Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Прв Божиќ на папата Лав XIV - што е поразлично

Додека се подготвува за својот прв Божиќ како наследник на Свети Петар, папата Лав XIV сѐ појасно го исцртува сопствениот стил на водење на Римокатоличката црква, кој во многу сегменти се разликува од оној на неговиот претходник, Франциск. Новиот папа делува повоздржано и поформално, но тоа не значи дека е помалку подготвен јавно да говори за чувствителни теми како социјалната правда, сиромаштијата и миграциите.Според теолозите и ватиканските аналитичари, Лав XIV комуницира преку гестовите, облеката и начинот на присуство, за разлика од Франциск, чиј стил беше силно врзан за зборот и импровизацијата. Кај новиот папа, емоциите се пренесуваат преку изразот на лицето и продорниот поглед, а не преку спонтани говори и гестикулации.Како прв папа од Соединетите Американски Држави, Роберт Френсис Превост, избран на 8 мај, засега не направил радикални програмски отстапки од линијата на својот аргентински претходник. Сепак, неговите први потези укажуваат на поинституционален и методичен пристап. Тој сè уште не се вселил во Апостолската палата, но за разлика од Франциск, врати дел од традиционалните папски навики, вклучително и редовен ден за одмор, кој го минува во Кастел Гандолфо, папската летна резиденција во близина на Рим.На меѓународен план, Лав XIV досега реализираше само едно странско патување, во Турција и Либан, веќе договорено за време на понтификатот на Франциск. Токму таму стана видлива разликата во стилот: папата говореше емотивно, но воздржано, држејќи се до однапред подготвените говори и задржувајќи дистанца дури и во контактот со масата верници.За разлика од својот претходник, кој често даваше ексклузивни интервјуа, Лав XIV во првите седум месеци од понтификатот даде само едно. Сепак, воведе нова практика – кратки разговори со новинарите при враќање од одмор, при што не се двоуми да одговори директно и јасно. Во последните недели јавно го критикуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи го односот кон мигрантите како „крајно непочитување“.Во Ватикан постои видливо задоволство од неговиот поголем респект кон институциите и одлуките засновани врз детално познавање на материјата. Дипломатски извори наведуваат дека оваа воздржаност се доживува како форма на почит кон луѓето и кон самата функција, особено во контраст со понекогаш импулсивниот карактер на Франциск.Лав XIV донесе и конкретни одлуки што означуваат преиспитување на дел од реформите во управувањето со Ватикан, а воедно врати и поголема формалност во папското облекување, повторно носејќи црвени плаштови и златно извезени штољи. Единствениот модерен детал што отстапува од традицијата е паметниот часовник на неговата рака, кој повремено се забележува под чипканиот ракав на белата папска одежда.Со тоа, папата Лав XIV испраќа порака за поинаков, посмирен, но самоуверен понтификат, во кој формата и институционалната стабилност одат рака под рака со јасни и недвосмислени ставови за клучните општествени прашања.

Свет | пред 2 месеци

putin-52135

Русија со закон им ги одзема домовите на избеганите и убиените Украинци

Со нова уредба донесена овој месец, рускиот претседател Владимир Путин практично ја легализира конфискацијата на имот на окупираните украински територии, овозможувајќи им на окупациските власти да одземаат станови и куќи што се прогласуваат за „без сопственик“. Во реалноста, станува збор за имот на луѓе кои избегале од војната или биле убиени за време на руската инвазија врз Украина.Според уредбата, сопственоста може да се докаже само лично и исклучиво со руски документи, односно со руски пасош, што за голем дел од Украинците е невозможно или опасно. На тој начин, илјадници луѓе остануваат без можност да го заштитат својот имот, додека нивните домови се прогласуваат за „без сопственост“ и се одземаат.Жителката на Мариупол, Ана Шевченко, за украинските медиуми изјавила дека е очајна бидејќи Русите ѝ го одземаат станот во кој ги чува сите спомени од детството. Таа вели дека не може да се врати, бидејќи би морала да земе руски пасош, а стравува и за сопствената безбедност поради нејзините проукраински ставови.Експертите наведуваат дека уредбата е само формално заокружување на процес што трае од самиот почеток на окупацијата. Според податоци од Мариупол, досега се одземени околу 5.000 станови, а бројката расте од 100 до 200 неделно. Во окупираните делови на Донецк, Луганск и Херсонската област, десетици илјади недвижности веќе се прогласени за „без сопственик“.Запленетиот имот, според прописите, може да им се додели на лица кои наводно ги загубиле своите домови, но и на руски државни службеници, припадници на безбедносните сили и администрацијата, како и на нови доселеници од Русија. Украински организации предупредуваат дека ваквата практика претставува дел од поширока политика на заменување на украинското население со руско, со цел трајна промена на демографската и политичката структура на окупираните подрачја.Многу Украинци се соочуваат со речиси невозможен избор: да останат под окупација за да го сочуваат домот или да заминат и ризикуваат да останат без сè. Новата уредба, според хуманитарните организации, дополнително ја продлабочува траумата на луѓето кои веќе ги изгубиле своите блиски и својата сигурност, претворајќи ја кражбата на имот во формално „законска“ практика.Како што предупредуваат активистите, Русија не само што секојдневно им ги одзема домовите на Украинците на окупираните територии, туку со ваквите уредби своите злосторства ги претвора во државна политика и ги прогласува за закон.

Свет | пред 2 месеци

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Граѓаните ја плаќаат цената за енергетскиот колапс на Владата, ЕСМ во загуба од над 200 милиони евра, вели СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска оцени дека најавеното поскапување на електричната енергија претставува нов директен удар врз животниот стандард на граѓаните и е резултат на, како што наведуваат, криминални тендери и неспособно управување со енергетскиот сектор од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Според СДСМ, за само година и половина, актуелната власт и ресорната министерка Сања Божиновска ја довеле државната компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Опозицијата тврди дека производството на електрична енергија е на историски најниско ниво, при што од планираните околу 5.000 гигават-часови не се произведени ниту 3.000.Поради недоволното домашно производство, како што наведуваат од СДСМ, Владата била принудена да купува електрична енергија од увоз по значително повисоки цени. Наместо струја произведена во земјата по цена од 80 до 90 евра за мегават-час, се набавува увозна струја по цена од околу 140 евра за мегават-час, што директно се одразува врз сметките на граѓаните.Во соопштението, СДСМ дополнително обвинува дека зад ваквата состојба стојат сомнителни тендерски постапки и коруптивни практики, наведувајќи примери за голем број тендери доделени на поединечни фирми, како и високи исплати на компании со минимален број вработени. Според партијата, токму ваквите практики се една од причините за, како што велат, „дупка“ од околу една милијарда евра во државниот буџет.СДСМ наведува дека загубите на ЕСМ веќе изнесуваат 77 милиони евра, со проекција да надминат 100 милиони евра до крајот на 2025 година. Дополнително, компанијата се задолжила со околу 110 милиони евра кредити, што, според опозицијата, значи вкупен товар од околу 200 милиони евра кој на крајот го плаќаат граѓаните.Од СДСМ порачуваат дека токму овие финансиски загуби и, како што велат, „епската неспособност“ на власта се главната причина за поскапувањето на струјата, нагласувајќи дека одговорност мора да има и дека темата нема да биде затворена.

Македонија | пред 2 месеци

zernovski

„Новото раководство“ на СДС е составено од стари и компромитирани кадри, вели владејачката партија

ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираше „на обидите на СДС да го претстави своето ново партиско раководство како кадровска реформа и нов почеток“, оценувајќи дека таквата слика не одговара на реалноста. Според партијата, самото присуство на Венко Филипче како претседател на СДС и Андреј Жерновски како дел од раководството е доволен доказ дека во партијата нема суштинска промена.Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Жерновски, исто како и Филипче, не претставува ново лице на македонската политичка сцена, туку симбол на неуспех, скандали и политики што, според нив, ѝ нанеле штета на државата. Во соопштението се потсетува дека Жерновски во времето на Зоран Заев ја напуштил својата матична партија ЛДП и преминал во СДС, што, според ВМРО-ДПМНЕ, го направил исклучиво заради добивање функција.Партијата го оценува како неуспешен и скандалозен дипломат неговиот ангажман во Букурешт, каде, како што тврдат, се претставувал како македонски амбасадор без да има добиено акредитации. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ потсетува и на јавните настапи на Жерновски во кои, според нив, ширел паника за наводна небезбедност на новата трибина на скопскиот стадион, што подоцна се покажало како неточно.Во соопштението се спомнува и неговиот мандат како градоначалник на општина Центар, за кој од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека бил обележан со партизација и превработување на општинската администрација и јавното претпријатие „Паркинзи Центар“, со роднини и блиски лица на активисти и функционери на СДС.Како особено спорен момент, партијата ги истакнува јавните настапи на Жерновски кои, според нив, биле на штета на македонскиот идентитет и позиции, а во полза на бугарскиот наратив за Македонија. Во таа насока, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека неговото лично потекло не може да биде оправдување за, како што велат, рушење и предавање на македонските национални интереси.Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека и Филипче и Жерновски се стари и истрошени кадри, длабоко поврзани со СДС уште од периодот на транзицијата, кои, според нив, носат директна одговорност за неуспесите на државата и изборните порази на партијата. Според партијата, таканаречените „нови сили“ во СДС се всушност поранешни функционери кои веќе имале можност да покажат резултати, но ја изневериле довербата на граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

elem-esm

ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра испрани преку наместен тендер, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе сериозни обвинувања за, како што наведуваат, криминално и партиско управување со државната компанија ЕСМ и нејзините подружници во периодот кога со нив раководеле кадри на СДС и ДУИ.Според партијата, ЕСМ и претпријатијата поврзани со неа биле третирани како „партиски плен“, при што институциите служеле за згрижување роднини и блиски лица на функционери, а нивните буџети биле користени како извор за лично богатење.Како пример, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во ЕСМ Снабдување со топлина, ќерката на поранешниот собраниски претседател Талат Џафери била член на Надзорниот одбор. Според партијата, тоа било резултат на политички договор меѓу СДС и ДУИ, кои, како што тврдат, го поддржале Џафери за функцијата претседател на Собранието, по што неговата ќерка била избрана во надзорното тело на компанијата.Во соопштението се наведува и дека ЕСМ Дистрибуција на топлина била користена за, како што велат, испумпување народни пари преку наместени тендери. Според ВМРО-ДПМНЕ, истражните органи спровеле истрага за периодот кога претпријатието било раководено од кадар на ДУИ, именуван од СДС, при што бил сторен криминал во вредност од околу осум милиони евра.Партијата тврди дека од таа сума, околу два милиони евра биле „испрани“ преку различни корупциски шеми и дека постои сомнеж дека тие средства завршиле во приватни џебови.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека дополнително загрижува молкот на СДС, кој, според нив, ниту тогаш ниту сега не се оградил од наводните криминални и корупциски дејствија во ЕСМ Дистрибуција на топлина. Поради тоа, партијата јавно го поставува прашањето дали исчезнатите два милиони евра завршиле кај структури блиски до врвот на СДС или ДУИ и дали високи функционери од тие партии имаат вмешаност во случајот.Во соопштението се нагласува дека македонската јавност заслужува одговори и одговорност за начинот на кој, според нив, биле раководени државните институции. ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да постапува одговорно, транспарентно и независно, со цел, како што велат, да има правда и санкционирање на одговорните.

Македонија | пред 2 месеци

brza-pomos-nokje-3

Набавка на 100 амбулантни возила и деблокада за паркирањето во Клинички се „удар врз хаосот во здравството“, вели ВЛЕН

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека на вчерашната владина седница биле донесени две одлуки кои, според нив, означуваат „нова фаза“ во јавното здравство и директен одговор на, како што наведуваат, долгогодишната небрежност и хаос во системот. Од ВЛЕН посочуваат дека мерките се реализираат под раководство на министерот за здравство Азир Алиу и дека се поставуваат нови стандарди со фокус на „животот на граѓаните“.Во соопштението се наведува дека со одлуката за набавка на 100 нови амбулантни возила, во вредност од над 461 милион денари, треба да се обезбеди побрз одговор на итни случаи, поефикасен транспорт на пациенти и подобра покриеност на територијата на државата, и во урбани и во рурални средини.Како второ, ВЛЕН информира дека се отвора пат за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, при што, според нив, со отстранување на административните пречки ќе се овозможат ред, модернизација, зголемени капацитети и поорганизиран пристап за пациентите и медицинскиот персонал.Од коалицијата додаваат дека ја ценат „решителноста и сериозноста“ на министерот Алиу и оценуваат дека здравството не се реформира со декларации, туку со конкретни одлуки и работа, порачувајќи дека нивната цел е здравствена заштита што функционира и држава што се грижи за граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Епстин-списите повторно го отворија прашањето за Трамп и принцот Ендрју, додека институциите вадат деманти и нови детали

Американското Министерство за правда објави нов, најобемен пакет материјали поврзани со случајот на Џефри Епстин, а со него во јавноста излегоа низа нови фотографии и електронска преписка што повторно ги отворија старите сомнежи, но и донесоа директни деманти од институциите за дел од најексплозивните тврдења.Во фокусот се најде спорна разгледница која, наводно, Епстин ја испратил до осудениот спортски лекар Лари Насар и во која се споменува „нашиот претседател“. Министерството прво соопшти дека ја проверува нејзината валидност поради низа нелогичности, а потоа објави дека документот е лажен, откако ФБИ утврдил дека ракописот не одговара на Епстиновиот. Министерството јавно предупреди дека фактот што документ е објавен во официјална архива не значи дека и неговата содржина е фактички точна, најавувајќи дека објавувањето на материјалите ќе продолжи, но со законски пропишана заштита на жртвите.Паралелно, во новите материјали повторно се појавува името на Доналд Трамп, овојпат преку непотврдена изјава на возач на лимузина кој тврдел дека во 1995 година слушнал разговор во кој се споменува „злоупотреба на девојка“ и името „Џефри“. Министерството за правда реагираше дека дел од документите содржат „неистинити и сензационалистички“ наводи против Трамп доставени до ФБИ непосредно пред изборите во 2020 година и дека тие се „неосновани и лажни“, оценувајќи дека доколку имале кредибилитет, одамна ќе биле употребени против него. Во истиот пакет се споменува и интерен е-маил од 2020 година во кој се наведува дека Трамп бил наведен како патник на најмалку осум летови со приватниот авион на Епстин во периодот 1993–1996, од кои на дел, според преписката, била присутна и Гислејн Максвел, а на одредени летови се појавуваат и женски имиња што би можеле да бидат потенцијални сведоци.Еден од поинтересните сегменти е е-маил што се поврзува со 2017 година и во кој се тврди дека при преглед на телефонот на Стив Бенон биле пронајдени фотографии, меѓу кои и фотографија од Трамп и Гислејн Максвел. Пораката, според објавеното, е со затемнети адреси, без потпис и без податоци кога е настаната фотографијата, што ја прави нејзината интерпретација неизвесна. Во ист контекст се потсетува дека Бенон бил истражуван и обвинуван во друга постапка поврзана со кампањата „We Build the Wall“.Во документите има и нови елементи околу принцот Ендрју. Објавена е преписка што укажува дека лондонската Метрополитен полиција оваа година водела тајна, кодирана проверка („Операција Dawnchorus“) поврзана со медиумски наводи за неговите активности и можни дополнителни материјали што ги поседуваат британски медиуми, вклучително и списоци на патници од летови на Епстин. Истовремено, се појавуваат стари е-маилови од 2002 година за патување во Перу во кои се отвора тема за „девојки“, при што лицето потпишано со „A“ сугерира дека организацијата ја препушта на домаќините и на Максвел, а дел од текстовите го поврзуваат „Неевидливиот човек“ од преписката со принцот Ендрју. Одделно, објавена е и преписка од 2020 година што покажува дека американските власти барале правна помош и контакт со принцот Ендрју како „материјален сведок“ преку механизам за меѓудржавна правна соработка.Покрај кореспонденцијата, јавноста доби и визуелни докази од затворските записи: фотографии од надворешноста на Епстиновата ќелија во њујоршкиот „Metropolitan Correctional Center“, направени два дена по неговата смрт во август 2019, со полициска лента на вратата и идентификациска картичка. Објавени се и фотографии од ќелијата по првиот можен обид за самоубиство во јули 2019, како и интерни е-маилови што отвораат прашања за затворските пропусти, меѓу кои и планови за потенцијален цимер, што дополнително ја храни јавната дебата за условите и надзорот во последните недели од неговиот живот.Севкупно, најновата објава ги засили контроверзиите околу тоа што е доказ, што е непроверено сведочење и што е фалсификат во масата материјали. Институционалните деманти, особено за разгледницата и за дел од наводите поврзани со Трамп, ја поставуваат границата меѓу документарното и манипулативното, но истовремено објавените преписки и логистички траги повторно го враќаат во фокус прашањето за мрежата на контакти околу Епстин и степенот на одговорност на системите што со години го пропуштале да ја пресечат.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryf30hrekck2oc4zqSVZJ

Бакарот поскапува: пазарите реагираат на новите закани со царини од Трамп

Цените на бакарот во САД денеска пораснаа на 5,5 долари за фунта, односно околу 2,12 евра за килограм, што претставува највисоко ниво во последните пет месеци. Ова е најголем износ од јули наваму и доаѓа во контекст на повторните најави за воведување царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Trading Economics.Според анализите, пазарите реагирале на сигналите дека Белата куќа повторно ја разгледува можноста за воведување царини на клучни индустриски метали. Ваквите најави веќе еднаш доведоа до нагло поскапување на бакарот, кога цената достигна рекордни 5,8 долари за фунта, по претходните закани за ограничување на увозот.Американскиот претседател повторно ги актуализираше своите ветувања за воведување царини и најави дека до следната година ќе бидат воведени тарифи за бакар како стратешка суровина. Аналитичарите оценуваат дека ваквите политики создаваат дополнителна неизвесност на глобалните пазари, со оглед на тоа што бакарот има клучна улога во индустријата, градежништвото и енергетската транзиција.Пазарните движења укажуваат дека инвеститорите веќе ги вградуваат овие очекувања во цените, што може да значи продолжен притисок врз пазарот на бакар и во наредниот период, особено доколку најавените царини навистина стапат на сила.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn7r84urjc2tqeNCIeT9

Преку Grindr намамувале жртви и ги ограбувале во нивните домови: двајца мажи осудени на затвор во Лондон

Двајца мажи кои преку апликацијата за запознавање Grindr намамувале жртви во нивните домови со цел да ги ограбат, се осудени на затворски казни во Велика Британија. Рахмат Кан Мохамади (23) и Мохамед Билал Хотак (27) користеле разработена и однапред испланирана метода за кражба на мобилни телефони и банкарски податоци од своите жртви низ Лондон, објави Sky News.Според обвинението, двајцата, кои се бегалци од Авганистан, преку Grindr договарале средби со жртвите, а откако ќе влезеле во нивниот дом, барале да пуштат музика на YouTube. На тој начин обезбедувале телефонот да остане отклучен. Потоа, користеле различни начини за одвлекување на вниманието – барале жртвата да се истушира, да подготви пијалак или прашувале каде е тоалетот – со цел таа да ја напушти просторијата. Во тој момент го земале телефонот и заминувале.По кражбата, уредите биле користени за онлајн и бесконтактни плаќања, а во одредени случаи и за префрлање пари на нивни лични сметки. Мохамади на ваков начин ограбил 11 жртви во периодот од октомври 2024 до март 2025 година, додека Хотак учествувал во нападите меѓу октомври и декември 2024 година.На Крунскиот суд во Isleworth, Мохамади беше осуден на пет години затвор, а Хотак на три и пол години. Судјката Аденике Балогуњ при изрекувањето на пресудата истакна дека ги земала предвид психолошката траума и вознемиреноста што жртвите ги претрпеле откако ги пуштиле обвинетите во својот дом. „Ги поканиле во својот приватен простор, а за возврат биле злоупотребени“, нагласи таа.Обвинителството тврдеше дека станува збор за злосторства од омраза, бидејќи жртвите биле целени поради нивната сексуална ориентација. Сепак, судјката оцени дека жртвите биле избрани поради нивната перципирана ранливост, а не поради непријателство кон нивната сексуалност. Таа додаде дека Grindr претставувал лесен начин за пристап до домовите на жртвите и дека постои сомнеж оти обвинетите сметале дека дел од жртвите нема да го пријават кривичното дело.За време на судењето беа изнесени и потресни сведоштва. Една од жртвите раскажа дека претрпела тешка психолошка траума, особено поради губењето на фотографии од починати членови на семејството, кои биле зачувани на украдениот телефон. Друга жртва опиша како била одведена во мрачен парк доцна навечер и понижувана пред да ѝ биде одземен телефонот, по што изјавила дека и денес се плаши да запознава луѓе преку интернет.Поротата го прогласи Мохамади за виновен по 10 точки за провала, девет за измама со лажно претставување и една за кражба, додека Хотак беше осуден по пет точки за провала, пет за измама и една за кражба. Надзорникот Овен Реновден од Метрополитен полиција ги опиша нивните дела како бездушни, пресметани и однапред планирани, нагласувајќи дека последиците врз жртвите биле разорни и долготрајни.

Свет | пред 2 месеци

wC8gG-ukrainska-armija-donjeck

Руски напредок во Донецк: Украина се повлекува за да ги зачува силите

Украинските вооружени сили се повлекоа од источниот град Сиверск по повеќемесечни интензивни борби, соопштија денеска од украинската војска, наведувајќи дека одлуката е донесена со цел да се заштитат животите на војниците и да се зачува борбената способност на единиците. Според официјалните информации, руските сили имале значајна предност во човечка сила, што дополнително го отежнало задржувањето на позициите.Сиверск, град кој пред почетокот на руската инвазија броеше околу 11.000 жители, во текот на борбите беше речиси целосно разурнат. Неговото заземање ја приближува Русија до последните поголеми градови во таканаречениот „појас на утврдувања“ во индустриската област Донецк – Славјанск и Краматорск, кои сè уште се под украинска контрола и претставуваат клучни логистички и командни центри на одбраната во Донбас.„Појасот на утврдувања“ претставува синџир од градови и одбранбени позиции што Украина систематски ги градела и зајакнувала уште од 2014 година, со цел да го запре руското напредување кон западниот дел на Донецката област. Во овој систем, покрај Сиверск, влегуваат Соледар, Бахмут, Часив Јар, Торецк, Авдијивка, како и Дружкивка и Костјантинівка.Досега, руските сили ги зазедоа Соледар, Бахмут, Авдијивка и Сиверск, со што го пробија источниот дел од овој одбранбен појас и постепено се доближија до неговата западна, најзначајна зона. За Часив Јар и Торецк, Москва тврди дека се под нејзина контрола, но украинските власти сè уште не го потврдиле тоа. Западниот урбан кластер, составен од Славјанск, Краматорск, Дружкивка и Костјантинівка, останува последната голема, длабински утврдена линија на одбрана во Донецката област.Москва уште пред две недели соопшти дека воспоставила контрола врз Сиверск, што тогаш беше демантирано од Киев. Според актуелните процени, Русија контролира околу 75 проценти од Донецката област и речиси целата соседна Луганска област, кои заедно го сочинуваат регионот Донбас.Значењето на падот на Сиверск е повеќеслојно. Освен што станува збор за една од последните украински одбранбени точки на северот на Донецката област, неговото губење им овозможува на руските сили подиректен пристап кон стратешки важните Славјанск и Краматорск. Со тоа се намалува длабочината на украинската одбрана и се зголемува притисокот врз линиите што го држат источниот фронт, што може да ја принуди Украина на нови повлекувања или прераспределба на силите.Во поширокиот контекст на војната, ваквите, често бавни и скапи територијални поместувања ѝ овозможуваат на Москва да прикажува постепено напредување, додека истовремено ги исцрпува украинските сили, кои веќе се соочуваат со недостиг од човечки ресурси и постојан притисок долж целата линија на фронтот.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryh1h1iclfu1b8atiTM0t

Марк Маркез: Не очекував титула пет трки пред крајот на сезоната

Возачот на Дукати, Шпанецот Марк Маркез, изјави дека не очекувал да ја освои титулата во Мото ГП шампионатот дури пет трки пред крајот на сезоната, пренесоа шпанските медиуми.Маркез ја обезбеди титулата на 28 септември, на трката за Голема награда на Јапонија, со што предвреме го потврди приматот во таканаречената „кралска класа“ на мотоциклизмот. Иако сезоната за него заврши порано од очекуваното поради повреда, успехот беше веќе запечатен.По освојувањето на титулата, Маркез се повреди на 5 октомври по пад на трката за Голема награда на Индонезија. Поради оперативен зафат и периодот на рехабилитација, тој не настапи до крајот на сезоната, но тоа не ја засени доминацијата што ја прикажа претходно.Во текот на годината, Маркез забележа 11 победи на главните трки и уште 14 триумфи во спринт-трките, бројки што јасно ја отсликуваат неговата супериорност и стабилност во текот на целата сезона. Со ваков биланс, шпанскиот ас ја заокружи една од најубедливите кампањи во поновата историја на Мото ГП, оставајќи силен печат и покрај прераниот прекин поради повредата.

Спорт | пред 2 месеци

rute1

Генералниот секретар на НАТО предупредува: Ослабена Европа значи поголем безбедносен ризик

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска повика на продолжување и зајакнување на поддршката за Украина, предупредувајќи дека Европа би можела да се соочи со зголемени безбедносни ризици доколку покаже колебливост и ослабена решителност.Руте истакна дека Украина мора да остане силна и способна да се брани, со цел да се спречат, како што рече, можни обиди на рускиот претседател Владимир Путин да го загрози НАТО. Според него, стабилна и отпорна Украина претставува клучен елемент за безбедноста не само на Источна Европа, туку и на целата Алијанса, пренесе Ukrinform.Во своето обраќање, Руте ја нагласи и потребата земјите членки на НАТО да ги зголемат издвојувањата за одбрана, во согласност со обврските договорени на самитот на Алијансата одржан во Хаг во јуни. Тој оцени дека зголемените инвестиции во одбранбениот сектор се неопходни за одржување на кредибилитетот на НАТО и за соочување со актуелните и идните безбедносни предизвици.Руте порача дека само преку единство, континуирана поддршка за Украина и јасна политичка и воена решителност, Европа и НАТО можат да обезбедат долгорочна стабилност и безбедност на континентот.

Свет | пред 2 месеци

media-library18i26ga29ta675rNxAu

САД забрануваат нови странски дронови: кинеските DJI и Autel исфрлени од пазарот

Федералната комисија за комуникации на САД, Federal Communications Commission, во понеделникот објави забрана за пласирање нови дронови произведени во странство, одлука со која од американскиот пазар практично се исфрлаат кинеските производители, меѓу кои и водечките компании DJI и Autel. Како причина се наведуваат „неприфатливи ризици за националната безбедност“, објави Euronews.Одлуката е во согласност со законот за одбрана што американскиот Конгрес го усвои минатата година, со кој беа засилени сомнежите и загриженоста околу дроновите од кинеско производство. Тие во изминатите години станаа доминантни на американскиот пазар и широко се користат во земјоделството, картографијата, филмската индустрија, како и во полициските служби.Компанијата DJI, со седиште во Шенжен, е најголемиот светски производител на дронови и, според податоците на Drone Industry Insights, контролира речиси 80 проценти од американскиот пазар на комерцијални дронови. Нејзиниот најблизок конкурент Autel има значително помал пазарен удел.Во образложението на одлуката, американските власти наведуваат дека ревизијата на Владата утврдила оти сите дронови и клучни компоненти произведени во странство, не само во Кина, претставуваат „неприфатлив ризик за националната безбедност на САД, како и за безбедноста и заштитата на американските граѓани“. Сепак, FCC остави можност за исклучоци, доколку Пентагон или Министерство за внатрешна безбедност на САД проценат дека одредени дронови или компоненти не претставуваат таква закана.Како дополнителен аргумент за итноста на мерките, ФЦЦ ги наведе претстојните големи настани, меѓу кои Светско првенство во фудбал 2026, прославата на 250-годишнината од независноста на САД (America250) и Летни олимписки игри 2028, предупредувајќи на можноста за злоупотреба на дронови од страна на криминалци, непријателски странски актери или терористи.Од компанијата DJI реагираа дека се разочарани од одлуката, наведувајќи дека не се презентирани конкретни докази врз основа на кои е донесена. Според нив, тврдењата за безбедносни ризици не се поткрепени со факти, туку претставуваат протекционизам спротивен на принципите на отворен пазар.Одлуката предизвика поделени реакции и кај корисниците во САД. Професионалци кои во својата работа користат странски дронови предупредуваат дека новата политика може сериозно да им наштети на бизнисите. Џин Робинсон од Тексас, кој обучува полициски служби и користи флота од девет DJI дронови, изјави дека ограничувањата ќе создадат проблеми, иако признава дека САД сами ја дозволиле зависноста од Кина.Од друга страна, Артур Ериксон, коосновач и директор на американската компанија Hylio, смета дека заминувањето на DJI ќе создаде простор за раст на домашните производители. Сепак, тој проширувањето на забраната на сите странски дронови и компоненти го оцени како изненадувачко и претерано, изразувајќи надеж дека правилата ќе бидат дополнително појаснети.

Свет | пред 2 месеци

media-librarypd4cm6ikvp3t7XpUG8X

УЈП утврдила неправилности на „Зимзоленд“: неиздавање фискални сметки и најавено запечатување

Во одговор на прашање на Скопје1, Управа за јавни приходи информира дека Даночниот инспекторат во изминатиот период во повеќе наврати спровел теренски контроли на божиќниот базар Зимзоленд, постапувајќи согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.При контролите, според УЈП, биле утврдени неправилности кај повеќе правни субјекти, кои се однесувале на неиздавање фискални сметки и неуредно водење на книгата за дневно-финансиски извештаи. Кај едно правно лице била изречена втора глоба за неиздавање фискални сметки, по што, согласно законските одредби, следи мерка запечатување.Во рамки на контролите биле затекнати и физички лица кои продавале храна и ракотворби на тезги. Овие лица доставиле документација дека поднеле барање до УЈП за паушално оданочување, но, како што информираат од Управата, согласно член 29 став 4 од Законот за данок на личен доход, сите барања биле одбиени бидејќи не биле исполнети условите за паушално оданочување, со исклучок на барањето за продажба на ракотворби.За утврдената состојба кај физичките лица, од УЈП посочуваат дека се известени надлежните институции за понатамошно постапување, меѓу кои Агенција за храна и ветеринарство и Државен пазарен инспекторат, со цел преземање соодветни мерки во рамки на нивните надлежности.Од Државниот пазарен инспекторат за „Скопје1“, велат дека и нивните инспектори постапувале минатата недела, и кај пет објекти утврдиле неправилности.

Македонија | пред 2 месеци

10-1

Русија почна да го ограничува WhatsApp: обвинувања за кршење закони и закана за целосна блокада

Илјадници корисници низ Русија во вторникот пријавија прекини и сериозни потешкотии во користењето на апликацијата WhatsApp, по што компанијата јавно ги обвини руските власти дека се обидуваат да го ускратат правото на приватна комуникација на повеќе од 100 милиони луѓе, токму во пресрет на празничната сезона. Рускиот регулатор за комуникации потврди дека презема мерки за постепено ограничување на услугата, наведувајќи дека апликацијата ги крши руските закони, објави Reuters.Од Роскомнадзор соопштија дека WhatsApp континуирано не ги почитува законските обврски и повторно упатија предупредување дека може да следи целосна блокада доколку компанијата не се усогласи со барањата. Во соопштението доставено до државните медиуми се наведува дека апликацијата, според нив, се користела за организирање и извршување терористички акти, за регрутирање извршители, како и за измами и други кривични дела против граѓаните на Русија.Од WhatsApp возвратија дека ваквите мерки директно ја загрозуваат безбедноста и приватноста на милиони корисници кои секојдневно се потпираат на платформата. Портпарол на компанијата изјави дека ограничувањето на пристапот претставува обид да им се одземе правото на приватна, целосно шифрирана комуникација на над 100 милиони луѓе, и тоа непосредно пред празниците во Русија.Во реакцијата се нагласува дека WhatsApp е длабоко вкоренет во секојдневието на заедниците во земјата – од родителски групи и работни колективи до разговори меѓу пријатели, соседи и пошироки семејства низ различни руски региони. Од компанијата порачаа дека ќе продолжат да се борат за своите корисници, предупредувајќи дека присилувањето на граѓаните да користат помалку безбедни, државно контролирани апликации може да резултира со уште помала безбедност за населението.Ограничувањата на WhatsApp се дел од поширок притисок врз странските технолошки платформи во Русија. Уште во август, властите започнаа да ограничуваат дел од повиците преку WhatsApp и Telegram, обвинувајќи ги дека одбиваат соработка со органите за спроведување на законот во истраги поврзани со измами и тероризам.Покрај тоа, руските власти веќе блокираат или ограничуваат пристап до социјални мрежи како Facebook, Instagram, YouTube и Snapchat, додека паралелно ја промовираат државната апликација за размена на пораки MAX.Критичарите предупредуваат дека MAX, која интегрира различни државни услуги, може да се користи за надзор на корисниците, обвинувања што руските власти ги отфрлаат, тврдејќи дека апликацијата е создадена со цел да им го олесни секојдневието на граѓаните.

Свет | пред 3 месеци

filipce

Филипче: Наместо домашно производство, Владата купува струја по 140 евра за мегават-час

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите во Собрание на Република Северна Македонија оцени дека зголемувањето на цената на електричната енергија е директна последица на, како што рече, катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.Филипче истакна дека Владата не исполнила ниту една од сопствено поставените цели во енергетиката, нагласувајќи дека наместо планираното производство од над 5.000 гигават-часови електрична енергија, не е произведена ниту половина од таа количина. Според него, недостигот на струја е еднаков на тоа како половина од хидроенергетскиот потенцијал во изминатата година воопшто да не работел, што, како што рече, директно го осиромашило домашниот енергетски систем.Тој посочи дека наместо да се активираат домашните капацитети и да работат РЕК Битола, Осломеј и Неготино, кои можат да произведуваат струја по цена од 80 до 90 евра за мегават-час, државата се ориентирала кон увоз на електрична енергија по цена од околу 140 евра за мегават-час. Според Филипче, ваквата политика создава дополнителен финансиски товар кој неминовно ќе падне врз граѓаните.Претседателот на СДСМ додаде дека во изминатата година не биле навремено обезбедени ниту потребните реагенси за стабилно производство, поради што сега, како што рече, Владата посегнува по државните резерви на мазут, иако тој не е примарен енергенс за производство на електрична енергија. Тој јавно го постави прашањето зошто системот не бил подобро испланиран и управуван и зошто државната компанија ЕСМ се задолжила со 110 милиони евра.Филипче предупреди дека земјата е соочена со увозна и исклучително скапа струја, која во зимскиот период дополнително поскапува, а целата таа цена, како што нагласи, на крај ќе ја платат граѓаните. Во таа насока, тој најави дека СДСМ ќе излезе со конкретни предлози и решенија за ублажување на ценовните шокови и заштита на домаќинствата.Сепак, Филипче изрази скепса дека актуелната власт ќе ги поддржи тие мерки, потсетувајќи дека претходно не биле прифатени ниту законските решенија за намалување на ДДВ, ниту предлозите поврзани со минималната плата и субвенциите за компаниите. Според него, Владата нема слух за политики што им се неопходни на граѓаните за да ја пребродат финансиската криза, која, како што рече, во наредните месеци дополнително ќе се продлабочува.

Македонија | пред 3 месеци

nafta-mazut

Влада прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија

Владата на денешната редовна 138. седница донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата, во времетраење од седум дена од денот на влегување во сила на одлуката. Одлуката е донесена по предлог на Управувачки комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.Како што беше најавено и во изминатите денови, кризна состојба се прогласува поради неможноста за навремена набавка на мазут, кој е неопходен за дел од процесот на производство на електрична енергија. Поради тоа, државата ќе интервенира со користење на задолжителните резерви на нафтени деривати.Според одлуката, задолжителните резерви на мазут ќе бидат отстапени без надоместок, со цел да се обезбеди континуитет во производството и стабилност во снабдувањето со електрична енергија. Државната компанија АД ЕСМ ќе има обврска редовно да доставува извештаи за потрошувачката на мазут до Владата, како и до Министерство за финансии.Со оваа одлука, Владата има за цел да спречи продлабочување на состојбата во енергетскиот сектор и да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија во услови на зголемен притисок врз производствените капацитети.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryahnbgh7admeg1HlQ3T2

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција по годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека во нејзиниот говор изостана визија за реалната состојба во државата. Тој истакна дека наместо анализа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, обраќањето беше сведено на флоскули и претставување на владината агенда на ДПМНЕ, а не на политичка слика што ги опфаќа сите граѓани во Република Македонија.Мециновиќ нагласи дека во говорот на Давкова сосема изостана осврт кон уништувањето на реките, загадувањето на воздухот и системското разорување на животната средина, што претставува политичка порака дека загадувањето, зголемените заболувања, доминацијата на интересите на крупниот капитал над здравјето на граѓаните се прифатливи и нормализирани.Тој сублимираше дека ова претставува морална мапа за ургентните прашања, и дека сведочиме на апстрактни говори за стабилност и глобални климатски промени, преку кои всушност се избегнува соочување со конкретните причинители и одговорности кај нас. Таквиот пристап ја штити нерегулираната индустрија и интересите на крупниот капитал, а штетата по граѓаните се третира како колатерална и неизбежна.Дополнително, иронично, зад говорите за енергетска независност истовремено застана реалноста на поскапена струја и продлабочена енергетска сиромаштија, што повторно покажува отсуство на приоритети насочени кон граѓаните. Затоа, пратеникот од Левица најави и итна законска интервенција како одговор на енергетската криза во која државата веќе се наоѓа.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Опозицијата обвинува: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради колапсот на ЕСМ

Од Социјалдемократски сојуз на Македонија обвинија дека прогласувањето кризна состојба во енергетиката нема никаква врска со надворешни фактори, туку претставува обид за покривање на, како што велат, криминалните тендери и неспособноста на актуелната власт. Според СДСМ, токму овие политики се единствената причина зошто сите граѓани ќе плаќаат поскапа струја.Во партиското соопштение се наведува дека за само година и половина, Владата предводена од Христијан Мицкоски ја довела најголемата државна енергетска компанија, ЕСМ, до финансиски и производствен колапс. Како доказ за тоа, СДСМ посочува дека годинава е забележано историски најниско производство на домашна електрична енергија, со помалку од 3.000 GWh, наспроти планираните 5.100 GWh, што го оценуваат како катастрофално лош резултат.Според опозицијата, наместо навремено и рационално домашно производство, власта ја надоместува разликата со скап увоз на струја по значително повисоки цени. Последиците, како што тврдат, директно ги чувствуваат граѓаните. Официјалната загуба на ЕСМ за само првите два квартали од 2025 година, според СДСМ, изнесува 77 милиони евра, со проекција дека до крајот на годината загубата ќе надмине 100 милиони евра.Дополнително, се наведува дека ЕСМ за само 18 месеци земала нови кредити во износ од над 110 милиони евра, со што вкупната финансиска дупка, според СДСМ, надминува 200 милиони евра. Партијата потенцира дека станува збор за внатрешно предизвикана криза, а не за последица од состојбите во регионот или протестите во Грција.Како клучно прашање, СДСМ прашува зошто навреме не биле обезбедени енергенси за зимскиот период. Според нив, во ек на зима нема ни минимум 300.000 тони јаглен на депонија, што го оценуваат како основен предуслов за сигурно производство. Истовремено, обвинуваат дека мазутот не бил набавен навреме, туку сега панично се бара решение, при што јавно прашуваат дали веќе постои избрана фирма за снабдување со мазут.Опозициската партија заклучува дека токму поради ова се прогласува кризна состојба и дека ударот повторно паѓа врз џебот на граѓаните. Според СДСМ, државата се соочува со буџетска дупка од една милијарда евра, но, како што велат, власта не се откажува од криминалните тендери и скапиот увоз на струја и мазут. „Сметката за ова на крајот ја плаќа народот, сите граѓани на Македонија“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybp4sa6eia58q4mXittx

Масовен руски напад врз Украина: експлозии низ целата земја, меѓу жртвите и четиригодишно дете

Русија во текот на ноќта изврши масовен напад со беспилотни летала и ракети врз повеќе делови од Украина, при што загинаа најмалку три лица, меѓу нив и четиригодишно дете. Информацијата ја потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, наведувајќи дека во нападите биле употребени повеќе од 600 дронови и над 30 проектили, објави BBC.Зеленски соопшти дека руските удари биле насочени кон енергетскиот систем, цивилната инфраструктура и, како што истакна, „во суштина целата инфраструктура на секојдневниот живот“. Воздушните тревоги и натаму се активни во поголем дел од земјата, а сите итни служби се ангажирани во санирање на последиците.„Нападите непосредно пред Божиќ, кога луѓето сакаат едноставно да бидат со своите семејства, дома и на безбедно, испраќаат исклучително јасна порака за руските приоритети“, изјави Зеленски. Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не сфаќа дека мора да престане со убивањето, оценувајќи дека тоа значи оти светот не врши доволен притисок врз Русија.Според украинските власти, четиригодишно дете загинало во Житомирската област, откако по руски воздушен напад било пренесено во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот. Уште пет лица се повредени, изјави началникот на регионалната администрација, Виталиј Бунечко. Претходно беше потврдено дека 76-годишна жена загинала во Киевската област, во близина на Вишгород, откако проектил погодил куќа, а три лица, меѓу кои и 16-годишник, биле повредени. Во Хмелницкиот регион, на западот на земјата, животот го загубил 72-годишен маж, а пријавени се и прекини во снабдувањето со електрична енергија.Украинскиот оператор на електроенергетската мрежа Укренерго соопшти дека во повеќе региони се воведени итни рестрикции на струја. Од Министерството за енергетика најавија дека обновата на снабдувањето ќе започне веднаш штом безбедносната состојба го дозволи тоа. Прекините доаѓаат во момент кога температурите се приближуваат до нулата, а во Киев во наредните денови се најавуваат и минусни температури.Нападите предизвикаа реакции и во соседството. Полска ги подигна борбените авиони и ги стави системите за противвоздушна одбрана во состојба на зголемена подготвеност за да го заштити својот воздушен простор, мерка што Варшава редовно ја презема за време на големи руски напади врз Украина.Зеленски и претходно предупреди дека за Русија е „вообичаено“ да изведува масовни напади за време на божиќните празници, особено на 23, 24 и 25 декември. Минатата година, токму на Божиќ, Русија изврши силен ракетен и дронски напад врз украинската енергетска инфраструктура, што украинскиот претседател тогаш го опиша како „свесен избор“.До 2023 година Украина го славеше Божиќ на 7 јануари, според јулијанскиот календар кој го користи и Русија, но од минатата година празникот официјално се одбележува на 25 декември.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryd7tq64m14e01ejWjEG7

Германија под лупа: обвинувања дека АфД собира податоци од интерес за руските служби

Германската десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) се соочува со сериозни обвинувања дека ги користи своите пратенички прашања како алатка за собирање информации што би можеле да бидат од интерес за руските разузнавачки служби, објави бриселскиот портал Politico.Според написот, пратеникот на АфД во парламентот на германската покраина Тирингија, Ринго Милман, во повеќе наврати поднесувал прашања до регионалната влада поврзани со транспортот на западно оружје кон Украина, како и со локалните системи за одбрана од беспилотни летала. Токму ваквите прашања предизвикале реакции кај центристичките политички партии, кои сметаат дека со тоа се настојува да се откријат чувствителни безбедносни информации што би можеле да ѝ користат на Москва.Министерот за внатрешни работи на Тирингија, Георг Мајер од Социјалдемократска партија на Германија, изјави дека АфД покажува „неверојатно голем интерес за критичната инфраструктура и безбедносните служби“, што, според него, отвора сериозни прашања за мотивите на партијата.Од АфД ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека не дејствуваат по налог на Кремљ, нагласувајќи дека нивните пратенички прашања се легитимен дел од парламентарниот надзор и демократската контрола врз извршната власт.Сепак, случајот дополнително ја продлабочува дебатата во Германија за влијанието на Русија врз европските политички партии и за границата меѓу легитимната парламентарна активност и потенцијалното загрозување на националната и регионалната безбедност.

Свет | пред 3 месеци

mk-nato-6

Германскиот министер за одбрана предупредува: Путин не сака директна војна со НАТО, туку да го разниша одвнатре

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не тежнее кон директна војна со НАТО, туку има за цел постепено да ја ослаби Алијансата одвнатре и да го поткопа нејзиното единство.Во интервју за германскиот весник Die Zeit, Писториус оцени дека не верува оти Москва планира фронтален судир со НАТО, но предупреди дека стратегијата на Кремљ е насочена кон разорување на довербата, солидарноста и решителноста меѓу сојузниците. Според него, Русија континуирано ја тестира издржливоста на Алијансата преку политички притисоци, дезинформации и индиректни безбедносни закани.Германскиот министер нагласи дека нема индикации оти Русија покажува подготвеност да ја заврши војната во Украина и дека одговорноста за прекин на конфликтот лежи исклучиво кај Путин.„Тој е единствениот што може веднаш да ја запре војната“, порача Писториус, додавајќи дека сите други дипломатски напори остануваат без резултат сè додека Москва не покаже реална волја за мир.Изјавите на Писториус доаѓаат во период на зголемени безбедносни тензии во Европа и засилени дебати во рамки на НАТО за потребата од поголема кохезија, заедничка одбрана и отпорност на внатрешни поделби, кои, според Берлин, претставуваат една од главните цели на руската надворешна политика.

Свет | пред 3 месеци

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Трамп: Разговорите за мир напредуваат, но меѓу Путин и Зеленски има огромна омраза

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека мировните разговори меѓу Украина и Русија се во тек и дека се одвиваат „нормално“, но оцени дека меѓу рускиот и украинскиот претседател постои длабока омраза. Според него, токму тој личен антагонизам е една од клучните пречки за побрзо завршување на војната.„Меѓу овие двајца лидери, Владимир Путин и Володимир Зеленски, постои огромна омраза. Разговараме, сè оди добро, но оваа војна мора да престане“, изјави Трамп пред новинарите на својот имот Мар-а-Лаго во Флорида. Неговата изјава беше објавена на Јутјуб-каналот на Белата куќа.На прашањето дали ќе инсистира Божиќ да биде краен рок за постигнување мировен договор, Трамп одговори дека се надева оти конфликтот ќе биде завршен што е можно побрзо. Во исто време, тој жестоко го критикуваше својот претходник Џозеф Бајден, тврдејќи дека неговата администрација потрошила 350 милијарди долари за војната во Украина без јасна сметка каде завршиле тие средства. Трамп нагласи дека неговата политика е поинаква, посочувајќи дека САД сега продаваат оружје и воена опрема на НАТО, наместо директно да „фрлаат пари“, како што рече, за време на администрацијата на Бајден.Во истото обраќање, Трамп предизвика нови реакции и со изјавата дека Гренланд е неопходен за националната безбедност на САД. Тој истакна дека Вашингтон „мора да го има“ Гренланд, не поради минералите, туку исклучиво поради стратешката и безбедносната важност. Оваа изјава доаѓа по неговата одлука да го именува гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, за специјален пратеник за Гренланд, потег што предизвика остра реакција од Данска.Премиерите на Данска и Гренланд, Мете Фредериксен и Јенс-Фредерик Нилсен, во заедничко соопштение порачаа дека националните граници и суверенитетот на државите се заштитени со меѓународното право и дека анексија на други територии е недозволива, објави The Guardian.Покрај геополитичките теми, Трамп се осврна и на неодамна објавените досиеја поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Тој изјави дека му било „непријатно“ што видел фотографии од поранешниот американски претседател Бил Клинтон во тие документи. Коментарот го даде по објавувањето на илјадници документи од Министерство за правда на САД, пренесе Sky News.Трамп истакна дека со Клинтон секогаш имал коректни односи и дека смета оти објавувањето на ваквите материјали е поттикнато главно од демократите и, како што рече, „неколку лоши републиканци“. Тој додаде дека многу луѓе биле во контакт со Епстин, кој се движел во кругови на влијателни личности во Палм Бич и на други места, нагласувајќи дека темата и понатаму ќе предизвикува силни политички и јавни реакции.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryo30vgcikpufrdiUaNct

Америка одобри прв лек во форма на таблети кој е за слабеење

Американската Управа за храна и лекови на САД официјално ја одобри таблетарната форма на лекот за слабеење Вегови, производ на фармацевтската компанија Ново Нордиск.Со ова одобрување, „Вегови“ станува првиот лек од класата GLP-1 што се пласира на пазарот за слабеење во орална, односно таблетарна форма. Досега ваквите терапии беа достапни исклучиво како инјекции, што за многу пациенти претставуваше практична и психолошка пречка, објави NBC.GLP-1 лековите делуваат така што го намалуваат апетитот и го продолжуваат чувството на ситост, а во последните години станаа глобален фармацевтски хит поради нивниот ефект во намалувањето на телесната тежина, но и поради дополнителните бенефити кај пациенти со дијабетес тип 2.Според најавите, во наредните месеци се очекува и одобрување на слична таблетарна терапија од конкурентската фармацевтска компанија Ели Лили, што дополнително ќе ја засили трката на пазарот на лекови за слабеење.Одлуката на ФДА се смета за значаен пресврт во третманот на дебелината, бидејќи таблетарната форма може да ја прошири употребата на овие терапии и да ги направи подостапни за поширок круг пациенти.

Свет | пред 3 месеци

youtube-dislike-counts-618c170e98e24-sej-1520x800-1

Крај за АИ-измамите: Јутјуб презеде една од најголемите чистки досега

YouTube донесе одлука да стави крај на измамувачката содржина и згасна два големи канали кои објавуваа лажни филмски трејлери создадени со помош на вештачка интелигенција. Станува збор за каналите Screen Culture од Индија и KH Studio од Соединетите Американски Држави, кои заедно имаа повеќе од два милиони претплатници и над една милијарда прегледи. Акцијата се смета за една од најзначајните интервенции на платформата против таканаречениот АИ спам, објави Deadline.„Чудовиштето е поразено“, изјави еден јутјубер за Deadline по бришењето на спорните канали. Според анализите, овие канали не ја користеле вештачката интелигенција за безазлена забава, туку свесно ги доведувале во заблуда гледачите, комбинирајќи содржини генерирани со АИ со вистински, авторски заштитени филмски материјали.Дополнително, тие објавувале лажни трејлери уште пред официјалните најави, со цел да го преземат вниманието и прегледите. Како пример се наведува каналот Screen Culture, кој во март објавил дури 23 различни „трејлери“ за филмот „Фантастичната четворка: Први чекори“, при што дел од тие лажни видеа имале поголема гледаност од официјалната најава.Се поставува прашањето зошто Јутјуб реагира дури сега. Според Deadline, креаторите со време станале премногу самоуверени. По истрагата на порталот претходно оваа година, платформата тивко им ја укинала можноста за заработка, но тие повторно ја активирале монетизацијата со додавање ознаки како „фан-трејлер“, „пародија“ и „концепт-трејлер“ во насловите. Во последните месеци, од засега нејасни причини, престанале да ги користат овие огради од одговорност, што на крај резултирало со целосно згаснување на каналите.Одлуката доаѓа во време кога вештачката интелигенција сè подлабоко навлегува во филмската индустрија, а лажните АИ трејлери стануваат сè поголем проблем. Корисници на апликацијата OpenAI – Sora масовно создаваат лажни трејлери за филмови на Disney, вклучувајќи и бизарни анимации, како онаа во стил на Pixar со ликот на Џефри Епстин. Иако ваквата појава не предизвика јавно негодување од Disney, компанијата минатата недела најави инвестиција од една милијарда долари во OpenAI и официјално лиценцирање на своите ликови за користење во Sora.Сè уште останува нејасно што оваа акција значи за останатата несакана содржина што го преплавува Јутјуб. Платформата и понатаму е исполнета со музика генерирана со вештачка интелигенција, долги „информативни видеа“, како и вознемирувачки содржини. Многумина користат АИ за имитирање јавни личности и собираат стотици илјади прегледи без сериозни последици.Најверојатното објаснување, според аналитичарите, е дека каналите со лажни филмски трејлери предолго ги игнорирале законите за авторски права, со што ги разгневиле моќните сопственици на интелектуална сопственост. Токму тоа, а не грижата за квалитетот на содржината, се чини дека било клучниот фактор што доведе до нивното отстранување од платформата.

Магазин | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања