Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

Собраниски заклучоци за Кочани: Апасиев повикува на правда, институционална одговорност и обесштетување

Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за слободата и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, информира дека до сите пратенички групи во Собранието доставил Предлог-заклучоци од одржаната седница на Комисијата, поврзана со претставката на родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани.„Очекувам предложените заклучоци да бидат едногласно усвоени на првото продолжение на V-та седница на Постојаната анкетна комисија“, соопшти Апасиев преку социјалните мрежи.Со Предлог-заклучоците најостро се осудува институционалната нефункционалност која доведе до трагедијата од 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што се изразува и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до повредените. Во документот се укажува на сериозни институционални слабости, системско непочитување на законите и можни обиди за прикривање на одговорноста, што, како што се наведува, наметнува итна и решителна реакција од сите државни институции.Комисијата бара спроведување независна, транспарентна и темелна кривична постапка со која ќе се утврдат сите одговорни лица и институции, при што одговорност мора да понесат и носителите на јавни функции, без какви било исклучоци.Во заклучоците се потсетува дека правото на живот е највисока вредност во уставниот поредок на државата, поради што се упатува повик до Јавното обвинителство да постапува непристрасно, навремено и неселективно, со цел да се обезбеди правда за жртвите и нивните семејства.Дополнително, се изразува загриженост за наводите за корупција во постапките за издавање дозволи и во инспекцискиот надзор. Во таа насока се препорачува Собранието да усвои итни законски измени за унапредување на регулаторниот и инспекцискиот надзор врз угостителските и другите објекти наменети за одржување јавни настани, како и за заострување на кривичната одговорност на службените лица кои не постапуваат согласно закон.Се поддржува и одржување надзорна расправа во Собранието за утврдување на институционалната одговорност и предлагање конкретни мерки за превенција, при што се нагласува потребата од ефикасен и независен правосуден систем и целосно искоренување на корупцијата.На крајот, Апасиев упатува апел до пратениците од власта и опозицијата да постигнат консензус и да донесат посебен закон за обесштетување на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани, а усвоените заклучоци да бидат доставени до Владата и до Јавното обвинителство.

Македонија | пред 2 месеци

policija-policaec

Серија полициски интервенции во Скопје: дрога, тепачки и пријавени повреди на работно место

Полициски службеници од СВР Скопје во текот на 23 декември презеле повеќе интервенции и активности на различни подрачја во главниот град, при што биле приведени две лица поради недозволена трговија со дрога и биле евидентирани повеќе нарушувања на јавниот ред и мир.Во 19:55 часот, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д. (37) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Истата вечер, во 21:15 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода и Н.М. (35) од Скопје. При претрес во домот каде што престојувал, исто така со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.Во 20:20 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Гази Баба, каде што дошло до физичка пресметка меѓу Ф.И. (38) и М.С. (38) од една страна и М.Н. (49) и Б.Н. (44) од друга страна, сите од Скопје. При пресметката биле употребени и тврди предмети, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Во утринските часови, во 09:00 часот, Б.С. (52) од Скопје пријавил дека на 5 декември околу 05:47 часот се здобил со повреди додека извршувал работни задачи како обезбедување во стоматолошка клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот е известен надлежен трудов инспектор.Дополнително, во 15:12 часот, Б.Ш. (27) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Полицијата презема мерки за расчистување и на овој случај.

Скопје | пред 2 месеци

fotografii-ucena

Осомничен 32-годишник од Албанија: неовластено влегол на е-маил и добил пристап до приватни фотографии на прилепчанец

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека ОВР Прилеп поднело кривична пријава против Д.Ц. (32) од Република Албанија, со престој во селото Долнени, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Според пријавата, осомничениот без согласност на едно лице ги искористил неговите лични податоци, така што неовластено ја користел неговата електронска пошта. Преку електронската адреса, пријавениот добил пристап до приватни фотографии на оштетениот и на неговата сопруга.По целосно документирање на настанот, кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство, кое ќе постапува понатаму по предметот.

Македонија | пред 2 месеци

dokumenti

Лажно уверение за обука: СВР Тетово гони две лица за фалсификување и несовесно работење

Секторот за внатрешни работи Тетово, во рамки на Министерство за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против П.Т. (62) и А.Г. (56), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување службена исправа“ и „несовесно работење во службата“.Според информациите од СВР Тетово, првопријавениот изготвил уверение за извршена обука за безбедност и здравје при работа на лице кое, според официјалните списоци за присутност, воопшто не учествувало на обуката. Обуката била спроведена истиот ден за вработени во Јавното претпријатие за државни патишта, каде што било вработено лицето за кое било издадено спорното уверение.Второпријавениот, кој бил во својство на управител на Центарот за безбедност и здравје при работа Тетово, пропуштил должен надзор и несовесно постапил при извршување на службените обврски. Тој го потпишал уверението и овозможил истото да стане употребливо, иако лицето за кое било издадено не присуствувало на обуката.По целосно документирање на случајот, против двајцата осомничени е поднесена соодветна кривична пријава, а предметот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 месеци

policija-2457

Обид за лажна сообраќајна незгода во Тетово: тројца кривично пријавени за измама

Секторот за внатрешни работи Тетово, во рамки на Министерство за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против А.Б. (44), М.А. (39) и Г.Ш. (25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „измама“.Според информациите од СВР Тетово, на 16 декември 2024 година пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајната полиција. Тие претходно се договориле и во кругот на автоперална на улицата „Маршал Тито“ во Тетово фиктивно предизвикале судир меѓу две патнички возила од марката „БМВ“, од кои едното било со швајцарски национални ознаки, а другото со тетовски регистарски таблички.Целта на договорениот и инсцениран судир, како што наведуваат од полицијата, била да се прикаже лажна сообраќајна незгода и на тој начин да се наплати осигурително обештетување од осигурително друштво. Благодарение на навремената реакција и проверките од страна на полициските службеници, обидот за измама бил откриен и спречен.Против тројцата осомничени е поднесена соодветна кривична пријава, а предметот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошно постапување.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypeo3qip45e278ox8uF8

(Видео) Ново сериозно свлечиште во Пелагонија – аларм за безбедноста на патната инфраструктура

Големо свлечиште што се активираше вчера на регионалниот пат Новаци – Маково, кај депонијата Мегленци, целосно го пресече коловозот и го стави патниот правец надвор од функција. Од видеото што кружи на социјалните мрежи се гледа како земјиштето пропаѓа, а асфалтот е буквално „проголтан“ од свлечиштето.Според првичните информации, среќна околност е што во моментот на активирањето на свлечиштето на патот немало возила, со што е избегната можноста за човечки жртви или повредени.Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, во вчерашното обраќање до јавноста предупреди на сериозната опасност по безбедноста на овој регионален патен правец. Тој информираше дека веднаш по настанот на терен излегле екипи на РЕК Битола и на Јавното претпријатие за одржување на патишта, кои работат на итна санација на деформацијата и стабилизирање на теренот.Настанот повторно ја отвора загриженоста за состојбата на земјиштето и инфраструктурата во поширокиот регион. Потсетување дека пред околу три недели беше регистрирана и колосална пукнатина во земјата во атарот на Липково, каде што беше утврдено активно свлечиште што претставуваше директна закана за локалното население. Тогаш жителите јавно побараа итна реакција од надлежните институции за запирање на ерозијата и спречување на евентуална катастрофа.Надлежните служби најавуваат дека дополнителни информации за состојбата на патот Новаци – Маково и за понатамошните мерки ќе бидат соопштени откако ќе се направи целосна проценка на ризикот и стабилноста на теренот. До тогаш, апелот до граѓаните е да го избегнуваат овој патен правец и да користат алтернативни рути.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarylro9failm1j7aJGVLAg

СДСМ обвинува: Загуба од над 100 милиони евра во ЕСМ – кој профитира од увозот на струја?

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска обвини дека поскапувањето на електричната енергија и прогласувањето кризна состојба не се резултат на надворешни фактори, туку на, како што рече, криминални тендери и неспособно управување со енергетскиот сектор од страна на Владата.Според Димитријевиќ, наместо да се зголемат платите и пензиите, граѓаните се соочуваат со повисоки сметки за струја, додека државниот буџет се соочува со дупка од околу една милијарда евра. Тој тврди дека за само година и половина, Владата ја довела државната енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс.„Оваа година имаме историски најниско производство на домашна струја – не е произведена ниту половина од планираните 5.100 GWh. Наместо домашно производство кое чини 80–90 евра по мегават-час, државата купува струја по цена од 140 евра“, истакна Димитријевиќ.Според податоците што ги изнесе, загубата на ЕСМ за првите два квартали од 2025 година изнесува 77 милиони евра, а проекциите се дека до крајот на годината таа ќе надмине 100 милиони евра. Токму овие загуби, според СДСМ, се причина за поскапувањето на струјата и за прогласувањето кризна состојба.Димитријевиќ го постави и клучното прашање – кој профитира од скапиот увоз на електрична енергија и зошто навреме не биле обезбедени енергенси, како мазутот. Тој повторно ги посочи и, како што рече, сомнителните тендери, меѓу кои 161 тендер доделени на една фирма и договор од 9 милиони евра за компанија со само двајца вработени.СДСМ побара Јавното обвинителство итно да отвори истрага за загубите во енергетскиот сектор и да се утврди одговорност.„Кој ќе одговара за над 100 милиони евра загуба? Кој заработува додека народот плаќа поскапа струја? Одговорност мора да има“, порача генералниот секретар на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

indija-raketa

Русија планира нуклеарна електрана на Месечината до 2036 година

Русија планира во следната деценија да изгради електрана на Месечината која ќе го снабдува со енергија нејзиниот лунарен вселенски програм, како и заедничката руско-кинеска истражувачка станица. Со овој чекор, Москва се вклучува во забрзаната глобална трка на големите сили за истражување и долгорочно присуство на единствениот природен сателит на Земјата.Од времето кога советскиот космонаут Јуриј Гагарин во 1961 година стана првиот човек што отпатувал во вселената, Русија се сметаше за една од водечките сили во оваа област. Сепак, во последните децении, земјата заостанува зад САД, а сè повеќе и зад Кина, особено поради технолошкиот напредок и комерцијализацијата на вселенските летови.Рускиот вселенски програм претрпе сериозен удар во август 2023 година, кога беспилотната мисија „Луна-25“ се урна при обидот за слетување на Месечината. Во меѓувреме, приватни компании, предводени од Илон Маск, значително го променија пазарот на лансирање летала – област во која Русија некогаш доминираше.И покрај тоа, руската државна вселенска корпорација „Роскосмос“ соопшти дека планира изградба на лунарна електрана до 2036 година и дека за таа цел е потпишан договор со воздухопловната компанија „Лавочкин асоцијација“. Според соопштението, електраната треба да обезбедува енергија за роверите, опсерваториите и инфраструктурата на заедничката руско-кинеска Меѓународна лунарна истражувачка станица.„Проектот е важен чекор кон создавање трајно функционална научна лунарна станица и премин од еднократни мисии кон долгорочна програма за истражување на Месечината“, наведуваат од „Роскосмос“.Иако во официјалното соопштение не се наведува експлицитно дека електраната ќе биде нуклеарна, меѓу вклучените партнери се руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ и Институтот „Курчатов“, водечкиот руски центар за нуклеарни истражувања, што укажува на таков тип енергетско решение.Претходно, директорот на „Роскосмос“, Дмитриј Баканов, изјави дека поставувањето нуклеарна електрана на Месечината е еден од клучните цели на корпорацијата, заедно со идни мисии за истражување на Венера – планета која често се нарекува „сестринска“ на Земјата.Со овие најави, Русија сигнализира дека сака да се врати во првите редови на вселенските истражувања, и покрај технолошките и финансиските предизвици со кои се соочува во изминатите години.

Свет | пред 2 месеци

electricity-meter-96863_1280

РКЕ: 95% отчитување на броилата, воведени вонредни екипи за празниците

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека е зголемен процентот на отчитување на броилата на 95 отсто на тримесечно ниво, односно на 90 отсто на месечно ниво. Истовремено, таргетирани се околу 10.000 потрошувачи кои во последните две години имале приговори или поплаки поврзани со фактурите за електрична енергија, со кои е започната етапна телефонска комуникација.Овие активности се дел од сетот активни мерки што, по налог на РКЕ, ги презеде операторот на електродистрибутивниот систем – Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје.Во пресрет на зимските месеци, на иницијатива на РКЕ беше одржан координативен состанок со раководството на Електродистрибуција, на кој беа презентирани преземените чекори за подобрување на услугите и зајакнување на двонасочната комуникација со потрошувачите, со цел зголемување на довербата, транспарентноста и отчетноста.Од РКЕ нагласија дека клучно е редовното отчитување да продолжи и во првите недели од јануари. Од Електродистрибуција информираа дека, имајќи ги предвид искуствата од претходните години со зголемен број поплаки за време на празниците, се формирани вонредни екипи кои ќе работат и за време на празници и викенди. Целта е потрошувачите да добиваат сметки со реална, а не со прогнозирана потрошувачка.Компанијата соопшти и дека од 1 декември се проширени дигиталните услуги за корисниците, меѓу кои и новата услуга за онлајн корекција на фактура. Дополнително, вработените се мобилизирани да им помагаат на граѓаните при креирање кориснички профили.Покрај тоа, на располагање остануваат и веќе воведените дигитални опции како „Пријави состојба“, „Е-фактура“, како и јасната ознака на сметките со „О“ – отчитана или „М“ – проценета состојба, со што потрошувачите можат точно да знаат дали фактурата е базирана на реална или на проценета потрошувачка.Од РКЕ и Електродистрибуција упатија апел до граѓаните и во текот на зимскиот период да продолжат со одговорно и рационално користење на електричната енергија.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhavb8m26j12ibtBt71c

Голем застој на обиколницата поради сообраќајна незгода на Качанички пат

Поради сообраќајна незгода на Качанички пат, сообраќајот на скопската обиколница се одвива со големи потешкотии и е во сериозен застој.Според првичните информации, двете коловозни ленти се целосно блокирани, што довело до формирање долги колони возила и значително забавување на сообраќајот.Надлежните служби работат на расчистување на местото на незгодата, а на возачите им се препорачува да користат алтернативни правци и да ја избегнуваат оваа делница сѐ додека не се нормализира сообраќајот.

Скопје | пред 2 месеци

filipce-sdsm-co-5

Власта бара нов дефокус, Бугарите „виновни“ и за струјата, обвинува СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста од реалните проблеми во енергетскиот сектор, овојпат префрлајќи ја вината врз Бугарија.Од СДСМ реагираат дека во јавните настапи на претставници на ВМРО-ДПМНЕ сè почесто се зборува за уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, додека паралелно се пласираат тврдења дека токму тие се виновни за недостигот на мазут и за поскапувањето на електричната енергија.„Дали сега за повисоките сметки за струја се виновни Бугарите? Или повторно ќе биде виновен Венко Филипче, или Зоран Заев кој веќе пет години е надвор од политиката? Кај ВМРО-ДПМНЕ секогаш некој друг е виновен за нивниот криминал и корупција“, наведуваат од СДСМ.Партијата оценува дека најновите тврдења на власта се „сензационализам без основа“, со цел да се прикријат слабите резултати во управувањето со енергетиката, недостигот на мазут и, како што велат, буџетската дупка од една милијарда евра.„Добро како ВМРО-ДПМНЕ ги гледа граѓаните? Дали навистина мислат дека може да им продаваат вакви приказни? Да не беше тажно, ќе беше смешно“, порачуваат од СДСМ.Од опозициската партија повторно побараа одговорност и конкретни одговори за состојбите во енергетскиот сектор, наместо, како што велат, постојано барање нови виновници.

Македонија | пред 2 месеци

ikea

ИКЕА се огласи: влегува ли во Македонија?

Интер ИКЕА Груп, глобалниот франшизер на брендот ИКЕА, соопшти дека во моментов не постојат конкретни планови за отворање продавници во Македонија, со што ги демантираше информациите кои неодамна се појавија во дел од медиумите за можен влез на компанијата на македонскиот пазар.Од компанијата наведуваат дека континуирано ги анализираат можностите за проширување на ИКЕА концептот, како на постојните, така и на нови пазари, со цел да бидат поблиску до што поголем број потрошувачи. Сепак, како што потенцираат, до овој момент не е донесена одлука за инвестирање и отворање продажни капацитети во земјава.„Интер ИКЕА Груп постојано ги разгледува можностите за раст, но заклучно со денес нема планови за отворање ИКЕА во Македонија“, се наведува во официјалниот одговор од компанијата.Со ова соопштение, од ИКЕА ставаат до знаење дека евентуалниот влез на брендот на македонскиот пазар засега останува само на ниво на шпекулации, без конкретна временска рамка или донесена инвестициска одлука.

Македонија | пред 2 месеци

policija-1313

Пронајдено тело на жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица

Во езерцето во Градскиот парк во Струмица синоќа било пронајдено тело на почината жена, информираат надлежните институции.По добиената пријава, на местото на настанот веднаш излегле јавен обвинител и полициски службеници, кои извршиле увид. Телото на починатата е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина, со цел да се утврдат причините за смртта, објави МИА.Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека истрагата е во тек и најавуваат дека повеќе информации за случајот ќе бидат соопштени во текот на денот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryii2cg236ocvaalD2njv

Католичките христијани го слават Бадник – ден на духовна подготовка за Божик

Католичките христијани денеска го слават Бадник, денот што му претходи на Божик, празникот на раѓањето на Исус Христос. Бадник традиционално се доживува како ден на духовна подготовка, мир, тишина во очекување на големиот христијански празник.Иако Католичката црква не го смета Бадник за задолжителен ден на пост, кај верниците е вкоренета традицијата да се пости и најчесто да се консумира риба. Во домовите се вршат последните подготовки за Божик, се украсуваат елките и се создава празнична атмосфера исполнета со свеќи и молитва.Вечерта, верниците присуствуваат на Бадниковата, односно полноќната миса, со која официјално започнува празнувањето на Божик. На мисата се пеат традиционални божиќни песни како „Радувајте се, нации“, „Тивка ноќ“ и други, а по завршувањето верниците меѓусебно си го честитаат Божик.Името „Бадник“ се поврзува со зборот „бдеење“, што симболично потсетува на будноста и духовното исчекување на раѓањето на Спасителот. Според народната традиција, Бадник минува во мир, тишина и светлина од свеќи, како симбол на надежта и новиот почеток.Традиционално, елките се украсуваат на Бадник, а се отстрануваат на празникот Богојавление, иако божиќниот период во Католичката црква трае до неделата по празникот Тројца кралеви.Во Македонија, централната прослава по повод Бадник ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, монсињор Киро Стојанов.Божик утре го слават и православните цркви кои го прифатија Грегоријанскиот календар, меѓу кои Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква. Православните цркви што се водат според Јулијанскиот календар, меѓу кои Руската, Српската и Македонската православна црква, како и Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Магазин | пред 2 месеци

zlato

Празнично затишје на европските берзи, златото и среброто со историски рекорди

На европските берзи денеска преовладува празнична атмосфера, бидејќи голем дел од пазарите се затворени поради прославата на Бадник според Грегоријанскиот календар, додека останатите работат со скратено работно време за да им овозможат на вработените празничната вечер да ја поминат со своите семејства.Франкфуртската берза денеска е целосно затворена, додека Лондонската и Париската берза работат со скратено работно време. Поради намалената активност, нивните главни берзански индекси бележат стагнација без значајни поместувања.За разлика од европските пазари, Московската берза работи со редовно работно време. Индексот MOEX во 9:30 часот забележа пад од 0,52 проценти и се спушти на 2.711,27 поени.Во исто време, пазарот на благородни метали бележи силна динамика. Цената на златото во еден момент ја надмина границата од 4.500 долари за унца, додека среброто се искачи над 72 долари за унца. Во двата случаи станува збор за нови историски рекорди, пренесува CNBC.Аналитичарите оценуваат дека засилената побарувачка за злато и сребро е поврзана со глобалната неизвесност и зголемениот интерес на инвеститорите за сигурни вложувања во услови на нестабилни финансиски пазари.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Во регионот тивко се градат воени сојузи, Србија е под притисок

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предупреди дека во регионот се одвиваат сериозни процеси на вооружување и создавање воени сојузи, за кои, како што рече, државите-актери се однесуваат како ништо значајно да не се случува. Обраќајќи се на Амбасадорската конференција во Белград, организирана од Министерството за надворешни работи, Вучиќ истакна дека ваквите потези не се случајни и не се прават „заради музика и свечени говори“.Тој укажа на средбите и договорите меѓу Приштина, Тирана и Загреб, како и на обидите овие воени иницијативи да се прошират со вклучување на други држави од регионот. Според него, станува збор за координирани чекори кои имаат јасна политичко-безбедносна цел, а не за симболични активности.Вучиќ изјави дека на разговорите со генералниот секретар на НАТО и со претставници на Европската унија добивал само „кревање раменици“, без конкретни одговори или реакции.Посебно алармантно, според српскиот претседател, е отвореното вооружување на Албанците на Косово од страна на САД и Турција. Тој наведе дека брзите испораки на вооружување, вклучително и хаубици од 105 милиметри, имаат една цел – директно загрозување на Србија, нејзиниот територијален интегритет и безбедноста на цивилното население и безбедносните структури.Говорејќи за меѓународната позиција на Србија, Вучиќ изрази разочараност од односот на актуелната американска администрација, посочувајќи дека Белград не почувствувал позитивни промени, ниту кога станува збор за трговските тарифи, ниту за санкциите кон НИС. Тој додаде дека Србија, во тешки моменти, не добила вистинска поддршка ниту од Истокот, ниту од Европската унија.Вучиќ порача дека Косово останува неотуѓив дел од Србија и дека државата ќе мора да продолжи со напорната дипломатска борба за отпризнавање на независноста на Косово. Тој ги повика српските амбасадори доследно да ја застапуваат државната политика и Уставот на Србија, без отстапки, без разлика на притисоците во земјите каде што службуваат.Претседателот истакна дека Србија се соочува со нов бран меѓународни притисоци и признавања на Косово, зад кои, според него, стои влијанието на Турција и Саудиска Арабија.Според Вучиќ, најголемиот и најтежок предизвик за Србија во наредниот период ќе биде зачувувањето на мирот и стабилноста. Тој оцени дека оваа цел, иако често звучи како фраза, станува сè потешка за остварување во актуелните геополитички услови.На крајот, Вучиќ најави дека Србија мора значително да го зајакне своето дипломатско присуство во Азија, Африка, како и во Јужна и Централна Америка, нагласувајќи дека улогата на дипломатите денес не е само протоколарна, туку и активна – во креирањето и влијанието врз политиките на земјите домаќини.

Свет | пред 2 месеци

media-library5um6bd0ato5dfMVHU0z

Италија го казни „Рајанер“ со 256 милиони евра поради злоупотреба на пазарната позиција

Италијанското тело за заштита на конкуренцијата (AGCM) изрече казна од 256 милиони евра на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, обвинувајќи ја за спроведување „злоупотребна стратегија“ со која им бил отежнат или оневозможен пристапот на туристичките агенции до нејзините услуги.Според AGCM, од април 2023 година па најмалку до април годинава, „Рајанер“ намерно го комплицирал процесот на резервација на летови преку својата интернет-страница за патничките агенции. Казната е изречена и на Ryanair DAC и на неговата матична компанија Ryanair Holdings PLC.По спроведена, како што ја нарекоа, сложена истрага, италијанските регулатори утврдиле дека авиопревозникот воспоставил системска стратегија со која ја ограничувал можноста онлајн и традиционалните туристички агенции да резервираат летови преку платформата ryanair.com. Според наодите, ваквата практика ги блокирала, отежнувала или дополнително ги поскапувала резервациите, особено кога тие биле комбинирани со летови од други авиокомпании или со други туристички и осигурителни услуги.Од AGCM наведуваат дека ваквото однесување негативно влијаело врз продажбата на туристичките агенции и врз нивната способност да привлечат онлајн сообраќај, најмалку до евентуалната интеграција на API-системот на „Рајанер“.Авиокомпанијата најави дека ќе поднесе жалба, оценувајќи ја одлуката како „правно неисправна“. Од „Рајанер“ соопштија дека веќе ги задолжиле своите адвокати да ја оспорат, како што ја нарекоа, неточната и бизарна пресуда на италијанското тело за заштита на конкуренцијата.Во својата реакција, ирскиот превозник потсети на пресуда на Судот во Милано од јануари 2024 година, со која моделот на директна продажба на „Рајанер“ бил оценет како корисен за потрошувачите и како модел што обезбедува конкурентни цени. Според компанијата, италијанските власти неосновано се обидуваат да го игнорираат тој судски преседан и погрешно да тврдат дека „Рајанер“ има доминантна позиција на пазарот на авионски услуги кон и од Италија.Од авиокомпанијата изразија уверување дека и одлуката и високата казна ќе бидат поништени во жалбената постапка.

Свет | пред 2 месеци

vrnezi-dozd-vreme

Облачно и дождливо пред празниците, викендов нагло заладување и силен северен ветер... доаѓа и снег

Временската прогноза за 24 декември носи типично зимско време, со претежно облачно небо низ целата земја и повремени врнежи од дожд и ситна росулка. Врнежите ќе бидат поизразени во западните делови и во југоистокот, особено во утринските часови, додека преку денот ќе преовладува облачност со локални краткотрајни прекини. По котлините се очекува задржување на магла, што дополнително ќе ја намали видливоста.Температурите ќе останат релативно благи за крајот на декември. Дневните вредности најчесто ќе се движат меѓу 6 и 8 степени, додека утринските минимални ќе бидат во интервал од 0 до 6 степени, зависно од регионот. Во делови од земјата е најавено жолто предупредување за дожд, а за југоистокот и повисоко ниво на предупредување поради врнежите.Кон крајот на неделата, односно во деновите 27 и 28 декември, од североисток ќе продре многу ладен воздух кој ќе донесе значително заладување. Локално ќе има услови за провејување на слаб снег, а особено значаен ќе биде силниот северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Токму поради засилениот ветер се очекува расчистување на воздухот во котлините.Во Скопје и околината, викендов ќе биде значително постудено, со можност за слабо провејување на снег во одделни делови од котлината. Ќе дува силен северен ветер кој повремено ќе достигнува брзина од 60 до 70 километри на час. Утринските температури за време на викендот ќе се спуштаат меѓу -7 и 0 степени, додека дневните ќе се движат од -3 до 4 степени. Уште постудено утро се очекува во понеделник, 29 декември, кога минималните температури ќе се спуштаат од -10 до -2 степени, а на повисоките населени места и на планините и под -10 степени.Од АМСМ информираат дека поради магла има намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Стража. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, додека слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ апелира на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-sdsm-co-2

Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии, вели Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, оцени дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е длабоко заробен во, како што рече, „фрчковизмот“ и во пропагандни модели кои се надминати уште пред повеќе од две децении и денес делуваат не само неефикасно, туку и несериозно.Во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, Василевска истакна дека станува збор за стари пропагандни методи, кои СДСМ, според неа, целосно ги истрошил за време на Шарената револуција, кога партијата „прегорела“ во сопствената пропагандна машинерија. Таа оцени дека тие пристапи одамна не функционираат ниту како политичка артикулација, ниту како начин за освојување доверба и поддршка од граѓаните.Осврнувајќи се на состојбите во опозициската партија, Василевска изјави дека актуелното раководство на СДСМ нема визија за суштинска обнова, туку се обидува да ја одржи партијата во, како што рече, „полумртва состојба“ или клиничка смрт, со надеж дека ќе се појави некаков нов бран сличен на оној од времето на Шарената револуција.Според неа, сериозни и одговорни социјалдемократи не би прифатиле да застанат на чело на партијата во вакви околности, оптоварени со криминал, нерешени прашања и контроверзни политики, ризикувајќи го сопствениот углед и здравје без јасна перспектива за успех. Таа смета дека сегашното лидерство е поставено токму за да ја одржува партијата во ваква состојба, чекајќи надворешни околности наместо вистинска внатрешна трансформација.Василевска се осврна и на говорот на претседателката на државата во Собранието, оценувајќи го како државнички и одговорен, со јасен повик за национален консензус околу евроинтегративниот процес. Таа нагласи дека во говорот имало и директна критика кон актуелната влада, особено во делот на европските интеграции, борбата против корупцијата и потребата од вистински функционално и праведно судство.Според Василевска, токму таквиот балансиран пристап и јасното укажување на слабостите во системот се клучни за напредокот на македонското општество, за разлика од, како што рече, застарените пропагандни шеми кои повеќе не можат да ја убедат јавноста.

Македонија | пред 2 месеци

nafta-mazut

СДСМ: Кризна состојба поради тендери – зошто мазутот не беше навреме набавен?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оцени дека прогласувањето кризна состојба во енергетиката не е резултат на надворешни фактори, туку последица на криминални тендери и неспособно управување од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Од СДСМ посочуваат дека официјалните податоци покажуваат сериозни финансиски и производствени проблеми во енергетскиот сектор. Само во првите два квартали од годинава, загубите изнесуваат 77 милиони евра, а проекциите се дека до крајот на 2025 година тие ќе надминат 100 милиони евра. Истовремено, се бележи историски најлошо производство на домашна електрична енергија – од планирани 5.100 гигават часови, не е произведена ниту половина од таа количина.Според СДСМ, наместо да се произведува струја во земјава по цена од 80 до 90 евра за мегават час, Владата се одлучува за увоз на електрична енергија по значително повисока цена, од околу 140 евра за мегават час. Разликата, како што велат од партијата, на крајот ја плаќаат граѓаните, преку прогласување кризна состојба и покривање на загубите.Во тој контекст, од СДСМ го отвораат и клучното прашање – зошто мазутот, како неопходен енергенс, не бил навреме набавен и зошто се чекало до последен момент. Тие прашуваат дали можеби веќе постои избрана фирма за снабдување со мазут и каква е логиката да се трошат преостанатите државни резерви без обезбедени нови количини, што, според нив, дополнително ќе ја продлабочи финансиската загуба на ЕСМ.Партијата тврди дека ваквите одлуки не се случајни, туку се дел од модел на управување поврзан со тендери и профит за поединци, посочувајќи на примери со десетици тендери доделени на една фирма или милионски суми за компании со минимален број вработени.Според СДСМ, комбинацијата од над 100 милиони евра загуби во енергетиката и буџетска дупка од околу една милијарда евра е директна последица на криминални тендери, а цената за тоа, како што нагласуваат, повторно ќе ја платат граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

culev

Наќе Чулев се враќа на работа: Незаконски ми бил одземен безбедносниот сертификат и незаконски сум избркан

Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, јавно се огласи по повеќегодишната судска битка, во која, како што наведува, судовите јасно утврдиле дека одземањето на неговиот безбедносен сертификат и отпуштањето од работа биле незаконски и политички мотивирани.Во своето обраќање, Чулев посочува дека со години бил цел на организирана кампања на дезинформации, клевети и политички прогон од претходната власт, што резултирало со, како што вели, јавно понижување, дискредитација и силен притисок врз неговото семејство и децата. Човек со речиси 25 години служба во безбедносниот сектор и соработка со меѓународни партнери, според него, преку политичка одлука бил прогласен за „безбедносен ризик“, не поради сторено дело, туку поради тоа што јавно зборувал за корупција и аномалии во системот.Чулев искрено признава дека периодот низ кој поминал бил тежок и понижувачки, исполнет со неправедни обвинувања, закани и рушење на личниот и професионалниот углед, што најмногу се одразило врз неговото семејство. Сепак, како што нагласува, правдата, иако бавна, со истрајност и вера, на крајот стигнала.По завршувањето на долгите судски процеси, судовите утврдиле дека целата постапка против него била неправична и незаконска, а за злоупотреба на институциите е поднесена и кривична пријава против сторителите, за која Чулев очекува надлежните органи да постапат и одговорните да сносат последици.Тој нагласува дека јавното обраќање не го прави од реваншизам или саморекламирање, туку за вистината да остане јавно запишана и како порака дека достоинството, знаењето и професионалниот интегритет не можат да бидат одземени со политички одлуки. Според него, неговиот случај не е изолиран, туку дел од поширок проблем на политички прогон и злоупотреба на институциите, поради што многу граѓани и денес водат судски битки за да ја докажат својата невиност и да ја вратат честа.Чулев јавно им се заблагодари на семејството, пријателите, сограѓаните и меѓународните партнери кои, како што вели, не поверувале во лагите и му дале поддршка во најтешките моменти, најавувајќи дека ќе продолжи да се залага за општество во кое никој нема да биде гонет поради различно мислење и во кое институциите ќе служат на правдата, а не на политички пресметки.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryo5g524an6grpfHsUH5W

(Видео) Објавени снимки како е ограбен тутунар од Прилеп: „Ова не е кражба на тутун, туку на месеци труд и иднина“

Тутунарот Крсто Дуковски од Прилеп јавно се обрати до јавноста по кражба на голема количина тутун, за која вели дека претставува директен удар врз егзистенцијата на неговото семејство и резултат на месеци натчовечки труд.Во својата изјава, Дуковски нагласува дека минатата година била најтешката во неговиот живот, товар кој, како што вели, може да го почувствува само оној што го носи. Токму затоа, оваа година тој и неговата фамилија вложиле сè што имале – здравје, пари, трпение и огромна работа – со надеж дека ќе ја надминат болката и загубите од претходната сезона.„Ова што се гледа на видеата е кражба на голема количина тутун. Ова е кражба на месеци натчовечки труд, надеж и иднина“, вели Дуковски, објаснувајќи дека одлучил јавно да ги објави снимките не од револт или омраза, туку со цел да се разбуди свеста, емпатијата и да се поттикне побрза реакција од надлежните институции.Тој упати апел до граѓаните доколку ги препознаат лицата на снимките, случајот да го пријават во полиција, нагласувајќи дека земјоделецот не бара милостина, туку правда и почит за својот труд.Случајот повторно го отвори прашањето за безбедноста на земјоделските производи и заштитата на тутунарите, кои честопати се изложени на кражби што директно ја загрозуваат нивната егзистенција и опстанок.

Настани | пред 2 месеци

media-libraryam720069j4c5c6Gm0yQ

Шок на лет од Малага до Лондон: патници тврдат дека жена била качена мртва во авион

Шокантен настан го одбележал летот на easyJet од Малага до Лондон, откако патници тврдат дека 89-годишна Британка била внесена во авионот со инвалидска количка кога веќе била почината.Според сведоштвата, роднини ѝ помогнале на жената да се качи во авионот и при тоа му соопштиле на персоналот дека таа не се чувствува добро и дека заспала. Патниците раскажуваат дека телото било донесено до задниот дел од авионот, поставено на седиштето, а семејството се однесувало како таа да е жива, обидувајќи се да комуницира со неа.Авионот веќе се движел кон крајот на пистата кога, непосредно пред полетувањето, екипажот добил информација дека жената починала. Леталото било итно запрено и вратено, по што летот бил одложен за 12 часа.„Од првиот момент кога ја видов жената знаев дека не е жива. Нејзиното семејство зборуваше со неа како да е жива“, изјавила 19-годишната патничка Елизабет Роуланд, опишувајќи ја сцената како вознемирувачка и шокантна.Од „Изиџет“, пак, ги отфрлаат тврдењата на патниците. Авиокомпанијата соопшти дека патничката имала валидна медицинска потврда дека е способна за летање и дека била жива во моментот кога се качила во авионот, инсистирајќи дека процедурите биле почитувани.Случајот предизвика бројни реакции и отвори прашања за контролите и одговорноста при качување на патници со сериозни здравствени проблеми, додека спротивставените верзии на настанот дополнително ја зголемуваат јавната вознемиреност.

Свет | пред 2 месеци

1ecd9dc3-b0f6-4ddd-ad9d-9b020d1839b2

Смртоносна експлозија во Москва: осомничен активирал експлозив пред полициска контрола

Три лица, меѓу кои и двајца припадници на сообраќајната полиција, загинаа во експлозија што се случила на југот од Москва, соопшти Истражниот комитет на Русија.Според официјалните информации, полицајците забележале сомнително лице во близина на службено возило и му се доближиле со намера да го приведат. Во тој момент, осомничениот активирал експлозивна направа, по што дошло до силна експлозија.Во инцидентот на лице место загинале двајцата полицајци, како и уште едно лице. Надлежните служби веднаш излегле на терен, а истрагата за утврдување на сите околности и мотиви зад нападот е во тек.Руските власти засега не соопштуваат дополнителни детали за идентитетот на напаѓачот или за можната поврзаност на настанот со други безбедносни инциденти.

Свет | пред 2 месеци

putin-medvedev

Медведев: Украина е претворена во „топовско месо“ поради англосаксонската политика

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и лидер на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека украинскиот народ, според него, станал „топовско месо“ за европската цивилизација како резултат на политиките и влијанието на англосаксонските држави.Во авторски текст објавен во рускиот магазин „Родина“, под наслов „Како англосаксонците го негуваа украинскиот национализам по Втората светска војна“, Медведев наведува дека современа Украина, наместо придобивки, добила улога на жртва во пошироки геополитички процеси. Тој тврди дека украинското општество било претворено во заложник на, како што го нарекува, „култот на смртта“, кој се манифестира преку, според него, лажни историски наративи, величање на садизмот и глорификација на воени злосторници.Особено остар беше во однос на интерпретацијата на Холодоморот, за кој изјави дека претставува една од „главните политички пропагандни измами“ на 20. и 21. век. Медведев оцени дека овој наратив, според неговите зборови, има корени во Соединетите Американски Држави и бил користен како средство за политички притисок и идеолошка мобилизација против Русија.Изјавите на Медведев доаѓаат во период на засилена реторика меѓу Москва и Западот околу војната во Украина и историските интерпретации поврзани со односите меѓу двете земји. Неговите ставови предизвикаа реакции во јавноста, особено поради негирањето или релативизирањето на Холодоморот, кој Украина и голем дел од меѓународната заедница го признаваат како геноцид.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања