Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Трамп до Зеленски: Последниот збор е мој

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина во моментов работи на пет документи што треба да обезбедат мир во Украина, а билатералниот договор меѓу Украина и САД за безбедносни гаранции е „скоро готов“ и блиску до потпишување.Сепак одлуката за потпишување ќе зависи од форматот на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.Тојизјави дека мировниот план од 20 точки, на кој работеа Украина, САД и Европската Унија, може да се потпише само со согласност на сите страни, вклучително и Русија.Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за „Политико“, беше јасен дека тој е врховниот арбитер за каков било договор меѓу Русија и Украина, истакнувајќи дека судбината на планот зависи исклучиво од неговото одобрение. Оваа изјава доаѓа во пресрет на средбата со Володимир Зеленски во Флорида, каде украинскиот лидер ќе претстави нов мировен план кој вклучува демилитаризирана зона и безбедносни гаранции од САД.Средбата ќе биде фокусирана на најжешките прашања: контролата врз Донбас и управувањето со нуклеарната централа Запорожје, додека Вашингтон врши притисок врз Киев за поголема флексибилност.

Свет | пред 2 месеци

media-library9m0ii0hbh2uk0wx2LDk

Година на протести и криза: Србија ја испраќа 2025 под сенката на политичка нестабилност

Годината што изминува за Србија ќе остане силно обележана со длабока општествена и политичка криза, поттикната од трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година. Падот на настрешницата на штотуку реновираниот објект, при што загинаа 15 лица, предизвика бран масовни студентски протести кои од месец во месец ги оголуваа бројните пукнатини во власта, персонализирани во ликот на претседателот Александар Вучиќ.По трагедијата, студентите излегоа на улиците барајќи одговорност за, како што наведоа, немарот, корупцијата и коруптивните договори без јавни тендери. Протестите продолжија и во 2025 година, а нервозата кај власта видливо се зголемуваше.Дополнително незадоволство во јавноста предизвика нападот врз студенти во Нови Сад од страна на поддржувачи на владејачката Српска напредна странка. Во инцидентот, една студентка беше тешко повредена кога ѝ беше скршена вилицата со бејзбол палка. Настанот, на почетокот на јануари, доведе до пад на владата на премиерот и лидер на СНС, Милош Вучевиќ.Во март почина и 16-тата жртва од падот на настрешницата, а на 15 март, на дотогаш најмасовниот протест во Белград, по повик на студентите, се собраа повеќе од 300.000 граѓани. Протестот беше прекинат со неидентификуван продорен звук, по што демонстрантите ја обвинија власта дека употребила таканаречено звучно оружје. Власта тоа го негираше, а Вучиќ изјави дека ќе се повлече доколку се докаже таква употреба.Во април Србија доби нова влада, на чие чело застана речиси непознатиот за пошироката јавност ендокринолог и универзитетски професор Ѓуро Мацут. Опозицијата владата ја оцени како „преодна“, а премиерот како „марионета“ на Вучиќ.И покрај тоа, студентските блокади на повеќе од 40 факултети и протестите продолжија низ целата земја. Државниот врв ги нарекуваше „обоена револуција“ увезена од странство, со цел соборување на Вучиќ, додека паралелно се засилија апсењата на студенти и активисти под обвиненија за загрозување на уставниот поредок.Студентите инсистираат институциите, особено правосудството, да работат без политички притисоци, бараат ослободување на приведените демонстранти и распишување предвремени избори.На меѓународен план, Србија во 2025 година не направи исчекор кон Европската Унија, без отворен ниту еден нов преговарачки кластер. Европската комисија повторно оцени дека нема напредок во владеењето на правото, слободата на медиумите, слободата на собирање и усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, особено во однос на санкциите кон Русија.Вучиќ, преку чести медиумски настапи на националните телевизии, се обидуваше да ја увери јавноста дека држи сѐ под контрола, иако економските индикатори покажуваат поинаква слика.Во првите осум месеци од 2025 година, странските инвестиции изнесуваа 1,49 милијарди евра, наспроти 3,2 милијарди евра во истиот период лани. Јавниот долг ја надмина границата од 38 милијарди евра, а неколку странски компании ги затворија своите погони, оставајќи повеќе од 2.500 лица без работа.Дополнителен удар дојде од американските санкции кон рускиот енергетски сектор, кои ја опфатија и Нафтната индустрија на Србија, во која Русија има мнозински удел. Поради тоа, хрватскиот ЈАНАФ ја прекина испораката на нафта, а рафинеријата во Панчево престана со работа кон крајот на ноември.Во септември беше одржана голема воена парада, прва по повеќе од една деценија, со која, според аналитичарите, Србија испрати пораки и до домашната и до меѓународната јавност. Земјата договори и набавка на 12 француски борбени авиони „рафал“, потег што ја подели јавноста.Годината заврши и со повлекување на компанијата поврзана со семејството на американскиот претседател Доналд Трамп од контроверзниот проект за луксузен комплекс во центарот на Белград, по масовни протести и обвинувања за погодности. Вучиќ најави кривични пријави против сите што, како што рече, учествувале во „хајката“, тврдејќи дека Србија изгубила инвестиција вредна 750 милиони евра.Сѐ на сѐ, Србија ја испраќа годината со продлабочени внатрешни поделби, институционална криза и неизвесност околу политичката и економската иднина.

Свет | пред 2 месеци

media-librarybmsqfukqd1vd2s0JrNo

Што да очекувате од времето за дочекот на Нова година

Според најновите ажурирања на прогностичките материјали, новогодишната ноќ и првиот ден од 2026 година, 1 јануари (четврток), ќе поминат во знак на вистински зимски услови. Македонија ќе се најде под влијание на изразен студен бран од север, кој ќе донесе многу ладно време и засилен ветер од северен правец.Паралелно со студот, се очекуваат и врнежи, претежно од снег. Пообилни снежни врнежи се прогнозираат во западните предели на државата, додека на повисоките места и на планините ќе се формира значителна снежна покривка. Сепак, снег се очекува и во повеќето градови, особено во западниот дел од Македонија, каде е можно создавање помала, но забележлива снежна покривка.Во Скопје и околината, за време на новогодишната ноќ и на 1 јануари, се прогнозираат послаби врнежи од снег, проследени со повремено засилен ветер од северен правец, што дополнително ќе го засили чувството на студ.Од Метеоаларм посочуваат дека прогнозата ќе се доработува со нови ажурирања на моделите, па можно е да има одредени промени во наредните денови. Поради тоа, на граѓаните им се препорачува редовно да ги следат најновите метео анализи за да избегнат забуни околу временските услови за новогодишната ноќ и почетокот на 2026 година.Во меѓувреме, претстојниот викенд Македонија ќе биде под влијание на понатамошно спуштање на ладен воздух од североисток. Овој студен бран ќе биде претежно сув, но ќе донесе изразен студ и многу ветровито време. Особено во недела, 28 декември, повремено ќе дува силен северен ветер, кој во Повардарието и југоисточните делови ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.Времето за време на викендот ќе биде претежно ведро и сончево, со мала локална облачност. Утринските температури ќе се движат од -7 до 1 степен, додека дневните ќе се искачуваат меѓу 3 и 10 степени.Уште постудено утро се очекува во понеделник, 29 декември, кога наутро температурите насекаде ќе бидат под нулата, во интервал од -10 до -1 степен. На повисоките места и на планините постојат услови температурите да се спуштат и под -10 степени.Во Скопје и околината, за време на викендот, утринските температури ќе се движат од -4 до -2 степени, а дневните од 6 до 8 степени. И во главниот град ќе има повремено засилен северен ветер, кој во делови од котлината може да достигне брзина од 60 до 70 километри на час.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykfgf6e5cmk4c4RVgALy

Јани Макрадули од СДСМ му пиша на Дедо Мраз

Со сатиричен тон и јасна иронија, поранешниот висок функционер на СДСМ, Јани Макрадули, објави „празнично писмо“ до Дедо Мраз, во кое преку хумор и алузии се осврнува на политичките случувања во Македонија, европските теми, економијата, загадувањето и улогата на ПР-от во јавниот живот.„За разлика од другите, јас верувам во чуда, а и во тебе. Нереален, ама тука. И моите гласачи веруваат во нереални работи“, пишува Макрадули, додавајќи дека и самиот е „од север“, како Дедо Мраз, со иронична напомена дека на своите гласачи им ветил дека нема да го користи терминот „северна“.Во писмото, тој потенцира дека не бара подароци, бидејќи, како што наведува, „си имаме буџет, дури и папаја во зима“, но затоа има неколку „молби“. Меѓу нив е и прашањето за европските субвенции: „Ако го знаеш колегата од Брисел, види дали може нешто со субвенциите да се направи. Ни ги замрзнаа, не дека е ладно, туку малку моите се опуштија“.Макрадули со сарказам се осврнува и на проблемот со загадувањето и енергентите. „Чисто од љубопитност, види некаде мазут да не има? Да, тој што загадува. Моите се заиграа, па не испланираа на време, а што знае дете што се 50 тони – зема и увезува“, пишува тој.Посебно место во писмото има и ветената милијарда евра за справување со загадувањето. „Кога леташ, види таа една милијарда евра што им ја ветив, да не е заглавена во некој снег. Не унгарската, друга е ова. Унгарската, зошто испрана, некако брзо ни клизна низ рацете“, наведува Макрадули.Со уште поостра иронија, тој тврди дека земјата е „трета економија во Европа“, но дека за да стане прва, „има еден талог што треба да се исчисти“. „Не е од кафе талог, туку луѓе што размислуваат со своја глава. За нив популизмот е непристоен, а ПР-от без ефект. Тие ја сакаат земјата во ЕУ, и тој талог мора да се покрие“, пишува Макрадули.Во завршницата, писмото добива уште поексплицитен сатиричен карактер. „Слободно прескокни со критичка мисла. Кампањиве одлично функционираат и без неа. Не ни носи разум, ќе ни ги расипе слоганите“, порачува тој, додавајќи: „Без прашања годинава, те молам. Си имаме готови одговори. Задржи ги фактите, со нив не се прави добар ПР“.Писмото завршува со повик за „тишина“, која, според Макрадули, е предуслов за стабилна политика, како и со забелешка дека ако Дедо Мраз има нешто „од себе“ да остави, слободно може да го остави кај него, „зашто има некои што ја примаат пораката, ама не знам дали ја читаат“.Со ова сатирично обраќање, Макрадули уште еднаш ја користи формата на иронија и алегорија за да упати критика кон политичката практика, комуникацијата со јавноста и односот кон суштинските општествени прашања.

Коментари | пред 2 месеци

media-library62t1k2tvgebpbmPuau0

Кога системот не гледа живот: сведоштво на иселеник за апсурдите со греењето во Скопје

Иселеник од Македонија кој веќе четири години живее и работи во Канада, Кирил Колемишевски, јавно ја сподели својата приказна за, како што вели, „апсурдот што само Македонија знае да го направи нормален“, откако му бил укинат статусот на времено исклучен корисник на централно греење, иако радијаторите во неговиот стан се физички исклучени и пломбирани.„Пред четири години се преселив во Канада. Во Македонија доаѓам еднаш до двапати годишно, само да ги видам родителите, брат ми и пријателите. Имам стан во Скопје кој најголемиот дел од годината е затворен и празен“, вели Колемишевски.Тој објаснува дека радијаторите во станот се исклучени од системот со официјална интервенција и дека нема никаква техничка можност да користи централно греење.„Радијаторите се физички исклучени и пломбирани. Немаат контакт со системот. Единствено што постои се цевките што минуваат низ станот, затоа што системот мора да ги снабдува становите над мене“, наведува тој.Сепак, проблемот започнал затоа што при кратките престои во Скопје, користел електрична енергија.„Кога ќе дојдам во Македонија, нормално е дека го користам станот. Фрижидерот работи, вклучувам бојлер, полнам телефон, правам кафе, готвам јадење. Трошам струја затоа што сум таму, не затоа што сум се греел“, посочува Колемишевски.Според него, државниот правилник предвидува дека за да се признае статус на „времено исклучен од греење поради некористење“, мора да се докаже дека станот не се користел, преку просечна месечна потрошувачка на струја под 50 киловат-часови„Ова веројатно е направено за да се спречат манипулации. Но јас имам пломбирани радијатори, а сум потрошил повеќе струја затоа што сум дошол дома“, вели тој.Токму поради тоа, како што тврди, ЕСМ Снабдување со топлина му го укинало статусот. „Не рекоа дека сум се греел. Не рекоа дека сум добил услуга. Само рекоа дека не сум го поминал нивниот административен тест“, нагласува Колемишевски.Последицата, според него, била драстична. „Не ме задолжија да платам само за тие неколку денови кога сум бил во станот. Туку ме вратија како активен корисник за целата грејна сезона, од октомври до април. Значи, плаќам греење за цела сезона, иако радијаторите се пломбирани и јас реално не сум добил тоа што го плаќам“, вели тој.Колемишевски поднел приговор до Регулаторната комисија за енергетика, но тој бил одбиен.„Мојот приговор беше уредно и прецизно одбиен како неоснован, затоа што со фамозниот правилник бил пропишан максимален износ на струја што можеш да го потрошиш, без разлика што радијаторите ти се исклучени“, наведува тој.Како единствена правна можност му било понудено да поведе управен спор. „Ми го овозможија моето граѓанско право да ја тужам Регулаторната комисија пред Управен суд. Ама со моето искуство со управни спорови, сфатив дека тоа е однапред изгубена битка. Систем кој е наместен да ти даде право да добиеш право, ама не и реално да го добиеш“, вели Колемишевски.Во своето сведоштво тој ја критикува суштината на системот.„Тоа е Македонија. Правилникот станува поважен од човекот. Системот не гледа живот, не гледа реалност, не гледа логика, туку гледа бројка, табела и слепо следење правила“, пишува тој.Колемишевски заклучува дека ваквите искуства се причина зошто многу иселеници не размислуваат за враќање. „Не затоа што сме се откажале од земјата, туку затоа што земјата премногу лесно се откажува од човекот, освен кога треба да му земе пари“, наведува тој, додавајќи дека неговиот случај е „дури и смешен“ во споредба со луѓе кои, поради правилници и административни одлуки, останале без пензии, надоместоци или основни права.„Дома се враќаш за да почувствуваш дека припаѓаш, не за да се докажуваш дека си жив во систем што те казнува затоа што си дошол да си го видиш семејството“, порачува Колемишевски.

Коментари | пред 2 месеци

media-librarymmd9tsk2f06uaUartMK

УЈП побарува данок за работа во странство од 2020 година: Граѓани во правна и финансиска стапица, сега должат илјадници евра

Граѓани се обратија до редакцијата на Скопје1 со сериозни обвинувања кон Управа за јавни приходи, тврдејќи дека институцијата ретроактивно побарува данок за приходи остварени од работа во странство уште од 2020 година, со што, како што велат, директно им се загрозува егзистенцијата.Според сведоштвата, станува збор за лица кои во изминатите години работеле во странство, најчесто на Блискиот Исток, со валидни работни визи и резидентски дозволи, при што престојувале надвор од државата по 10 до 11 месеци годишно. Платите им биле исплаќани на сметки во македонски банки, но тие, повикувајќи се на законската одредба за даночен резидент, биле убедени дека немаат обврска за плаќање персонален данок на доход во Македонија.Граѓаните посочуваат дека согласно важечката регулатива, лице кое престојува надвор од државата повеќе од 183 дена во текот на една календарска година не се смета за даночен резидент. Дополнително, тврдат дека во тој период се консултирале и со службеници во УЈП, од каде што добиле усни информации дека не подлежат на оданочување во земјата.По речиси пет години, УЈП почнала да испраќа известувања и решенија за наплата на данок за тие години, со кратки рокови за плаќање и без, како што велат граѓаните, да им се признаат доказите за престој и работа во странство. Износите што се побаруваат, според нив, достигнуваат неколку илјади евра по лице.Дополнителен проблем, на кој укажуваат, е одбивањето на Министерството за внатрешни работи да издаде потврди за влез и излез од државата за 2020 година, со образложение дека податоците не се чуваат подолго од пет години. Со тоа, граѓаните тврдат дека се доведени во ситуација да не можат да докажат факти кои самите институции им оневозможуваат да ги документираат.„Зошто не бевме известени навреме, во 2020 или 2021 година? Зошто сега се бара нешто што тогаш не беше побарано? И дали е правично граѓаните да ја сносат целата одговорност за институционални пропусти и различни толкувања на законот? Станува збор за голем број граѓани и сериозен удар врз нивната егзистенција.“, прашува еден од засегнатите граѓани.По јавните реакции, директорката на УЈП, Елена Петрова, изјави дека не станува збор за ретроактивно оданочување, ниту за воведување нова мерка, туку за постоечка законска обврска предвидена со Законот за данок на личен доход, а претходно и со Законот за персонален данок на доход. Таа нагласи дека фактот што во минатото обврската не била доследно применувана не значи дека не постоела, ниту дека може да биде изземена од законската примена.Сепак, граѓаните остануваат на ставот дека се доведени во неправедна и финансиски неодржлива позиција, најавувајќи дека ќе бараат институционално и правно решение за проблемот што, според нив, засега илјадници семејства.

Свет | пред 2 месеци

policija-germanija

Драма во болница во Германија: Пациент усмртен при полициска интервенција

Германската полиција усмртила 33-годишен пациент за време на сериозен безбедносен инцидент во Универзитетската болница во градот Гисен, во сојузната покраина Хесен, откако тој им се заканувал и физички нападнал членови на медицинскиот персонал.Според информациите, пациентот во попладневните часови започнал напад врз вработените во болницата користејќи нож, поради што персоналот веднаш побарал итна полициска интервенција. По пристигнувањето на полициските екипи на местото на настанот, мажот станал исклучително агресивен и продолжил да се заканува со оружјето.Јавното обвинителство во Гисен и Криминалистичката полиција на Хесен соопштија дека полицајците биле принудени да употребат огнено оружје за да ја заштитат сопствената безбедност и животите на присутните. Пациентот бил тешко ранет и и покрај обидите за медицинска помош, починал на лице место.Надлежните институции најавија целосна истрага за утврдување на сите околности околу инцидентот, вклучително и законитоста и пропорционалноста на употребената сила. Болницата засега не излезе со дополнителни детали, а случајот предизвика силна јавна реакција во Германија, особено во однос на безбедноста во здравствените установи.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски предупредува: Русија сè почесто ја користи Белорусија за напади врз Украина

Русија сè поинтензивно ги користи позициите на територијата на Белорусија за изведување напади врз Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по состанокот со целокупното воено раководство одржан во петокот. Според него, станува збор и за напади со дронови и за ракетни удари, при што Москва со оваа тактика се обидува да ги заобиколи украинските одбранбени позиции.„Ова претставува сериозен ризик и за самата Белорусија. Жалосно е што Белорусија го отстапува својот суверенитет во корист на руските агресивни амбиции“, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Тој додаде дека проактивната одбрана од овој нов правец на напади е отежната, бидејќи Русија ја има инсталирано неопходната опрема за напади во непосредна близина на станбени објекти.Според украинските разузнавачки податоци, антени и други системи за наведување, кои се користат за напади врз цели во Украина, сега се поставени на покривите на петкатни станбени згради во Белорусија. Зеленски оцени дека станува збор за „апсолутно непочитување на човечкиот живот“ и порача дека Минск треба да престане да учествува во вакви активности.Украинскиот претседател истакна дека воздушната одбрана на земјата добила инструкции да ја прилагоди својата стратегија на новата ситуација. Потсети и дека на почетокот на руската инвазија Белорусија ѝ го стави на располагање својот територијален простор на Русија како отскочна точка за неуспешниот обид за напредување кон Киев.Иако белоруските вооружени сили не се директно вклучени во борбите, потенцијалната закана од север ја принудува Украина да држи значителни воени сили долж заедничката граница, што дополнително ги оптоварува нејзините одбранбени капацитети.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuacelb8f5lonbsxg20I

Трамп: Им дадовме „божиќен подарок“ на ИСИС, секој камп беше уништен

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американскиот воен напад насочен кон милитантите на Исламска држава во Нигерија првично бил планиран за среда, но по негова одлука бил одложен за еден ден.„Требаше да го направат тоа порано“, изјави Трамп во разговор за „Политико“. „А јас реков: ‘Не, дајте им божиќен подарок’. Не очекуваа дека ќе се случи, но ги погодивме силно. Секој логор беше десеткуван“, рече американскиот претседател.Трамп во четвртокот соопшти дека Соединетите Американски Држави извеле воздушни напади врз милитантите на Исламска држава на северозападот на Нигерија, како одговор на нападите на оваа група врз христијанското население во регионот.„Вечерва, по моја наредба како врховен командант, Соединетите Американски Држави изведоа силен и смртоносен удар против терористичкиот олош на ИСИС на северозападот на Нигерија, кој ги таргетира и брутално ги убива, првенствено, невините христијани, на нивоа какви што не се видени со години, па дури и со векови“, напиша Трамп во објава на платформата „Трут соушл“.Командата на американската војска за Африка соопшти дека нападот бил изведен на барање на нигериските власти и дека во него биле убиени повеќе милитанти на Исламска држава.

Свет | пред 2 месеци

media-library281km31udbll1RqjXRG

(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев пред најавениот состанок Зеленски–Трамп, има повредени

Киев во ноќта меѓу 26 и 27 декември беше цел на масовен руски ракетен напад, при што врз главниот град на Украина беа истрелани хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“. Во нападот се повредени најмалку пет лица, а се случи непосредно пред најавениот состанок меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Киев Индипендент“.Низ Киев одекнуваа повеќекратни експлозии, а во градот Бровари, дваесетина километри источно од главниот град, како и во околните населени места, беше регистриран прекин на електричната енергија. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека најмалку пет лица се повредени. Пожар избувнал во населбата Голосеевски, додека остатоци од проектили паднале во Оболонски и Десњански реон.Штети се пријавени и во поширокиот регион околу Киев. Во Вишгород се оштетени прозорци на една повеќекатница, додека во Бориспилскиот округ се оштетени магацини и најмалку два автомобили. Гувернерот на Киевската област, Микола Калашник, изјави дека и овојпат критичната инфраструктура била меѓу целите на нападот.Одделно, во напад во Ивано-Франкивската област, на западот на Украина, едно лице е повредено и пренесено на болничко лекување.По нападот од големи размери, Полска во текот на ноќта ги крена своите борбени авиони, соопштија полските вооружени сили, додека украинското воздухопловство предупреди на континуирана закана од руски дронови и ракети на територијата на целата држава.За многумина во Киев, нападот не беше доживеан како случајност, туку како јасна порака дека битката за мир сè уште се води на бојното поле. Жителите на социјалните мрежи сведочеа за повеќекратни експлозии и за осветленото небо од дејствувањето на системите за противвоздушна одбрана. Нападот се вклопува во поширокиот образец на интензивирани руски ракетни удари во зимскиот период, често насочени кон енергетската инфраструктура, што во минатото доведе до прекини во снабдувањето со струја и греење.И покрај нападите, од Киев потврдија дека средбата со Трамп ќе се одржи во недела. Зеленски изјави дека заедничката американско-украинска рамка за мировен план е приближно 90 проценти усогласена. Според извори запознаени со разговорите, на состанокот ќе се дискутира за безбедносните гаранции, обновата на земјата, економската соработка и нерешените територијални прашања, вклучително и иднината на Донбас и контролата врз нуклеарната централа Запорожје.Трамп се позиционира како клучен посредник во конфликтот, а целта на средбата во неговата резиденција Мар-а-Лаго е да се финализираат основите на мировниот план. Сепак, останува неизвесно како и дали Москва ќе се вклучи во ваков процес.Русија јавно ги отфрла разговорите, обвинувајќи ги Киев и Западот дека се обидуваат да ги саботираат преговорите и инсистирајќи дека секој договор мора да ги одразува нејзините барања, вклучително и територијални отстапки кои Украина повеќепати ги одби.Зад затворени врати, сепак, претставници на Кремљ признаваат дека постојат индиректни контакти со американски соговорници. Висок западен функционер, говорејќи анонимно за „Киев Пост“, изјави дека потезите на Москва укажуваат оти таа е помалку заинтересирана за разговори, а повеќе за нивно моделирање во своја корист.„Пораката од Кремљ е едноставна – тие веруваат дека преговарачката моќ се создава со експлозии, а не со компромис, и имаат намера на секоја маса за преговори да седнат со бојното поле наклонето во нивна корист“, изјави функционерот.

Свет | пред 2 месеци

media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

(Видео) Пазете, „Сејф сити“ и натаму ве опоменува со возење над 50 км/ч, кога ќе се смени на 57 км/ч?

Намален е бројот на регистрирани прекршоци од „Сејф сити“ по неговото пробно вклучување.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски укажа дека системот се уште не е прилагоден на новите правила - да регисрира прекршоци по надминување на брзина од 57 км/4 наместо досегашните 50 км/4 во градска средина.Објаснувањето слушнете го тука:

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydpbp889sqqc32ni9GD4

(Видео) Мицкоски: Ако „УСЈЕ“ е проблем за граѓаните, дислокацијата не е проблем за Владата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ќе постапи во рамки на своите ингеренции по заклучоците донесени од Советот на Град Скопје за цементарницата „УСЈЕ“, нагласувајќи дека и вонредните инспекциски контроли и евентуалната дислокација не претставуваат проблем доколку тоа е во интерес на граѓаните.„Се бараат вонредни инспекциски проверки и тие веќе се спроведуваат. Што се однесува до дислокацијата, ниту тоа не е никаков проблем за Владата. Сѐ што е проблем за граѓаните е проблем и за нас. Јас ги разбирам граѓаните, тие секогаш се во право – сите тука живееме и го дишеме овој воздух“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека суштината на проблемот со загадувањето е резултат на децениска негрижа во обезбедувањето еколошки системи за затоплување, како далечинско греење и гасификација, посочувајќи дека Владата работи на проект во таа насока. Притоа, премиерот нагласи дека загадување има и во други градови каде што нема големи индустриски капацитети, што, според него, укажува дека причините се пошироки и посложени.Изјавата на Мицкоски доаѓа откако Советот на Град Скопје по маратонска седница што траеше 13 часа едногласно ја прифати иницијативата на Зелен хуман град за започнување постапка за дислокација на цементарницата „УСЈЕ“ од Кисела Вода, односно надвор од скопската котлина. Со донесените заклучоци, Градот се обврзува да поднесе официјално барање до Министерството за животна средина за целосна проверка на работењето на „УСЈЕ“ и останатите големи загадувачи, како и да побара низа ненајавени, вонредни инспекциски надзори од Државниот инспекторат за животна средина.Дополнително, општините во Скопје, пред сѐ Општина Кисела Вода, ќе треба внимателно да постапуваат при креирањето на идните урбанистички планови, а градоначалникот на Скопје ќе побара од Владата да отвори постапка за дислокација на „УСЈЕ“ и другите големи индустриски капацитети, согласно Законот за животна средина и Просторниот план.Од компанијата ТИТАН Усје ги отфрлија обвинувањата дека се еден од главните извори на загадување, тврдејќи дека работат согласно најдобрите достапни техники во Европската Унија и дека не ги надминуваат законски дозволените лимити. Според нивното интегрално соопштение, мерењата на емисиите, како од сопствените системи така и од независни лаборатории и Државниот инспекторат за животна средина, покажуваат дека вредностите се во рамки на дозволеното, а во дел од параметрите и повеќекратно пониски од законските граници.Заклучоците од седницата на Советот на Град Скопје ќе бидат доставени до Владата, Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и сите скопски општини, додека од „Зелен хуман град“ најавија дека внимателно ќе го следат секој чекор од процесот, со порака дека здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден.

Скопје | пред 2 месеци

kesisov

Кешишев да се ослободи од соизвршителската улога за убиствата на Вања и Панче или предметот пак да се суди, бара адвокатот Ефремов

Адвокатот Игор Ефремов, бранител на Влатко Кешишев, за „Скопје1“ објаснува дека во законски предвидениот рок е поднесена жалба на првостепената пресуда со која неговиот клиент е осуден на доживотна казна затвор за грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според Ефремов, во жалбените наводи одбраната бара предметот да биде вратен на повторно одлучување или Кешишев да биде ослободен од соизвршителската улога во убиствата. Тој потенцира дека дејствијата кои самиот Кешишев ги опишал во својата одбрана не можат правно да се квалификуваат како дејствија на соизвршител во кривичните дела за кои е првостепено осуден.„Во жалбените наводи бараме предметот да се врати на повторно одлучување или да се ослободи од соизвршителската улога на убиствата, и особено да се имаат во предвид дејствијата опишани од страна на обвинетиот Кешишев, којшто дејствија не може да бидат земени како дејствија на соизвршител во убиствата за кои е првостепено осуден“, вели Ефремов.Одбраната, меѓу другото, побарала и одржување јавна седница пред Апелациониот суд, на која ќе може детално да ги образложи жалбените аргументи и да укаже на, како што наведуваат, суштинските пропусти во пресудата.„Сметаме дека судот неправилно ја донесе одлуката во делот што се однесува на обвинетиот Кешишев, а со тоа и во однос на изречената казна. Очекуваме Апелациониот суд да ја согледа оваа состојба и да донесе правилна и законита одлука“, изјави Ефремов.Жалбата сега е во надлежност на Апелациониот суд, кој треба да одлучи дали ќе ја потврди, укине или ќе ја преиначи првостепената пресуда.Судија-известител за предметот во скопска Апелација е Ѓоко Ристов, а предметот веќе е доставен на мислење до Вишо јавно обвинителство Скопје.Во првостепената пресуда, судијата Ивица Стефановски на Палевски и на останатите обвинети – Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев – им изрече по 10 години затвор за кривичното дело грабнување на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и доживотна казна затвор за двете свирепи убиства.Во истиот предмет, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, беше ослободен од обвинението, но Јавното обвинителство на таа одлука веќе поднесе жалба до Апелациониот суд.Скопска Апелација во наредниот период треба да закаже јавна седница, по која ќе одлучува дали ќе ја потврди првостепената пресуда, ќе ја укине и ќе наложи повторно судење или ќе донесе поинаква одлука.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjrlnj2te5acb2URnvnb

Советничката Цаневска: Усје надвор од Скопје, советниците застанаа на страната на граѓаните

Независната советничка во Советот на Град Скопје, предложена од СДСМ, Катерина Цаневска, соопшти дека за првпат по подолг период сите советници застанале на страна на граѓаните и постигнале согласност за потребата од дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од градот и скопската котлина.Со едногласно усвоените заклучоци, донесени по иницијатива на Зелен хуман град, се отвора институционална постапка за системско преиспитување на влијанието на големите индустриски капацитети врз животната средина и јавното здравје. Советот го задолжува Град Скопје да поднесе официјално барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за целосна и детална проверка на работењето на „Усје“, како и на останатите големи загадувачи, со утврдување дали ги исполнуваат условите од интегрираните еколошки дозволи и важечката регулатива. Министерството ќе треба во најкус можен рок да ги достави резултатите од контролата.Истовремено, од Државниот инспекторат за животна средина се бара да спроведе серија ненајавени и вонредни инспекциски надзори, со цел да се утврди реалната состојба на терен, почитувањето на законските лимити за емисии и примената на мерките за заштита на здравјето на граѓаните.Во заклучоците се наведува и дека Општина Кисела Вода, врз основа на наодите од инспекциските и институционалните извештаи, ќе мора особено внимателно да постапува при изработката на идните детални урбанистички планови и други плански документи. Истата обврска важи и за останатите скопски општини, како и за Градот Скопје, со цел да се обезбеди усогласено и одржливо урбанистичко планирање.Дополнително, градоначалникот на Град Скопје ќе побара од Владата да отвори постапка за дислокација на „Усје“, но и на другите големи индустриски капацитети, на локации надвор од скопската котлина, во согласност со Законот за животна средина и Просторниот план на државата.Ова е интегралното соопштение од ТИТАН Усје:Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во ТИТАН Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија.Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се невистинити и не се засноваат на факти и на научни податоци. За жал, и овој пат компанијата се користи како изговор за неосновани напади, иако реалните, научни и мерливи факти јасно укажуваат дека причините за загадувањето треба да се бараат на друго место.Научните истражувања, направени од независни домашни и странски експерти, покажуваат дека квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопската котлина е под силно влијание на метеоролошките услови (струење на воздух, висока влажност, температурна инверзија и сл.), а од антропогените фактори влијанијата од индустријата имаат помало влијание од затоплувањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено.Работата на ТИТАН Усје е континуирано контролирана од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Последниот увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина, институција која е надлежна за сите инсталации со А - Интегрирана еколошка дозвола, беше извршен на 18 декември 2025 година, при што инспекцијата повторно утврди дека нема отстапувања од законски дозволените лимити. Исто така, на 18 ноември годинава во ноќните часови имаше ненајавен инспекциски увид од страна на оваа институција и тогаш беше констатирано дека сите вредности се во законски дозволените рамки.Иако многу пати сме ги изнеле фактите, во интерес на јавноста ќе потсетиме дека:• Споредбените податоци јасно и недвосмислено укажуваат дека лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во Скопје нема корелација со работата на компанијата. Имено, во дел од зимските месеци, кога амбиенталниот воздух во градот е со најлош квалитет, компанијата ги врши редовните годишни ремонти на печките и тие се исклучени. Обратно, во летните месеци, кога печките работат со полн капацитет, амбиенталниот воздух во градот е со најмало загадување. Резултатите од мерењата го потврдуваат овој факт.• Сите досегашни јавно достапни научни истражувања и студии покажуваат дека индустријата не е меѓу главните причинители на лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во Скопје. Потврда на тоа е и фактот дека загаденоста во овој период е голема и во други градови во земјата, каде што нема индустрија.• ТИТАН Усје поседува А - Интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Согласно оваа дозвола, УСЈЕ има обврска да врши 24-часовен мониторинг на издувните гасови, согласно европските стандарди кои се транспонирани во националното законодавство. За таа цел, на сите точки кои се точно утврдени од надлежните институции, имаме инсталирано систем за мерење од германскиот производител SICK, кој е редовно калибриран и контролиран од овластени независни надворешни компании. Сите мерења континуирано покажуваат дека не се надминуваат законски определените Гранични Вредности на Емисии (ГВЕ), а кај дел, вредностите се неколкукратно пониски од законски дозволените лимити – на пример, кај вкупната прашина најчесто три до пет пати, а кај SO2 и неколку десетици пати пониски од дозволените.• На истите емисиони точки се прават и дополнителни контролни мерења што ги вршат независни лаборатории, а резултатите од овие мерења исто така потврдуваат дека нема отстапки од законски дозволените лимити.• ТИТАН Усје е современ индустриски капацитет со високо ефикасен, комплексен систем на филтрирање, каде во секој филтер има по 2000 вреќи кои ја запираат прашината, која потоа се враќа во производниот процес и станува составен дел од финалниот производ.• Целосно се неточни тврдењата дека компанијата ги исклучува филтрите. Филтрите се неразделив дел од производната линија, односно кога работат печките, задолжително работат и филтрите.ТИТАН Усје ќе продолжи да работи согласно законските норми, со одговорен и транспарентен однос кон сите засегнати страни. Сите заинтересирани приватни и правни лица можат да дојдат и да ја посетат компанијата, но и да побараат дополнителни информации за нашата работа, технологија и мерките што се користат за да се обезбеди ефикасна заштита на животната средина.

Скопје | пред 2 месеци

IMG_2199

Русија откри илегални печатници за лажни документи, запленети над 50.000 фалсификати

Во Русија е разбиена организирана криминална група која контролирала мрежа на илегални печатници за производство на фалсификувани пасоши и други документи, а во полициската акција се уапсени 14 лица, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк.Во објава на Телеграм, Волк информира дека за време на акцијата биле запленети повеќе од 50.000 фалсификувани документи. Според првичните проценки, нелегалните печатници оствариле противправна добивка поголема од 2,6 милијарди рубљи, односно околу 27,9 милиони евра, пренесува руската агенција РИА Новости.„Повеќе од 2,6 милијарди рубљи е вкупниот приход од нелегалните активности на овие илегални печатници, кои моите колеги од Одделот за економска безбедност и борба против корупцијата при Главната управа на Министерството за внатрешни работи на Русија за Москва ги ликвидираа“, изјави Волк.Надлежните служби најавуваат продолжување на истрагата со цел целосно утврдување на обемот на криминалните активности и можната вмешаност на други лица во оваа мрежа за фалсификување документи.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryefc2k44klbmadfa6jDd

Напад со беспилотно летало во Одеса, без жртви и повредени

Руски дрон извршил напад врз инфраструктурен објект во украинскиот град Одеса, при што по ударот избувнал пожар, соопшти денеска началникот на градската воена управа, Сергиј Лисак.Како што информира Лисак преку објава на Телеграм, нападот предизвикал материјална штета врз објект од инфраструктурно значење, а веднаш по ударот интервенирале надлежните служби за гаснење на пожарот и отстранување на последиците.Според првичните информации, во нападот нема загинати ниту повредени лица. Надлежните служби вршат дополнителни проверки на поширокото подрачје со цел да се утврди дали има оштетувања и на цивилната инфраструктура и на станбени објекти во околината.Украинските власти наведуваат дека состојбата е под контрола и дека јавноста ќе биде дополнително информирана доколку се утврдат нови последици од нападот.

Свет | пред 2 месеци

media-library67bkvjbfd0u91cyYxA7

ТИТАН Усје: Загадувањето во Скопје не е поврзано со нашата работа

Компанијата ТИТАН Усје со јавно соопштение реагира на обвинувањата дека е еден од причинителите за лошиот квалитет на воздухот во Скопје, нагласувајќи дека целосно ја разбира загриженоста на јавноста, но дека ваквите тврдења не се засноваат на факти, научни податоци и мерливи показатели.Од компанијата истакнуваат дека ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во цементната индустрија и применува технологија која е на исто ниво со водечките компании во Европската Унија. Според нив, сите обвинувања дека нивното работење придонесува за загадувањето се неосновани и невистинити, а компанијата повторно, како и во минатото, се користи како изговор за проблем кој има други причини.Како што наведуваат, независни домашни и странски научни истражувања укажуваат дека квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопската Котлина е силно условен од метеоролошките фактори, како што се температурната инверзија, високата влажност и слабата циркулација на воздухот. Од антропогените извори, според тие анализи, многу поголемо влијание имаат затоплувањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено, отколку индустриското производство.Во соопштението се нагласува дека работењето на ТИТАН Усје е под постојан надзор на Државниот инспекторат за животна средина. Последниот редовен инспекциски увид бил извршен на 18 декември 2025 година, кога повторно било утврдено дека нема отстапувања од законски дозволените емисиски лимити. Дополнително, во ноќните часови на 18 ноември бил спроведен и ненајавен инспекциски надзор, при што било констатирано дека сите измерени вредности се во рамките на дозволеното.Компанијата потсетува дека податоците од мерењата јасно покажуваат отсуство на корелација меѓу нејзиното работење и загадувањето во градот. Во зимските месеци, кога загаденоста е највисока, фабриката врши редовни годишни ремонти и печките не работат, додека во лето, кога производството е со полн капацитет, квалитетот на воздухот е значително подобар. Истовремено, загадувањето во овој период е високо и во други градови во земјата каде што нема индустриски капацитети.ТИТАН Усје поседува А-интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, врз основа на која е обврзана да врши 24-часовен континуиран мониторинг на издувните гасови. Мерењата се вршат со сертифицирани системи од германскиот производител SICK, редовно калибрирани и контролирани од независни овластени компании. Според компанијата, сите податоци покажуваат дека граничните вредности на емисии не се надминуваат, а кај дел од параметрите се и повеќекратно пониски од законски дозволените.Дополнителни контролни мерења, кои ги спроведуваат независни лаборатории, исто така не покажале отстапувања од дозволените лимити. Компанијата нагласува дека располага со модерен и високо ефикасен систем за филтрирање, со илјадници филтер-вреќи кои ја задржуваат прашината и ја враќаат во производствениот процес. Тврдењата дека филтрите се исклучуваат ги оценуваат како целосно неточни, бидејќи тие се составен и задолжителен дел од производната линија.Од ТИТАН Усје порачуваат дека ќе продолжат да работат транспарентно и согласно законските норми, со отвореност кон јавноста. Како што наведуваат, сите заинтересирани граѓани и правни субјекти можат да ја посетат компанијата и директно да се информираат за технологијата, процесите и мерките за заштита на животната средина што се применуваат.

Скопје | пред 2 месеци

media-library67bkvjbfd0u91cyYxA7

ТИТАН Усје: Загадувањето во Скопје не е поврзано со нашата работа

Компанијата ТИТАН Усје со јавно соопштение реагира на обвинувањата дека е еден од причинителите за лошиот квалитет на воздухот во Скопје, нагласувајќи дека целосно ја разбира загриженоста на јавноста, но дека ваквите тврдења не се засноваат на факти, научни податоци и мерливи показатели.Од компанијата истакнуваат дека ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во цементната индустрија и применува технологија која е на исто ниво со водечките компании во Европската Унија. Според нив, сите обвинувања дека нивното работење придонесува за загадувањето се неосновани и невистинити, а компанијата повторно, како и во минатото, се користи како изговор за проблем кој има други причини.Како што наведуваат, независни домашни и странски научни истражувања укажуваат дека квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопската Котлина е силно условен од метеоролошките фактори, како што се температурната инверзија, високата влажност и слабата циркулација на воздухот. Од антропогените извори, според тие анализи, многу поголемо влијание имаат затоплувањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено, отколку индустриското производство.Во соопштението се нагласува дека работењето на ТИТАН Усје е под постојан надзор на Државниот инспекторат за животна средина. Последниот редовен инспекциски увид бил извршен на 18 декември 2025 година, кога повторно било утврдено дека нема отстапувања од законски дозволените емисиски лимити. Дополнително, во ноќните часови на 18 ноември бил спроведен и ненајавен инспекциски надзор, при што било констатирано дека сите измерени вредности се во рамките на дозволеното.Компанијата потсетува дека податоците од мерењата јасно покажуваат отсуство на корелација меѓу нејзиното работење и загадувањето во градот. Во зимските месеци, кога загаденоста е највисока, фабриката врши редовни годишни ремонти и печките не работат, додека во лето, кога производството е со полн капацитет, квалитетот на воздухот е значително подобар. Истовремено, загадувањето во овој период е високо и во други градови во земјата каде што нема индустриски капацитети.ТИТАН Усје поседува А-интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, врз основа на која е обврзана да врши 24-часовен континуиран мониторинг на издувните гасови. Мерењата се вршат со сертифицирани системи од германскиот производител SICK, редовно калибрирани и контролирани од независни овластени компании. Според компанијата, сите податоци покажуваат дека граничните вредности на емисии не се надминуваат, а кај дел од параметрите се и повеќекратно пониски од законски дозволените.Дополнителни контролни мерења, кои ги спроведуваат независни лаборатории, исто така не покажале отстапувања од дозволените лимити. Компанијата нагласува дека располага со модерен и високо ефикасен систем за филтрирање, со илјадници филтер-вреќи кои ја задржуваат прашината и ја враќаат во производствениот процес. Тврдењата дека филтрите се исклучуваат ги оценуваат како целосно неточни, бидејќи тие се составен и задолжителен дел од производната линија.Од ТИТАН Усје порачуваат дека ќе продолжат да работат транспарентно и согласно законските норми, со отвореност кон јавноста. Како што наведуваат, сите заинтересирани граѓани и правни субјекти можат да ја посетат компанијата и директно да се информираат за технологијата, процесите и мерките за заштита на животната средина што се применуваат.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytl1dunq41pil0hwT1Gw

(Видео) Данела Арсовска со Али Ахмети договараше да биде премиер наместо Мицкоски, тврди нејзиниот екссоработник Драги Книга

Драги Митковски-Книга, поранешен близок соработник и експријател на ексградоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во гостување во „Претрес со Ландов“ изнесе серија тврдења за настаните и разговорите што, според него, се одвивале во периодот пред парламентарните избори. Во разговорот, Митковски сведочеше за политички калкулации, амбиции и конфликти во кои, како што тврди, била вклучена самата Арсовска.Книга: Одреден период пред парламентарните избори муабетите беа веќе одеа во таа насока дека Мицкоски нема да биде премиер ради тоа што нема да ги убаци Бугарите во Устав, него ќе го сменат и ќе мора да се направи техничка влада.Ландов: Ова Данела го зборува? Да. Со вас?Книга: Да, да, да, и дека можеби ДУИ ќе ја предложи за технички премиер.Ландов: Аха. Да сфатам Данела се надевала дека ќе биде технички премиер наместо Мицкоски? Математиките не излегле како што треба?Книга: Така е, и она идеше на состаноци со господинот Aли Aхмети во општина Сарај. Се скаравме таа ме обвини дека јас сум седел со Христијан Мицкоски во Воденица и сум договарал да ја убедам да си даде оставка. Јас и Мицкоски да седиме во Воденица ќе знае пола држава.Зошто Драги Книга не се вклопи во приказната на Данела Арсовска на Блерим Беџети?

Студио | пред 2 месеци

puls-19

„Телата беа насекаде“ – сведоштво за пожарот во „Пулс“ што ја замолкна судницата

Со длабоко потресно сведочење на Дејан Николов, сопственик на соседен автолимарски сервис, денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани од 16 март 2025 година, во кој животот го загубија 63 млади лица. Пред судот и пред родителите на жртвите, Николов ги опиша драматичните и пеколни моменти од кобната ноќ, оставајќи ја судницата во солзи и тишина.Николов, првиот сведок сослушан по воведните зборови на одбраната, детално говореше за објектот во кој со години работела дискотеката, истакнувајќи дека функционирала во крајно небезбедни услови. Според него, прозорците кои однадвор изгледале како евакуациски отвори биле затворени или заѕидани одвнатре со изолациски материјали, поради што просторот, во случај на пожар, станал смртоносна стапица.Сведокот раскажа дека случајно се нашол пред дискотеката со пријатели и со својот син, само неколку минути пред да избие пожарот. Кога се појавил густ црн чад и настанал хаосот, веднаш реагирал, вклучувајќи го цревото од својот сервис со силен притисок за да помогне.„Слушав тропање и викање од женскиот тоалет. Прозорецот имаше решетки. Ги искршивме стаклата, а девојчињата се држеа за решетките и молеа за помош. Светеа со телефоните и врескаа. Ги прскав со вода за полесно да дишат. Син ми зад мене викаше: ‘Тато, те молам спаси ги!’“, сведочеше Николов, додека солзите не ги сокрија ни родителите на загинатите, ни присутните во судницата.Тој опиша како, заедно со својот син и неговите пријатели, со заштитни маски и гази, се обидувале да извлечат и да помогнат на настраданите, иако пламенот се ширел, а кровната конструкција почнала да пука и да се урива. Посебно го спомена моментот кога му пришол син на еден од локалните лекари, со тешки изгореници, барајќи помош.„Кога дојде пет часот наутро, времето за мене престана да постои. Верував дека има само повредени. Потоа се свртев и видов три безживотни тела покрај мене. Тоа беше ужас што не може да се опише… тела имаше насекаде“, рече Николов со треперлив глас.И покрај сведоштвата за пренатрупаноста на клубот, небезбедните услови, нелегалната употреба на пиротехнички средства и долгогодишното работење без исполнување на минимално-техничките стандарди, сите 35 обвинети на почетокот на процесот изјавија дека не се чувствуваат виновни. Дел од нив изразија сочувство до семејствата на жртвите, но останаа на ставот дека не сториле тешки дела против општата сигурност.Судењето, кое се одржува во судницата во Идризово, продолжува со вкрстено испрашување на сведокот од страна на одбраната.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryetkql8gv3nllehxYle1

(Видео) Запленета над 25 тони пиротехника, најдена во возило кое го возеле скопјани

Над 25 тони пиротехнички средства се пронајдени и одземени во акција на Министерството за внатрешни работи, спроведена на повеќе локации, при што од слобода се лишени две лица, од кои едното е полициски службеник.Како што соопшти МВР, на 24 декември 2025 година во 08:35 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишиле од слобода Н.Р. (41) и И.Р. (41), двајцата од Скопје.При контрола на товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Р., во кое како сопатник бил И.Р. – полициски службеник вработен во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства. Лицата не поседувале никаква документација за средствата, а изјавиле дека истите му припаѓаат на правно лице од Скопје.Во рамки на понатамошните мерки и активности, пред магацин на истото правно лице било пронајдено уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.Денеска, пак, по судска наредба бил извршен претрес во магацините на правното лице, при што биле пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства.Од МВР информираат дека Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со ОВР Кавадарци, продолжува со преземање мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.

Настани | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-20.09.33

Пронајдено тело во Вардар кај Трубарево

Во водите на реката Вардар, во атарот на скопското село Трубарево, денеска било пронајдено и извлечено тело на машко лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.Како што информира МВР, на 24 декември 2025 година во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 11:00 часот во реката Вардар е забележано тело, по што веднаш биле преземени мерки за негово извлекување.По извршената идентификација, утврдено е дека станува збор за П.С. (71) од Скопје, за кого еден ден претходно, на 23 декември 2025 година, било пријавено дека се оддалечил од својот дом и му се губи трагата.На местото бил извршен увид од надлежните служби, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието остро ја критикуваше резолуцијата донесена од парламентарното мнозинство, оценувајќи ја како директен удар врз уставниот поредок и демократските слободи и споредувајќи ја со времето на Третиот Рајх.„Мислев да прашам нешто за мигрантите, ама вие донесовте резолуција која е противуставна со која што забранувате слобода на изразување, слобода на говор и се заканувате со кривични постапки, исто како во времето на Третиот Рајх. Резолуција, само тоа ќе каже власта, само тоа е вистината“, изјави Филипче.Тој истакна дека ваквиот документ претставува опасен преседан и отворен обид за замолчување на опозицијата.„Како Ванчо Михајлов да го пишувал овој документ што мнозинството на власта го изгласа во парламентот“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ Филипче во Собранието укажа дека поради ваквите постапки на власта, целосно е маргинализирана дебатата за суштинските прашања, меѓу кои и реформите во правосудството.„Сакав да прашам нешто и за реформите во правосудството, нема и за тоа да прашам, затоа што гледаме што се случува. Затоа што нема ниту еден реформски закон. Европа знае дека вие повеќе не сте партнери, знае дека не ја кажувате вистината кога зборувате со европските функционери“, нагласи тој.Филипче додаде дека двата закони кои Владата сега набрзина ги турка во процедура не ги почитуваат препораките од оценската мисија, туку претставуваат нивна селективна и прилагодена верзија, исклучиво според интересите на власта.„Само два закони сега, набрзина во постапка и тоа без апсолутно да се имплементираат препораките од оценската мисија, односно некоја ваша која што на власта одговара модификација на тие препораки, кои што треба да бидат реформски закони“ , порача Филипче од собраниска говорница.

Македонија | пред 2 месеци

mickoski-filipce

Мицкоски за СДСМ: Сакате да бидете „Левица од Али експрес“

Лидерот на СДСМ, Венки Филипче од собраниска говорница праша:зошто поскапела струјата за граѓаните и изнесе неколку ставови и примери за неуспешното владеење на мнозинството, меѓу другото прашањата за мигрантите, загадувањето, платите, цените.Премиерот Христијан Мицкоски упати навредливи зборови кон СДСМ, обвинувајќи го Филипче дека сака партијата да биде „Левица од Али експрес”.„Интересна пи-ар стратегија, договорена од новите пи-ар стратези: Навистина чудни соопштенија испраќате секое сабајле, но претпоставувам така тие ви викаат, па мислите дека тоа е начинот на кој ќе бидете ,,Левица од Али експрес” и мислите дека на тој начин како СДСМ ќе привлечете внимание“, одговори Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqhvdrq7o35d8dX5L9CX

Адвокатот на газда Нацев: Наместо вина, ќе докажеме херојство на обезбедувачите

Во судницата каде што се води судскиот процес за трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ од 16 март 2025 година, денеска својот воведен говор го изнесе одбраната на првообвинетиот Александар Нацев. Неговиот адвокат оцени дека обвинението против Нацев е конструирано и дека тој во ниту еден момент не настапувал како реален сопственик или лице што управувало со агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“.Според одбраната, клучната теза на Обвинителството дека Нацев бил неформален сопственик кој заедно со управителот Јан Јанчевски ја раководел агенцијата, не е поткрепена со докази. Адвокатот истакна дека Нацев бил ангажиран како вработен, односно консултант, исклучиво поради својата стручност во областа на безбедноста, без какви било управувачки или сопственички овластувања.Во судницата беше нагласено дека Обвинителството не може да докаже никаква поврзаност на Нацев со правното лице пред 2024 година, кога тој формално станал вработен. Тврдењето дека бил „реален сопственик“, според одбраната, претставува систем од претпоставки, а не факти засновани на докази.Како еден од клучните аргументи, одбраната го посочи и фактот дека меѓу агенцијата „Рубикон“ и кабарето „Пулс“ не постоел писмен договор за физичко обезбедување, што, според адвокатот, е законски предуслов за утврдување на конкретна одговорност. Агенцијата, како што беше посочено, дејствувала како оператор на услуги, а не како субјект кој целосно ги презема безбедносните протоколи во објектот.Одбраната дополнително наведе дека обезбедувачите ангажирани таа вечер немале обврска да го контролираат бројот на гости, да ја проверуваат функционалноста на влезовите и излезите, ниту да поднесуваат план за обезбедување до Министерството за внатрешни работи. Како што беше истакнато, на терен биле ангажирани тројца обезбедувачи, а законската обврска за изработка на план за обезбедување постои само кога се ангажирани повеќе од пет лица.Во воведниот говор беше критикувано и таканареченото интегрирано обвинение, при што адвокатот оцени дека временската рамка намерно е стеснета за да се совпадне со периодот кога Нацев веќе бил вработен во „Рубикон“. Притоа беше посочено дека во низа слични трагедии во странство, меѓу кои случаи во Романија, Бразил и Соединетите Американски Држави, никогаш не биле гонети сопственици на агенции за обезбедување.Наместо вина, одбраната најави дека преку сведочења ќе докаже дека вработените во „Рубикон“ во кобната ноќ постапувале храбро, преземајќи улога на пожарникари и медицински лица и ризикувајќи ги сопствените животи во обид да спасат што поголем број луѓе.На крајот, адвокатот нагласи дека Александар Нацев со ниту едно свое дејствие или пропуст не го предизвикал пожарот и дека не може да биде товарен за непреземање дејствија кои ниту законски, ниту договорно бил обврзан да ги преземе.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања