Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-librarytiqkhptgs6qadXNJqUk

Ескалација во Тирана: Молотови коктели кон Владата на Рама, Бериша најави „погреб“ за режимот

Тензична ноќ во Тирана. Масовниот протест на обединетата албанска опозиција пред Владата брзо ескалираше во насилство, со фрлање молотови коктели, оштетување на инвентар и судири со полицијата.Додека лидерите на опозицијата ја најавуваа својата „историска мисија“ за соборување на владата на Еди Рама, ситуацијата на терен излезе од контрола.Говорот на лидерот на Демократската партија (ДП), Сали Бериша, беше проследен со звуци на експлозии и пламен. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства директно кон владиниот објект, при што мораше да интервенира противпожарно возило за да го изгасне огнот. Толпата направи обид да го пробие силниот полициски кордон и успеа да откорне дел од металната ограда. Во хаосот, според првичните информации, повреден е еден полициски службеник.Поздравен со овации „О Сали, хероју“, Бериша од говорницата упати жестоки обвинувања кон премиерот Еди Рама за корупција и вмешаност во трговија со дрога. Тој ја спореди ситуацијата во Албанија со онаа во земјите каде што народниот бунт ги собори владите.„Мора да го собориме режимот исто како во Бангладеш, Непал, Шри Ланка. Рама и Социјалистичката партија се политички мртовци, на кои погребот ќе им го направиме ние“, порача Бериша.Тој ја нарече оваа мобилизација „животна шанса“ за спас на Албанија од, како што рече, автократскиот диктатор кој планира да побегне откако ќе ја ограби нацијата. Главните барања остануваат непроменети: формирање техничка влада и спроведување на слободни избори.Властите очигледно очекуваа вакво сценарио. Околу 1.500 полициски службеници од различни сектори беа ангажирани за безбедноста. На влезот на владината зграда беа поставени специјални метални заштитни мрежи, а колку била сериозна проценката за ризик говори и податокот дека превентивно биле дислоцирани новогодишната елка и вазните со цвеќе од пред објектот.

Свет | пред 3 месеци

media-library08buah82uc615iIUc56

(Фото) Пречекот на министерка од Албанија без македонски симболи

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, сподели повеќе од десет фотографии од пречекот на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, одржан во Скопје. На фотографиите, кои беа јавно објавени на неговите профили на социјалните мрежи, доминираат исклучиво албански знамиња, без присуство на државни симболи на Македонија.Во објавата, Меџити наведува дека заедно со Спиропали положиле цвеќе кај бистата на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег, на плоштадот што го носи неговото име, истакнувајќи почит кон „заедничката историја“ и кон фигурата која, како што пишува, го симболизира албанскиот идентитет, отпорот и единството. Според неговите зборови, моментот бил потсетник дека националните вредности треба да останат водилка и денес, во време на нови предизвици и одговорности.Во продолжение, градоначалникот нагласува дека со таа „духовна порака“ се продолжува градењето мостови на соработка и зајакнување на врските меѓу државите и политиките. Но, начинот на кој беше визуелно претставен настанот предизвика реакции и прашања во јавноста, особено поради фактот што посетата се одвива во главниот град на Македонија, а на фотографиите не се забележува ниту еден македонски државен симбол.Критичарите укажуваат дека ваквиот протокол и визуелен наратив оставаат впечаток на еднонационална симболика во мултиетнички и државен контекст, што дополнително ја отвора дебатата за односот кон државните институции и симболи, особено кога станува збор за официјални или полуофицијални средби со странски функционери.Настанот повторно го актуелизира прашањето за границата меѓу етничката припадност, локалната самоуправа и државниот протокол, како и за пораките што се испраќаат кон јавноста кога ваквите средби се претставуваат исклучиво низ призма на една национална симболика.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryif7db4q0r2irfW1q9zp

(Видео) Делумно саниран вандализмот на плоштадот, но уништувањето продолжува

Дел од последиците од вандализмот на плоштадот се санирани и на местото е донесена нова новогодишна елка. Со тоа, барем делумно е обновен празничниот изглед на јавниот простор кој претходно беше мета на уништување.Но, паралелно со ова, забележани се нови оштетувања. Искршени и испокрадени се лампионите, а уништени се и вратичките од адвент-календарите, кои беа поставени како дел од празничната декорација. Дел од елементите целосно недостасуваат, што повторно го нарушува изгледот и функцијата на плоштадот.Настаните уште еднаш го отвораат прашањето за заштитата на јавниот простор и одговорноста кон заедничкиот имот, особено во период кога плоштадот треба да биде место на празнична атмосфера, а не сцена на повторлив вандализам.

Скопје | пред 3 месеци

aleksandar-nikoloski

(Видео) Николоски: Најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево го решаваме со изградба на 14 галерии

Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од изградбата на една од 14 -те галерии на автопатот Охрид-Кичево со што се стабилизираат косините.

Настани | пред 3 месеци

DSC_0052

Насилна ноќ и ден во главниот град: тепачки, семејно насилство и боксови поради кавги во сообраќај

Во текот на 21 и 22 декември 2025 година, на подрачјето на Скопје се евидентирани повеќе одделни случаи на нарушување на јавниот ред и мир, физички напади и семејно насилство, за кои постапуваат полициските служби на Министерство за внатрешни работи.Како што информира МВР, на 21 декември околу 21:20 часот, на подрачјето на општина Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 52-годишниот Д.А. од Скопје. Тој претходно во спортска обложувалница го нарушил јавниот ред и мир, влегувајќи во физичка пресметка со А.К.(59) од село Сарај, по што агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои постапувале на местото на настанот. По целосно документирање на случајот, најавено е поднесување соодветен поднесок.Истиот ден, во СВР Скопје, 51-годишна жена пријавила дека во нивниот семеен дом на подрачјето на Центар, нејзиниот 66-годишен сопруг З.А. ѝ се заканувал со остар предмет, а потоа физички го турнал нивниот 22-годишен син и упатувал закани. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.На 21 декември во 10:40 часот, С.М.(47) од Скопје пријавил дека додека се движел со патничко возило од село Јурумлери кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот. Од нив излегле М.С. и уште неколку лица кои физички го нападнале, употребувајќи и тврди предмети, при што му било оштетено и возилото. И во овој случај, од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.Дополнително, на 21 декември во 16:15 часот, Х.Т.(31) од Скопје пријавил дека околу 12:40 часот, на подрачјето на Средно Водно, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Полицијата работи на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.Денеска, 22 декември 2025 година, во 09:50 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.К.(41) од Скопје, по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга. И за овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.Од МВР наведуваат дека сите случаи се предмет на натамошна постапка и дека се преземаат законски мерки за нивно целосно расчистување.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryleknqgatfrdp87WvueZ

Избрана привремена шефица на местото од Коцевски: која е Тополова-Исајловска?

Обвинителката Анита Тополова-Исајловска е именувана за вршител на должноста државен јавен обвинител. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Совет на јавни обвинители, каде што таа беше и единствен кандидат предложен за функцијата.Тополова-Исајловска во моментов ја извршува функцијата заменик државен јавен обвинител, а нејзиното професионално искуство во обвинителството се протега повеќе од една деценија и пол. За јавен обвинител првпат е избрана во 2009 година, во 2013 година преминува во Вишото јавно обвинителство, а три години подоцна е унапредена во републичка јавна обвинителка и станува заменичка на тогашниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски.Во јавноста, нејзиното име е познато и поради брачната поврзаност со поранешниот заменик-министер за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Исајловски. Во 2016 година, истражувачката емисија 360 степени објави прилог во кој се поставуваше прашањето како брачната двојка Исајловски, со заедничка основна нето-плата од околу 2.300 евра, успева да сервисира месечни кредитни обврски од 2.200 евра и да живее со преостанати 100 евра месечно.Во рамки на Јавното обвинителство, Тополова-Исајловска веќе неколку години раководи со одделението за меѓународна правна помош. Во полугодишниот извештај за 2021 година на канцеларијата за врски на Македонија со Европравда беше наведено дека, во речиси сите предмети по кои странски институции побарале информации преку јавната обвинителка за врски Ленче Ристоска, од Тополова-Исајловска не бил добиен повратен одговор.Со изборот за в.д. државен јавен обвинител, Тополова-Исајловска доаѓа на функција што има клучна улога во функционирањето на обвинителскиот систем, во период кога јавноста со засилен интерес ја следи работата, независноста и отчетноста на правосудните институции во државата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2268lp4g6q1e2F6ZTfq

Повеќе од една година без трага: Каде исчезна Злата Јанкова?

Потрагата по Злата Јанкова од селото Орел, општина Свети Николе, сè уште трае. Жената последен пат е видена на 16 јуни 2024 година, околу 15 часот, по што ѝ се губи секаква трага. На социјалните мрежи постојано кружи апел со повик до граѓаните, доколку имаат какви било информации, да се јават во Министерство за внатрешни работи или на телефонските броеви наведени во објавата.„Исчезнато е лицето Злата Јанкова последен пат е видена на 16.06.2024 во 15 часот во село Орел-Св.Николе За било какви информации пријавете во МВР или на 078828477 и 071686952“, стои во апелот на социјалните мрежи.Иако помина повеќе од една година од нејзиното исчезнување, семејството не се откажува од надежта дека Злата е жива. Судбината на мајка, сопруга и домаќинка повеќе од дванаесет месеци останува непозната, а одговорите што ги очекуваат – недостижни.Сопругот Дејан Јанковски јавно сведочеше и дека во семејството немало никакви проблеми што би укажале на можност Злата самата да си наштети или да замине. Напротив, таа била целосно посветена на семејството и на воспитувањето на нивните двајца синови. По нејзиното исчезнување, домот, како што вели тој, е исполнет со тишина и страв, а чувството на празнина станало секојдневие.Дејан за „Женски магазин“ раскажуваше дека денот кога Злата последен пат била видена бил сосема обичен. По попладневниот одмор тој заминал да работи во пластениците, додека таа тргнала кон домот за да ги заврши секојдневните обврски. По нејзиното заминување од куќата, била забележана од сосетка, што претставува последниот потврден момент во кој Злата е видена жива.И покрај сите наведени активности, потрагата по Злата Јанкова сè уште не дала резултат. Повеќе од една година подоцна, нејзината судбина останува мистерија, а семејството живее без одговори и без чувство дека државата стои цврсто зад нив.

Македонија | пред 3 месеци

zagadeno-skopje-5

„Мириса на смрт, бели дробови се луксуз, деца растат со антибиотици“: Апел на мајка од Скопје против тишината за загадениот воздух

Уметницата и мајка од Скопје, Ина Михајлова, преку својот профил на социјалните мрежи јавно и без задршки проговори за, како што ја опиша, ужасната реалност со загадениот воздух во главниот град, испраќајќи силен апел до јавноста да престане со молчењето.Во објава што предизвика бројни реакции, Михајлова со потресни зборови го опиша секојдневието на семејствата кои живеат во Скопје, нагласувајќи дека децата тука не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и антибиотици. Таа посочи дека бронхитите што постојано се повторуваат, кашлиците што стануваат нормала и прозорците што не се отвораат ниту преку ден се дел од животот што полека се прифаќа како нешто вообичаено.„Мириса на смрт“, напиша Михајлова, додавајќи дека секојдневно живее со чувство на вина затоа што сака да го изнесе детето на прошетка, како здравите бели дробови да се привилегија, а не основно право. Според неа, додека граѓаните се гушат, им се сервираат приоритети што немаат никаква врска со реалноста во која живеат.Во својата порака таа јасно ги дефинира вистинските приоритети: детето да може да истрча без да се закашла, да заспие без инхалатор покрај креветот и да не знае што е антибиотик пред да научи да чита. Михајлова нагласува дека ова не е драма, туку секојдневие за илјадници семејства во Скопје.Со завршните зборови, таа испрати директен и вознемирувачки апел до општеството, предупредувајќи дека колку повеќе се молчи за загадувањето, толку подлабоко се вдишува отровот што секојдневно го уништува здравјето на граѓаните.

Коментари | пред 3 месеци

media-library4keclfld0h76aXRYa8f

(Видео) Само на македонски, и по цена на сè: Влатко Миладиновски за музиката како отпор

Во последната емитувана епизода на Нешто конкретно се отвори прашање што со години тлее под површината, но ретко се поставува јавно и директно: како денес се брани Македонија и кој, всушност, ја брани. Во време кога патриотизмот сè помалку се докажува со зборови, а сè повеќе со лични избори, емисијата понуди сурово искрени сведоштва од луѓе кои одбиле полесен пат за да останат верни на своето.Пејачот Влатко Миладиновски, чиј глас со децении буди силни емоции кај Македонците дома и во дијаспората, беше јасен и недвосмислен. Тој порача дека пее исклучиво на македонски јазик и дека не чувствува потреба тоа да го правда. Потсети дека на почетоците, тој и неговиот брат биле исмевани од колеги кои им предвидувале неуспех поради репертоарот „само на македонски“, но времето, според него, покажало дека токму тој избор бил исправен. Во обраќање до водителката, Миладиновски направи паралела, нагласувајќи дека исто толку апсурдно е некој да биде прашан зошто води емисија на македонски јазик. Тој ја отвори и болната тема за односот кон македонската музика, посочувајќи дека додека ние често ја потценуваме, други од регионот знаат многу добро да профитираат од неа.Во контекст на дијаспората, Миладиновски, како чест гостин меѓу иселениците, оцени дека суштината не е само во заминувањето, туку во воспитувањето и вредностите што се пренесуваат на следните генерации. Според него, неопходно е државата да најде начин подобро и посистемски да ја искористи дијаспората, бидејќи таму, како што рече, има искрени и вистински Македонци.Личен и силен придонес во дебатата даде и Давид Темелков, пејач кој моментално е на привремена работа во Хрватска. Тој откри дека му била понудена можност да настапи за хрватската Евровизија, понуда која за многумина би значела пресврт во кариерата. Темелков ја одбил, со образложение дека Македонија го изградила и дека сè што чувствува кон неа го преточил во својата музика. За него, патриотизмот не е настап под туѓо знаме, туку свесна и тешка одлука да останеш свој, дури и кога сите околу тебе ти завидуваат на талентот и успехот.Од друга страна, во емисијата се вклучи и Игор Стефановски – Иџе, трикратен европски шампион во ридско-планински трки. Тој откри дека и нему му било понудено да настапува под знамиња на други држави, но дека тоа го одбил. Иако без задршка призна дека секоја година се соочува со сериозни проблеми во обезбедувањето буџет за натпреварување и дека во земјава има, како што рече, „многу продадени души“, неговиот пример, сепак, сведочи дека Македонија може да победува и надвор од своите граници ако има луѓе што чесно и упорно ја претставуваат.Особено силен впечаток остави и настапот на Тијана Илова, 20-годишна тапанџика, која без патетика ја изговори можеби најтешката вистина на вечерта. Таа предупреди дека ако младите не ја чуваат традицијата, таа ќе исчезне, потенцирајќи дека не станува збор за носталгија, туку за одговорност и страв дека, доколку оваа генерација се откаже, нема кој да продолжи по неа.Епизодата на „Нешто конкретно“ ја отвори и суштинската дилема што останува да виси во јавниот простор: дали дијаспората навистина може да ја спаси Македонија или од неа очекуваме премногу, додека дома пребрзо се откажуваме од сопствените вредности, јазик и идентитет. Прашање без едноставен одговор, но со јасна порака дека одбраната на Македонија денес почнува од личниот избор да не се откажеш од себе.

Магазин | пред 3 месеци

media-library5j91ug6jtb9rdJDKeCf

По убиствата во Сиднеј, властите во Австралија тргнуваат против говорот на омраза и екстремизмот

По смртоносниот масакр на плажата Бонди во Сиднеј минатата недела, австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс најави иницијатива за забрана на јавно истакнување екстремистички знамиња и симболи. Мерката е дел од поширок пакет најавени чекори по нападот во кој беа убиени 15 лица, а десетици беа ранети на една од најпопуларните плажи во земјата, објави Newsweek.Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, изјави дека говорот на омраза и поттикнувањето омраза немаат место во австралиското општество, нагласувајќи дека државата мора решително да одговори на настаните што ја потресоа јавноста.По нападот, властите во возилото на напаѓачот пронашле две импровизирани знамиња на Исламска држава, што дополнително ги засили повиците за законска забрана на јавното истакнување симболи поврзани со оваа и сродни екстремистички организации. Според предложените законски измени, прекршувањето на забраната би се казнувало со затворска казна до две години и високи парични глоби.Минс најави и дека со новите прописи ќе бидат забранети извици како „глобализирајте ја интифадата“, оценувајќи дека станува збор за говор кој поттикнува омраза и насилство. Тој предупреди дека користењето на вакви фрази претставува опасна игра со безбедноста на заедницата. Воедно, полицијата ќе добие проширени овластувања да побара од учесниците на протести и јавни собири да ги отстранат покривалата за лице.Нападот се случил во момент кога еврејската заедница ја одбележувала првата вечер на Ханука. Австралиските медиуми ги идентификуваа осомничените како татко и син, Саџид Акрам (50) и Навид Акрам (24), кои отвориле оган врз присутните. Саџид Акрам починал на самото место, додека неговиот син бил пренесен во болница во критична состојба. Навид Акрам е обвинет за 59 кривични дела, меѓу кои и тероризам, но австралискиот премиер Ентони Албаниз изјави дека засега нема докази дека нападот бил дел од поширока терористичка ќелија.И покрај тоа што Австралија веќе има едни од најстрогите закони за поседување оружје во светот, властите најавија дека разгледуваат и дополнителни мерки. Меѓу нив се ограничување на бројот на огнено оружје што може да го поседува едно лице и издавање дозволи исклучиво на австралиски државјани, како и национална програма за откуп на нелегално и вишок оружје.Министерката за полиција и борба против тероризмот, Јасмин Катли, за The Guardian изјави дека подготовките за ваква акција се веќе во тек, посочувајќи го примерот на Западна Австралија, каде за откуп биле издвоени десетици милиони долари и биле собрани десетици илјади парчиња оружје. Според неа, на национално ниво бројките би можеле да бидат неколкупати поголеми.Настаните во Сиднеј се случуваат во услови на изразен пораст на антисемитизмот во Австралија, каде живеат околу 117.000 Евреи. Според владината специјална пратеничка за борба против антисемитизмот, Џилијан Сегал, бројот на антисемитски инциденти, вклучувајќи физички напади, вандализам и закани, е тројно зголемен во годината по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што дополнително ја засилува чувствителноста и притисокот врз властите да реагираат решително.

Свет | пред 3 месеци

IMG_2960

(Фото) Опаѓа загаденоста во Скопје, дел од мерните станици светат и зелено

Се подобрува квалитетот на воздухот во Скопје, по викендот кога главниот град се впишуваше во првите три најзагадени во Европа, а Македонија беше и меѓу првите десет држави со најзагаден воздух. Утринава, повеќе мерни станици светат зелено, што значи дека има незначително загадување, односно во рамки на дозволеното. Ниско загадување има во неколку делови од градот како Карпош 4, Карпош 1, Тафталиџе 1, Аеродром, Центар. Специфично е што високо загадување покажува мерната станица на Водно.Состојбата со воздухот во текот на викендот, кога воздухот имаше мирис на чад, погледнете ја тука:

Скопје | пред 3 месеци

media-librarye11gusdvcd0b2cwRVQy

(Фото) Вандализам по украсувањето: Не помина ни една недела, а веќе има уништени макети и украдена елка

Само една недела откако беше украсен плоштадот Македонија во Скопје, дел од новогодишната декорација веќе е оштетена и украдена.Од просторот на плоштадот е украдена една елка, додека целосно се уништени четири макета – адвент-календар, поставени како дел од празничното уредување на центарот на градот.Случајот предизвика реакции кај граѓаните, кои на социјалните мрежи реагираат на неодговорното однесување и уништувањето на јавниот простор, особено во период кога градот е украсен за новогодишните и божиќните празници.Засега нема официјална информација дали случајот е пријавен и дали ќе има истрага за утврдување на одговорност.

Скопје | пред 3 месеци

tramp-putin

Ултиматум од Вашингтон: ако Путин одбие мир, Украина да добие крстосувачки ракети

Републиканскиот американски сенатор и близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, порача дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот врз Москва и дури да ја снабди Украина со крстосувачки ракети „Томахок“, доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да го прифати договореното мировно решение. Според Греам, досегашните дипломатски напори само ѝ купуваат време на Москва за да продолжи со остварување на своите воени цели.Говорејќи во емисијата Meet the Press на NBC, сенаторот изнесе детален план и повика на решителна промена на пристапот. Тој побара претседателот да го потпише неговиот предлог-закон со поддршка од 85 ко-предлагачи, со кој би се вовеле царини за земји како Кина што купуваат евтина руска нафта, Русија да се прогласи за држава-спонзор на тероризам поради киднапирањето на околу 20.000 украински деца, како и да се запленуваат бродови што превезуваат санкционирана руска нафта, по примерот на мерките што САД ги применуваат кон Венецуела.Греам нагласи дека, доколку Путин повторно одбие, САД мора „драматично да ја сменат играта“, вклучително и со испорака на крстосувачки ракети Tomahawk за Украина, со цел да се погодат фабрики за беспилотни летала и ракетно вооружување на територијата на Русија. Според него, без значително засилен притисок, Москва ќе продолжи со силово заземање на Донбас.Изјавите доаѓаат во момент кога украински и американски претставници на Флорида ја заокружија новата рунда мировни разговори, како дел од напорите на Вашингтон да се финализира мировната рамка. Средбите следуваат по разговорите меѓу Украина и САД на 19 декември и меѓу САД и Русија на 20 декември во Мајами, со уште една американско-руска сесија закажана за 21 декември.Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, кој ја предводеше украинската делегација, ги оцени разговорите како конструктивни и продуктивни, нагласувајќи дека Украина останува целосно посветена на постигнување праведен и одржлив мир. Преговорите биле насочени кон ревидиран мировен план од 20 точки, можни безбедносни гаранции за Украина и долгорочни мерки за економски развој.Во посебна изјава по разговорите, украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека пристапот на Киев е сè да биде изводливо и применливо – од клучните мерки за мир и безбедност до обновата на земјата.

Свет | пред 3 месеци

media-librarymisj7il4j69r3Q08ZZm

Разузнавачки сомнежи: Русија наводно развива оружје за масовно онеспособување на „Старлинк“

Разузнавачките служби на две земји членки на НАТО изразуваат сериозни сомнежи дека Русија развива нов вид антисателитско оружје, наменето за напад врз сателитската констелација „Старлинк“ на Starlink, сопственост на Илон Маск. Според наводите, оружјето би функционирало преку создавање разорни облаци од метални честички во орбитата, со цел да се ограничи западната доминација во вселената, која одигра значајна улога во поддршката на Украина на бојното поле, објави Associated Press.Според разузнавачки информации до кои имал увид АП, станува збор за таканаречено оружје со „зонски ефект“, кое би распрснало стотици илјади мали, но исклучително густи метални сфери во орбитите каде што се движат сателитите на „Старлинк“. Таков напад би можел истовремено да онеспособи повеќе сателити, но истовремено би носел и ризик од катастрофална колатерална штета за други вселенски системи, без разлика на државната или комерцијалната припадност.Аналитичари кои не ги виделе конкретните извештаи изразуваат длабока скепса дека вакво оружје би можело да функционира без да предизвика неконтролиран хаос во орбитата, што би ги погодило и самата Русија и нејзините сојузници, меѓу кои и Кина. Двете држави, како и бројни приватни компании, зависат од илјадници сателити за комуникации, одбрана и други клучни функции, што дополнително го зголемува ризикот од самооштетување.Токму можните последици врз сопствените вселенски капацитети, според експертите, би можеле да ја одвратат Москва од реална примена на ваков систем. „Не верувам во тоа, навистина не верувам“, изјави Викторија Самсон, експертка за вселенска безбедност од фондацијата „Secure World“. „Искрено, би била многу изненадена доколку се одлучат на таков чекор.“Сепак, командантот на вселенскиот оддел на канадската армија, бригадниот генерал Кристофер Хорнер, оцени дека вакво сценарио не може целосно да се исклучи, особено ако се земат предвид претходните американски обвинувања дека Русија развива и недискриминаторно нуклеарно оружје базирано во вселената. „Не можам да кажам дека сум запознаен со ваков систем, но не е невозможно. Ако тврдењата за нуклеарно оружје во орбитата се точни и ако се подготвени да одат толку далеку, тогаш не би ме шокирало да развиваат и нешто малку помалку екстремно, но подеднакво штетно“, изјави Хорнер.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не одговори на барањата за коментар. Русија и претходно повикуваше на активности во рамки на Обединетите нации за спречување на поставување оружје во орбитата, а претседателот Владимир Путин повеќепати изјави дека Москва нема намера да поставува нуклеарно оружје во вселената.Според разузнавачките процени, Русија ја смета мрежата „Старлинк“ за особено сериозна закана. Илјадници сателити во ниска орбита одиграа клучна улога во отпорот на Украина против руската инвазија, која влезе во својата четврта година. Украинските сили ја користат брзата сателитска интернет-услуга за комуникација на бојното поле, насочување на вооружувањето и други воени цели, додека цивилното население и државните институции се потпираат на системот таму каде што руските напади ја нарушија копнената комуникациска инфраструктура. Руски функционери повеќепати предупредуваа дека комерцијалните сателити кои ѝ служат на украинската армија би можеле да бидат легитимни цели.За разлика од тестот во 2021 година, кога Русија со ракета уништи стар советски сателит и создаде опасен облак од вселенски отпад, новиот систем, доколку се развие, би имал капацитет истовремено да погоди поголем број сателити на „Старлинк“. Хорнер оцени дека е тешко да се замисли како вакви облаци од метални честички би можеле да се ограничат само на една мрежа и предупреди дека остатоците од таков напад би можеле „многу брзо да излезат од контрола“.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryh81mh735mgou6KL7oKZ

(Фото) Двајца државјани на Македонија загинаа на авотпат близу Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“. Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.Мажот и жената кои се наоѓале во возилото починале на самото место, додека трет патник се здобил со тешки повреди и бил пренесен на болничко лекување.На местото на несреќата интервенирале итните служби, а увидот и истрагата се во тек. Како можна причина за трагедијата, во текстот на „Курир.рс“ се споменува замор кај возачот, при што не се исклучува можноста тој да заспал зад воланот.Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

Свет | пред 3 месеци

media-librarye4qv4hk7n5ck3xF03iH

Длабоката држава се обидува да предизвика трета светска војна преку антируска параноја, вели претставник на Русија

Длабоката држава се обидува да предизвика Трета светска војна преку поттикнување „антируска параноја“ низ Велика Британија и Европската Унија, изјави денеска специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.Неговата изјава следи како коментар на претходната изјава на директорката на Националната разузнавачка служба на САД, Тулси Габард, која рече дека „војнохушкачите од ‘длабоката држава’ и нивните пропагандни медиуми повторно се обидуваат да ги поткопаат напорите на претседателот на САД, Доналд Трамп, да донесе мир во Украина и Европа“.„Габард е брилијантна не само во документирањето на потеклото на ‘руската измама’ од времето на Обама и Бајден, туку и во разобличувањето на војнохушкачката машинерија на длабоката држава, која се обидува да предизвика Трета светска војна со разгорување на антируската параноја низ Велика Британија и ЕУ. Разумот е важен – вратете го здравиот разум, мирот и безбедноста“, напиша Дмитриев во објава на социјалната мрежа Икс.Тулси Габард претходно, на 20 декември, на Икс објави дека војнохушкачите и нивните пропагандни медиуми лажно тврдат оти американската разузнавачка заедница го поддржува ставот на ЕУ и НАТО дека целта на Русија е да изврши инвазија, односно да ја освои Европа, со цел да обезбедат поддршка за својата про-воена политика.

Свет | пред 3 месеци

media-library3pv7o5cjomipf0IO0mA

Зошто Русите се заситени од новогодишни сувенири

Предмети што Русите најмалку ги посакуваат како новогодишен подарок се магнети, симболични дребулии, езотерични реквизити и т.н. „собирачи на прашина“, додека подарок-картичките и парфемите се подароци на кои би им се израдувале најмногу.„Русите имаат многу јасен список на работи што не сакаат да ги видат под новогодишната елка. Неспорен лидер на антирангирањето се новогодишните сувенири – дури 74 отсто од испитаниците изјавиле дека не сакаат магнети и симболични дребулии“, се наведува во истражувањето, спроведено врз основа на анкета со речиси 3.000 возрасни испитаници од цела Русија, пренесува агенцијата РИА Новости.Според резултатите, за мнозинството Руси новогодишните сувенири повеќе не претставуваат знак на внимание и наклонетост, туку непотребни предмети за кои треба да се најде место во домот.

Магазин | пред 3 месеци

media-librarybo9d5k6tbpt0aCclayQ

Загаденоста опаѓа, но Скопје останува меѓу најзагадените градови и надвор се дишат отрови

Се намалува загаденоста во Скопје, покажуваат мерните станици поставени на повеќе локации низ градот. Спроед сајтот „Мој воздух“, најголем дел од локациите каде светеше виолетова боја, сега свети портокалова, а на некои места и црвена - што означува пониско ниво на загаденост. Но и покрај ова, Скопје е во првите три градови по загаден воздух, а штетноста по здравје и натаму е присутна.Според мерните станици, највисоки вредности на загаденост има во Карпош 4, Керамидница, Тасино Чешмиче, Кисела Вода кај полициската станица „пролет“, Припор, Сопиште. Со црвена боја, односно пониска загаденост, се обоени мерните станици во Маџари, Ново Лисиче, Дебар маало, Капиштец, Скопје Север, Карпош 4 (втора мерна станица), населбата Даме Груев, Визбегово.Надвор пак, и натаму има ниско спуштена магла, која го отежнува сообраќајот, а утринава, ги парализираше и летовите на скопскиот аеродром.Скопјани сепак силно критикуваат бидејќи и оваа зима дишат отрови.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryu3gvdpgdqsvuc5TkNdD

Австралија отвора истрага по масакрот на плажата Бонди: Полицијата и разузнавањето под лупа

Австралискиот премиер Ентони Албанезе нареди истрага за работата на полицијата и разузнавачките служби, откако двајца вооружени напаѓачи убија 15 лица за време на еврејски фестивал на плажата Бонди.Татко и син се осомничени дека на 14 декември, наводно инспирирани од идеологијата на Исламската држава, отвориле оган врз семејства собрани на прославата на Ханука на најпознатата плажа во Сиднеј.Албанезе изјави дека неговата Влада ќе преиспита дали полицијата и разузнавачките служби располагаат со доволни овластувања, соодветна структура и ефикасна распределба на надлежностите „за Австралијците да бидат безбедни“.„Злосторството инспирирано од Исламската држава минатата недела покажа колку брзо се менува безбедносната средина во нашата земја“, рече Албанезе, користејќи го акронимот за терористичката група. „Нашите безбедносни агенции мора да бидат во најдобра можна позиција да одговорат.“Премиерот се соочи со критики од претставници на еврејската заедница и од опозицијата, кои ја обвинија Владата дека не направила доволно за да ги заштити Евреите во услови на растечки антисемитизам во Австралија.Албанезе призна дека постојат слабости во напорите за борба против антисемитизмот и повика на формална истрага.Наводниот напаѓач Саџид Акрам (50) бил убиен од полицијата за време на нападот на Бонди. Тој бил индиски државјанин кој влегол во Австралија со виза во 1998 година.Неговиот 24-годишен син Навид, австралиски државјанин по раѓање, се наоѓа во болница под полициски надзор и се соочува со повеќе обвиненија, меѓу кои тероризам и 15 убиства.Синот бил под истрага на Австралиската безбедносно-разузнавачка организација уште во 2019 година поради можна радикализација, но тогаш било утврдено дека не претставува закана, соопштија австралиските власти.И таткото бил испрашуван во рамки на таа проверка, но сепак успеал да добие дозвола за оружје, со што легално поседувал шест пушки.Неколку недели пред нападот на плажата Бонди, двајцата се вратиле во Сиднеј од четиринеделно патување на југот на Филипините, кое сега е предмет на истрага и од филипинските и од австралиските власти.Албанезе изјави дека има „реални прашања“ во врска со работата на разузнавачките служби по масовното убиство.„Мораме темелно да го испитаме начинот на кој функционираат тие системи. Мора да се навратиме на тоа што се случи во 2019 година и каква проценка била направена тогаш“, изјави тој за националната телевизија АБЦ.Запрашан во посебно интервју за престојот на осомничените во хотел на јужниот филипински остров Минданао, Албанезе рече дека нивната радикализација е предмет на истрага.„Но факт е дека тие не биле сметани за лица од интерес, и токму затоа овој настан е толку шокантен“, додаде тој.Персоналот на хотелот „Џи-Ви“ во градот Давао изјавил дека двајцата мажи поголемиот дел од својот 28-дневен престој го поминале затворени во мала хотелска соба.Според филипинската национална безбедносна служба, тие обично ја напуштале собата само на два до три часа, а најдолгиот излез траел осум часа.Регионалната полиција, која ги прегледувала снимките од надзорните камери за да ги следи нивните движења и да утврди со кого контактирале, соопшти дека таткото посетил продавница за оружје.Криминологот Кларк Џонс од Австралискиот национален универзитет оцени дека е „многу, многу невообичаено“ осомничените напаѓачи да бидат татко и син.Тој изјави дека, откако пристигнале на Филипините, лесно можеле да патуваат до Минданао без никаква најава или контрола.Џонс, кој работел со насилни престапници на Филипините, изјави дека наводната радикализација очигледно со години минувала „под радарот“ по првичната истрага на австралиското разузнавање.„Навистина треба сериозно да се погледне што се случило и дали тој млад човек, кога првпат бил идентификуван, требало да биде вклучен во некаква програма за поддршка за да се спречи ваков исход“, изјави тој.

Свет | пред 3 месеци

droga1

Полицијата откри импровизирана лабораторија за марихуана во дом во Богородица: татко и син под истрага за марихуана

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка против две лица – татко и син од гевгелиското село Богородица, поради основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес извршен со судска наредба на 17 декември во домот на осомничениот татко, биле пронајдени околу 150 грама марихуана во различни пакувања, семки од канабис, метални и пластични грендери, две дигитални ваги, три бонга, како и шатор опремен со електрична инсталација, светилки, ламби и уреди за мерење температура, кои служеле за претходно производство на марихуана.Според Обвинителството, осомничениот син посредувал во купопродажбата на дрогата. Марихуаната што ја презел од неговиот татко со намера да ја препродаде, ја однел во куќата на неговиот дедо, каде што престојувал. Кога полициските службеници пристигнале да извршат претрес и на таа локација, тој ја заклучил влезната врата, дрогата ја фрлил во ВЦ-шолјата и пуштил вода, а се обидел да се ослободи и од дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.Поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност за попречување на кривичната постапка преку влијание врз сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гевгелија достави предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – привремено одземање на патните исправи.

Македонија | пред 3 месеци

peskov-putin1

Кремљ: Во распоредот на Путин нема планиран разговор со Трамп

Распоредот на рускиот претседател Владимир Путин за последните недели од 2025 година во моментов не вклучува телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Кремљ дополнително ќе соопшти дали Путин ќе му упати божиќна честитка на Трамп.„Во овој момент таков разговор не е предвиден, но доколку се појави потреба, тој може брзо да се организира“, изјави Песков, пренесува руската државна агенција ТАСС.Според неговите зборови, Путин денеска ќе има билатерални средби со претседателот на Киргистан, Садир Жапаров, како и со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Свет | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-27-8480PM

Густата магла ги парализира летовите: Откажани сите утрински полетувања од Скопје

Поради густата магла што ја зафати скопската котлина, откажани се сите утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје.Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје кон Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот за Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и летот за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“.Во моментов, на аеродромот во Скопје нема ниту еден авион. Ниту еден од шесте авиони на „Визер“, кои се стационирани во базата во Скопје, вчера не успеа да слета. Поради маглата, авионите беа пренасочени кон аеродромите во Приштина, Софија, Тирана, Солун и Охрид.Екипажите на „Визер“ утрово патуваат до аеродромите каде што вчера слетаа авионите, од каде што ќе полетаат кон дел од дестинациите чии летови утрово беа откажани, со цел да ги преземат патниците за летовите кон Скопје.Поради исклучително густата магла, вчера на Меѓународниот аеродром Скопје слетаа само три авиони, а само тие успеаја и да полетаат во попладневните часови, кога временските услови накратко се подобрија. Сите други полетувања беа откажани, а авионите што требаше да слетаат беа пренасочени кон алтернативни аеродроми.Во одредени периоди, видливоста се намалуваше на помалку од 100 метри, што е далеку под минималните стандарди за инструментално слетување во најниската категорија 1, каква што има Скопскиот аеродром.Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје и во наредните три дена се очекува променливо облачно време со појава на магла, што значи дека можни се дополнителни нарушувања во авионскиот сообраќај.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykpp5e36ae7oleYt7oKI

(Видео) Пет лица повредени во сообраќајката близу патарината кај Петровец

На автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната станица Петровец вчера попладне околу 16.30 часот се случила сообраќајна несреќа во која пет лица се здобиле со телесни повреди, а учествувале две патнички возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.Повредените биле пренесени со возила на Итната медицинска помош во здравствени установи во Скопје, каде им била укажана соодветна медицинска помош.На местото на несреќата веднаш извршил увид Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, кој истражува причините за судирот.На овој патен правец и денеска има густа магла и намалена видливост поради што АМСМ апелира на внимателно возење.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Густата магла направила проблем на скопскиот аеродром со летовите

Поради густата магла што ја зафати скопската котлина и предизвика значително намалена видливост, денеска (20 декември 2025 година) на Меѓународниот аеродром Скопје, во периодот од 00:00 до 18:00 часот, евидентирани се вкупно 16 откажани и 11 пренасочени летови.По подобрувањето на временските услови во попладневните часови, три авиони слетаа и три авиони полетаа. Слетувања се реализирани од Дортмунд, Истанбул и Париз, додека полетувања имаше кон Истанбул, Осло и Баден-Баден.Според најновата временска прогноза од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта, поради што можно е продолжување на промените во редот на летање.Од аеродромот апелираат до патниците редовно да ги следат информациите и насоките добиени директно од авиокомпаниите, бидејќи временските услови се променливи и состојбата може брзо да се менува.Истовремено, од Меѓународниот аеродром Скопје појаснуваат дека аеродромот не е затворен.„Аеродромот функционира постојано, без разлика на временските услови, а нашиот персонал е целосно подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците“, информираат од аеродромот.Сите измени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време на официјалната веб-страница на Меѓународниот аеродром Скопје – https://skp.airports.com.mk/.Дополнително, инфо-пултот работи 24 часа, а патниците можат во секое време да се информираат за статусот на летовите и преку телефонскиот број 02 3148 333.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5rju4un1ggs518nE3sj

ВМРО-ДПМНЕ: „Новото“ раководство на СДС е рециклиран модел на Заев

Колку и да се обидуваат да ја прикажат како „обнова“, сликата за Социјалдемократски сојуз на Македонија е јасна – тоа е партија која не пропаѓа поради грешки, туку поради сопствената заблуда дека јавноста нема меморија и дека истите луѓе од времето на Зоран Заев можат повторно да се продадат како решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Именувањето на Александар Наумоски и Драган Крајовски за членови на Извршниот одбор на СДС, според ВМРО-ДПМНЕ, не претставува кадровско освежување, туку јасно признание дека партијата нема намера да се откаже од политичкиот модел на Заев.„Наумоски, како поранешен градоначалник на Општина Ѓорче Петров, во својот мандат остави општина со сериозен недостиг на вода, пренатрупани градинки и депонија која со години претставуваше еколошки проблем. Наместо решавање на овие прашања, уште на почетокот на мандатот си ја зголеми градоначалничката плата, а во последните шест месеци се обиде да протурка 25 урбанистички планови со брзина што, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, никогаш не ја покажал кога станувало збор за јавниот интерес.Дополнително, неговиот мандат бил проследен и со низа спорни тендери, меѓу кои и набавка на две машини за перење за градинка по цена од 25.500 евра, од фирма која редовно добивала општински тендери.Од друга страна, Крајовски, како директор на затворот „Црн мост“ во Битола, според ВМРО-ДПМНЕ, го демонстрирал она што СДС најмногу го вреднува – молкот. Молчел кога избил пожар во ќелија и бил повреден затвореник, молчел кога европски средства за реновирање завршиле во објект кој почнал да се распаѓа по само две години, како и кога службени возила биле користени за приватни патувања во Албанија и Србија.„И потоа, со сериозно лице и ароганција во телевизиски настапи, Венко Филипче сето ова го претставува како ‘реформски капацитет’, со што директно ја потценува јавноста“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, Филипче со ова испраќа јасна порака дека не бара излез од моделот на Заев, туку напротив – се обидува да го нормализира неговото влијание преку претставување на стари кадри како „нова енергија“.„СДС одамна се откажа и од логика и од срам. Овие две старо-нови имиња се доказ дека во партијата суштински ништо не е сменето“, се наведува во реакцијата“, велат ид ВМРО-ДПМНЕ.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања