопје и посилна Македонија. Тој потсети дека патот до овој момент не бил лесен и дека политичките победи не биле подарени, туку освоени со истрајност, жртва и верба, што, според него, ја зацврстило и ја обединило партијата.Во своето обраќање, Ѓорѓиевски се наврати и на својата лична политичка биографија, посочувајќи дека неговата приказна со ВМРО започнала уште на 16-годишна возраст, кога бил претседател на местен комитет, по што чекор по чекор минувал низ сите партиски нивоа до членство во највисокото партиско тело. Тој истакна дека токму тешките периоди го градат карактерот, а лидерството се докажува кога условите се најпредизвикувачки.Ѓорѓиевски порача дека актуелното раководство, рамо до рамо со претседателот на партијата, има јасна намера да остави траен белег и да ја испише историјата, потенцирајќи дека периодот што следи ќе биде обележан со интензивна работа заедно со општинските комитети, партиските ветерани, Унијата на млади сили и Унијата на жени. Според него, фокусот ќе биде ставен на мотивирана, обединета и цврста политичка акција во интерес на граѓаните, идните генерации и развојот на државата, со уверување дека Македонија ја очекува убава иднина.

Македонија | пред 1 месец

ivica-tomovski

Томовски и Пецаков со поддршка за новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

По изборот на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, пристигнуваат реакции и јавни честитки од партиски функционери и носители на јавни функции, кои упатуваат пораки за единство, одговорност и засилена работа во периодот што следи.Ивица Томовски упати честитки за изборот на новиот состав на Извршниот комитет, како и за изборот на новиот генерален секретар Драган Ковачки. Тој истакнува дека новото раководство ја има неговата целосна поддршка и почит, со порака дека заедничката цел е изградба на силна ВМРО-ДПМНЕ, што, според него, значи и напредна и силна Македонија. Томовски нагласува дека партијата треба да продолжи одговорно и со конкретни решенија за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.Со јавна изјава се огласи и Кирил Пецаков, кој посочува дека изборот за член на новиот Извршен комитет за него претставува голема чест, но и уште поголема одговорност. Тој нагласува дека довербата што ја добива од претседателот на партијата и од Централниот комитет е потврда за досегашната работа, но и обврска за уште посилно темпо во иднина. Пецаков порачува дека мисијата на новиот состав е јасна – професионализам, чесност и неуморна работа во интерес на подобра иднина за сите граѓани, упатувајќи благодарност за поддршката и повик за заедничко продолжување на политичката борба за Македонија.

Македонија | пред 1 месец

media-library0gloph133loj7jZ2Hpj

Втор ден се запленува марихуана: по конфискуваните девет тони, акцијата трае во струмичко со останатите околу 18 тони

Откако вчера беа одземени околу девет тони марихуана од кругот на скопска фирма, Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и денеска продолжуваат со активности на терен, овојпат во струмичкиот регион. Како што веќе објави „Скопје1“, таму се запленуваат преостанатите околу 18 тони марихуана, со што вкупната количина опфатена со акцијата достигнува околу 27 тони.Од Министерство за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдуваат дека акцијата е во тек, но без да откриваат детали. „Активностите во однос на акцијата за која прашувате сè уште се во тек и поради тоа не сме во можност да споделиме дополнителни информации. По целосно завршување на акцијата, соодветно ќе биде информирана јавноста“, велат од МВР.Со сличен став е и Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од каде наведуваат дека поради тоа што сè уште се постапува на терен, во овој момент не можат да споделат повеќе информации со јавноста.Акцијата во Македонија следува по настаните од пред неколку дена во Србија, кога тамошните власти запленија околу пет тони марихуана за кои официјално соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Токму таа заплена ја отвори истрагата за поширока криминална мрежа, по што македонските институции започнаа координирана акција на повеќе локации во земјава.Надлежните најавуваат дека јавноста ќе биде детално информирана по целосното завршување на претресите и истражните дејствија, кога се очекува и официјална потврда за конечната количина на запленетата дрога и евентуалните осомничени лица.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrhelp7lge2ll1vLY0ag

Панделевски нема вина во „Империја“, обвинението повлечено: Ова не е победа, туку задоцнета правда

По одлуката на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да го повлече обвинението против Панделевски во предметот „Империја“, тој во јавно обраќање порача дека исходот ја потврдува неговата позиција дека „против него немало релевантни докази за сторено кривично дело, но и дека последиците од повеќегодишната постапка остануваат“.Панделевски наведува дека од самиот почеток укажувал оти обвинението е правно и фактички неосновано, оптоварено со сериозни процесни пропусти и без докази што би ја поткрепиле тезата за измама или перење пари. Потсетува дека против него биле водени две обвиненија, од кои првото, за наводна злоупотреба на положбата и оштетување на акционерите на „Бетон – Штип“, било повлечено уште на судење, откако се утврдило дека не постои ниту еден оштетен акционер, и покрај тврдењата за околу 150 оштетени лица.Според неговото обраќање, постапката потоа била продолжена со обвинение за наводна измама и перење пари во однос на Кираца Трајковска, преземено од нов обвинител. По изјавата на Трајковска дека никогаш немала контакт со него, како и по изјавите на 14 акционери од „Фершпед“ дека немале каков било однос со него, Панделевски оценува дека станало јасно оти не постои ниту фактичка ниту правна основа за продолжување на обвинителниот акт.„Со повлекувањето на обвинението, обвинителството практично потврди дека: 1. Не постои доказ дека сум презел дејствија со намера за прибавување противправна имотна корист, 2. Не постои доказ дека сум довел кого било во заблуда, 3. Ниту пак дека сум имал влијание врз одлуките на акционерите или управувањето со нивниот имот. Овој исход за мене не претставува победа, туку задоцнета институционална потврда дека правото и фактите, и покрај сè, мора да надвладеат“, вели Панделевски.Истовремено, Панделевски нагласува дека повеќегодишната постапка оставила сериозни последици врз неговиот личен и деловен интегритет, како и врз компаниите со кои е поврзан, кои функционирале под постојан притисок, правна неизвесност и нарушена деловна репутација. Во наредниот период најавува детална анализа на правните, економските и репутациските последици, по што ќе донесе одлука за понатамошните чекори, вклучително и за начините на исправување на нанесената штета и идниот деловен ангажман.„Очекувам овој случај да послужи како сериозно предупредување за значењето на почитувањето на основните принципи на правична постапка, законитост и професионална одговорност во работењето на институциите, особено во предмети со висок јавен и економски импакт. Како бизнисмен со повеќедецениско искуство и без ниту една дамка во своето професионално портфолио, укажувам дека обвинителството секогаш мора да води сметка за интегритетот на лицата, бидејќи штетата од вакви постапки не се нанесува само врз неправедно обвинетиот, туку и врз целото општество“, додава Панделевски.Во овој случај, ексшефот на УБК, Сашо Мијалков и Јордан Орце Камчев признаа вина, а спогодувајќи се со Обвинителството враќаа пари на државата и добија минимални затворски казни.

Македонија | пред 1 месец

media-library508s3j11gks478jHwC6

(Видео) Од фабриката „Oхис“ излегоа 20 возила: Запленети 9 тони марихуана на првата локација поврзана со „Алфафарм“

Седум комбиња, еден мини-камион, шест камиони и шест патнички возила излегоа од кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на скопската компанија Алфафарм ДОО Скопје, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис. Ова е првата локација од која, според информациите на „Скопје1“, се запленети околу девет тони марихуана.Според нашите извори, на теренот покрај полициски службеници и истражители биле присутни и медицински тимови, а во акцијата учествуваа и возила на Царинска управа. Засиленото присуство и логистиката укажуваат на обемот и сериозноста на операцијата.Втората локација од која се одземаат дополнителни околу 18 тони марихуана, според изворите на „Скопје1“, се наоѓа во струмичкиот регион. Со тоа, вкупната количина на запленета дрога во оваа координирана акција достигнува околу 27 тони, што претставува една од најголемите конфискации забележани досега.Од Министерство за внатрешни работи и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција засега не соопштуваат официјални детали, со образложение дека претресите и проверките сè уште се во тек.Акцијата доаѓа откако пред четири дена во Србија беа пронајдени и одземени пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин во село во близина на Крушевац.Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата располага со акционерски капитал од околу 529 илјади евра и има повеќе косопственици. Посебно внимание привлекува фактот што се евидентирани измени во сопственичката структура само неколку дена пред во Србија да бидат откриени и запленети петте тони марихуана.Во Србија, според официјалните информации, осомничени се пет лица, од кои две сè уште се недостапни за органите на прогонот, а се гонат за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги. Бројот на осомничени и кривичните дела за кои постојат сомневања во Македонија ќе бидат соопштени по завршување на целосната истражна постапка, кога се очекува и официјална потврда за заплената од над 27 тони марихуана.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања